Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Амар Мециновиќ по првиот круг: „Скопје се разбуди – сега сопствените соништа ќе ги види на јаве“

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, се огласи по резултатите од првиот круг на локалните избори, во кој обезбеди место во вториот круг заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.„Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце – на сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и веруваа дека Скопје заслужува повеќе,“ напиша Мециновиќ.Тој истакна дека за време на кампањата создале вистинско движење, кое покажало дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето.„Почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога дојдовме до вториот круг, изборот е јасен – стариот систем кој го истроши градот или новиот кој заедно го градиме, каде колективниот интерес е пред партискиот.“Мециновиќ нагласи дека оваа борба никогаш не била за него лично, туку за сите скопјани „кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат“.“Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град. Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве,“ заврши кандидатот на Левица.

Скопје | пред 5 месеци

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата - дизелот има поевтинување

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 13.10.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,270%, кај дизелот за 3,247%, кај екстра лесното масло за 3,963% и кај мазутот намалувањето е за 3,144%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5468%.Од 21.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  73,00 (денари/литар)Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 98                             75,00 (денари/литар)Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            67,00 (денари/литар)Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               36,047 (денари/литар)Мазут М-1 НС                                                                 36,047 (денари/килограм)Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,614 ден/кг и сега ќе изнесува 36,047 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

Прво обраќање на Каја Шукова откако не влезе во втор кург за Скопје

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, се огласи по завршувањето на првиот круг од локалните избори, на кои не успеа да влезе во вториот круг.„Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност“, напиша Шукова.Таа додаде дека, иако резултатот не бил оној што го очекувале, е горда на кампањата што ја водела — „чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје“.„Му благодарам на мојот тим и на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Покажавме дека може да се гради политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи,“ порача кандидатката на СДСМ.Шукова нагласи дека, без разлика на изборниот резултат, ќе продолжи да работи за јавниот интерес и вредностите во кои верува, „со иста одговорност и посветеност“.На крајот, им упати порака на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг:„Им посакувам фер, достоинствен и демократски натпревар.“

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryb313ksprs4pq1pbSr47

Независниот кандидат Умејр Мухамеди по изборите: „Ги нудиш решенијата, а луѓето повторно бираат истите“

По завршувањето на локалните избори, независниот кандидат за советник во Град Скопје, Умејр Мухамеди, се огласи со реакција на социјалните мрежи, изразувајќи разочараност од изборот на граѓаните.„Ги објавуваш сите недостатоци во Град Скопје, нудиш конкретни и изводливи решенија, укажуваш на спорни зделки и сериозни злоупотреби, предлагаш мерки за одговорност – и пак, наместо поддршка за нов лик кој ја разбира состојбата на градот подобро од било кој друг, одлучуваат повторно да гласаат за старите“, напиша Мухамеди.Тој се осврна и на имињата кои, според него, не нудат вистинска промена:„Наместо тоа, му даваат шанса повторно на Ристо Пенов, на полковникот од ЗНАМ и на неколку други анонимуси.“Сепак, Мухамеди им се заблагодари на сите кои му го дале својот глас.„Благодарам на сите кои го дадоа гласот за Независни Заедно – 5.241 на број. Благодарност и до сите останати, и Господ нека ви е на помош“, порача тој.

Скопје | пред 5 месеци

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа – по 20 години освоена Струмица и 33 општини во прв круг

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека постигнала историски резултат на локалните избори, освојувајќи градоначалнички мандати во 33 општини уште во првиот круг, меѓу кои и Струмица — град што две децении важеше за бастион на СДСМ.„По 20 години, ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС – Струмица. Кандидатот Петар Јанков забележа историска победа со разлика од над 5.000 гласови“, соопштија од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека освен во Струмица, успеале да ги освојат и повеќе општини кои претходно биле под раководство на СДСМ – меѓу нив Берово, Делчево и Маврово-Ростуше, а водат и во неколку општини каде ќе следува втор круг, како Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане и Валандово.„Овие локални избори потврдија дека граѓаните сакаат промени и резултати. ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДСМ само во три помали општини,“ велат од партијата.Меѓу општините каде што ВМРО-ДПМНЕ победи уште во првиот круг се: Берово, Битола, Велес, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Ново Село и други.Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува и во вториот круг во Аеродром, Карпош и Град Скопје, каде кандидатот Орце Ѓорѓиевски ќе се соочи со кандидатот на Левица.„Овие резултати се доказ дека граѓаните избраа промена, напредок и одговорност. Македонија тргнува по нова патека – на развој и стабилност,“ стои во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

filipce34

Стигна првото барање за оставка од Филипче

Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција по резултатите од локалните избори, оценувајќи дека опозициската СДСМ доживеала, како што велат, „историски дебакл“.„Филипче е целосно декласиран и треба да си поднесе оставка. Го изгуби бастионот Струмица, а во Скопје не успеа ниту да влезе во втор круг,“ стои во реакцијата.Од партијата посочуваат дека СДСМ во главниот град завршила на четвртото место, зад ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ВЛЕН, а дека Струмица, која со години важеше за бастион на социјалдемократите, овој пат била освоена од нивниот кандидат уште во првиот круг.„СДСМ предводена од Венко Филипче ја направи партијата трета сила на локално ниво, а во некои општини дури и четврта,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, спомнувајќи општини како Битола, Карпош, Кисела Вода, Куманово и Кочани.Во реакцијата се додава дека резултатите се доказ за, како што велат, „целосната безидејност и немањето конкретни проекти“, поради што, според нив, „единствениот чесен потег што Филипче може да го направи е да си поднесе оставка“.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДСМ со прва реакција по првите резултати: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

„По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови“, велат од СДСМ и додаваат:Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите.За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба. Левица, која вчера триумфалистички излажа дека станувала лидер на опозицијата има изгубено ист процент на гласови како СДСМ, со мало подобрување на резултатот на на ниво на градот Скопје. Левица сумарно има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што е јасно дека ваквите еуфорични лаги на Апасиев немаат допирна точка со реалноста.СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот што е значително намалена разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фактот што ЗНАМ, нивниот привезок партија, има драматичен пад, укажува на тоа дека довербата во власта значително опаѓа. СДСМ останува втора најсилна партија.Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryh83q5vtmc9j99SeSIkV

Обид за убиство во Скопје: маж си го претепал братот и легнал да спие

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе истрага против лице осомничено дека се обидело да изврши убиство на својот брат во семејниот дом во село Марино.Како што соопшти Обвинителството, настанот се случил на 18 октомври, кога осомничениот физички го нападнал братот, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и телото. Од ударите, оштетениот почнал да крвари и изгубил свест, по што осомничениот – наместо да повика помош – си легнал да спие.Следното утро, кога го забележал брат му како лежи во крв, не реагирал веднаш, туку повикал итна медицинска помош дури по речиси три часа.Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му биде определен притвор, имајќи ги предвид околностите и тежината на делото.Според Обвинителството, случајот се води како обид за убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryrs12m9qmv8uq8rnDJdr

Мицкоски слави: „20 години чекавме на оваа победа во Струмица“

„Убедливо победивме во првиот круг во Струмица. 20 години чекавме за овој дел“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по објавувањето на првичните резултати од локалните избори.Според целосно обработените 100 проценти од избирачките места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанков, доби 15.071 глас, додека кандидатот на СДСМ, Даскаловски, освои 9.732 гласа. Останатите кандидати имаат троцифрен број гласови.Мицкоски ја оцени победата во Струмица како „историска “, потсетувајќи дека ова е прва победа на неговата партија во овој град по две децении.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryovofe5aeqjj29IPP8ti

Втор круг во четири скопски општини и за градоначалник на Град Скопје

По првиот круг од локалните избори, граѓаните во повеќе општини избраа градоначалници уште во првиот круг, додека во дел од општините трката продолжува на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од изборите.Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир. Во останатите четири – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, граѓаните повторно ќе треба да излеат на гласање.Во Аеродром, најмногу гласови во првиот круг освои актуелниот в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09%, пред Александар Трајановски со 20,79%. Двајцата одат во втор круг.Во Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски освои 38,21% од гласовите, додека Мирослав Лабудовиќ доби 25,53%. И тие двајца ќе се соочат повторно во вториот круг.Во Карпош, во водство е Сотир Лукровски со 34,51% пред Стевчо Јакимовски, кој има 29,40%.Во Шуто Оризари, вториот круг ќе го одлучи победникот меѓу актуелниот градоначалник Курто Дудуш (36,57%) и Ерџан Демир (20,69%).Втор круг ќе има и за градоначалник на Град Скопје, каде што ќе се натпреваруваат Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ. Ѓорѓиевски освои 39,43% од гласовите или 91.582 гласа, а Мециновиќ 13,20% или 30.659 гласа.

Скопје | пред 5 месеци

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Бујар Османи го призна поразот, Изет Меџити ќе го предводи Чаир

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, по завршувањето на изборниот ден, упати јавна изјава во која им се заблагодари на своите соработници, активисти и поддржувачи за нивниот ангажман во текот на кампањата, оценувајќи дека изборниот ден поминал успешно и мирно.„Денешниот изборен ден беше успешен, без поголеми забелешки, и тоа е нешто што треба да се истакне. Сакам да изразам благодарност до сите соработници, активисти, пријатели од партијата и коалицијата, како и до форумите на жени и млади. Чест ми беше да работиме со посветеност и пожртвуваност на визијата за Чаир, но и да создадеме многу нови пријателства,“ напиша Османи.Тој нагласи дека, иако кампањата не била целосно фер и законска, резултатот го прифаќа со почит кон волјата на граѓаните.„Во политиката, последниот збор секогаш им припаѓа на граѓаните. Доволно сум долго во оваа сфера за да ги разберам и почитувам пораките што тие ги испраќаат. Иако кампањата не беше фер во секој аспект, нема да се жалам – чесноста и вредностите имаат смисла само ако ги зачуваш и во вакви ситуации,“ порача Османи.Тој му честита на својот противкандидат и на коалицијата што стои зад него, посакувајќи им успех во следниот четиригодишен мандат.„Им честитам на победниците во Чаир и им посакувам успех во управувањето со општината,“ додаде Османи, истакнувајќи дека дополнително ќе се произнесе за своите следни политички чекори.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryqeid4t3bga6v2AWGw9l

Мицкоски со порака до ДУИ веднаш по првиот круг од изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на партијата на локалните избори, на кои неговите кандидати освоија градоначалнички места во 32 општини уште во првиот круг, изјави дека исходот бил очекуван и дека тој претставува пораз на старите политички модели.„Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Кога ги давав тие одговори, знаев дека ќе се случи ова што се случи – знаев дека политиката од пред четири или пет децении ќе биде поразена, и бев во право,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека резултатите се „јасна порака“ за ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, кои, според него, доживеале сериозно разочарување.„Многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска – и очигледно се непријатно изненадени. Кога Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков: полека, почекај, ќе бидеш непријатно изненаден од резултатот. Ова е тој ден,“ изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски оцени дека овие избори означуваат пораз на политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми, кои, како што рече, „немаат никаква врска со секојдневните проблеми на граѓаните“.„На овие избори победи разумот, победи политиката што се занимава со реални проблеми, а не со орли и зајци. Сега се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но очекувам далеку поконцентрирана и покапацитетна од оваа која зборува за небитни теми,“ додаде Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library98pbgi59mkafcwfu1kz

Познати резултатите по првиот круг: градоначалници избрани во 44 општини, три без доволен одѕив

На локалните избори одржани вчера, градоначалници се избрани уште во првиот круг во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која освои градоначалнички места во 32 општини.Според обработени 99,94 проценти од гласовите од 3.472 избирачки места, партијата ќе има градоначалници во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.Во Старо Нагоричане, кандидатот на истата партија има точно 50 проценти од гласовите, што е граничен резултат за победа во првиот круг.Од останатите политички субјекти, СДСМ победи во три општини – Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани, додека коалицијата ВЛЕН освои пет градоначалнички места – во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.Коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, доби четири општини – Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.Изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, што е законскиот минимум за да се смета дека изборите се валидни.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Левица влегува во 10 нови совети – станавме втора партија во Скопје и повеќе општини

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по првиот изборен круг изјави дека партијата постигнала историски резултат на локално ниво, освојувајќи над 70 советнички места низ државата.„Од 48 советници, според нашата аналитика, сега имаме над 70 советници на ниво на држава. За првпат влегуваме во советите на општините Тетово, Виница, Берово, Лозово, Пробиштип, Ранковце, Струмица, Радовиш, Кривогаштани и Ресен,“ рече Апасиев.Тој додаде дека Левица, покрај главниот град, станала втора најсилна политичка сила во повеќе скопски општини.„Покрај главниот град Скопје, втора партија сме во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Велес. Тоа значи дека нашата визија за пасокизација на СДС се оствари – од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата,“ изјави Апасиев.

Македонија | пред 5 месеци

media-library0jsp6dcfiln49xxN6ra

(Видео) Со паролите за Груевски, го бодреа Амар во Левица откако влезе во втор круг

Распеана атмосфера имаше вчера во штабот на Левица, откако Амар Мециновиќ се пласираше во вториот круг. Присутните во знак на поддршка го поддржаа кандидатот со паролата „Никој ништо не ти може Амаре“, истата од 2016 година, кога за Груевски извикуваа „Никој ништо не ти може Никола“.Потоа, се скандираше „Цело Скопје, гласа Амаре“. Од партиската говорница, Мециновиќ се заблагодари на поддршката и најави дека во идниот период повторно ќе се посветат на кампањата и подобри резултати во вториот круг.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf16ogmthvl4ceoFRbeS

Ѓорѓиевски и Мециновиќ во втор круг за Скопје – Шукова надвор од трката

Кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ќе се соочат во вториот круг од изборите за градоначалник на Град Скопје, кој ќе се одржи на 2 ноември.Кандидатката на владејачката партија Каја Шукова не успеа да влезе во трката за вториот круг и, според првичните официјални податоци, заврши четврта меѓу 16 кандидати кои се натпреваруваа за првиот човек на главниот град.Според 100 проценти обработени избирачки места, објавени од Државната изборна комисија (ДИК) утрово во 7 часот, Ѓорѓиевски освои 39,43 проценти од гласовите или 91.582 гласа, додека Мециновиќ има 13,20 проценти, односно 30.659 гласа.На трето место е кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Башким Бакиу, со освоени 12 проценти или 27.864 гласа, а Шукова е четврта со 26.714 гласа или 11,50 проценти.Со 652 гласа помалку, односно 26.062 гласа, Скендер Реџепи од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, го зазеде петтото место, што претставува 11,22 проценти од гласовите.Во изборот за Совет на Град Скопје, најмногу гласови освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,15 проценти, следат Левица со 11,83 проценти, ВЛЕН со 11,77 проценти, коалицијата предводена од ДУИ со 11,64 проценти, додека СДСМ и коалицијата освоија 10,56 проценти.Податоците се конечни на ниво на обработка, но неофицијални до потврда од ДИК.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryr63sdphk5pb5eRMdblT

(Во живо) Резултати, сите прес-конференции, вклучувања во штабови, МВР, ДИК и гости во студио

Во живо следете го завршувањето на првиот круг од локалните избори. Со затворањето на изборните кутии, започнуваме со вклучувања во живо во Државната изборна комисија, потоа во МВР, во штабовите на партиите.Во нашето студио ќе бидат Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, Дарја Мустафаоглу од Левица и Ана Чупевска од СДСМ.Дискутираме заедно преку коментарите кои можете да ги пишувате на „Јутуб“:

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителството: Изборниот ден поминува мирно, без поголеми неправилности

Досегашниот тек на локалните избори 2025 година минува мирно и без сериозни нарушувања на изборниот процес, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Според податоците добиени од обвинителствата низ земјата, до овој момент не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.Јавен обвинител од ОЈО Струмица бил усно известен за случај на погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село, но по извршен разговор и замена на материјалот од страна на Државната изборна комисија, не се утврдени елементи на кривично дело.Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп биле евидентирани во обвинителствата во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе. За сите случаи, јавните обвинители преземаат дејствија за проверка на пријавите.Евидентирани се и неколку случаи на прекршување на изборниот молк, но станува збор за мал број настани кои засега немаат карактер на кривично дело.Привремената комисија на Јавното обвинителство и денеска го следи изборниот процес, а електронската адреса izbori@jorm.mk останува отворена за пријави на евентуални неправилности.Од обвинителството потврдуваат дека се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, кои тесно соработуваат со останатите институции надлежни за спроведување и надзор на изборите.„Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет во постапувањето“, соопштија од Јавното обвинителство.

Македонија | пред 5 месеци

ukraina-4121-odesa

Украински дронови ja погодија најголемата постројка за обработка на гас во Русија – „Оренбург“

Најголемата постројка за преработка на гас во светот, „Оренбург“, било погодено во напад со украински дронови, при што е оштетен дел од објектот, соопшти гувернерот на регионот Јевгениј Солнцев.Нападот предизвикал пожар во една од работилниците, но, според гувернерот, нема повредени меѓу вработените. Екипи на противпожарната служба веднаш интервенирале и успеале да го изгаснат пожарот.Ова е првпат постројката „Оренбург“ да биде цел на напад, а таа претставува дел од гасно-хемискиот комплекс на „Гаспром“, со годишен капацитет од 45 милијарди кубни метри гас. Во објектот се преработува гасен кондензат од полињата во Оренбург и казахстанското поле Карачаганак.Паралелно, гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, соопшти дека руската противвоздушна одбрана делувала против украински дронови, при што локалниот аеродром и мобилниот интернет биле привремено прекинати.Руското Министерство за одбрана објави дека ноќта биле соборени 45 украински дронови – меѓу нив 12 над Самарската област, 11 над Саратовската и еден над Оренбургската област.Од Украина засега нема официјална реакција, но од август таа значително ги зголеми нападите врз руските рафинерии и енергетски постројки, со цел да ја наруши снабденоста со гориво и да ѝ ја ослаби финансиската моќ на Москва.

Свет | пред 5 месеци

toskovski

Тошковски: Полицијата обезбедува мирен и безбеден изборен процес, демократијата се гради преку учество

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го искористи своето демократско право на глас, при што изјави дека демократијата се гради преку учество, доверба и почит кон волјата на граѓаните.Министерот Тошковски потенцира дека денешниот ден е ден на демократијата – кога граѓаните слободно, мирно и достоинствено ја изразуваат својата волја.„Нашата задача како институција е да обезбедиме таа волја да се реализира во безбедна и мирна атмосфера. Полицијата е на висина на задачата и професионално, непристрасно и одговорно го обезбедува изборниот ден, гарантирајќи дека целиот процес ќе тече мирно, безбедно и во духот на демократијата“, истакна министерот.Во својата изјава, Тошковски ги повика сите граѓани активно да се вклучат во изборниот процес и да го искористат своето демократско право на глас, согласно своите убедувања и совест.„Секој даден глас е израз на лична одговорност и придонес кон иднината на нашето општество. Само преку учество и мирно изразена волја ја градиме довербата во институциите и во демократијата,“ нагласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarymk4dadghoe0328f256n

(Видео) Излезност до 11:15 часот – гласале 9,38 проценти од избирачите

До 11:15 часот, според податоците од Државната изборна комисија, пристигнати се информации од 3.139 избирачки места. Од вкупно 1.645.583 запишани гласачи, на овие избирачки места гласале 154.275 граѓани, што претставува излезност од 9,38 проценти.Од ДИК информираат дека изборниот процес го следат 1.484 набљудувачи од различни организации и мисии.Највисока излезност досега е забележана во општините Берово, Богданци, Бутел, Вевчани, Виница, Гевгелија, Градско, Дебрца, Демир Капија, Зелениково, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Новаци, Пробиштип, Ранковце и Чашка.Најниска излезност, пак, е регистрирана во Сопиште, Центар Жупа, Боговиње и Врапчиште.„Од општини каде е забележана најмала излезност до сега се Сопиште, Центар Жупа, Боговиње, Врапчиште“, додадоа од ДИК.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryagcbg1mln2q92BJzG24

„Гласање ко Мет Гала, а избори за канализации и ѓубре“

Инфлуенсерката Ина Многуфина повторно предизвика реакции на социјалните мрежи со својот саркастичен коментар за начинот на кој политичарите се појавуваат на денот на изборите.„Која е потребата да се покрива гласањето ко да е Мет Гала, од доаѓањето пред изборно место ко да е ред карпет – политичарот и жена му дотерани, па малку интервју пред избирачко место, сите радосни, насмеани... па слика како го спуштаат ливчето со поглед во камера, мислиш не знам каков ивент се дешава, а тоа избори за канализации и ѓубре,“ напиша Многуфина.Објавата, со нејзиниот препознатлив ироничен тон, доби голем број реакции и коментари од граѓани кои се согласија со нејзината критика кон, како што велат, „театралноста“ на дел од политичарите во денот на гласањето.

Коментари | пред 5 месеци

abac07de-e2a2-4914-8bd7-623547817f64

„Ако не ви се допаѓа инфраструктурата – дигнете ја во воздух!“ – жестока реакција на Унгарија кон Полска

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро реагираше на одлуката на полскиот суд да го ослободи украинскиот државјанин Володимир Журављов, осомничен за вмешаност во терористичкиот напад врз гасоводот „Северен тек“, нарекувајќи ја постапката на Варшава „невиден скандал“.„Според полското мислење, ако не ви се допаѓа инфраструктурата во Европа, можете да ја дигнете во воздух. Полска не само што ослободи терорист, туку и му оддава почит – до тоа дошло европското владеење на правото,“ изјави Сијарто.Тој оцени дека одлуката на судот во Варшава претставува „прелиминарна дозвола за терористички напади во Европа“ и предупреди дека ваквиот пристап ги поткопува темелите на заедничката безбедност во рамките на Европската унија.Одлуката на судот ја поддржа полскиот премиер Доналд Туск, кој рече дека таа е „точна“ и дека „случајот е затворен“.Журављов беше уапсен во Полска на барање на германските власти под сомнение дека бил вмешан во нападот врз гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море. Окружниот суд во Варшава му одреди притвор од седум дена на 1 октомври, кој потоа беше продолжен за уште 40 дена, а во петокот судот донесе одлука да го ослободи и да ја одбие неговата екстрадиција во Германија.

Свет | пред 5 месеци

netanjahu

Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави дека повторно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните избори.Во разговор за израелскиот Канал 14, Нетанјаху истакна дека планира да се кандидира за премиер на следните избори.Тој изрази увереност дека ќе победи на парламентарните избори, кои се очекува да се одржат наесен 2026 година.Како лидер на десничарската партија Ликуд („Унија“), Нетанјаху го држи рекордот со најмногу години на чело на израелска влада – вкупно повеќе од 18 години, со прекини, од 1996 година.

Свет | пред 5 месеци

rabotnik-k-mitrovica

Пребрзо возење – причина за несреќата кај Сремска Митровица во која загинаа три лица

Полицијата се сомнева дека пребрзото возење е причина за тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот попладне на патот Сремска Митровица – Јарак, во која загинаа три лица, а околу 80 беа повредени.Потполковникот Дејан Стевиќ од Управата за сообраќајна полиција потврди дека полицијата ги утврдила сите потребни факти за понатамошниот тек на истрагата, која ја води обвинителството.„Притворот на возачот истекува денес и тој ќе биде изведен пред обвинителот. Претпоставуваме дека неговиот притвор ќе биде продолжен“, изјави Стевиќ.Полицијата на тахографот на автобусот регистрирала брзина од 120 километри на час, што, според Стевиќ, е „неверојатно за толку големо возило кое превезувало 83 патници“.„Голема неодговорност во овој момент. Сообраќајните знаци предупредуваат на двојна, опасна кривина, а физиката едноставно не можеше да го одржи возилото на патот со таа брзина“, рече тој.Стевиќ нагласи дека делницата е целосно реконструирана и отворена пред еден месец, а сигнализацијата е во целосна функција.„Асфалтот е нов, а знаците се јасно поставени. На овој дел од патот, откако повторно е пуштен во сообраќај, имаме евидентирано над 60 прекршоци за несоодветна брзина“, додаде тој.Според информациите, вoнреден технички преглед на автобусот бил извршен на 15 септември 2025 година, додека возачот последен пат бил на лекарски преглед кон крајот на 2024 година.Несреќата се случила околу 14:45 часот, кога автобусот што превезувал работници од приватна компанија излетал од патот и се превртел.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања