Кристијан Ландов

kocevski-1

Мицкоски најави можност за смена на државниот обвинител: Јавноста не е задоволна од неговата работа

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека е незадоволен од работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нагласувајќи дека истото чувство го дели и јавноста. Тој рече дека, поради тоа, логичен след на настаните би бил неговата смена.„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека „најголемиот дел од граѓаните, акламативно, мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро“, иако, како што посочи, буџетот кој го добива Обвинителството е поголем од оној што го имаат дури 75% од земјите членки на Европската Унија.„Ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во кој ќе бидам критикуван, тогаш мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави“, додаде премиерот, оставајќи простор за можноста за промени во раководството на обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3k91feeanqm1983FzCU

(Фото) Лицето кое раствори пена во Гази Баба е пронајдено, Орце најави санкции

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва објави дека е пронајден сторителот на загадувањето со хемиска пена во близина на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба, по што веднаш се преземени инспекциски и правни мерки.Според информациите од Град Скопје, инспекторите излегле на терен веднаш по појавата на фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледаше масивно истекување на хемиска пена од шахта на јавна површина. Пена била проследена до правен субјект во непосредна близина, кој, како што стои во соопштението, директно го загрозил здравјето на граѓаните и ја нарушил животната средина.„Станува збор за сериозно прекршување на законските прописи. Никој нема право да го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека утре ќе биде детално анализиран елаборатот за животна средина на фирмата, за да се утврдат причините и евентуалните неправилности во нејзините процеси.На терен биле земени примероци од шахтата, од површината на булеварот и од пеноматот во сопственост на фирмата, а врз основа на добиените анализи ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки против сторителот.„Никакво отстапување нема да биде дозволено. Секој што го нарушува законот и ја загадува околината ќе се соочи со целосната сила на институциите,“ порача градоначалникот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryobc24ntegtp35uJIcbr

Фијаско на „Милениум“: Велс ја распарчи Македонија со седум гола

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во Кардиф од Велс со 7:1, во последното коло од Ј групата на квалификациите за Светското првенство. Со овој резултат, Велс го обезбеди второто место и место во плејофот, додека Македонија ќе мора да бара шанса за Мундијалот преку Лигата на нации.По речиси две години без пораз во официјални натпревари, вечерва заврши една успешна низа на избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој доживеа тежок удар на „Милениум“ стадионот. Македонскиот состав одигра слаб меч, со катастрофални грешки во одбраната и без идеја во нападот. Единствено голманот Столе Димитриевски беше на ниво, спречувајќи уште потежок резултат.Почетокот на натпреварот влеваше надеж откако Бојан Миовски во 23-тата минута постигна погодок и намали на 2:1, а до крајот на првото полувреме Македонија имаше и неколку шанси преку Барди од слободен удар и серија на корнери. Сепак, вториот дел беше целосна доминација на домаќините.Во редовите на Велс блескаше Хари Вилсон со хет-трик, а по еден гол постигнаа Брукс, Џонсон, Даниел Џејмс и Бродхед.Овој пораз ќе остане запаметен како еден од најтешките за Македонија во последните години, а јавноста веќе бара одговори за тактичките промашувања и слабата подготовка на тимот.

Спорт | пред 2 месеци

media-librarycujdpp7t6jmfdnIBWQW

Cloudflare откри што ја предизвика глобалната интернет блокада

Компанијата Cloudflare денес официјално потврди дека големиот прекин кој ги урна илјадници веб-страници и апликации ширум светот бил предизвикан од нагол и необјаснет скок на интернет-сообраќајот во нивната инфраструктура.Според нивното првично објаснување, во краток временски интервал се забележал огромен прилив на барања кон еден од клучните системи, што предизвикало преоптоварување на серверите и „реакција во синџир“ низ повеќе центри на податоци. Од компанијата наведуваат дека нема индикации за хакерски напад, туку станува збор за внатрешна аномалија во распределбата на мрежниот сообраќај.Инцидентот предизвика глобален застој – платформи како ChatGPT, X (Twitter), Spotify, Discord, Canva и други беа недостапни или прикажуваа пораки за грешка со часови. Корисниците во различни делови од светот пријавуваа дека не можат да пристапат ниту до сопствените веб-страници, ниту до корпоративни системи што зависат од Cloudflare.По неколку часа, инженерските тимови успеале да ја стабилизираат мрежата и да ги вратат сервисите, но компанијата продолжува со детална техничка анализа за да открие што точно го предизвикало скокот на сообраќајот и како може да се спречи повторување.Од Cloudflare порачаа дека ќе објават јавен извештај со целосни податоци за инцидентот штом истрагата биде завршена, нагласувајќи дека ниеден кориснички податок не бил компромитиран.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvia8rvls5l8e7FTxbMh

(Видео) Гори облакодер во Загреб, зафатени неколку ката, пожарот се шири низ вентилацијата

Вечерва во Загреб изби голем пожар на претпоследниот кат од облакодерот „Вјесник“, а пламенот се прошири и на неколку други ката од зградата. Според информациите од загрепските пожарникари, во гаснењето се вклучени 66 пожарникари со 20 возила, додека внатрешната интервенција е прекината поради зголемена опасност.„Пожарот е и понатаму активен и се шири преку конструкциските отвори. Поради зголемен ризик, пожарникарите се повлечени од внатрешната навала. Сите станици се испразнети и се пополнуваат со резервни сили,“ соопштија пожарникарите.Според податоците на Цивилната заштита, пламенот ги зафатил 6., 9. и 12. кат од зградата, а густ црн чад се издига над делот од градот во близина на Славонска авенија, која е целосно блокирана за сообраќај.Очевидци јавуваат дека се слуша кршење на стакло, а пламенот се шири вертикално преку вентилационите отвори и техничките канали, што претставува особено голем ризик за целата конструкција.Во моментот на избивањето на пожарот во зградата немало луѓе, но состојбата на теренот, според извештаите, „и натаму изгледа лошо“, а гаснењето сè уште трае.Засега нема информации за повредени и евентуални жртви.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryv6ckb357v0a531hOCyU

(Видео) Фан на Теа Таировиќ направи колут напред и назад, проба да стои на раце – публиката во Скопје во делириум

На концертот на популарната српска пејачка Теа Таировиќ во Скопје, една нејзина обожавателка стана вистинска атракција на вечерта. Во момент на еуфорија, девојката направи колут напред и колут назад, оставајќи ја публиката во неверување и насмевка.Настанот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде снимката од акробацијата се споделува со коментари како „ова е вистинска фан љубов“ и „Теа доби конкуренција за сценски настап“.Концертот, кој се одржа во организација на „Балкан Медиа“, уште еднаш потврди дека Теа Таировиќ е меѓу најбараните регионални ѕвезди со оглед на полната сала.Ова не е првпат пејачката да има речиси распродаден настап во Македонија.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryhge3i5mf62epfob474A

(Видео) Ќе ве здоболи глава кога ќе чуете каква рутина има милионер кој сака да живее вечно

Американскиот милионер Брајан Џонсон (48) повторно предизвика лавина реакции на интернет со својата екстремна утринска рутина, која ја опиша до најситни детали – и тоа со една цел: да си го продолжи животот. Додека едни ја фалат неговата дисциплина, други иронично забележуваат дека „повеќе се труди да не умре, отколку да живее“.Џонсон, кој се збогати со продажбата на својата компанија Braintree на PayPal, во гостување за подкастот The Burnouts раскажа дека неговиот ден почнува секое утро во 4:30 часот.Од моментот кога ќе стане, го мери односот меѓу мускулната и масната маса, па веднаш потоа спроведува „светлосна терапија“. Следуваат филтрирана вода, десетици суплементи, па строго избалансиран појадок – комбинација од бобинки, протеини, маслиново масло и колаген. До 5:30, веќе ја проверува квалитетата на воздухот во домот и температурата на телото, по што следува интензивен тренинг, кој го нарекува „омилен дел од денот“.Потоа – сауна со мраз, втора рунда светлосна терапија, терапија со ударни бранови, оброк наречен „супер зеленчук“, вежби на висински симулатор и 90-минутна хипербарична терапија со кислород.Рутината на Џонсон предизвика силна дебата на социјалните мрежи. Многумина ја нарекоа опсесија со бесмртноста, додека други иронично коментираа: „Тој поминува четвртина од животот обидувајќи се да го продолжи – наместо да го живее.“„Братот поминува повеќе време не умирајќи, отколку живеејќи“, стои во еден од коментарите.Корисниците на платформите го нарекоа „жив прототип на Black Mirror“, додека некои се запрашаа дали воопшто има време за нешто друго освен биолошка оптимизација.И покрај критиките, Џонсон тврди дека неговиот експеримент носи реални резултати. „Имам срце на 37-годишник и капацитет на белите дробови како 18-годишник,“ изјави тој, додавајќи дека редовно ги следи сите медицински параметри. Сепак, критичарите остануваат скептични: иако неговото тело можеби старее побавно, прашањето е – дали неговиот живот навистина оди напред.

Медиасет | пред 2 месеци

edi-rama

Албанија постигнува рекорд – за една година ги отвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Советот на Европската Унија ја објави агендата на седмата меѓувладина конференција за членството на Албанија, која ќе се одржи утре, на 17 ноември, во Брисел, пренесува „Ора њуз“.Според официјалното соопштение, конференцијата ќе започне во 20:00 часот, со Мари Бјер, министерка за европски прашања, како претседавач. По завршувањето на состанокот, најавена е прес-конференција во 21:20 часот.Во соопштението се наведува дека конференцијата ќе го означи отворањето на Групата 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, која ги опфаќа следните пет преговарачки поглавја:Поглавје 11: Земјоделство и рурален развојПоглавје 12: Безбедност на храната, ветеринарни и фитосанитарни прашањаПоглавје 13: Рибарство и аквакултураПоглавје 22: Регионална политика и координација на структурни инструментиПоглавје 33: Финансиски и буџетски одредбиАлбанскиот премиер Еди Рама пред два дена го најави одржувањето на конференцијата, нагласувајќи дека ова претставува историски момент за земјата.„Со отворањето на оваа група поглавја, Албанија го постигнува невозможното — финализирање на сите преговарачки поглавја во рок од само 12 месеци. Ова е апсолутен рекорд во европската интеграција,“ изјави Рама.Отворањето на последното поглавје ја става Албанија на чекор поблиску до завршување на техничкиот дел од пристапниот процес и ја позиционира меѓу најбрзо напредувачките кандидати за членство во Европската Унија.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygmi2rrdopk4a4WqKzdb

(Видео) AI хорор од Холивуд: апликација за разговор со починати шокира светот

Поранешниот актер на „Дизни“, Калум Ворти (34), се најде во центарот на жестоки критики поради својата нова апликација 2wai, која им овозможува на корисниците да создадат вештачки аватари на починати блиски лица. Актерот, познат по улогата на Дез Војд во серијата Austin & Ally, ја претстави апликацијата на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина од негативни реакции и дебата за етиката на технологијата што „ги оживува мртвите“.„Што ако можеме повторно да зборуваме со нашите сакани?“Во промотивното видео, Ворти ја опиша апликацијата како „жив архив на човештвото“, поставувајќи го прашањето:„Што ако луѓето што ги изгубивме можат повторно да бидат дел од нашата иднина?“Во рекламата се прикажува бремена жена која преку апликацијата разговара со AI реплика на својата почината мајка. „Дигиталната баба“ потоа му чита приказна на внучето, зборува со него по училиште и се потсетува на сопственото породување. Рекламата завршува со слоганот:„Со 2wai, три минути можат да траат засекогаш.“Корисниците на социјалните мрежи беа едногласни – апликацијата е морбидна. Многумина ја опишаа идејата како „демонска, неетична и дегуманизирачка“.Еден коментатор напиша:„Ако некој се обиде да ме рекреира по смртта, ќе го проколнам.“Други ја нарекоа „најлошата идеја во историјата на технологијата“, додека еден саркастично забележа:„Што ако едноставно престанеме да правиме некромантија со месечна претплата?“Многумина веднаш повлекоа паралела со серијата „Black Mirror“, особено со епизодата Be Right Back, каде вдовица создава дигитална верзија на својот покоен партнер. „Не разбирам каков тип претприемач гледа епизода на Black Mirror и вели: ‘Да, ова е бизнис идеја!’“ – напиша еден твитерџија.Апликацијата, достапна за iOS, создава „HoloAvatar“ – виртуелен лик кој изгледа и зборува како реална личност, врз основа на само троминутен видео-запис. Освен аватари на блиски лица, платформата нуди и готови модели, како личен тренер, астролог или готвач, па дури и аватари на историски личности – како Шекспир и кралот Хенри VIII.Компанијата, сепак, не објасни како со толку малку податоци вештачката интелигенција може реално да ја пресоздаде нечия личност. На прашањата од новинарите не одговорија.Оваа технологија отвора сериозни дилеми – дали е морално да се „оживуваат“ починати лица и кој поседува права над нивниот дигитален идентитет. Корисниците предупредуваат дека компанијата може да ги користи создадените аватари за огласување или комерцијални цели без согласност.„Замислете вашиот дигитален татко ви препорачува намалена цена на грав во маркет“, предупреди еден корисник.Психолозите, пак, стравуваат дека овие „дигитални воскреснувања“ ќе го попречат процесот на жалење и ќе создадат зависност од лажна утеха.Истражувачи од Универзитетот во Кембриџ предупредуваат на појавата на таканаречени „deadbot-ови“ – вештачки копии на починати што можат да предизвикаат психолошка траума. Тие опишуваат сценарија во кои дигиталните „духови“ испраќаат пораки, потсетници или реклами, па дури и комуницираат со деца, уверувајќи ги дека родителот „сè уште е тука“.„Овие услуги носат огромен ризик од анксиозност, особено ако луѓето се соочат со неочекувани дигитални контакти од шокантно верни AI реплики на своите најблиски,“ изјави д-р Томаш Холанек од Кембриџ.

Свет | пред 2 месеци

1x-1-1280x640-1

За овие четири хороскопски знаци зимата ќе биде премногу тешка: ги чекаат големи предизвици

Зимата не носи само студ и кратки денови — таа често буди и внатрешни борби, сомнежи и емоционален замор. Според астролозите, четири хороскопски знаци оваа зима ќе се соочат со особено тежок период – Овен, Рак, Лав и Јарец.Недостатокот на сончева светлина, забавениот ритам и зголемениот стрес ќе ги натераат овие знаци да се соочат со сопствените граници. Но, секој предизвик може да се претвори во лекција — ако знаат како да ја насочат енергијата.Овен – кога силата удира во ѕидВашата енергија е огромна, но зимата ќе ве забави и тоа може да предизвика фрустрација. Ако постојано брзате кон резултати, а телото бара одмор, следува судир со самите себе.Совет: дозволете си пауза. Занимавајте се со нешто креативно — хоби, музика, цртање или едноставно време во природа. Ова ќе ви помогне повторно да ја пронајдете рамнотежата.Рак – борба со тишинатаКратките денови и недостигот на светлина ќе го зголемат чувството на осаменост. Како воден знак, длабоко ја чувствувате секоја промена.Совет: не се повлекувајте во себе. Создадете топла атмосфера во домот, гответе, гледајте филмови со најблиските и не заборавајте дека споделената топлина лечи.Лав – кога светлата се гасатНавикнати сте на внимание и динамика, но зимата може да донесе сомнеж во вашата самодоверба. Без активност и аплауз, Лавот се чувствува исцрпено.Совет: насочете го фокусот кон себе. Нов хоби, личен проект или духовна пракса ќе ви го вратат чувството на моќ и самопочит.Јарец – тежината на одговорностаВашата дисциплина и работна етика се извонредни, но во зима тоа може да стане терет. Ако постојано носите сè на свои плеќи, ризикувате прегорување.Совет: поделете ги обврските, одморете без грижа на совест и потсетете се дека одморот не е слабост, туку нужност. Балансот меѓу приватното и професионалното ќе ви донесе мир.Како да ги надминете зимските предизвициАко сте меѓу овие четири знаци, зимата ќе ви биде тест — но и можност за раст.🌿 Создадете свои ритуали – утринско кафе или чај, прошетка на студениот воздух, бележење мисли.🎨 Бидете креативни – пишувајте, цртајте, гответе, создавајте.💬 Негувајте односи – разговор со пријател или член од семејството е најбрзиот лек против зимскиот замор.

Магазин | пред 2 месеци

alista

Како побрзо да ја исушите облеката во зима: совети за ефикасно сушење без непријатни мириси

Сушењето облека во зимски услови може да биде вистински предизвик — особено кога сончевите денови исчезнуваат, а температурата паѓа под нулата. Со доаѓањето на студениот период, многу домаќинства се соочуваат со проблемот на бавно и неефикасно сушење, особено ако немаат машина за сушење или доволно простор за сушење во затворено.Дополнителен проблем претставува тоа што многумина избегнуваат да го вклучат греењето поради високите трошоци, што може да предизвика појава на влага и непријатен мирис на облеката.Според советите на експертите од Met Matters, постојат неколку едноставни трикови кои можат значително да го скратат времето потребно за сушење:🔹 1. Искористете го утринското сонцеНајдобро време за сушење е утрото, меѓу 10 и 14 часот, кога сончевата светлина има најголем интензитет. Ако временската прогноза најавува кратки периоди без дожд, искористете ги тие моменти и изнесете ја облеката надвор, дури и ако е само за кратко.🔹 2. Додадете дополнителна центрифугаПо завршувањето на перењето, вклучете дополнителен циклус на центрифугирање. Така ќе се отстрани вишокот вода од ткаенината, што ќе го скрати времето за сушење и ќе го намали ризикот од влага во просторијата.🔹 3. Сушење во затворен простор со движење на воздухотДоколку сушите внатре, поставете ја сушилницата близу прозорец или во просторија со добра циркулација на воздухот. Отворете го прозорецот неколку минути за да се раздвижи воздухот и да се намали влажноста.🔹 4. Кратко изложување на сонце и свеж воздухДури и неколку минути надвор можат да направат разлика — сончевата светлина и свежиот воздух го поттикнуваат побрзото испарување на влагата и помагаат да се избегне непријатниот мирис.Со примената на овие практични совети, облеката ќе се суши побрзо, ќе ја задржи свежината и ќе избегнете дополнителни трошоци за греење.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryv5lm30bt7qsb3KlOv0i

Ѕвездите советуваат: Раковите горди, Лавовите креативни, Девиците конечно завршуваат започнато

Неделeн хороскоп од 17 до 23 ноември 2025 годинаОвенРабота: Неделата ви носи нови идеи и силна желба за напредок. Искористете го моментот за да ги забрзате проектите.Љубов: Отвореноста во комуникацијата ви носи подобра поврзаност, но избегнувајте нагли реакции.Здравје: Потребно ви е повеќе одмор за стабилизирање на енергијата.БикРабота: Добивате шанса да ја зацврстите својата позиција и да расчистите со обврските што ве оптоваруваат.Љубов: Мирен период, но стара несигурност може повторно да се појави.Здравје: Внесувајте повеќе храна богата со растителни влакна.БлизнациРабота: Интензивна недела полна со информации и брзи одлуки – организацијата е клучна.Љубов: Можно е изненадување во односите или порака што ќе ве збунува.Здравје: Намалете го менталниот замор со избегнување на повеќезадачност.РакРабота: Ќе почувствувате зголемена одговорност, но и гордост за своите резултати.Љубов: Топлина и блискост, но важно е да поставите јасни граници.Здравје: Прошетки и лесна рутина ќе ви помогнат да ја ослободите емоционалната напнатост.ЛавРабота: Ве очекува можност за креативен израз и нови соработки.Љубов: Страста е нагласена, но не заборавајте да ги слушате потребите на партнерот.Здравје: Имате енергија во изобилство, но избегнувајте претерување.ДевицаРабота: Успешно завршувате нешто што долго сте го одложувале.Љубов: Односите стануваат постабилни кога ги изразувате чувствата без прекумерна анализа.Здравје: Посветете време на себе-грижа и полесна исхрана.ВагаРабота: Влегувате во фаза на јасност – полесно носите одлуки што ги одложувавте.Љубов: Во односите повторно владеат хармонија и нежност.Здравје: Ви е потребен одмор и повеќе сон.СкорпијаРабота: Ќе напредувате кога ќе ѝ верувате на својата интуиција – поддршката доаѓа од неочекувани страни.Љубов: Длабоки разговори и интензивни емоции го зближуваат односот.Здравје: Посветете внимание на хормоналната рамнотежа и одморот.СтрелецРабота: Активен период со нови можности и понуди – бидете подготвени да преземете иницијатива.Љубов: Искреноста и спонтаните дружења го зајакнуваат односот.Здравје: Лесна физичка активност ќе ви помогне да го задржите фокусот.ЈарецРабота: Сигурно напредувате и преземате водство во важна ситуација.Љубов: Време е за сериозни разговори и продлабочување на довербата.Здравје: Вратете ја редовноста во спиењето и избегнувајте претерана работа.ВодолијаРабота: Вашата оригиналност доаѓа до израз – привлекувате нови соработници и идеи.Љубов: Потребна Ви е слобода, но не заборавајте на нежната комуникација.Здравје: Пазете се од напнатост во вратот и рамената.РибиРабота: Влегувате во креативен период и лесно ги решавате старите проблеми.Љубов: Чувствата се нагласени, но носат убави моменти и поддршка од блиските.Здравје: Ви се потребни повеќе топлина, течности и одмор.

Магазин | пред 2 месеци

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Американскиот потпретседател Венс ја брани одлуката на Трамп за средбата со Путин: „Ако сакаш мир, мора да разговараш“

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп да отвори директни разговори со рускиот лидер Владимир Путин, нарекувајќи ја „важен чекор кон мирот во Украина“.Во интервју за „Фокс њуз“, Венс изјави дека многумина „погрешно ја разбираат суштината на дипломатскиот пристап на претседателот“.„Слушнав толку многу луѓе како го критикуваат претседателот на САД за разговорот со Владимир Путин. Не мора да се согласувате со неговите одлуки, но ако навистина сакате мир – мора да бидете силни, а истовремено подготвени да разговарате со луѓето“, рече Венс во емисијата на Шон Ханити.Тој ја опиша надворешната политика на Трамп како комбинација на пристапот „мир преку сила“ и спремност за преговори со добра волја, додавајќи дека „Вашингтонските медиуми не треба да одредуваат со кого американскиот претседател може да разговара“.„Доктрината на Трамп е јасна – да ја има најсилната војска во светот, да се фокусира на мирот, но без наметнување на дипломатските ограничувања што му ги диктира естаблишментот“, истакна Венс.Средбата меѓу Трамп и Путин во Алјаска во август предизвика остри реакции во Европската унија. Високата претставничка Каја Калас предупреди дека американскиот претседател „паѓа во стапицата на Москва“.И покрај критиките, Белата куќа го оцени состанокот како „позитивен чекор“ кон обновување на мировниот процес меѓу Русија и Украина. Двете страни, и Москва и Вашингтон, го поздравија дијалогот како можен почеток на дипломатско приближување.Самитот планиран за есен во Будимпешта е одложен на неодредено време, но рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека „Москва останува отворена за продолжување на контактите“.Трамп, кој веќе ја напушти стратегијата на претходната администрација за изолација на Русија, продолжи со иницијативи за директен дијалог и ги повика украинските власти да ги обноват преговорите со Москва, кои беа прекинати во пролетта 2022 година.

Свет | пред 2 месеци

media-librarytapsl2419miidHOdoZa

Украина во шок: Луксуз, златен тоалет и мито во време на војна

Украинската влада се соочува со најтешкиот корупциски скандал откако Володимир Зеленски е на власт, пишува „Фајненшл тајмс“. Слики од луксузни станови во Киев – меѓу кои и еден со златен тоалет, торби полни со кеш и снимки од високи функционери кои дискутираат за перење пари – ја шокираа јавноста и предизвикаа бран негодување во земјата која се бори во војна.Во центарот на аферата се високи државни службеници обвинети за мито во проекти за енергетска одбрана, токму во време кога граѓаните живеат со секојдневни рестрикции на електричната енергија. Според истрагата на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (САПО), службеници и бизнисмени примале провизии од 10 до 15 проценти од вредноста на договорите со државната компанија „Енергоатом“.Истражителите тврдат дека низ канцелариите на осомничените поминале над 100 милиони долари нелегални средства, а меѓу главните обвинети е Тимур Миндич, пријател и поранешен деловен партнер на Зеленски, со кого тој ја коосновал продукциската компанија Квартал 95. Миндич, кој истражителите го опишуваат како „коорганизатор на шемата“, побегнал од Украина само неколку часа пред рацијата.Меѓу осомничените се и поранешниот вицепремиер Олексиј Чернишов, обвинет дека примил 1,2 милиони долари и 100.000 евра во готовина, како и министерот за правда Герман Галушченко и министерката за енергетика Свјатлана Гринчук, кои беа разрешени од функциите откако аферата стана јавна.Протечените фотографии и снимки, објавени од независните медиуми, предизвикаа јавен шок и масовно незадоволство, особено поради насловите како „Како пријателите на претседателот ја ограбија земјата за време на војна“.Зеленски првично реагирал со молк, а дури по неколку дена побарал оставки од министрите и вовел санкции кон бизнисмените вклучени во случајот. Активистите, меѓу кои и антикорупцискиот експерт Виталиј Шабунин, го нарекоа неговиот одговор „бавен и половичен“.„Привремена суспензија, дури ни отпуштање... дали тоа е реакција на претседател кој навистина не знаел ништо?“ праша Шабунин.Политичкиот аналитичар Володимир Фесенко смета дека Зеленски се обидува да се дистанцира од аферата и особено од својот долгогодишен пријател Миндич.„Сега Зеленски се дистанцира од луѓето вклучени во случајот, но штетата е веќе направена“, изјави тој.Антикорупциските организации предупредуваат дека аферата може да ја наруши довербата на западните партнери, токму во момент кога Украина се бори за одржување на финансиска и воена поддршка.„Не можеме да дозволиме украинскиот претседател да ги изгуби остатоците од легитимитетот за време на војна. Во спротивно, ризикуваме да ја изгубиме државата“, предупреди економистот и политички коментатор Серхиј Фурса.Аналитичарите проценуваат дека оваа афера може сериозно да го дестабилизира Зеленски, особено ако истрагата открие докази што водат кон неговиот најтесен круг.

Свет | пред 2 месеци

ubistvo-noz

Ужас во Штип: 74-годишен маж ја убил соседката со нож и го закопал телото во дворот

Полицијата во Штип расчисти тешко кривично дело кое го потресе градот — 74-годишен маж е осомничен дека со нож усмртил 79-годишна жена, а потоа го закопал нејзиното тело во дворот од својот дом.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против Д.А. (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „противправно лишување од слобода“.Се сомничи дека во својот дом во Штип, без нејзина волја, ја држел Б.Н. (79) од истиот град, а потоа со остар предмет ѝ нанел убодни рани од кои починала. Телото на жената, според истрагата, осомничениот го закопал во дворот на куќата.Случајот започнал на 24 октомври 2025 година, кога сестрата на жртвата, Д.О. (84), ја пријавила нејзината исчезнатост. По неколкудневна потрага и собрани сознанија, полицијата добила судска наредба и на 10 ноември извршила претрес во домот на осомничениот. При тоа биле пронајдени предмети и траги од крв, поради што тој бил приведен и задржан во притвор од 96 часа во затворот во Куманово.По дополнително вештачење на доказите и нов распит, Д.А. детално го признал убиството и начинот на кој го извршил злосторството.Телото на убиената жена било пронајдено и по наредба на јавен обвинител дадено на обдукција. Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка кој му одредил притвор во траење од 30 дена.Овој случај предизвика шок и згрозеност кај јавноста, особено поради суровоста и начинот на кој било извршено убиството.

Македонија | пред 2 месеци

ahmeti-grubi

Ахмети со поддршка за Хашим Тачи и соборците: „Овие луѓе се сојузници на Америка, не злосторници“

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, изјави дека денеска „со ум и срце“ ќе биде на протестот организиран од Организацијата на војната на Ослободителната војска на Косово (ОВЛ УЧК) во Стразбур, јави Ора њуз.„Овој суд не суди за тоа за што е основан, туку ги суди клеветите на Србија измислени од Русија. Хашими, Кадриу, Реџепи, Јакупи и другите се сојузници на Америка и Косово, и нивното место е во Косово“, напиша Ахмети.Тој оцени дека токму во Стразбур започнала „големата неправда врз ОВК и албанскиот народ“, додавајќи дека поранешните водачи на косовската борба за независност се неправедно обвинети.„Нивната невиност е потврдена од нашите американски и европски пријатели во Хаг. Неправдата мора веднаш да заврши — целиот албански народ се залага за правда и за светоста на нашата ослободителна војна“, порача Ахмети.Протестот во Стразбур започна денеска во 13 часот пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, во знак на поддршка за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово кои се во притвор во Хаг.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryne9an54d7n0n7RdDH7P

(Видео) Јани Бојаџи: 27 април е нечистата совест на македонскиот народ, советите да се заборави минатото е како да ти дадат револвер за да се стрелаш

Режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи, во гостување во подкастот „Претрес со Ландов“, остро проговори за настаните од 27 април 2017 година, нарекувајќи ги „нечистата совест на македонскиот народ“.„Дваесет седми април и уставобранителите се нечистата совест на македонскиот народ. Не постои Македонец кој не треба да застане пред огледалото и да си ја види сопствената нечиста совест. И тоа нема врска со партии, нема врска со функции, нема врска со никого,“ рече Бојаџи во емисијата.Тој додаде дека секој граѓанин, без исклучок, ја носи тежината на тој ден, и дека дури и „неродените деца ќе ја наследат таа вина“.„Сите до еден имаме нечиста совест. За жал, дури и нашите неродени деца ќе имаат нечиста совест заради тој проклет настан. Треба да учиме од грешките – а учиме ли? Многу малку,“ изјави Бојаџи.Во продолжение тој остро ја коментираше и, како што ја нарече, „европската логика за потиснување на минатото“, оценувајќи ја како чин на самоуништување.„Идејата на оние кои ни велат: ‘Не се занимавајте со историјата, гледајте во иднината’ – е чин да ти дадат револвер за да сам си стрелаш во слепочницата,“ рече Бојаџи.Одговарајќи на прашањето на Кристијан Ландов околу неговата позната изјава дека „Македонија е детето кое секогаш го лажат“, Бојаџи потврди дека зад неа стои целосно.„Апсолутно. Само оној кој го познава минатото може да ја поднесе сегашноста и да ја предвиди иднината,“ додаде тој.

Студио | пред 2 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Од 22 до 6 часот без смет: Комунална хигиена ја тестира новата мерка во Скопје

Новоназначениот в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, Драги Митковски, изјави дека забраната за фрлање смет во периодот од 22 до 6 часот е воведена главно поради угостителските објекти и дел од фирмите кои, како што рече, создаваат најголем дел од проблематичниот отпад во градот.„Овој отпад ни прави големи проблеми. Во суштина, токму од тој начин и од тој отпад се формираат мини-депонии покрај микро-локациите. Пред сè, оваа одлука е поради тој вид на отпад, кој, за жал, најчесто се одлага токму во период кога тоа тешко се следи“, изјави Митковски за вестите на Сител.Тој потенцираше дека мерката ќе биде флексибилна и дека ќе се следат нејзините резултати на терен.„Ова е пробна варијанта која ќе се следи како ќе се одвива и ќе видиме каков резултат ќе даде“, додаде Митковски.Одлуката предвидува забрана за фрлање смет во ноќните часови, а за прекршителите се пропишани казни. Претпријатието најави засилени контроли и апелираше до граѓаните и деловните субјекти да ја почитуваат новата регулатива со цел да се намали бројот на диви депонии и да се подобри хигиената во градот.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryk7mlt5af6q0raPq5oGq

Њујорк тајмс: Демократијата умира, машините почнуваат да владеат – првиот експеримент е во Албанија

Додека довербата во демократските институции се урива, а вештачката интелигенција сè побрзо се развива, опасноста од предавање на човечките одлуки на машините расте. Албанија стана првата земја што направи вистински чекор кон т.н. алгократија – владеење на алгоритмите.Во септември, премиерот Еди Рама објави дека сите владини одлуки за избор на приватни добавувачи кои обезбедуваат стоки и услуги во вредност од над милијарда долари годишно ќе ги донесува вештачка интелигенција по име Диела. Со тоа, Албанија ја препушта контролата врз јавните набавки – област во која со години се соочува со длабока корупција – на систем што треба да биде „непристрасен“ и „ефикасен“.Сепак, авторите на текстот во „Њујорк тајмс“, Ерик Шмит (поранешен извршен директор на Google) и истражувачот Ендру Сорота, предупредуваат дека иако алгоритмите можат да ја зголемат ефикасноста, тие не можат да одлучуваат меѓу вредности – токму тоа што ја дефинира демократијата.Без транспарентност за тоа како Диела доаѓа до своите заклучоци и без механизам за жалби, граѓаните можат да се чувствуваат беспомошно и исклучено од процесот. „Алгократијата“ може да стане нова форма на авторитарност – тивка, но технолошки напредна.Авторите нагласуваат дека наместо да ја замениме демократијата со вештачка интелигенција, треба да ја искористиме технологијата за да ја направиме попаметна, поотворена и поодговорна. Пример за тоа е Тајван, каде преку платформата vTaiwan веќе една деценија се користат алатки базирани на ВИ за граѓански дебати и колективно одлучување.Со помош на ВИ, тајванските граѓани предлагаат и гласаат за политики, а алгоритмите само го мапираат мислењето и ги истакнуваат точките на заеднички интерес, наместо поделби. Така, демократијата не се заменува – се проширува.Но, прозорецот за такви решенија, велат авторите, се стеснува. Ако демократиите останат нефункционални, а ВИ станува сè помоќна, искушението да ѝ се препушти власта ќе расте.„Албанија можеби ќе ја искорени корупцијата или ќе создаде нова нетранспарентност. Но едно е сигурно – Диела ќе има многу следбеници“, предупредува „Њујорк тајмс“.

Свет | пред 2 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Закани и напад во Стајковци: младо момче пријави дека му го оштетиле возилото поради долгови

Дваесет и двегодишен жител на село Стајковци пријавил во полиција дека бил изложен на закани и оштетување на неговото возило од повеќе лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена во СВР Скопје, инцидентот се случил на 15 ноември околу 19:00 часот во селото Стајковци. М.Н. (22) изјавил дека неколку лица му се заканувале, по што побегнал. Подоцна, кога повторно ги сретнал додека управувал со своето возило, едно од лицата со дрвен предмет му го оштетило автомобилот.Како што навел пријавителот, тој и претходните денови добивал закани од лицето С.Ј., поради нерасчистени должничко-доверителски односи.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите инволвирани лица.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Трагедија во Карпош: маж пронајден мртов во својот дом

Во раните утрински часови денеска, во дом на подрачјето на општина Карпош, бил пронајден починат 55-годишен маж, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 01:10 часот, а станува збор за лицето З.С. (55) од Скопје. Екипа на Итната медицинска помош излегла на местото и констатирала смрт без видливи траги на насилство.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Скопје | пред 2 месеци

policija-2457

Брутален напад во Центар: двајца претепале и ограбиле млад скопјанец, сè снимиле со телефон

Двајца напаѓачи физички нападнале и ограбиле 28-годишен скопјанец во Центар, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 18:30 часот, кога А.С. (28) од Скопје бил пресретнат од две лица, од кои едниот употребил метален предмет. Напаѓачите му одзеле пари и му го оштетиле мобилниот телефон, а целиот напад го снимиле со мобилен уред.Настанот бил пријавен во СВР Скопје околу 20:00 часот, а полициските служби преземаат мерки за целосно расчистување и идентификување на сторителите.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-52-3040PM

Тетовска фирма пријавена за измама со меѓународен транспорт – не му платила на превозникот од Косово

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против едно правно лице од тетовскиот регион, како и против неговиот сопственик С.Д. (32) и вработениот А.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на почетокот на февруари 2025 година, пријавените како посредници се договориле со лице од Косово – сопственик на транспортна фирма – да изврши транспорт на стока од Германија до Албанија за фирма нарачател од Албанија.По успешно извршениот транспорт, албанската фирма ја извршила исплатата на средствата за транспорт кон тетовската фирма, но сопственикот и вработениот не му ги префрлиле парите на косовскиот превозник. Настанот бил пријавен во јуни, по што е спроведена истрага и поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4ujie9898cj68h8MQ2b

Две малолетнички тешко повредени во пад од електричен тротинет во Скопје

Две малолетни девојчиња се тешко повредени во несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 15 ноември околу 17:00 часот, 15-годишна малолетничка од село Инџиково, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во падот со тешки телесни повреди се здобила и таа и нејзината 14-годишна сопатничка.Повредените девојчиња биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им биле констатирани повредите. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Трагедија во Скопје: еден загинат, четворица повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Едно лице го загуби животот, а четворица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 23:10 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила меѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Х. (56) од Скопје, и патничко возило „БМВ“, исто така со скопски таблички, управувано од Ф.П. (28) од Скопје.Од здобиените повреди на самото место починал возачот на „Голфот“, С.Х., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле неговите сопатници – Н.Х. (52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје, како и Ф.М. (28) од Косово и возачот на „БМВ“-то. Повредените биле пренесени и им е укажана медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања