Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Ева Петковска

media-librarysumc4g4fe07n7WaGRu1

ЕУ трајно ги замрзна руските средства

Државите членки на ЕУ, со исклучок на две, денеска преку писмена постапка ја одобрија одлуката за подолготрајно замрзнување на рускиот имот, што претставува клучен предуслов за одобрување на репарацискиот заем за Украина. „Писмениот процес е завршен, 25 држави за, две против“, изјави европски дипломатски извор, без да ги наведе кои две држави биле против.Станува збор за клучен дел од предлогот на Европската комисија замрзнатиот руски имот да се користи како основа за репарацискиот заем за Украина.Досега секоја членка можеше да го блокира продолжувањетоСанкциите против Русија, вклучително и замрзнувањето на средствата на Руската централна банка, според правилата на ЕУ мора да се обновуваат на секои шест месеци и тоа едногласно, што значи дека која било членка можеше да го блокира продолжувањето.Во случај на таква блокада, рускиот имот би бил автоматски одмрзнат, а товарот за отплата на заемот би паднал врз земјите членки. Сега Комисијата предложи употреба на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој предвидува можност во итни ситуации одлучувањето со консензус да се замени со одлучување со квалификувано мнозинство.Комисијата предложи уредба врз основа на член 122 со која би се забранил трансферот на руските средства додека не се реши прашањето за штетата што руската агресија ѝ ја нанесе на Украина.

Свет | пред 3 месеци

media-librarya1q8qgaei2l441JMAy7

Ѓорѓиевски: Започнува постапката за новиот Луна Парк во Скопје

Скопје конечно добива нов, модерен Луна парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на долгоочекуваниот забавен комплекс, со што се става крај на, како што вели, „години оддолговлекувања и лажни ветувања“.Ѓорѓиевски во својата објава истакнува дека по децении во кои генерации деца беа лишени од свое место за игра и семејна рекреација, конечно започнува реализацијата на проект што треба да означи „нова ера на семејна забава во главниот град“.Според најавите, новиот Луна парк ќе биде изграден според европски стандарди и ќе понуди ултрамодерни содржини: ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и современи системи за безбедност. Ќе биде целосно прилагоден и за лица со попреченост.На просторот од 84.000 квадратни метри ќе бидат сместени и зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница и „среќна лулашка“ се дел од реквизитите што ќе го збогатат изгледот и туристичкиот имиџ на Скопје.„Како што ветив – најдоброто доаѓа. Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток и едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 месеци

Filipce-2-SDSM-1

Филипче: Мицкоски да не се заканува, нека ја потише Резолуцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по состанокот со коалициските партнери, упати јасна порака до премиерот Христијан Мицкоски во врска со сериозните информации објавени во британските медиуми за можен прием на мигранти во Македонија. Наместо да се заканува Филипче го повика Мицковски да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за прекинување на процесот на примање мигранти за пари во Македонија.„Сметам дека, премиерот, не треба да се заканува. Поради тоа што тоа е многу сериозно прашање, кое што потекна од британските релевантни медиуми. Тука многу добро, сакаат да го испинуваат, да го превртат, да се закануваат, прашањето се уште стои и не е одговорено. Не е доволен ставот на премиерот. А прашањето е едно, ќе ја потпишете ли резолуцијата или не? Нека ја потпише. Тоа е единствениот начин да се одбраниме од нешто што може сериозно да ја загрози безбедноста на државата,“ истакна Филипче.Филипче потсети дека СДСМ веќе ја достави резолуцијата до сите политички партии, како конкретен инструмент за заштита на националната безбедност. Денеска во јавноста објави дека таа добила силна поддршка од коалиционите партнери поради што Филипче го повика премиерот, јасно да го преземе чекорот кој најдобро ги штити интересите на граѓаните.„Еве го предлог документот, резолуција со која што, тоа од што сите стравуваме а што го најавија британските медиуми, нема да се случи. Вистинското прашање е, зашто нема одговор на нашето прашање, ВМРО ДПМНЕ и премиерот да ја потпишеме заедно резолуцијата и така да изгласаме во Собранието? Гледајте, ако нема скриена агенда и ако нема договор, како што британските медиуми најавуваат дека ќе има, дека тука ќе се носат мигранти за пари, тогаш резолуцијата ќе ја потпишат“, констатираше претседателот на СДСМ.Лидерот на СДСМ Филипче рече и дека целата јавност преку медиумите има можност да го види документот и сите политички претставници може да потврдат дали го виделе или не.„Ние ја пуштивме резолуцијата во текот на вчерашниот ден. Целата јавност можеше да ја види преку медиумите. Имаа можност сите политички субјекти да потврдат дека ја виделе. Некој кажа ја видел, некој кажа дека не ја видел. Овие луѓе кои што се вечерва со мене ја виделе резолуцијата, предлогот текстот, немаат никаква забелешка. Сметаат дека тоа е единствениот начин да ние се одбраниме од тоа што е вистинска опасност за земјава“, рече Филипче.На крај, претседателот на СДСМ Филипче порача дека Резолуцијата е јавен повик и обврска, а ВМРО-ДПМНЕ ако стои на страната на државата ќе ја потпише, ако не, граѓаните тоа ќе го видат.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryagpl0bk7en9i8Cr6VSb

Филипче: Резолуцијата е договор со народот, заедничка борба за одбрана на Македонија!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција по состанок со опозициските партии рече дека сите партии од коалицијата на СДСМ даваат целосна поддршка за Резолуцијата.„Сите ја поддржаа предлог Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање на мигранти и секако дадоа и свои конструктивни предлози. И ова е силна порака кога сме заедно, можеме многу повеќе, рече Филипче.Претседателот на СДСМ потенцираше дека стаува збор договор со народот, заедничка борба за Македонија.„Резолуцијата не е партиско решење, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање. Ова е практично договор со народот на Македонија.„ рече Филипче.Претседателот Филипче нагласи дека политичката и општествената акција ќе продолжи, со ширење на платформата преку граѓанскиот сектор, младите, синдикатите и сите демократски сили.„Политичката и општествена организација и акција којашто ја започнавме продолжува и понатаму. Оваа платформа ќе се шири со претставници на граѓанскиот сектор, на младите, на синдикатите, на сите демократски сили, на студентите, со една, единствена цел. Одбрана на државата, на демократијата и на безбедноста на граѓаните.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryd6fv9oi5jsmm3Tkz9s3

Ахмети повика на масовен митинг во поддршка на поранешните лидери на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати повик до граѓаните за масовно учество на митингот што ќе се одржи утре, 13 декември, во 13 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.Во своето соопштение, Ахмети нагласи дека ОВК претставува дел од националниот идентитет и дека целта на собирот е, како што наведе, барање правда и отфрлање на „измислените обвинувања“ од Србија и Русија.„Утре, на 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопјe, се обединуваме за јасна цел: барањето за правда и отфрлањето на измислените обвинувања од Србија и Русија. Излегуваме одговорно, за да ја почитуваме жртвата и да ја одбраниме вистината за нашата историја. Ве поканувам сите да бидеме заедно утре“, стои во повикот на Ахмети.Организаторите најавуваат мирен собир со јасна порака за поддршка на обвинетите поранешни команданти на ОВК.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

Филипче: Целосна поддршка од коалициските партнери на СДСМ за Резолуцијата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот состанок со коалициските партии доби целосна поддршка од нив за Резолуцијата на СДСМ за спречување на влез на мигранти од трети земји во Македонија.На состанокот, кој се одржа попладнево во седиштето на СДСМ, се разговараше за сериозноста на состојбата со која е соочена државата, а секој од коалициските партнери даде свое мислење.„Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве, гледаме дека првите мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија. Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог-Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање мигранти и, секако, дадоа и свои конструктивни предлози“, рече Филипче.На прес-конференцијата, Филипче посочи дека позадината на владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна.„На сите им е кристално јасна позадината, ние сме решени заедно да се бориме. И ова е силна порака – кога сме заедно, можеме многу повеќе. И тоа е многу охрабрувачки, поради тоа што Резолуцијата не е партиско решение, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица

Министерството за внатрешни работи информира дека во ноќта меѓу 11 и 12 декември 2025 била спроведена голема полициска акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СКК и ОСПО/ЕБР, под раководство на Обвинителството за ГОКК.Акцијата била насочена кон сузбивање организирана криминална група инволвирана во кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „перење пари и други приноси од казниво дело“, како и „приредување игри на среќа без лиценца“.Од МВР соопштуваат дека, по претходно обезбедени судски наредби, биле извршени претреси на 11 локации на подрачјето на Скопје. Притоа биле лишени од слобода осум лица од главниот град.При претресите биле пронајдени и одземени околу 34.510 евра, 431.000 денари, 400 долари, повеќе мобилни телефони, три патнички возила, компјутери и лаптопи, како и големо количество опрема за нелегално приредување покер – маси, чипови, карти и друга придружна опрема. Запленета е и растителна и прашкаста материја, како и различна документација поврзана со криминалната активност.Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjros0aogt30u8hkD3vM

Наградени дваесет најуспешни наставници и стручни соработници од основните училишта од Општина Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, денес ги додели наградите на дваесетте најуспешни наставници и стручни соработници, кои се препознаени за својот посветен труд и значајниот придонес во воспитно-образовниот процес. Комисијата ги избра наградените врз основа на зададени критериуми кои ја оценуваа професионалноста, посветеноста и влијанието на наставниците врз развојот на учениците.Наградите се парични, но, како што истакна градоначалничката, нивната главна вредност е во симболиката и признанието за посветеноста на наставниците:-Овие награди, иако парични, се пред сè симбол на признание за вашиот труд и професионалност. Тие ја потврдуваат важноста на вашата посветеност и влијанието што го имате во воспитно-образовниот процес. Вие, како наставници и стручни соработници, создавате средина каде децата учат, растат и веруваат во себе. Како градоначалник, лично ќе се залагам за подобри услови за работа во нашите училишта. Сакам да имате простор, опрема и поддршка за да го дадете својот максимум. Општина Кисела Вода ќе продолжи да инвестира во инфраструктура, современи наставни средства и проекти кои ја олеснуваат вашата работа и ја поддржуваат вашата професионална реализација. Ви благодарам за посветеноста, трудот и енергијата што ја вложувате во образованието на нашите деца. Вие сте вистински столб за идните генерации и заслужувате сета почит и признание-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6noarse0qm4r6RZJLQc

Пад на мал авион во Мавровско Езеро, повредени две лица

Две лица се хоспитализирани во гостиварската болница по пад на мал спортски авион во водите на Мавровското Езеро, информираа од СВР Тетово.Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, денеска околу 12:35 часот било пријавено дека во близина на браната „Белички канал“ во Мавровско Езеро се урнал мал авион.„Од леталото на копното успеале да излезат двајца косовски државјани, Џ.П. (41) и Д.М. (64), кој го управувал авионот. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар“, изјави Реџепи.Полициски екипи од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на терен. Во разговор со полицијата, пилотот Д.М. изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот.Повеќе детали се најавени по завршување на увидот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6sfckj3n1vub9etESFy

Зимзоленд демантира шпекулации за затворање – продолжува со редовно работно време

Забавниот парк „Зимзоленд“ демантира информации кои се појавија во некои медиуми дека паркoт ќе биде затворен.„Во последните часови се појавија неточни информации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно“, соопштија од управата на паркот.Од Зимзоленд нагласуваат дека работното време останува непроменето: во работни денови од 12:00 часот, а за време на викендите од 10:00 часот.„Иако во претходните денови имаше инспекциски надзори, целосната и потребна документација е доставена до надлежните служби. Нашата мисија останува иста – да создадеме магични моменти, радост и новогодишна атмосфера за сите деца и семејства“, додаваат од паркoт.Управата на Зимзоленд ги повикува посетителите да продолжат со традицијата на забава и им се заблагодарува за довербата и поддршката.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Поднесена е кривична пријава против лицето кое упадна во студиото на „Инфомакс“

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С. (43) од Скопје. Тој е осомничен за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.Како што соопшти полицијата, пријавата следува по претходна пријава од А.М., водител на емисијата Инфомакс. По преземените мерки, бил извршен разговор со оштетениот и сведоците, обезбедени се видео записи од безбедносни камери и извршен службен разговор со пријавениот. Исто така, документирани се заканувачки пораки од страна на Г.С. кон водителот.Пријавениот беше изведен пред судија на претходна постапка, при што му е изречена мерка притвор.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Секој компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека каков било компромис меѓу Украина и Русија за контролата врз источните региони мора да биде „праведен“ и потврден на „избори“ или „референдум“.„Верувам дека на тоа прашање ќе одговори украинскиот народ. Било преку избори или референдум, тоа мора да биде став што произлегува од украинскиот народ“, изјави Зеленски на новинарско прашање околу можноста за постигнување договор со Москва.Американски предлог: Повлекување од Доњецк и демилитаризирана зонаУкраинскиот претседател потврди дека Соединетите Американски Држави на Киев му предложиле повлекување од деловите што сè уште ги контролира во регионот Доњецк и создавање „слободна економска“ и демилитаризирана зона на тоа место, без присуство на руски сили.Зеленски изјави дека американската страна сè уште „не знае“ кој би управувал со таа демилитаризирана зона.Тој додаде дека Вашингтон предлага повлекување на руската војска од украинските региони Суми, Харкив и Дњепропетровск, но и нивно останување во регионите Херсон и Запорожје.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

„Зимзоленд“ се демонтира: Лунапаркот работел без дозволи и без хигиенски услови

Општина Аеродром ќе го отстрани забавниот парк „Зимзоленд“, откако беше утврдено дека лунапаркот речиси две недели работел без никакви дозволи и неопходна документација. Инспекцискиот надзор беше спроведен по објавата на „Телма“, а општината ги потврди информациите дека организаторите немале ниту еден валиден документ за работа.Инспектори од четири институции — Градежната инспекција на Општина Аеродром, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување — вчера извршија увид во забавниот парк.Од Државниот пазарен инспекторат соопштија дека затекнале лица кои вршеле нерегистрирана дејност. Тие ќе се соочат со казни, а сопствениците на лунапаркот се повикани да достават целосна документација, вклучително и податоци за тоа кој управувал со „Зимзоленд“.Сериозни неправилности имало и во делот на санитарните услови. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при вонреден надзор утврдила дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и дека воопшто не ја известил Агенцијата дека во паркот ќе се продава храна.„Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои ќе се произведува и ќе се врши промет со храна, АХВ изрече мерки на секој штанд, но и на правното лице-организатор на манифестацијата ‘Зимзоленд’. Нему, покрај парична казна од 500 евра, му е изречена и времена забрана за вршење дејност производство и промет со храна,“ соопштија од Агенцијата.Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи интервенирало и во дел од сообраќајниот метеж околу локацијата, по бројни реакции од жителите на блиските згради кои со денови се жалеа на бучава и хаос — проблеми кои, како што се покажа, ги создавал диво поставениот лунапарк.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ му одговори на Лавров: Ниту на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека Белград нема намера да презема туѓ имот и дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) мора да продолжи нормално да функционира. Тој истакна дека е подготвен да ги разгледа сите предлози на руската страна за да се обезбеди стабилно работење на компанијата.„Сè што нашите руски пријатели сметаат дека можеме да направиме за НИС да продолжи да функционира, ние досега го правевме. Ќе го правиме и понатаму“, изјави Вучиќ, додавајќи дека решението „не е така едноставно како што звучи“, но дека Србија е подготвена да ги слушне сите конкретни идеи.Изјавата следи по коментарот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој порача дека национализација на НИС не може да се случи без обострана согласност меѓу двете земји. Вучиќ повтори дека Србија не размислува за одземање имот.„Ни на сон не ни паѓа да му одземаме нешто на било кого. Ќе направиме сè сопствениците да останат задоволни. А ако работењето стане невозможно, Србија ќе плати — како што доликува на сериозна држава“, нагласи тој.Говорејќи за можноста да се најде решение кое ќе овозможи НИС да ја избегне изложеноста на американски санкции, Вучиќ оцени дека тоа би било „одлично“ доколку е остварливо, но предупреди дека процесот ќе биде сложен.Тој додаде дека Србија нема да дозволи да остане без клучните енергетски капацитети: „Србија без нафта, без НИС и без рафинерија — тоа нема да се случи.“Вучиќ посочи и дека меѓународните институции, како ММФ и Светската банка, прогнозираат силен економски раст во Србија во наредните пет години, но дека фокусот во моментов мора да остане на енергетскиот сектор.Лавров претходно соопшти дека околу НИС е во тек преговарачки процес и повтори дека меѓувладиниот договор меѓу Србија и Русија изречно забранува национализација без взаемна согласност.

Свет | пред 3 месеци

putin

ЕУ трајно блокира 210 милијарди евра руски средства додека Москва не плати оштета

ЕУ донесе одлука трајно да ги блокира 210 милијарди евра средства на Руската централна банка. Мерката се темели на член 122 од Договорот на ЕУ, кој овозможува одлука со квалификувано мнозинство и без право на вето. Целта е да се спречи враќање на средствата додека Москва не исплати воена оштета на Украина.Најголемиот дел од средствата, околу 185 милијарди евра, се наоѓаат во „Евроклир“ во Брисел, а останатите 25 милијарди — во приватни банки. Досега имобилизацијата се обновуваше на секои шест месеци, што ја правеше ранлива на блокади.Европската комисија ја оправдува одлуката со економските последици од руската инвазија, тврдејќи дека е неопходно да се спречи ослободување на средствата за да се заштити економијата на ЕУ. Деблокада ќе биде можно само кога ќе престанат ризиците и кога Русија ќе плати оштета на Украина.Одлуката доаѓа и во контекст на загриженост дека надворешни фактори би можеле да се обидат да влијаат врз користењето на средствата. Белгија, како главен чувар на замрзнатите средства, и понатаму има забелешки и бара правни доработки пред самитот на 18 декември, на кој лидерите на ЕУ треба да решат како да обезбедат дополнителни 90 милијарди евра за Украина.

Свет | пред 3 месеци

media-librarykaa8s9pcfail239wTPe

(ВО ЖИВО) Андоновски: Филипче во 2018 гласал за изградба на бегалски камп во Бардовци

Манипулација е прашањето со мигрантите, вели во Претрес со Ландов, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Владата во 2015 во големиот бегалски бран ги прифаќаше, регистрираше и препраќаше мигрантите во други земји. И СДСМ, посочи, го виде договорот кој го потпишавме со Велика Британија каде во ни еден збор не се спомнуваат мигранти.„Владата на СДСМ гласала одлука дека треба да се изгради бегалски камп во Бардовци.За одлуката за изработка на планска документација за изградба на бегалски камп гласал и Венко Филипче во 2018 година. На одлуката е потпишан Заев, а гласал и Филипче. После имаше протести од граѓаните кои беа против бегалски центар. Под притисок, Владата се повлече од одлуката”, рече во Претрес министерот Андоновски.Во ниту еден момент, вели од Велика Британија немало потврда дека се разговарало за праќање бегалци во Македонија.

Скопје | пред 3 месеци

media-library8j26ujfprl1m1kbJCXK

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија ќе се отвораат мигрантски кампови.„Се работи за тотална лага којашто е изнесена од опозицијата, со наметнување на ваква тема којашто е апсолутно неточна, пробување за да се искреира некаква тема. Стигна демант и од премиерот на Република Македонија, стигна демант и од претседателката, стигна демант и од амбасадорот на Велика Британија, што е апсолутна потврда дека се работи за лажни тврдења“, истакна Бојковска.Бојковска посочи дека СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија пробуваат да наметнат тема во јавноста, сметајќи дека на тој начин ќе порасне политичкиот рејтинг на партијата и нагласи дека со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да се загрози безбедноста на граѓаните, и дека нелегални мигранти нема да се примаат во државата.„Погрешен е наративот доколку сметаат дека политичкиот рејтинг на СДС ќе расте со ширење на лаги, тотално погрешна стратегија доколку тоа им е целта. Со оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата вакви мигранти нема да има во Македонија. Во Македонија нема да се примаат нелегални мигранти и тоа не е основа за стратешкото партнерство коешто го имаме со Велика Британија. Додека е Владата на ВМРО-ДПМНЕ, од овој тип загрозување на безбедноста на граѓаните примање на нелегални мигранти, создавање на мигрантски шатори нема да постои“, децидна е Бојковска.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryijuf9dfmrpaa76I7kz0

Тошковски: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Брисел учествуваше на Втората меѓународна конференција на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти – значаен светски форум кој ги обединува партнерите во справувањето со еден од најсериозните транснационални безбедносни предизвици.Во име на Македонија, министерот Тошковски ја поддржа Заедничката декларација на Алијансата, со што државата уште еднаш ја потврдува својата цврста посветеност на засилената превенција и поефикасен институционален одговор на криумчарењето мигранти. Ова претставува важна потврда за улогата на Македонија како активен и доверлив партнер во глобалните напори за борба против организираниот криминал.Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари билатерална средба со Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер. Разговорите беа фокусирани на процесот на европска интеграција на Македонија, како и на важноста од координирани европски политики во делот на управувањето со границите.На маргините на конференцијата министерот Тошковски се сретна и со Сузане Раб, новоизбраната генерален директор на Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ICMPD), со која разговараше за актуелните миграциски предизвици и можностите за продлабочување на идната соработка.Министерот оствари и средба со министерот за внатрешни работи и контрола на наркотици на Пакистан, Мохсин Раза Накви. На средбата беше разговарано за зајакнување на билатералната безбедносна соработка, која во наредниот период треба да се формализира преку потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу двете министерства.Учеството на Македонија во работата на Глобалната алијанса за борба против криумчарењето мигранти уште еднаш ја нагласува улогата на државата како активен и кредибилен партнер кој придонесува кон европската и глобалната безбедност.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytnfrp9tv4ccqcwiPHMr

Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

„Овој буџет не е развоен. 90% од буџетот отпаѓа на тековни расходи. Само 9.7% одат на капитални инвестиции, дури и помалку, затоа што е ставено и НАТО во капитални инвестиции, небаре пукање бомби носат економски раст и создаваат некаква економска вредност“ -  истакна пратеникот Крмов во своето обраќање по однос на Буџетот на денешната Седница.Во продолжение, пратеникот од Левица даде посебен акцент на фактот дека секој трет денар во овој Буџет е предвидено да дојде од задолжување.„31% од овој Буџет се предвидени од задолжување. Значи секој трети денар е од странски пари. Над 1.6 милијарди враќаме долгови секоја година. Додадете ги тие пари на пензискиот фонд којшто е 2,4 милијарди евра, ние имаме буквално пола буџет којшто е долгови и пензии.“Крмов рече дека „Спрема тоа како се има трошено милијардата од Унгарија, ние гледаме како ќе се трошат 6 милијарди од Британија“ и потсети на барањето од Левица јавно да се сподели кои фирми ги добиле парите од кредитите коишто народот ќе ги плаќа, но власта одлучила да го крие нивниот идентитет. „Како прво 250 милиони кои отидоа во приватниот сектор и ден денес ги криете фирмите. Левица упати барање до Министерството да ги објавите фирмите, ние имаме добиено одговор 'дека ќе бил нарушен интересот на фирмите'. Значи приватниот интерес на фирмите е пред јавниот интерес. Тоа не носи до сомнеж дека тие пари имаат отидено кај фирмите блиски до ДПМНЕ.“Пратеникот од Левица заклучи дека Буџетот којшто го проектира власта за 2026 година е потрошувачки, и предвидува само десетина проценти за капитални инвестиции, за чијашто реализација се сомнева.

Македонија | пред 3 месеци

f11f401d-4958-43a5-b018-f261c802fa7a

„МВРО-ВМРО се враќа на сцена“ – реакција на Спасовски по поднесената пријава

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски реагираше по поднесената пријава против него, оценувајќи ја како политички мотивирана и насочена кон дефокусирање на јавноста од актуелните состојби во државата.„Во целост ги отфрлам наводите во т.н. пријава. Не ме изненадуваат методите, ништо ново, МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста од реалните скандали на власта. ВМРО-ДПМНЕ бега и сака да го оттргне вниманието од важните теми – трагедијата во Кочани, мигрантите, криминалите и лошата економска состојба“, изјави Спасовски.Тој ја оцени постапката како „класичен обид за политички прогон“ и покажа сомнеж дека целта е да се пренасочи фокусот од аферите поврзани со мигрантите и другите контроверзии.„Само имам лична дилема – дали повеќе им сметаат моите резултати кога бев министер, или пак проблем е мојата посветеност во борбата за вистината како опозиционер“, рече Спасовски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoqag9pfeg051chiDHe0

Петрушевски: Идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, кој посочи дека согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти нешто коешто е својствено за одредени политички партии како и тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква намера да прифати никакви илегални мигранти, ниту пак ќе се градат било какви шатори, кампови или хабови во делот на илегалните мигранти.„Од она коешто значи идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифативме никакви илегални мигранти, апсолутно лага е дека ќе се градат било какви шатори, кампови, хабови во делот на илегалните мигранти. Она коешто ќе го направиме е да, борба со илегалната миграција, нешто за коешто и британскиот амбасадор во соопштението напомена, нешто за коешто е разговарано и во Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, којшто е јавен, којшто е дебатиран во Собрание, каде што апсолутно ништо од ова не е наведено“, појасни Петрушевски.Пратеникот Петрушевски се осврна и на новиот проект Safe Country, со кој ќе се зајакне делот на граничното управување по пат на обезбедување на целата гранична линија на Македонија со соодветни технички камери и помагала, а во насока на спречување на илегална миграција како и нелегална трговија и шверц.„Ќе го зајакнеме делот на граничното управување, денеска најави премиерот еден нов проект налик на ова коешто го имаме сега како Safe City, ќе имаме Safe Country каде што целата гранична линија на Република Македонија ќе биде обезбедена со соодветни технички камери и помагала, така што покрај спречување на илегалната миграција ќе се спречува шверц, нелегална трговија. За ваквите чекори коишто ги прави оваа Влада во делот на спречување на илегална миграција добиваме пофалби од членки на ЕУ во континуитет и во таа насока ќе продолжиме да работиме заедно со нашите стратешки партнери“, рече Петрушевски.На крај Петрушевски, уште еднаш се повтори и нагласи дека едно е борбата против илегална миграција, за коешто впрочем Владата е за соработка со стратешките партнери, а илегалните мигранти се нешто за сосема друго и оваа Влада нема намера ниту да разговара, ниту пак да прифати што впрочем денес истото го истакна и премиерот Мицкоски.„Ќе повторам, да не ја замајуваме јавноста, едно е борба против илегална миграција, за коешто сме за соработка со нашите стратешки партнери, сосема друго е илегални мигранти нешто за коешто апсолутно оваа Влада нема никаква намера ниту да разговара, ниту да прифати. И тоа денеска многу јасно го објасни премиерот“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeftbkkuglk631994Efv

Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите

На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите.„Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што многу јасно ја одразува разликата помеѓу оваа Влада и сите влади пред неа. Овој Буџет е јасна политичка порака, дека државата конечно се движи во вистинска насока, дека економијата расте, дека институциите работат дисциплинирано и дека секој денар е ставен во функција на развој, инвестиции и подобар животен стандард. Овој Буџет е еден од најреалните и најодговорно планираните во последната деценија. Тој е јасна порака дека државата се движи напред и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ управува дисциплинирано и државнички“, рече Ангелова.Ангелова посочи дека во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади.„Во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади, ние можевме да одиме во популизам, да оставиме хаос, да расфрламе средства но избравме дисциплина, државност и рационално планирање. Вкупните приходи во 2026 година се планирани на 374, 9 милијарди денари, со реален и конзервативен пристап. Расходите се 414,2 милијарди денари насочени кон функционирањето на јавните услуги, капитални инвестиции и социјална поддршка. Буџетскиот дефицит е 3,5% од БДП што е значително намалување во однос на приходите години и во согласност со фискалните правила и препораките на меѓународните финансиски институции“, посочи Ангелова.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8atqs4p4ugp20ER0mrD

Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој истакна дека буџетот е изготвен врз основа на реални економски  показатели и дека проекциите на приходната страна се остварливи.Станковиќ посочи дека  растот на планираните приходи е резултат на подобрена наплата на царини и концесии како и на позитивните трендови кај активните мерки за вработување.„Првата работа околу буџетот кога го анализираме и гледаме  треба да ја видиме  приходната страна, значи се предвидува еден буџет од 374,9 милијарди денари и е за 6% поголем од средствата кои предвидела државата да ги собере во буџетот во  2025 година. Сметам дека овие средства се реални да се соберат, земајќи ја во предвид 2025 година, каде што имавме сериозно зголемување на наплатата на царини, концесии, пред неколку дена се случи една позитивна вест а тоа е видовме каков е интересот на граѓаните за сите оние мерки кои ги предвидува Владата  за самовработување, 6045 апликанти тоа значи дека во наредната 2026 година по основ на вработување можеме да очекуваме поголеми приливи, тоа ни дава за право дека овие средства кои ги предвидува Владата на Република Македонија се остварливи“, рече Станковиќ.Тој нагласи дека Владата активно работи на сузбивање на сивата економија, истакнувајќи дека се спроведуваат активности со цел да се намали загубата на јавни приходи и да се зголеми финансиската дисциплина.„Втората работа, веќе се работи сериозно на намалување на  сивата економија, огромни средства од 600 до 700 милиони евра на годишно ниво се одлеваат на сивата економија. Мораме да ја сузбиеме сивата економија и оваа Влада прави сериозни напори за сузбивање на сивата економија. Првата работа воведувањето на е-фактурата е една од тие мерки којашто ни овозможува да ја контролираме сивата економија во државата. Второ институциите почнуваат да даваат резултати“, вели Станковиќ.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym7pn9qluakeu5ua656D

Лефков: За утврдување каде потфрлил системот, потребно e да заврши судската постапка за Кочани

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дискутираше за поднесувањето на предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, од страна на Владата.„Овде станува збор за еден процес којшто започна уште на почетокот на годината, Собранието не ги усвои извештаите на Советот на јавни обвинители и на судскиот Совет којшто наместо да даваат препораки како да се надмине ситуацијата со недовербата во судството и нефункционалното јавно обвинителство, тие навидум само оперираа со едноставни бројки. ДКСК имаше еден куп инцијативи, околу 50тина од коишто ниту еден не заврши како обвинителен акт, што значи дека за целата состојба во јавното обвинителство, за нејзината нефункционалност треба да биде одговорен, и тоа според законот токму јавниот обвинител. Владата имаше седница на којашто достави предлог до Собранието за разрешување на јавниот обвинител, иако ова беше одложено поради случувањата и во Кочани и поради изборите. Разрешувањето на јавниот обвинител нема да влијае на обвинителниот тим, една судска постапка за Кочани и две предистраги. Обврска за чување на угледот на јавното обвинителство според Законот за јавни обвинители паѓа на јавниот обвинител“, истакна Лефков.Лефков се осврна и на темата за денешната Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во Кочани и истакна дека за утврдување каде потфрлил системот е потребно да се заврши судската постапка, и дека процесната правда е единствен начин да се дојде до правдата.„Нејзиниот претседател Апасиев имаше изјава на 64-тата седница од Собрание, во којашто велеше дека обвинителниот акт е килаво поставен и треба да падне, и дека министри и службеници кои земале мито не треба да бидат одговорни. Водејќи се од овие начела ние баравме изземање на претседавачот, затоа што тоа значеше дека Комисијата може да продолжи со работа, иако има спречување односно има друга постапка. Ние денеска присуствуваме на седницата и со гласање за дневниот ред констатиравме дека поднесувањето на оваа претставка е исправно и усогласено, меѓутоа за да утврдиме каде се потфрлил системот потребно е да се заврши судската постапка. Процесната правда е единствениот начин да дојдеме до правда и единствената надеж за нас како општество. Се надевам дека претседателот ќе се изземе барем за заклучоците, ќе се осврнеме на системските недостатоци и ќе се осврнеме на оние системски подобрувања коишто можеме да ги направиме“, рече Лефков и додаде:„И постојаната Aнкетна комисија и Aнкетната комисија што ќе се случува за сите трагедии, ќе имаат една цел, а тоа е да се утврдат оние системски слабости. Видовте како и покрај аргументите, имаше проблеми со заседувањето затоа што нејзиниот претседавач веќе одбрал страна и се настрои против обвинителниот акт. Видовме како тука е претседателката на државата, премиерот на државата, сите колеги пратеници, застанавме сите заедно кога станува збор за утврдување на една ваква одговорност“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylbfik324k3ir2Dqn73C

Попов: Стратегијата Македонија 2030 содржи шест столба со добро таргетирани политики кои се од клучно значење за државата

Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот и  претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој во однос на 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во саботата во Кавадарци, истакна дека е донесена Стратегијата Македонија 2030 како важен документ за државата кој содржи шест столба со добро таргетирани политики кои одговараат на потребите на граѓаните.“ВМРО-ДПМНЕ на своите конгреси не избира само претседател туку носи и многу важни документи како за партијата со тоа и за државата, и на овој Конгрес беше донесе таков своевиден документ односно стратегија каде ја гледаме државата во периодот што следи. Тој документ се базира на шест столба, под број еден, државната безбедност и како истата ја замислуваме, економската конкурентност, правната држава, демографија и семејните политики, евроинтеграцијата и шестиот столб е образованието. Овој е многу важен документ како за партијата така и за државата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ  во овој период ја предводи Владата на Република Македонија  и мислам дека е многу важно на овој Конгрес кој го имавме во ова време да донесеме еден ваков програмски документ на партијата и на некој начин да ги прилагодиме или приспособиме нашите политики  на новото време во кое живееме“, рече Попов.Претседателот на УМС Попов, истакна дека првиот стожер на стратегијата не случајно е државната безбедност, затоа што токму тоа е клучно за да постојат функционални институции отпорни на дигитални напади, со јасни протоколи за препознавање на дезинформации и спречување на истите.„Кога зборуваме во нашата стратегија за безбедноста, не зборуваме само за силна Армија во однос на воена опрема, туку зборуваме како да имаме функционални и силни институции кои би биле отпорни пред се на дигитални напади, на сајбер напади и затоа ние во оваа наша стратегија многу зборуваме за национален модел на одбрана од овој тип на напади, формирање на национален центар за координиран одговор во делот на овие напади, создавање на институции кои ќе имаат јасни протоколи во делот на тоа како да се постапува при иден можен ваков напад од дигитален карактер и пред се како да се бориме кога зборуваме за безбедност против дезинформациите.Во оваа стратегија се предвидува дека Македонија до 2030 година треба да стане земја којашто би имале некој национален центар или национален план за да го препознаваме ова ширење на дезинформации и имаме начин ако против истото да се бориме“, вели Попов.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања