(Видео) Вучиќ: Нападот во „Чациленд“ е терористички чин со политички мотив
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нападот што се случи во импровизираниот камп наречен „Чациленд“ во белградскиот Пионирски парк, при кој беше ранет едно лице, има политички мотив и го оцени како терористички чин.„Мразата што ја поттикнуваат поединци од политиката и медиумите доведе до овој напад“, рече Вучиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека мотивот на напаѓачот е „недвосмислено политички“.Тој откри лични податоци за уапсениот и детали за оружјето што било користено, наведувајќи дека осомничениот со себе носел и канта бензин со намера да предизвика пожар. Вучиќ потоа нареди на јавноста да ѝ се прикажат снимките од ранувањето, апсењето и испрашувањето на осомничениот.„Желиме успешна операција и брзо закрепнување на господинот Богдановиќ“, рече Вучиќ, упатувајќи повик до своите приврзаници да се воздржат од собирања и одмазда, нагласувајќи дека „осветата никому не донела добро“.Инцидентот предизвика големо внимание во Србија, бидејќи станува збор за насилство во центарот на Белград и за инцидент што властите го карактеризираат како напад со политичка позадина.
Свет | пред 4 месеци