Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

komunalna-skopje-3

Чистењето на Скопје е под ризик: Управниот одбор на Комунална хигиена предупредува на оперативен и финансиски колапс

Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ со обемно соопштение алармира за како што велат, критичната состојба во претпријатието, наведувајќи дека градот се соочува со сериозно намален капацитет за собирање и транспорт на отпад, додека институционалната блокада и некоординираноста со Градот Скопје довеле до целосен колапс во системот.Од Одборот тврдат дека во изминатите четири години ги изгласале сите планови и програми предложени од директорите, со што ги демантираат обвинувањата дека го блокирале работењето на претпријатието„Реализацијата на сите овие планови е законска обврска на директорите“, нагласуваат тие, додавајќи дека в.д. директорот Сабахадин Рустеми не постапил по нивните задолженија и барања за итно ангажирање на дополнителна механизација и координација со други јавни претпријатија.Управниот одбор тврди дека повеќепати го алармирал Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска за финансиската криза и намалениот капацитет на „Комунална хигиена“, но наместо реакција добивале „навредливи дописи и изјави полни со невистини“.Како што се наведува, уште во 2023 година бил потпишан анекс на договорот со ЈП „Водовод и канализација“, со кој средствата од наплатата на граѓаните се префрлаат со задоцнување, што, според Управниот одбор, го довело претпријатието во тешка ликвидност.„На овој начин ‘Комунална хигиена’ е доведена во позиција да не може да ги користи сопствените средства“, стои во соопштението.Одборот најавува дека побарал поништување на анексот и покренал постапка за тужба против ‘Водовод и канализација’, како и вонредна ревизија од Државниот завод за ревизија.„Ќе го дадеме максимумот за да се одржи минималната динамика на чистење на градот, но без кооперативност од Градот Скопје, нашите можности се ограничени“, завршуваат од Управниот одбор, предупредувајќи дека претпријатието се соочува со реален ризик од целосен финансиски и оперативен колапс.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

Мицкоски: Секој кој ја добил довербата на граѓаните, и кој работи напорно, чесно, трудољубиво, е денешниот современ патриот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во општина Дојран, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември годинава. Мицкоски зборуваше за случувањата за време на изборната кампања и за тоа што следува во наредниот период. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  е партија која легитимитетот го црпи од граѓаните, а како што вели, секој оној кој ја добил довербата од народот и работи чесно и трудољубиво е денешниот современ патриот, илинденец и асномец.,,Нема да биде лесно, ќе биде тешко, не памтиме ние лесни времиња, во суштина, многу предизвици, затоа сме ние да ги решаваме тие предизвици, не да лелекаме, не да кукаме, затоа е ВМРО-ДПМНЕ, затоа е оваа коалиција која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, да ги решава проблемите“, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека довербата која граѓаните ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за овие локални избори, во првиот круг од истите, е од историски размери.,,На овие локални избори, граѓаните дадоа доверба, а коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во историски размери, како никогаш до сега. Јас сум убеден дека на овие 33 градоначалници, кои што се избрани во првиот круг, ако се додадат овие нови два, бидејќи противниците се откажаа, веќе се 35 убеден сум, дека на овие 35 ќе се додадат и преостанатите 24 и бројката ќе биде 59“, кажа Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ е партија која легитимитетот го добива од граѓаните, и како што вели Мицкоски, таа доверба нема да се изневери и само ќе се надградува.,,ВМРО-ДПМНЕ  е партија која што својот легитимитет го добива, тој легитимитет извира од граѓаните. И ние со нашето работење нема никогаш да дозволиме таа доверба да ја прокоцкаме, таа ја доверба да ја изневериме, туку напротив ќе се трудиме со нашето работење да покажеме и докажеме дека сме ја заслужиле таа доверба и дека само ќе ја надградуваме“, истакна Мицкоски.Мицкоски посочи оние, кои според него, работат искрено, чесно и трудољубиво да ја оправдаат довербата кој граѓаните им ја даваат се денешните современи патриоти, асномци и илинденци, а не тие кои се кријат зад црни кампањи и ад хоминем напади.,,Секој оној, кој што добил можност, ја добил довербата на граѓаните, и кој што работи напорно, чесно, трудољубиво, којшто е вреден, којшто не се однесува надмено, туку напротив, се однесува понизно, кон граѓаните кон народот, кој што го избрал, е денешниот современ  патриот, е денешниот  гемиџија, е денешниот илинденец, асномец“, рече Мицкоски и додаде:,,Не оној кој што седи зад статусите и се крие со лажни имиња, кој што навредува кој што лаже, кој што води црни кампањи, кој што напаѓа ад хоминем, со ниски страсти, тие не се патриоти тие се измамници“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryc5in20ha65o62fojC5i

(Фото) Тркачите ја формираа буквата „D“ во чест на Душко Чифлиганец – симбол на пријателството што не згаснува

Познаениот автомобилски клуб „Speed Sector“, еден од најпрестижните европски клубови за спортски автомобили, на тркачката патека во Серес (Грција) одржа емотивна почест за својот починат член Душко Чифлиганец.„Оваа година едно место недостасуваше на Racetrack Experience. Но духот на Душко беше со нас. Заедно со сите учесници ја формиравме првата буква од неговото име на стартната линија — мала, но голема почит кон еден голем пријател. Засекогаш дел од нашето патување“, напишаа од клубот на Instagram.На фотографијата објавена од Speed Sector, учесниците стојат наредени во форма на буквата „D“, додека зад нив се паркирани спортските автомобили на стартната линија.Speed Sector е меѓународен клуб што ги обединува љубителите на брзината и спортските автомобили. Членовите — сопственици на уникатни возила — се собираат на специјални тркачки настани и патувања ширум Европа, каде разменуваат искуства и ја споделуваат страста кон возењето.Чифлиганец (1993–2025) загина на 32-годишна возраст во тешка несреќа за време на мотоциклистичка трка во Брно, Чешка — изгубил контрола над мотоциклот, излетал од патеката и се здобил со тешки повреди, особено на главата.Тој беше заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, син на познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец, и активен мотоциклист-ентузијаст кој освои повеќе признанија.Несреќата се случи на 3 август 2025 година.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

Ексдиректорот на Неврологија снимен со „бело“ треба да оди на обука за да добие лиценца за доктор

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, кој беше разрешен по објавата на видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, ќе може да добие лиценца за работа само ако успешно помине тримесечна специјализирана обука под менторство и положи испит за проверка на стручноста, соопшти Лекарската комора.Од Комората објаснуваат дека одлуката е донесена од Комисијата за етички и правни прашања, со цел да се гарантира безбедноста на пациентите и интегритетот на професијата. Бидејќи не постои судска пресуда или друг правен акт за одземање на лиценцата, е применет засилен механизам на контрола и едукација.Паралелно, против докторот се води и постапка за етичко однесување, при што Комората донела јавна и остра морална осуда, оценувајќи дека со своето однесување Кузмановски го нарушил угледот на лекарската фела.„Очекуваме извештаи од комисиите на Министерството за здравство и Клиниката за неврологија за да донесеме конечна, објективна одлука“, наведуваат од Комората.По скандалот, министерот Азир Алиу го разреши Кузмановски и на негово место го назначи д-р Јован Божиновски, кој најави внатрешен стручен надзор за работата на клиниката во последните 12 месеци, како и дисциплинска постапка по добивањето на извештаите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручните комисии.Според Министерството за здравство, д-р Кузмановски ќе биде казнет со прекршочен платен налог бидејќи работел без активна лиценца, согласно член 309 од Законот за здравствена заштита.

Македонија | пред 4 месеци

minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

ДУИ откри дали Ахмети се повлекува од политика

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, ги демантираше наводите дека лидерот на партијата Али Ахмети ќе се повлече од политиката по локалните избори. Ваквите објави ги оцени како дезинформации чија цел е да ги демотивираат гласачите пред вториот изборен круг на 2 ноември.„Повлекувањето на Али Ахмети воопшто не доаѓа предвид. Напротив, ДУИ е победничка партија – освоивме 23.000 гласови повеќе од ВЛЕН и го зголемивме бројот на советници на 120“, изјави Адеми.Тој најави дека денешната седница на претседателството ќе биде посветена на анализа на резултатите и актуелната политичка состојба, но не и на прашањето за лидерската позиција.Претходно, албанскиот медиум Фол објави дека Ахмети размислува за повлекување по изборите, но од ДУИ порачаа дека такви најави се невистинити и злонамерни.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

Мециновиќ: Скопје е преплавено со отпад – најапсурдната состојба во историјата на градот

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, денеска остро предупреди дека главниот град се наоѓа во најтешка хигиенска и управувачка криза досега, нарекувајќи ја ситуацијата со отпадот „најапсурдната што Скопје некогаш ја имало“.„Никој не можеше да претпостави дека ќе дојдеме во состојба на вакво преплавување со отпад и целосен колапс на комуналните претпријатија и градските власти“, изјави Мециновиќ, додавајќи дека без разлика кој ќе победи на изборите, новата администрација ќе мора веднаш да почне со чистење на градот.Тој ги повика сите скопски градоначалници – и оние кои веќе победија и оние што одат во втор круг – да ги надминат партиските поделби и да работат заедно во интерес на граѓаните.Според Мециновиќ, Скопје денес го доживува „крахот на локалната власт под контрола на ВМРО-ДПМНЕ“.„Четири години локалната власт беше во нивни раце, и на ниво на град, и во најголем дел од скопските општини. Не смееме повторно да си дозволиме луксуз да се играме со здравјето на скопјани и да поддржуваме партии кои од суета создаваат кризи“, изјави тој.Мециновиќ ја обвини актуелната влада дека намерно дозволила градот да западне во хаос пред изборите, за потоа „да се претстави како спасител“.Тој најави дека, доколку ја добие довербата на граѓаните, веднаш ќе започне со санација и реформа на ЈП „Комунална хигиена“, со цел враќање на неговата ефикасност и јавен карактер. „Ќе се спротивставиме на сите обиди за приватизација на претпријатието. Градот мора да го исчистат институции што му служат на народот, а не приватни компании што ќе профитираат од кризата“, порача Мециновиќ.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryn49c79k64cl47R4f47j

Се чисти без координација: Скопје преполно со отпад, „Комунална“ се пофали дека работела

Во текот на вчерашниот ден и ноќ, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје собра и транспортираше 350 тони комунален отпад, соопштија од претпријатието.Активностите биле спроведени на повеќе локации, меѓу кои булеварите Гоце Делчев, Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, како и улиците Даме Груев и Џон Кенеди. Чистење имало и во делови од општина Аеродром.Од претпријатието информираат дека и покрај апелите, сѐ уште немаат добиено одговор од градоначалниците на скопските општини за тоа каде го одлагаат отпадот што тврдат дека го собираат.„Во текот на денешниот ден не беше забележано подигнување на отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности“, велат од „Комунална хигиена – Скопје“.Јавното претпријатие апелира до локалните власти да воспостават јасна координација со Градот и институциите, со цел да се надмине кризата со сметот што веќе предизвикува сериозни хигиенски и здравствени последици за граѓаните.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarydb9fvduj2846f4kj7JB

Во Прилеп продолжува кампањата на МОН - „Магијата е во знаењето“

По првиот панел во Скопје, одржан на 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука продолжува со активностите во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја нагласува клучната улога на наставниците во образовниот процес и нивното влијание врз развојот на учениците.Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, ќе се одржи во Прилеп на 26 октомври (недела), со почеток во 11 часот, во кино „Мис Стон“ во склоп на Домот на културата „Марко Цепенков“.Панелот ќе може да се следи и во живо на следниот линк:Во дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, како и наставници и стручни лица од основните и средните училишта во Прилеп, а свои искуства ќе споделат и родители.Преку ваквите настани, Министерството за образование и наука ја продолжува мисијата за истакнување на клучната улога на наставниците во обликувањето на иднината на децата и градењето знаење што трае. Истовремено, ја промовира магијата што се случува во училниците, каде што знаењето се пренесува низ заемна доверба, разбирање и поддршка – затоа што магијата е токму во

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

„Влен“ против ДУИ: „Јавниот морал не се преговара – Ахмети да го повлече кандидатот“

Коалицијата „Влен“ официјално се дистанцираше од кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, за вториот круг од локалните избори во Кичево. Во своето соопштение до јавноста, тие ги демантираа шпекулациите дека нивното членство ќе го поддржи кандидатот на ДУИ, што претходно беше побарано од тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами.„Како коалиција побаравме Дехари да се повлече од изборната трка. Тој не го направи тоа, па секоја јавна поддршка е невозможна. Кичевци сами треба да ја донесат одлуката“, стои во соопштението на „Влен“.Од коалицијата појаснуваат дека нивниот став произлегува од, како што велат, „големата дамка“ што ја следи кандидатурата на Дехари, алудирајќи на актуелниот секс-скандал во кој тој се споменува.„Никој нема гласови во џеб. Одговорноста е на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој не го повлекол кандидатот. Јавниот морал не се преговара“, порачуваат од „Влен“.Со оваа изјава, коалицијата јасно ја потврди својата одлука да остане неутрална во вториот круг во Кичево, одбивајќи да заземе страна во контроверзната трка меѓу кандидатите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycdhjkqnsl4m1bsJE42t

(Фото) Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес

Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина.Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhpq4a4md2mpa3v6Hvyo

Руските весници со воздржана паника – новиот потег на Трамп ја тресе Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против двете најголеми руски нафтени компании и го откажа планираниот самит со Владимир Путин во Будимпешта. Како што јавува дописникот на BBC од Москва, Стив Розенберг, руските медиуми реагираат внимателно, но со видлива загриженост за можните последици врз економијата и односите со Вашингтон.Според бизнис-дневникот РБК, ова е првпат откако Трамп повторно ја презеде функцијата да САД воведат нови санкции кон Русија. На црната листа се најдоа компании што произведуваат речиси половина од вкупното руско производство на нафта. Весникот наведува дека мерките може сериозно да го погодат извозот, државниот буџет и стабилноста на рубљата.Економист цитиран од РБК оценува дека руските нафтени компании досега се прилагодувале на санкциите, но доколку Индија го намали увозот на руска нафта, Москва ќе мора да бара нови пазари, без гаранција дека Кина ќе го преземе целиот изгубен обем.Весникот Комерсант пишува дека сега три четвртини од рускиот извоз на нафта е под санкции, што е највисоко ниво досега. Претседателот на Руското советодавно тело за меѓународни односи вели дека овие мерки се јасен политички сигнал од Вашингтон. „Откако Трамп се врати во Белата куќа, нови санкции се одложуваа, додека Европската унија и Велика Британија продолжија со свои мерки. Повратокот кон санкции покажува дека шансите за дипломатско решение на украинското прашање повторно ослабеле“, пишува весникот.Комсомолскаја правда пак забележува дека Трамп е „толку контрадикторен што изгледа како да има седум петoци во неделата“ – израз што во рускиот јазик означува непредвидливост и недоследност.Насловот на нивниот текст гласи: „Седум Трампови во неделата“. Весникот потсетува дека американскиот претседател прво вовел санкции, а потоа изјавил дека „не е сигурен оти ќе бидат ефикасни“. „Трамп може да го смени курсот во секој момент, таков е по природа“, коментирал еден руски политиколог.Весникот Известија пренесува дека Владимир Путин внимателно ги избегнувал острите зборови при реакцијата на Трамповите потези, но сепак нагласил дека тие сериозно ги нарушуваат руско-американските односи. Неколку изданија ги цитираат и неговите предупредувања дека рускиот одговор на евентуални ракетни напади врз нејзината територија би можел да биде „многу сериозен, ако не и разорен“.Во спротивност со умерениот став на Кремљ, поранешниот претседател Дмитриј Медведев остро реагираше, нарекувајќи ги Трамповите потези „чин на војна против Русија“.Сепак, официјалниот државен весник Россискаја газета објави дека одложувањето на самитот во Будимпешта „не менува ништо суштински“, и дека контактите меѓу Москва и Вашингтон за „наоѓање прифатливо решение“ продолжуваат.Иако реакциите се внимателни, руските медиуми јасно укажуваат дека санкциите се гледаат како сигнал за заострување на односите и можен пресврт во американската политика кон Москва.

Свет | пред 4 месеци

erdogan-3

Ердоган бара посилен притисок врз Израел: „САД мора да делуваат, прекинoт на огнот се прекршува“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД и меѓународната заедница мора да направат многу повеќе за да извршат притисок врз Израел да го почитува договорот за прекин на огнот во Газа.По враќањето од својата дипломатска турнеја низ земјите од Персискиот Залив, Ердоган пред новинарите изјави дека притисокот врз Израел може да вклучува и воведување санкции или запирање на продажбата на оружје. Според соопштението на неговиот кабинет, турскиот лидер смета дека меѓународната заедница има морална и политичка обврска да го спречи натамошното насилство.Ердоган истакна дека, за разлика од Израел, палестинската организација Хамас го почитува примирјето и дека тоа е потврда за нејзината подготвеност за политичко решение.Тој додаде дека Турција е подготвена да учествува во планираната оперативна група за Газа, со цел да придонесе кон стабилизирање на регионот и воспоставување траен мир.„Нашата земја ќе даде поддршка на секој план кој води кон мир и ќе преземе конкретна улога ако е потребно“, изјави Ердоган, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 4 месеци

nikoloski-kosovo-1

Македонија со посебна билатерална агенда и прием кај Кралот Чарлс

Македонија го имаше ексклузивитетот да биде меѓу ретките земји со посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Вицепремиерот Александар Николоски во гостување на Радио Лидер истакна дека делегацијата од земјава, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, остварила серија значајни средби на највисоко политичко ниво, вклучително и прием кај Кралот Чарлс.„Имавме голема чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имавме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија, со кој го потпишавме договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел од кралското семејство, и поранешен министер за европски прашања во времето кога Македонија требаше да ги почне преговорите со ЕУ“, рече Николоски.Според него, делегацијата имала состаноци и со претставници на британската агенција УКЕФ и Министерството за финансии, а најзначајниот момент бил двојниот состанок на Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер – прво тет-а-тет, а потоа и во неформален контекст.„Најзначајното е тоа што премиерот Мицкоски и јас добивме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на државата – првпат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на британскиот монарх. Тоа беше огромна чест, пред сè за премиерот Мицкоски, но и за мене лично“, нагласи Николоски.Тој додаде дека посебна чест за Македонија било и присуството на двајца македонски уметници меѓу малубројните поканети гости од Балканот, кои независно од владината делегација биле примени од Кралот.„Ова е нешто што останува во историјата и ја позиционира Македонија на ново ниво, како резултат на мудрата и конструктивна политика на оваа влада“, изјави Николоски, потенцирајќи дека ваквиот пристап е континуитет на процесот започнат со средбите од мај и договорот Влада со Влада за стратешко партнерство со Велика Британија.„Ова е само почеток на нова димензија во нашите односи. Бенефитите од ова граѓаните ќе ги почувствуваат во годините што следат,“ заклучи вицепремиерот.

Македонија | пред 4 месеци

prva-1

Кралска драма во Виндзор: Принц Ендрју одбива да се исели од резиденцијата и покрај наредбата на кралот Чарлс

На имотот во Виндзор се наоѓа раскошна резиденција со 30 соби, во која принцот Ендрју живее од 2003 година. Но, според пишувањата на The Telegraph, кралот Чарлс му наредил да се исели, тврдејќи дека со години не плаќа кирија.Принцот, меѓутоа, одбива да се исели и да се пресели во помал објект, а бидејќи има долгорочен закуп од 75 години, кралот моментално нема законска основа да го исели. Пријатели блиски до семејството велат дека Ендрју, заедно со своите ќерки – принцезите Беатрис и Евгенија – верува дека Чарлс сака Кралската ложа да стане официјална резиденција на кралицата Камила, доколку таа го надживее.Според нив, тоа би било слично на ситуацијата со мајката на кралицата Елизабета II, која по смртта на кралот Џорџ VI живееше во истата ложа. Од палатата категорично негираат дека постои таква намера, но принцот останува убеден дека таа идеја е реална.Изворите додаваат дека кралицата Камила најверојатно не би сакала да живее сама во толку голем имот, особено бидејќи ја има својата омилена куќа Ray Mill во Вилтшир – историски објект кој го купила по разводот од првиот сопруг, Ендрју Паркер Боулс. Таа куќа и денес е нејзино омилено засолниште, а таму годинава беше направен и нејзиниот официјален портрет за 78. роденден.Во март, кралот Чарлс го купи соседниот имот Old Mill, со цел да спречи да се претвори во свадбен објект кој би ја нарушил приватноста на кралицата.Извештаите дека Чарлс сака да го исели својот брат се појавија уште пред последните скандали поврзани со пријателството на принцот Ендрју со осудениот педофил Џефри Епстајн и наводните контакти со кинески шпиони. Но, приказната повторно се актуализирала откако било откриено дека принцот со години не плаќал кирија.Ендрју, сепак, тврди дека има целосно право да остане во имотот, бидејќи во 2003 година платил еден милион фунти за долгорочен закуп и сам финансирал реновирање вредно повеќе од 7,5 милиони фунти, со што, според него, ја заштедил државната каса.Тој инсистира дека со тоа всушност заштедил пари на даночните обврзници, бидејќи го одржувал имотот од сопствени средства. Сепак, дел од пратениците во британскиот парламент сметаат дека фактот што принцот живее без кирија претставува трошок за јавноста.Принцот Вилијам, кој останал во добри односи со своите братучетки Беатрис и Евгенија, наводно сакал прашањето со Кралската ложа да се реши пред тој да стане крал, за да не се пренесува натаму семејниот спор.Во меѓувреме, претседателот на Комитетот за јавни сметки во британскиот парламент, сер Џефри Клифтан-Браун, најави дека ќе побара од Министерството за финансии и Крунската комисија детални информации за закупот и трошоците околу имотот. „Нашата задача е да осигуриме дека парите на даночните обврзници се трошат рационално и ефикасно,“ изјави тој.Бекингемската палата засега не го коментира случајот, а јавноста во Велика Британија внимателно го следи новиот семеен конфликт во монархијата кој, како што изгледа, допрва ќе се развива.

Магазин | пред 4 месеци

media-library9eq6tqh8anvqaf8qb4C

Зошто дехидрацијата е најопасна за постарите лица – совети на лекарите

Според податоците на Светскиот совет за стареење, имунолошкиот систем на постарите лица повеќе не се бори со вирусите толку ефикасно како порано, па затоа процесот на опоравување мора да се сфати сериозно. Иако повеќето луѓе при настинка веднаш посегнуваат по лекови или едноставно остануваат во кревет, лекарите предупредуваат на една честа, но опасна грешка – занемарување на хидратацијата.Докторката и медицинска сестра Сандра Петерсен објаснува дека токму недостатокот на внес на течности е најчестата грешка што може да го влоши здравјето, особено кај постарите лица.„За време на болест, хидратацијата ги одржува слузниците влажни, што му помага на телото полесно да ги задржи и исфрли вирусите,“ вели таа за Parade.Според Петерсен, водата е неопходна за правилно функционирање на имунолошкиот систем – таа овозможува полесен пренос на хранливи материи и кислород, ја регулира телесната температура и помага во исфрлањето на токсините преку бубрезите. „Дехидрацијата, пак, може да го зголеми заморот и да предизвика главоболки,“ додава таа.Сличен став има и докторката Рупа Сах, која предупредува дека соодветната хидратација го намалува ризикот од секундарни инфекции како бронхитис, синуситис или воспаление на белите дробови, бидејќи ги одржува влажни слузниците на носот, грлото и белите дробови.И двете експертки потенцираат дека постарите лица се најранливи на дехидрација, особено ако имаат симптоми како повраќање или дијареа, кога доаѓа до губење на електролити. „Нерамнотежата на електролитите може да предизвика слабост, конфузија, па дури и хоспитализација,“ вели Петерсен.Таа објаснува дека со возраста телото има послаб осет за жед, па често му е потребна вода дури и кога не се чувствува жед. Дополнително, со стареењето се намалува мускулната маса – а токму мускулите складираат вода – што значи дека организмот има помали резерви на течности.Одредени лекови, како диуретиците, дополнително го зголемуваат губењето течности. Затоа, Петерсен препорачува постарите лица да пијат шест до осум чаши вода дневно, а во периоди на болест уште една или две повеќе.Докторката Сах советува течностите да се внесуваат постепено во текот на денот – вода, билни чаеви, супи и бистри пијалоци, а да се избегнуваат кофеин и алкохол, кои го поттикнуваат губењето на течности.„Дури и блага дехидрација може да има сериозни последици кај постарите лица,“ предупредува Сах. „Хидратацијата не е само прашање на удобност, туку и на безбедно закрепнување.“

Магазин | пред 4 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Тешка сообраќајка кај Хиподром: Камион „Мерцедес“ излетал од автопатот

Утрово околу 10 часот се случила сообраќајна несреќа на автопатот Скопје–Куманово, во близина на клучката Хиподром. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, товарно возило марка „Мерцедес“ удрило во банкина, при што повреден е возачот.Повредениот бил веднаш пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.Од МВР потврдуваат дека увидот на местото на несреќата е во тек, а дополнителни детали за причините и околностите се очекуваат по завршување на истрагата.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryqo0gvc8ksmoo6tZuzQo

Мајорот Лазиук – човекот со најтешката должност во Украина

Мајорот Сергеј Лазиук има работа што никој не би ја посакал. Тој е човекот кој им ја носи најтешката можна вест на украинските семејства – дека нивниот син, сопруг или брат е мртов. Со писмо во рака и болка во очите, тој тропа на вратите низ Лавов, подготвувајќи се секојпат да слушне крик од мајка чиј живот ќе се сруши во тој миг.„Најтешко е кога луѓето сè уште имаат надеж. Мислат дека можеби има грешка“, вели Лазиук за Telegraph. Тој секогаш ги соопштува вестите лице в лице, без посредници, и ретко добива слободен ден – неговите колеги едноставно не можат да ја поднесат тежината на задачата.Работи во воениот регрутациски оддел, каде што не само што ги испраќа младите на фронтот, туку подоцна ги враќа – во ковчези. Откако Украина последен пат објави податоци во февруари, претседателот Володимир Зеленски призна дека загинале повеќе од 46.000 украински војници, иако западните аналитичари веруваат дека вистинската бројка е далеку поголема.Лазиук секогаш однапред ги известува семејствата дека мора лично да достави „запечатено писмо“. Неколку дена подоцна, тој повторно им се јавува – овојпат за да го координира враќањето на телото. Некои мајки се подготвени, бидејќи веста веќе ја добиле од фронтот, други паѓаат во несвест, а има случаи кога мора да повика Итна помош.Во Украина, мобилизацијата одамна престана да биде доброволна. Секој маж од 25 до 60 години е обврзан да служи, но ентузијазмот одамна исчезна. Повеќе од половина милион мажи се кријат за да избегнат повик.„Сите сакаат да победиме, но никој не сака да се приклучи,“ вели капетан Мирослав Трембекски, кој ги води регрутациските патроли. На улиците на Лавов, војници во униформи запираат мажи и ги носат во воените центри – сцени кои предизвикуваат страв и отпор. „Ако фронтот се сруши, можеби веќе нема да има Украина“, додава Трембекски, кој и самиот бил ранет на линијата во Покровск.Многумина се кријат по своите домови. Еден 50-годишен човек од Лавов, Микола, живее со спуштени ролетни и гледа видеа на YouTube за насилството на регрутерите. „Да завршев на фронт во мојата состојба, немаше да бидам од корист. Подобро е да помогнам со донации“, вели тој. Неговата сопруга го испратила синот во Италија за да го спаси од мобилизација.И додека многумина се обидуваат да избегаат, неколку странци доброволно доаѓаат да помогнат. Меѓу нив е и 46-годишниот Ли Џонсон од Белфаст, поранешен тренер по бокс, кој чекал мајка му да почине за да може да замине на фронтот.Неколку дена подоцна, мајорот Лазиук стои меѓу толпата на новото воено гробиште во Лавов – старото одамна е преполно. Тој присуствува на погреб на двајца војници чии семејства лично ги известил. Во џебот му е уште едно писмо – нова адреса, нова трагедија.„Сакам ова да заврши,“ вели тивко. „Но знам дека и кога ќе падне последната граната, сè уште ќе има тела што треба да се пронајдат. Ќе има мајки што чекаат одговор.“

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Од Будимпешта до санкции: Еден телефонски разговор на Путин скапо го чинеше

Само пет дена по оптимистичниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот лидер Доналд Трамп ја откажа најавената средба во Будимпешта и воведе нови санкции кон Москва – првпат во неговиот втор мандат, пренесува CNN.Прекинот на плановите дојде откако американските власти сфатиле дека ставот на Путин во однос на војната во Украина останал непроменет. Продолжените напади врз цивили, максималистичките барања кон Киев и одбивањето на прекин на огнот биле доволен сигнал за Трамп дека нема простор за напредок. „Едноставно не ми изгледаше исправно“, изјави тој. „Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што треба, затоа го откажав.“Оваа одлука беше поздравена од европските сојузници на Вашингтон и дел од американската јавност, но остро осудена од Москва. По месеци закани без конкретни потези, Трамп конечно презеде најдиректен чекор во насока на казнување на Русија поради продолжувањето на војната. „Едноставно почувствував дека е време“, рече тој при објавата на санкциите од Белата куќа.Според извори од администрацијата, не постоел еден пресуден момент, туку постепено разочарување поради тоа што Путин не покажувал вистинска волја за прекин на конфликтот. Трамп дури се пожалил: „Секој пат кога зборувам со Владимир, имаме добри разговори – а потоа не водат никаде.“По телефонскиот разговор, Трамп одржал средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која, според американските медиуми, била напната. Иако го притискал Киев за територијални отстапки, на крајот предложил план за прекин на огнот долж постојните фронтови – нешто што Москва категорично го одбива.Одлучувачкиот пресврт дошол по разговорот меѓу државниот секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кога станало јасно дека Москва нема намера да попушти. Трамп заклучил дека самитот во Будимпешта би бил „губење време“ и го стопирал процесот.Во следните часови, по состанокот со министерот за финансии Скот Бесент – кој подолго време се залагал за санкции – Трамп неочекувано одобрил пакет мерки против нафтените гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“. Одлуката го изненадила дури и неговиот најтесен круг на соработници.„Ова се големи санкции“, му рекол Трамп на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој тој ден го посети Вашингтон. „Се надеваме дека нема да траат долго. Се надеваме дека војната ќе биде завршена.“Според извори од Белата куќа, Трамп бил мотивиран и од успехот на прекинот на огнот во Газа, кој го припишува на својот „построг пристап“. „Кога стана поцврст, работите се придвижија“, изјавил еден висок функционер.Иако со месеци двоумел да воведе санкции од страв дека ќе го оддалечи Путин од масата за преговори, сега Трамп ја промени тактиката. Сепак, Белата куќа не ја исклучува можноста за нова средба меѓу двајцата лидери во иднина.„Се надеваме дека еден ден тоа повторно ќе биде можно“, изјави портпаролката Каролин Левит. „Но, овојпат сакаме да бидеме сигурни дека од тој состанок ќе произлезе конкретен, позитивен резултат.“

Свет | пред 4 месеци

orban-tramp1

Орбан: Унгарија работи на начин да ги заобиколи американските санкции кон Русија

Унгарија работи на план за заобиколување на новите американски санкции кон руските нафтени компании „Лукоил“ и „Росњефт“, изјави премиерот Виктор Орбан, без да открие детали за можниот механизам. Изјавата следува по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за првпат во својот втор мандат воведе санкции кон Русија со цел да ја принуди Москва да прифати прекин на огнот во Украина.„Работиме на тоа како да ги заобиколиме овие санкции“, рече Орбан во интервју за државниот радио сервис Kossuth, додавајќи дека веќе разговарал со раководството на унгарската нафтена и гасна компанија MOL.Трамповиот потег предизвика раст на цените на нафтата и загриженост кај Унгарија и Словачка – двете најголеми купувачки на руска нафта во Европската унија. Двете земји и досега уживаа изземања од европските ограничувања поради нивната висока зависност од руската суровина.MOL управува со две рафинерии – во Унгарија и Словачка – со заеднички капацитет од 14,2 милиони тони нафта годишно. Двете постројки речиси целосно зависат од испораките преку нафтоводот „Дружба“, кој ја поврзува Русија со централноевропските земји.Словачката подружница на компанијата, Slovnaft, соопшти дека веќе спроведува анализа за потенцијалните последици од американските санкции, кои треба да стапат на сила кон крајот на ноември.Минатата година MOL се соочи со сериозни проблеми во снабдувањето откако Украина воведе свои санкции кон „Лукоил“. Според економските аналитичари, новиот американски пакет мерки би можел дополнително да ја влоши ситуацијата во регионот, особено во делот на транспортот и дистрибуцијата на гориво.Орбан, кој е познат по своите блиски односи со Москва, веќе порача дека „енергетската безбедност на Унгарија е над политичките притисоци“ и дека земјата ќе продолжи да се снабдува „таму каде што е најповолно и најсигурно“.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.Порари неможност за нормалното одвивање на сообраќајот, сообраќајот е во прекин.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

(Фото) Автомобил ,,покоси” цело семејство на тротоар

Вчера околу пладне, возач со автомобил излетал од булевар во скопската населба Ново Лисиче и буквално покосил четворица пешаци, членови на семејство, пред да се забие во семафор, соопшти полицијата.Во ударот од автомобилот „опел астра“, возен од Т.Н. од Скопје, повредени се Г.К. (40) и М.К. (39), како и две девојчиња. Повредените пешаци се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им се констатирани повреди.Сведок на ситуацијата за „Скопје1“ вели „Дедото влета со кола во паркот, удри во жена со деца и го удри семафорот, кој се откачи и падна. Овде не дај Боже, требаше да поминам јас со малиот.Полицијата извршила увид на местото на несреќата, соопштуваат од МВР.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Ниту потврдуваат ниту негираат: молк во ДУИ за евентуалното повлекување на Ахмети од политика

Молк од Демократската унија за интеграција околу веста дека Али Ахмети размислува да се повлече од активната политика.„Скопје1“ уште во текот на вчерашниот ден побара став од Бујар Османи, висок партиски функционер, а и кандидат на ДУИ во Чаир кој изгуби - но тој не одговори на пораката дали има вистина во објавата од албански медиум.ДУИ на овие избори ја предводи коалицијата НАИ, која победи само во Липково и Пласница. Партијата изгуби во Чаир.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski-medziti

ВЛЕН ќе го подржи ДУИ во Кичево, Мицкоски со порака до Касами:Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби и шовинизм

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премир, Христијан Мицкоски, осстро реагираше на изјавата на лидерот на коалицискиот партнер Беса од „Влен“, Билал Касами. Тој во интервју за албанската телевизија Сири најави дека во вториот круг од локалните избори во Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кои влегова во вториот круг.„Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партенери треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики“, изјави Мицкоски, во денешното обраќање на настанот по повод Денот на македонската револуционерна борба.Според Мицкоски, луѓето не треба да се третираат како контингенти гласови, туку како граѓани со свои судбини и убедувања.„Ниту еден од нас нема гласови во џеб. Поддршката се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност. Во тој контекст, треба да се прифати дека поедини градоначалници станаа градоначалници поради волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволат да ја изневерат. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата“, рече Мицкоски.Касами пак рече дека по испаѓањето на кандидатот на „Влен“ во првиот круг во Кичево, природно е албанските гласови да одат кон ДУИ, претставувајќи го тоа како национално мобилизирање, а не коалициско.ВМРО-ДПМНЕ во Тетово не истакна свој кандидат и го подржа Касами како кандидат на „Влен“ за градоначалник во Тетово.ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа и кандидатите на „Влен“ во Чаир, Сарај и Струга.„Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Аеродром, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.„Во вториот круг имаме 26 кандидати од кои најголемиот дел се во големо водство како Аеродром и во Скопје а во неколку нашиот кандидат е второпласиран но е во вториот круг. Ќе се бориме за секој еден глас и за секој општина. Излезете и гласајте по вашето лично убедување. Кога ќе го имате пенкалото во рака ако одлучувате според разум, душа и срце убеден сум дека ќе одлучите за бројот 9 и овде во Аеродром за Дејан и Орце за Град Скопје, убеден сум“ кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека СДСМ не е на биолошки минимум туку пред исчезнување и на следните избори кога и да се, ќе бидат под 100 000 гласа и ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 2 ноември.„Порака до симпатизерите и членовите на СДСМ, иако тоа го правев цело време во кампањата за првиот круг, кога велев дека и на нив не им е пријатно некогаш големиот СДС како сега се бори како се жилави едвај да го помине прагот од 100 илјади гласа, сега не зборуваме за биолошки минимум зборуваме таму за исчезнување, единствен начин да си помогнат себе и да и помогнат на СДС да излезат во втор круг и да го заокружат бројот 9 којшто прави промена. Следните избори СДСМ ќе бидат, под 100 илјади гласа. Тогаш ќе дојдеме до заклучок дека намалувањето на бројот на пратеници поради апстинирање или разочарување е државен и национален проблем. Ваква опозиција каква што е, не ќе може да направи резултат, тогаш состојбите ќе бидат поинакви, тогаш ќе имаме нова реалност. Затоа е важно да излезете и да гласате. Потребна ни е мобилизација на секој еден гласач“ кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека во политиката мора да се има цел и стратегија, ВМРО-ДПМНЕ на патот кон остварување на своите цели не бараше ништо освен почит за својата жртва која ја дале за друг, но тоа не го доби и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го заборави.„Политиката не е црна кампања и не е со лаги да се доберат до власта. Политиката е да имаш цел, и план како да ја реализираш таа цел. Ние имаме план и многу стратешки цели како да ги реализираме, дел ги реализиравме, дел се реализираат, многу мал дел не успеавме да реализираме. Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме. Сега да се фокусираме на 2 ноември масовно да излеземе, да тропнеме на секоја врата, да излеземе и да зокружиме број 9, за Дејан, за Орце и насекаде каде ВМРО-ДПМНЕ има свој кандидат“ нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

putin

Путин со остро предупредување до САД: „Ако нè нападнат, одговорот ќе биде застрашувачки“

Рускиот претседател Владимир Путин испрати остро предупредување до САД, реагирајќи на новите санкции што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе против руските енергетски гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“. Како што пренесуваат руските државни медиуми, Путин порача дека Русија ќе одговори „силно и одлучно“ доколку САД употребат ракети Tomahawk против нејзина територија.„Ако со такво оружје се изведат удари врз рускиот територијa, одговорот ќе биде многу силен — да не речам застрашувачки. Нека размислат за тоа“, изјави Путин, додавајќи дека разговорите за можната испорака на вакви ракети на Украина претставуваат „обид за намерна ескалација на конфликтот“.Рускиот лидер се осврна и на неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го откаже планираниот билатерален состанок во Будимпешта. „Мислам дека тој не го откажа, туку само го одложи. Ми предложи сам да организираме самит во Будимпешта, но таков настан мора внимателно да се подготви“, рече Путин, нагласувајќи дека Русија и понатаму останува отворена за дијалог.Во однос на новиот бран санкции, Путин изјави дека тие се „непријателски чин“ кој не придонесува за стабилност во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, иако санкциите ќе предизвикаат одредени економски загуби, руската економија и енергетскиот сектор остануваат стабилни. „Ќе има одредени последици, но не драматични. Нашата енергетика е сигурна и отпорна. Ова е обид за притисок, но Русија не носи одлуки под туѓ диктат“, изјави Путин.Тој додаде дека Русија припаѓа на државите кои „си го почитуваат својот интегритет и достоинство“ и дека нема намера да попушта под надворешни влијанија. „Ниту една земја што се почитува себеси не решава проблеми на таков начин. Русија има таа привилегија – да стои цврсто зад своите принципи“, нагласи Путин.Рускиот претседател изјави и дека со Трамп разговарал за влијанието на нафтената политика врз глобалниот раст на цените, вклучувајќи ги и ефектите врз американската економија.Путин се обрати пред новинарите по завршувањето на XVII конгрес на Руското географско друштво, нагласувајќи дека Русија „ќе продолжи да се брани, но и да нуди разговор – сè додека има кој да слуша“.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања