Кристијан Ландов

media-librarycut9q4sandas7VF7rEl

Игор Дурловски за Аца Лукас: „Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да бидеме публика на туѓи режисери“

Оперскиот пејач Игор Дурловски остро реагираше по случувањата во Кавадарци, оценувајќи дека домашната јавна сцена сè повеќе се претвора во продолжение на балканските естрадни и политички пресметки, наместо во простор за заштита на сопствениот културен идентитет.Дурловски предупреди дека одредени регионални „естрадни центри на моќ“ не само што влијаат врз вкусот на публиката, туку се обидуваат директно да навлезат и во македонските политички процеси. Според него, тоа претставува сериозна опасност за културниот суверенитет на државата.„Ако државава сака да функционира со минимална самопочит, мора да воспостави строги и транспарентни правила за организацијата и настапите на странски изведувачи,“ порача тој, додавајќи дека тоа не е рестрикција, туку „елементарна културна самозаштита“.Дурловски предлага формирање стручно тело кое ќе утврди јасни критериуми, стандарди и обврски за концертни организатори и изведувачи, со цел да се спречи, како што вели, „деградација на нашата културна сфера во сензационалистичка придружна програма на туѓи интереси“.„Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да се однесуваме како публика на настан чиј режисер никогаш не сме го избрале,“ напиша тој.

Коментари | пред 2 месеци

media-library6pb2u7nv1tl23ou6Xqd

(Видео) Аца Лукас по приведувањето во Кавадарци: „Во станица ме држеа цела ноќ – ова беше политичка порака“

Аца Лукас се огласи по синоќешниот прекинат настап во Кавадарци, каде полицијата го приведе во станица поради, како што беше соопштено, непријавен и нерегуларен концерт. Пејачот во подолга изјава тврди дека целата акција била лично насочена кон него и неговиот тим.Според Лукас, настапот бил при самиот крај кога во локалот влегла полицијата и го прекинала концертот.„Не сум уапсен, отидов со сопствено возило. Во станицата ми рекоа дека настапот не бил регуларен, дека не бил пријавен, иако неколку дена претходно испратив копија од пасош – како што секогаш правиме,“ изјави тој.Пејачот вели дека целиот бенд бил на бина, но само тој бил собран во станица.„Имам сознание дека ова е направено лично и дека има врска и со луѓе од моето најблиско опкружување и со врвот на македонската власт,“ тврди Лукас.Тој додава дека, доколку имало неправилности, надлежните требало да реагираат пред настапот, а не пред „2000 луѓе и кусур“.„Ова е како да знаете дека некој доаѓа да убие некого, а вие да реагирате дури после тоа. Сè е јасно,“ порача пејачот.Според неговите зборови, во полициската станица поминал цела ноќ, без дозвола да се врати во хотел, а утрото чекал судија за прекршоци. Притоа, како што вели, полицајците во станицата биле коректни и дури му се извиниле.„Еден човек од судот ми рече: ‘Може ли да ви се извинам во име на македонскиот народ’. Нема потреба – народот е прекрасен. Проблемот е кој го води,“ изјави Лукас.Пејачот вели дека ќе размисли дали воопшто ќе настапува во Македонија „додека овие луѓе се на тие позиции“, бидејќи се чувствува небезбедно.„Ова нема да остане неразјаснето. Ќе објавиме сè кога ќе бидеме сигурни. Не се плашиме од никого,“ додаде тој.

Настани | пред 2 месеци

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Осуден, но недостапен: Четврти ден полицијата трага по осудениот за несреќата кај Ласкарци

Осудениот за трагедијата кај Ласкарци, Ремзи Мифтари, четврти ден е недостапен за полицијата, иако има правосилна 10-годишна затворска казна и наредба за присилно спроведување во затворот „Идризово“.Од СВР Тетово потврдуваат дека уште пред четири дена ја добиле наредбата од гостиварскиот суд, но Мифтари не бил пронајден ниту дома, ниту на други локации за кои имале сознанија. Во тек се активности за негово лоцирање, но засега – без успех.Мифтари претходно ја избегнуваше казната со лекарско уверение за операција на кила на тестисите, со што успеа да добие одлагање. Но уверението истече, а тој ниту се појави доброволно во затвор ниту може да биде најден.Судот претходно му испратил покана за јавување на издржување на казната, а откако не се појавил во законскиот рок, затворот го известил судот и започната е постапка за присилно приведување. Паралелно, до граничната полиција е доставена забрана за негово легално излегување од државата.Според информациите, на ниту еден граничен премин не е регистриран излез на Мифтари, што упатува на тоа дека се крие во земјата.Мифтари, одговорен за превозот во компанијата „Дурмо турс“, заедно со сопственикот Дурмиш Белули, беше осуден на по 10 години затвор за несреќата кај Ласкарци, кога неисправен автобус полн со патници излета од патот. Во оваа трагедија загинаа 16 лица, а околу 30 беа повредени, дел со трајни последици.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqaarju2to4cg7MmZSKE

Убиен водач на навивачката група на Партизан од Земун — Белград во состојба на зголемена безбедносна мобилизација

Млад маж, идентификуван како 23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен денеска околу 11:45 часот во Нов Белград. Според српските медиуми, двајца напаѓачи на скутер без регистарски таблички му се доближиле, се вратиле назад и пукале во него со рафален оган.Пантиќ бил погоден во главата и телото. Починал на самото место, зад трафика на булеварот „Арсенија Чарнојевиќ“, во близина на спортска обложувалница. Нападот го слушнале бројни минувачи, кои во паника се разбегале.На лице место брзо пристигнале екипи на Брза помош и полицијата, која веднаш го обезбеди просторот и започна увид. Подрачјето е покриено со голем број надзорни камери, кои веќе се анализираат.Според првичните информации, скутерот што го користеле убијците е пронајден подоцна запален на Вождовац.Семејството и пријателите на Пантиќ пристигнале веднаш по нападот. Неговата сестра, видно потресена, ги молела полицајците да ѝ дозволат да го види брат ѝ.Тадија Пантиќ важел за лидер на навивачката група на Партизан од Земун и претходно двапати бил мета на напади, кои ги преживеал.Поради убиството во Белград е активирана полициската акција „Вихор 3“, а интензивно се трага по напаѓачите.

Свет | пред 2 месеци

zena-srekjna

Овие хороскопски знаци не се плашат да бидат различни — и токму затоа успеваат

Некои луѓе не се грижат дали се прифатени во општеството, ниту пак ги интересира мислењето на мнозинството. Тие знаат кои се, веруваат во себе и често одат спротивно од струјата. Иако околината понекогаш ги доживува како чудни, бунтовни или тврдоглави индивидуалци, токму овие знаци најчесто успеваат – затоа што не се плашат да бидат свои. Нивниот пат не е лесен, но е автентичен, а успехот што ќе го постигнат е целосно заслужен.ОвенОвните се родени водачи, без разлика дали некој им го признaва тоа или не. Тие нема да чекаат зелено светло за да тргнат, ниту ќе бараат потврда од другите. Нивната храброст и директност често ја шокира околината, но им ги отвора вратите кои другите и не се обидуваат да ги допрат. Иако можат да изгледаат импулсивни или тврдоглави, нивната сила лежи во иницијативата и самодовербата. Не се вклопуваат – затоа што не сакаат. И токму затоа постојано оставаат трага.ВодолијаВодолиите се визионери. Тие не се водат од туѓи правила, норми или воспоставени модели на однесување. Размислуваат однапред и често чувствуваат дека другите не ги разбираат. И навистина, на многумина им е тешко да го следат нивното темпо и оригиналност. Но Водолијата успева затоа што не се откажува од својата вистина. Во работа, љубов и живот генерално, тие привлекуваат можности што тешко се објаснуваат и градат успех под свои услови.СкорпијаСкорпиите не поднесуваат површни односи и лажни пофалби. Нив не ги интересира дали некому се допаѓаат – за нив важни се длабочината, интензитетот и сопствената вистина. Во секое поле од животот делуваат однатре кон надвор, без желба да се вклопат или прилагодат. Заради тоа често создаваат кариера или живот кој за другите изгледа фасцинантно. Не бараат туѓи мислења затоа што му веруваат на сопственото чувство, а нивниот успех доаѓа тивко – но со огромно влијание.ЈарецЈарците се познати по тоа што работат во тишина. Не им требаат потврди ниту признанија, а уште помалку ги интересираат краткотрајни трендови или туѓи очекувања. Тие знаат што сакаат и имаат трпение да го изградат, чекор по чекор. Нивната истрајност, дисциплина и силен карактер ги издвојуваат од другите. Иако некои не ги забележуваат веднаш, на крајот тие се токму оние што опстануваат – и успеваат – без ниту еден вишок збор.

Магазин | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Русија со остар одговор на мировниот план на САД: „Само воена победа може да ја заврши војната“

Високиот функционер на руската Државна дума и заменик-претседател на Комитетот за одбрана, Алексеј Журављов, остро го одби американскиот мировен план од 28 точки за запирање на војната во Украина, оценувајќи го како „отворена провокација“ и документ кој „никако не одговара на руските државни интереси“.Журављов за „Москва тајмс“ изјави дека спорот може да заврши единствено со „целосна воена победа“ на Русија и капитулација на Украина. Според него, Вашингтон има намера да ја задржи Украина како трајна стратешка закана за Русија.„Дури и намалена по територија и воена моќ, Украина би останала сериозна опасност за нас и би нè принудила да држиме значителни сили на западната граница“, рече тој. Според Журављов, заднината на американскиот план е пренасочување ресурси кон потенцијален конфликт со Кина, додека Украина служи како средство за исцрпување на Русија.Тој го отфрли толкувањето дека предложениот американски договор е усогласен со руските барања.„Чудно е некој да ги изедначува американските интереси со руските“, порача Журављов, додавајќи дека документот е создаден да ѝ користи на Америка, а не на Москва.Претседателот Владимир Путин потврди дека целосно го примил предлогот на 21 ноември, но истакна дека не постои реален дијалог бидејќи Украина не ги прифаќа условите. Тој нагласи дека Русија е подготвена да ја продолжи офанзивата, додавајќи дека е „задоволен од сегашната динамика“ на фронтот.Неименуван извор за „Гардијан“ навел дека Путин видел „атрактивни елементи“ во планот, но дека недостасуваат две суштински точки: правно обврзувачка забрана НАТО да се прошири кон Украина и уставна гаранција за нејзина трајна неутралност. Москва би прифатила членство на Украина во ЕУ само доколку воената интеграција е експлицитно исклучена, по моделот на Австрија.Според „Волстрит журнал“, мировниот план на претседателот Доналд Трамп предвидува:признавање на руската контрола врз Крим, Донецк и Луганск;формирање демилитаризирани зони;повлекувања на силите на одредени делови од фронтот;широка амнестија за сите инволвирани во конфликтот — со што би биле заштитени и руски функционери.Планот вклучува и идеја 100 милијарди долари замрзнати руски средства да се пренасочат за обнова на Украина под американска контрола, а Европа дополнително да обезбеди уште 100 милијарди долари.ЕУ остро реагираше, нарекувајќи делови од планот „скандалозни“, предупредувајќи дека тој го поткопува украинскиот суверенитет и ги легитимира руските територијални придобивки.Украинските власти порачаа дека единствен начин да се спречи идна агресија е со цврсти и обврзувачки безбедносни гаранции, а не со територијални компромиси.„Ниту едно решение донесено под туѓ притисок нема да биде прифатено,“ велат украинските функционери, нагласувајќи дека државата нема да се согласи на „губење достоинство“ по цена на наметнат мир.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf488lsrf3lbhaOYSdnM

Австрија планира забрана за носење шамии во училиштата за девојчиња под 14 години

Австрија од следната учебна година планира да воведе забрана за носење шамии во училиштата за девојчиња под 14 години, најави министерката за интеграција Клаудија Плаколм. Предлог-законот наскоро ќе се најде на расправа во Парламентот, а мерката треба да се применува од учебната 2026/2027 година.Плаколм, членка на Австриската народна партија (ОВП), изјави дека носењето шамија кај девојчињата не претставува верски ритуал, туку практика што создава „чувства на срам“, води кон „нарушена слика за телото“ и ја намалува самодовербата.Ова е втор обид за воведување ваква мерка. Во 2019 година највисокиот суд ја поништи претходната забрана предложена од истата партија, оценувајќи дека е спротивна на уставните права. Но сегашната владина коалиција — составена од ОВП, Социјалдемократската партија и либералната НЕОС — верува дека новата законска рамка ќе помине, наведувајќи дека бројот на муслимански девојчиња под 14 години во австриските училишта се зголемил од 3.000 на 12.000.Според предлог-законот, доколку ученичка носи шамија и покрај забраната, наставниците најпрво се должни да разговараат со родителите. Во случај на повторени прекршувања, родителите може да се соочат со парична казна до 800 евра.Исламската заедница во Австрија ги критикуваше плановите, обвинувајќи ја власта дека собира политички поени наместо да се грижи за благосостојбата на децата. „Целта е да се профитира од антиисламското расположение“, порачаа од заедницата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Калајџиев: Штетата од политички монтираното обвинение за Кочани ќе ја платиме сите

Правниот експерт и универзитетски професор Гордан Калајџиев остро реагираше по повод обвинението за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека процесот носи сериозни импликации.„Штетата од политички монтираното обвинение за Кочани ќе ја платиме сите!“, напиша професорот,На оваа тема, Калајџиев реагираше и пред два месеци:„Не е страшно што обвинителите згрешиле со „теоријата“ за верижна одговорност за пожарот во Кочани. Страшно е што не се работи за грешка туку за нарачка од политиката. Страшно е што сите правни авторитети се сложија дека тоа баш нема да може, а сепак си го тераат! Згора и се унапредуваат во кариерата. Уште пострашно е што судот нема храброст да не го прифати ваквото широко обвинение“, напиша професорот на социјалните мрежи.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryud6tdojutgsp4NmuVMx

AFP: Мировниот план на САД би ѝ дал на Русија територија колку еден Луксембург без борба

Спроведувањето на американскиот мировен план за Украина, во формата во која моментално се разгледува, би резултирало со тоа Русија да добие речиси 2.300 квадратни километри нова територија – површина речиси еднаква на Луксембург, пресмета француската агенција AFP, користејќи податоци од Институтот за проучување на војната (ISW).Според документот, Украина би се повлекла од речиси 5.000 км² во Донецка област и 45 км² во Луганска, додека Русија би вратила делови од Харквивската, Днипропетровската, Сумската и Чернихивската област, во вкупна површина од околу 2.770 км².AFP оценува дека планот фактички „би ѝ предал на Русија околу 20% од украинската територија, во замена за враќање на помалку од 0,5%“.Што предвидува планот?Во членот 21 од мировниот предлог стои:Крим, Луганск и Донецк се признаваат како де факто руски, вклучително и од САД.Во Херсон и Запорожје се замрзнува моменталната линија на фронтот.Русија би се повлекла од некои дополнително договорени области.Украинските сили би се повлекле од дел од Донецка област што сè уште го контролираат.Тој појас би станал демилитаризирана тампон-зона, меѓународно призната како дел од Руската Федерација, во која руските сили не смеат да навлегуваат.И двете држави би се обврзале дека нема да ги менуваат новите територијални граници со сила. САД би давале безбедносни гаранции за Украина—но тие престануваат да важат доколку Украина ја нападне Русија.Economist: Со сегашното темпо Русија би ја освојувала Украина повеќе од еден векСпоред пресметка на The Economist, ако руската офанзива продолжи со моменталното темпо, на Москва би ѝ требало до јуни 2030 година за да ги заземе Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје — а уште 103 години за целосна окупација на Украина.Весникот наведува дека од мај годинава Русија освоила само 0,4% нова територија и притоа трпи „огромни човечки загуби“. Според нивната мета-проценка, руските жртви до октомври достигнале 984.000 – 1.438.000 луѓе, од кои меѓу 190.000 и 480.000 загинати.Зелeнски: Украина е пред „еден од најтешките избори во својата историја“Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата се соочува со исклучително сложен момент.„Ова е еден од најтешките моменти во нашата историја. Украина може да се најде пред избор: или загуба на достоинството, или ризик од губење клучен партнер“, рече тој, алудирајќи на САД и нивниот мировен предлог.Зеленски посочи дека Киев ќе делува брзо, но и дека „националните интереси мораат да бидат зачувани“.„Ќе соработуваме мирно и конструктивно со Америка и партнерите. Ќе дадеме аргументи, ќе понудиме алтернативи, но нема да му дадеме на непријателот причина да каже дека Украина не сака мир“, додаде тој.

Свет | пред 2 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Европа е на раскрсница – еден пат води кон мир, другиот директно во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина ја довела Европа до „историска раскрсница“, предупредувајќи дека континентот се соочува со две можни насоки – една која нуди шансa за мир и друга која, како што рече, води „директно во војна“.Орбан повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп „не се откажал“ од намерата да донесе мир во Украина и повика европските лидери да застанат зад неговата иницијатива.„Можеме да се вратиме од оваа слепа улица и конечно да се обединиме зад мировната иницијатива на претседателот Трамп, вклучувајќи ги и бриселските бирократи. Тоа би значело лидерите кои го поддржуваат продолжувањето на војната да признаат дека во последните три и пол години ги трошеле тешко заработените пари на Европјаните на конфликт кој не може да се добие на бојното поле“, рече Орбан.Според него, алтернативата е опасна.„Ако европските лидери што ја поддржуваат војната продолжат да испраќаат пари и оружје во Украина без поддршка од САД, тогаш го отвораат патот за европско-руски судир. Европа добро знае каде води тој пат – последиците отсекогаш биле трагични“, предупреди тој.Орбан нагласи дека Унгарија јасно избрала страна:„Не постои дилема за нас – го избираме патот на мирот. Така нѐ задолжи унгарскиот народ, а тоа го диктираат и моралот и здравиот разум“, изјави премиерот, додавајќи дека во таа насока испратил писмо до претседателката на Европската комисија.

Свет | пред 2 месеци

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски назначи преговарачка делегација за разговорите со Вашингтон и Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи деветчлена преговарачка делегација која ќе учествува во разговорите со САД, Русија и другите меѓународни партнери, се наведува во указ објавен во саботата во Киев.Шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак, е именуван за главен преговарач, додека меѓу членовите на делегацијата е и Кирило Буданов, раководителот на украинската воена разузнавачка служба.Одлуката доаѓа еден ден откако Зеленски предупреди дека американскиот мировен план ја става Украина пред „многу тежок избор — или загуба на достоинството, или ризикување да се изгуби клучниот партнер“, алудирајќи на САД.Американската поддршка — важна за испораките на оружје и за обезбедување разузнавачки информации — останува од суштинско значење за способноста на Киев да продолжи да се спротивставува на руските сили.Високи украински претставници во наредните денови треба да се сретнат со американски претставници во Швајцарија за да разговараат за предложениот мировен план на претседателот Доналд Трамп. Точниот термин и локација на средбата сè уште не се соопштени.

Свет | пред 2 месеци

media-library2ocf2firt6bh7kRjinK

(Видео) Инцидентот со Аца Лукас стана политичка тема: Сопственик на српска ТВ го нападна Мицкоски, го вмеша и македонското знаме

Директорот на српската „Хајп ТВ“, Саша Мирковиќ, жестоко го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека стои зад приведувањето на српскиот фолк-пејач Аца Лукас во Кавадарци. Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека Лукас настапувал без соодветна дозвола, додека Мирковиќ спинувајќи го случувањето, вели дека наводната причина била – македонското знаме кое пејачот го носел на сцената.Инцидентот се случил доцна синоќа, кога полицијата го прекинала настапот на Лукас и го привела во станица. МВР официјално информираше дека организаторите не обезбедиле законски услови за настап и дека пејачот изведувал платен концерт без дозвола.Но Мирковиќ на ТикТок излезе со сосема поинаква верзија.„Лукас го привеле и му го прекинале настапот по наредба на премиерот Христијан Мицкоски, затоа што носел македонска, а не бугарска застава. Какво лудило е ова? Дали тој човек е Македонец или Бугарин? Пуштете го човекот да си оди дома,“ изјави тој.Мирковиќ тврди дека настапот бил „насилно прекинат“, а публиката, која купила влезници, останала без концерт.„Изигравате шерифи по Кавадарци. Зошто? Дали Мицкоски е нормален? Има ли некои пикопаценци околу него? Ништо не ми е јасно,“ продолжи Мирковиќ во својата видео-објава.Тој најави и прес-конференција на која, како што рече, ќе ги „разоткрие врските на луѓето од владата“.„Како што Мило се држеше до ’црната вдовица’, така и ти. И како што помина Мило на следните избори, така ќе поминеш и ти,“ му порача Мирковиќ на Мицкоски.На крај, му испрати поддршка на Аца Лукас:„Издржи, Ацо. Народот е со тебе. Те сака твојот брат.“Од Владата засега нема официјален одговор на обвинувањата, а МВР останува на првичната информација дека станувало збор за настап без дозвола.

Магазин | пред 2 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Шут карта: Мицкоски планира промени во Владата, двајца министри под прашалник

На почетокот на следната година се очекува мала реконструкција на Владата, во која, според неофицијални информации, ќе бидат сменети најмалку двајца министри од актуелниот состав. Промените се очекуваат во Министерството за правда и Министерството за култура, каде премиерот Христијан Мицкоски е најнезадоволен од работата на министрите Игор Филков и Зоран Љутков.Информациите за можни смени кружат со месеци, но засега Владата официјално не потврдува дека се водат разговори или дека постои конечна одлука. Сепак, Мицкоски уште пред парламентарните избори најави дека ќе има реконструкција на владината постава по стабилизирањето на институциите.Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, чија партија го предложи Филков за министер за правда, во гостувањето во подкастот „Претрес“ рече дека не слушнал за можни смени и изјави дека е задоволен од работата на Филков.И покрај тоа, незадоволството на премиерот од овој ресор е тема која периодично се отвора, особено поради недоволниот напредок во реформите во правосудството.Што се однесува до културата, смената на Зоран Љутков се смета за посигурна, поради низа критики и протести на негови колеги, уметници и културни работници. Последниве месеци Љутков интензивно преку јавни и спонзорирани објави ја промовира својата работа, но тоа не ги намали реакциите во секторот.Иако од Владата тврдат дека „засега нема договор за замени“, изворите во коалицијата велат дека одлуките ќе се конкретизираат по новогодишните празници, а реконструкцијата ќе биде претставена пред јавноста.

Македонија | пред 2 месеци

media-library3ggam2gph8ccaIJqT0v

ДУИ: Извештајот на ЕК за 2025 е најтежок досега – Владата ја доведе европската интеграција во длабока блокада

Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во 2025 година носи „најсериозни критики во последните години“ и покажува дека Владата доживеала неуспех во речиси сите клучни европски стандарди, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, на денешната прес-конференција.Според него, документот потврдува регресија во владеењето на правото, без напредок во независноста на судството и со видливо зголемено политичко влијание. Адеми потсети дека Европската комисија укажува и на несоодветното финансирање на правосудниот систем – далеку под европските препораки од 0,8 проценти од БДП за судството и 0,4 проценти за обвинителството.Тој посочи дека борбата против корупцијата бележи „нулта резултати“, при што случаите со висок профил не се решаваат, а антикорупциските институции остануваат „слаби и неефикасни“. Извештајот нотира и „видливо влошување“ на слободата на медиумите, основните права и длабока политизација на јавната администрација, придружена со економска нестабилност.„Главната порака на ЕУ е јасна – Северна Македонија не може да отвори нови поглавја без решавање на основните проблеми“, рече Адеми, најавувајќи дека ДУИ бара итни мерки за деблокирање на реформските процеси.Меѓу препораките што ги посочи се:– реформи во правосудството и зајакнување на финансиската автономија на судовите и обвинителствата;– усогласување на буџетите со европските стандарди;– деполитизација на јавната администрација;– зајакнување на независните институции;– целосно исполнување на препораките за првиот кластер „Темели“;– итно усвојување на уставните измени за продолжување на интеграцискиот процес.„Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на неуспесите на власта. Ние остануваме доследни на евроатлантскиот курс“, порача Адеми.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryd1868rcna2pm9puueJN

Албанскиот корупциски скандал ја допира и Македонија: фирмите вмешани во аферата на Балуку работеа и кај нас

Специјалната антикорупциска структура – СПАК во Тирана ја суспендираше вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку и ѝ забрани да ја напушти Албанија, поради сомнежи за местење тендери и злоупотреба на службена положба. Според соопштението, Балуку заедно со членови на тендерските комисии однапред ги договарале победниците во две големи постапки – за тунелот Логара и за надворешната обиколница број 4 околу Тирана, при што фаворизирале конкретни приватни компании и создавале неправични предности во процесот.Во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија. „ПЕ-ВЛА-КУ“ беше партнер на „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети во време на преземањето на ТЦ „Соравија“ во Скопје, а „Ѓока Констракшн“ беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар. Во Албанија, „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ фактички го градела тунелот Логара како подизведувач иако тендерот првично бил поништен.Албанскиот премиер Еди Рама не одговори дали ќе ја разреши Балуку, но го критикуваше СПАК дека се меша во ингеренциите на извршната власт. Одлуката е еден од најголемите удари на СПАК врз висок функционер во земјата и отвора дополнителни прашања за регионални врски, влијание и сомнителни деловни практики на компаниите кои настапуваат и во Македонија. Истрагата продолжува и се очекува проширување на мерките.

Свет | пред 2 месеци

media-library7qqcmuort8oscoC9krT

(Видео) Адвокатите нас повторно нѐ убија, со какви пари ќе се вратат дома?, праша мајката на загинатиот Андреј Лазаров

Васка Лазарова, мајката на трагично загинатиот млад фудбалер Андреј Лазаров, зборуваше за револтот кон адвокатите по првото судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Таа раскажа и дека нејзиниот син не успеала да го види пред трагедијата, бидејќи бил фудбалер во странство, а денот кога се вратил во Македонија таа била на екскурзија во Турција.„Си дојде во девет и пол вечерта, излезе… Јас бев во Турција и не можев ни да го видам. Толку беше“, вели Лазарова, потсетувајќи дека последен пат го видела пред два месеци, бидејќи Андреј постојано тренирал и играл фудбал.Таа зборува за скромните семејства, за децата што ги изгубија – „преталентирани, преубави, скромни“. Болката е иста кај сите мајки, вели таа, независно од тоа каде биле, што работеле или каков живот воделе.Но најтешките зборови ги упати кон адвокатите на обвинетите.„Нека се чукнат во глава… дали имаат тие деца и дали некој ден може и нивните да ги снајде истата судбина“, кажува Лазарова со огорченост.Потоа додаде:„Со какви пари ќе се вратат дома? Со кои крвави пари?“ прашува таа, алудирајќи на одбраната што, според неа, со своите постапки ги повредила родителите исто колку и денот кога ги изгубиле своите деца.Раскажува дека тие, како скромни семејства со минимални плати, се бореле да ги школуваат своите деца, да им создадат иднина – а сега ја живеат најцрната можна реалност.„Сите талентирани, здрави деца… А со постапката на бранителите денес нас повторно нѐ убија“, додава таа, но сепак признава дека од државното обвинителство добиле барем малку храброст за да продолжат да се борат .

Настани | пред 2 месеци

media-libraryg93j143dnq5s0AexH3N

(Видео) „Голем срам“ – потресна реакција по првото рочиште за трагедијата во „Пулс“

Мајката на трагично загинатиот Андреј Стојанов од кочанската дискотека „Пулс“, Светлана Стојанова, со потресна изјава по првото судско рочиште ја оголи незараснатата рана што ја носат семејствата на 63-те млади жртви.„Браво за обвинителите. Голем срам за адвокатите што ги бранат обвинетите. Како немаат чувства и осет на ваква голема трагедија, каде ни ги убија нашите деца“, вели Стојанова, прашувајќи се дали тие што ги застапуваат обвинетите воопшто можат да замислат да се најдат на местото на родителите чии животи засекогаш се уништени.Таа зборува за непроспиените ноќи, за празните домови и за страшната навика – да ги чекаат децата да се појават на вратата, иако знаат дека тоа никогаш повеќе нема да се случи.„Гледам дека има луѓе што немаат никакви чувства. Со тоа што ги бранат обвинетите, повторно ни ги убија нашите деца – а со тоа не убиваат и нас“, продолжува таа, опишувајќи ја двојната болка: еднаш за загубените деца, вторпат за секој обид трагедијата да се релативизира.Стојанова обвинува дека во „име на парата, корупцијата и богатствата“ згаснале 63 млади животи. Потсетува дека сите деца биле воспитани, културни, талентирани – младост што ја градела својата иднина, а не како што, вели, погрешно се коментирало во јавноста дека биле малолетни.„Нашите не беа малолетни. Беа полнолетни, сите талентирани. Отидоа на концерт да се забавуваат, а не отидоа да ги убијат“, завршува таа, со глас што трепери меѓу гнев, болка и безгранична љубов кон своето дете.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да обезбеди правда за ‘Пулс’ — Филипче да не глуми чесен

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека очекува судот да постапи бескомпромисно и одговорно во случајот со трагедијата во дискотеката „Пулс“, истакнувајќи дека правдата мора да биде еднаква за сите, без политички или етнички разлики.„Секој процес е отворен за јавноста, може да присуствува публика согласно законите за транспарентност. Прес-конференцијата на Филипче е срамен обид да глуми чесен, во ситуација кога цела држава знае дека има сериозни дамки – од модуларната болница, па сè до разни набавки во здравството,“ наведуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека обвинителството на Заев и Филипче мора да делува одговорно и да го испита целиот случај, без селективен пристап и политички влијанија.„Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот ‘Пулс’, да не биде компромитиран и да ги повика на одговорност сите кои се огрешиле во било каква смисла, без разлика на политичка или етничка припадност, и да не води сметка на политички пораки и притисоци, каква што е оваа алиби-прес конференција на докторот Менгеле – Филипче,“ стои во соопштението.Од партијата потенцираат дека вистината мора да излезе на виделина и дека Македонија мора да изгради систем во кој нема да има повластени и недопрени.„Овој случај е исклучително важен. Македонија мора да ги победи сите оние кои мислат дека со евтини трикови ќе ја надмудрат и ќе ја остават во калта на нивното гнасно минато. Правда мора да има — за сите,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 2 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Единствено што прави СДСМ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја истакна определбата на СДСМ за целосно расчистување на случајот, нагласувајќи дека партијата и натаму ќе продолжи со институционални и демократски механизми да се бори за откривање на целата вистина за трагедијата во Кочани и за поддршка на семејствата.„Затоа побаравме и анкетна комисија, и надзорна комисија на расправа во Собранието. Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ќе ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од оваа трагедија”, порача д-р Филипче.Тој упати и порака до родителите и целата јавност, потенцирајќи дека СДСМ од првиот ден дејствува искрено и во интерес на семејствата.„И затоа порачувам и на родителите, и на целокупната јавност, сè што правиме од почетокот до непосредно после трагедијата е барање за поддршка на семејството и откривање на вистината за овој случај”, додаде д-р Филипче.Лидерот на СДСМ категорично ги одби клеветите и обвинувања за водење на некрофилска политика, изнесени од страна на премиерот Мицкоски во неговото вчерашното интервју, истакнувајќи дека напорите на СДСМ за доследно, транспарентно и институционално да се бори за целосно расчистување на случајот и за правда за семејствата не е некрофилска политика.„Нема да се откажеме од намерата да останеме цврсто во одбраната на јавниот интерес, ќе ги искористиме сите демократски алатки кои што ни се нудат, и како политичка партија, и преку Собранието, и преку расправите кои што ги побаравме за да вистината конечно излезе на виделина”, порача претседателот на СДСМ, д-р Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

tepacka

Малолетници нападнаа 13-годишно дете во двор на училиште во Скопје, а со телефон го снимале тепањето

Во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавен нов случај на насилство меѓу малолетници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 18 ноември 2025 година во 14:30 часот, лицето Р.К. (40) пријавило дека неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал.Инцидентот се случил на 15 ноември околу 15:00 часот, во дворот на основното училиште во селото Љубош, општина Студеничани, а уште еден малолетник го снимал нападот со мобилен телефон.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Се претставил како судски службеник – измамил човек за 7.750 евра ветувајќи ослободување од притвор

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишниот Н.З. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во текот на мај 2025 година, пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда едно лице, претставувајќи се како вработен во суд, и ветил дека може да помогне неговиот син да биде ослободен од притвор за одреден паричен износ.Откако преку адвокат била изготвена жалба за притворот, измамникот во три наврати примил вкупно 7.750 евра, но договореното никогаш не било исполнето.Од МВР соопштуваат дека против Н.З. е поднесена кривична пријава и случајот е целосно документиран.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Акција во Гостивар: Приведени пет државјанки на Албанија кои го злоупотребиле туристичкиот престој

Во ноќта меѓу 18 и 19 ноември, во периодот од 23:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на гостиварската област.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при контролата во објект на улицата „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А. (49), биле затекнати и приведени четири жени од Албанија — В.А. (32), Л.А. (36), А.П. (36) и К.К. (50).Дополнително, во угостителски објект во селото Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Р.Б. (50) од Гостивар, биле затекнати уште две жени од Албанија — Е.У. (39) и Џ.К. (25).Според МВР, петте албански државјанки го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале во земјата спротивно на целта на нивниот влез. Сите се приведени во полициска станица, а против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тешко повреден пешак во Куманово – 27-годишна возачка удрила маж на улица ‘Ѓорче Петров’

Сериозна сообраќајна несреќа се случила во вторникот вечерта на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, кога патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово, удрило пешак.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата тешки телесни повреди здобил 46-годишниот О.А. од селото Тромеѓа, кој веднаш бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекарите ги констатирале повредите и му укажале медицинска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Куманово, а надлежните служби работат на утврдување на причините и околностите под кои се случил настанот.

Македонија | пред 2 месеци

kamion

Трагедија кај Дојран: Загина жена од Кина, седум мигранти повредени во несреќа со српски камион

Трагедија се случи рано утрово на регионалниот пат Валандово – Дојран, кога товарно возило „мерцедес“ со полуприколка и српски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен возач од Србија, излетало од коловозот.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата на местото на настанот починала жена – мигрантка од Кина, додека уште седум лица, исто така кинески државјани, се здобиле со повреди. Лекар од Итната медицинска помош излегол на лице место и ја констатирал смртта на жената.Според првичните сознанија, повредените мигранти без знаење на возачот се наоѓале во полуприколката на камионот, во која, најверојатно, биле сокриени при преминувањето низ земјата.Возачот С.М. (52) е задржан во Јавната здравствена установа во Гевгелија за укажување медицинска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гевгелија во присуство на јавен обвинител, а телото на починатата е предадено на обдукција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а во тек е и истрага за тоа како мигрантите се нашле во приколката и дали станува збор за организирана мрежа за криумчарење луѓе.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarylmc1nv317vobb6he2Gr

(Видео) За три минути изгорел цел плафон, пиротехниката ја договориле газдата Деко и Панчо, ја активирал битбоксерот Мартин, вели обвинителот Јанев

Со потресни и детални изјави, обвинителот Борче Јанев од Основното јавно обвинителство Кочани ја образложи обвинителната постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.Јанев порача дека не може да се прифати тезата оти одговорност треба да сноси само оној што бил на должност во моментот на несреќата, нагласувајќи дека пропустите биле системски и континуирани со години.„Безсмислени се тезите дека на одговорност треба да биде повикан само оној во чие време се случила последицата. Немаме морално и законско право. Тоа би значело дека треба да прифатиме дека обвинетите службени лица кои не биле на должност кога се случила последицата немаат вина, иако се работи за исти повторувачки пропусти. Не затаиле само обвинетите кои биле на должност. Не се работи за гледишта на обвинителството, туку за норма“, изјави Јанев.Обвинителот истакна дека од основањето на клубот до денот на пожарот никогаш не постоел противпожарен систем, ниту било каков вид заштита.„Од почетокот до пожарот не постоел противпожарен систем, немало противпожарни сектори, детектори, предупредувања. Со вакви аномалии нема одбрана од опасноста. Прозорците биле затворени и преградени со лим, вградени лесно запаливи материјали кои биле токсични во случај на согорување, а имало само еден излез за евакуација. Затоа тврдиме дека оваа дискотека работела спротивно на стандардите, законот, здравата логика и принципот на одговорност. Безбедноста таму не била компромитирана – таа никогаш не постоела“, истакна обвинителот.Во своето излагање, Јанев детално ја реконструираше кобната ноќ и ги посочи клучните фактори што довеле до катастрофата. Според него, употребата на пиротехника била однапред договорена, а вградените материјали – токсични и небезбедни – ја зголемиле смртоносноста на пожарот.„Дејан и Михајло го договориле настапот на групата ДНК и се договарале со Владимир Блажев. Пиротехниката не била случајност, туку дел од претходно договорениот сценски настап. Ваква сценографија групата користела и претходно. Веднаш по пристигнувањето, покојниот Мартин Атанасовски ги внел и активирал пиротехничките фонтани додека се изведувала песната ‘Што сака нека биде’. Плафонот веднаш се запалил, а објектот – со еден единствен излез – станал смртоносна стапица.“Јанев додаде дека вградените материјали од сопственикот Дејан Јованов се носечка причина за смртта на голем број од жртвите, бидејќи при согорување ослободувале високо токсични гасови што предизвикале задушување и губење на свест кај присутните.„Со ова обвинение тврдиме дека не само активните дејствија со употребата на пиротехниката, туку и континуираните деликти со несторување, се причината за оваа катастрофа“, заврши Јанев.Трагедијата во „Пулс“ се случи на 16 март 2025 година во Кочани, кога во текот на настапот на групата ДНК избувна пожар што за неколку минути го проголта целиот клуб. Судскиот процес продолжува на 25 ноември со воведни зборови на одбраната.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања