Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

komunalna-skopje-3

КХС: Платите се исплаќаат, долгот на Министерството за здравство од 5 милиони евра ја нарушува ликвидноста

ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ (КХС) соопшти дека платите на вработените се исплаќаат редовно, со неколкудневно доцнење, и дека компанијата останува посветена навремено да ја сервисира оваа обврска. Од претпријатието предупредија дека долгот на Министерството за здравство кон КХС, кој надминува 5 милиони евра, со децении ја оптоварува ликвидноста и е директна причина за повремени одложувања.Од КХС тврдат дека има обиди за организирање протести поради петдневно задоцнување на платите, што го оценуваат како политички мотивирано. Како пример наведуваат повеќе јавни комунални претпријатија во други општини каде, според КХС, платите каснат со месеци без синдикални реакции од ист интензитет.„Доколку Министерството го подмири долгот во целост, можеме да гарантираме дека платите нема да доцнат ниту еден ден,“ порачаа од претпријатието, апелирајќи за итна исплата на средствата.

Скопје | пред 5 месеци

soobrakjajka-izletano-vozilo

Трагедија кај Гостивар: 69-годишен маж загина во сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото на регионалниот пат Гостивар – Србиново, животот го загубил 69-годишниот Т.Ф. од селото Беловиште, соопшти Министерството за внатрешни работи.Несреќата се случила на влезот кон селото Лакавица, кога патничко возило марка „Даеву Ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од починатиот, излетало од коловозот.Од здобиените повреди, возачот починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гостивар, во координација со јавен обвинител, кој издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција со цел утврдување на точната причина за смртта.Полицијата работи на расветлување на околностите под кои се случила несреќата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryq1o20pjcbqn6cHVWhjM

Скопје потона во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Во Скопје е хаос со (не) хигиената. Полни контејнери, смет расфрлен околу нив, кабаст отпад, смрдеа и опасност од зарази.На секој чекор, во сите општини се формираат мини депонии.Кандидатот за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски преку објава на својот фејсбук профил информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС со барање за одржување итна седница, на која, како што посочува, ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот на територија на Центар и на Градот Скопје.,,Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното претпријатие воопшто не се појавува на улиците во Општина Центар и се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај боже и зарази”, пишува Герасимовски.Побарал и дополнителна механизација од неговите колеги градоначалници од другите општини во државата, за да може општината сама да го расчисти сметот, откако, како што посочува, ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје веќе пет дена не го собира сметот од улиците.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Повикуваме на масовна излезност во втор круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, вели Мисајловски

„ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ  и додава:550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори и дека граѓаните јасно покажаа во кој правец сакаат да се движи државата.На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе на советничките листи во однос на локалните избори во 2021 година, а во исто време СДС изгубиле 111.000 гласови на советничките листи во споредба со 2021 година.ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу советници во 59 општини и градот Скопје, од кои во најголем дел има апсолутно мнозинство во советите.Граѓаните покажаа дека политиките на работа, посветеност и одговорност се политики кои ги преферираат, и политики кои сакаат да продолжат.Граѓаните избраа раст и развој, одговорност и посветеност и чесна работа. Граѓаните избраа вистински луѓе на вистински места.Воедно ги повикувам граѓаните да ја заокружиме оваа огромна победа во вториот круг од локалните избори во општините каде што има втор круг. Да излезат масовно и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryr5dbb352foa4fUU9OdK

Многу кеш, сефови, имот, станови, камиони, милиони: кој е Борче Марковски – човекот зад „Марковски компани“

Името на Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“ од Битола, повторно е во центарот на јавноста откако Основното јавно обвинителство Битола побара и доби замрзнување на негов имот во Србија, вклучувајќи 10 товарни и приклучни возила и сеф во белградска банка, како дел од истрагата за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола.Борче Марковски повеќе од две децении важеше за еден од најуспешните градежни претприемачи во земјава. Основаната во 2002 година фирма „Марковски компани“ бележеше континуиран раст, со приходи над 2,7 милијарди денари годишно, повеќе од 300 вработени и висока бонитетна оценка AA+. Компанијата изведуваше градежни и земјени работи, соработувајќи со РЕК Битола, АД ЕСМ и други јавни претпријатија, а имаше и активности надвор од државата.Во 2016 година, Марковски беше именуван за почесен конзул на Белорусија во Северна Македонија, што дополнително го зацврсти неговиот углед во деловните кругови.Случајот што го стави под лупа на обвинителството започна по апсењето на Марковски од страна на Финансиската полиција, поради сомневање за местење тендер вреден околу 100 милиони денари во РЕК Битола.Обвинителството тврди дека се работи за злоупотреби при јавни набавки и договарање на услови за фаворизирање на одредени компании.Првично, Битолскиот суд му одреди куќен притвор, но по жалба на ОЈО, Апелациониот суд го замени со затворски притвор, бидејќи постоеше ризик од бегство — Марковски поседува имот и фирми во странство.Истражување на Радио Слободна Европа откри дека Марковски бил сопственик на две компании во Србија, меѓу кои и „Markovski Company“, регистрирана во Белград во 2009 година, и „Хаза изградба“, активна фирма која добивала тендери од државното претпријатие Србија шуми.Дополнително, Марковски поседувал и фирма во Македонија – „Фајкон СБ“ од Битола, каде што содружник му бил српскиот државјанин Саша Савковиќ.Случајот доби и политичка димензија. Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа, обвинувајќи дека „Марковски компани“ била дел од систем за испумпување пари од државните претпријатија РЕК и ЕСМ за потребите на „владејачката мафија“.„Од денес почнуваме со разобличување на криминалот на Марковски компани – очигледното испумпување на пари од државата и грабежот што го правеле СДС,“ наведоа од партијата.Тие посочија дека на еден тендер, наместо поевтина понуда од 100 денари по гигаџул, била прифатена понуда од 129,7 денари, што претставува 30% повисока цена и „профит од 14 милиони евра“.„Овие 14 милиони евра треба да каже каде завршиле – дали во сметки на Заеви во Бугарија и Дубаи,“ изјавија од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека судството покажува селективност, бидејќи „газдата на Марковски компани наместо во затвор, прво доби куќен притвор“.По барање на македонското обвинителство, српските органи издадоа наредби за замрзнување на возилата и банкарскиот сеф во Белград, а во Македонија беа блокирани сметки со околу 30 милиони денари, како и три стана во Скопје, градежна парцела и неколку возила, за кои постои сомнение дека претставуваат незаконски стекнат имот.Истрагата продолжува, а Марковски останува во притвор до завршување на сите доказни постапки.

Македонија | пред 5 месеци

IZBORI-GLASANJE2

Од 2017 до 2025: Драстичен пораст на неважечките гласачки ливчиња

Во последните осум години, бројот на неважечки гласачки ливчиња на локалните избори во Македонија бележи видлив пораст, при што последниот изборен циклус го потврди трендот на растечка изборна недисциплина или протестно гласање.Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња. Четири години подоцна, на изборите во 2021 година, бројот на неважечки ливчиња за градоначалници се намалил на 19.127, но кај советничките листи бил забележан повисок број — 37.959 неважечки ливчиња.На локалните избори одржани во неделата, бројките повторно пораснаа, достигнувајќи највисоко ниво досега. Според првичните податоци, кај изборите за градоначалници се евидентирани 53.724 неважечки ливчиња, додека кај советничките листи нивниот број се искачи на 50.143.Овие податоци покажуваат дека, и покрај дигитализацијата на изборниот процес и построгите контроли при гласањето, значителен дел од гласачите и понатаму погрешно го пополнуваат ливчето или намерно го прават неважечко, што ја отвора дебатата за потребата од подобра едукација на избирачите и анализа на можните причини за ваквото однесување.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryechuksfts1nt38Db6nD

(Фото) Полицајци спречија самоубиство во Куманово – спасено 34-годишно лице од „Искрин мост“

Полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица, денеска спречија обид за самоубиство во Куманово.Според информациите на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил утрово (21 октомври 2025) околу 10:40 часот, кога во полицијата била пријавена интервенција за лице кое се обидувало да скокне од „Искрин мост“ во градот.„По преземени мерки, полициските службеници успеале да го убедат 34-годишниот кумановец да се откаже од намерата,“ соопштуваат од МВР.По успешната интервенција, лицето било пренесено во Општата болница Куманово, каде му е укажана лекарска помош.

Македонија | пред 5 месеци

komemorativna-sednica-gostivar

Во Гостивар за 21 глас нема цензус, повторени избори за 60 дена

Општина Гостивар не доби градиначалник ви прв круг, но и шанса да се оди во втор круг.Во првиот круг, доколу имаше цензус, победата му избега на Ваљбон Лимани Лимани НАИ (ДУИ). Втор е Себаедин Амети од ВЛЕН.Советничката листа на Лимани имаше и предност за мнозинство во Советот, но и таа е неважечка.Според Законот, Владата ќе назначи повереник и ќе распише нови избори во рок од 60 дена.Иста е и состојбата уште во три општини.Поради недоволен цензус, првиот круг локални избори ќе се повтори, освен во Гостивар и во Маврово-Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Партиските пацови од АВМУ да донесат Упатство за платено рекламирање на Мециновиќ за втор круг

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните медиуми реагира до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми зошто не носат Упатство за право на платено политичко рекламирање на Амар Мециновиќ во вториот круг.,,Партиските пацови во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по сила на закон, мораа да донесат ново рогациско Упатство со кое на Амар Мециновиќ ќе му го овозможат правото на ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ во вториот круг!Но, овие вмроиди втор ден се прават при очи слепи. Затоа, против сите нив поименично - на чело со подлизуркото Зоран Трајчевски - ќе бидат поднесени кривични пријави и соодветни тужби за надомест на ШТЕТА (солидарна одговорност) не само од Левица како партија, туку и од Амар како физичко лице, напиша Апасиев.

Македонија | пред 5 месеци

12012023_PVRSM_Poseta_REK-Bitola_1

Истрагата за РЕК Битола се проширува преку граница – блокиран имот и во Белград

Основното јавно обвинителство Битола преку Канцеларијата за поврат на имот при Јавното обвинителство на РСМ упати итно барање до надлежните органи во Србија за замрзнување на имот – вкупно 10 товарни и приклучни возила набавени годинава за правно лице со седиште во Белград.Според обвинителството, српската компанија е сопственички поврзана со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола, против кое на 9 октомври беше отворена истрага.Од српските власти било побарано да забранат отуѓување, оптоварување или располагање со возилата за кои постои сомнение дека се набавени како посредна имотна корист од кривичните дела кои се предмет на истрагата.Дополнително, обвинителството побарало отворање на сеф во српска банка, за кој било утврдено дека го поседува осомничениот, со цел да се провери неговата содржина.Српското обвинителство ги прифатило барањата и издало наредби за замрзнување на наведениот имот.Во исто време, во земјава се замрзнати околу 30 милиони денари на сметките на осомничениот и неговата компанија. По барање на обвинителството, е изречена и забрана за располагање со дополнителен имот – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година.Станува збор за имот за кој постои сомнение дека претставува принос од казниво дело, односно може да биде предмет на идна конфискација.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

„Центар на Скопје во 10:00 – за вакво загрозување на јавното здравје во нормални држави се одговара кривично“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на, како што вели, недозволивите услови во центарот на Скопје и незаинтересираноста на институциите.„Центар на Скопје 10:00, за загрозување на јавно здравје и ширење епидемија и зараза у нормални држави кривично се одговара! Ги пребројавте ли историските резултати од изборите?... Ова е доказ дека овој град никого од избраните не го интересира, освен за граѓевинска пљачка на политичкиве трговци,“ напиша Туфегџиќ.Тој додаде дека е згрозен од однесувањето на јавните функционери, кои, според него, без чувство на одговорност или срам продолжуваат да се појавуваат во јавноста.„Најстрашно е што сите одговорни без елементарно чувство на срам сеуште се појавуваат во јавност без око да им трепне, ете затоа не излегов на гласање – нема спас,“ завршува адвокатот.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Европските лидери ја поддржаа иницијативата на Трамп за запирање на војната во Украина – Русија останува непопустлива

Високи претставници од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и Европската унија денеска издадоа заедничка изјава во која ја изразуваат својата поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, јавува Reuters.„Цврсто го поддржуваме ставот на претседателот Трамп дека борбите треба веднаш да престанат и дека тековната линија на фронтот треба да биде основа за преговори“, се наведува во изјавата на британската влада.Во документот се додава дека ќе биде засилен притисокот врз руската економија и одбранбената индустрија, сè додека „Владимир Путин не покаже подготвеност за мир“, како и дека се развиваат мерки за користење на „целата вредност на замрзнатата руска државна имовина за поддршка на Украина“.Предлогот за замрзнување на конфликтот долж постојните линии на бојното поле би претставувал значителен отстап за Украина, која инсистира на враќање на целата територија окупирана од Русија од 2014 година, вклучително и Крим.Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека е отворен за компромис и дека замрзнување на фронтот би можело да биде прв чекор кон мировен договор. Тој дури најави можен самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, иако подготовките за тој состанок се одложени.Руската страна остро реагираше на изјавите од Западот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „ставот на Русија останува непроменет“ и дека Москва не прифаќа замрзнување на конфликтот во сегашна форма.„Ова прашање е повеќепати покренувано во рамки на руско-американските контакти, и нашиот одговор секогаш бил ист – добро познат на сите“, рече Песков, кој ја минимизираше тежината на најавите од Вашингтон, нарекувајќи ги „новински извештаи“.Според Москва, прекинот на огнот би ѝ овозможил на Украина да се прегрупира и повторно да се вооружи, па затоа Русија инсистира на директни преговори за целосен мировен договор, но под услов да добие дополнителни територии под своја контрола.Иако Трамп минатата недела најави дека високите советници на САД и Русија ќе се сретнат, планираниот состанок меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е одложен, потврдија извори од Белата куќа за CNN.Причината не е официјално наведена, но според дипломатски извори, две страни имаат различни визии за крајот на руската инвазија. Засега не е познато дали одложувањето ќе влијае на најавениот самит меѓу Трамп и Путин во Будимпешта.

Свет | пред 5 месеци

media-librarye3i3itjn9elm6kQlnuS

Украински специјалци ликвидирале 13 руски војници во операција на северниот фронт

Украинските Сили за специјални операции (ССО) спровеле тајна офанзива на северниот фронт во Слобожаншчина, при што биле ликвидирани 13 руски војници, јавува Ukrainska Pravda повикувајќи се на официјално соопштение од украинската армија.Акцијата ја извеле припадници на Alpha групата од 1. одред на 144. центар за специјални операции. Според извештајот, украинските специјалци неприметно ја преминале првата линија на фронтот и влегле на територија под контрола на руските сили, каде што по кратко извидување извршиле изненаден напад и уништиле руски единици засолнишни во земјани утврдувања и на огнени позиции.По првиот напад, украинските борци останале преку ноќ на заземените позиции, поставувајќи заседа за руските појачувања. Неколку часа подоцна следел и втор удар, во кој – според украинските извори – биле уништени уште неколку руски јуришни групи.„Благодарение на решителните дејства на војниците и координираната работа на беспилотните летала и минобацачките единици, потврдени се 13 елиминирани руски војници како резултат на специјалните операции,“ се наведува во соопштението на ССО.Како што е вообичаено за вакви мисии, времето и точната локација на акцијата не се објавени. Од ССО додаваат дека групата успешно се повлекла и веќе се подготвува за следниот задаток.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryvnicqsap15at7Edv2gK

Студија: Брзото губење на заби кај повозрасните може да биде предупредувачки знак за повисок ризик од смртност

Нова студија објавена во списанието Science Alert открива значајна врска помеѓу брзината на губење на забите во постара возраст и зголемениот ризик од смрт. Истражувањето укажува дека губењето на заби не е само стоматолошки проблем, туку и важен индикатор за целокупната здравствена состојба.Истражувачи од Универзитетот Сечуан во Кина анализирале податоци за 8.073 лица во поодмината возраст, следејќи го темпото со кое ги губеле забите и стапката на смртност во просек од 3,5 години.„Кај повозрасните лица, ризикот од смртност значително се зголемува со побрзо губење на забите, без разлика на почетниот број заби“, наведуваат научниците. Врската останала валидна дури и кога биле земени предвид фактори како возраст, пол, образовно ниво, физичка активност и консумирање алкохол.Научниците не тврдат дека самото губење на забите директно предизвикува смрт, туку дека здравствените состојби кои доведуваат до губење на забите — како хронични воспаленија, срцеви заболувања или недоволна исхрана — воедно го скратуваат животниот век.Причините зад оваа поврзаност сè уште не се целосно разјаснети. Истражувачите посочуваат дека воспалителните процеси, неправилната исхрана, дебелината и стресот може истовремено да влијаат и врз губењето на забите и врз развојот на други болести. Луѓето со помалку заби често имаат потешкотии при џвакање и консумираат помалку хранливи материи, што дополнително го ослабува организмот.Студијата ја нагласува критичната важност на редовната стоматолошка грижа како дел од севкупното здравје. Редовни посети на стоматолог, темелно миење на забите двапати дневно и прекин на пушење се клучни мерки за зачувување на оралното здравје.„Нашите резултати укажуваат дека следењето на темпото на губење на забите може да биде важен параметар за предвидување на здравствените ризици кај повозрасните лица“, наведуваат авторите.

Магазин | пред 5 месеци

media-libraryamor4ttv1kji9rJ7lw7

ВЛЕН за Таравари: Oтиде за шест, остана со четири, заврши со нула општини

ВЛЕН исрати порака до довчерашниот партнер Таравари. Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат од ВЛЕН.„Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари.Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси. Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула“, велат од Коалицијата ВЛЕН.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ: „Филипче без кредибилитет, СДС во терминален стадиум“

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа по завршувањето на локалните избори, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал историски изборен пораз под водство на Венко Филипче.„Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС. Дебаклот што се случи на овие избори е доказ дека партијата тоне во ароганција, аздисаност и води политики спротивни на интересите на народот“, велат од опозициската партија.Според податоците што ги објави ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ освоила околу 126.000 гласови на советничките листи, што е убедливо најслаб резултат во нејзината историја. Партијата добила само 230 советнички места, што е 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ.Во споредба со локалните избори во 2021 година, СДСМ изгубила околу 110.000 гласа и приближно 170 советнички мандати.„Да биде трагедијата уште поголема, СДС е трета, четврта, па дури и петта партија во повеќе општини – Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Могила, Куманово, Шуто Оризари и во самиот град Скопје“, се наведува во соопштението.Од партијата потсетуваат дека СДСМ го изгубила и својот бастион – Струмица, уште во првиот изборен круг, и додаваат дека тенденциите се дека ќе ги изгуби речиси сите општини во вториот круг.„Потребна е оставка од Филипче и итни реформи во СДС. Овие резултати се срамни за некогаш големата партија. На Македонија ѝ треба опозиција што ќе биде коректив, а не опозиција водена од човек без кредибилитет“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-11-27-at-14.20.57

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на локалните избори освоила 550 советнички места, што е за 82 повеќе од минатите избори, додека СДСМ добила 230 советници, односно 166 помалку во однос на 2021 година.Од партијата нагласуваат дека историската победа во 33 општини во прв круг е доказ за „чесната работа, посветеноста и реализираните проекти“ на локалните власти и на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.„Со 50 проценти подобар резултат од 2021 година, кога освоивме 22 градоначалници во прв круг, сега имаме 33. Победивме и во бастионот на СДСМ – Струмица, каде што граѓаните им кажаа збогум на неуспешните политики на Заев и Филипче“, се наведува во соопштението.Покрај Струмица, ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички мандати во повеќе општини кои досега биле под власт на СДСМ, меѓу кои Делчево, Берово и Старо Нагоричане.Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ добила околу 325.000 гласови за градоначалници и 302.000 за советнички листи, што претставува пораст во споредба со изборите од 2021 година.Партијата победи во следниве 33 општини:Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип.Во уште 20 општини, меѓу кои Аеродром, Карпош, Кичево, Кочани и Валандово, како и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ влегува во втор круг со водство.„Со 550 советнички места наспроти 230 на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник. Граѓаните направија вистински избор – за секое маало, за секоја општина и за Македонија која се движи напред“, наведуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека оваа историска доверба од граѓаните е „и чест, и обврска“ – да продолжат со чесна и принципиелна работа во интерес на народот и државата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryssab59jq7gv13DjUjOn

Шефот на руската разузнавачка служба: „Светот е во најнестабилниот безбедносен момент од Втората светска војна“

Светот се наоѓа во најнестабилниот безбедносен период по Втората светска војна и неопходна е подготвеност за компромис за да се избегне нов глобален судир, изјави директорот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР), Сергеј Наришкин, пренесе агенцијата РИА Новости.„Светот денес го доживува најкревкиот момент за меѓународната безбедност по Втората светска војна — период на квалитативна трансформација на глобалниот поредок“, изјави Наришкин.Тој посочи дека се води „жестока борба“ меѓу големите глобални и регионални центри на моќ околу тоа кој ќе ги дефинира правилата на идниот светски поредок.„Нашата заедничка, а можеби и најважна задача, е да се осигураме дека прилагодувањето на новата реалност ќе помине без голема војна, какви што се случувале во минатите историски епохи“, нагласи Наришкин.Раководителот на СВР ја повтори и позицијата на Кремљ дека администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски го блокира мировниот процес во Украина.Русија ја започна војната во Украина со целосна инвазија во февруари 2022 година, што предизвика најголема геополитичка и безбедносна криза во Европа по завршувањето на Студената војна.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Во 33 општини следува втор круг, во четири ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните официјални резултати од локалните избори одржани на 19 октомври. Според податоците, во 43 општини изборот на градоначалник е завршен во првиот круг, додека во 33 општини ќе се гласа повторно на 2 ноември. Во уште четири општини гласањето ќе се повтори поради недоволен цензус.Излезноста на изборите изнесува 46,63 проценти, односно своето право на глас го оствариле 854.620 граѓани.Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно оригиналните записници од сите општински изборни комисии, втор круг ќе има во 33 општини.„Во вториот изборен круг за победник се смета кандидатот кој ќе освои повеќе гласови – без изборен цензус“, изјави Кондарко.Најголемо внимание привлекува изборот во Град Скопје, каде во вториот круг ќе се натпреваруваат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.Во четири општини – Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа – гласањето ќе се повтори во рок од 60 дена поради недостигање на потребниот цензус од една третина од избирачите.ДИК ги објави и освоените советнички мандати по општини, со што официјално се заокружени првичните резултати од локалните избори за градоначалници и советници, како и за градоначалник и Совет на Град Скопје.Рокот за поднесување приговори за сумираните резултати започна синоќа во 22 часот и ќе трае 48 часа, односно до 22 октомври во 22 часот, додека рокот за приговори за текот на гласањето истекува денеска во 19 часот.Кондарко нагласи дека приговорите се поднесуваат исклучиво лично во ДИК, а не преку пошта или електронски пат.ДИК вечерва ги отфрли како неосновани приговорите поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска (за градоначалник на Центар) и од Група избирачи Јане Димески (за советничка листа во истата општина).Со ова, како што истакна претседателот на Комисијата, се заокружува 147. седница на ДИК, бидејќи нема нови приговори за заштита на избирачкото право.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrs43m8itlat3azRL2fX

Џо Бајден ја заврши терапијата со зрачење – ќерката објави фотографии: „Пресреќни сме“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) ја заврши терапијата со зрачење поради карцином на простата од четврти степен, кој се проширил и на коските, пренесе New York Post.Бајден го одбележал крајот на третманот на Одделот за радијациона онкологија во болницата „Penn Medicine“ во Филаделфија, каде што учествувал во традиционалната церемонија на „ѕвонење на ѕвончето“ – симбол на крајот на терапијата за пациенти со рак.Неговата ќерка Ешли Бајден го сподели моментот на Instagram, објавувајќи видео на кое нејзиниот татко со насмевка удира во сребрено ѕвонче додека медицинскиот персонал аплаудира.„Ѕвончето ѕвонеше!“, напиша Ешли, додавајќи: „Бескрајна благодарност до неверојатните доктори, медицински сестри и целиот тим на Penn Medicine. Пресреќни сме.“Портпаролот на Бајден потврди за CBS News дека поранешниот претседател ја завршил терапијата, за која јавноста првпат беше информирана на 11 октомври.На Бајден му бил дијагностициран агресивен, но хормонално чувствителен облик на рак на простата во мај годинава, со висок ризик – Gleason резултат 9 од 10. Лекарите истакнале дека болеста реагира на комбинација од лекови и зрачење, но засега не е познато дали ќе следи дополнителен третман.Грижата за здравјето и возраста на Бајден растеше уште во последната година од неговиот мандат, а дијагнозата повторно ја отвори дебатата за тоа дали се борел со болеста додека бил на функција.Во саботата, Бајден — видливо ослабен, но насмеан — се појави во јавност за првпат по неколку недели, присуствувајќи на вечерна миса во црквата „Свети Јосиф“ во Делавер.Ешли Бајден објави и семејна фотографија со татко ѝ, поранешната прва дама Џил Бајден и нивните внучиња.„Тато беше неверојатно храбар во текот на целото лекување. Неизмерно сум благодарна“, напиша таа.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Одложен состанокот меѓу советниците на Трамп и Путин – неизвесност околу планираниот самит во Будимпешта

Плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за брз состанок со рускиот претседател Владимир Путин се доведени во прашање, откако подготвителниот состанок на нивните надворешнополитички советници е ставен во мирување, пренесе CNN, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.Состанокот меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој требаше да се одржи оваа недела, е одложен, потврдија извори од Белата куќа. Иако причините не се целосно познати, дел од дипломатските извори наведуваат дека двајцата имале различни очекувања околу можниот крај на војната во Украина.Оваа одлука, според CNN, може да го загрози планираниот самит меѓу Трамп и Путин во Будимпешта, кој беше најавен како можен чекор кон дипломатско решение на конфликтот.Белата куќа, сепак, тврди дека американскиот претседател останува посветен на дипломатскиот пат.„Претседателот Трамп постојано работи на пронаоѓање мирно и дипломатско решение за овој бесмислен воен судир и ќе направи сè што е во негова моќ да го запре крвопролевањето“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.Рубио и Лавров во понеделникот телефонски разговарале за „следните чекори“ по разговорот меѓу двајцата претседатели минатата недела. Во соопштението на американскиот Стејт департмент се наведува дека Рубио „нагласил дека наредните дипломатски ангажмани се шанса Москва и Вашингтон да придонесат кон трајно решение на руско-украинскиот конфликт, во согласност со визијата на претседателот Трамп“.Кремљ, пак, разговорот го опиша како „конструктивна дискусија“ за конкретни чекори кон спроведување на договореното меѓу двајцата лидери.Сепак, извор од американската администрација изјавил дека руската страна не покажала суштинска промена на ставовите, што ја намалува веројатноста за скорешен состанок меѓу Трамп и Путин.Последната средба меѓу двајцата претседатели се одржа пред повеќе од два месеца, во Анкорејџ, на Алјаска, и траеше речиси три часа без конкретен резултат.Трамп во последните денови повторно повика на итен прекин на војната во Украина, велејќи:„Треба да се сопре насилството по должината на линијата на фронтот – инаку ова никогаш нема да заврши. Запрете се таму каде што сте.“

Свет | пред 5 месеци

1-5

Уставни измени по изборите, eвропратеникот Томас Вајц: Македонија покажува напредок, но без уставни измени нема почеток со ЕУ

Македонската Влада постепено ги спроведува обврските поврзани со малцинствата, безбедноста и инфраструктурните проекти, но земјата сè уште нема направено вистински пробив на европскиот пат, оцени известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц.„Северна Македонија и понатаму е блокирана од Бугарија. За жал, прашањата поврзани со идентитетот го кочат напредокот на земјата“, изјави Вајц за Европската новинска редакција (ЕНР), дел од која е и МИА.Тој изрази надеж дека по локалните избори ќе бидат усвоени уставните измени за внесување на бугарската заедница во Уставот, што, како што рече, ќе го отвори патот за вистинско започнување на преговорите со Европската Унија.„Македонија е формално дел од пристапниот процес, но реално преговорите сè уште не се почнати. Тоа мора да се случи наскоро, за земјата да остане на вистинскиот пат“, порача Вајц.Западен Балкан – различна динамика на напредокГоворејќи за останатите земји од регионот, Вајц оцени дека Црна Гора би можела да стане 28. членка на Унијата до 2029 година, поради брзите реформи, додека Албанија, според него, бележи напредок и во борбата против корупцијата и во владеењето на правото.За Босна и Херцеговина, европратеникот оцени дека земјата се соочува со „длабока политичка нестабилност и недостиг од модерна граѓанска држава“.Во однос на Србија и Косово, Вајц истакна дека двете страни мора меѓусебно да се признаат за да продолжат на европскиот пат.„Проблемот на Србија не е само Косово, туку и назадувањето во демократијата, медиумските слободи и независноста на судството. Србија стана заробена држава, во која институциите се под контрола на партијата на претседателот Александар Вучиќ“, изјави Вајц.Тој додаде дека се сомнева во искрената намера на српската влада за влез во ЕУ.„Ако сакаме да го интегрираме регионот, мора да разговараме со српскиот народ, но не сум сигурен дека владата на Вучиќ навистина сака членство. Тој седи не само на две, туку на најмалку три столчиња – меѓу Кина, Русија, ЕУ и неговиот проект ‘српски свет’“, изјави Вајц.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryuaro3bt3pc6nf0WY4xQ

Продолжи судењето за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина – сведочеа директорот Попов и ветеринар од АХВ

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот со закланите коњи во скопската Зоолошка градина, кој произлезе од кривична пријава на МВР поднесена во 2022 година против тогашниот директор и петмина вработени.На денешното рочиште сведочеа актуелниот директор на Зоолошката градина, Зоран Попов, и официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).Попов потврди дека во рамки на институцијата постои можност за кланица, но нагласи дека од неговото доаѓање во 2022 година не се користело коњско месо за исхрана на животните. Според неговите зборови, од постари колеги дознал дека во минатото постоела таква практика.Ветеринарот од АХВ сведочеше дека лично ги видел десетте заклани коњи, како и две живи грла во депото на Зоолошката градина. Тој изјави дека за животните не бил приложен здравствен сертификат, што претставува прекршување на Законот за идентификација и регистрација на животни.„Освен договорот со КПУ Идризово, не беа приложени други документи. Поради тоа беа изречени прекршочни платни налози, месото беше уништено во ‘Дрисла’, а живите коњи беа вратени во затворот“, изјави сведокот.Тој додаде дека не му е познато што се случило со животните по нивното враќање во Идризово, но потврди дека и во минатото, за време на неговото стажирање, во ЗОО се користело месо од изнемоштени животни за исхрана на месојадите.Случајот предизвика голема реакција во јавноста во 2022 година, кога беше обелоденето дека во скопската Зоолошка градина биле заклани коњи наводно за храна за дивите животни. Поранешниот директор Кристијан Стаменов, кој тогаш тврдеше дека коњите биле добиени од Агенцијата за запленет имот, беше разрешен од функцијата.

Скопје | пред 5 месеци

media-library1pb0nsh66cmmeQh3fBH

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој во вториот круг влегува како претставник на владејачката коалиција, објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој додаде дека благодарност должи на сите кои ја препознале неговата визија и ја дале својата доверба во првиот изборен круг.„Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-56-7910PM

Тетовец се обидел да ги убие родителите и го пробол вујкото со нож

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишен жител на селото Челопек, осомничен за кривични дела загрозување на сигурноста и насилство, поради инцидент што се случил на 16 октомври.Според истрагата, младиот маж прво се заканувал на своите родители и ги избркал од домот, откако тие одбиле да му дадат пари. Тие побегнале кај нивниот роднина, но осомничениот за кратко време пристигнал и со нож во раката се обидел насилно да влезе во куќата, каде имало и две деца.Во дворот се однесувал агресивно, удирал по вратата и се заканувал на сите присутни. Една од жените со децата избегала преку прозорец, но осомничениот ја скршил вратата и влегол внатре, каде што го прободел сопственикот на куќата – својот вујко, кој се обидел да го смири. По нападот, тој побегнал од местото на настанот.Јавниот обвинител до Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори насилството.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања