Кристијан Ландов

media-librarypkl9j6kmj0va3QZMX6E

(Видео) Јани Бојаџи во „Претрес“: Морав да побегнам од Македонија за да си го спасам животот, ми се закануваа со убиство

Режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, откри дека во 2018 и 2019 година морал привремено да ја напушти Македонија поради, како што рече, реални смртни закани поврзани со неговиот филм „Ругање со Христос“.Во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“, Бојаџи изјави дека во тој период бил под државна заштита, заедно со своето семејство и децата.„Морав буквално да побегнам од Македонија за да си го заштитам голиот живот. Не знаев дека државна безбедност ме обезбедува мене, моето семејство и моите деца. Тоа се случуваше во времето кога беше филмот ‘Ругање со Христос’, кој беше забранет,“ рече Бојаџи.Тој додаде дека заканите биле сериозни и постојани, главно од, како што посочи, „левицата во Македонија, таканаречената Шарена револуција, како и од дел од група на Албанци кои мислеле дека работам против нив“.Бојаџи сподели и дека пред само една недела, дознал детали за тогашното обезбедување од поранешен припадник на безбедносните служби.„Гостуваше Панче Тошковски на нашата телевизија и ме застана еден човек од неговото обезбедување. Ми кажа: ‘Јас вас и вашето семејство ве обезбедував неколку месеци. Ја обезбедував вашата ќерка од училиште – од „Орце Николов“ до дома’.“Режисерот призна дека ни сопствените деца не знаеле дека се под заштита на полицијата:„Тоа не сум го кажал дома, не знаат во каква опасност биле. Јас не сум знаел дека тајно ме следат полицајци во цивил. Не сум имал поим што се случува,“ рече тој, додавајќи дека во тој период добивал директни смртни пораки дури и додека бил на прес-конференции.Цел поткаст:

Студио | пред 2 месеци

media-librarycick7ar1iu8i1vkJrNo

Орце Ѓорѓиевски ги објави новите директори на скопските јавни претпријатија

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ги соопшти имињата на новите вршители на должноста директори во четири јавни претпријатија: „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“, ЈСП „Скопје“ и „Комунална хигиена“.На чело на „Улици и патишта“ се враќа Борис Настов, кој ја извршуваше истата функција во почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Ѓорѓиевски рече дека Настов моментално е заменик-директор во ЈП за државни патишта и го оцени како „човек што најдобро ја разбира проблематиката“.За „Водовод и канализација“, нов в.д. директор ќе биде Иван Митровски, поранешен заменик-градоначалник на Кисела Вода и кадар со искуство во банкарскиот сектор.Во „Комунална хигиена“, на местото директор е назначен Драги (без наведено презиме), лице со долгогодишно искуство во комуналниот сектор на Град Скопје. Ѓорѓиевски посочи дека токму тој се покажал „исклучително добро“ во последната акција за чистење на градот, додавајќи дека не е партиски експониран кадар.Во ЈСП „Скопје“, пак, функцијата в.д. директор ја презема Саше (без наведено презиме), долготраен вработен во претпријатието со богато искуство во јавниот превоз.„Некои од нив, за своето назначување, ќе дознаат токму преку оваа емисија,“ рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека очекува да бидат „добри соработници во процесот на обновување на градот“.На новинарско прашање дали ќе го врати поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, градоначалникот одговори дека тој моментално е советник во Советот на Град Скопје, но дека ќе може да помогне со совети и идеи.„Ќе дадам сè од себе одлуките во Советот да се носат со поддршка од сите советнички групи. Ќе соработувам со сите избрани од граѓаните,“ изјави Ѓорѓиевски.Потврди дека Мишко Ралев, заедно со Огнен Марина, Горан Мијовски, Славе Трпевски и Аљоша Шопар, ќе биде дел од урбанистичкиот тим што ќе работи на нови планови и политики за градот.Ѓорѓиевски категорично ги негираше шпекулациите дека ќе ги приватизира јавните претпријатија, нагласувајќи дека приоритет му е нивно јакнење и финансиска самоодржливост.„Сметките за граѓаните нема да се зголемат. Така сум ветил во кампањата,“ порача градоначалникот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryerl6ptfd0n5t4zjKFlc

Судот на ЕУ пресуди: не може да постои „џин“ без алкохол

Безалкохолните пијалаци не смеат да се продаваат под ознаката „џин“, пресуди Судот на правдата на Европската унија, откако Германското здружение за борба против нелојална конкуренција поднесе тужба против компанијата PB Vi Goods, производител на пијалак што го имитира вкусот на џинот.Германскиот суд го проследил случајот до европските судии, кои утврдиле дека според правото на ЕУ постои јасна забрана за користење на терминот „џин“ за пијалаци што не содржат алкохол, пренесува Politico.Во пресудата се наведува дека пијалакот „Virgin Gin Alkoholfrei“ (безалкохолен џин) ги крши европските прописи за означување на алкохолни пијалаци. Иако производот може легално да се продава, не смее да го носи називот „џин“, дури ни кога на етикетата јасно се наведува дека е безалкохолен.Според европската регулатива, пијалакот „џин“ мора да биде добиен од бобинки од смрека и да содржи најмалку 37,5% алкохол. Целта е да се заштитат потрошувачите од забуна и производителите од нелојална конкуренција.Судот потсети дека во 2017 година веќе донел слична пресуда, со која беше утврдено дека производи на растителна база не смеат да се нарекуваат „млеко“, „павлака“, „путер“, „сир“ или „јогурт“, дури и ако содржат слични состојки или вкус.Со новата одлука, европските судии ја зајакнуваат заштитата на традиционалните производи и јасноста на пазарот.

Магазин | пред 2 месеци

hitler

Нова ДНК-анализа открива: Хитлер имал редок генетски пореметувач на пубертетот – демантиран митот за еврејско потекло

Меѓународен тим научници и историчари тврди дека Адолф Хитлер најверојатно боледувал од реток генетски синдром што го спречил нормалниот пубертет, познат како Калманов синдром, пренесува Sky News. Истражувањето, воедно, ги побива долгогодишните шпекулации за негово еврејско потекло.Анализата на ДНК покажала дека Хитлер имал оштетување на генот PROK2, кој игра клучна улога во развојот на половите органи и производството на тестостерон. Недостатокот на овој ген може да резултира со ниски нивоа на тестостерон и состојба позната како микропенис, тврдат истражувачите.Според студијата, примерокот ДНК потекнува од кауч со траги од крв пронајден во бункерот на Хитлер, по неговото самоубиство во април 1945 година. Американски офицер, полковник Росвел Розенгрен, тогаш одзел парче ткаенина кое потоа со децении било чувано во приватна колекција, пред да заврши во Музејот за историја во Гетисбург. Оттаму примерокот бил предаден на научниците.Главната генетичарка, проф. Тури Кинг, која претходно ги идентификуваше остатоците на кралот Ричард III, изјави дека долго размислувала дали да го испита материјалот:„Се борев со тоа прашање, но на крајот сфатив дека Хитлер не треба да биде исклучок. Историјата не смее да се плаши од науката.“Истражувањето сугерира дека Хитлер имал висок генетски ризик за аутизам, шизофренија и биполарно растројство. Научниците, сепак, предупредуваат дека генетиката не може да биде единствено објаснување за неговото однесување.„Гените се само дел од сложената слика,“ рече проф. Кинг, додавајќи дека траумите од детството, алкохолизмот и насилството на неговиот татко, како и историскиот контекст, „играле многу поголема улога во формирањето на диктаторот“.Историчарот проф. Томас Вебер од Универзитетот во Абердин додаде:„Нема ген за диктатор. Генетскиот состав на екстремист и на обичен човек е, во просек, ист. Важно е резултатите да се читаат критички, а не сензационалистички.“Целосните резултати ќе бидат прикажани во дводелен документарен филм „Hitler’s DNA: The Blueprint of a Dictator“, кој премиерно ќе се емитува на Channel 4 на 15 ноември.Проектот веќе предизвикува бурни реакции меѓу историчарите и јавноста, а дел од експертите го сметаат за контроверзен чекор што повторно го отвора прашањето: дали науката треба да се занимава со генетскиот профил на злосторници, или тоа само ја храни митологијата околу нив.

Свет | пред 2 месеци

media-library77614r3so4gffLZss0S

BBC под истрага за нова манипулација со говор на Доналд Трамп

Британската јавна радиотелевизија BBC се соочува со нов скандал, откако весникот Telegraph објави дека уште еднаш е монтиран говор на американскиот претседател Доналд Трамп во нивна емисија.Станува збор за емисијата „Newsnight“ од јуни 2022 година, во која, според Telegraph, делови од истиот говор што подоцна беше прикажан во документарецот „Panorama“ биле селективно исечени и споени на начин што создава погрешен впечаток за содржината и тонот на обраќањето на Трамп.BBC соопшти дека „се придржува до највисоките уреднички стандарди“ и дека случајот е под внатрешна истрага. „Прашањето го примивме на знаење и моментално го истражуваме,“ изјави портпаролот на корпорацијата.Контроверзијата доаѓа по неколкунеделна криза во BBC – генералниот директор и главната уредничка поднесоа оставки поради обвинувања за пристрасност и нарушување на професионалните стандарди.Трамп веќе се закани со тужба вредна една милијарда долари поради документарниот филм „Panorama“, во кој, според неговиот правен тим, некоректно бил монтиран негов говор, со што се создал впечаток дека тој директно повикувал на нередите на Капитол Хил во јануари 2021 година.Адвокатите на Трамп побараа BBC да го повлече филмот до петок, да објави јавна извинување и да исплати оштета за, како што наведуваат, „огромната репутациска и финансиска штета“. BBC засега одбива да коментира дали ќе го направи тоа, наведувајќи дека размислува како ќе одговори на настанатата ситуација.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl949l7kjto3mc7KbGLe

Трагедија во Хрватска: урнат турски авион на релација Ријека – Загреб

Во близина на местото Крив Пaт, кај Сењ, падна авион „Air Tractor AT-802“, кој бил во лет на релација Ријека – Загреб – Ријека, потврди Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска.Дојавата за исчезнување на авионот од радарите била примена во 16:53 часот, а нешто подоцна, околу 17:11 часот, пристигнала потврда дека авионот се срушил и се запалил.На теренот веднаш биле упатени полицијата, пожарникарите и екипи на итната медицинска помош, а во акцијата учествувале и 20 припадници на Хрватската горска служба за спасување (HGSS) со четири возила.Според првичните информации, два турски противпожарни авиона од типот „Air Tractor“ полетале од Чанаккале (Турција) кон Загреб, каде требало да извршат техничко одржување. Поради лоши временски услови и густа магла, авионите се вратиле кон аеродромот во Ријека, но едниот исчезнал од радарот и подоцна бил пронајден урнат во ридест предел кај Сењ.Другиот авион успешно слетал во Ријека.Според податоците на хрватската полиција и Цивилната заштита, во несреќата загинал странски државјанин, идентификуван како пилот на турската Генерална управа за шумарство.Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, ја потврди трагедијата и изрази сочувство:„Молам за душата на нашиот пилот кој загина во оваа трагична несреќа. Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските“, напиша Јумакли на социјалната мрежа NSosyal.По падот, авионот се запалил, а пожарот бил ставен под контрола. Местото на несреќата е обезбедено и се очекува во раните утрински часови да пристигнат истражители од Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.Од Агенцијата потврдија дека е покрената безбедносна истрага согласно европските прописи (Уредба ЕУ бр. 996/2010) за утврдување на причините за падот.Јосо Живковиќ, координатор на Цивилната заштита кој ја раководел акцијата, изјави дека теренот е тежок и непристапен, но добро познат на спасувачките служби.„Сите сили беа ангажирани веднаш – полиција, пожарникари, итна помош, HGSS. Сега се работи на обезбедување на местото и чекање на истражителите,“ изјави Живковиќ за ХРТ.

Свет | пред 2 месеци

media-library1hsh9sm1i8mf5vEYsHm

(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Јани Бојаџи: филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ

Во новата епизода на „Претрес“, гостин е режисерот и директор на Алфа ТВ – Јани Бојаџи, еден од најконтроверзните автори на македонската филмска и медиумска сцена. Разговорот отвора теми кои ретко кој се осмелува да ги допре: државните пари во културата, партизацијата на уметноста, филмот за 27 април, влијанието на политиката врз културните институции и улогата на Алфа ТВ во медиумскиот пејзаж.Бојаџи зборува за филмот „Tomorrow Morning“, инспириран од настаните на 27 април, за контроверзните сцени и пораки што ја поделија јавноста, за министерот Зоран Љутков, но и за начинот на кој културата станува алатка во рацете на партиите.Во „Претрес“ се поставуваат и прашања кои одамна висат без одговор: Колку е навистина независна македонската уметност? Кој ги добива државните пари? И дали културата денес е поле за уметници – или за идеолози?Ова е разговор за вистините зад камерите, за моќта, егото и системот што ја претвори културата во политички терен.СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:

Студио | пред 2 месеци

media-library09ihqa36p0gbeHnhYP6

(Видео) Без лифтови во студентскиот дом „Гоце Делчев“: Студентите пеш до 14-ти кат – „ова е нехумано“

Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ – блок Г веќе со недели живеат во, како што велат, нехумани услови, бидејќи ниеден од лифтовите не е во функција.„Еден од лифтовите не работи уште од 21 октомври, а другиот престана да функционира на 4 ноември,“ сведочат студентите кои секојдневно се качуваат пеш по 13 и 14 ката, носејќи куфери, торби и храна.„Екипи доаѓаат секој ден, го поправаат, и по еден час повторно се расипува. Студенти се заглавуваат внатре и чекаат да бидат извадени. Ова е нехумано – се качуваме по скали секој ден, а сите надлежни се известени“, стои во дописот што го испратија до нашата редакција.Според студентите, проблемот трае веќе еден месец, но нема трајно решение. Велат дека иако лифтовите биле пријавени на повеќе инстанци, ситуацијата останува непроменета.„Најтешко е за студентите од горните катови. Ако е ова студентски стандард, тогаш навистина сме далеку од нормални услови за живот,“ велат разочарано.„Скопје1“ побара став од управата на домот, од каде чекаме одговори.

Скопје | пред 2 месеци

bebe

Ја изнервирало плачењето на бебето, па го удирала со тупаници по носот и устата - се бара притвор за 23-годишната мајка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење. Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето на лекарски преглед.На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани повеќе нови повреди – контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Во исто време, констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го удира бебето.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, пред се поради опасноста од бегство. Детето-жртва за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryompq4tn9s3m58aYsUQ1

(Видео) Скопскиот татко по 72 часа мандат: Собрано петпати повеќе ѓубре од тоа што вообичаено се собира за викенд

Во првите 72 часа откако ја презеде функцијата градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски спроведе голема акција за чистење на главниот град, во која биле собрани повеќе од 4.500 тони отпад.Во акцијата учествувале над 2.500 работници, а биле исчистени речиси сите микролокации со контејнери и диви депонии, како и речното корито на Вардар, кое, според градоначалникот, „по долги години конечно тече нормално“.„Плоштадот ‘Македонија’ е исчистен, кејот беше целосно третиран, исто како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симбол на срам за градот. Нема да дозволам повторно да ја гледаме грдата слика на валкано Скопје“, изјави Ѓорѓиевски вечерва на плоштадот, по завршувањето на акцијата.Според податоците од Град Скопје, во текот на првите три дена биле изречени повеќе од 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица кои несоодветно го одлагаат отпадот.Градоначалникот најави дека контролите ќе продолжат, а сите кои ќе фрлаат смет на јавни површини ќе се соочат со санкции.„Ова е само почеток на создавањето ново лице на Скопје – чисто, достоинствено и европско“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryp6odc255kvil5gCJVTu

(Видео) Родителите на загинатите од „Пулс“ со повик до цела јавност, доаѓаат во Скопје четири дена пред првото судење

Низ солзи и со длабока болка, родителите на трагично загинатите млади во пожарот во дискотеката „Пулс“ најавија голем граѓански марш во Скопје, закажан за 15 ноември во 12:05 часот — четири дена пред почетокот на првото судење за случајот.Маршот ќе започне од Плоштад Македонија, ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Основниот кривичен суд, каде што родителите ќе бараат од институциите конечно да преземат одговорност и да обезбедат правда за нивните деца.„Болката е наша, но борбата мора да биде заедничка. Нашето прво доаѓање во Скопје беше крик за видливост. Тогаш марширававме сами, додека градот молчеше. Сега ве повикуваме сите да дојдете — без посредници, без лаги, без манипулации. Ние сме родителите на ангелите и за нас единствено што остана е борбата за правда,“ порачаа родителите во своето обраќање.Тие потсетија дека во изминатите месеци одржале повеќе од триесет маршеви во Кочани, но додаваат дека „тоа не било доволно за да ги разбуди институциите“.„Свесни сме дека патот до вистината ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но ако застанеме еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот. Веруваме дека Македонија има совест, дека знае да се сплоти кога најмногу боли,“ велат тие.Маршот на 15 ноември ќе биде, како што родителите нагласуваат, „повик на совеста, а не на политиката“, симбол на сплотеност и отпор против неправдата која трае повеќе од една година.„Се гледаме на маршот,“ завршуваат родителите.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Бугарија во трка со времето за спас на нафтените рафинерии пред стапување на сила на американските санкции

Романија и Бугарија се наоѓаат во драматична трка со времето во обид да спречат затворање на своите клучни нафтени рафинерии, откако американските санкции кон руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ треба да стапат на сила во текот на овој месец, пишува Politico. Одлуката на Вашингтон да ги стави двете компании на „црната листа“ предизвика вистински хаос во рамките на Европската Унија, каде што овие руски гиганти поседуваат голем број објекти и имаат силно влијание врз снабдувањето со гориво.Бугарија веќе презема вонредни мерки — парламентот во Софија усвои закон кој ѝ овозможува на владата да назначи специјален управител со широка контрола врз најголемата рафинерија во земјата, „Бургас“, која е во сопственост на „Лукоил“. Владата ќе може да преземе оперативна контрола, да ја одобри продажбата, па дури и да ја национализира рафинеријата, доколку тоа биде потребно. Паралелно, Бугарија разгледува можност да побара ослободување од санкциите.Во Романија, каде што се наоѓа рафинеријата „Петротел“, исто така под сопственост на „Лукоил“, сè уште нема донесена официјална одлука. Висок владин функционер за Politico изјавил дека Букурешт размислува да побара „продолжување на рокот на санкциите“ за да има време да подготви сопствен план. Национализацијата, според него, се разгледува само како „последна опција“.Министерот за енергетика Богдан-Груја Иван изјави дека владата е подготвена за секое сценарио, а приоритет ќе биде „зачувување на економската стабилност, но и запирање на финансирањето на Руската Федерација“. Министерството за финансии на САД, кое мора да одобри секоја продажба на санкционирани компании, како и Европската комисија, одбија да ја коментираат ситуацијата.Санкциите, освен на Бугарија и Романија, влијаат и врз други земји-членки на ЕУ. Германија доби шестмесечно ослободување за својата рафинерија „Шведт“ во сопственост на „Роснефт“, која е под државна контрола уште од 2022 година. Унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак, отпатува во Вашингтон во обид да издејствува исклучок за увоз на руска нафта преку цевководи кон Унгарија и Словачка.Одлуката на Вашингтон доаѓа во момент кога претседателот Доналд Трамп е сè понетрпелив поради застојот во мировните преговори за Украина, а и самата Европска Унија последните месеци ја засили кампањата за намалување на енергетската зависност од Москва.Според аналитичарите, евентуално запирање на работата на рафинериите би имало драматични последици. Во Бугарија, каде што „Лукоил Бургас“ обезбедува до 80% од вкупните количини на гориво, тоа би значело дека земјата може да остане без доволни резерви до крајот на годината. Во Романија, пак, рафинеријата „Петротел“ покрива околу 20% од потребите за гориво, па евентуалното гаснење би довело до благ пораст на цените и краткотрајна нестабилност на пазарот.Дополнително, Молдавија би можела сериозно да биде погодена, бидејќи дел од извозот на гориво од Романија оди токму таму. Владата во Кишињев веќе понуди да ја купи локалната имотна на „Лукоил“ и официјално побара одложување на санкциите од Вашингтон.Сепак, експертите предупредуваат дека наоѓањето нов сопственик ќе биде исклучително тешко. Иако рафинериите се технички добро водени, малку компании се подготвени да преземат ризик поврзан со санкциите, огромните финансиски обврски и високите трошоци за осигурување и модернизација.Според проценките, вредноста на бугарската рафинерија се движи околу 1,5 милијарди долари, додека романската „Петротел“ е помалку привлечна поради долговите и потребата од значителни инвестиции.Истовремено, брзото усвојување на бугарскиот закон за заплена на имотот предизвика критики во јавноста. Опозицискиот пратеник Ивајло Мирчев предупреди дека ваквото дејствување без детална правна процедура „може да доведе до сериозни грешки и меѓународна арбитража“, при што, како што рече, „на крајот на штета ќе биде бугарскиот народ“.Аналитичарите од ЕУ сметаат дека решението треба да се координира на европско ниво, за да се спречи „Лукоил“ индиректно да ги заобиколи американските санкции. Литванскиот министер за енергетика Жигимантас Ваичјунас нагласува дека Европската комисија мора да ги провери сите потенцијални купувачи пред која било продажба, бидејќи, според него, „во овој случај, сите можности мора внимателно да се разгледаат“.

Свет | пред 2 месеци

vojna-ukraina

Блокадата на американската влада стопирала извоз на оружје вреден повеќе од 5 милијарди долари, погодени и НАТО сојузниците

Блокадата на американската влада, која трае веќе 40 дена, го замрзна извозот на американско оружје во вредност од над 5 милијарди долари, наменет за НАТО-сојузниците и Украина, објави порталот Axios.Според извори од Стејт департментот, застојот во работењето на федералните институции има сериозни последици за сојузниците, но и за домашната воена индустрија, која не може да ги испорача договорените системи.„Ова навистина им штети и на нашите партнери и на американската индустрија која треба да обезбеди критични способности во странство,“ изјавил висок функционер на Стејт департментот за Axios.Меѓу земјите засегнати од блокадата се Данска, Хрватска и Полска, а меѓу опремата чија испорака е стопирана се наоѓаат ракетите AMRAAM, системите Aegis, како и HIMARS – мобилни артилериски системи со висок дострел.Иако не се открива кои пратки се наменети за Украина, дел од продажбите на НАТО-сојузниците подоцна се пренасочуваат како воена помош за Киев.Прекинатите трансакции се однесуваат и на државни продажби на оружје, и на лиценци за извоз на приватни американски компании. Под нормални услови, овој процес се одвива рутински, но поради блокадата голем дел од службениците се на принуден одмор, што го парализира системот.Проблемот произлегува од Законот за контрола на извозот на оружје, кој налага Конгресот да ги разгледа сите предлози за продажба на вооружување. Бидејќи дел од службениците кои го известуваат Конгресот не работат, процесот практично е запрен.Одделот за политичко-воени прашања во Стејт департментот моментално функционира со само една четвртина од редовниот број вработени, потврдија американски претставници.Од Стејт департментот тврдат дека демократите ја задржуваат продажбата на оружје, вклучително и кон НАТО-сојузниците, што, како што велат, ја ослабува безбедноста на САД и партнерите.Слична порака испрати и Џејмс Риш, претседател на Сенатскиот комитет за надворешни односи:„Кина и Русија не мируваат. Нивните напори да ги поткопаат САД и нашите сојузници стануваат полесни додека нашата индустрија трпи, а потребите на сојузниците остануваат неисполнети,“ рече Риш.

Свет | пред 2 месеци

media-library70g8kg4to37a2jWj8cw

(Видео) Елката во Њујорк пристигна – започнува магијата на празниците пред „Рокфелер центар“

Големата божиќна елка пред „Рокфелер центар“ – еден од најпрепознатливите симболи на празниците во светот – денеска официјално пристигна во Њујорк, означувајќи го почетокот на празничната магија во градот кој никогаш не спие.Оваа година, елката е норвешка смрека висока околу 23 метри, донесена од градчето Ист Гринбуш во државата Њујорк. По транспорт од речиси 240 километри, масивното дрво беше поставено на познатото плоштадче пред 30 Rockefeller Plaza, каде што ќе биде украсено со повеќе од 50.000 LED светилки и ѕвезда изработена од кристали „Сваровски“, тешка над 400 килограми.Подготовките за украсување веќе се во полн ек, а официјалната церемонија на вклучување на светилките е закажана за 3 декември. Настанот, како и секоја година, ќе биде проследен со настапи на познати музички ѕвезди и ќе се пренесува во живо низ целата земја.„Овој настан не е само традиција, туку и симбол на надеж, заедништво и светлина во студените зимски денови“, изјавија од управата на „Рокфелер центар“.По завршувањето на празничниот период, елката ќе биде преработена во дрвен материјал и донирана на добротворната организација Habitat for Humanity за изградба на домови за семејства во потреба – практика што е дел од традицијата веќе неколку години.Со пристигнувањето на елката, Њујорк и официјално влегува во најчаробниот период од годината. Илјадници жители и туристи веќе се собираат околу плоштадот за да ја видат елката одблиску и да направат фотографии што ја носат истата порака секоја зима – дека празничниот дух на Њујорк е светлина што никогаш не згаснува.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.16

Израел: „Нема да има турски војници во Газа“ – Тел Авив ја одби можноста за турско учество во меѓународните сили

Портпаролката на израелската влада Шош Бедросијан денеска категорично ја отфрли можноста турски војници да бидат дел од меѓународните стабилизациски сили кои би ја презеле контролата врз Газа по повлекувањето на израелската војска.„На терен нема да има турски војници,“ изјави Бедросијан, одговарајќи на новинарско прашање за можноста Анкара да има воено присуство во појасот Газа.Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на двегодишниот конфликт во палестинската енклава предвидува формирање привремени меѓународни стабилизациски сили, кои би ја презеле одговорноста за безбедноста и воспоставување ред во Газа.Иако силите сè уште не се формирани, неколку држави бараат нивниот мандат да биде одобрен од Советот за безбедност на ОН.Американскиот амбасадор во Турција, Том Барак, претходно месецов на безбедносна конференција во Манама изјави дека Турција ќе биде дел од тие меѓународни сили, додека потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, нагласи дека Анкара ќе има „конструктивна улога“, но дека Вашингтон нема да му наметнува ништо на Израел кога станува збор за присуство на странски сили на негово тло.Со оваа изјава, Израел јасно става до знаење дека одбива било какво турско воено присуство во Газа, и покрај тоа што Турција претходно изрази подготвеност да учествува во меѓународни мировни мисии на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 месеци

media-library223hi7842ffi8DYsLt0

Десетици казни за фирми поради неправилно одлагање на отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива успешно и со полна пареа, со цел главниот град конечно да изгледа чисто и достоинствено.„Акцијата се одвива одлично. Во неа се вклучени повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила, кои работат на расчистување на јавните површини низ сите општини,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека целта не е само краткорочно чистење, туку создавање нови стандарди на одговорност и ред во градот, при што апелираше до граѓаните да се однесуваат совесно и да не го фрлаат отпадот на јавни места.„Досега се изречени десетици казни за неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој што го загрозува здравјето на скопјани.Да го чуваме Скопје,“ порача Ѓорѓиевски.Акцијата „72 часа за чисто Скопје“ започна вечерта во петокот и опфаќа механичко и рачно чистење на улиците, плоштадите, парковите и зелените површини низ сите делови на градот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library3q664t3rrh4f9Dctjtp

(Видео) Таткото на Надица која загина во „Пулс“ со потресна објава: „Тоа беше последното затворање на вратата…“

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот.„Последното затворање на врататаТоа беше обично затворање на врата…Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет.Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка,а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот,заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај.Наместо да ја чекам со внуци во прегратка,јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори.Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка,наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши.Помина време, но не и мојата болка.Надица, ти остана вечна во моето срце,во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина.И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам“, напиша Наунов.Потресната порака на таткото ја проследи со видеоснимка направена неколку часа пред трагедијата, на која неговата ќерка се гледа како заминува од домот со насмевка.Во објавата се приклучи и нејзиниот вујко, Дарко Златев, кој напиша:„Мој ангел, моја светлина, моја вечна љубов… засекогаш ќе живееш во мене. Сакам те, вујкино злато мое.“Објавата предизвика лавина емоции и поддршка на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека зборовите на Наунов се потсетник дека трагедијата во „Пулс“ не е завршена – таа сè уште живее во болката на семејствата кои изгубија најмилите.

Настани | пред 2 месеци

media-library5r8p21nm9d036JNHYpt

Во Тетово одржана панел-дискусија „Каква магија се крие зад една петка“ – наставниците се срцето на образованието

Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, денеска во Тетово се одржа третата панел-дискусија под наслов „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“.Настанот ја отвори темата за тоа како се менувал образовниот систем низ генерациите, што денес значи успех, и која е улогата на наставникот во време кога технологијата може да објасни сè, но не секогаш да инспирира.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, нагласи дека магијата на наставничката професија е во човечноста, допирот и разбирањето, кои ниту еден уред не може да ги замени. „Во минатото учењето беше трпеливо запишување и помнење, а денес тоа е анализа, селекција и создавање нови идеи. Но и тогаш и сега, вистинската магија ја создава наставникот, кој љубопитноста ја претвора во знаење“, рече министерката, додавајќи дека учителот не носи наметка, но создава магија – магијата на учењето што ја менува иднината.Милка Тримчевска, директорка на Биро за развој на образованието, истакна дека секој ученички успех започнува со наставникот, а Бирото е тука да ја поддржи таа магија преку континуирана обука и менторство.На панелот учествуваа и Даниела Апостоловска од ООУ „Братство – Миѓени“, Сихана Каба Касами од ООУ „Кирил и Методиј“ и Салих Мислими, професор во ОСМУ „Никола Штејн“ – Тетово. Тие преку лични искуства направија паралела меѓу времето кога учењето се одвивало со книги и денешното време на дигитализација, заклучувајќи дека технологијата може да помогне, но само човекот може да инспирира.Панел-дискусијата потсети дека вистинската магија на образованието не е во брзината на пристап до информација, туку во разбирањето и примената на знаењето. Наставниците, и покрај сите промени, остануваат срцето на системот што ја претвора љубопитноста во мудрост, а „петката“ во нешто многу повеќе од бројка.Кампањата „Магијата е во знаењето“ има за цел да ги афирмира наставниците како креатори на промени и двигатели на општествениот напредок, потсетувајќи дека секое знаење започнува со искра инспирација.

Македонија | пред 2 месеци

IMG_4224

Запалено возило во Аеродром – изгоре „Сеат Леон“

Ноќеска, 09 ноември 2025 година, во 00:45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во општина Аеродром било опожарено патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д. (48) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.Од МВР додаваат дека извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Возач со „Хјундаи“ удрил полициски службеник во центарот на Скопје

Рано утрово, 09 ноември 2025 година, во 04:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Ленинова“ и „Столтенбергова“ во Скопје, патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (38) од Скопје, удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.При ударот, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Од МВР соопштуваат дека извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarye34i5ivo88tqcUv3VFe

Возачот кој удри во контејнери и паркирани возила во Аеродром избегал по инцидентот, па го бркале и фатиле

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 22:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул. „Матеја Матевски“ во Скопје, патничко возило „БМВ 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А. (22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и во патничко возило „Алфа Ромео“ со демиркаписки регистарски таблички, информираат од Министерството за внатрешни работи.Возачот го напуштил местото на несреќата, но по преземени мерки од полициските службеници бил наскоро пронајден и фатен.Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

tepacka

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Аеродром – три лица вмешани во инцидентот

Во саботата, 08 ноември 2025 година, околу 18:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Ј. (19), Д.Г. (24) и Г.С. (42) – сите од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Жена пријавила дека била нападната од сопругот во Ѓорче Петров

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 21:30 часот, во СВР Скопје 33-годишна жена пријавила дека околу 15:00 часот, во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.А., соопшти Министерството за внатрешни работи.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

media-library7gnt5ohjvbqq3LulsDu

Жена и малолетен син нападнати од сопругот во скопско село

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 16:30 часот, во СВР Скопје 44-годишна жена пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во скопско село, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг В.В., информираат од Министерството за внатрешни работи.Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

mkd-416773

Работник од Виница паднал во отворена шахта – пренесен во болница

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 15:55 часот, во ОВР Виница од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив е донесен со повреди Д.Д. (43) од село Градец, виничко, соопштија од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, мажот се повредил поради пад во отворена шахта на неговото работно место, во хидроцентрала во близина на селото Градец, сопственост на правно лице.Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кочани, каде му била укажана медицинска помош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања