Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Кристијан Ландов

media-librarysgjgl5p3se416P4kAgl

Главниот пилот во МВР летал со валидна дозвола, се гони за лажно инструкторско овластување кое го добил

Не е точно дека главниот пилот во МВР добил кривична пријава бидејќи претходно летал со хеликоптер без валидна дозвола. Тој се гони оти се стекнал со инструкторско звање без соодветна постапка, соопшти МВР.Оттаму поднесоа кривична пријава против Н.А. поради сомневање дека тој сторил фалсификување на исправа. Според ова, тој има дозвола за управување со воздухоплов, но му го спорат овластувањето за обучување на други пилоти.„Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Н.А., главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Според пријавата, тој незаконски впишал овластување TRI BELL 206 во својата дозвола и истото го употребил како вистинито во постапки пред надлежни институции во земјава и странство“, велат од МВР.Станува збор за овластување за инструктор за конкретен тип хеликоптер – „Бел 206“. Ознаката TRI (Type Rating Instructor) значи дека лицето има право да обучува и проверува други пилоти за управување со конкретниот тип воздухоплов, како и да заверува обука и летачки часови.Такво овластување се стекнува по спроведена специјализирана обука и одобрение од надлежна воздухопловна власт, по што се впишува во пилотската дозвола како официјален податок. Но, МВР има свои правилници, па според неофицијални сознанија на „Скопје1“, пилотот добил звање со министерски потпис согласно интерен акт. Сепак, според поред пријавата, впишувањето во конкретниот случај било извршено незаконски.Кривичното дело „Фалсификување исправа“ опфаќа внесување невистинити податоци во службен документ или употреба на таков документ како вистинит. Во овој случај, според МВР, спорното овластување било користено во постапки пред институции во државата и надвор од неа, што му дава дополнителна тежина на сомнежот.

Македонија | пред 2 седмици

Liban

Најмалку 52 загинати во Либан по израелските воздушни напади

Најмалку 52 лица загинале, а повеќе од 150 се повредени во израелските воздушни напади врз Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападите уследиле откако Хезболах, милитантна група со седиште во Либан и поддржана од Иран, презеде одговорност за напади врз израелскиот систем за противракетна одбрана.Joseph Aoun, претседател на Либан, ги осуди нападите изведени од либанска територија, како и израелските противудари.Тој ги повика вооружените групи да не ја користат земјата како поле за посреднички војни и предупреди дека ваквите операции ја загрозуваат безбедноста и стабилноста на државата.

Свет | пред 2 седмици

netanjahu

Поранешен израелски премиер: Нетанјаху сакаше војна, Трамп нема јасен план

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт оцени дека актуелната воена стратегија кон Иран не претставува јасен план, туку, како што рече, надеж дека режимот во Техеран ќе се урне под притисок на надворешните удари и внатрешните немири.Според анализа на „Политико“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со години бил двигател на операции насочени кон иранската нуклеарна програма, а по смртта на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи, се приближил до својата долгорочна цел – неутрализирање на иранската закана.Нетанјаху повика на масовни протести во Иран, апелирајќи до граѓаните да ја „искористат шансата“ и да го соборат режимот. Слични пораки испрати и американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека Иранците имаат историска можност да си ја „вратат“ земјата.Но, според Олмерт, тоа не претставува стратегија.„Биби сакаше војна, а Трамп едвај чекаше да направи нешто извонредно. Но не гледам план, туку само надеж дека владата ќе се распадне“, изјави тој.Во текстот се наведува дека израелската стратегија се темели и на логиката на нестабилност – земја зафатена со внатрешни конфликти и политички превирања е помалку способна да делува надвор од своите граници. Сепак, искуствата од регионот, вклучително и Ирак и Сирија, покажуваат дека соборувањето режим не гарантира стабилност.И покрај загубата на дел од раководството, иранските институции засега покажуваат отпорност. Револуционерната гарда најави одмазда и продолжување на операциите против американски бази и Израел, додека во Техеран е најавено формирање привремено тричлено раководство до избор на нов врховен лидер.Аналитичарите предупредуваат дека евентуален колапс на режимот може да отвори простор за хаос, внатрешни судири и етнички тензии, со непредвидливи последици за целиот Блиски Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl7gt3042tuo276LjOTD

(Видео) Израел објави видео: Пилот избегнал противвоздушна ракета над Иран

Израелски одбранбени сили објавија видеоснимка на која се гледа како пилот на борбен авион на израелското воено воздухопловство избегнува иранска противвоздушна ракета за време на операции над Иран.На снимката се слуша гласот на пилотот кој преку радио-врска вели: „Уште едно лансирање, оди над облаците“. Според соопштението на израелската војска, леталото учествувало во напади врз Техеран.Од израелските одбранбени сили наведуваат дека од почетокот на конфликтот во саботата, борбените авиони на израелското воздухопловство извршиле повеќе од 1.000 борбени летови над територијата на Иран.

Свет | пред 2 седмици

media-librarygl4n23a01b5a3Jeos8M

Дрон погодил складиште за гориво во Абу Даби

Пожар избувнал денеска во складиште за гориво во Абу Даби откако објектот бил погоден со беспилотно летало, соопшти Канцеларијата за медиуми на Абу Даби.Според властите, огнот во терминалот за складирање гориво Мусафа, лоциран во главниот град на Обединети Арапски Емирати, бил брзо ставен под контрола.Нема информации за повредени лица, а во соопштението се наведува дека немало влијание врз работата на постројката.Нападот доаѓа во услови на ескалација на регионалните тензии, откако Иран, како одговор на американско-израелските напади, започна одмазднички удари низ регионот, насочени кон американски бази и повеќе заливски држави.

Свет | пред 2 седмици

media-library0tlsdi22qohf0i1zz56

Ирански дрон погодил хотел во Бахреин, повредени двајца Американци

Двајца вработени во Министерство за одбрана на САД се повредени во ирански напад со беспилотно летало врз хотел во Бахреин, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документ на Стејт департмент на САД во кој имал увид.Во документот испратен во неделата се наведува дека „повредени се двајца припадници на Министерството за одбрана на САД“, но без дополнителни детали. Засега не е познато дали станува збор за цивилни лица или воен персонал, ниту во кој хотел престојувале.Според извештаите, во неделата наутро бил погоден хотелот „Краун Плаза“ во главниот град Манама. Стејт департментот не го коментираше случајот, додека од Министерството за одбрана не одговориле веднаш на барањата за повеќе информации.Амбасадата на САД во Бахреин објави соопштение во кое ги предупреди американските државјани дека хотелите можат да бидат цел на напади и ги повика да избегнуваат престој во хотели во Манама.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjg17nitvk1mndkEgimm

Објавено видео од пилотка на американски Ф-15 соборен во Кувајт

Арапската телевизија Ал-Арабија објави видеоснимка од Кувајт на која се гледа пилотка на американски борбен авион Ф-15Е „Страјк игл“, откако успешно се катапултирала од леталото што, според американската војска, било ненамерно соборено од кувајтските сили.Според соопштенијата на американската војска и медиумските извештаи, во рамки на операцијата „Епска бес“ против Иран, три американски борбени авиони од типот Ф-15Е биле соборени над Кувајт.Американско централно командување потврди дека сите членови на екипажите, вклучително и пилотката прикажана на видеото, безбедно се катапултирале и биле спасени, при што се наоѓаат во стабилна состојба.Во моментот на инцидентот, леталата биле ангажирани во поддршка на операциите против иранските напади, но кувајтската противвоздушна одбрана по грешка ги идентификувала како закана. Кувајт призна дека станува збор за случај на таканаречен „пријателски оган“ и соработува со американските сили во истрагата.На видеото се гледа пилотката по безбедното слетување, додека во позадина се слуша машки глас кој ѝ вели дека е безбедна и ѝ се заблагодарува за помошта.

Свет | пред 2 седмици

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп ги објави трите цели на војната против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање до јавноста ги изнесе трите клучни цели на воената операција против Иран.„Нашите цели се јасни. Прво, ги уништуваме иранските ракетни капацитети. Второ, ја уништуваме нивната морнарица. Трето, обезбедуваме најголемиот светски спонзор на тероризмот никогаш да не дојде до нуклеарно оружје“, изјави Трамп.Тој додаде дека операцијата има и дополнителна цел – да се спречи иранскиот режим да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници.Според Трамп, овие цели се неопходни за заштита на американските интереси и за стабилноста во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Ен-Би-Си: Имало обид да се спречи војната со Иран на тајна средба во Женева, иранскиот шеф на дипломатијата викал на претставник на Трамп

Последната можност да се избегне војна меѓу Соединетите Американски Држави и Иран била на средбата одржана во четврток во Женева, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на висок претставник на администрацијата на Доналд Трамп кој сакал да остане анонимен.Според наводите, американската делегација побарала Иран во следните десет години да не врши збогатување на ураниум, оценувајќи дека тоа е неопходен чекор за спречување развој на нуклеарно оружје. Иранската страна остро се спротивставила на ова барање. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека неговата земја има „неотуѓиво право“ на збогатување ураниум, на што американскиот претставник Стив Виткоф возвратил дека и САД имаат „неотуѓиво право“ да го спречат тоа.По размената на ставови, според изворот на Ен-Би-Си, Арагчи почнал да вика на Виткоф, кој на состанокот бил придружуван од Џаред Кушнер. Американската делегација потоа го информирала претседателот Трамп за текот на разговорите. Според истиот извор, Трамп не бил вознемирен од случувањата.Откако преговорите западнале во ќор-сокак, администрацијата на Трамп одлучила да започне воена операција. Претседателот во кратко телефонско интервју за Ен-Би-Си изјавил дека одлуката била донесена бидејќи Иран не бил подготвен да го запре нуклеарното истражување и да гарантира дека нема да поседува нуклеарно оружје.Трамп, кој во минатото ја градеше својата политичка реторика на ветување дека ќе ги избегне „бесконечните војни“, повторно истакна дека нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Во меѓувреме, американските и израелските сили извршија воздушни напади, при што, според извештаите, биле погодени стотици цели во Техеран, а загинал и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.Според американски извори, дипломатските напори паралелно биле проследени со значително распоредување на воени сили во регионот, вклучително и испраќање носач на авиони. Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно изјавил дека САД намерно предизвикале економски притисок врз Иран со цел да го принудат на отстапки.Во меѓувреме, конфликтот веќе има човечки жртви. Ирански контранапад во Кувајт усмрти четворица американски војници, а Трамп предупреди дека е можно бројот на жртви да се зголеми пред да заврши операцијата.

Свет | пред 2 седмици

oblozuvanje

Шест анонимни лица заработиле 1,2 милиони долари од облог за напад врз Иран

Шест анонимни лица на платформата за обложување „Полимаркет“ оствариле добивка од околу 1,2 милиони долари откако успешно се обложиле дека Соединетите Американски Држави ќе извршат напад врз Иран до крајот на февруари.Според анализата на блокчејн-компанијата „Баблмапс СА“, сите шест профили биле креирани минатиот месец и исклучиво се обложувале на временската рамка на евентуалната воена акција на администрацијата на Доналд Трамп против Иран. Како што пренесува „Блумберг“, обложувањата биле уплатени само неколку часа пред да паднат првите бомби врз Техеран.Една од сметките претходно изгубила средства обложувајќи се дека нападот ќе се случи порано, но нова уплата од над 26.000 долари со прогноза дека нападот ќе се реализира во сабота донела добивка од повеќе од 174.000 долари.Во екот на обложувањата поврзани со воената ескалација, обемот на тргување за само еден договор поврзан со времето на нападот достигнал речиси 90 милиони долари, што дополнително ги засилува сомнежите за можна злоупотреба на привилегирани информации во контекст на воени случувања.

Свет | пред 2 седмици

media-library5nk0ofd9sd8071YVJt4

Министерот за дигитална трансформација на MWC26: Поддршка за намалување на роаминг-трошоците

Министерство за дигитална трансформација на Република Северна Македонија информира дека министерот Стефан Андоновски престојува во работна посета на Барселона, Кралство Шпанија, каде учествува на Mobile World Congress 2026 – најголемиот светски настан што ги обединува креаторите на политики за дигитализација, телекомуникациските оператори и водечките производители на мобилни уреди и дигитални решенија.Во рамки на посетата, министерот лобира за принципот „роаминг како дома“, со цел намалување на трошоците за користење мобилни услуги во странство и усогласување со европските стандарди. Според него, проектот подразбира граѓаните да плаќаат цени како во матичната држава за разговори, СМС-пораки и интернет во рамки на Европската Унија.Андоновски учествуваше и на GSMA Ministerial Programme, каде се разговараше за политики поврзани со поврзливоста, дигиталната инфраструктура, безбедноста и идните мрежни технологии. Тој истакна дека постои значајна поддршка од владите и меѓународните партнери за реализација на проектот, како и разбирање од големите телекомуникациски оператори.Во текот на денот, министерот остварил средби со мобилни оператори присутни во земјава, како и со глобални производители на опрема и даватели на облачни услуги, при што се дискутирало за изградба на дата-центри, примена на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и целосна дигитална трансформација на општеството.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryu9p9eeh7m2kh2EUEYdg

Трамп: Операцијата против Иран е планирана да трае пет недели, но можеме и подолго

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање изјави дека операцијата против Иран првично била планирана да трае од четири до пет недели.Тој, сепак, нагласи дека Соединетите Американски Држави имаат „капацитет да ја водат операцијата и значително подолго“ доколку тоа се покаже како неопходно, без да прецизира временска рамка или дополнителни детали.

Свет | пред 2 седмици

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

„Прозорците ми се тресеа силно“ – серија експлозии одекнаа над Бејрут

Најмалку пет силни експлозии одекнале над Бејрут, во момент кога градот бил обвиен во невообичаена тишина.Според сведоштво од терен, детонациите биле толку моќни што прозорците во станбените објекти се треселе под ударот на брановите. Експлозиите се слушнале една по друга, а чувството, како што се наведува, било дека ударите се случиле непосредно над зградите.Локалните медиуми објавија дека повторно била цел на напад населбата Дахие, која важи за упориште на Хезболах.За разлика од вообичаените вечери кога либанонската престолнина е исполнета со звукот на сообраќај и преполни ресторани, вечерва голем дел од угостителските објекти биле затворени, а улиците речиси празни. Атмосферата, според описите, наликувала повеќе на напуштен град отколку на динамична медитеранска метропола.

Свет | пред 2 седмици

media-librarydomes8p65jcc8SIoOqF

„Делумно e обновен воздушниот сообраќај во ОАЕ“, јави хрватското министерство за надворешни работи упатувајќи насоки до нивните граѓани

Министерство за надворешни и европски работи на Хрватска ги информираше хрватските државјани во Обединети Арапски Емирати дека денеска започнува ограничено обновување на воздушниот сообраќај од Дубаи и Абу Даби, но апелира да не се упатуваат кон меѓународните аеродроми доколку не се директно контактирани од авиокомпаниите.Шефот на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, претходно изјави дека во Емиратите се наоѓаат околу две илјади хрватски државјани, како и приближно 380 илјади државјани на Европската унија. Во момент кога воздушниот сообраќај бил целосно запрен, министерот препорача оние што сакаат да ја напуштат земјата да се упатат кон „безбедната“ престолнина на Оман, Мускат, што дел од хрватските државјани и го сториле.Во најновото соопштение, министерството наведува дека според информациите од локалните власти, започнува ограничено воспоставување на операциите, при што помал број летови ќе бидат достапни од меѓународните аеродроми „Дубаи интернешнал“, „Дубаи ворлд централ“ и од Абу Даби, каде веќе се реализирани поединечни полетувања.Во актуелните околности, на хрватските државјани им се препорачува да останат во Емиратите и строго да не се упатуваат кон аеродромите освен ако не добијат директна потврда од авиокомпанијата за времето на полетување и обезбедена авионска карта. Министерството повика на постојано следење на известувањата од воздушните превозници и доставување податоци до Генералниот конзулат во Дубаи, кој, како што се наведува, внимателно ја следи состојбата.Локалните власти во Емиратите соопштиле дека граѓаните можат да се вратат на вообичаените активности, но со зголемена претпазливост и грижа за личната безбедност, во услови на регионална ескалација по израелско-американските напади врз Иран и последователните ирански одговори насочени кон повеќе заливски држави.

Свет | пред 2 седмици

media-library3uje4gqot7rlf3jTxgT

Иран се соочува со агресија - МНР наместо пддршка да го осуди американско - ционистичкото дивеење, вели Левица

Политичката партија Левица со остра реакција ја осуди, како што наведува, американско-израелската агресија врз Иран, оценувајќи дека станува збор за воена интервенција што довела до жртви меѓу военото и политичкото раководство, како и меѓу цивилното население.Од партијата посочуваат дека ваквите дејствија претставуваат сериозно прекршување на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации, оценувајќи дека се работи за акт на воена агресија насочен кон дестабилизација на суверена држава и воспоставување доминација во регионот на Блискиот Исток.Левица апелира до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и до министерот Тимчо Муцунски, наместо, како што наведуваат, да даваат поддршка, да испратат јасна осуда на воената интервенција. Според партијата, државата треба да се позиционира на страната на мирот, суверенитетот и почитувањето на меѓународното право.Од Левица нагласуваат дека ќе продолжат, како што велат, со својата борба против сите форми на империјалистичка агресија и ќе се залагаат за мирно решавање на конфликтите.

Свет | пред 2 седмици

zemjotres-avganistan

Во сенка на војната во Иран, нов бран насилство во Авганистан и Пакистан

Во сенка на ескалацијата на конфликтот околу Иран, нов бран насилство избувна на границата меѓу Авганистан и Пакистан, каде што и денеска продолжи размената на оган, петти ден по ред.Иако интензитетот на судирите е намален, нема навестувања дека двете страни се подготвени за примирје. Директните конфликти меѓу поранешните сојузници, кои делат околу 2.600 километри долга граница, се оценуваат како најтешки во последните неколку години.Талибанското Министерство за одбрана соопшти дека била погодена воздушната база во Баграм, додавајќи дека авганистанските сили уништиле пакистански тенк во пограничната покраина Пактика. Портпарол на министерството изјави дека биле убиени повеќе од сто, а заробени 25 пакистански војници.Од друга страна, пакистанските безбедносни сили информираа дека продолжуваат воздушните и копнените удари, при што биле уништени складишта за муниција во Хост и Џалалабад, како и складишта за беспилотни летала во Џалалабад. Според Исламабад, досега биле убиени 435 авганистански војници, уништени 188 и заземени 31 непријателска позиција.Меѓусебните обвинувања и спротивставени бројки дополнително ја усложнуваат безбедносната состојба во регион кој веќе е сериозно дестабилизиран од пошироките геополитички тензии.

Свет | пред 2 седмици

media-librarya5arflbe25bpfPF3qwb

Иранската ракетна програма беше закана за САД и Европа, за еден час го уништивме военото раководство, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на церемонија за доделување медали во Белата куќа, се осврна на тековната воена кампања против Иран, нагласувајќи дека операцијата и понатаму трае.„Денес војската на САД продолжува со ударите врз ужасниот терористички режим во Иран. Го предупредивме Иран по операцијата ‘Полноќен чекан’ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но тие нè игнорираа. Покрај тоа, продолжија да ја зајакнуваат својата програма за балистички ракети“, изјави Трамп.Тој оцени дека операцијата била неопходна бидејќи, како што рече, ракетната програма на режимот растела брзо и драматично и претставувала јасна и голема закана за Соединетите Американски Држави и за американските сили стационирани во странство.„Ирански режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје би бил закана што не може да се толерира“, рече Трамп.Тој додаде дека САД обезбедуваат иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници, потсетувајќи дека четворица американски војници загинале во операциите.„Имаме најсилна војска во светот и со леснотија ќе победиме. За еден час го уништивме нивното воено раководство, и тоа многу пред зададениот рок“, изјави Трамп.Претседателот нагласи дека Иран веќе поседувал ракети способни да погодат цели во Европа и американски бази во регионот и пошироко, а според неговите зборови, наскоро би можел да развие и проектили што би достигнале до територијата на Соединетите Американски Држави.

Свет | пред 2 седмици

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Марк Руте

Министерство за внатрешни работи на Република Македонија информира дека на 3 март 2026 година (вторник), поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Скопје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај.Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје на главниот град, со цел обезбедување непречено и безбедно движење.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници, со цел нормално одвивање на сообраќајот за време на посетата.

Скопје | пред 2 седмици

media-library5nc4soo10qvpb4tZHqq

Трамп: Нуклеарно вооружен Иран би бил нетолерирана закана, целта е уништување на ракетните капацитети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целите на операцијата против Иран се „јасни“, наведувајќи дека меѓу нив се уништување на иранските ракетни капацитети, „анихилирање на нивната морнарица“ и спречување Иран некогаш да се здобие со нуклеарно оружје.Трамп нагласи дека Иран „не може да продолжи да вооружува, финансира и насочува терористички армии надвор од своите граници“, оценувајќи дека таквите активности ја дестабилизираат целата регија.Според него, иранската програма за балистички ракети била наменета како заштитен штит за развој на нуклеарно оружје. Тој додаде дека иако Соединетите Американски Држави биле земјата што инсистирала на запирање на таа закана, „сите биле зад нас“.Американскиот претседател предупреди дека ирански режим вооружен со нуклеарно оружје и далекусежни ракети би претставувал „нетолерирана закана“ за Блискиот Исток и за американскиот народ.

Свет | пред 2 седмици

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Иран најави нов бран напади: Лансирани „различни“ проектили кон цели на САД

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започнала нов бран напади врз американски воени бази во регионот, јавуваат државните медиуми.Во соопштението се наведува дека биле лансирани „различен вид“ проектили, но без да се објават дополнителни детали за нивниот тип, дострел или конкретните цели. Засега нема официјална потврда од американска страна за евентуални последици од нападите.Претходно во текот на денот, Револуционерната гарда информираше дека е во тек бран ракетни и беспилотни напади врз израелскиот град Беершева, со што дополнително се засилува ескалацијата на конфликтот во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: „Со леснотија ќе победиме“, продолжуваат ударите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранскиот режим вооружен со далекусежни ракети и нуклеарно оружје претставува закана што не може да се толерира, нагласувајќи дека САД ќе продолжат со воените удари врз Иран.Тој потсети дека го укинал договорот со Иран постигнат во времето на поранешниот претседател Барак Хусеин Обама, оценувајќи го како „ужасен договор“.„Обезбедуваме иранскиот режим повеќе да не може да вооружува терористички режими надвор од своите граници. Денес жалиме за четворица американски војници кои загинаа. Продолжуваме со мисијата против режим што претставува закана за американскиот народ“, изјави Трамп.Тој додаде дека американската војска е најсилна во светот и дека Соединетите Американски Држави „со леснотија ќе победат“.Според неговите зборови, војската на САД продолжува со удари врз, како што рече, „ужасниот терористички режим во Иран“. Трамп наведе дека Иран бил предупреден по операцијата „Полноќен чекан“ да не се обидува да ја обнови програмата за нуклеарно оружје, но дека ги игнорирал предупредувањата и продолжил со зајакнување на програмата за балистички ракети.

Свет | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Млада родилка почина на Гинекологија: ова и бил четврти царски рез, имало нагло влошување

Родилка на 34-годишна возраст почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, откако по породување со царски рез дошло до нагло влошување на нејзината здравствена состојба. Телото е предадено на обдукција, а официјалната причина за смртта ќе биде утврдена по пристигнувањето на патохистолошкиот наод.Од Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје информираат дека пациентката била примена во 38 гестациска недела од петтата бременост и на 27 февруари 2026 година била породена со царски рез. Интервенцијата била извршена поради претходни три царски реза, односно станувало збор за четврти оперативен зафат од ваков вид. Според Клиниката, операцијата поминала со уреден тек.По интервенцијата, пациентката била префрлена на постоперативна интензивна нега. Во текот на престојот се пожалила на силна градна болка, по што веднаш бил повикан анестезиолошки тим и започната срцево-белодробна реанимација. По интервенцијата биле воспоставени виталните параметри, по што пациентката била префрлена на Одделението за интензивна нега и реанимација.Во натамошниот третман биле вклучени кардиолог и невролог, извршени биле електрокардиограм, ехокардиографија, рендген на бели дробови и повеќекратни лабораториски испитувања, со постојан мониторинг на виталните функции. Од Клиниката наведуваат дека бил применет мултидисциплинарен пристап и целосна современа терапија, но и покрај тоа, пациентката починала на 1 март 2026 година.Од установата изразија сочувство до семејството и најавија дека по добивањето на обдукцискиот наод ќе ја соопштат официјалната причина за смртта.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

(Видео) Експлозии во упориштето на Хезболах, густ чад над либанската престолнина

Неколку воздушни удари ги погодија јужните предградија на Бејрут, откако израелската армија најави нов бран напади врз цели поврзани со Хезболах и издаде предупредувања за евакуација.Според снимки објавени на социјалните мрежи, од погодените подрачја се издигнува густ чад, додека либанската државна телевизија јави за четири израелски напади врз јужните делови на главниот град. Ударите следуваа по ракетирањето на Израел од страна на Хезболах во раните утрински часови.Допишничка на Би-Би-Си од Бејрут известува дека во градот одекнала силна експлозија во квартот Дахие, кој се смета за упориште на Хезболах. Според нејзините наводи, детонацијата била толку силна што создава впечаток дека се случила во самиот центар на престолнината.Во исто време, преку разглас од американската амбасада во Авкар биле упатени предупредувања до вработените да побараат засолниште и да се оддалечат од прозорците. Засега нема официјални податоци за евентуални жртви.

Свет | пред 2 седмици

media-librarycjukibmir0203P1caeM

Тешки загуби за американските сили во Кувајт

Централна команда на САД соопшти дека четворица припадници на американските вооружени сили загинале во борбени дејствија поврзани со операциите против Иран, додека 18 се водат како тешко ранети.Портпаролот на Центком, капетан Тим Хокинс, информира дека бројот на жртви е ажуриран, откако првично беше соопштено дека тројца војници загинале, а петмина биле тешко повредени. Според најновите податоци, вкупно четворица американски војници го загубиле животот.Според информации објавени од американски медиуми, сите четворица загинале во ист напад во Кувајт. Во текот на операциите, 18 припадници на американските сили се регистрирани како тешко ранети.Надлежните институции продолжуваат со истрагата за околностите под кои се случил нападот.

Свет | пред 2 седмици

media-librarydljk50sle7ft2tzfBHj

(Фото) Автомобил „сплескан“ меѓу камион: сообраќајка на влезот од Скопје кај Автокоманда

Сообраќајна несреќа се случи пред 10 минути на влезот на Скопје кај бензинската пумпа „Лукоил“.Според фотографиите на социјалните мрежи, автомобилот е свртен во спротивен правец и заглавен меѓу жардиниера и камион.Нема информации за повредени лица.

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања