Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-library8rof3atjtn8neZmpcCS

Пазарите се смируваат: Нафтата падна под 90 долари по барел, берзите се стабилизираат

Цените на нафтата, кои за време на викендот достигнаа врв на светските пазари, во последните часови бележат значителен пад, додека финансиските пазари се стабилизираат по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран би можела наскоро да заврши.Во телефонско интервју за телевизијата Си-Би-Ес њуз, Трамп изјави дека конфликтот е „практично завршен“ и дека воената операција напредува многу побрзо од првичниот план, кој предвидувал траење од четири до пет недели.„Мислам дека војната е речиси завршена“, изјави американскиот претседател, додавајќи дека иранската воена инфраструктура е сериозно ослабена. „Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат ни воздухопловни сили“, рече Трамп.Паралелно со овие изјави, нафтените пазари забележаа значителни поместувања. Откако за време на викендот цената на нафтата накратко надмина 118 долари за барел, во последните часови таа падна за повеќе од 10 долари и се спушти под границата од 90 долари.Падот доаѓа во момент кога најголемите светски економии размислуваат за координирани мерки за обезбедување итни енергетски резерви, а изјавите на Трамп дополнително ги поттикнаа очекувањата дека конфликтот би можел да се приближува кон крај.По неговите изјави, американските берзи ги надоместија претходните загуби. Индексот Си-Ен-Пи 500 порасна за околу еден процент, додека цените на нафтата и приносите на американските државни обврзници се намалија.Сепак, и покрај смирувањето на финансиските пазари, ситуацијата околу Ормускиот теснец останува неизвесна. Овој стратешки морски премин, низ кој поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта, и натаму е речиси затворен, а сè уште нема договор како ќе се обезбеди безбеден премин на бродовите.Трамп изјави дека поморскиот сообраќај низ теснецот постепено се зголемува и дека неговата администрација размислува за можноста да преземе контрола над тој поморски пат, без да прецизира какви конкретни мерки би можеле да бидат преземени.Во меѓувреме, американскиот претседател разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Иран и за војната во Украина, пренесе руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на советникот на Путин, Јуриј Ушаков.Конфликтот доаѓа во период кога Трамп се соочува со силни политички притисоци во САД поради инфлацијата во пресрет на изборите на средина од мандатот. Војната дополнително ги зголеми цените на горивата во земјата.Трамп претходно изјави дека цена на нафта од 100 долари за барел е „мала цена што треба да се плати“, додавајќи дека трошоците ќе се намалат кога, како што рече, ќе заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана.Поради речиси целосното затворање на Ормускиот теснец, Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, беше принудена да го намали производството, а слични потези презедоа и Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак.Министрите за финансии на земјите од групата Г7 во меѓувреме порачаа дека се подготвени да преземат сите неопходни мерки за стабилизација на глобалното снабдување со енергија, вклучително и можно пуштање на стратешките резерви на нафта, иако конечна одлука за тоа сè уште не е донесена.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: САД побараа одложување на преговорите со Русија поради кризата на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за нови мировни преговори со Русија со поддршка на Соединетите Американски Држави, но дека вниманието на меѓународната заедница во моментов е насочено кон конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Зеленски соопшти дека Вашингтон побарал одложување на претстојниот состанок, кој требало да се одржи оваа недела, поради актуелната безбедносна криза на Блискиот Исток.„Целото внимание на нашите партнери е насочено кон ситуацијата околу Иран и затоа состанокот, планиран за оваа недела, се одложува на предлог на САД“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.Тој додаде дека Украина примила 11 барања од држави во соседството на Иран, како и од САД и европски земји, за помош во соборување на беспилотни летала кои, според нив, биле лансирани од Техеран.„Русија се обидува да ја искористи ситуацијата на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив за да манипулира во корист на својата агресија“, наведе Зеленски.Мировните преговори, чија цел е завршување на четиригодишниот конфликт меѓу Украина и Русија, досега не донеле напредок по клучните прашања, особено поради руските барања Украина да направи територијални отстапки.По состанок за национална безбедност, Зеленски изјави дека постои значителен интерес за украинското искуство во развојот на системи за пресретнување дронови, електронско војување и обука за борба против беспилотни летала.Тој нагласи дека Украина е подготвена позитивно да одговори на барањата на државите кои ѝ помагаат во одбраната и заштитата на нејзината независност.Во изјава за „Њујорк тајмс“, Зеленски посочи дека Украина испратила дронови-пресретнувачи и тим специјалисти во Јордан, додека според информации на агенцијата „Ројтерс“, САД и Катар водат преговори за купување украински дронови-пресретнувачи.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Трамп отвора нова опција: САД размислуваат да го контролираат Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон размислува за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола над Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.Во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп рече дека теснецот во моментот е отворен за пловидба, но дека Белата куќа ја разгледува опцијата да воспостави контрола над овој стратешки морски премин.„Ормускиот теснец во моментов е отворен, но размислуваме за тоа да го преземеме. Можеме таму да направиме многу“, изјави Трамп.Ормускиот теснец претставува една од најкритичните светски енергетски рути, низ која поминува приближно една петтина од глобалните испораки на нафта.Иран засега не го затворил преминот, но претходно предупреди дека ќе отвори оган кон сите американски или израелски танкери кои би се обиделе да поминат низ теснецот.

Свет | пред 1 седмица

izrael-vojska

Израелскиот министер за надворешни работи: Хезболах се приклучи на војната под притисок од Иран

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека во изминатата недела Израел бил цел на повеќе напади од либанското движење Хезболах отколку од Иран.Саар соопшти дека во Западен Ерусалим се сретнал со специјалната координаторка на Обединетите нации за Либан, Жанин Хенис, при што разговарале за безбедносната состојба во регионот и за ескалацијата на конфликтот.Тој изјави дека Хезболах се приклучил на војната по, како што тврди, притисок од Иран.„Ја образложив нашата одлука овој пат да не ги евакуираме жителите од северните заедници и ја нагласив нашата посветеност да ги заштитиме. Истакнав дека распоредувањето војници во пограничната област е клучно за спречување евентуален упад на копнените сили на Хезболах и напади врз израелските граѓани и населени места“, изјави Саар.Тој додаде дека слабеењето на Хезболах е заеднички интерес и за Израел и за Либан.„Нагласив дека Хезболах го започна нападот врз нас и дека никој од меѓународната заедница не презема чекори да го запре, освен нас“, изјави израелскиот министер за надворешни работи.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymstm78tlq3m6bG6m2Fg

(Видео) Британски авиони соборија дронови над Блискиот Исток

Британски борбени авиони во текот на ноќта собориле беспилотно летало во одбрана на Јордан, а пресретнале и уште еден дрон кој летал кон Бахреин, соопшти британското Министерство за одбрана.Според официјалните информации од Лондон, операцијата е дел од пошироки активности за заштита на сојузниците во регионот и на британските воени бази.Истовремено, Велика Британија започнала и одбранбени летови во поддршка на Обединетите Арапски Емирати. Овие активности се дел од поширокото распоредување дополнителни британски воени сили на Блискиот Исток и во источниот Медитеран.Британското Министерство за одбрана соопшти и дека дополнителни хеликоптери од типот „вајлдкет“ пристигнале на Кипар, откако британската воздухопловна база на островот минатата недела била цел на напад со дрон.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Ако Иран се обиде со „трикови“, тоа ќе биде крај на таа земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран, која влезе во десеттиот ден, би можела наскоро да заврши, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави се „далеку пред планот“. Во телефонско интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп изјави дека според него конфликтот е „речиси завршен“, што е спротивно на претходните процени од Белата куќа дека операцијата може да трае повеќе од еден месец.Тој изнесе и свое видување за состојбата на иранските вооружени сили, тврдејќи дека Иран претрпел сериозни воени загуби.„Мислам дека војната практично е готова. Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили. Нивните ракети се сведени на остатоци. Дроновите им се уништуваат насекаде, вклучително и во нивните погони за производство. Кога ќе погледнете, ништо не им остана. Во воена смисла, ништо“, изјави Трамп.На прашањето дали војната би можела наскоро да заврши, американскиот претседател одговори потврдно, нагласувајќи дека токму тоа е неговата главна цел.„Далеку сме пред планот. Не знам, ќе видиме. Размислувам за крајот на војната – јас и никој друг“, рече Трамп.Тој испрати и остра порака до Техеран, предупредувајќи дека секој нов потег од страна на Иран би можел да има сериозни последици.„Испалија сè што имаа. Подобро е да не се обидуваат со никакви трикови, затоа што тоа ќе биде крај на таа земја. Ако направат нешто лошо, тоа ќе биде крај на Иран и тоа име повеќе нема да го слушнете“, изјави Трамп.Американскиот претседател додаде дека САД размислуваат и за можноста да го преземат Ормускиот теснец, наведувајќи дека таму би можеле „многу да направат“. На прашањето дали има на ум нов лидер за Иран, Трамп кусо одговори дека има, но одби да открие повеќе детали.Тој најави и дека наскоро ќе одржи прес-конференција на која се очекува да изнесе дополнителни информации за развојот на конфликтот.

Свет | пред 1 седмица

IMG_7814

Хезболах тврди дека извршил ракетен напад врз централниот дел на Израел

Либанското движење Хезболах соопшти дека извршило ракетен напад врз цел во централниот дел на Израел, тврдејќи дека била погодена сателитска комуникациска станица на израелската армија во долината Ела.Според соопштението на групата, објектот се наоѓа на околу 160 километри од границата и бил цел на масовен напад со, како што се наведува, софистицирани ракети.Хезболах тврди дека со нападот била гаѓана инфраструктура што ја користи израелската војска за сателитска комуникација. Засега нема независна потврда за обемот на штетата или за евентуални жртви.

Свет | пред 1 седмица

media-library7p96lilovr0udR8YQmL

(Видео) Сања Ристиќ и Перо Антиќ искрени за врската: „Беше алфа мажјак, ама омекна“

Во една од последните епизоди на емисијата „Нешто конкретно“ гостуваа еден од најпознатите македонски парови, Сања Ристиќ и Перо Антиќ, кои отворено разговараа за односите, самодовербата и перцепцијата на луѓето во јавноста.Сања низ смеа призна дека на почетокот на нивната врска Перо бил вистински алфа мажјак, но дека со текот на времето „омекнал“. На тоа Антиќ одговори со доза хумор.„Е, кој се разбрал со жена – најдобро е само да си климаш со главата“, рече тој.Ристиќ додаде дека секогаш е подготвена да го брани својот став, алудирајќи и на ситуацијата кога јавно застана во одбрана на Перо на социјалните мрежи, во период кога тој беше мета на критики.Во емисијата гостуваше и Марија Васиќ, која во 2003 година ја понесе титулата Мис на Македонија, а денес работи како доктор анестезиолог. На прашањето дали титулата за убавина и скромноста можат да одат заедно, таа истакна дека јавната експонираност не значи дека човек не е скромен.„Скромноста не се покажува со тоа колку се експонираш, туку со постапките“, изјави Васиќ.Говорејќи за скромноста, Сања Ристиќ се наврати и на периодот кога како дете беше исклучително популарна со песната „Ех, тој Тоше“. Таа откри дека во нејзиното воспитување скромноста не била нагласена, туку сè требало да биде по последна мода или специјално дизајнирано за неа.„Не сум скромна ни сега и сакам да живеам убаво од својот труд“, заклучи таа.Во дебатата се приклучи и тату-мајсторот Горан Микиќ, на кого ова му беше прво јавно појавување по победата над ракот на тироидната жлезда. Расположен и насмеан, тој откри дека на почетокот неговиот татко, познатиот естраден новинар Дуле Микиќ, често му замерувал што избрал да биде тату-мајстор, поради стереотипите дека тетоважи прават „наркомани или криминалци“.Микиќ откри и дека токму Перо Антиќ одиграл важна улога во неговата кариера, по што неговата работа почнала да оди во нагорна линија.Антиќ пак зборуваше и за односот со својот татко, откривајќи дека тој присуствувал на само девет негови натпревари. Интересен момент, како што раскажа, бил кога започнал да игра кошарка, а татко му воопшто не знаел за тоа.„Тренерот случајно ме препозна по презимето и му се јавил на татко ми. А тој му рекол: ако го бива – добро, ако не – праќај го дома“, раскажа Антиќ, додавајќи дека критичкиот однос на татко му всушност го зајакнал.Централна тема на епизодата беше прашањето од каде доаѓа самодовербата кај луѓето, особено кога таа не е поткрепена со реални резултати. Гостите се согласија дека тоа често започнува уште во семејството, кога родителите нереално ги бодрат децата и постојано им повторуваат дека се најдобри во сè.Според нив, и современото општество дополнително ги поттикнува ваквите појави, па не е реткост луѓе со силна самоувереност, но без реално покритие, да дојдат до позиции на моќ и да се однесуваат како да се семоќни.На крајот од емисијата, Перо Антиќ доби интересно прашање – дали е потребна поголема самодоверба за шут во последната секунда од натпревар или за да побараш девојка за жена.

Магазин | пред 1 седмица

media-library16rsbbrcm96p7DkWGbf

Аналитичарка предупредува: Нејасните цели на САД во војната со Иран ја прават ситуацијата поопасна

Сè поголема неизвесност постои околу вистинските цели на Соединетите Американски Држави во конфликтот со Иран, што ја прави ситуацијата уште поопасна, предупредува Филис Бенис, ко-директорка на Проектот за нов интернационализам при Институтот за политички студии.Говорејќи за текот на конфликтот, Бенис оцени дека може да се препознаат тактиките на американската администрација, но дека не е јасно која е нејзината конечна стратегија и што точно сака да постигне Вашингтон.Според неа, американските претставници споменуваат неколку можни цели, меѓу кои уништување на иранската морнарица или неутрализирање на ракетните капацитети на Иран, што би ѝ овозможило на администрацијата да прогласи успех и да го заврши конфликтот.Сепак, Бенис предупредува дека отсуството на јасно дефинирана цел ја прави ситуацијата уште поризична.„Недостигот на јасна цел ја прави оваа ситуација поопасна, особено за Иран“, изјави таа.

Свет | пред 1 седмица

IMG_4867

Драма во Штип: Се претставил како полицаец, одзел возило, удрил во паркиран автомобил и нападнал полицаец

Полицијата уапси 46-годишен маж од Штип кој лажно се претставил како полициски службеник, одзел возило, предизвикал сообраќајна незгода и при апсењето нападнал полицаец.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска околу 09:00 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ во Штип.Според информациите, околу 08:00 часот пред влезот на средно училиште во Штип тој го сопрел М.А. од Штип и, претставувајќи се лажно како полицаец, извршил лажен претрес на службено возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, по што му го одзел возилото и се упатил кон населбата Ново Село.Додека се движел со возилото, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Маршал Тито“, удирајќи во паркиран автомобил, а потоа продолжил кон центарот на градот.Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно ѝ го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.По преземени мерки од страна на полициските службеници, возилото било лоцирано, а осомничениот уапсен. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.Од МВР додаваат дека во текот на ноќта истото лице било пријавено и за уште два инциденти – расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Нов бран напади: Израелската армија соопшти дека уништила цели поврзани со иранската влада

Израелската армија соопшти дека извршила нов бран воздушни напади врз повеќе локации во Иран, при што биле погодени десетици цели поврзани со иранската влада.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, израелската војска наведе дека меѓу погодените цели се наоѓал и штаб за беспилотни летала на Корпусот на чуварите на Исламската револуција.Според тврдењата на израелската армија, од тој објект претходно биле лансирани беспилотни летала кон Израел, а во него се наоѓале и дополнителни дронови подготвени за употреба.Во нападите биле погодени и неколку складишта за беспилотни летала, како и системи за противвоздушна одбрана, соопшти израелската војска.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh1mjpo8rj1uvb1MZzC1

Емирот на Катар и германскиот канцелар повикаа на дипломатско решение за конфликтот на Блискиот Исток

Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, остварил телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, при што двајцата лидери разговарале за актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток и можностите за намалување на тензиите во регионот.Според соопштението од кабинетот на катарскиот владетел, во разговорот биле разгледани најновите случувања во услови на, како што се наведува, „континуирана и очигледна иранска агресија кон Катар и други држави во регионот“, како и напорите на регионално и меѓународно ниво за ограничување на ескалацијата и зајакнување на безбедноста и стабилноста.Двајцата соговорници се согласиле дека актуелната ситуација бара засилување на меѓународните напори за деескалација, со јасен приоритет на дипломатските решенија кои би довеле до прекин на ескалацијата и зачувување на мирот и стабилноста.Во соопштението се наведува дека ваквите напори се во согласност со Повелбата на Обединетите нации, која предвидува решавање на меѓународните спорови со мирни средства и почитување на територијалниот интегритет на државите.

Свет | пред 1 седмица

media-library3h82ti78dg3a8HNbend

Велика Британија бара деескалација на Блискиот Исток за да се спречи раст на цените на енергијата

Брзата деескалација на конфликтот на Блискиот Исток е најдобриот начин да се спречи нов раст на цените на енергенсите и горивата, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс.Таа пред британските пратеници нагласи дека стабилизацијата на безбедносната состојба во регионот е клучна за задржување на цените на горивата на пониско ниво и за заштита на потрошувачите од нови економски притисоци.„Јасно е дека најдобриот начин да се задржат ниски цените на горивата е брза деескалација. Ќе продолжам внимателно да ги следам цените како што ќе се развива ситуацијата“, изјави Ривс.Министерката додаде дека побарала од регулаторните тела внимателно да ги следат цените на основните производи, особено на патните горива, за да се спречат можни злоупотреби во време на криза.„Нема да дозволам ниту една компанија да ја искористи сегашната криза за да оствари прекумерна добивка на сметка на потрошувачите“, порача Ривс.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydpkdt0eoafi20p8eFnz

(Видео) „Белингкет“: Снимка покажува дека американски „томахавк“ погодил објект до училиште во Иран

Истражувачката група „Белингкет“ објави анализа на нова снимка која, според нивните наоди, прикажува американски крстосувачки проектил „томахавк“ како на 28 февруари погодува објект на Корпусот на чуварите на Исламската револуција во иранскиот град Минаб. Снимката, која првично ја објави новинската агенција „Мехр“, е геолокализирана од истражувачите на „Белингкет“ и претставува прв визуелен доказ за нападот на таа локација.На видеото се гледа ударот на проектилот, по што се издига густ чад во непосредна близина на женско училиште. Според извештаи на ирански извори, во нападот загинале 175 лица, меѓу кои и голем број девојчиња.Анализата на снимката ја доведува во прашање изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно тврдеше дека училиштето било погодено од ирански проектил. На видеото, според „Белингкет“, јасно се препознава проектил „томахавк“, а познато е дека вакво оружје поседуваат само Соединетите Американски Држави. Нема информации дека Израел располага со ваков тип крстосувачки проектили.Истражувачите извршиле геолокациска анализа на видеото и ја утврдиле приближната зона на ударот. Во рамки на тој периметар се наоѓаат клиника, училиште и други оштетени објекти. Дополнителна анализа на сателитски снимки од компанијата „Планет лабс“ покажала дека во таа област се оштетени само два објекта.Едниот од нив е медицинска клиника, додека вториот објект, кој според анализата изгледа како складиште или бункер покриен со земја, се поврзува со Корпусот на чуварите на Исламската револуција. Токму тој објект, според истражувањето на „Белингкет“, бил целта на нападот што се гледа на објавената снимка.

Свет | пред 1 седмица

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Иран: Не сакаме да им наштетиме на обичните Американци

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран не сака да им наштети на обичните граѓани на Соединетите Американски Држави, обвинувајќи ги Израел и американските власти за економските последици од војната.Во објава на социјалната мрежа Икс, Арагчи порача дека мнозинството Американци не ја поддржуваат вмешаноста на нивната земја во странски војни.„Иран не сака да им наштети на обичните Американци кои во големо мнозинство гласаа за прекин на учеството во скапи странски војни“, напиша Арагчи.Тој додаде дека одговорноста за растот на цените на горивата, поскапувањето на станбените кредити и падот на пензиските фондови, според него, целосно ја носат Израел и „неговите послушници во Вашингтон“.

Свет | пред 1 седмица

w_55031023

ЕУ повика на прекин на нападите во Либан

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, повика Израел да ги прекине нападите врз Либан, предупредувајќи дека тие предизвикуваат масовно раселување и дополнително ја дестабилизираат ситуацијата во земјата.Во изјава, Калас нагласи дека дипломатијата останува најдобрата шанса за спречување на понатамошна ескалација во регионот.„Одлуката на Хезболах да го нападне Израел во поддршка на Иран го загрозува целиот регион и додава смртоносна димензија на конфликтот“, изјави Калас.Таа додаде дека Израел има право на самоодбрана во согласност со меѓународното право, но истакна дека одговорот на израелската страна е премногу силен.„Одмаздничките напади предизвикуваат масовно раселување и дополнително ја дестабилизираат и онака кревката ситуација“, рече Калас.Таа исто така нагласи дека мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrov3e5g348259cQVVDu

Ердоган: Иран е предупреден по падот на ракета во турскиот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара испратила предупредување до Иран откако балистичка ракета влегла во турскиот воздушен простор, по што била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.Ердоган зборуваше по седницата на турската влада во Анкара, осврнувајќи се на војната меѓу САД и Израел против Иран.Според него, турските власти испратиле јасна порака до Техеран откако денеска била соборена втора балистичка ракета која влегла во турскиот воздушен простор.Тој оцени дека Иран продолжува да презема погрешни и провокативни чекори.„Ниту еден чекор не смее да ја фрли сенка врз нашите илјадагодишни соседски и братски односи со Иран“, изјави Ердоган.Турскиот претседател најави и дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста, откако Турција во понеделник распореди шест борбени авиони Ф-16 во северниот дел на Кипар.Северен Кипар е самопрогласена држава формирана во 1983 година, која ја признава единствено Турција, додека остатокот од меѓународната заедница островот го признава како Република Кипар.

Свет | пред 1 седмица

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ му возврати на Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки поради растот на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема кредибилитет да дава совети за управување со кризи.Од партијата велат дека Филипче, како поранешен министер за здравство во време на ковид-кризата, наместо да се фокусира на набавка на заштитна опрема, договарал провизии за вакцини.„Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време на ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од владејачката партија додаваат дека Владата работи на справување со последиците од кризата, без тоа, како што велат, да се најавува помпезно во јавноста.„Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца-тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време“, стои во реакцијата.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека дел од мерките кои Филипче ги предлага веќе биле разгледувани како можни чекори за ублажување на ефектите од евентуалната економска криза.„Филипче и СДС нека не се грижат, не одиме по нивните стапки. Совети од експерт за крадење во време на кризи, не бараме“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypmcm6mhedpo9aULCyw2

Бил Гејтс доби дозвола за нов тип нуклеарен реактор во САД

Компанијата „ТераПауер“, основана од милијардерот и филантроп Бил Гејтс, доби клучна дозвола за почеток на изградбата на иновативен нуклеарен реактор во американската држава Вајоминг.Станува збор за реактор од системот „Натриум“, кој се разликува од класичните нуклеарни електрани бидејќи наместо вода под притисок користи течен натриум како средство за ладење.Според експертите, оваа технологија носи неколку значајни предности. Течниот натриум има многу повисока точка на вриење од водата, што овозможува системот да апсорбира поголема количина топлина без ризик од експлозии предизвикани од висок притисок.Реакторот ќе вклучува и технологија за складирање енергија со растопена сол, со што електраната ќе може привремено да складира енергија и да ја испорачува кога е најпотребно, слично на големи батериски системи.Проектот ќе се реализира во градот Кемерер во Вајоминг, а реакторот ќе има капацитет од 345 мегавати. Проценетата вредност на изградбата е околу четири милијарди долари.Половина од средствата ќе ги обезбеди Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави, додека останатиот дел ќе биде финансиран од Гејтс и приватни инвеститори.Првично било планирано реакторот да користи нуклеарно гориво од Русија, но по почетокот на војната во Украина компанијата била принудена да бара алтернативни извори во САД, што довело до одложување на проектот.Доколку изградбата се реализира според планот, овој реактор би можел да стане модел за нова генерација мали модуларни реактори, кои според експертите имаат потенцијал значително да ја трансформираат глобалната енергетска мрежа до крајот на деценијата.„Ова е огромен чекор кон иднина со нулта емисија на јаглерод диоксид. Нашиот дизајн е побезбеден, почист и значително поефикасен од досегашните технологии“, изјави Гејтс по добивањето на дозволата.

Свет | пред 1 седмица

gaza

Планот на Трамп за мир во Газа ставен на чекање по нападите врз Иран

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Појасот Газа е ставен на чекање поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на три извори директно вклучени во преговорите.Според нив, новонастанатата ситуација го доведува во прашање спроведувањето на мировната иницијатива на Трамп за регионот, позната како „Одбор за мир“, која американскиот претседател неодамна ја претстави како клучна цел на својата надворешна политика.Застојот доаѓа помалку од еден месец откако Трамп обезбеди милијарди долари финансиска помош за Газа од арапските држави, кои сега се соочуваат со ирански напади и растечка ескалација на конфликтот во Персискиот Залив.Експертите предупредуваат дека новата безбедносна ситуација може да ја доведе во прашање поддршката за оваа иницијатива.Заха Хасан од Карнегиевата фондација за меѓународен мир во Вашингтон изјави дека арапските земји, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати и Катар, кои претходно ветија финансиска поддршка за „Одборот за мир“, сега можеби ќе го преиспитаат своето учество.„Тие веројатно се прашуваат дали ова навистина е добро потрошен новец“, изјави Хасан.

Свет | пред 1 седмица

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

ДДВ за горивата 5%, акцизата намалена за 4 денари и 0% ДДВ за храната, предлага Филипче кој соопшти итни мерки

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција предложи пакет економски мерки со цел да се ублажат последиците од растот на цените на горивата и очекуваното поскапување на основните производи.Филипче оцени дека Владата не презема доволно мерки во услови на енергетска и економска криза предизвикана од случувањата на Блискиот Исток.„Гледаме како изминатите денови Владата не презема буквално ништо во однос на кризата која се случува на Блискиот Исток. Нема дебата, нема анализа, нема подготовки“, изјави Филипче.Тој посочи дека поскапувањето на горивата не е изненадување, имајќи предвид дека цената на нафтата на светските берзи во последниот месец пораснала за околу 60 проценти.„Денеска сме соочени со поскапувања. Од утре цената на бензинот расте од 74,5 на 79,5 денари, а дизелот од 71 на 85,5 денари. Ова е резултат на војната во Иран и растот на цената на нафтата на светските берзи“, рече Филипче.Тој оцени дека Владата требало да одржи повеќе вонредни седници за да го подготви системот за вакви ценовни шокови.Според него, покачувањето на цените на горивата ќе предизвика и низа други поскапувања.„Ќе поскапи струјата, ќе поскапат основните прехранбени производи. Тоа ќе биде ланец на настани кои ќе следат после поскапувањето на горивата“, изјави Филипче.Како решение, СДСМ предлага намалување на стапката на ДДВ за сите енергенси од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за горивата за 4 денари по литар, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.„Овие мерки директно ќе ја намалат цената на горивата на бензинските пумпи и ќе помогнат да се амортизира евентуалниот скок на цените на храната“, изјави Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

izrael-napadnat

Напад врз срцето на Израел: Аларми одекнуваат во регионот каде живее половина од населението

Сирени за воздушна опасност речиси без престан се активираат во централниот дел на Израел поради ракетни напади, јавуваат очевидци.Според првичните информации, ракетниот оган доаѓа од Иран или од движењето Хезболах од Либан, додека во неколку погодени подрачја се забележани столбови чад по ударите.Станува збор за исклучително стратешка област во Израел, каде живеат околу 44 проценти од населението.Во овој регион се наоѓаат и клучни државни и воени институции, меѓу кои меѓународниот аеродром „Бен Гурион“, неколку воени бази, Министерството за одбрана, како и седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад.Израелските власти засега не објавиле официјални детали за нападите, бидејќи информациите сè уште не се одобрени за објавување од воената цензура.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Напади врз постројки за вода во Блискиот Исток – нова опасна фаза на војната

Нападите врз постројки за десалинизација на вода се појавија како нова и опасна појава во војната на Блискиот Исток, предупредуваат експертите, бидејќи станува збор за инфраструктура од која зависат милиони луѓе.Иран ги обвини Соединетите Американски Држави дека поставиле опасен преседан со нападот врз постројка за десалинизација на островот Кешм, која обезбедува вода за пиење за околу 30 села.Во меѓувреме, Бахреин соопшти дека ирански дрон оштетил постројка за десалинизација на вода, обвинувајќи го Техеран дека „случајно“ таргетира цивилна инфраструктура.Иако ваквите напади засега се ограничени, експертите предупредуваат дека нападите врз водните системи можат драматично да ја ескалираат војната.„Првата страна која ќе се осмели да нападне вода ќе предизвика војна многу поголема од онаа што ја гледаме денес“, изјави економистката за водни ресурси Естер Крозе-Делбур.Постројките за десалинизација се клучни за опстанокот на многу земји во регионот. Според извештај од Францускиот институт за меѓународни односи од 2022 година, десалинизираната вода обезбедува 42 проценти од водата за пиење во Обединетите Арапски Емирати, 70 проценти во Саудиска Арабија, 86 проценти во Оман и дури 90 проценти во Кувајт.„Таму без десалинизирана вода нема ништо“, предупреди Крозе-Делбур.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Белата куќа: Растот на цените на нафтата е привремен

Белата куќа соопшти дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на енергетските пазари, откако цените на нафтата нагло пораснаа поради војната со Иран.Портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, изјави дека администрацијата е во постојана координација со надлежните институции.„Белата куќа е во постојана координација со релевантните агенции по ова важно прашање, кое е врвен приоритет за претседателот“, изјави Роџерс.Таа додаде дека Трамп и неговиот енергетски тим уште пред почетокот на нападите врз Иран имале подготвен план за стабилизација на енергетските пазари.„Претседателот и неговиот енергетски тим имаат силен план за одржување на стабилноста на енергетските пазари и ќе продолжат да ги разгледуваат сите кредибилни опции“, рече Роџерс.Портпаролката ја повтори и оценката на Трамп дека растот на цените на нафтата е привремен.Според него, цените значително ќе паднат откако ќе бидат постигнати целите на воената операција.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl50dgrosuqlg4vjb85B

Докторот што констатирал природна смрт кај жртва на серискиот убиец повикан на распит

Докторот кој првично констатирал природна смрт кај Марија Маринковска (35), една од жртвите на осомничениот сериски убиец од Куманово, е повикан на распит во Обвинителството.Според информациите до кои дојде Телма, лекарот бил ангажиран како замена за друг доктор во моментот кога било пронајдено телото на Маринковска.Случајот отвора сериозни прашања за постапувањето на службите на терен, бидејќи иако лекарскиот тим потпишал дека нема траги на насилство, сведоци тврдат дека една од докторките изразила сомнеж дека станува збор за насилна смрт.Според овие сведоштва, полицијата вршела притисок врз родителите и роднините да потпишат изјава дека нема да бараат обдукција.Дури по интервенција на Јавното обвинителство било извршено ексхумирање на телото, по што обдукцијата покажала дека станува збор за убиство, а не за природна смрт.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања