Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-library7768jeevv8d5cyZGYX2

Би-Би-Си: Малку веројатно ирански проектил да ја погодил училиштето, штетата е преголема

Анализа на сателитски снимки и видеоматеријали покажува дека училиштето во градот Минаб, на југот на Иран, најверојатно било погодено со повеќе удари, а не од еден ирански проектил, објави Би-Би-Си.Проверени видеа и сателитски фотографии откриваат голема штета околу основното училиште „Шаџарех Тајебех“ и соседниот комплекс на Корпусот на исламската револуционерна гарда. Според иранските власти, во нападот што се случил во саботата загинале 168 лица.Иран за нападот ги обвини САД и Израел, но ниту една од двете држави не презеде одговорност. Израел соопшти дека нема сознанија за воени операции во тој дел, додека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Вашингтон го истражува инцидентот и дека САД „никогаш не таргетираат цивилни објекти“.Снимките објавени на социјалните мрежи, чија автентичност ја потврдил Би-Би-Си, прикажуваат паника веднаш по нападот, додека луѓе ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. На дел од видеата се гледаат чадни столбови што се издигнуваат од училишната зграда и од соседниот воен комплекс.Сателитските фотографии направени неколку дена по нападот покажуваат значителни разурнувања, со најмалку пет објекти со кратери и траги од пожар, што укажува на повеќекратни експлозии. Според експерти, ваквата штета тешко може да биде предизвикана од ирански противвоздушен проектил, кој носи релативно мала експлозивна боева глава.Иранските власти тврдат дека поголемиот дел од жртвите биле деца, но овие информации не можат независно да се потврдат. Според податоците на иранското Министерство за образование, училиштето го посетувале 264 ученици. Иранските медиуми објавија список со имиња на загинати, меѓу кои најмалку 48 деца на возраст од шест до единаесет години.Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека во нападот загинале и 14 наставници, додека според податоци на Американската новинска агенција за човекови права од почетокот на конфликтот досега се евидентирани повеќе од илјада загинати ирански цивили, меѓу кои и 183 деца.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd425t4ot7lcnbsHXkcN

Паника на дел од бензиските поради гласини дека „ќе снема нафта“, Мицкоски: Нема простор за грижа

Редици се формираа на дел од бензинските станици во земјава, откако меѓу граѓаните се проширија шпекулации дека може да дојде до недостиг на гориво или значително поскапување на нафтените деривати.„Скопје1“ на две бензиски станици во Скопје разговараше со вработени кои велат: „И денеска, цел ден се прават гужви, има некоја хистерија дека ќе нема деривати, а никој не знае да каже од каде е инфомрацијата и на што се темели освен шпекулации дека дознале од пријатели. Ова трае веќе два дена“.Според неофицијалните информации што се шират во јавноста, граѓаните се плашат дека е можно привремено редуцирање на продажбата на гориво до одредување на новите цени, но ваквите тврдења засега не се потврдени од надлежните институции.Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија порача дека нема место за загриженост.„Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Состојбата е под контрола“, напиша Мицкоски.Во меѓувреме, цената на нафтата на светските пазари порасна до околу 84 долари за барел поради стравувањата од можноста Иран да го блокира Ормутскиот теснец, една од најважните рути за транспорт на нафта во светот. САД најавија дека со морнарицата ќе обезбедуваат безбедност на танкерите во регионот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

(Видео) Владин авион со евакуирани македонски граѓани пристигна во Скопје од Шарм ел-Шеик, се спремаат и чартер летови

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека успешно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од Израел кои побарале да ја напуштат земјата.Тој соопшти дека попладнево владин авион полетал од Шарм ел-Шеик кон Скопје со македонските граѓани, а целиот процес бил координиран од Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва. Последните информации се дека авионот слетал на скопскито аеродром.Муцунски додаде дека е финализирана и постапката за договор со компанија која во наредните денови ќе започне со летови за евакуација на македонски државјани и од други погодени подрачја.Министерството, како што посочи, останува на 24-часовно располагање за помош и поддршка на македонските граѓани во странство.БОНУС ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО:

Настани | пред 1 седмица

media-libraryhqu5pddnm8s69LtgR6t

Пожар во Маџари: Гори комунален отпад на отворена локација

Голем пожар попладнево избувна на отворена локација во населбата Маџари, каде гори комунален отпад.Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека инспекторите од општината веднаш излегле на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје, чии екипи работат на гасење на огнот.Во меѓувреме, инспекторите заедно со припадници на Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за откривање на причинителот на пожарот.

Скопје | пред 1 седмица

Screenshot-2025-09-13-at-23.22.01

СДСМ бара оставка од Тошковски: МВР потфрли во повеќе случаи на насилство

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека по секоја цена го брани министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, наместо да преземе одговорност за, како што велат, институционалните пропусти во случаи на семејно насилство.Од партијата посочуваат дека во случајот во Карпош, каде загинаа мајка и дете, имало дури 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство во период од две години, но институциите не реагирале навреме.СДСМ тврди дека МВР потфрлило и во други случаи, меѓу кои трагедијата во Велес, како и случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане, каде, според нив, две години биле игнорирани пријавите на жителите.„Не е до пријавите, туку до потфрлањата на МВР кое го води Панче Тошковски. Проблемот почнува од врвот“, велат од СДСМ, барајќи оставка од министерот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library16rsbbrcm96p7DkWGbf

(Видео) САД објавија снимки од воздушни напади врз ирански воени бази

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) објави снимки од воздушни напади врз ирански воени цели.На видеата се гледаат удари врз засолништа за авиони и други летала во ирански воздушни бази.Од ЦЕНТКОМ соопштија дека способноста на иранскиот режим да ги загрози американските сили и нивните сојузници во регионот „брзо слабее“, додека американската воена моќ продолжува да се зголемува.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД во наредните денови ќе имаат целосна и неоспорна контрола над иранскиот воздушен простор.Тој порача дека Иран „не може да ја издржи“ американската воена сила и дека неговите воени капацитети исчезнуваат „од час во час“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryevuk19808ocoaxzKhaU

Медведев: НАТО е луд, САД започнаа војна на Блискиот Исток

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев остро го нападна НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп поради војната со Иран.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Медведев ги критикуваше дискусиите во НАТО за можно активирање на членот 5 од Алијансата.„НАТО е луд. Прво САД го убиваат иранскиот лидер и започнуваат војна на Блискиот Исток. Потоа НАТО-идиоти, предводени од послушниот ‘синче’ на Трамп, Марк Руте, размислуваат за активирање на членот 5“, напиша Медведев.Тој саркастично додаде дека американскиот претседател би можел да биде номиниран за Нобелова награда за мир „затоа што започнал голема војна“, додавајќи дека „Орвел бил во право – војната е мир“.Претходно Медведев на Телеграм оцени дека американските напади врз Иран го покажале „вистинското лице“ на САД и дека преговорите со Техеран биле само параван.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер предупредува: Постои ризик од ескалација на конфликтот со Иран

Британскиот премиер Кир Стармер предупреди на ризик од ескалација на конфликтот со Иран, истакнувајќи дека Велика Британија преку разговори со САД се обидува да придонесе за намалување на тензиите.Во изјава од Даунинг стрит, Стармер рече дека ситуацијата останува неизвесна и дека не е јасно колку долго ќе трае кризата.Тој откри дека последен пат разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во саботата навечер, пред најновата ескалација на настаните.Несогласувањата меѓу двете земји настанале откако Велика Британија одбила да им ги отстапи своите воени бази на американските сили за првите американско-израелски напади врз Иран.Стармер нагласи дека разговорите со американските власти продолжуваат „на сите нивоа“ со цел да се постигне деескалација на конфликтот, а најави и забрзано зголемување на британските трошоци за одбрана како одговор на актуелната безбедносна ситуација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryccdsakbp475idFLxmQG

Американски сенатор: „Продолжете да ги убивате иранските лидери додека не исчезнат“

Републиканците во американскиот Сенат блокираа резолуција со која од претседателот Доналд Трамп ќе се бараше да добие одобрение од Конгресот за продолжување на воените операции против Иран.Резолуцијата беше одбиена главно по партиска линија, а единствениот демократ што се спротивстави на мерката беше сенаторот Џон Фетерман од Пенсилванија.Во телевизиско гостување, Фетерман ја поддржа ликвидацијата на иранското раководство.„Да, само продолжете да ги убивате додека не исчезнат“, изјави тој, додавајќи дека целосно ја поддржува израелската намера да ги елиминира идните лидери на Иран.Според него, таквите акции се оправдани сѐ додека Иран не избере раководство кое ќе се откаже од, како што рече, обидите за дестабилизација на регионот и уништување на Израел.Се очекува и Претставничкиот дом на американскиот Конгрес подоцна денеска да гласа за слична мерка поврзана со воените операции против Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

„Њујорк тајмс“: Војната со Иран ја руши стратегијата на Трамп за брз и евтин конфликт

Војната со Иран сериозно ја доведува во прашање стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп за брзи воени операции со минимални жртви и трошоци, анализира „Њујорк тајмс“.Според анализата, во првите денови од конфликтот веќе загинале шест американски војници, додека цените на горивата растат, берзите се нестабилни, а американската војска троши стотици милиони долари дневно.Иако засега не се испратени копнени сили во Иран, американската администрација не ја исклучува таа можност. Министерот за одбрана Пит Хегсет најави дека во регионот пристигнуваат дополнителни бомбардери и борбени авиони.Критичарите предупредуваат дека САД повторно ризикуваат да влезат во долг конфликт на Блискиот Исток, сличен на војните во Ирак и Авганистан.Дел од аналитичарите, пак, сметаат дека слабеењето на иранскиот режим би можело да донесе стратешка корист за САД и нивните сојузници, но предупредуваат дека дестабилизацијата на Иран може да предизвика нови бегалски бранови и раст на екстремистички групи во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library8nr7cnl9uota8ZDABSu

Панчо беше „моторот“ на групата и договараше настапи, подоцна увидов дека пиротехниката е на ДНК, вели нивниот пи-ар

Естрадниот новинар Васко Спасовски, кој работел како пи-ар и букинг менаџер на групата ДНК, сведочеше дека немал врска со организацијата на настапот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој посочи дека со газдата Дејан Јованов-Деко и неговиот син Михајло, договарал настапи на други изведувачи како што е Влатко Лозановски.Тој појасни дека неговата работа била да договори цена, датум и локација за настап, додека организацијата на самиот настан била обврска на организаторот.Според неговото сведочење, пејачот Панчо најчесто ги договарал настапите на бендот и бил „моторот“ на групата.Спасовски рече дека за трагедијата дознал рано наутро од објава на интернет, по што веднаш се упатил кон Кочани за да ги бара членовите на бендот.Во врска со пиротехниката, тој изјави дека првично мислел дека ја обезбедува организаторот, но подоцна увидел дека ДНК користеле пиротехника и на други настапи.Тој додаде дека претпоставува оти за активирањето на прскалките бил задолжен Мартин Атанасовски Буцо, кој претходно имал технички задачи во бендот.

Македонија | пред 1 седмица

media-library6nvnengulu3818UZBIV

Девојка што била во „Пулс“ тврди дека „Без обезбедувачите ќе имаше многу повеќе жртви“, преживеаниот Китанов се откажа од нивно гонење

Обезбедувачите во дискотеката „Пулс“ го жртвувале своето здравје за да спасат што повеќе луѓе за време на пожарот во Кочани, изјави на судење 21-годишната Мартина Ристевска, која била присутна во објектот кобната ноќ.Таа сведочеше дека настанала голема паника кога пејачот им рекол дека плафонот гори и дека треба да излезат надвор. Во гужвата, како што рече, успеала да стигне до излезот каде две лица ѝ помогнале да излезе.Ристевска изјави дека видела членови на обезбедувањето како извлекуваат луѓе од објектот и покрај тоа што биле во лоша состојба.„Повраќаа црно, ставаа маица преку устата и носот и повторно влегуваа да извлекуваат луѓе“, рече таа, додавајќи дека без нивната помош бројот на жртвите ќе бил многу поголем.Таа посочи дека случајно го снимила почетокот на пожарот додека снимала видео од настапот, а подоцна на снимката забележала жар на плафонот.Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа повеќе од 60 лица, а над 200 беа повредени.Кристијан Китанов пак, исто така преживеан, посочи дека не се приклучува во кривичниот прогон за обезбедувањето, а дека се приклучува кон гонењето на сите други обвинети. По ова имаше дискусија меѓу адвокатите кои приговараа, но Обвинителството реагираше дека не може да се бара правно толкување од сведокот.Обвинителството им става на товар на обезбедувачите дека не постапувале според прописите, па така дозволиле во клубот да влезат и малолетници од кои дел и загинаа, но и поголем број на гости од капацитетот на објектот.

Македонија | пред 1 седмица

soobrakajka-5001

Трагедија кај Демир Хисар: Возач почина на лице место

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска во атарот на селото Сопотница, демирхисарско.Од СВР Битола информираат дека во 12:20 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот на местото викано Крбла.Во несреќата на лице место починал возачот Љ.Б. (52) од селото Жван, демирхисарско. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Демир Хисар.Сопатникот Д.Г. (60), исто така од селото Жван, се здобил со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Битола.Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryej5tjn0nqe9iaLck2yw

Латас и Лазаров ослободени од обвинението за спорниот поткаст, обвинителот ќе бара осудителна пресуда од Апелација

Новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров се ослободени од обвинението за ширење расистички и ксенофобичен материјал, одлучи судијката Дијана Груевска-Илиевска во Кривичниот суд.Во предметот, Латас беше обвинет дека преку изјава евоцирал спомени од минатото со кои, според обвинението, се промовирал чин на полово насилство, додека Лазаров се товареше дека, иако бил свесен за влијанието на содржината, не спречил нејзино објавување.Од Основното јавно обвинителство соопштија дека ќе поднесат жалба до Апелацискиот суд бидејќи не се согласуваат со донесената пресуда.„Вложена е жалба затоа што пресудата е ослободителна и надлежниот обвинител не се согласува со така утврдената фактичка состојба“, информираат од Обвинителството.Ова е второ судење за Латас и Лазаров. Во првичната постапка, Кривичниот суд им изрече условни казни, но Апелацискиот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење.Во повторената постапка, судијката Груевска-Илиевска, постапувајќи по насоките од повисокиот суд, утврди дека нема вина кај обвинетите.Лазаров и претходно во јавноста изјавуваше дека не се чувствува виновен и дека не смета оти со својата реакција промовирал полово насилство, додека и Латас негираше одговорност за делото за кое беше обвинет.Спорниот поткаст беше отстранет од Јутуб, односно беше недостапен за публиката по покренување на истрагата за овој случај и бурните реакции во јавноста од страна на невладини организации и дел од граѓаните.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybcom294c9pml6ks08dL

Мајката која го сними таткото-насилник од Драчево: Ѓубрето слободно шета, ако се појави пред мојата врата, лично ќе пресудам

Мајката која минатата година го сними сопругот како ја тепа нивната ќерка во скопската населба Драчево повторно се огласи во јавноста, изразувајќи револт што, како што тврди, насилниот татко е на слобода.Скопјанката Валерија преку објава на социјалните мрежи порача дека доколку тој повторно се појави пред нејзината врата, „лично ќе пресуди“, обвинувајќи ги институциите за неефикасност и неправда.„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала, не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа на Фејсбук.Таа тврди и дека од Центарот за социјална работа се обидувале да ги „смират“, и покрај насилството што, како што вели, со години го трпела таа и нејзините деца.Случајот стана познат во јавноста откако минатата година се појави видео на кое се гледа како таткото физички напаѓа четиригодишно девојче.По настанот, Основното јавно обвинителство покрена постапка против 28-годишниот скопјанец, кој беше приведен и кому му беше одреден притвор. Според обвинителството, инцидентот се случил додека мајката подготвувала храна, а девојчето играло со своите сестри. Кога детето се качило на кревет во дневната соба за да земе играчки, таткото почнал да ја навредува, а потоа и физички да ја напаѓа.Како што се наведува во наодите, тој ѝ удрил неколку шлаканици по лицето, при што ѝ нанел набиеница на главата и огреботини на лицето, а притоа упатувал и закани дека „ќе ја убие“.Засега нема официјална реакција од Центарот за социјална работа во врска со тврдењата на мајката дека од таму се обидувале да ја смират со насилниот сопруг, додека од Обвинителството се очекуваат дополнителни информации за текот и исходот на постапката.ПРЕТХОДНО ЗА СЛУЧАЈОТ:

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Белата куќа: Нема рок кога САД ќе го обезбедат Ормутскиот теснец

Белата куќа засега не открива временска рамка за плановите на САД за обезбедување на пловидбата низ Ормутскиот теснец, еден од најважните поморски коридори во светот.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека не сака да се „обврзе со рок“ кога станува збор за американските планови за безбедност на овој клучен поморски премин.Таа додаде дека ситуацијата активно ја анализираат американското Министерство за одбрана, кое администрацијата на претседателот Доналд Трамп го нарекува Министерство за војна, како и Министерството за енергетика.Ормутскиот теснец, кој е под контрола на Иран, е еден од најважните морски патишта за транспорт на нафта, низ кој поминува околу една петтина од светското снабдување со овој енергенс.Техеран претходно соопшти дека теснецот е затворен за меѓународен сообраќај.Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американската морнарица, доколку биде потребно, ќе почне да ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец, додека Иран предупреди дека ќе ги нападне бродовите што ќе се приближат до тоа подрачје.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb2bf3r7njobffL0eJJj

Повеќето летови од Дубаи и натаму се суспендирани

Повеќето летови од меѓународниот аеродром во Дубаи и натаму се суспендирани, соопштија аеродромските власти, повикувајќи ги патниците да не доаѓаат на аеродром доколку нивната авиокомпанија не им го потврдила времето на полетување.Во објава на социјалните мрежи се наведува дека патниците без потврден лет можеби нема да можат да влезат во терминалите.Патниците се советуваат за најновите информации да се обратат директно до својата авиокомпанија.Авиокомпанијата „Емиратс“ соопшти дека сите редовни летови кон и од Дубаи се суспендирани до 7 март во 23:59 часот по локално време, поради затворање на воздушниот простор во регионот.Од компанијата додаваат дека на ограничениот број достапни летови предност ќе имаат патниците со претходно направени резервации, додека патниците кои патуваат во транзит преку Дубаи ќе можат да продолжат само доколку имаат потврден следен лет.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf2fgjgh76quedW5u4jT

(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ ексклузивно во државниот авион на Македонија: за евакуацијата од Блискиот исток и најголемите авио-несреќи

Првпат и ексклузивно – влегуваме во државниот авион на Македонија.Авион за кој со години носи повеќе прашања отколку одговори.Колку е стар? Колку е безбеден? И колку чини да се одржува?Во „Претрес“ вечерва од кокпитот ќе ги одговориме прашањата за темите, кои досега се зборувале само на политичко ниво.Дознаваме:– Колкав е реалниот ризик од летови со ваков тип авион?– Каков е планот за утрешната евакуација од Блискиот Исток?– Кој ја носи последната одлука дали авионот ќе полета – пилотот или политиката?– Колку чини еден час лет и колку нè чини да го одржуваме?Ќе зборуваме и за најтешките летови, кризите кога авионот не превезувал функционери туку луѓе.Но и за едно прашање што секогаш ја вознемирува јавноста:Како се случија најголемите авионски и хеликоптерски несреќи во Македонија – и што научи воздухопловството од нив?Гостин е капетанот Емил Георгиев, пилот со децении искуство, човекот што го управува државниот авион изминативе 16 години.Ќе одговори и на најдиректното прашање:дали би го качил сопственото семејство во овој авион?Следете не на:

Настани | пред 1 седмица

media-libraryth1nrhuoccsv6cN13oX

(Видео) Белата куќа: Трамп нареди напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил напад врз Иран затоа што имал „добро чувство“ дека иранскиот режим подготвува напад врз САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.Според неа, претседателот се соочил со избор – дали американската војска прва да ја отстрани заканата или да чека Иран да нападне.„Претседателот беше соочен со избор: дали САД ќе ги искористат своите воени способности за први да ја отстранат заканата која 47 години ѝ се заканува на нашата земја или, како врховен командант, ќе седи и ќе гледа како иранскиот режим ги напаѓа нашите луѓе во регионот“, изјави Левит.Таа додаде дека од перспектива на Трамп, неактивноста била „неприфатлива“, што ја поттикнало одлуката за почеток на воената операција.Според Белата куќа, точниот момент на нападот бил одреден врз основа на разузнавачки процени за локацијата на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи и други високи претставници на режимот.„Тоа очигледно имало влијание врз временската рамка на операцијата, но не и врз самата одлука на претседателот“, додаде Левит.

Свет | пред 1 седмица

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија се предомисли, ќе соработува со американската војска по критиките од Трамп

Шпанија се согласила да соработува со американската војска по критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.Трамп претходно се закани дека ќе ја прекине трговијата со Шпанија откако Мадрид забрани користење на своите воени бази во операцијата против Иран.Левит изјави дека шпанските власти ја разбрале пораката на Трамп „гласно и јасно“.Таа додаде дека американскиот претседател очекува сите европски сојузници да соработуваат во воената операција.

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Белата куќа: Нетанјаху не ја диктирал одлуката на Трамп за напад врз Иран

Белата куќа ги отфрли тврдењата дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за напад врз Иран била донесена по телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, потврди дека разговорот меѓу Трамп и Нетанјаху пред нападот бил „важен во однос на временската рамка“ на воената операција.Претходно беше објавено дека Нетанјаху минатиот понеделник му се јавил на Трамп и го информирал дека иранскиот врховен лидер во сабота ќе се сретне со највисоките претставници на режимот, што би можело да биде можност за ликвидација на целото раководство.Сепак, Левит изјави дека тој разговор не бил пресуден за одлуката на САД да извршат напад.„Мислам дека претседателот и пред тој повик имаше силно уверување дека иранскиот режим ќе ги нападне САД во регионот“, рече таа.Според неа, Трамп тогаш се соочил со избор – да изврши превентивен напад или да „седи и гледа“ како Иран напаѓа американски цели.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Соборени дронови во близина на аеродромот во Багдад

Двe беспилотни летала биле соборени во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, неколку часа по сличен напад врз истиот објект, соопштија безбедносни извори во Ирак.„Два дрона се соборени во близина на багдадскиот аеродром, без пријавени жртви или материјална штета“, изјавил неименуван ирачки функционер за агенцијата АФП. Инцидентот го потврдил и друг безбедносен извор во главниот град.Во рамки на аеродромскиот комплекс се наоѓа и воена база во која делува американската дипломатска мисија, а во минатото таму биле стационирани и сили од коалицијата предводена од САД.

Свет | пред 1 седмица

media-librarylpgrepfjo4bo1ySjGIW

Иран до соседните земји: Го почитуваме вашиот суверенитет, нападите од САД и Израел нè принудија на одбрана

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати порака до лидерите на соседните држави во која нагласи дека Техеран го почитува нивниот суверенитет.Во објава на социјалната мрежа Икс, Пезешкијан истакна дека Иран се обидувал да избегне војна, но дека нападите од САД и Израел ја оставиле земјата „без избор освен да се брани“.Во меѓувреме, неколку соседни држави пресретнуваат ракети и дронови во текот на конфликтот, иако дел од нив успеале да ја пробијат противвоздушната одбрана и да погодат цели.Обединетите Арапски Емирати соопштија дека од почетокот на конфликтот биле цел на повеќе од 1.000 ирански напади. Еден дрон вчера предизвикал помал пожар во близина на американската амбасада во Дубаи, при што загинале три лица.Напади со дронови биле регистрирани и врз американската амбасада во Ријад во Саудиска Арабија, како и врз едно пристаниште во Оман.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl4js6v4rs4hobYAQxv4

Најмалку 87 морнари загинаа по потопувањето на иранска фрегата кај Шри Ланка

Најмалку 87 морнари загинаа откако иранскиот воен брод „IRIS Dena“ беше погоден со торпедо од американска подморница во близина на Шри Ланка, јавуваат медиумите.Министерот за надворешни работи на Шри Ланка, Виџита Херат, изјави дека досега се извлечени телата на 87 морнари, додека потрагата продолжува во водите јужно од градот Гале.Во нападот се ранети уште 32 морнари, кои се хоспитализирани во болницата „Карапитија“ во Гале. На бродот имало вкупно околу 180 членови на екипажот.Портпаролот на шриланканската морнарица, Будика Сампат, изјави дека веднаш била започната спасувачка операција откако бродот испратил сигнал за помош.„Пронајдовме луѓе како пловат во морето и ги спасивме. Подоцна утврдивме дека станува збор за членови на екипажот од иранскиот брод“, изјави Сампат.„IRIS Dena“ е фрегата од класата „Moudge“ која припаѓа на јужната флота на иранската морнарица. Според шриланканските власти, на местото на инцидентот биле видливи само траги од истечена нафта, а нападот се случил надвор од територијалните води на Шри Ланка.Бродот претходно учествувал на мултинационалната поморска вежба „Milan 2026“ во Бенгалскиот Залив и бил на пат кон Иран кога бил нападнат.Инцидентот се случува во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, по серијата воздушни напади врз ирански цели во кои, според ирански извори, загинале повеќе од илјада лица, меѓу кои и врховниот лидер Али Хамнеи. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз американски цели во регионот на Заливот.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Иран се закани: Израелските амбасади ќе бидат легитимни цели

Иранските вооружени сили се заканија дека ќе ги сметаат израелските дипломатски мисии ширум светот за легитимни цели доколку Израел изврши напад врз иранската мисија во Либан.Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, во телевизиско обраќање изјави дека Техеран ќе одговори со напади врз израелските амбасади.„Доколку Израел го изврши тој злостор, ќе бидеме принудени сите израелски амбасади ширум светот да ги сметаме за легитимни цели“, изјави Шекарчи.Претходно, портпаролот на израелската армија за арапското говорно подрачје, Авихај Адраеи, предупреди дека Израел им дал рок од 24 часа на претставниците на, како што рече, „иранскиот терористички режим“ да го напуштат Либан.„Ги предупредуваме претставниците на иранскиот режим кои сè уште се во Либан веднаш да заминат пред да станат цел“, изјави Адраеи.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања