Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-libraryug6j44o5mgitcYeSIiB

Јамалов: Буџетот за 2026 година е Буџет на развој, солидарност и иднина, со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

На денешната Седница 73. во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов пришто истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија.„Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека води стабилна и одговорна фискална политика. Особено важно е што капиталните инвестиции понатаму остануваат еден од најсилните столбови на овој Буџет. Се инвестира во модерни патишта, железничка инфраструктура, енергетска ефикасност и регионален развој“, појасни Јамалов.При што пратеникот Јамалов посочи дека ваквите проекти не се само бројки на хартија туку истите значат подобра поврзаност, нови работни места и посилна економија, а секоја денарска алокација има конкретна цел која е насочена кон создавање на вредност и поттикнување на продуктивноста на стопанството.„Буџетот е и Буџет на граѓанинот, во него се предвидени средства за подобро здравство, квалитетно образование, поддршка за младите и за зголемена социјална сигурност. Просечната плата расте, а новите мерки за поддршка на бизнис секторот и иновациите отвараат можност за вработување и поголема конкурентност на македонската економија“, вели Јамалов.Пратеникот Јамалов укажа дека во Буџетот за 2026 година посебно внимание е посветено на земјоделството, локалниот развој и рамномерната распределба на средствата, со што секоја општина и секој регион ќе имаат можност да учествуваат и придонесуваат во заедничкиот развој на државата.На крај Јамалов заклучи дека вака концепираниот Буџет за 2026 година уште еднаш ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, стабилни јавни финансии и јасна насока кон европскиот економски модел на развој.„Овој Буџет ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, средствата се насочуваат таму кадешто ќе дадат најголем ефект, во економија, во инфраструктура и во човечкиот капитал. Со ваков пристап, Република Македонија влегува во 2026 година со силна основа, со стабилни јавни финансии и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl1665rbn007u6hwJ8I1

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

„Ова е навистина тешка дебата во којашто се мешаат разумот и емоциите, меѓутоа во моменти кога родителите собираат најголема сила за да учествуваат во дебатата, на нас не треба да ни биде тешко ништо. Треба да бидеме потрезени и поразумни во дебатата ако сакаме да допринесеме барем малку да се смени системот“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната дебата пред анкетната комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Спасовски нагласи дека трагедијата ги погоди не само семејствата на жртвите, туку и целата заедница: „Загуба има и градот Кочани, државата, изгубени се цели генерации, не само на починатите, туку и на оние кои преживеаја и кои останаа со сериозни повреди“, потенцираше Спасовски.Тој нагласи дека анкетната комисија има задача да го испита функционирањето на системот и институциите, но дека кривичниот прогон останува во надлежност на Јавното обвинителство.Спасовски повика на анализа на законските решенија и сите системски пропусти: „Од 16 март до денеска, најлесно ни е да кажеме ‚системот не функционира‘, но не одговараме на прашањето што направивме за да почнеме да го менуваме системот кој не ни функционира“.Тој потенцираше дека е неопходно да се ревидираат закони и правила кои оставиле простор за манипулација: „Сè што не го дефинираме во законска рамка остава простор за манипулација и различни толкувања, што нè доведува во сериозен системски проблем. Временската рамка сè уште овозможува конкретни акции. Сè уште има време декларативното да го претвориме во дела“, додаде тој.Спасовски истакна дека барањата на родителите и семејствата мора да бидат разгледани и аргументирано образложени:„Игнорирањето е најлош можен пристап, особено кон семејствата на загинатите. Системот ќе го градиме со заедништво и солидарност. Комисијата и секоја друга расправа не смеат да бидат политизирани. Ова е настан во кој нема и не треба да има политика“, истакна Спасовски.Тој потврди дека поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе биде целосна во процесот:„Поддршката на пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе ја имате во целиот процес, заедно со законодавниот дом и парламентарното мнозинство, доколку навистина сакаме да направиме промени. Повикувам по завршување на дебатата да седнеме заедно со родителите и заеднички да ги напишеме заклучоците и едногласно да ги усвоиме, за да знаеме како да постапуваме во идниот период“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7i3pvtnk1luub0dOgNP

(Фото) Јорданов со остар апел по вандализмот во центарот на Штип: „Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме“

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, реагираше по серијата инциденти во централното градско подрачје, каде во изминатите денови беа исечени новогодишни сијалици, уништени садници и оштетена урбана опрема. Тој порача дека ваквите појави претставуваат сериозен удар врз заедничкото добро и врз вложувањата на општината.„Сведоци сме на слики кои никој од нас не сака да ги види,“ истакна Јорданов, нагласувајќи дека овие дејствија не се само вандализам, туку чин што ја нарушува сликата на градот и го поткопува трудот на сите кои работат за поуредено урбано окружување.Градоначалникот упати јасен апел до СВР Штип да преземе мерки и санкции кон сторителите. „Таквото однесување не само што ја загрозува безбедноста, туку ја понижува заедницата,“ рече тој, потенцирајќи дека потребна е поголема ангажираност во заштитата на јавниот ред и имот.Во својата порака, Јорданов ги повика и граѓаните да покажат повисока свест и одговорност:„Нашиот град може да биде онаков каков што го посакуваме само ако секој од нас покаже грижа. Само заеднички можеме да го сочуваме јавниот простор и да создадеме средина во која сите се чувствуваме горди да живееме.“Тој ги охрабри жителите да реагираат доколку забележат уништување и да придонесат за заштита на инвестициите и уредувањето на градот.„Нашиот град е наш дом и наша должност е да го чуваме,“ порача градоначалникот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0i20al20rdrt4k99z23

Голем протест во Скопје – се бара ослободување на Тачи и лидерите на ОВК од Хаг

Плоштадот „Скендербег“ во Скопје оваа сабота, на 13 декември, ќе биде центар на регионален собир на кој ќе се побара ослободување на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Хашим Тачи, Кадри Весели и други притворени од Специјализираните совети во Хаг. Организаторите најавуваат мирен протест и велат дека целта е „побарување правда“ за, како што тврдат, неправедно притворените.Иницијативата е поддржана од организации произлезени од конфликтот во Косово, кои сметаат дека хашкиот процес е политички мотивиран и дека има за цел ревизија на историјата на косовскиот конфликт.Џавит Јашари, претседател на Здружението на семејствата на паднатите борци на ОВК, изјави дека протестот не е насочен против правдата, туку против неправдата.„Нашата единствена цел е да побараме правда и да изразиме солидарност со Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и сите други кои неправедно се држат во Специјалниот суд во Хаг. Ние не повикуваме на спротивставување на правдата,“ рече Јашари, обвинувајќи дека судот тесно соработува со обвинителството на Србија за да ја оцрни ОВК.Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.„Според законот, поднесовме две барања до Град Скопје. Добивме заклучок да ја платиме комуналната такса, што го направивме, и очекуваме дозволата да биде издадена без пречки, бидејќи тоа е уставно право,“ истакна Бујар Дардишта од Организацискиот совет.Организаторите очекуваат голема мобилизација од регионот.„Упатуваме повик до сите граѓани на РСМ и до Албанците во Албанија, Црна Гора и Косово, како и до сите организации и здруженија, на 13 декември во 13 часот да ни се придружат на плоштад ’Скендербег‘,“ порача Фадил Шурџај, претседател на Здружението на инвалидите од војната на Косово.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-12.24.23

Дурмиши: Минималната плата во март 2026 ќе порасне за 1.500 до 2.000 денари

Минималната плата ќе се зголеми во март 2026 година, а проценките се дека порастот ќе изнесува меѓу 1.500 и 2.000 денари, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во интервју за ТВ Шења. Тој нагласи дека одлуката нема да биде донесена под политички или јавен притисок, туку исклучиво според утврдената законска методологија.Дурмиши потсети дека законот го дефинира моделот за пресметка на минималната плата, кој се темели на два клучни параметри – просечната плата и трошоците за живот. „Кога законските параметри ќе се усогласат во март, граѓаните ќе добијат повисока минимална плата. Формулата и методологијата за пресметка се усогласуваат од Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата“, истакна министерот.Тој објасни дека пресметката се врши така што 50% од износот произлегува од просечната нето-плата од претходната година, а останатите 50% од индексот на трошоците за живот. „Имајќи ги податоците за изминатите 11 месеци, очекуваме зголемување од приближно 1.500 до 2.000 денари, во зависност од финалните бројки“, додаде Дурмиши.Министерот подвлече дека Владата континуирано работи на подобрување на животниот стандард, а редовното усогласување на минималната плата останува еден од клучните механизми за поддршка на граѓаните.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrpstfg4m9ol55xBIp21

(Видео) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

На седницата на Анкетната комисија за случајот во Кочани, пратеничката Јована Мојсоска упати сериозни обвинувања за децениски институционални пропусти кои, како што посочи, довеле до смртта на деца и повторување на трагедии што можеле да бидат спречени.„Кога една мајка го губи своето дете, тоа не е несреќа. Несреќа е нешто што не зависи од нас. Ова е трагедија создадена од систем кој 35 години функционира со очигледни пропусти, дивоградби, фиктивни инспекции, корупција и институции кои молчат кога треба да штитат. Да не беше упорноста на родителите, Собранието немаше ниту денес да разговара за Кочани. И тоа е најголемиот срам – што жртвите мора да го креваат гласот за да ги натераат институциите да работат.“Мојсоска потсети дека речиси една година по трагедијата институциите не донеле ниту една законска измена. „Девет месеци поминаа без ниту една законска измена која ќе спречи ваква трагедија да се повтори. Законот за угостителска дејност се најавува со месеци, инспекциските надзори завршуваат со празни одговори, а институциите сè уште се кријат зад формалности наместо да покажат одговорност. Не е злоупотреба да бараш одговори. Злоупотреба е кога со години се дозволува да работи ‘дискотека на смртта’, кога инспектори земаат мито, кога началници игнорираат прекршoци, кога министер доаѓа на рочишта со службени возила, а политичка одговорност – никаде.“Во своето излагање таа додаде дека трагедијата не може да се сведе на индивидуален случај, туку претставува последица на системски пропусти. „Ова не е индивидуален пропуст, туку системска трагедија. Македонија има изгубено повеќе деца во системски трагедии отколку што губи една држава во војна. Тоа мора да престане.“

Македонија | пред 3 месеци

Нема фотографија

Трамп сака да преземе контрола над регулацијата на вештачката интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна уредба со која федералната регулатива за вештачка интелигенција би ги заменила законите на поединечните држави. Според него, единствен национален правилник е неопходен за САД да го задржат водството во развојот на АИ. Трамп предупреди дека компаниите не можат да бараат 50 различни одобренија и дека таков систем би го уништил технолошкиот напредок.Најавата предизвика загриженост кај академци, безбедносни експерти и државни законодавци, кои стравуваат дека олабавените правила ќе им овозможат на технолошките компании да ја избегнат одговорноста ако нивните АИ-системи предизвикаат штета. Неколку држави веќе имаат сопствени закони за да се спротивстават на ризични практики како deepfake-содржини или алгоритамска дискриминација.Технолошките лидери, пак, тврдат дека мрежата од различни државни прописи ја кочи иновацијата и ја ослабува американската конкурентност. Нараснува поддршката во Силициумската долина за централизирано и полабаво регулирање.Нцрт-уредбата предвидува формирање работна група која би ги оспорувала построгите државни закони и би воспоставила единствен федерален пристап. Некои политичари, меѓу нив и гувернерот на Флорида Рон Десантис, остро се спротивставија на планот, предупредувајќи дека тоа претставува прекумерна федерална моќ и подарок за големите технолошки компании.Стотици организации, вклучувајќи синдикати и здруженија за заштита на потрошувачи, побараа од Конгресот да го блокира потегот, предупредувајќи дека концентрацијата на моќ во Big Tech може да доведе до губење работни места, повисоки трошоци за живот и поголема зависност од енергетски интензивни дата-центри.

Свет | пред 3 месеци

media-library68qgu06idm5f3e4im5p

Латвиец фатен како шверцува мигранти кај Делнице – превезуваните успеале да побегнат

Во поширокото подрачје на Делнице во саботата бил спречен обид за криумчарење странски државјани, а возачот, државјанин на Латвија, е уапсен и кривично пријавен. Мигрантите кои ги превезувал успеале да побегнат пред пристигнувањето на полицијата, соопшти приморско-горанската полиција.Акција на разденувањеПолицајците од Делнице спровеле криминалистичка истрага откако во саботата, на 6 декември, во раните утрински часови затекле патничко возило со странски регистарски таблички. Возилото го управувал осомничениот Латвиец, но странските државјани што ги превезувал успеале пред доаѓањето на полициската патрола да се оддалечат во непознат правец.Криумчарел од користољубиеИстрагата утврдила дека осомничениот, од користољубие и за претходно договорен паричен надомест, превезувал странски државјани до нивната крајна дестинација. Според полицијата, тие лица претходно на незаконски начин влегле на територијата на Република Хрватска.По завршувањето на криминалистичката истрага, осомничениот Латвиец е предаден на притворски надзорник, а против него е поднесена кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело – незаконито влезење, движење и престој во Република Хрватска.

Свет | пред 3 месеци

media-library13nm81aiqg4fdAHJV6o

MTV ја гаси музичката програма до крајот на 2025 – завршува ерата долга 44 години

Легендарниот музички канал MTV ќе ја прекине својата музичка програма до крајот на 2025 година, со што ќе се стави точка на едно поглавје кое речиси половина век влијаеше врз глобалната музичка и поп-култура. Од своето основање, каналот имаше клучна улога во обликувањето на современите музички трендови и во насочувањето на вниманието на милиони гледачи ширум светот.MTV започна со емитување во август 1981 година, симболично отворајќи го новото доба со легендарниот видеоспот „Video Killed the Radio Star“. Тој момент претставуваше вистинска културна пресвртница, која го промени начинот на кој публиката ја доживува музиката – преку визуелно раскажување и телевизиска уметност.Во февруари 2000 година, каналот достигна значајна пресвртна точка со емитувањето на својот милионти музички видеоспот, потврдувајќи ја својата доминантна позиција во музичкиот свет. Во текот на изминатите децении, MTV остана двигател на трендовите, промотор на нови таленти и место кое ја дефинираше врската помеѓу музиката и визуелната култура.Со најавеното гасење на музичката програма, завршува една ера која остави длабока трага врз генерации музичари и гледачи.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryr1amgo9m9o056nxdtuj

Ландо Норис е светски шампион во Формула 1 за 2025

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за 2025 година откако заврши на третото место на Големата награда на Абу Даби. И покрај тоа што Макс Верстапен ја освои победата на последната трка од сезоната, конзистентните перформанси на Норис низ целата сезона му овозможија да ја обезбеди титулата.Ова е историско достигнување за Норис, кој покажа извонредни вештини и упорност низ целата сезона и го заврши годинешното шампионатско натпреварување на првото место.

Магазин | пред 4 месеци

ivica-tomovski

По објавата на СДСМ, Томовски возвраќа: „Крадецот вели ‘држете го крадецот’ – ќе се видиме на суд“

Ивица Томовски жестоко реагираше на последните обвинувања од Антикорупцискиот тим на СДСМ, кој претходно тврдеше дека неговото семејство е поврзано со фирма што добивала државни тендери. Во својата писмена реакција, Томовски ги оцени изјавите на СДСМ како „производ на длабоки фрустрации, безидејност и страв“, обвинувајќи ја партијата дека се обидува да го дефокусира вниманието од други скандали.„Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДСМ ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен, доволно лукративен и алчен, но истовремено уплашен,“ наведува Томовски, кој тврди дека целта на партијата е да се избегне разговор за „златни визи, тајни сметки и бизниси во Дубаи“.Тој вели дека не очекувал извинување од СДСМ, бидејќи, како што смета, за тоа се потребни „образ, храброст и морален дигнитет“. Според него, партијата е водена од луѓе кои се „морално руинирани“ и подготвени да одат до крај, дури и „по цена на сопствениот углед и угледот на своите блиски“.„Не сум сопственик, не приходувам, немам врска со компанијата“Томовски негира дека има поврзаност со фирмата што СДСМ ја посочува.„Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не слушнав каков криминал сум направил, ниту пак видов докази,“ рече тој.Тој остро реагира и на објавувањето на телефонски број за кој СДСМ тврди дека е поврзан со фирмата, кажувајќи дека бројот е негов личен и дека „го имаат сите кои го познаваат“.„На истиот број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Ќе одговараат, следува тужба,“ порача Томовски.Контраобвинувања кон СДСМВо изјавата тој посочи примери за кои тврди дека претставуваат конфликт на интереси во времето кога СДСМ била на власт – фирмите на поранешниот премиер учествувале на тендери, министерската влада градела модуларни болници на приватни компании поврзани со политички функционери, а сопруги на функционери добивале лиценци за фотоволтаици.„Не сфаќам зошто е криминал фирма што не е моја да победи на тендер, а не беше криминал кога тоа го правеа луѓе од СДСМ,“ наведе тој.„Криминалот нема моќ пред човек со образ“Томовски заклучува дека партијата на Заев води „ниска и уличарска“ кампања, но дека тоа, според него, ќе резултира со уште послаб изборен резултат за СДСМ.„Криминалот нема моќ пред човек со образ и држава со закон. Институциите треба да ја сработат својата работа,“ порача тој.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryiupqtd73kocf5PcmRSu

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти на Клиниката за ортопедија

На Клиниката за ортопедија се реализирани две комплексни и медицински значајни трансплантации на коска од починат донор.Првата операција се одвила кај 14-годишно девојче со вродена деформација на стапалата. Зафатот го изврши тим предводен од науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска. Во интервенцијата учествуваа и д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарки Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошки техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска.Вториот зафат бил изведен кај 13-годишно момче со повторно појавен деформитет на стапалото. Операцијата протекла успешно, а пациентот е во стабилна состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го водел проф. д-р Зоран Божиновски, заедно со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистентите д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска. Во процесот биле вклучени и средно-медицинските работници: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска.Клиниката изразува посебна благодарност до сите здравствени професионалци за нивната извонредна работа, како и до семејствата на донорите за нивниот несебичен и хуман чин, кој овозможи двата млади пациенти да добијат подобра здравствена перспектива.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6eh89skuv45h7XaV585

Стојаноска: Морален чин е и Филипче да си поднесе оставка, потребна е вистинска опозиција, а не собирање на политички поени

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата ,,За или против“, се осврна на темата за оставките од страна на раководството на СДС, за што кажа дека морален и одговорен чин би било и претседателот на партијата да си поднесе оставка. Како што вели таа, не очекува да се промени нешто, под водство на Венко Филипче, се додека остануваат истите луѓе со иста матрица од претходно. Исто така Стојаноска додаде дека, потребна е поразборита опозиција, особено во Собранието, а не опозиција која што само собира политички поени, бидејќи токму поради тоа, сите прогнози им паднаа во вода на локалните избори.„Сметам дека првпат се случува вакво нешто во историјата на постоењето на СДС. Веќе имаше реакции од некои постари и поискусни членови, но не сум изненадена бидејќи навистина се случуваа доста преседани, во време додека Венко Филипче ја води оваа партија“, рече Стојаноска.Според неа, морален чин би бил и претседателот на опозициската СДС да си поднесе оставка.„Сметам дека морален чин е и тој да си поднесеше оставка, особено после поразот на локалните избори. Но ќе следиме, ќе видиме, со што уште би можеле да не изненадат како СДС под раководство на Венко Филипче“, истакна Стојаноска.Стојаноска посочи дека се очекуваат некои политички изненадувања, меѓутоа, како што вели таа, не очекува нешто навистина да се промени доколку истите луѓе останат во партијата со истата матрица од претходно.,,Не би очекувала нешто навистина да се случи, некој пресврт, па да навистина добиеме во државава, па зошто да не и во парламентот поинаква опозиција, поразборита, опозиција што ќе се труди навистина да биде наш коректив и да се натпреваруваме во подобри предлози. А, не да се повторуваме со некои предлози само за да се соберат политички поени“, кажа Стојаноска и додаде:,,А политички поени веќе се покажаа на последниве локални избори и сите прогнози им паднаа во вода.  Тоа беше една најдобра историска победа на локални избори за ВМРО-ДПМНЕ. Се додека сами не размислат дека време е да променат многу повеќе од овие оставки, со оглед на составот во парламентот“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2bu767j6uo4obJ7Hnys

K-POP спектаклот „K-POP FOREVER!“ пристигнува во Скопје во февруари 2026

Скопје следната година ќе стане дел од глобалниот бран што ја освои планетата – мултимедијалниот спектакл K-POP FOREVER! пристигнува на 28 февруари 2026 во арената „Борис Трајковски“. Македонската публика ќе има ексклузивна можност да присуствува на шоу што ја слави најголемата музичко-културна револуција на 21. век.По успешните настапи во Даблин, Корк и Белфаст, каде што сите концерти беа распродадени уште во претпродажба, спектаклот продолжува со европска турнеја низ најголемите арени – а Скопје е меѓу избраните градови.Шоуто претставува визуелно и музичко патување низ најиконичните моменти на корејската сцена. Публиката ќе ужива во live изведби инспирирани од хитовите на BTS, BLACKPINK, TWICE, MELOMANCE, како и од новите сензации HUNTR/X и SAJA BOYS, чија енергија веќе го освојува светот. Форматот е замислен како динамичен, инклузивен и семеен, наменет за сите генерации.Создадено специјално за најголемите арени, шоуто вклучува ултра-високорезолуциски LED екрани, моќни визуелни и специјални ефекти, динамично осветлување и интернационален тим танчери кои ја доловуваат препознатливата естетика на корејските суперѕвезди.K-POP FOREVER! е инспириран од филмскиот хит K-POP DEMON HUNTERS, кој за само три месеци собра над 250 милиони прегледи и стана најгледаниот Netflix филм досега. Саундтракот се искачи на врвот на Billboard 200 и веќе надмина 3,5 милијарди слушања на Spotify, а песната Golden доби номинација за Греми во категоријата „Song of the Year“.Целата таа глобална енергија, визуелна моќ и музичка прецизност ќе биде преточена на скопската сцена, ветувајќи незаборавна вечер исполнета со звук, светлина, емоции и адреналин.Картите се веќе во продажба и може да се купат преку продажната мрежа на kupikarta.com, како и во Розе Веро 2, ЈК Травел во „Бисер“ и ЈК Травел Дајмонд.

Магазин | пред 4 месеци

media-librarypp5c7o92blina0Fvnvx

Успешно реализирани: работилница за локална мобилизација и форум за Западен Балкан во рамки на проектот „Recircle Med“

Претставници од јавниот сектор, академски и истражувачки институции, претставници на бизниси, туристички организации и други релевантни чинители од целиот регион беа дел од Локалната мобилизациска работилница и Форумот за Западен Балкан, кои во текот на изминатите два дена се одржуваа во Охрид.Настаните ги организираше Општина Охрид како дел од проектот „RECIRCLE MED“, имплементиран преку Европската програма INTERREG EURO MED.Првиот ден беше посветен на анализа на локалните потреби, предизвици и можности на Охрид. Учесниците активно учествуваа во дискусии и ко-креативни сесии, придонесувајќи за дефинирање на соодветен пристап за градот.Вториот ден фокусот се прошири кон Западен Балкан, каде беа разгледани можностите за регионална соработка, финансирање и улогата на политичките рамки во поттикнување на син и кружен туризам. Панелистите ги истакнаа клучните предизвици, но и потенцијалот за заеднички иницијативи и одржлив развој. Настанот заврши со силна поддршка од учесниците, кои ја истакнаа важноста од континуирана соработка и стратешко планирање за создавање поотпорни и поконкурентни туристички дестинации.Успешното одржување на работилницата и форумот ја потврди решителноста на регионот да ги примени принципите на „RECIRCLE MED“ не само во Охрид, туку и во други дестинации ширум Западен Балкан. Овие активности претставуваат прв чекор кон создавање на Сини Акциски Планови за Кружен туризам во Охрид.

ОО | пред 4 месеци

media-librarytvjpmn3am0072AxEBCU

Познати добитниците на Повелбата – патрон на градот „Свети Климент Охридски“

НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2025 година.-НУ „Завод и Музеј“ Охрид во своето речиси 70 годишно постоење се етаблира како една од најзначајните, најстручни и најпосветени културни интитуции во Охрид и државата. Музејот е наследник на најстарите музејски традиии во Европа. Со својата богата дејност, институцијата континуирано придонесува  за зачувување, истражување и промовирање на културното наследство на Охридскиот регион.-Јорданка Матова е историчар на уметност од Охрид. Нејзината посветеност кон уметноста и музеологијата опстојува повеќе од три децении. Таа има богата кариера со бројни истражувања, изложби и научни публикации.-„Силви Бенд“ се музичко брачно дуо на Силви и Влатко Плевнеш кои имаат значаен придонес за музичката култура во Охрид и државата. Нивната музика, нивните песни и нивниот партципативен дух ја надминуваат димензијата на естрадна забава. Во 2025 година, „Силви бенд“ го прослави својот 35-годишен јубилеј.-Даниел Јовески е режисер, продуцент и музичар. Продуцира музички видеа и аудио-визуелни проекти, со што ја промовира македонската музичка сцена во регионот и пошироко. Јовески е добитник на бројни меѓународни награди и признанија.-The Backdoor Band како музички состав со преку 1500 настапи редовно учествува на фестивали, концерти, останати културни настани во нашиот град. Тие се 15 години на музичката сцена и се редовни иницијатори и организатори на бројни хуманитарни настани.

ОО | пред 4 месеци

media-librarys81uou6j8n8adCPNUUJ

Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска награда „Св. Климент Охридски – патрон на градот Охрид“

Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар,  Владимир  Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска  наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“.Одлуката е донесена едногласно од страна на петчлената комисија  во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите:  Горан Стојаноски, проф. д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо – Димоски и Горан Патчев.Владимир Ангеличин –Жура (1946- 2025)  во својата богата  професионална кариера бил  уредник на Радио Охрид (1961 -1975), а потоа уредник на весникот  на ГП „Трудбениик“ во Охрид (1975 – 1997). Автор е на голем број написи и во дневниот и во седмичниот печат, а посебно значајни се неговите истражувачки  радио и телевизиски емисии посветени на минатото на Охрид –врз основа на истражувањата низ архивите во Охрид, Скопје и во Софија, циклусот од 20 получасовни  радио емисии посветени на охридската староградска песна , циклус од 15 телевизиски емисии инспирирани од трубадурската охридска песна и друго. Исто така, особено значајни се и неговите истражувања во областа на генеалогијата на охридските фамилии.Автор е на повеќе книги од кои посебен интерес побудува „Жура за Жура“(1995, две изданија). Од рани години се занимава со документарна  и уметничка фотографија, познат е и како рецензент и промотор на бројни книги, фотоизложби и музички настани.Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид, општината ја доделува за животно дело односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и Светов.

ОО | пред 4 месеци

media-librarych2kd7l50ph94MeBvDg

(ВО ЖИВО) Топаловски во „Претрес“: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце, имаме како да провериме

„Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот – свој или на близок. Ако човекот одел во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната ќе се повлече“, изјави Топаловски во гостувањето во „Претрес“.Тој додаде дека системот за „Безбеден град“ е направен така што ниту една снимка не може да биде избришана.„Системот е дизајниран никој да нема можност да избрише видео-запис. Снимките остануваат трајно – колку точно, не знам, месец или година. Но не може да се случи прекршок да не биде процесиран. Системот ќе ги обработи сите прекршоци и ќе стигне известување на електронска пошта или порака“, рече Топаловски.Следете не на:

Скопје | пред 4 месеци

media-librarysfu33e8q57okf2AR7k2

(ВО ЖИВО) Еве што ќе се казнува со „Сејф сити“

Гостин во „Претрес со Ландов” е началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски. Тој објаснува за системот „Безбеден град”, кој пробно профункционира во понеделник.За два дена има 110.000 прекршувања на законот. Местата каде се поставени камерите, се одбрани зошто статистички тука се случиле најмногу прекршувања на сообраќајните правила.„Идејата е заштита на граѓаните и безбедно возење, а не казни. Возете внимателно”, апелира началникот.МВР е задоволен бидејќи веќе вториот ден се вози повнимателно.„Ќе мериме погрешно престројување, побрзо возење, недозволено возење, непропуштање пешак. Следно е некористење мобилен и заштитен појас.СМС пораката од МВР за сторен прекршок стигнува за 5 минути.Возачот има 7 дена да одговори дали прифаќа дека сторил прекршок. Доколку вие не сте возач а сте сопственик на возилото, пријавете во МВР кој управувал со возилото”, вели Топаловски.Бара да му се даде време на системот а исклучоците и слабостите ќе се менуваат и поправаат.Системот за брзина на возење функционира според европската регулатива.Следете не на:

Скопје | пред 4 месеци

media-librarytk8edd5mgmq39QjMn1j

(ВО ЖИВО) Филипче вети, но не дојде во „Претрес”, го чекаме во јануари

Гостин во вечерашниот „Претрес со Ландов”, требаше да биде лидерот на СДСМ Венко Филипче, но тој го откажа учеството.Турбулентните случувања во СДСМ, смените на сите партиски функционери, освен тој, беа најверојатно причината, иако вчера гостуваше на друга телевизија.Претрес очекува Филипче да го одржи зборот и да гостува во јануари, зошто дадениот збор е најважен.Следете не на:

Скопје | пред 4 месеци

media-library72tvbeicqbg661UUKxe

Митева: Со „Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, зборуваше на темата за имплементацијата на системот „Сејф сити“, кој во моментов е активен од 1 декември, а пробниот период за истиот ќе трае до 1 јануари, за што  како што вели таа, претходно Владата беше транспарентна и го најави истото.„Многу долго зборувавме за овој проект и многу долго го најавуваме, и мислам дека ги кажувавме сите предности од аспект на безбедност во сообраќајот и  помалку жртви. Можевме да видиме натписи од новинари, кои што споредуваа држави од Европа, кои што го имаат имплементирано, каде што немаат во 2025 година смртен случај“, рече Митева.Митева посочи дека Владата била транспарентна, однапред најавувајќи го пробниот период за „Сејф сити“, кој во моментов е активен  од почетокот на месецот до 1 јануари. Според неа, во Скопје веќе се гледа поинаков сообраќај.„Во делот на комуникацијата, се обидовме максимално да бидеме транспарентни и нагласивме многу претходно, дека практично ќе почне примената односно со тест период од 1 декември, кој што ќе трае до 1 јануари“, истакна Митева и додаде:„Целата комуникација, можеби се сведе на тоа дали треба 51 или 52. Верувам дека на секој еден новитет, кога се воспоставува ред едноставно е очекувано да имате бурни реакции. Но она што можеме да го забележиме изминативе денови, е поинаков сообраќај во главниот град. И се надевам дека со текот на времето тоа ќе стане наша навика, односно ќе стане наш принцип на раководење со моторно возило и тоа како се однесуваме во сообраќајот“.Митева додаде дека проектот е имплементиран за само година и неколку месеци.„За година и неколку месеци, доаѓаме до имплементација на проектот. Песимизмот не се решава со зборови. Ние можеме на граѓаните да им зборуваме се најдобро, но на крајот резултатите ги даваат делата кои што ги правите“, посочи Митева.Според неа, промените бараат време за граѓаните да ги почувствуваат, по години апатија и нефункционални институции.„Јас знам дека ова е процес кој што подолго време ќе трае, јас знам дека на граѓаните подолго време ќе им треба да ја видат промената, да ја почувствуваат. Затоа што ние имавме многу долги, тешки години, на апатија на неработење, на лоши вести, на немање систем, на немање функционалност на институциите, на немање на добри проекти“, заклучи Митева.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryevigqpkollbsds7l7xZ

Филипче: СДСМ е државотворна партија со јасна визија за младите и силна борба против корупцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телма потенцираше дека политиките на партијата отсекогаш биле во духот на социјалдемократијата, насочени кон градење праведно и европско општество, а тоа ќе остане јадрото и во иднина.„Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со години, децении, биле истите – државнички, во духот на социјалдемократијата, еднаквост, социјална правда. И никогаш од тие принципи и постулати партијата во својата историја не отстапила“, рече Филипче.Тој нагласи дека СДСМ останува партија изградена на неколку цврсти темели: борба против корупцијата, јасна евроинтегративна ориентација, подобрување на животниот стандард на граѓаните и спротивставување на националистичките политики на ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ е партија што се темели на силна борба против корупцијата, на евроинтеграции, на обезбедување што поголеми приходи за граѓаните и борба против националистичките елити како ВМРО-ДПМНЕ. Тие, сè што прават, е само да го делат населението и граѓаните, додека државата стагнира, а на владејачката елита ѝ врват само бизнисите“, порача Филипче.Во интервјуто, тој потсети и на мерките кои СДСМ ги презеде во изминатите години за унапредување на животниот стандард дури и во време на криза, преку раст на платите, пензиите и решавање на долгогодишни проблеми.„Имаме примери од минатото како сме се грижеле за граѓаните и за нивниот стандард, дури соочени со големи кризи. Благодарение на тие социјалдемократски политики, граѓаните видоа огромен бенефит – раст на платите, раст на стандардот, раст на пензиите, решавање на повеќедецениските проблеми што ја држеа земјата заглавена“, изјави Филипче.Тој посочи дека новото време носи нови предизвици и дека СДСМ ги подготвува своите идни политики во таа насока – особено фокусирани на младите луѓе кои бараат реални можности за напредок, развој и останување во земјата.„Потребни се нови политики кои ќе адресираат и нови гласачи – тоа се младите луѓе кои изминатите неколку години веќе стануваат полнолетни и бараат посебни можности. Бараат опции и кога не ги гледаат, се иселуваат од земјата. Нашата програма ќе содржи и многу за нив“, рече Филипче.Тој додаде дека младите очекуваат реформи, критериуми базирани на знаење, а не партиска книшка, и нови економски можности.„Младите луѓе бараат можности, бараат да нема партизација, бараат вистински критериуми за да можат да напредуваат, бараат нови технологии, бараат регулирање на финансиските крипто пазари, на пример“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1o3e91r01k764tTvrPR

Федерика Могерини меѓу уапсените во истрагата за можно злоупотреба на средства од ЕУ

Развојот на истрагата на Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител за можна измама со европски средства доведе до апсење на три лица, меѓу кои и ректорот на Колеџот на Европа, Федерика Могерини. Според белгиските медиуми, Могерини, поранешна потпретседателка на Европската комисија, е приведена на испрашување.Акцијата следи по рациите спроведени од белгиските власти во седиштето на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во Брисел и во зградите на Колеџот на Европа во Бриж. Истражителите ја проверуваат можната измама поврзана со користење на средствата од Европската Унија.Покрај Могерини, уапсени се и менаџер во Колеџот на Европа, како и италијанскиот дипломат Стефано Санино, кој во периодот 2021–2025 година ја извршуваше функцијата генерален секретар на ЕЕАС.Од Европскиот јавен обвинител засега нема дополнителни детали за текот на истрагата.

Свет | пред 4 месеци

media-library5ppqd8v0956bfuncNx4

Мицкоски: Мојот нов мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посветам на подобар живот и услови за секој граѓанин, ќе има промени и во партијата

На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи, со коишто ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата ,,360 Степени“ на МТВ.Претседателот Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи се дека официјално ја презел партијата во една тешка и сложена состојба, но дека успеал да ја консолидира партијата и да издвојува убедлива победа на парламентарните, претседателските и локалните избори.„Јас официјално партијата ја зедов од 2018-та година во една многу тешка и сложена ситуација, во едни многу тешки и сложени околности за Македонија и генерално за граѓаните. Ако мојот прв мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа времето на консолидирање, реструктурирање, и прегрупирање на внатрешните редови, потоа тоа продолжи во вториот мандат кога партијата победи убедливо на парламентарните и претседателските избори, на крајот на првиот мандат победивме убедливо на локалните избори, и враќање во позиција во која денес се наоѓаме да биде ВМРО-ДПМНЕ најголемата партија и веќе година и половина носител на владата“, рече тој.Претседателот Мицкоски нагласи дека овој трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ очекува да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата.„Очекувам третиот мој мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата“, потенцираше Мицкоски и додаде дека ќе има промени во партијата.„Сè уште не сум размислувал за какви промени ќе има после конгресот. Фокусирани сме на конгресот и на тоа што таму ќе го донесеме одлуки и за функционирање на партијата. Но, дека после конгресот ќе има промени во рамки на партијата“, да ќе има, дециден е тој.Во однос на имињата кои се спомнуваат за генерален секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, Ивица Томовски и Драган Ковачки, Мицкоски кажа дека не би коментирал, но сите имиња кои се спомнуваат се личности коишто оставиле белег во рамките на партијата.„Не би коментирал сега за било какви имиња или за било какви би рекол поместувања во рамките на водството на партијата. Сите овие имиња коишто ги спомнавте се луѓе коишто оставиле белег во рамките на партијата изминатите години. Сите тие се прекрасни луѓе, тоа се мои пред сè другари и луѓе со коишто сме се бореле за да постигнеме и да издвојуваме победи на изборните циклуси, но и во секојдневни победи во предизвиците коишто ги имаме. Така што секој од нив е значајна алка во рамките на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.За тоа дали се планира промени на потпретседателските места, Мицкоски потенцираше дека сè уште нема одлука со кои предлози ќе излезе пред Централниот комитет, мора прво да заврши конгресот, па потоа да донесе одлука.„Не сум донел конечна одлука за тоа кој идеи и кои предлози ќе излезам пред Централниот комитет откако ќе заврши конгресот. Најпрво првиот чекор, да ја добијам довербата на делегатите на конгресот, да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, па дури потоа ќе можеме да зборуваме за чекорите коишто ќе следат потоа“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarym26o6hdplhcj86UtX4e

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција.Нејзини клучни препораки се: итно донесување на Националната стратегија 2026 - 2033; проширување на мрежата на засолништа; обезбедување долгорочна финансиска поддршка на жртвите; воведување стандарди во давањето на услугите од страна на социјалните центри; вработување на соодветен, стручен кадар и негова континуирана обука како и побрзо лиценцирање на СОС линиите. Според неа, програми за психосоцијален третман, треба да се спроведуваат не само со жртвите, туку и со сторителите.Таа смета дека програмите за психосоцијален третман се потребни не само за жртвите, туку и за сторителите.Претседателката укажа на потребата од јасни критериуми при распределбата на финансиите, врз основа на претходна анализа на трошоците.Мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот, истакна таа.Сиљановска-Давкова предупреди дека жените остануваат незаштитени во критички момент како резултат на дисфункционалноста и некоординираноста на институциите. Заради тоа, фемицид расте, институционалната недоверба се продлабочува и се нарушува нашиот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.Укажувајќи на поразителната статистика на МВР за бројот на жртвите, учесниците во јавната расправа се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство, како и соодветен одговор на кривичните дела врзани за насилството.На седницата се обратија претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексовска.Во дискусијата учествуваа претставници од државните институции на национално и локално ниво, на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања