Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

IMG_6897

Со 1,79 промили алкохол предизвикал сообраќајка кај Гостивар

На 3 март 2026 година во 21:23 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во селото Топлица, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Џ.К. (63) од селото Добридол.Полицијата постапувала по претходно случена сообраќајна несреќа во која учествувал Џ.К. со патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки. При извршените проверки било утврдено дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.Тој бил задржан во полициска станица, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

policija-policajci-kontrola-vozaci-avtopat

Скопјанка фатена без возачка дозвола во Тетово

На 3 март 2026 година во 18:50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Д.Р. (29) од Скопје.При сообраќајна контрола на улицата „Маршал Тито“ било сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувала Д.Р. По извршените проверки било утврдено дека управува возило без да поседува возачка дозвола.Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иран доби нов врховен лидер: Моџтаба Хамнеи го наследи својот татко

Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, објави медиумот Iran International.Според истиот извор, изборот бил спроведен под силен притисок од Исламска револуционерна гарда.Моџтаба Хамнеи го наследува својот татко, Али Хамнеи, кој загина во израелски воздушен напад извршен во саботата.Новиот врховен лидер е вториот најстар син на поранешниот ирански лидер. Во младоста учествувал во Иранско-ирачката војна во редовите на Исламската револуционерна гарда, а подоцна бил поврзуван и со раководење на паравоената организација Басиџ.Басиџ одигра значајна улога во задушувањето на протестите во Иран по претседателските избори во 2009 година, кога безбедносните сили се соочија со масовни демонстрации низ земјата.

Свет | пред 2 седмици

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Како беше убиен Али Хамнеи: хакирани камери, вештачка интелигенција и тајни служби

Хакирани сообраќајни камери, сложен разузнавачки систем и анализа со помош на вештачка интелигенција одиграле клучна улога во нападот во кој беше убиен врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, објави Си-Ен-Ен.Според израелски официјален извор, хакираните сообраќајни камери во Техеран со години обезбедувале увид во движењето на потенцијалните цели во реално време. На тој начин израелските служби можеле детално да го мапираат градот, да ги следат моделите на движење и да создадат сложена разузнавачка слика за случувањата во иранската престолнина.Камерите биле само дел од многу поширок систем кој, според наводите на израелски извори, функционирал како „машина за создавање цели“ управувана со вештачка интелигенција. Системот обработувал огромни количини податоци – визуелни информации, податоци од доушници, пресретнати комуникации, сигнални разузнавачки информации и сателитски снимки.Крајниот резултат биле прецизни координати за напад, претставени како 14-цифрена мрежна локација. Анализата на такви количини податоци барала моќни компјутерски системи и тим од технолози, аналитичари и инженери кои ги потврдувале предложените цели.Израел, според извештајот, со години користел слични методи за операции против иранските структури, што му овозможило длабока инфилтрација во безбедносните кругови на земјата. Во изминатите години, со вакви операции биле ликвидирани повеќе ирански нуклеарни научници, украден бил дел од нуклеарниот архив на Иран, а извршени биле и други тајни акции.Нападот во кој загина Хамнеи бил изведен во рамки на голема заедничка операција на Соединетите Американски Држави и Израел. Според американскиот генерал Ден Кејн, операцијата била одобрена со директна наредба од претседателот Доналд Трамп.Како што наведуваат изворите, нападот бил изведен во момент кога се појавила можност врховниот лидер да биде лоциран надвор од подземните бункери, каде претходно се криел и ја прекинал комуникацијата.Потврдата за неговата смрт пристигнала следното утро, кога иранската државна телевизија објавила дека „врховниот лидер на Иран постигнал мачеништво“.

Свет | пред 2 седмици

izrael-napadnat

Израелската армија тврди: Уништени околу 300 ирански ракетни лансери

Израелски одбранбени сили соопштија дека во рамки на последните операции уништиле околу 300 ракетни лансери во Иран и погодиле повеќе цели во Либан.Во новото соопштение објавено на Телеграм, ИДФ наведува дека во изминатите 24 часа стотици борбени авиони и беспилотни летала истовремено гаѓале стотици цели во двете држави.„Во последните 24 часа стотици борбени авиони и летала истовремено погодија стотици цели во Иран и Либан“, се наведува во соопштението на израелската армија.Од ИДФ додаваат дека од почетокот на операцијата за време на викендот во Иран биле употребени околу 4.000 парчиња муниција.„Во рамки на одбранбените напори, израелските воздухопловни сили продолжуваат со последователни бранови напади врз балистичките ракетни системи и системите за противвоздушна одбрана на иранскиот режим“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 2 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Дрон го погоди паркингот до американскиот конзулат во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека дрон го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот на Соединетите Американски Држави во Дубаи, при што избувнал пожар.„Додека доаѓав овде, ги видов и медиумските извештаи за конзулатот во Дубаи. Последната информација што ја добив неколку секунди пред да застанам пред камерите е дека дрон, за жал, го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот и предизвикал пожар на тоа место“, изјави Рубио.Тој додаде дека целиот дипломатски персонал е безбеден и дека сите се евидентирани.„Како што знаете, претходно започнавме со намалување на бројот на персонал во нашите дипломатски претставништва“, рече Рубио, додавајќи дека американските амбасади и дипломатски мисии се наоѓаат „под директен напад од терористички режим“.Американскиот конзулат се наоѓа во густо населен дел на Дубаи, во близина на амбасадата на Обединетото Кралство и конзулатот на Саудиска Арабија.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryj2f4nmd2nj5r57JUWyQ

По нападите врз нивните објекти: иранските клериците избираат нов врховен лидер преку онлајн состаноци

Собрание на експерти, телото задолжено за избор на нов врховен лидер на Иран, почнало да одржува виртуелни состаноци откако објекти поврзани со институцијата биле погодени во последните напади, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.Станува збор за избрано тело составено од 88 високи клериците кое има уставна надлежност да го избере врховниот лидер на земјата. Според агенцијата Фарс, членовите на Собранието преминале на состаноци на далечина откако израелски напади оваа недела погодиле објекти поврзани со институцијата.Иранските државни медиуми наведоа дека американско-израелските напади погодиле комплекс на Собранието на експерти во Техеран, додека портпаролот на израелската армија Ефи Дефрин потврди дека бил погоден и објект во градот Ком.„Резултатите од нападот сè уште се испитуваат. Доколку се потврдат конкретни исходи, јавноста ќе биде информирана“, изјави Дефрин на брифинг.Според агенцијата Фарс, во моментот на нападот во зградата немало седница на Собранието. Од друга страна, дел од иранските државни агенции тврдат дека во тој момент сепак се одржувала седница.Истиот извор наведува дека процесот за избор на нов врховен лидер на Иран се наоѓа во „завршна фаза“, но не е познато кога би можела да биде објавена конечната одлука.По смртта на Али Хамнеи, неговите овластувања привремено ги презеде тричлено тело составено од претседателот на државата, претседателот на судството и еден висок клерик од Совет на чувари, институција која го надгледува работењето на иранскиот парламент.

Свет | пред 2 седмици

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп: Германија ни овозможува пристап до бази, не бараме нивни војници

Американскиот претседател Доналд Трамп го прими германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа, изразувајќи благодарност за поддршката на Германија во американско-израелските воени операции против Иран.На средбата со новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Германија им помага на американските сили со тоа што овозможува пристап до одредени воени бази. Тој истакна дека САД не бараат германски војници да учествуваат во операциите.„Тие ни дозволуваат да слетуваме во одредени области и ние го цениме тоа. Не бараме од нив да испратат свои сили“, рече Трамп.Во своето обраќање тој направи и споредба со други европски сојузници. За британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата почетна неподдршка за нападите врз Иран покажува дека „не е Винстон Черчил“, алудирајќи на легендарниот британски лидер од Втората светска војна.Канцеларот Мерц истакна дека Германија и САД имаат заедничка позиција во однос на иранскиот режим. „Ние сме на иста страна кога станува збор за отстранување на овој ужасен режим во Иран“, изјави тој, додавајќи дека со Трамп разговарале и за војната во Украина, како и за трговските односи меѓу САД и Европската Унија.Трамп оцени дека има добри односи со Германија, а особено со Мерц, кого го нарече „одличен лидер“. Според него, тоа претставува голема разлика во однос на односите што ги имал со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, со која, како што рече, имал несогласувања околу миграцијата и енергетската политика.

Свет | пред 2 седмици

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Нападот на училиште во Иран со 165 загинати девојчиња може да биде воено злосторство, вели ОН

Најмалку 165 лица, главно девојчиња на возраст од 7 до 12 години, загинаа, а десетици се повредени во саботата кога во воздушен напад била погодена училишна зграда за девојчиња на југот на Иран, за време на американско-израелските напади врз земјата.Израелски одбранбени сили соопштија дека немаат информации за напад на таа локација, додека војската на Соединетите Американски Држави информираше дека го истражува инцидентот.Од Обединети нации побараа итна и независна истрага. Портпаролката на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, Равина Шамдасани, изјави дека разорниот напад би можел да претставува воено злосторство доколку се утврди дека биле целени цивили или дека нападот бил неселективен, што е спротивно на меѓународното право.„Деца, девојчиња, убиени на ваков начин среде училишен ден, на самиот почеток на наставата... Нивните ранци се извалкани со крв“, изјави Шамдасани.Во јужниот ирански град Минаб денеска се одржа масовен погреб за жртвите од нападот. Дел од присутните носеа фотографии од убиените деца, меѓу кои имало и девојчиња на возраст од само седум години. Снимките од церемонијата покажуваат илјадници луѓе кои се простуваат со малите ковчези покриени со иранското знаме.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfhd441dhdgj04DJpbcJ

(Видео) Погоден американскиот конзулат во Дубаи

Пожар избувнал во американскиот конзулат во Дубаи откако доцна во вторникот објектот бил погоден од дрон, за кој се сомнева дека е ирански, пренесува Си-Ен-Ен.Според информациите од градската канцеларија за медиуми, огнот брзо бил ставен под контрола, а итните служби реагирале веднаш по инцидентот. Засега нема информации за повредени лица.

Свет | пред 2 седмици

media-library607i740ijcjg51heXED

Макрон и се обрати на нацијата: Париз ја засилува воената присутност по ескалацијата на Блискиот Исток

Франција го испраќа својот единствен носач на авиони „Шарл де Гол“ во источниот Медитеран поради продлабочувањето на безбедносната криза во регионот. Одлуката ја соопшти францускиот претседател Емануел Макрон во кратко обраќање до нацијата.Макрон посочи дека Франција има одбранбени договори со Обединети Арапски Емирати, Кувајт и Катар, држави кои во последните денови беа цел на ирански напади.„Франција ќе застане покрај своите партнери“, нагласи тој.Францускиот претседател потврди и дека е договорено испраќање дополнителни системи за противвоздушна одбрана на Кипар, додека француска фрегата се очекува да пристигне пред кипарскиот брег уште вечерва.„Се координираме со нашите европски сојузници и партнери за да ја обезбедиме безбедноста на источниот Медитеран“, изјави Макрон.Тој додаде дека се согласува со лидерите на Германија и Обединето Кралство дека е потребно брзо решение на конфликтот со Иран, изразувајќи надеж дека иранскиот народ ќе може сам да одлучи за иднината на својата земја.Макрон информираше и дека француската армија ги засилува мерките за заштита на националните интереси во регионот и ја зголемува безбедноста на дипломатските претставништва. Според него, во регионот моментално се наоѓаат околу 400.000 француски државјани, а во тек се и летови за нивна репатријација, при што два авиона се очекува да слетаат во Париз уште вечерва.

Свет | пред 2 седмици

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Исламска револуционерна гарда испраќа заканувачки СМС-пораки до граѓаните во Иран

Исламска револуционерна гарда испраќа текстуални пораки до мобилните телефони на граѓаните во Иран, во кои се упатуваат закани и предупредувања да не излегуваат на улица, објави американската телевизиска мрежа НБЦ Њуз.Во една од пораките се наведува дека граѓаните треба да останат смирени и, доколку забележат сомнителни активности против безбедноста – како движење на терористички групи, пренос на оружје и воена опрема или „провокативна пропаганда и психолошки операции“ – да ги пријават преку телефонскиот систем 114 на разузнавачката организација на ИРГЦ.Во друга порака се истакнува дека, по „маченичката смрт на имамот Хамнеи“, секое движење што ќе ја наруши безбедноста ќе се смета за директна соработка со непријателот и ќе биде „пречекано со цврста рака“.Заканувачките пораки доаѓаат по масовните антивладини протести што избија во јануари, по што режимот го блокираше пристапот до интернет. Според проценките што ги пренесуваат медиумите, за време на немирите загинале повеќе од 30.000 демонстранти.Ситуацијата дополнително се заострува во контекст на тековниот воен конфликт и зголемените безбедносни мерки во земјата.

Свет | пред 2 седмици

media-librarydqr0q7v4lh6jbnFmndL

Ирански проектил уби девет лица во засолниште кај Ерусалим, меѓу жртвите четири деца

Ирански проектил во неделата погоди старо засолниште во градот Беит Шемеш, во близина на Ерусалим, при што загинаа девет лица, меѓу кои и четири деца. Станува збор за најсмртоносниот поединечен напад што го претрпе Израел откако ѝ се приклучи на САД во нападите врз Иран.Според израелските медиуми, во моментот на ударот во засолништето имало повеќе од 30 лица. Проектилот директно го погодил објектот додека над градот одекнувале сирени за воздушна опасност. Силата на експлозијата ја уништила и синагогата која се наоѓала над засолништето, а дебелиот заштитен кров бил урнат.Меѓу загинатите е и Орен Кац, татко на четири деца, кој во моментот на нападот се обидувал да ги затвори вратите на засолништето. Загинале и тројца малолетници од исто семејство – 13-годишната Сара, 15-годишната Авигејл и нивниот 16-годишен брат Јаков. Животот го загубил и 16-годишниот Габриел Барух Ревах, како и две мајки со своите возрасни деца.Израелската армија соопшти дека, и покрај староста на засолништето, поголемиот дел од структурата ја издржала експлозијата. Според воени претставници, 28 лица излегле живи од засолништето, додека седум лица загинале надвор од него.Нападот предизвика силен страв во заедницата. Иако Израел располага со софистициран повеќеслоен систем за противвоздушна одбрана, кој пресретнува поголем дел од проектилите и дроновите, овој случај покажува колкава штета може да предизвика еден проектил кога ќе ја пробие заштитата.Властите ги повикаа граѓаните и понатаму да ги користат засолништата, иако признаа дека постарите објекти не ги исполнуваат современите стандарди за заштита. Трагедијата во Беит Шемеш повторно ја отвори дебатата за безбедноста на цивилите во услови на проширен конфликт на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

САД разгледуваат воена придружба на танкери низ Ормускиот Теснец, за да ги стабилизира цените на енергенсите

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за обезбедување воена заштита на танкерите со нафта и гас кои минуваат низ Ормускиот Теснец, во обид да ги стабилизира цените на енергенсите кои нагло пораснаа по иранските закани за напади врз бродови во овој стратешки поморски коридор.Според информации од извори запознаени со разговорите, станува збор за „воена поддршка за снабдување со нафта и гас“, а во опциите што се разгледуваат е и придружба од страна на американската морнарица.Загриженоста во Вашингтон расте поради можноста енергетските пазари да се соочат со дополнителен притисок доколку воената кампања се интензивира и прошири. Ормускиот Теснец е клучен за извозот на природен гас и сурова нафта, особено од Катар и Саудиска Арабија, а преку него минува околу 20 проценти од светската нафта.Цената на американската нафта порасна за речиси 10 долари по барел од крајот на минатата недела, а порастот веќе се одразува и врз цените на горивата. Администрацијата, според медиумските извештаи, разгледува и можност федералната влада да гарантира осигурување за танкерите, со оглед дека поморските осигурителни компании ги зголемуваат премиите или го повлекуваат покритието за пловидба низ теснецот.Во меѓувреме, американската војска соопшти дека од почетокот на заедничката операција со Израел потопила 11 ирански бродови. Идната мисија, доколку биде одобрена, би се фокусирала повеќе на пресретнување проектили насочени кон цивилниот поморски сообраќај, отколку на директно одвраќање на поморски упади.Државниот секретар Марко Рубио најави дека администрацијата ќе претстави план за справување со растот на цените на нафтата, но без да открие детали за конкретните мерки.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Одреден дводневен притвор за сорпугот на Ивана која почина со ќерката по пад од балкон

Основно јавно обвинителство Скопје поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана, која заедно со својата ќерка Катја го загуби животот по пад од балкон во Тафталиџе.Од Обвинителството информираат дека против осомничениот постојат сомненија за сторени кривични дела – „Телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и „Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“ од член 128 став 4 од Кривичниот законик.„Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија за обезбедување докази во однос на сомненијата“, соопштија од Обвинителството, додавајќи дека по предлог на јавниот обвинител, судот ја определил мерката краткотраен притвор.Во овој период ќе се извршат вештачења, анализи на камери, известувања од претрес... сите дејствија кои беа наредени денеска. Потоа, зависно од резултатите, ќе се произнесе обвинител дали има потреба од продолжување на мерката.

Македонија | пред 2 седмици

media-library94g7m2p097q9eBAyIka

МНР организира комерцијален лет за евакуација од Абу Даби: објавен повик до македонските граѓани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединети Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.Од Министерството ги повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:Телефон: +971 56 441 7532Е-маил: abudabi@mfa.gov.mk„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 2 седмици

media-librarybstr80fout7icxTlbpw

Ескалација: Израелско воздухопловство удрило врз „тајна“ нуклеарна цел

Израелската армија соопшти дека нејзиното воено воздухопловство погодило тајна иранска нуклеарна локација на периферијата на Техеран.На прес-конференција, портпаролот на Израелски одбранбени сили, бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави дека во делумно подземниот објект група нуклеарни научници „тајно работела на развој на способности потребни за нуклеарно оружје“.Според наводите на израелската војска, по 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни 2025 година, во која биле цел на напади ирански нуклеарни постројки, Техеран не ги запрел воените нуклеарни активности. Напротив, како што тврди ИДФ, инфраструктурата била преместена на подземна локација заштитена од воздушни напади.Израелската страна наведува дека ги следела активностите на иранските нуклеарни научници и ја лоцирала новата локација на дејствување, што, според нив, овозможило „прецизен напад“ врз тајниот комплекс.Од иранска страна засега нема официјална потврда за нападот, ниту детали за евентуални последици.

Свет | пред 2 седмици

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија му одговори на Трамп

Владата на Шпанија одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја „прекине целата трговија“ со земјата, оценувајќи дека секоја евентуална ревизија на трговските односи мора да се спроведува во рамки на меѓународното право и постојните договори меѓу Европската унија и САД.Во соопштението на извршната власт се наведува дека, доколку Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, тоа ќе мора да го направи со почитување на автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу ЕУ и САД.Од Мадрид нагласуваат дека Шпанија е „клучна членка на НАТО“ која ги исполнува своите обврски и значително придонесува за одбраната на европската територија. Дополнително, владата потсетува дека земјата е извозна сила во рамки на Европската унија и сигурен трговски партнер на 195 држави во светот, вклучително и САД, со кои има историски и взаемно корисни економски односи.И покрај заканите, шпанските власти посочуваат дека располагаат со ресурси за ублажување на евентуални економски последици, за поддршка на погодените сектори и за диверзификација на снабдувачките синџири. Владата повтори дека нејзината позиција останува јасна – залагање за слободна трговија и економска соработка меѓу државите, заснована на заемна почит и почитување на меѓународното право.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Мајка која носи вака тешка одлука заедно со своето дете да замине во смрт е многу ретко, речиси непознато во криминолошката пракса, вели Туфегџиќ

Екссудијата и адвокат Владимир Туфегџиќ оцени дека трагедијата во која мајка и шестгодишно дете го загубија животот по пад од балкон претставува потврда за системските слабости во институциите.„Вчерашната трагедија е само потврда дека нашите институции немаат стандардни оперативни процедури за постапување не само во овој случај на семејно насилство. Во основа реално полицијата поради повеќе децениската партизација нема стручен кадар ниту стандарди на постапување. Само пред една година поради убиството на детето Вања, слушавме во судница исказ на обвинет кој потврди дека бил дел од организирана група која во седиштето на политичка партија направила план за киднапирање и ликвидација на луѓе, а за реализација на планот копале дупки на различни локации во државата за да ги закопаат жртвите. Денеска сме сведоци на случајно откриен сериски убиец и се откриваат неговите жртви. Моето прашање логично се наметнува и тогаш и денеска, што работат нашите безбедносни служби и дали до тој степен се девастирани и партизирани без соодветен професионален кадар“, напиша Туфегџиќ.Во осврт на конкретниот случај, Туфегџиќ посочува дека во криминологијата е познат феноменот на мајка што убива новороденче или го напушта, но дека одлука мајка заедно со своето шестгодишно дете да замине во смрт е исклучително ретка и речиси непозната во праксата.„Во криминологијата е познат феномен мајката да убие или остави на сред улица или на буниште штотуку родено бебе, но мајка која носи вака тешка одлука заедно со своето 6 годишно дете да замине во смрт е многу ретко, скоро непознато во криминолошката пракса. Јавниот обвинител има исклучително тешка задача во која ќе мора да го најде одговорот за клучниот мотив за ваквата одлука без притоа да носи избрзана одлука поради притисокот од јавноста“, додава тој.

Коментари | пред 2 седмици

media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Хрватска испраќа четири авиони во Дубаи за евакуација на државјани

Хрватска во среда и во наредните денови ќе испрати четири авиони на Croatia Airlines во Дубаи за евакуација на хрватски државјани кои останале заглавени во Обединети Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, соопшти Министерството за надворешни и европски работи.„Утре и во текот на наредните денови испраќаме четири авиони на Croatia Airlines, со можност за дополнителни опции“, се наведува во соопштението.Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман договорил со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед ал Нахјан, и два авиона на локална авиокомпанија кои ќе превезат хрватски државјани од Дубаи.Според податоците, во ОАЕ моментално се наоѓаат околу 2.000 хрватски резиденти, од кои 300 побарале репатријација, како и 460 туристи кои исто така сакаат враќање во татковината.Министерството информира дека досега се евакуирани хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин. Од Оман, каде што имало 23 државјани, 12 се евакуирани преку Истанбул кон Загреб, додека останатите имаат можност да заминат кон Дубаи.Хрватската амбасада во Доха обезбедила и 30 места на австриски лет од Ријад, при што приоритет ќе имаат деца, болни лица, бремени жени и членови на нивните семејства.

Свет | пред 2 седмици

media-librarygegbpg7vphqq04K9qqZ

Израел тврди дека е убиен највисокиот ирански командант за Либан

Израелската армија соопшти дека во напад врз Техеран е убиен командантот на иранските Кудс сили задолжен за Либан, Дауд Али Задех.Според израелската војска, Али Задех бил највисокиот ирански заповедник одговорен за активностите во Либан, откако ја презел функцијата од Мохамад Реза Захеди, кој беше убиен во израелски напад во Дамаск во април 2024 година.Кудс силите се елитна единица во рамки на Корпус на исламската револуционерна гарда, задолжена за операции надвор од територијата на Иран. Оваа формација има клучна улога во поддршката на сојузничките групи на Техеран во регионот, вклучително и во Либан и Сирија.Од иранска страна засега нема официјална потврда за информацијата, додека тензиите меѓу Израел и Иран дополнително се продлабочуваат по серијата меѓусебни напади.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryi9j636q7ebl39lbX1zK

(Видео) Полицајците не признаа вина: Не го казнувале „Пулс“, туку прекршоците ги евидентирале на неактивна фирма

Тројцата полициски службеници обвинети во предметот поврзан со работењето на клубот „Плус“ во Кочани не признаа вина пред судот и најавија дека ќе докажуваат дека не сториле злоупотреба.Инспекторите Кире Богатинов и Горан Лазаров, како и поранешниот командир на Полициската станица Кочани, Александар Темелков, се товарат дека при две акциски контроли наместо да ги евидентираат прекршоците кај фирмата на клубот „Плус“, казните ги запишале на друго, неактивно правно лице, со што активниот субјект не бил санкциониран.Обвинителката Ивана Алексова Трајчева на првото рочиште изјави дека обвинението е поткрепено со материјални докази, кои беа изведени пред судот.„Проблемот е што при акциска контрола, кога ќе се констатира прекршок, постојат јасни правила за составување записник, утврдени во анекс-планот за акциска контрола. Во конкретниот случај не била побарана потребната документација од одговорното лице во правното лице каде што е констатиран прекршокот, туку како што им било кажано, така било запишано – правно лице кое било неактивно и одговорно лице кое не било активно“, рече обвинителката.Во однос на поранешниот командир Темелков, обвинителството тврди дека тој ги потпишал барањата за поведување прекршочна постапка и покрај тоа што во прилог имал документација од која можел да утврди дека податоците не се точни.„Барањата не се поднесуваат без пропратна документација. Имал увид во тековната состојба и можел да види дали правното лице било активно и дали станува збор за вистинско одговорно лице. И покрај тоа, ги потпишал и поднел барањата“, додаде Алексова Трајчева.Според обвинението, со ваквото постапување активното правно лице избегнало санкција, со што била прибавена имотна корист. Судската постапка продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Настани | пред 2 седмици

lavrov-

Лавров ги осуди нападите врз Иран и понуди руска дипломатска иницијатива

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со иранскиот колега Абас Арагчи за состојбата на Блискиот Исток, по масовните напади на САД и Израел врз Иран.Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, било разговарано за „развојот на ситуацијата во регионот како резултат на непредизвикана вооружена агресија на САД и Израел против Иран“. Москва оцени дека ваквите акции ги кршат основните норми на меѓународното право и носат сериозни последици за целиот регион.Во разговорот, Лавров ја потврдил „принципиелната позиција“ на Русија во корист на деескалација, откажување од употреба на сила и премин кон политичко-дипломатско решавање на конфликтот, истакнувајќи дека Москва е подготвена да придонесе во таа насока.Дополнително било нагласено дека приоритет треба да биде заштитата на цивилите и цивилната инфраструктура во сите земји од регионот.САД и Израел во саботата започнаа обемен напад врз Иран, при што беа убиени неколку високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи. Техеран возврати со ракетни и дрон-напади врз Израел и цели поврзани со САД во земјите од Персискиот Залив.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта е уништување на иранските ракетни капацитети и спречување на развој на нуклеарно оружје, и покрај тоа што претходно се водеа разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма со посредство на Оман.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuvsvq7qbrcdm0Q2CBv5

Тензија меѓу САД и Шпанија, Трамп: Ќе ги прекинеме сите трговски односи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека Соединетите Американски Држави ќе ги прекинат сите трговски односи со Шпанија.„Ќе ја прекинеме целата трговија со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, за време на средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц.Тој додаде дека на министерот за финансии Скот Бесент му наредил да ги прекине „сите бизниси“ со оваа европска држава и членка на НАТО. Трамп ја критикуваше Шпанија во контекст на реакциите на сојузниците по американскиот ракетен напад врз Иран.Во меѓувреме, шпанската државна телевизија РТВЕ објави дека Мадрид им ускратил пристап на САД до своите воздушни бази за активности што не се во согласност со постојните договори и Повелбата на Обединетите нации.Според податоците на платформата FlightRadar24, најмалку 15 американски авиони ги напуштиле базите Рота и Морон на југот на Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран.Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека Шпанија нема да дозволи користење на своите воени бази за напади врз Иран. Иако базите се заеднички управувани од САД и Шпанија, тие се наоѓаат под шпански суверенитет.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryimvvolr75rb01AbP2VZ

Силни експлозии во Доха, Дубаи и Абу Даби

Силни експлозии одекнуваат во Доха, Дубаи и Абу Даби, според извештаи на новинари на AFP и изјави на локални жители, додека Иран ја продолжува кампањата на ракетни и дрон-напади низ Персискиот Залив.Новинарите на терен јавиле дека се слушнале силни детонации во катарската престолнина Доха, како и во Дубаи, во Обединети Арапски Емирати. Двајца жители за АФП изјавиле дека експлозии се слушале и во главниот град на ОАЕ, Абу Даби.Нападите се дел од пошироката ескалација на конфликтот, при што иранските сили изведуваат ракетни и беспилотни напади врз цели во земјите од Заливот. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања