Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Ја запрев војната во Газа, Нетанјаху ќе се бореше со години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично го спречил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја продолжи војната во Газа, тврдејќи дека без неговиот притисок конфликтот би траел со години. Во интервју за магазинот Тајм, Трамп рече дека Нетанјаху бил решен да ја продолжи војната без ограничувања, но тој успеал да го убеди да ја прифати неговата мировна иницијатива. „Тој би продолжил, можело да трае со години, но јас го запрев и сите се обединија кога го направив тоа“, изјави Трамп.Американскиот претседател откри дека го предупредил израелскиот премиер со зборовите: „Биби, не можеш да се бориш против целиот свет. Можеш да водиш одделни битки, но целиот свет е против тебе“. Тој го опиша израелскиот напад врз преговарачи на Хамас во Катар како „ужасен“ и „тактичка грешка“, но додаде дека токму тој инцидент бил еден од клучните моменти што довеле до обединување на страните и до постигнување на прекин на огнот.Трамп нагласи дека неговата администрација успеала да воспостави рамнотежа меѓу дипломатски дијалог и притисок кон блиските сојузници, што, според него, било пресудно за спроведување на неговиот мировен план. Тој исто така потенцира дека американската политика останува јасна во однос на анексијата на Западниот Брег: „Тоа нема да се случи, бидејќи им дадов збор на арапските држави. Израел би ја изгубил целата поддршка на САД доколку се одлучи за тоа“, изјави Трамп.Во меѓувреме, потпретседателот Џеј Ди Венс, кој престојуваше во Израел во обид да го зајакне мировниот процес, остро ги осуди предлозите на израелските десничарски пратеници за анексија на Западниот Брег, нарекувајќи ги „глупав политички трик“ и „навреда“.На изјавите на Трамп реагираше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој порача дека Израел е суверена држава која сама ги носи своите безбедносни одлуки. „Една недела велат дека Израел ги контролира САД, следната дека САД го контролира Израел. Тоа се бесмислици. Имаме партнерство и заеднички вредности и цели“, изјави Нетанјаху.Изјавите на Трамп доаѓаат во чувствителен момент за регионот, во време кога и покрај објавениот прекин на огнот, тензиите меѓу Израел и Хамас сè уште се високи, а меѓународната заедница внимателно ги следи потезите на Вашингтон и Тел Авив.

Свет | пред 4 месеци

media-library03q8op488bnca6F80TC

Центар на нозе – сите вработени ангажирани во расчистување на сметот, ситуацијата е алармантна, посебен третман на отпадот од рестораните

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска на прес-конференција најави итни мерки за справување со кризата со сметот која го зафати не само Центар, туку и целиот град.„Скопје се соочува со сериозна еколошка криза. Комунална хигиена со денови не го собира сметот, очигледно е дека оваа состојба нема брзо да се реши. Целиот град е затрупан со отпад, имаме хигиенски, здравствени и епидемиолошки проблем. Пристигаат информации дека се појавуваат глодари, состојбата е крајно алармантна“, изјави Герасимовски.Тој информираше дека Општина Центар прави мобилизација на сите свои ресурси.„Од денес сите вработени во Општината и во ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар’ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности и ги пренасочуваме вработените да помогнат во справување со проблемот. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност“, нагласи градоначалникот.Како дополнителна мерка, Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) ќе воспостави посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад.„Ги повикуваме сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни или тројни кеси, за да биде подобро заштитен. Веќе утре ќе објавиме информации за сите локации, а угостителите ќе бидат директно информирани“, најави Герасимовски.Тој заклучи дека општината ќе продолжи да координира со сите релевантни институции за надминување на кризата и превенција на евентуални здравствени ризици за граѓаните.

Скопје | пред 4 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите во Центар

Градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција информираше дека Штабот за заштита и спасување донел итни одлуки за справување со кризата со сметот, а како една од тие заклучоци е спроведување на итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките на територија на Општина Центар.„Ќе одржам средба со директорите на сите училишта и градинки во Центар, со цел да се координираме за безбедноста на децата. Ќе побарам викендов итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките, како и мапирање на кризни точки во близина на училиштата. Мора да се спречи сметот да се трупа во близина каде престојуваат нашите деца“, рече Герасимовски.Тој, потенцираше дека општината врши вонредна дератизација.„Во сите 1980 шахти се фрла серитифициран препарат. Но потребно е да се спроведе дератизација и во сите згради. Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Испраќам отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика. Ова е момент кога треба да покажеме општествена одговорност и солидарност“, истакна Герасимовски.Герасимовски, испрати отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика, посочувајќи дека ова е момент кога треба да покажеме општествена одговорност и солидарност.„Општинската инспекција ќе биде постојано на терен, со задача да врши контрола на несовесно фрлање на ѓубре од градилишта, дуќани и фирми. Казните ќе бидат ригорозни за секое несовесно однесување. Засилена дератизација и дезинфекција ќе спроведеме на сите јавни површини, паркови и подрумски простории“, порача Герасимовски.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryvn3r79d5q8e363MClMJ

(Видео) „Додека ние маршувавме со сликите на нашите деца, тие седнаа заедно на кафе“, се бара притвор за обвинет во случајот „Пулс“

Светлана Стојанова, мајка на загинатиот Андреј Стојанов, во емисијата „Претрес со Ландов“ откри дека заедно со другите родители на жртвите поднеле барање за замена на мерките на претпазливост за обвинетиот Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани и обвинет во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“.Стојанова објасни дека родителите ја донеле оваа одлука по саботниот настан кога го виделе Димитровски во ресторан во друштво со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани и, според нив цитирајќи го обвинението, лице кое во постапката има својство на оштетен. Според нив Димитровски не смеел да се среќава со грозданов зошто имал забрана од судот.„Тие се одлучиле баш во тој момент да прават средба, да излезат на кафе, не знам што им била целта, ама тоа е толку нечовечки. Денес поднесовме предлог-барање за определување на други мерки на претпазливост до ОЈО Кочани, ОЈО Скопје и Кривичниот суд, бидејќи Димитровски има забрана за приближување или контакт со лице кое се јавува како оштетен во случајот — Влатко Грозданов“, изјави Стојанова.Таа додаде дека средбата се случила токму во моментот кога родителите одржувале протестен марш во Кочани, посветен на жртвите од трагедијата.„Не знам како можеле баш во тој час, кога ние родителите маршувавме со сликите на нашите загинати деца, тие да седнат на кафе. Тоа боли“, рече мајката на Андреј.На прашањето дали е разочарана што Обвинителството само не реагирало по службена должност, таа одговори:„Нашето разочарување се виде на 16 март. Поголемо разочарување од тоа нема.“Родителите очекуваат институциите да постапат по нивното барање и да ги заштитат, како што велат, достоинството и довербата во правдата, која ја бараат речиси една година по кочанската трагедија.Целиот тежок разговор за случајот:

Македонија | пред 4 месеци

media-library71rg258agqc86echgtr

(Видео) Амар Мециновиќ: Левица станува обединувачка сила во Скопје, ќе ги раскинеме сите штетни договори за 72 часа

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг и дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. „Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг“, рече тој.Мециновиќ истакна дека Левица ќе ја преземе улогата на обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје. „Нашата улога како обединувачка сила е очигледна, и тоа е одговорност, но и привилегија. Испишуваме нови страници во политичката историја на Македонија“.Понатаму, во своето обраќање, Мециновиќ најави дека Левица е во разговори со неколку независни листи за можност за соработка во Градскиот совет. Како што истакна со дел од независните листи, како Зелен Хуман Град, веќе имале заеднички ставови и гласања во претходниот мандат. „Верувам дека и овојпат можеме да најдеме заеднички точки на интерес“, изјави тој.Моменталната политичка ситуација Мециновиќ ја оцени како мобилизација против владината политика, посочувајќи дека владата, според него, ја злоупотребува кризата со отпадот во Скопје. „Владата сакаше до крај да ги истроши скопјани, за потоа да прави театар со нивното здравје. Тоа е доказ дека имаме деструктивна власт“.Кандидатот на Левица порача дека партијата во следниот период ќе понуди алтернатива која ќе биде проактивна и фокусирана на интересите на граѓаните, а не на лични агенди. „Не сакаме повторно да се повтори сценариото со градоначалничката Данела Арсовска. Ние сме тука да ја исполнуваме агендата на скопјани, не на поединци“, истакна тој.Мециновиќ најави и конкретни потези веднаш по преземањето на градската власткако раскинување на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија „уште во првите 72 часа“. Исто така, нагласи дека во првите 72 часа ќе го раскинат договорот со кој казина и обложувалници се рекламираат на автобусите. „Тоа веќе не смее да биде така. Градската власт не смее да дозволува промовирање на корозивни општествени процеси на својот имот“, објасни Мециновиќ и додаде дека со ваква одлука ќе се подобри и финансиската состојба на Јавното сообраќајно претпријатие. „Најатрактивниот рекламен простор во градот ќе биде вратен под стопанисување на јавното претпријатие, а не на приватни маркетинг агенции кои му оставаат само трошки“.Во делот на културата, Мециновиќ најави две нови насоки во политиката на градот за поддршка на младите: финансиско зајакнување на Младинскиот културен центар (МКЦ) и основање на скопски графити фестивал.„Сакаме да му дадеме поголема финансиска поддршка на МКЦ. Дел од неговите простории може да се претворат во Скопско рок школо, простор каде младите ќе имаат пристап до инструменти и ќе можат да вежбаат и да се усовршуваат“, објасни тој, додавајќи дека проектот ќе биде по примерот на слични иницијативи во европските градови.Мециновиќ најави и идеја за нов фестивал: „Ќе поддржиме формирање на Скопски графити фестивал, по примерот на градови како Мостар. Секоја пролет ќе каниме уметници од регионот и од светот да создаваат мурали и графити, со што ќе го разубавиме Скопје и ќе му дадеме нов визуелен идентитет“. Според него, ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема активност на младите во културниот живот и ќе го направат градот попривлечен за домашни и странски посетители.Мециновиќ најави дека во следните десет дена партијата ќе одржува тематски прес-конференции на кои ќе ги претставува дополнителните идеи и мерки за Скопје. „Нашите активисти се деноноќно на терен. Секојдневно комуницираме со граѓаните и ја артикулираме пораката на најдобар можен начин“. На крај, повтори дека очекува „значително зголемување“ на поддршката во вториот круг.

Скопје | пред 4 месеци

izbori-makedonija-Copy

Кандидат за градоначалник се повлече од изборната трка во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ добива уште една општина

Независниот кандидат за градоначалник Милосим Војнески објави дека се повлекува од локалната изборна трка, со образложение дека тоа е „најдобрата одлука во интерес на граѓаните“.„Почитувани мои сограѓани, Ви благодарам од срце за големата поддршка што ми ја укажавте во првиот круг од локалните избори. По бројните разговори со вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура“, напиша Војнески.Тој порача дека ја разбира поделбата што се создала меѓу граѓаните и во рамките на семејствата, и дека не сака дополнително да ги продлабочува тие поделби.„ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека оваа одлука е најдобра за моите сограѓани“, наведе тој.Војнески додаде дека ќе остане достапен за граѓаните и ќе продолжи да помага колку што може, нагласувајќи дека поддршката што ја добил „никогаш нема да биде заборавена“.

Македонија | пред 4 месеци

BKuzeska3

Кузеска: Се кријат детали за договорот со Британија, Мицкоски мора да каже дали се прифаќаат мигранти

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска побара од Владата и премиерот Христијан Мицкоски итно да одговорат дали во текот на престојот во Велика Британија се разговарало за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија.„Македонската влада избегнува да даде одговори на клучни прашања кои го потресуваат регионот. Според информации од Британија и реномирани британски медиуми, темата за мигрантите била во фокусот на средбите, но од нашата влада нема ниту една точна информација. Ова покажува дека повторно нешто се крие“, рече Кузеска.Таа истакна дека премиерот Мицкоски одбил да даде интервју за весникот „Тајмс“, што го потврдил и самиот медиум, и побара да се одговори дали постои дополнителен договор за мигранти во рамки на најавениот заем од 7 милијарди евра од Британија.„Граѓаните имаат право да знаат дали се разговара за отворање кампови и што точно се договарало во Лондон. Ако нема што да се крие, зошто Мицкоски избегал од интервју и зошто молчи?“, додаде портпаролката.СДСМ прашува и дали владата планира оваа информација да ја соопшти дури по завршувањето на изборите, со цел да ја избегне јавната реакција.„Ова не е прашање за кое може да се носат одлуки без да се информира јавноста. Владата мора јавно и транспарентно да каже – дали има договор за мигрантски кампови и под кои услови“, изјави Кузеска.

Македонија | пред 4 месеци

media-library881oik02mtk1fCXqCQK

Мирјана Најчевска: Да се вклучи и војската за расчистување на Скопје, градот е пред здравствен колапс

Професорката Мирјана Најчевска остро реагираше на хаосот со сметот во Скопје, предупредувајќи дека ситуацијата одамна ја надминала општинската рамка и прераснала во сериозен јавноздравствен проблем на државно ниво.„Не е проблемот само во Општина Центар, туку на територијата на цел град, и навистина ме интересира каде ќе се носи сето собрано ѓубре. Во околината на Скопје нема ниту една безбедна депонија направена според стандардите, ниту пак друг начин – како инценератори – за справување со ѓубрето кој ќе ги заштити граѓаните“, вели Најчевска.Таа посочува дека властите ги „лажат и замајуваат“ граѓаните без никаква стратегија, а дека управните и надзорните одбори се претвориле во партиски награди.„Вашите пулени седат во управните и надзорните одбори, земаат пари без знаење, одговорност, ниту пак претстава зошто се таму“, додава професорката.Најчевска изработи и план во шест чекори за справување со кризата:Ангажирање на сите расположливи сили, вклучувајќи ја и армијата, за итно расчистување на сметот од улиците.Ставање на ЈП „Комунална хигиена“ под директна управа на Владата и обезбедување средства за стабилно функционирање.Раскинување на сите договори со актуелните управувачи на депониите.Формирање стручен тим што ќе изработи национален план во три насоки –• изградба на депонии според највисоки стандарди (60% капацитет),• изградба на инценератори (30%),• развој на систем за рециклирање (10%).Разрешување на сите членови на управните и надзорните одбори.Поведување кривични постапки против сите одговорни, почнувајќи од претседателот на Советот на град Скопје.„Градот е во состојба на аларм, а властите се однесуваат како да нема проблем. Време е Владата да ја преземе одговорноста“, порача Најчевска.

Коментари | пред 4 месеци

media-librarya7ln1smg616f1zepzMf

(Видео) Пожар во руската рафинерија во Рјазан по ноќен напад со дронови

Нови експлозии и пожари го потресоа градот Рјазан во Русија откако украински дронови во текот на ноќта го погодија најголемото нафтено постројка на „Роснефт“, објави Kyiv Post. Според руските власти, ова е трет напад на истата рафинерија во последните три месеци.Гувернерот на Рјазанската област, Павел Малков, потврди дека падот на остатоците од дроновите предизвикал пожар во еден од објектите на индустриската зона, но дека нема човечки жртви.„Пожарот е под контрола, а штетата сè уште се проценува“, соопшти тој преку Телеграм, додавајќи дека руската противвоздушна одбрана уништила најмалку 14 украински дронови над регионот.Рускиот медиум Астра извести дека мета на нападот била токму рафинеријата на „Роснефт“ во Рјазан, објект со годишен капацитет од 13,8 милиони тони сурова нафта, кој го снабдува московскиот регион и дел од централна Русија. Веднаш по експлозиите, безбедносните сили го блокирале пристапот до локацијата.Според локални извори, пожарот избувнал во близина на постројката за крекирање и хидрообработка, а постои можност еден од главните производни делови да е „целосно уништен“. Украинската страна засега не го коментира нападот.Од август наваму, Украина значително ги засили нападите со дронови врз руската енергетска инфраструктура. Според Reuters, по претходните удари во август и септември, дел од производствените единици во рафинеријата биле затворени, што довело до намалување на домашното производство на гориво.Руското Министерство за одбрана тврди дека ноќеска биле пресретнати вкупно 139 украински дронови – 22 над Белгород, 21 над Вороњеж и 13 над Ростовската област.Освен Рјазан, во последните 48 часа дронови погодија фабрика за експлозив во Мордовија и нафтно постројка во Дагестан. Мордовија, која се наоѓа 700 километри од украинската граница, е меѓу најоддалечените руски региони погодени досега, а нападот таму бил опишан како „масовен“.Според проценките на Bloomberg, Украина оштетила речиси една третина од руските рафинериски капацитети со вакви удари. Последиците се веќе видливи – недостиг на гориво во 57 региони, привремена забрана за извоз на бензин и дизел, и нагло зголемување на цените на горивата.Росстат забележал раст на цените на горивото од 2,58% во септември, што е највисок месечен скок од 2018 година, а годишниот раст достигнал 12,7% – највисоко ниво во последните 14 години.Во меѓувреме, западните извори тврдат дека САД, под администрацијата на Доналд Трамп, споделиле разузнавачки информации со Киев за да помогнат во прецизното таргетирање на руските енергетски постројки – во обид Москва да биде принудена на преговори за прекин на огнот.

Свет | пред 4 месеци

putin-medvedev

Медведев со жесток одговор на Трамп: Застана на страна на полудената Европа, тргнаа во отворена војна со Русија

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, остро реагираше по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови санкции кон руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Роснефт“, оценувајќи дека тоа претставува „чин на војна против Русија“.„Ако некој сè уште имал илузии – еве ви доказ. Соединетите Држави се нашиот непријател, а нивниот зборлест ‘миротворец’ сега целосно тргна по патот на војна со Русија“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм.Тој истакна дека иако Трамп формално не учествува во борбите, „ова веќе е негов конфликт, а не на сенилниот Бајден“, додавајќи дека објаснувањата за притисоци во Конгресот „не ја менуваат суштината – донесените одлуки се чин на војна“.„Сега Трамп целосно застана на страната на полудената Европа“, рече Медведев, додавајќи дека ваквиот развој на настаните, според него, ѝ дава на Русија „поголема слобода да ги уништува непријателите на терен, без бесмислени преговори и компромиси“.Новите американски санкции, првпат воведени во вториот мандат на Трамп, ги таргетираат две најголеми руски нафтени компании и нивните подружници, со цел да се намали финансирањето на руската воена машинерија.„Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да стави крај на овој бесмислен војна, Министерството воведува санкции против ‘Лукоил’ и ‘Роснефт’, кои го полнат буџетот на Кремљ“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека Вашингтон ги повикува сојузниците да се приклучат на новите мерки.Аналитичарите оценуваат дека потегот на Трамп претставува значителен заокрет во неговата дотогашна политика кон Москва, бидејќи досега се воздржуваше од санкции поврзани со војната во Украина и се концентрираше главно на трговски мерки против други држави кои купуваат руска нафта, како Индија.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryu8vvrfsbaib583RWv8d

(Видео) Голема полициска акција во Скопје: Перење пари и лихварство од над 2 милиони евра – уапсени единаесет лица, еден во бегство

Во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, извршени се претреси на повеќе локации низ Скопје. При акцијата, лишени од слобода се 11 лица, а едно лице, идентификувано како Б.К. (35), е недостапно за органите на прогонот.Сите се осомничени за кривични дела „Лихварство“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, а според истрагата, од 2022 година до денеска тие делувале како организирана криминална група која давала пари на заем со незаконски високи камати.Според истрагата, групата на оштетени лица им позајмувала пари со месечна камата од 5 до 15 проценти, а за секое задоцнување пресметувала дополнително зголемување. Кога должниците не можеле да ги вратат средствата, осомничените барале да им предадат или оптоварат недвижен имот, кој потоа го префрлале на свое име или на име на соработници.Наплатата, како што стои во пријавата, се вршела директно во готовина или преку банкарски сметки, а потоа парите се префрлале на други сметки, во сефови или се користеле за купување имот и луксузни добра.Според проценките на полицијата и обвинителството, групата нелегално стекнала имотна корист од најмалку 125 милиони денари (над 2 милиони евра).МВР наведува дека дел од парите биле користени за лични потреби, дел за купување станови, возила и други вредности, со цел да се создаде привид на легално потекло на средствата.Против дванаесет лица и едно правно лице е поднесена кривична пријава, а истрагата продолжува во насока на утврдување дали има и други вмешани лица и институции што им помагале во незаконските финансиски трансакции.

Скопје | пред 4 месеци

Liberali_Ukraina-PosetaIMG_4058

ЕУ со нов пакет санкции против Русија и 140 милијарди евра заем за Украина

Европските лидери се подготвуваат во Брисел да ја потврдат поддршката за Украина, само неколку дена по турбулентниот развој на настаните околу најавениот, а потоа и откажан самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.Според дипломатски извори, претседателот Володимир Зеленски ќе присуствува на средбата на врвот на Европската унија, каде што ќе добие уверување дека Киев може да смета на политичка и финансиска поддршка од Европа.Една од клучните точки на состанокот ќе биде планот за користење на замрзнатата руска имот во Европа за т.н. „репарациски заем“ на Украина во износ од 140 милијарди евра. Средствата би потекнувале од замрзнатите депозити на Руската централна банка што се чуваат во белгискиот финансиски депозитар „Euroclear“.Планот предвидува парите да се искористат за покривање на буџетските и воените потреби на Украина во 2026 и 2027 година, но неколку членки на ЕУ изразија резерви околу правните и финансиските ризици. Белгија, која ги држи средствата, предупреди дека ваквиот потег би можел да се толкува како незаконско одземање имот, што Русија веќе го најави како причина за можни одмазднички мерки.Истовремено, европските влади се поделени околу тоа како ќе се користат средствата — дел од земјите бараат тие целосно да се насочат кон воена помош за Киев, додека други сметаат дека дел од средствата треба да бидат пренаменети за општа буџетска поддршка и економско закрепнување.Европската комисија предложила компромис: најголемиот дел од заемот да се потроши на европско и украинско оружје, а помал дел на буџетска поддршка што Украина би можела да ја користи и за набавка на опрема од партнери надвор од Европа.Во меѓувреме, земјите-членки на ЕУ го одобрија 19-тиот пакет санкции против Русија, кој предвидува забрана за увоз на руски течен природен гас од јануари 2027 година, ограничувања за таканаречената „сенковита флота“ на танкери, како и мерки против две независни кинески рафинерии кои ѝ помагаат на Москва да ги заобиколи санкциите.Европските лидери, според дипломатите во Брисел, сакаат преку овој самит да испратат јасна порака дека Украина останува во срцето на европската политика, без разлика на американските колебања и глобалните политички притисоци.

Свет | пред 4 месеци

media-librarygf6tolcl5c6t9ej0J3g

(Видео) Орце Ѓорѓиевски: „Додека градските власти спијат, ние го чистиме Скопје“

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, утрово сподели порака на социјалните мрежи по повод Денот на македонската револуционерна борба, придружена со фотографии од акција за чистење на градот.„Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме нефункционалноста на ЈП ‘Комунална хигиена’ да го загрози здравјето на народот“, напиша Ѓорѓиевски.Тој најави дека „за неколку дена, по преземањето на функцијата градоначалник, хаосот со отпадот ќе биде минато“, додавајќи дека граѓаните го имаат неговиот збор дека Скопје ќе биде исчистено и повторно достоинствено.Ѓорѓиевски им се заблагодари на општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково и Сопиште, како и на општествено одговорните компании што помогнале во акцијата за расчистување на улиците на главниот град.

Скопје | пред 4 месеци

media-library8n7oou7f5qjg83BwM1H

Д-р Мирчовска: Хипербарната капсула во ОБ Кочани е функционална и безбедна, со стручен пристап и едуциран персонал

Во врска со интересот на јавноста за хипербарната кислородна терапија и третманите на повредените во несреќата во дискотеката „Пулс“, в.д. директорката на Општата болница Кочани, д-р Катарина Мирчовска, даде појаснување за постапките и начинот на работа на установата.„Во болницата е донирана еднокоморна хипербарна капсула, наменета за третман на едно лице, која користи кислород под притисок. Таа претставува медицински уред за повеќе индикации во доменот на дерматологија, неврологија, физикална медицина и лекување на повреди. Уредот беше дониран со цел поддршка на повредените во трагедијата, по што беше одржан стручен колегиум за утврдување на безбедносни процедури и потреба од обука на медицински персонал“, вели д-р Мирчовска.Таа додава дека, по стручна консултација со Клиниката за пластична хирургија, е направена проба на апаратот и мерење на времето за декомпресија, кое изнесува околу пет минути — потребно за безбедно извлекување на пациент во случај на паничен напад.„Хипербарната терапија бара прецизен пристап и не може да се споредува со употреба на вакви капсули од страна на спортисти или лица без медицинска индикација. Кај пациенти со изгореници, инхалациски повреди и психолошка траума, третманите мора да се спроведуваат под надзор на обучен тим“, нагласува директорката.Еден физијатар и еден физиотерапевт од ОБ Кочани веќе се здобија со обука во Шпанија. Во наредниот период, хипербарната капсула ќе биде преместена во просторија на физикалната медицина, каде што ќе биде под контрола на едуциран персонал и достапна за пациенти кај кои има медицинска индикација за нејзино користење.Во однос на тековните активности, д-р Мирчовска објаснува дека реновирањето на просториите во болницата започнало во јуни, најнапред во физикалната медицина, а дел од терапиите на повредените се изведувале на Пониква како дел од процесот на рехабилитација и психосоцијална поддршка.„Во целиот период не недостигал стручeн кадар — терапиите се спроведуваа и со поддршка од специјалисти и физиотерапевти од Штип, 8 Септември и Институтот Козле. Што се однесува до силиконските лепенки, дел од доставените беа за рани, а не за лузни, и во таа фаза не беа применливи за повредените“, појасни Мирчовска.Таа додаде дека болницата останува отворена за соработка со сите поединци и организации кои имаат волја и можности да помогнат во создавање подобри услови за лекување и опоравување на пациентите.„Целта ни е заедничка — подобро здравје и побрзо закрепнување на повредените и сите граѓани“, порача в.д. директорката на ОБ Кочани.

Македонија | пред 4 месеци

0964BAC4-1A3C-40D7-9AAE-CF47671F6FE0_1_105_c

Прва реакција од Русија: Трамп ја смени стратегијата — од дијалог кон ескалација

Рускиот државен медиум РИА Новости објави текст под наслов „Откриена е заверата на Трамп против Русија“, по најавата на нов пакет санкции што Соединетите Американски Држави ги воведоа против руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“.Вашингтон објави дека новите мерки се насочени кон зголемување на притисокот врз Москва, поради, како што се наведува, одбивањето на Кремљ да покаже волја за вистински мировен процес во Украина. Санкциите опфаќаат и 34 подружници на двете компании, кои се дел од руската енергетска инфраструктура.Објавата следи веднаш по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој потврди дека планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта е одложен на неопределено време.„Секојпат кога разговарам со Владимир, разговорите се добри, но не водат никаде“, изјави Трамп по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.РИА Новости ја пренесе анализата на Блумберг, според која санкциите го означуваат „пресвртниот момент во американската стратегија кон Русија“. Рускиот медиум наведува дека ова е уште една промена во тонот на Белата куќа, која досега се движеше меѓу помирливост и закани, но сега, според нив, „Трамп избрал пат на ескалација“.Овој дипломатски пресврт доаѓа само ден по руското масовно бомбардирање врз Украина, при што загинаа најмалку седум лица, меѓу нив и деца. Американските аналитичари сметаат дека потегот на Трамп е обид да се покаже цврст став кон Москва, во момент кога преговорите за прекин на огнот се во застој.Иако американскиот претседател најави дека и понатаму останува отворен за средба со Путин „во иднина“, Руската федерација засега не даде официјален одговор на новите санкции, но државните медиуми тврдат дека тие се доказ за „внатрешна поделба во Белата куќа и пропаѓање на Трамповата политика за рамнотежа меѓу дијалог и притисок“.

Свет | пред 4 месеци

media-librarynp2ch0c4h983egueenz

(Видео) Има фракции во кочанската болница, лош менаџмент, неупотребени донации, велат од „Супорт Кочани“ зборувајќи за состојбата

Претставници на „Супорт Кочани“ во изјава за време на подкастот „Претрес“ зборуваа за соработката со Општата болница во Кочани и за донациите наменети за повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“.„Кога дојде новата директорка, беше сменета целата постава во болницата. Претходно одлично функциониравме, имавме континуирана комуникација и координација. Истата директорка пред да биде поставена, доаѓаше кај нас во ‘Супорт Кочани’, укажуваше што недостига и што треба да се обезбеди. Но, од моментот кога стана директорка – целосно ја прекина комуникацијата“, велат од здружението.Тие додаваат дека и покрај напорите на тимот, хипербарната комора која била донирана од „Зегин“ преку „Супорт Кочани“ не е ставена во функција.„Колку што знам, таа е донесена уште првиот месец по несреќата, што значи дека стои таму веќе пет-шест месеци. Се повикуваат на некакви технички или внатрешни причини, но по мене тоа е резултат на лоша организација и интерна политика“, рече еден од претставниците.Според нив, уредот е безбеден за употреба и работи на понизок притисок во споредба со стандардните болнички комори.„Тоа значи дека ако во обична комора терапијата трае 40 минути, овде може да трае час – ништо повеќе. Се работи за еднокоморна капсула со помал притисок, какви што користат и познати спортисти како Леброн Џејмс и Џастин Бибер. Нема простор за опасност или потреба од специјални сертификати, како што се зборува“, додаваат од „Супорт“.Тие нагласија дека ова не е изолиран случај и дека и други донации на медицинска опрема во болницата стојат неискористени, бидејќи нема кој да ги употребува.„Работам во фирма што донирала медицински апарати, стојат пет години и фаќаат прашина. Истото се случува и со оваа донација – наместо да им помогне на повредените, само стои заклучена“, рече Ана Вучева од здружението.Од „Супорт Кочани“ апелираат институциите да најдат решение и хуманите донации да се искористат онаму каде што се најпотребни.Целото гостување, но и гостувањето на семејствата на загинатите, погледнете го тука:

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryftp8euvsgeqn0hMsLc1

(Видео) Доктор апелира за вонредна акција поради експлозивно размножување на глодарите во Скопје

Познатиот епидемиолог д-р Драган Даниловски упати драматично предупредување за состојбата со јавната хигиена во Скопје, оценувајќи дека градот е пред сериозен јавноздравствен ризик поради нефункционирањето на „Комунална хигиена“ и натрупаното ѓубре на улиците.„Во Скопје последниве месеци сме сведоци на состојба што го доведува во прашање јавноздравствениот минимум на еден модерен град. Купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова не е веќе прашање на естетика, туку на јавно здравје“, пишува Даниловски.Тој потсетува дека состојбата кулминирала со каснување на дете од глушец во училишен двор, што го оценува како „симптом на системски распад“.„Преминат е Рубиконот. Нема назад“, нагласува професорот, предупредувајќи дека купиштата отпад создаваат идеални услови за експлозивно размножување на глувци и стаорци, преносители на опасни зарази како лептоспироза, хантавирус и дури бубонска чума.„Во само 18 месеци, еден пар стаорци може да даде повеќе од еден милион потомци. Таа биолошка експоненцијална прогресија во Скопје веќе има сите услови – изобилство од храна, вода и простор“, вели Даниловски.Тој апелира до институциите за итна, координирана интервенција, па дури и прогласување на вонредна состојба во делови од градот заради дезинфекција, дезинсекција и дератизација.„Причините – организациски, политички или финансиски – стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето на децата. Правото на здравје е уставно загарантирано право на секој граѓанин“, завршува Даниловски.

Скопје | пред 4 месеци

den-na-evropa

Пицула за резолуцијата на ЕП: Европа не ја изневери Србија, владата на Србија ги изневери своите граѓани

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, рече дека резолуцијата за Србија не е напад врз неа, дека Европа не ја изневерила Србија, туку дека Владата во Србија ги изневерила своите граѓани.Пицула од говорницата на ЕП посочи дека најдобриот начин да се оддаде почит на жртвите од падот на бетонската настрешница во Нови Сад пред речиси една година е да се открие коренот на проблемот, што доведе до трагедијата.„Трагедијата во Нови Сад покажува дека корупцијата не е обично злосторство, корупцијата ги уништува институциите и одзема животи. Оваа несреќа ги одразува некои од клучните структурни проблеми во Србија, а тоа се нетранспарентното вклучување на странски актери во проектот, отсуството на контроли што би дозволиле користење на објектот бидејќи не се почитувале безбедносните стандарди, попречувањето на истрагата и независноста на судството по трагедијата и репресијата врз граѓаните кои сакаат одговорност и промени“, изјави Пицула.Известувачот на ЕП истакна дека владата во Србија повторува дека сака да се приклучи на Европската унија, но дека секој ден се повеќе отстапува од своите вредности.„Напредокот се мери со конкретни реформи, а не со празни ветувања. Независните институции, слободните медиуми и граѓаните треба да бидат партнери на владата, а не мета на разни теории на заговор. Оваа дискусија и резолуција не се напад врз Србија, Европа не ја разочара Србија, владата во Србија ги разочарува граѓаните“, рече Пицула.Тонино Пицула, изјави за N1 дека пукањето и пожарот во „Ќачиленд“ пред српскиот парламент се резултат на атмосферата што ја создала власта на Александар Вучиќ, нарекувајќи го местото „слика на Србија на Вучиќ“.45„Ми се чини дека тој простор е населен со приврзаници на Вучиќ и дека тоа е огледало на денешна Србија. Насилството беше неизбежно, бидејќи тие луѓе се таму за да интервенираат против сите кои му се спротивставуваат на режимот. Таков простор треба да им се врати на сите граѓани,“ рече Пицула.

Свет | пред 4 месеци

casovnik

Од недела зимско сметање на времето

На 26 октомври во 03:00 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се вратат еден час наназад, па 03:00 биде 02:00.Со оваа промена, која се спроведува секоја есен според европскиот календар започнува периодот на пократки денови и подолги утрински светли часови.Поголемиот дел од дигиталните и паметни уреди автоматски ќе се приспособат на новото време, но сопствениците на аналогни часовници треба рачно да ги вратат стрелките за еден час.Со преминот на зимско сметање ќе добиеме дополнителен час сон, но сонцето ќе заоѓа порано.Европската Унија и понатаму размислува за укинување на сезонското менување на часовникот, но сѐ уште нема донесено заедничко решение.

Македонија | пред 4 месеци

den

Ден на македонската револуционерна борба

Денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Во 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина за да ги постават темелите на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Се свикува кризниот штаб во Центар, ќе се носат мерки за сметот и опасноста од глодари и зарази

Герасимовски го свикува кризниот штаб, ќе се носат мерки за сметот и опасноста од глодари и заразиСостојбата со сметот во градот, а со тоа и во Општина Центар, е крајно загрижувачка и бара итни и кризни мерки на општинско ниво, откако нема информација дали и кога Градот и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжат со собирањето на сметот, стои во соопштението од општина Центар.Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во 11 часот го свика Штабот за заштита и спасување со цел да се донесат итни одлуки за справување со кризата со сметот.,,Во текот на вчерашниот ден и ноќта, ЈП ПОЦ продолжи со собирање на сметот и се работи во две смени. Акцијата продолжува секој ден”, стои во соопштението.

Скопје | пред 4 месеци

hrvatska

За достоинствен живот 1.050 евра минимална плата ќе предложи хрватски министер

Хрватскиот министер за труд, пензиски систем, семејна и социјална политика Марин Пилетиќ, најави дека Владата утре ќе донесе одлука за износот на минималната плата за 2026 година.„Нашиот предлог ќе биде дека сегашните 970, минималната плата следната година ќе биде 1.050 евра. Значи, тоа е зголемување од малку повеќе од 8 проценти за 2026 година“, рече тој, истакнувајќи ја хрватската економија како најзаслужено засегната во растот на платите во Хрватска.,,Хрватската економија заслужува раст на просечната плата во Хрватска. Ако Владата, преку своите реформи и зголемувањето на платите во државниот и јавниот сектор, придонесе за ова како најголем работодавач, ние сме уште позадоволни. Кога ја земаме предвид просечната минимална плата како дел од просечната плата, мора да се придржуваме до стандардот што го наметнува Европа како најразвиено општество, а тоа е дека за просечната бруто плата, соодветната минимална плата треба да биде 50 проценти”, продолжи тој.Тој рече дека луѓето треба да живеат соодветно и достоинствено од работа и плати.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Трамп воведе санкции против Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Русија. Ова се први санкции во неговиот втор мандат, а се однесуваат на нафтените компании Лукоил и Роснефт. Со ова се покажа дека незадоволството на Трамп од рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина и е дел од новиот обид за ставање крај на војната во Украина.,,Единственото нешто што можам да го кажам е дека секој пат кога разговарам со Владимир, водам добри разговори, а потоа тие едноставно не водат никаде“, рече Трамп.Министерството за финансии на САД, кое ги издаде санкциите, изјави дека е подготвено да преземе понатамошни чекори и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во војната на Русија во Украина, која започна во февруари 2022 година.„Со оглед на одбивањето на претседателот Путин да ја заврши оваа бесмислена војна, министерството воведува санкции врз двете најголеми руски нафтени компании кои ја финансираат воената машинерија на Кремљ“, изјави министерот за финансии Скот Бесент во соопштението.,,Ги охрабруваме нашите сојузници да ни се придружат во почитувањето на овие санкции“, додаде тој.

Свет | пред 4 месеци

media-library0qvrddlntb7l1zMteUx

(Фото) Меџити му подаде рака на Димитриевски – Вреди ќе му се поддршка за вториот круг во Куманово

Кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска соопшти дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски.Димитриевски информира дека од претставниците на коалициониот партнер Влен добил „искрена и силна поддршка“ за вториот изборен круг во Куманово.„Оваа поддршка ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град и ни дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во реализација на проекти во интерес на сите граѓани“, напиша тој.Кандидатот на ЗНАМ се заблагодари на сите кои, како што рече, ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија, додавајќи дека заедно ќе продолжат „да го градат градот и да работат во интерес на Кумановчани“.Ова е втора јавна поддршка од страна на Влен, откако претходно Изет Меџити му подаде рака и на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош.

Македонија | пред 4 месеци

media-library096240g63qsvaHsKKr1

(Видео) Филмски грабеж стана туристичка атракција: понекогаш има редици пред прозорецот на Лувр

Во Париз денеска повторно е отворен Лувр, еден ден по големата кражба што го потресе целиот свет. Туристите со голем интерес го посетуваат музејот, а вистинска атракција стана прозорецот од каде што побегнале крадците кои во неделата, за помалку од седум минути, извршија филмски грабеж.Пред прозорецот каде што се случил бегството, се формираат редици – туристи прават фотографии, додека бројни новинарски екипи од странство емитуваат вклучувања во живо.Во меѓувреме, низ центарот на Париз постојано се слушаат сирени од полициски возила. Француските власти потврдуваат дека потрагата по сторителите сè уште трае и дека полицијата е мобилизирана на повеќе локации во и околу градот.Според медиумите, станува збор за една од најбрзите и најорганизирани кражби во историјата на музејот, што веќе доби епитет „филмска“. Музејот и покрај тоа денеска повторно ги отвори вратите, а интересот на јавноста е поголем од кога било.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања