Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

Screenshot-2025-08-24-at-11.16.09

Украина со дупка од 13 милијарди евра во буџетот – Европа под притисок да помогне

Неделата на дипломатија во Њујорк, како што ја нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски, се одвива во полн ек на маргините на Генералното собрание на ОН. Една од клучните теми е буџетскиот дефицит на Украина за следната година, кој изнесува повеќе од 13 милијарди евра.„Подготвуваме нови долгорочни чекори за финансиската стабилност на Украина“, изјави Зеленски, додавајќи дека решение се бара во замрзнатиот имот на Запад, која би можела посилно да се искористи за одбрана и обнова на земјата.САД, кои досега беа најважен партнер, значително ја намалија финансиската поддршка, што ја става Европа под притисок да преземе поголем дел од товарот. Најголемиот дел од украинскиот буџет е наменет за одбраната, која дневно чини над 140 милиони евра. Истовремено, планиран е раст на социјалните расходи, особено во образованието и здравството.Министерот за финансии Сергеј Марченко објасни дека приоритет ќе имаат регионите блиску до фронтот.„Се работи за засолништа во училиштата, дури и во големите градови кои се под ризик. Тие мора да бидат опремени за да се овозможи настава и нормално функционирање на училиштата“, рече тој.Во парламентот имаше и критики. Пратеникот Дмитро Разумков оцени дека буџетот е „недоволно јасно пресметан“ и предупреди на последици веќе следната година. Финансискиот аналитичар Хлиб Вишлински, пак, го обвини за популизам и посочи дека трошоците за пензии и плати на наставници и медицинари веќе долго време се покриваат од западни партнери.Во Украина веќе преовладува ставот дека САД повеќе не се сигурен партнер, а евентуалната поддршка од администрацијата на Трамп се гледа само како бонус, на кој не треба да се смета.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-kiev-1

Германскиот шеф на дипломатија: Европа мора да „порасне“ и посилно да ја поддржи Украина

Европа мора да преземе поголема одговорност и да ја зајакне својата поддршка за Украина, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул, коментирајќи ја најновата изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека Киев може да си ја врати целата окупирана територија.Во интервју за радиото „Дојчландфунк“, Вадефул рече дека Трамп сфатил оти неговите напори не го убедиле рускиот претседател Владимир Путин да го запре војувањето.„Европејците повеќепати рекоа дека мора да ‘пораснеме’ и да станеме посуверени. Затоа треба да видиме што можеме сами да постигнеме – а можеме многу повеќе. Не сите европски држави го исполнија ветеното кон Украина. Мора да разгледаме и нови финансиски и воени опции“, нагласи германскиот министер.Изјавата на Трамп ја оцени како добра за Европа и Украина, бидејќи претставува признание дека досегашните напори со Путин не дале резултат.Европски дипломати за „Ројтерс“ коментираа дека изјавите на Трамп може да се толкуваат како сигнал дека САД постепено се повлекуваат и дека прашањето Украина станува „европска обврска“.„Изгледа како да се опростува, но тоа може да се смени уште утре. Во секој случај, за нас е јасно – знаеме што треба да правиме“, изјавил еден западноевропски функционер.Иако САД остануваат најголемиот поединечен донатор за Украина, од враќањето на Трамп во Белата куќа Вашингтон инсистира Европа да преземе поголем дел од товарот во сопствената одбрана. Тоа веќе се гледа преку зголемените воени буџети на европските членки на НАТО и преку зајакнатата противвоздушна поддршка за Киев.Европската унија во меѓувреме разгледува план замрзнатата руска имовина да се искористи за дополнителна помош за Украина, како и воведување нови санкции кон Москва.

Свет | пред 5 месеци

brza-pomos-nokje-3

Обид за убиство во Охрид: 19-годишен охриѓанец со нож нападнал врсник во центарот на градот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишниот И.А. од Охрид поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.Според МВР, настанот се случил на 14 септември 2025 година, околу 05:10 часот, во продажен објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Пријавениот со нож го нападнал 20-годишниот Х.С. од Охрид.Напаѓачот веднаш бил лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

Охрид | пред 5 месеци

media-libraryc0r43vq16leubbyAzzU

Конзулката Фросина Ременски на средба со градот Венеција, советничка ја испофали јавно: „Се издвојува нејзината човечност!“

Советникот за образовни политики, услуги за граѓаните и персонал на Градот Венеција, Лаура Бесио, објави дека остварила средба со генералната конзулка на Македонија во Венеција, Фросина Ременски.„Со задоволство ја пречекав конзулката Фросина Ременски. Разговорот беше исполнет со многу теми, бидејќи таа има богато професионално искуство – била пратеничка, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика во Македонија. Но особено се издвојува нејзината човечност и чувствителност, карактеристики што ги носи од својата професија како професорка“, напиша Бесио.Таа нагласи дека ја цени силата, храброста и страста на Ременски како жена што одбрала пат во сфера каде што сè уште доминира машкиот глас. Средбата, како што додаде, била збогатена со интересни идеи и поттикната од заедничкиот пријател Љупчо Андоновски, кој бил присутен како преведувач.„Разговаравме и за убавото пријателство меѓу Италијанците и Македонците“, напиша Бесио.

Македонија | пред 5 месеци

media-library9monc1bk6s5oeWaZ5zu

Трамп во ОН: „Во право сум за сè – Европа ја уништуваат енергијата и имиграцијата“

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк изјави дека „бил во право за сè“, предупредувајќи дека европските држави се соочуваат со опасност од уништување поради, како што рече, „измами со зелената енергија“ и неконтролирана имиграција.„Навистина сум добар во предвидување на работите. За време на кампањата рекоа дека има капа – најпродаваната капа – на која пишуваше: ‘Трамп е во право за сè’. И тоа е вистина“, изјави американскиот претседател.Трамп ја нападна употребата на обновливи извори на енергија, особено ветерните турбини, нарекувајќи ги „измама што ја уништува Европа“. Тој истакна дека европските земји, покрај енергетските политики, се соочуваат и со „катастрофа од неограничена имиграција“.„Ако не се одвоите од оваа зелена измама, вашите земји ќе пропаднат. Ако не ја запрете неконтролираната имиграција од луѓе со кои немате ништо заедничко, вашите земји ќе пропаднат. Јас сум претседател на САД, но се грижам за Европа. Ја сакам Европа и луѓето на Европа, и мразам да гледам како ја уништуваат енергијата и имиграцијата“, изјави Трамп.Тој додаде дека европските лидери се обидуваат да бидат „добри и политички коректни“, но со тоа, како што рече, „ја уништуваат својата сопствена традиција и наследство“. Според него, неопходно е веднаш и силно да се преземе контрола врз „двоглавото чудовиште“ од имиграција и енергетска политика, „пред да биде предоцна“.

Свет | пред 5 месеци

media-librarykn9o0vukct9qcxWplaz

Министерот демантира: Пораката на социјалните мрежи не е веродостојна, случајот со Росица се злоупотребува за политика

Министерот Панче Тошковски за „Скопје1“ демантира дека контактирал со убиената Росица Коцева, која беше убиена во Велес. Според него, порака со содржина во која убиената, молела за помош уште во моја годинава – не е веродостојна. Тој смета дека настанот се злоупотребува за двневно политички цели.Претходно, пораката во форма на фотографија се споделуваше на социјалните мрежи. На нејзе се гледа содржината и дел од телефонскиот број.Во пораката пишува: „Се надевам дека пишувам на правилно место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безисходна ситуација. Сепак оваа власт ја гласавме и поддржуваме ние граѓаните. Човекот кој од декември месец па наваму ме демне, ме тепа и нанесува друг вид насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е се уште на слобода! Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин“.Со прашања излегоа и од СДСМ, каде бараат одговор, дали Тошковски бил информиран од Росица дека и треба помош.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_2107

Мицкоски пак се извини за Данела и најави: Ќе има одговорност со име и презиме за хаосот во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека ќе има јасна и персонализирана одговорност за состојбата со отпадот во Скопје и хаосот што, како што рече, го оставила администрацијата на Данела Арсовска.„Не правиме естрада од ништо. Водиме внимателна политика. Процесите што ги водиме имаат одговорност, а на крајот мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, изјави Мицкоски.Тој уште еднаш се извини за поддршката на Арсовска, нагласувајќи дека тоа била политичка грешка која нема да ја повтори.„Еве пак, се извинувам што сум застанал зад Данела Арсовска. Таа грешка нема да ја повторам“, рече премиерот.Според него, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски се обврзал дека во првите 72 часа по неговиот избор градот ќе биде исчистен од сметот, а потоа ќе следува и институционална одговорност за состојбата.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека иницијативите во судството не се однесуваат на реформи, туку исклучиво на зголемување на буџетот за поголеми плати на судиите и обвинителите.„Сега веќе на целата јавност ѝ е јасно дека не зборуваме за реформи, туку за зголемување на буџет за зголемување на платите. Нека суди јавноста дали обвинителите и судиите ја заслужуваат и оваа плата што ја земаат. Ние зборуваме само за зголемување на платите, и тоа двапати повеќе од поразвиени земји членки во ЕУ“, рече Мицкоски.Тој додаде дека никој нема ништо против покачувањето на платите во администрацијата, но според него, проблемот е што „дел од судиите и обвинителите наместо да се борат против корупцијата, се генератор на истата“.„Има цел серијал на случаи како суделе некои судии и како обвинувале некои обвинители, а сега кодошат низ Брисел. Таму нека проценат дали овие луѓе заслужуваат поголеми плати“, истакна премиерот.Мицкоски нагласи дека „одредени политичари кои доаѓаат од Мала Речица и Бихакќа“ ги поставиле овие кадри и сега ги бранат „од страв дека нема да се спасат“.„Со неколкумина судии и обвинители кои ја бранат поранешната власт, правдата е невозможна. По локалните избори, без разлика на критиките, ќе ги најдеме правните механизми за да добиеме обвинители кои обвинуваат и судии кои судат според закон и Устав“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryssab59jq7gv13DjUjOn

Русија тврди дека соборила 70 украински дронови, погодена и постројка за преработка на гас во Астрахан

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противавионските сили ноќеска собориле 70 украински дронови над пет руски региони и Црното Море. Според руските власти, во нападите се повредени најмалку три лица.„Во текот на ноќта, од 23 до 7 часот по московско време, системите за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 70 украински беспилотни летала над Белгородската, Курската, Ростовската и Волгоградската област, над Крим и Црното Море“, се наведува во соопштението.Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, информираше дека едно лице е повредено во напад врз станбена зграда, додека друг дрон оштетил административен објект. Во Ростовската област, според гувернерот Јуриј Сљусар, дронови предизвикале пожар во приватна куќа и оштетување на фасади и балкони на повеќе згради, при што две лица со рани од шрапнели биле хоспитализирани.Истовремено, во јужна Русија со работа запре постројката за преработка на гас во Астрахан, откако дрон предизвикал пожар во единицата за производство на кондензат и дизел. Според извори на „Ројтерс“, постројката, која е во сопственост на „Гаспром“, може да биде повторно ставена во функција дури за неколку недели или месеци. Нејзиниот годишен капацитет изнесува околу три милиони тони, а по нападот веќе била стопирана и продажбата на гориво на берзата во Санкт Петербург.Градот Астрахан се наоѓа околу 650 километри од руско-украинската граница и повеќе од 800 километри од најблискиот дел на украинската територија под контрола на Киев.

Свет | пред 5 месеци

media-librarybr7fn62kt9adaMAl0tC

САД тестираа балистички проектили „Трајдент-II Д5“ кај Карибите, жителите на Порторико сведочеа на светлосен феномен

Американската морнарица изведе ненајавено тестирање на балистичкиот проектил „Трајдент-II Д5“ во близина на Карибите, што предизвика изненадување кај жителите на Порторико кои на небото забележаа невообичаен светлосен феномен. Тестот подоцна беше официјално потврден од американската морнарица.На социјалните мрежи брзо се проширија снимки од лансирањето, а метеорологот Ада Монсон од Сан Хуан прва го објави видеото. Жителите на Порторико опишаа впечатлив сјај на небото, последица на јонизација во горните слоеви на атмосферата. Стручњакот Марко Лангбрук потврди дека станува збор за тест на „Трајдент-II Д5“, со лансирање од подморница на координирани позиции во близина на Бахамите.Американската морнарица соопшти дека во периодот од 17 до 21 септември од подморница од класата „Охајо“ биле лансирани вкупно четири ненаоружени проектили. Едно од лансирањата, во неделата вечерта, било видливо од Порторико.„Овие тестирања се спроведуваат редовно за да се обезбеди сигурноста и прецизноста на системот. Тие не се поврзани со актуелни светски настани“, наведоа од морнарицата.Вицеадмирал Џони Р. Волф, директор на Програмата за стратешки системи, истакна дека ваквите лансирања ја потврдуваат доверливоста и подготвеноста на американските нуклеарни сили.„Нашиот систем на балистички ракети лансирани од подморници е клучен за националната безбедност од 1960-тите години, а тестовите ја демонстрираат нашата постојана способност“, изјави Волф.Иако официјално тестирањето е опишано како рутина, дел од аналитичарите сметаат дека тоа има и геополитичка порака, особено кон Венецуела, со која Вашингтон има затегнати односи. Во исто време, претседателот Николас Мадуро нареди мобилизација на народни милиции, што дополнително ја зголеми напнатоста во регионот.Лансирањата на „Трајдент-II Д5“ се ретки и скапи. Последното документирано тестирање се случи во септември 2023 година, а досега се забележани 197 успешни пробни лансирања. „Трајдент-II Д5“ е развиен во 1980-тите, а неговата употреба е продолжена до 2040-тите години. Тој останува основен дел од американскиот нуклеарен тријад, заедно со интерконтиненталните балистички ракети и стратешките бомбардери.

Свет | пред 5 месеци

izet-medziti

Победа за жителите на Страчинце – стопирана дозволата за каменолом

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа се сретна со жителите на скопското село Страчинце, кои протестираат против отворањето каменолом во нивната близина.Меџити ги информираше жителите дека министерството донело негативна одлука за барањето за започнување со работа на каменоломот. Како што изјави, оваа одлука е резултат на континуираната загриженост на населението и анализите на надлежните институции за негативните последици врз животната средина, ризикот од поплави и здравјето на луѓето.„Ова е долгоочекувана вест за жителите на Страчинце, кои со години се загрижени за можните последици од каменоломот“, рече Меџити, нагласувајќи дека дозволата за работа била издадена пред неколку години од претходни влади.Според него, следниот чекор е конечно поништување на концесијата, што ќе биде разгледано на наредната седница на Владата. Со тоа, како што додаде, прашањето ќе биде затворено, а правдата ќе биде на страната на жителите.Меџити најави и активности за повторно пошумување на овој регион.

Скопје | пред 5 месеци

media-library3qguh8vle3df2PwyYDU

(Видео) Макрон му се јавил на Трамп откако неговото возило било блокирано од полициска придружба

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски се јавил на американскиот претседател Доналд Трамп откако неговото возило било блокирано од полицијата во Њујорк, која се подготвувала за колоната на американскиот лидер.На видеоснимка се гледа како Макрон излегува од автомобилот и разговара со полицајци од Њујорк, обидувајќи се да „преговара“ со нив за да продолжи кон француската амбасада.Макрон престојуваше во Њујорк како копретседавач на 80. Генерално собрание на Обединетите нации.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Трамп во ОН: „Срамота е што НАТО работи со Русија, Европа оди кон пропаст“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа обраќање на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, зборувајќи речиси четири пати подолго од предвиденото. Неговиот говор беше препознатлив по лични пораки, остри критики кон европските држави, напад врз климатската наука и обвинувања на сметка на самата организација.Трамп го отвори говорот со шега за технички проблем со телепромптерот, по што тврдеше дека под негово водство САД влегле во „златна ера“, со пониски трошоци за енергија, храна и кредити, победена инфлација и рекордни нивоа на берзата. Тој ја обвини претходната администрација на Џо Бајден за „четири години слабост, беззаконие и радикализам“.Голем дел од говорот беше посветен на Русија и Украина. Трамп ги обвини европските држави, дури и членки на НАТО, дека продолжуваат да увезуваат руска нафта и гас, додека истовремено ја поддржуваат Украина.„Финансирате војна против самите себе. Тоа е срамота“, рече тој, најавувајќи нова рунда американски царини против Москва доколку не се постигне мировен договор, но нагласувајќи дека тие мерки ќе бидат ефективни само ако и Европа ги прифати.Трамп ги нападна европските држави и поради миграциските политики, велејќи дека„Европа е преплавена од илегални имигранти какви никогаш досега не се виделе“ и дека „земјите одат кон пропаст“.Посебно се обиде да ја дискредитира климатската наука и обновливите извори на енергија, нарекувајќи ги „зелена измама“.„Ако продолжите со оваа превара, вашите држави ќе пропаднат. Климатските промени, тоа е најголемата измама направена врз светот“, изјави Трамп, наведувајќи ја Европа како пример за последици од „погрешни зелени политики“.Обраќањето заврши со предупредување дека САД ќе останат лидер во борбата против развојот на биолошко оружје, но и со нова порака кон ОН дека „празните декларации не го менуваат светот“.Трамп зборуваше речиси еден час, иако правилата на Генералното собрание предвидуваат ограничување на говорите до 15 минути. Неговиот настап го следеа бројни светски лидери, меѓу кои италијанската премиерка Џорџа Мелони, украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Меланија Трамп.

Свет | пред 5 месеци

media-library289fg81338p9cu5JKtE

Комунална хигиена се правда за несобраното ѓубре

Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ информира дека се соочува со енормно зголемени количини на комунален, кабаст и градежен отпад, како во контејнерите така и во нивната околина, на јавни и сообраќајни површини.Поради тоа, како што соопштуваат од претпријатието, на одредени локации може да има доцнења во собирањето и транспортот на отпадот.Жителите на главниот град веќе подолго време реагираат на преполни контејнери и несоодветни санитарни услови, а проблемот дополнително се влошува со растечките количини на смет.Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните за поголема совесност при одлагањето на отпадот и најавуваат засилени активности за расчистување на критичните локации.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryajje3peb7blp9ifwCUZ

Први фотографии: Осветувањето на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје ќе биде во недела

Во недела, на 28 септември 2025 година, ќе се одржи осветувањето на новоизградениот храм „Св. цар Константин и царица Елена“, кој се наоѓа во центарот на Скопје.Свечениот чин ќе го предводи Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Богослужбата ќе започне во 8:30 часот, а од МПЦ-ОА упатуваат покана до сите верници да земат молитвено и литургиско учество во овој значаен духовен настан.Храмот е посветен на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена и претставува ново светилиште во срцето на главниот град.

Скопје | пред 5 месеци

media-library795727m363549wmozHP

„Никогаш не го видов да седи“ – Бобан, комуналецот во Карпош за кој бараат награда

Советничката во Општина Карпош, Татјана Стојановска од советничката група „Независни за Карпош“, јавно побара награда за комуналниот работник Бобан, кој, според неа, е пример за вредност и посветеност на работното место.„Ова е Бобан. Вработен е како комунален работник во општина Карпош. Никогаш не сум го видела да седи и да губи време, а пауза зема само за да јаде. Својата работа ја извршува совесно, а често и повеќе од тоа што му е зададено. Оваа фотографија е од една градска улица, кај контејнерите“, напиша Стојановска на социјалните мрежи.Таа додава дека претходно се обидела да издејствува награда за него, но само усно, и најави дека повторно ќе го покрене прашањето на последната седница на Советот во четврток.„Би сакала да имаше повеќе како Бобан во нашата општина“, порача советничката.

Коментари | пред 5 месеци

media-libraryhlbo3c48rsfc2KyZ7HG

Мицкоски по пресудата за Теодора: Се чувствувам мачно, судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни овие плати

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше пресудата со која возачот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која животот го загуби младата Теодора Ристовска во Тетово.„Моите ставови за Обвинителството и судството се одамна кажани и разговарани. И секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот за реформи, сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони кои се однесуваат на зголемување на буџетот, односно нивните плати. А ова го бараат тие кои имаат само два проценти доверба. Јас чувствувам мачнина, бидејќи тие не ги заслужуваат ни овие плати поради ваквите пресуди. Суштинската реформа е токму тоа – законите се за зголемување на буџетот. Не е проблем, ќе го зголемиме и за трипати, ама прво нека заслужат“, изјави премиерот.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Полска и Шведска најавија употреба на сила против руски летала

Полска ќе соборува сè што ќе го наруши нејзиниот воздушен простор, порача полскиот премиер Доналд Туск, додека шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон изјави дека и Шведска ќе употреби сила доколку биде потребно. Овие остри предупредувања доаѓаат поради сè почестите повреди на воздушниот простор на земјите-членки на НАТО од страна на Русија.Минатиот петок, три руски борбени авиони „Миг-31“ влегоа во естонскиот воздушен простор и таму останаа најмалку дванаесет минути. Неколку дена претходно, Полска и Романија исто така мораа да реагираат на руски дронови кои се приближуваа кон нивната територија.„Ќе ги собориме сите летала што ќе го нарушат нашиот териториј и ќе прелетаат над Полска. За тоа нема апсолутно никаква дилема“, изјави Туск, но предупреди дека ваквите чекори секогаш носат ризик од ескалација на конфликтот.Тој додаде дека е клучно сите членки на НАТО да постапуваат идентично за да се избегне недоразбирање или раздор меѓу сојузниците.На ситуацијата реагираше и британската министерка за надворешни работи Јвет Купер, која истакна дека Обединетото Кралство и НАТО се подготвени за директна воена конфронтација доколку руските авиони или дронови навлезат во воздушниот простор на алијансата.Сличен став има и Шведска.„Ниту една држава нема право да го нарушува шведскиот воздушен простор. Шведска има право да го брани, со сила ако е потребно, и тоа и ќе го направи“, изјави министерот за одбрана Пал Јонсон, кој потврди дека вооружените сили имаат јасни упатства за вакви ситуации.Со ова се согласи и поранешната премиерка и лидерка на социјалдемократите Магдалена Андерсон, која порача дека НАТО мора да биде подготвен да го брани секој сантиметар од територијата на своите членки.

Свет | пред 5 месеци

teodora

„Казната е подбив, наместо правда, добивме минимизирање на трагедијата“, потврдена казната од две години на возачот кој ја усмрти Теодора

Семејството на Теодора Ристовска, која беше усмртена на пешачки премин во сообраќајна несреќа во Тетово, остро реагира на одлуката на Апелациониот суд во Гостивар со која е потврдена пресудата на Основниот суд во Тетово. Обвинетиот Менсур Пајазити од селото Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор.„Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши“, изјави нејзината сестра Ева Ристовска.Семејството обвинува дека со „блага и селективна казна“ судството создава уште поголема недоверба кај граѓаните.„Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем“, велат во обраќањето.Тие нагласуваат дека осудениот повторно управува возило, без чувство на вина, што го сметаат за навреда за сеќавањето на Теодора.„Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“, порачува семејството.Иако понатамошниот правен пат зависи од Јавното обвинителство и можноста предметот да заврши пред Врховниот суд, семејството Ристовска најави дека нема да замолчи и ќе продолжи да бара одговорност.„Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие — тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами“, стои во реакцијата на семејството.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfei7oki49kjq7956OwE

Кина користи соларни панели за борба против ширењето на пустините

Во сувиот северен дел на Кина, десетици работници ги одржуваат насадите со гоџи бобинки кои растат под сенката на илјадници соларни панели. Соларната централа со капацитет од 1 гигават во регионот Нингсија е дел од мрежа поставена низ северна и западна Кина, чија цел е да го запре ширењето на пустините со помош на сенката што ја создаваат панелите.Компанијата „Баофенг“, која го поседува постројката, планира да инсталира вкупно 30 гигавати соларна енергија, дел од кои ќе бидат искористени токму за спречување на дезертификацијата. Сличен проект со капацитет од 1 гигават веќе функционира во Мајјатан, потврдува потпретседателот на компанијата, Лиу Јуангван.„Соларните панели се како чадори – создаваат сенка и го задржуваат влагата во почвата“, изјави тој за време на обиколка организирана од кинеската влада.Отприлика четвртина од територијата на Кина е класифицирана како зафатена со пустини, а обидите за нивно сузбивање траат од 1970-тите години. Соларните панели поставени врз исушени површини се најновото оружје во овој долгогодишен процес. Тие се дел од програмата „Три севери“, која започна во 1978 година и ќе трае до 2050 година. Панелите создаваат микроклима за садење грмушки и треви отпорни на суша, додека заштитните бариери околу нив ја намалуваат брзината на ветрот и го запираат движењето на песокот.Иако ваквите проекти сè уште претставуваат мал дел од стотиците гигавати нови соларни панели што Кина ги инсталира секоја година, властите најавуваат забрзано зголемување на нивниот број. Во 2023 година Пекинг донесе правило што забранува поставување панели на обработливо земјиште, со цел да се зачува хранопроизводството.Според плановите, во периодот од 2025 до 2030 година ќе бидат инсталирани 253 гигавати соларна енергија за обновување на околу 7.000 квадратни километри земјиште. Сепак, резултатите доаѓаат бавно. Минатата година пустините опфаќаа 26,8 проценти од територијата на Кина, што е минимално намалување во споредба со пред десет години.Во природниот резерват Бајјитан, кој се наоѓа неколку часа од локацијата на Баофенг, со децении работа беа обновени околу 800 квадратни километри. „Ова е долга борба за контрола на пустините. Не можеме да кажеме дека ќе ги искорениме, но можеме да ја намалиме нивната штета“, изјави директорот на резерватот Ванг Шјаолинг.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

Луксембург, Малта и Монако ја признаа државата Палестина на Генералното собрание на ОН

Премиерите на Луксембург, Малта и Монако официјално ја признаа државата Палестина на вчерашното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.„Ова е почеток на обновена посветеност кон надежта, дипломатијата, дијалогот, соживотот и решението со две држави. Тоа е идеја кревка, но сепак можна – дека мирот може да надвладее“, изјави премиерот на Луксембург, Лук Фриден, додавајќи дека одлуката не е насочена против Израел или неговиот народ.Во меѓувреме, Андора и Белгија најавија дека ќе ја признаат Палестина откако ќе бидат ослободени сите заложници и кога Хамас повеќе нема да биде на власт. Белгискиот премиер Барт де Вевер порача дека воспоставувањето дипломатски односи и отворањето амбасада во Палестина ќе се реализира по исполнувањето на условите од Њујоршката декларација.Во последните денови се забележува бран на нови признанија. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера исто така ја призна државата Палестина, истакнувајќи дека тоа е „чекор за мир меѓу израелскиот и палестинскиот народ“ и дека Франција останува верна на својата историска посветеност на Блискиот Исток.Пред два дена Палестина ја признаа и Обединетото Кралство, Канада и Австралија.

Свет | пред 5 месеци

rak

Трамповите кратења на трошоците го загрозуваат истражувањето на ракот во САД

Водечката улога на САД во истражувањето на ракот е сериозно доведена во прашање откако администрацијата на Доналд Трамп драстично ги скрати средствата за клучни научни проекти. На удар се илјадници лаборатории, меѓу кои и тимот на професорката Рачел Сириани од Медицинскиот факултет UMass Chan, која развиваше иновативен пристап во лекувањето на агресивниот мозочен тумор медулобластом.Со замрзнати фондови и намалување на грантовите од Националниот институт за здравје (NIH), таа беше принудена да отпушти соработници и да прекине перспективни проекти. Слична судбина ги снајде и други американски истражувачки центри. Националниот институт за рак (NCI) предупреди дека годинава ќе финансира едвај 4% од пријавите, наместо минатогодишните 9%, што претставува пад од стотици милиони долари.Научната заедница зборува за „апсолутна катастрофа“. Според експерти, секое прекинување на истражувањата носи ризик целосно да пропадне долгогодишна работа, а младите научници веќе се селат во други држави. Со намалување на буџетот за NCI од 7,2 на 4,5 милијарди долари, постои опасност САД да го изгубат водството во биомедицината и онкологијата, градено повеќе од половина век.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryct9m3cueonje01b7suk

(Видео) Снимка од дроновите кои го парализираа аеродромот во Копенхаген

Главниот аеродром во Копенхаген синоќа беше затворен четири часа откако беа забележани два до три големи дрона во неговата близина. Полицијата соопшти дека зад инцидентот стои „способен оператор“, но засега нема осомничени. Истата вечер беше затворен и аеродромот во Осло, каде дронови беа видени двапати, што доведе до прекин од три часа.Поради инцидентот, 31 лет беше пренасочен, а околу 100 беа одложени или откажани, што погодило околу 20.000 патници.Случајот следува по кибер-нападот кој минатата недела ги блокираше системите за пријава и качување на повеќе европски аеродроми, меѓу кои „Хитроу“, Берлин и Брисел.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryfl25dnu73rpkfp86SRy

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва – небото над градот затворено, летови откажани

Москва вечерва беше цел на масовен напад со дронови, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин. Според првичните информации, руските противвоздушни сили успеале да соборат вкупно 11 беспилотни летала – прво девет, а потоа уште две. Жителите на московската област пријавиле силни експлозии на приодите кон градот, но засега нема информации за повредени лица или за значителна материјална штета, јавуваат руските медиуми.Нападот предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. На московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково повеќе од 35 летови беа одложени или откажани.„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беше одложен, а еден откажан на Шереметјево. Во Домодедово имаше девет одложени и два откажани лета, додека на Внуково беа одложени четири лета“, пренесуваат медиумите. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат патнички авиони како летаат на исклучително мала висина над станбени згради во Москва.Руските власти најавија дека по нападот ќе следи истрага од страна на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и Истражниот комитет. Според најавите, ќе биде покрената кривична постапка за тероризам. Во моментов, оперативни служби го пребаруваат теренот, ги собираат остатоците од соборените дронови и проверуваат дали има дополнителни оштетувања.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Сообраќајка кај Ногаевци – повредени две лица, патот Велес–Градско беше затворен

Утринава околу 06:00 часот на регионалниот пат Велес–Градско, на околу 100 метри по селото Ногаевци, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила – „голф“ и „форд“ – и трактор без регистарски ознаки.Во несреќата повредени се возачот на тракторот и сопатник од „голфот“, кои веднаш биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Велес. Поради увидот, патниот сообраќај на оваа делница беше во прекин од 06:25 до 08:20 часот, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања