Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

IMG_4387

Дванаесетгодишник од Куманово жртва на врсничко насилство, соученик го терал да скокне од прозорец

Случај на врсничко насилство е пријавен во Куманово, откако 12-годишно дете, според пријавата на неговата мајка, подолг период било изложено на навреди и исмејување од свој соученик, кој во еден момент го поттикнувал да скокне од прозорец во училницата.Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 3 март 2026 година во 12:45 часот, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека нејзиниот син, ученик во основно училиште во Куманово, подолг период бил малтретиран од соученик.Според пријавеното, соученикот често го навредувал и исмејувал, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата.Мајката пријавила и дека детето претходно го информирало педагогот во училиштето за случувањата, но, според неа, не биле преземени мерки, ниту пак таа била известена.Над малолетникот биле извршени лекарски прегледи во болницата во Куманово и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија.Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarytettvl1nqhsh4KePBtZ

Иранскиот шеф за безбедност со закана и прашање до Трамп: Дали Америка е на прво место или Израел?

Шефот на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариджани, остро го нападна американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека САД ќе „платат висока цена“ поради смртта на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Во објава на социјалната мрежа Икс, Лариджани го обвини Трамп дека го вовлекол американскиот народ во „кукавичка војна со Иран“, тврдејќи дека одлуката била донесена под влијание на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.„Сега да пресметаме: со повеќе од 500 загинати американски војници за само неколку дена, дали Америка сè уште е на прво место – или Израел?“, напиша Лариджани.Али Лариджани во август беше назначен за секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Во текот на својата кариера извршувал повеќе високи функции и важи за еден од најблиските стратези на Хамнеи.Неговиот статус беше потврден и со дипломатски активности во последните месеци, меѓу кои и патувања во Оман за подготовка на индиректни нуклеарни преговори со САД, како и повеќе посети на Москва, каде разговарал за безбедносната соработка меѓу Иран и Русија.

Свет | пред 1 седмица

w_55031023

Каја Калас: Иран со неселективните напади сам си го забрзува падот

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека иранските власти со своите неселективни напади врз соседните земји придонесуваат за сопствениот пад.„Иранскиот режим со неселективните напади врз соседните држави силно придонесува за сопственото слабеење“, изјави Калас пред новинарите.Таа додаде дека стратегијата на Техеран е да шири хаос и да ја дестабилизира целата регија.Поради овие напади, Европската унија воведе санкции против Иран.

Свет | пред 1 седмица

viktorstojanov

Виктор Стојанов е бугарскиот активист осомничен за ширење омраза кон Македонија и Македонците

Бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“, е опфатен со кривична пријава за кривичното дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, предвидено во член 394-г од Кривичниот законик.Според информациите од Агенцијата за национална безбедност, пријавата е поднесена по претходно обезбедени сознанија за активности насочени кон ширење пропаганда и поттикнување етничка и национална омраза. Постапката била реализирана во координација со Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Скопје.Од Обвинителството информираат дека осомничениот преку специјално креирана страница на социјалната мрежа Фејсбук објавувал содржини со кои се поттикнувала национална и етничка дискриминација.Во рамки на истражните дејствија бил извршен претрес, при што бил одземен пропаганден материјал за кој постојат сомневања дека бил подготвен за дистрибуција на територијата на државата.Надлежните институции соопштија дека истрагата е во тек и дека се преземаат дополнителни активности за целосно утврдување на фактите и околностите во случајот.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylenla4lvof1f2eR0mo4

Турција се подготвува за можен мигрантски бран од Иран

Турција подготвила планови за можен прилив на бегалци од Иран поради ескалацијата на конфликтот во регионот, изјави турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифтчи.Тој појасни дека властите подготвиле три сценарија за вонредни ситуации. Првото предвидува управување со евентуален мигрантски бран од иранска страна на границата, второто воспоставување тампон-зони доколку движењето не може да се запре, а третото контролирано влегување на луѓе во Турција.Според министерот, земјата веќе подготвила капацитети за сместување на до 90.000 лица, вклучително и шатори и привремени центри за прием.Чифтчи истакна дека засега на трите гранични премини меѓу Турција и Иран нема невообичаени движења.Сепак, според сведоштво на новинар на Ројтерс, во понеделник стотици Иранци биле забележани како ја преминуваат границата и влегуваат во Турција, додека други чекале да ја преминат.Турските власти добиле информации дека Иран го ограничува излегувањето на сопствените државјани, но дозволува заминување на турски државјани и на државјани на трети земји.Според податоците на турското Министерство за внатрешни работи, од 1 до 3 март во Турција влегле околу 5.010 лица, додека од земјата излегле 5.495 лица.

Свет | пред 1 седмица

media-library0e0g9nieuodh6OK8K96

„Не можела поинаку! Институциите реагираат дури по трагедија“, вели психологот Ивановска

Психологот и гешталт психотерапевт м-р Тиана Ивановска, по трагедијата во која животот го загубија Ивана и нејзината ќерка Катја по пад од балкон, остро реагираше за, како што вели, системските пропусти во институциите кои треба да ги штитат жртвите на семејно насилство.Ивановска посочува дека две години работела како психолог во анонимен шелтер за жени жртви на семејно насилство и дека во тој период сведочела на, како што наведува, бројни случаи на „институционална глувост, некадарност и партиски вработувања“ во системот за социјална заштита.Според неа, постојат сериозни пропусти во начинот на кој институциите постапуваат со жртвите. Таа наведува пример кога жена жртва на насилство била транспортирана во анонимен шелтер со службено обележано возило на Центарот за социјална работа, што, според неа, ја довело во дополнителна опасност.Ивановска посочува и дека често се случува насилниците да продолжат со закани и притисоци, додека институциите бавно реагираат, а во некои случаи се завршува само со „консултативни разговори“ наместо со конкретни заштитни мерки.„Тоа што ние го гледаме однапред, вие го гледате отпосле, откако ќе се случи трагедија“, наведува таа, додавајќи дека жртвите често живеат под постојан страв и закани.Таа повика сите институционални пропусти во случајот детално да се испитаат и одговорните лица да бидат санкционирани.„Земете ги сите досиеја и проверете ги до последната точка. Сите пропусти да се најдат и да се казнат“, порача Ивановска.

Коментари | пред 1 седмица

mkd-393567

Се стабилизираат цените на нафтата по ветувањето на Трамп за заштита на танкерите

Цените на нафтата се стабилизираа откако американската администрација најави мерки за заштита на танкерите што минуваат низ Персискиот Залив, по наглиот раст предизвикан од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Американската сурова нафта WTI порасна за 12 центи, односно 0,16 проценти, и достигна цена од 74,68 долари по барел. Во меѓувреме, глобалниот референтен бренд Брент се зголеми за 37 центи, или 0,45 проценти, на 81,77 долари по барел.Претходно неделава цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК.Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.Пазарот се смири откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе обезбедат поддршка за танкерите преку Меѓународната корпорација за развојно финансирање, а по потреба и поморска придружба за транспортот на нафта низ Персискиот Залив.Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека Белата куќа подготвува дополнителни мерки за поддршка на трговијата со нафта во регионот.Тензиите го погодија и сообраќајот низ Ормутскиот теснец, клучен поморски коридор низ кој се транспортира околу 20 проценти од светската потрошувачка на нафта. Поради страв од ирански напади, дел од бродовласниците привремено го прекинаа сообраќајот низ овој теснец.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Иран: Кукавичка и брутална воена агресија, ни го убија лидерот на работно место

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, ги обвини САД и Израел за „кукавичка и брутална воена агресија“ врз Иран, тврдејќи дека во нападите бил убиен и врховниот лидер на земјата.На прес-конференција во Техеран, тој изјави дека нападот се случил веднаш по последната рунда преговори меѓу Иран и САД.„Нашата татковина беше нападната на кукавички, суров и неправеден начин од најзлонамерните режими. Светот гледа и се соочуваме со јасен судир меѓу добро и зло“, изјави Багаеи.Тој тврди дека иранскиот лидер бил убиен на своето работно место, заедно со членови од неговото семејство, а дека во нападите загинале и деца, меѓу кои, како што рече, 171 дете во градот Минаб.Багаеи истакна дека, според американски и меѓународни извори, немало докази дека Иран планирал напад врз САД или дека развива нуклеарно оружје.Истовремено, остро ги критикуваше и Обединетите нации, оценувајќи дека Советот за безбедност е во „сериозна блокада“ и дека со нападот е прекршено основното начело на Повелбата на ОН – забраната за употреба на сила.„Воената агресија врз Иран е почеток на крајот на системот на Обединетите нации“, изјави портпаролот.Тој предупреди дека конфликтот може да се прошири доколку меѓународната заедница не реагира, но додаде дека Иран внимателно ги избира своите воени цели и дека земјата „се бори чесно“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryc5sbpp9nqd430d51jKc

Хезболах тврди дека со рој дронови нападнал база кај Тел Авив

Хезболах соопшти дека извршил напад со рој напаѓачки дронови врз израелска воена база во близина на Тел Авив.Во соопштението се наведува дека нивните борци околу 14 часот по локално време ја таргетирале базата „Тел Хашомер“, која ја опишуваат како седиште на Генералштабот југоисточно од Тел Авив.Според Хезболах, нападот бил изведен како одговор на израелските воздушни удари врз десетици градови и населени места во Либан, вклучително и јужните предградија на Бејрут.Претходно израелската армија соопшти дека детектирала повеќе лансирања од Либан кон Израел и дека „поголемиот дел“ од проектилите биле пресретнати.

Свет | пред 1 седмица

media-library6mk1o37i99olePRe17W

(Видео) Пентагон објави снимка: Потопена иранска фрегата, десетици исчезнати

Американското Министерство за одбрана објави снимка од нападот врз иранска фрегата во Индискиот Океан, во близина на брегот на Шри Ланка.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американска подморница го потопила иранскиот воен брод „Iris Dena“, кој, како што рече, „мислел дека е безбеден во меѓународни води“.„Бродот беше потопен со торпедо. Ова е прво потопување на непријателски брод со торпедо од Втората светска војна. Како и тогаш – ние се бориме за да победиме“, изјави Хегсет.Нападот се случил во близина на градот Гале, на југот на Шри Ланка, непосредно надвор од територијалните води на оваа островска држава.Според заменик-министерот за надворешни работи на Шри Ланка, во нападот загинале најмалку 80 лица. Според документацијата на бродот, на него имало околу 180 членови на екипажот.Шриланканската морнарица соопшти дека спасила 32 лица по повикот за помош од потонатиот брод, додека десетици други сè уште се водат како исчезнати.

Свет | пред 1 седмица

putin-vojna

Хегсет: Русија и Кина не се фактор во војната со Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Русија и Кина не претставуваат важен фактор во конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.„Немам порака за нив и тие всушност не се фактор овде. Нашиот проблем не е со нив“, изјави Хегсет, иако Москва и Пекинг имаат долгогодишни дипломатски и трговски врски со Иран, а Русија и воена соработка со Техеран.Тој нагласи дека фокусот на САД е насочен кон запирање на, како што рече, „иранските нуклеарни амбиции“.Русија и Кина претходно ги критикуваа американско-израелските напади врз Иран. Москва соопшти дека нема докази дека Техеран развива нуклеарно оружје, додека Пекинг повика на итен прекин на нападите.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Американскиот министер за одбрана го пофали Израел: „Борбата штотуку започна“

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека воената операција против Иран е само на почеток и дека САД имаат намера да ја продолжат борбата.Во своето обраќање тој го пофали Израел, нарекувајќи го „постојан партнер“ и „способен сојузник“.„На нашиот постојан партнер Израел: вашата мисија се спроведува со неспоредлива вештина и челична решителност. Да се бориме рамо до рамо со толку способен сојузник е вистински мултипликатор на сила“, изјави Хегсет.Тој додаде дека операцијата „Epic Fury“ продолжува и дека САД имаат намера да победат.„Само што ја започнавме борбата. Америка се бори за да победи и во операцијата ‘Epic Fury’ токму тоа и го правиме“, порача американскиот министер за одбрана.

Свет | пред 1 седмица

tramp-iran

Правници: Дали американскиот напад врз Иран е легален?

Американската војска, заедно со Израел, изврши напади врз повеќе од 1.000 цели во Иран, при што беа убиени бројни високи ирански функционери, меѓу кои и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Оваа операција отвори сериозни правни прашања околу нејзината законитост, бидејќи дел од експертите сметаат дека американскиот претседател Доналд Трамп можеби ги пречекорил своите овластувања и го прекршил меѓународното право.Трамп ги оправда нападите со тврдењето дека Иран се подготвувал за напад врз САД, нивните воени бази и сојузници. Тој изјави и дека Иран би можел да развие нуклеарно оружје во рок од еден месец, но за овие тврдења не беа презентирани конкретни докази.Според американскиот Устав, претседателот е врховен командант на вооружените сили, но само Конгресот има право формално да објави војна. Иако претседателите и претходно наредувале воени операции без одобрение од Конгресот, правните експерти сметаат дека обемот на нападите врз Иран ја поместува границата на тие овластувања.Еден од механизмите за контрола е Резолуцијата за воени овластувања од 1973 година, која дозволува ангажирање на војската без одобрение од Конгресот само во ограничени случаи и налага операцијата да биде прекината по 60 дена ако не добие формално одобрение.Дополнителна дилема е и меѓународното право. Повелбата на Обединетите нации забранува употреба на сила против други држави, освен ако е одобрена од Советот за безбедност или станува збор за самоодбрана по вооружен напад. Правниците посочуваат дека во овој случај ниту еден од тие услови не е јасно исполнет.Нејасна е и законитоста на убиството на иранскиот лидер Хамнеи. Според американските правила, владините службеници не смеат да учествуваат во атентати, но правните експерти нагласуваат дека во услови на вооружен конфликт елиминацијата на воен лидер може да се смета за легитимна воена акција, што дополнително ја усложнува правната оценка на операцијата.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhrhsi43n69o6eCX0Krz

(Видео) Иран се обиде да го убие Трамп, ликвидиран е функционерот кој ја предводел акцијата, вели министерот за одбрана на САД

Американската војска соопшти дека ликвидирала ирански функционер за кого тврди дека ја предводел единицата поврзана со наводниот план за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп.Информацијата на прес-конференција ја потврди американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.„Лидерот на единицата која се обиде да изврши атентат врз претседателот Трамп е пронајден и убиен. Иран се обиде да го убие претседателот Трамп, но претседателот Трамп се смееше последен“, изјави Хегсет.Тој не го откри идентитетот на убиениот, но посочи дека операцијата била изведена во вторник.Американското Министерство за правда уште во 2024 година поднесе обвинение против ирански државјанин поради наводен заговор за убиство на Трамп, при што се верува дека планот бил нарачан од Иранската револуционерна гарда.

Свет | пред 1 седмица

media-library74bs01udvqn79mODa0S

За евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток, подготвени се 60 милиони денари за трошење

Безбедноста на македонските граѓани е највисок приоритет на Владата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, информирајќи дека се преземаат конкретни чекори за евакуација на државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток.Како што наведуваат од Министерството, согласно заклучок на Владата е започната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација.Поради итноста и променливата безбедносна состојба, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки со примена на скратени рокови.За реализација на услугата се предвидени средства до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството појаснуваат дека, во зависност од бројот на пријавени македонски државјани и бројот на реализирани чартер-летови, можно е да биде искористен само дел од предвидените средства.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq3uca4su1aq7fojJ08f

Утре со владинот авион ќе се евакуираат граѓани од Египет

Утре, владинот авион кој има капацитет со седум седиште патува за Шарм ел-Шеик во Египет.Според МНР, од таму треба да бидат евакуирани лица кои од Израел по копнен пат стигнале до Египет.„Шест лица кои побарале евакуација ќе бидат транспортирани по копнен пат од Израел во Египет со асистенција на дипломатско-конзуларните претставништва, по што ќе бидат сместени во хотел на трошок на државата и се очекува утре со владиниот авион да заминат кон Скопје“, велат од МНР.Паралелно се подготвува и план за евакуација на македонските граѓани кои се наоѓаат во Бахреин и Кувајт.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfsgohr7872iaeZHAM2g

Обид за напад со дрон врз најголемата рафинерија во Саудиска Арабија

Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека бил извршен обид за напад со дрон врз големата нафтена рафинерија Рас Танура, која се смета за една од најголемите во Саудиска Арабија.Според првичните информации, нападот бил изведен со беспилотно летало, но не предизвикал штета на објектот.Властите наведуваат дека станува збор за обид за напад врз клучна енергетска инфраструктура. Рафинеријата Рас Танура и претходно била цел на напади поврзани со конфликтите во регионот.

Свет | пред 1 седмица

417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Македонија на листата на земји каде може да се „купи“ државјанство со инвестиција

Порталот „International Living“ објави анализа за земјите во светот каде странци можат да добијат државјанство, односно пасош, преку инвестиција, а на листата се споменува и Македонија.Станува збор за таканаречени програми „државјанство преку инвестиција“ (Citizenship by Investment – CBI), кои им овозможуваат на странски државјани да станат граѓани на одредена земја доколку инвестираат средства или донираат во економијата на таа држава.Според анализата, интересот за вакви програми значително се зголемил во последните години, особено кај богатите поединци кои бараат „план Б“ – можност за слободно патување, преселување или заштита од политички и економски ризици.Авторите објаснуваат дека за да се добие пасош од друга држава, најпрво мора да се стекне државјанство. Иако повеќето држави не ја поддржуваат продажбата на државјанство, одредени земји сепак нудат вакви програми како начин за привлекување инвестиции.Првата ваква програма била воведена во 1984 година во карипската држава Сент Китс и Невис, по што слични шеми почнале да применуваат и други земји, главно како начин за обезбедување приходи без зголемување на даноците.Денес, пазарот на „пасоши преку инвестиција“ е глобална индустрија вредна милијарди долари, а најчести причини за интерес се поголема слобода на патување, безбедност и можност за диверзификација на имотот.Во анализата се наведува дека овие програми обично бараат инвестиција во недвижности, бизнис или директна донација во државен фонд, а повеќето земји спроведуваат строги проверки за потеклото на средствата на апликантите.

Магазин | пред 1 седмица

iphone-14-iphone-14plus

Седум скриени функции на копчињата за звук на iPhone

iPhone е уред со кој повеќето корисници се добро запознаени, а неговиот развој низ годините донесе бројни напредни функции. Една од нив се и копчињата за јачина на звук, кои денес не служат само за намалување или зголемување на звукот, туку можат да извршуваат и други корисни задачи.Копчињата за звук може да се користат и како копче за фотографирање или снимање видео. Со притискање на било кое од нив може да се направи фотографија во различни режими на камерата, а истото важи и за почеток и запирање на снимањето видео. Кај поновите модели, задржувањето на копчето за зголемување на звук овозможува и сериско фотографирање.Овие копчиња можат да помогнат и при скенирање документи во апликации како што се „Files“, „Mail“, „Notes“ или „Reminders“, каде што служат како брза опција за снимање на документот без користење на контролите на екранот.Корисни се и при управување со аларми, бидејќи со притискање на копчето може да се одложи или исклучи алармот. Исто така, со притискање на било кое копче за звук може брзо да се замолчи дојдовен повик или FaceTime разговор.Во итни ситуации, со задржување на страничното копче за заклучување заедно со едно од копчињата за звук се активира SOS функцијата за повик кон итните служби, дури и кога телефонот е заклучен.Копчињата можат да помогнат и кога телефонот ќе „заглави“. За присилно рестартирање се притиска копчето за зголемување на звук, потоа копчето за намалување, а на крај се задржува страничното копче за заклучување.Со истата комбинација – страничното копче и едно од копчињата за звук – може привремено да се оневозможи и Face ID или Touch ID, што обезбедува дополнителна безбедност кога е потребно.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryeub9rt1c91pqevYhXJ3

(Видео) Американски сенатор близок до Трамп се збуни: „Во војна сме“ – па „не сме во војна“

Американскиот републикански сенатор Марквејн Мулин, близок до движењето МАГА на претседателот Доналд Трамп, се најде во непријатна ситуација откако за неколку секунди даде спротивставени изјави за конфликтот со Иран.Тој најпрво ги бранеше американско-израелските воени операции, изјавувајќи: „Ова е војна и ја отстрануваме заканата“. Кога новинарите го прашаа дали со тоа признава дека САД се во војна, Мулин одговори дека Соединетите Држави формално не објавиле војна.„Ние не објавивме војна. Тие ни објавија нам“, рече сенаторот, а потоа призна дека можеби „погрешно се изразил“.Снимката од разговорот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што историчарот Тимоти Снајдер ја спореди ваквата реторика со руската пропаганда по почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година.Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран ескалираше минатата сабота кога беше започната голема заедничка воена операција против ирански воени цели, при што во нападите загина и иранскиот врховен лидер Али Хамнеи. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз Израел и американски бази во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-librarys2ss5j5rskki5qC4QHj

Исчезнати се повеќе од 100 лица откако воен брод беше нападнат од подморница кај Шри Ланка

Повеќе од 100 лица се водат како исчезнати по напад на подморница врз иранска фрегата кај брегот на Шри Ланка, јавуваат странските медиуми.Нападот се случил надвор од територијалните води на островската држава, а спасувачките операции се во тек. Според извори од морнарицата и Министерството за одбрана на Шри Ланка, исчезнати се најмалку 101 лице, додека 78 се повредени.Портпаролот на морнарицата ги оспорил овие бројки, но засега не соопштил нови податоци. Потврдено е дека 32 повредени морнари се спасени и се наоѓаат на болничко лекување.Според извештаите, станува збор за иранската фрегата „ИРИС Дена“. Морнарицата на Шри Ланка започнала спасувачка мисија откако од бродот бил испратен повик за помош во близина на градот Гале на југот на земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd72ab6lmgea31aGi0A9

СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската општина Карпош, во која загинаа мајка и дете.Таа оцени дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство и системски неуспех да се заштитат човечки животи. Според неа, семејно, физичко и психичко насилство било пријавувано две години, а против сопругот имало и други пријави.„Институциите биле алармирани, имало индиции за ризик, но со несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите. Потфрли МВР, потфрлија центрите за социјална работа и целиот институционален систем“, наведува Тренчевска.Од СДСМ бараат темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност со име и презиме кај сите службени лица во МВР, центрите за социјална работа и другите институции кои постапувале во случајот.Тренчевска посочува дека ова не е изолиран случај и потсетува дека и претходно имало трагедии по пријавено семејно насилство, нагласувајќи дека е потребен „ресет на целиот систем“ и утврдување одговорност.

Македонија | пред 1 седмица

media-library2pkioh35m7jn3aqVYuQ

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Почина Бајрам Сулејмани, кој од 1989 до 1991 година ја извршуваше градоначалник на Општина Куманово.Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ја објави тажната вест и изрази сочувство до семејството на Сулејмани.-Со најголема почит сакам да упатам искрено сочувство до семејството на поранешниот градоначалник на Општина Куманово, г-дин Бајрам Сулејмани. Г-дин Сулејмани беше извонреден педагог, професор, новинар и публицист. Во текот на својата богата кариера работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалната радио станица, а во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово. Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната Занаетчиска Комора. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница. Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување, истакна Димитриевски.

Македонија | пред 1 седмица

kokain-2

Акција во Гостивар – запленета дрога, приведени две лица

На 4 март 2026 година во 01:20 часот на улицата „Белчица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Н.А. (45) и Џ.Ш. (39), двајцата од селото Чегране, гостиварско.При преземените мерки кај нив бил пронајден и одземен кокаин.По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

semejno-nasilstvo

Семејно насилство во тетовско: маж ја нападнал сопругата

На 3 март 2026 година во 18:30 часот во селото Бродец, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ш.Ќ. (36) од селото Бродец, тетовско.Тој бил приведен постапувајќи по претходна пријава дека во домот во кој престојуваат физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања