Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryamgeuglj77o48oQ8S6K

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

„Владата на ВМРО ДПМНЕ  лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места.„Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности на арсен и олово. Ова е воздухот што го дишеле нашите деца,“ предупреди Филипче.Како што кажа тој, ова претставува врв на нестручност, кукавичлук и непрофесионализам.„Македонија се нема соочено со понеодговорна и кукавичка власт, која наместо да соочи храбро со секоја криза, таа се обидува да си го спасува рејтингот и да минимизира. Со оваа власт, граѓаните се во постојан ризик затоа што не може да бидат сигурно дека ќе бидат заштитени од било која закана“,рече Филипче.При тоа, Филипче порача дека одговорност мора да има и бара  оставки од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.„Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов. Барам обвинителството да отвори истрага и да одговараат сите кои дозволија со своето непостапување да се загрози животот и здравјето на луѓето.Итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот и здравјето на граѓаните“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.07.59

(Видео) Концепт за дигитално Скопје: унифицирана платформа, бесплатен интернет и паметни решенија

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави концептот за дигитално Скопје, со кој, како што рече, „со еден клик“ граѓаните ќе можат да пристапат до сите градски услуги.„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ изјави Шукова. Таа нагласи дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде таа.Во рамки на иницијативата, предвидено е воведување унифицирана дигитална платформа што ќе ги поврзе сите градски претпријатија, образовни и културни институции. „Со еден клик, лесно за граѓаните ќе бидат достапни сите градски услуги,“ истакна Шукова.Планот вклучува и портал со отворени податоци, апликација за јавно мислење (Citizens engagement system), како и бесплатен интернет во автобусите, автобуските станици, на плоштадот и во Градскиот парк.„Со сензори и апликации имаме решение за паметно паркирање, мерење на квалитет на воздух и бучава, следење и управување со отпад, паметно мерење на проток на вода, мониторинг на инфраструктура, загадување и безбедност во реално време,“ појасни Шукова, додавајќи дека ваквите решенија ќе придонесат за намалување на метежот, помало загадување, поголема енергетска ефикасност и современи дигитални услуги достапни за сите.Посебен акцент е ставен на младите, кои ќе имаат можност сами да креираат апликации и АИ-алатки преку новата платформа. „Со тоа ги вклучуваме младите во градењето на дигиталното Скопје,“ рече Шукова. „Ова не е технологија заради технологија, ова е визија за поквалитетен живот, транспарентно управување и иновативен град што расте со своите граѓани.“„Скопје ќе биде подготвено за иднината – дигитално, паметно и хумано,“ заклучи Шукова.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryr0hkg7m4buc309fVRRE

(Видео) Бик насред улица разби автомобил – необична сцена е снимена во Шпанија

Необична сцена е забележана во Шпанија, за време на традиционална церемонија – бик насред улица нападна паркиран автомобил и го уништи. Снимката објавена на социјалната мрежа Reddit јасно прикажува како животното го „одбрало“ својот мета, паркиран Peugeot 208.Иако станува збор за возило тешко повеќе од еден тон, бикот упорно удирал во него сè додека не успеал да предизвика сериозни оштетувања.Церемонијата се одржува со децении, а човечки жртви се ретки. Сепак, уште поретко мета на бесот на биковите стануваат автомобили. Настанот повторно потсетува на едноставната вистина – природата треба да се остави на мир.

Магазин | пред 6 месеци

kamcatka

За 24 часа повеќе од 120 потреси на Камчатка - најсилниот земјотрес е со јачина од 7,4 степени

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Пацификот во петокот наутро во 06:58 часот по локално време, со епицентар на 93 километри од Петропавловск Камчатски, јави Риа Новости. Регионалното одделение на Министерството за вонредни состојби соопшти дека потресот бил почувствуван во градските окрузи Петропавловск-Камчатски и Вилучински, но предупредување за цунами не било издадено.Според регионалната филијала на Федералниот истражувачки центар за геофизички истражувања при Руската академија на науките, во областа на Камчатка за помалку од 24 часа се регистрирани повеќе од 120 земјотреси.„Од 9 часот на 19 септември до 8 часот на 20 септември се случија вкупно 124 земјотреси“, соопштија од Центарот преку Телеграм.Камчатка е сеизмички активна зона која и претходно беше погодена од катастрофални потреси. На 30 јули оваа година, регионот доживеа најсилен земјотрес од 1952 година со магнитуда од 8,8 степени, а оттогаш речиси секојдневно се регистрираат нови последователни потреси.

Свет | пред 6 месеци

media-librarypg7pu9dtc8n29LA4U7I

НАТО потсетува на 2015: Дали Естонија може да стане нова Турција за Русија?

НАТО и Европа остро реагираа на вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на три руски авиони МиГ-31, кои според Талин останале вкупно 12 минути над територијата на земјата. Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна го оцени инцидентот како „невидено дрзок“ и четврто вакво прекршување годинава. Русите биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 стационирани во базата во Естонија.Најострата реакција стигна од литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која порача дека овој случај е уште еден доказ за потребата од операцијата „Источна стража“ и додаде:„Североисточната граница на НАТО се тестира со причина, мора да го сфатиме тоа сериозно.“ Таа потсети и на 2015 година, кога Турција постави преседан со уривањето на руски авион.Инцидентот на кој се повика литванската министерка се случи на 24 ноември 2015 година, кога турски Ф-16 урна руски авион Су-24 на турско-сириската граница. Анкара тврдеше дека авионот навлегол во турскиот воздушен простор и бил предупреден 10 пати во рок од пет минути, пред да биде погоден со ракета воздух-воздух. Според Турција, рускиот Су-24 влегол два километри внатре во нејзиниот простор и таму останал 17 секунди. Москва, пак, инсистираше дека авионот летал исклучиво над сириска територија и не примил никакви предупредувања.Од двочлената посада, пилотот потполковник Олег Пешков беше убиен од сириски бунтовници додека се спушташе со падобран, додека навигаторот Константин Мурахтин беше спасен и вратен во руската база Хмејмим во Латакија. Во обидот за спасување загина и руски маринец, кога хеликоптер Ми-8 беше погоден од оган.Инцидентот предизвика голема дипломатска криза меѓу Москва и Анкара, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека американската војска била запознаена со локацијата и времето на летот. Вашингтон го демантираше тоа, нагласувајќи дека постојат докази оти авионот навистина накратко влегол во турскиот воздушен простор.Потсетувањето на тој случај денеска е предупредување дека НАТО би можел да реагира остро ако руските прекршувања продолжат, што дополнително ја зголемува тензијата на источниот фронт на Алијансата.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryssab59jq7gv13DjUjOn

(Видео) Експлозии и пожар по напади со дронови врз руски рафинерии

Украинските сили во текот на ноќта со дронови нападнаа рафинерии во Саратовската и Самарската област во Русија, пренесуваат руски „Телеграм“ канали повикувајќи се на изјави на жители. Нападите доаѓаат во момент кога Киев ја интензивира кампањата против руската нафтена и гасна инфраструктура.Во градот Саратов, дрон погодил нафтена рафинерија на периферијата, предизвикувајќи силна експлозија. На социјалните мрежи се појавија снимки и фотографии од голем пожар кој бил видлив и од центарот на градот. Според украинската армија, оваа рафинерија учествува со 2,54% од вкупниот капацитет за преработка на нафта во Русија.Гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин, не го спомна директно нападот врз рафинеријата, но изјави дека дрон погодил станбена зграда во градот, при што едно лице било повредено. Саратов се наоѓа околу 150 километри од границата со Казахстан и речиси 600 километри источно од линијата на фронтот во Украина.Во Самарската област, пак, украински дронови погодиле рафинерија во градот Новокујбишевск, кој се наоѓа повеќе од 900 километри од руско-украинската граница. Жители пријавиле голем пожар во близина на градот, но засега нема информации за точниот степен на штетата.Украинците тврдат дека погодиле и производствено-отпремна станица на Самарската линија (ЛПДС), каде што се меша сурова нафта со различен процент на сулфур за да се добие извозната „Уралс“ нафта.Руската авијациска управа во текот на ноќта соопшти дека привремено бил прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Самара поради нападите.

Свет | пред 6 месеци

media-library0om3uioenrmgbUfoQeR

(Видео) Новиот iPhone веќе со проблеми

Само еден ден по стартот на продажбата на новите iPhone модели, на социјалните мрежи се појавија првите поплаки за гребнатини на задната страна на уредите. Особено засегнати се потемните нијанси – црна и темно сина – додека посветлите модели покажуваат поголема отпорност.Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, во видео на TikTok посочи и втор проблем: безжичниот полнач MagSafe остава траги на задната страна, најчесто кај потемните модели и по подолго полнење. Според него, причината е тоа што Apple оваа година користи анодизиран алуминиум за Pro моделите наместо титаниум.И покрај ваквите реакции, аналитичарите од Волстрит не очекуваат сериозни последици за продажбата.„Лансирањето на секој нов iPhone е проследено со мали проблеми, но тие ретко влијаат на побарувачката“, вели Гил Лурија од D.A. Davidson.Ден Ивс од Wedbush Securities додаде дека реакциите се „претерани“ и дека iPhone 17 останува „феноменален производ“.

Магазин | пред 6 месеци

media-library9v6m4fsqtp84bz1f4Ut

(Фото) Премиерот со кандидатите за нов мандат во природа

Премиерот Христијан Мицкоски утрово заедно со дел од градоначалниците кои се кандидати за нов мандат во скопските општини учествуваше во планинарска тура на Скопска Црна Гора.„Спортско-рекреативна тура на Скопска Црна Гора. Уживавме во убавините на природата“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски, споделувајќи фотографии од настанот.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarylou69ss491dfeaoLPaO

(Видео) Винчини полека се консолидира и продолжува со работа, а целиот тим веќе е прилагоден во фабриките

Винчини полека се консолидира и продолжува со работа, а целиот тим веќе е прилагоден во фабриките, соопштија од Макпрогрес груп.На 6 септември во вечерните часови во пожар изгоре еден производен погон и два магацина на компанијата од Виница, еден од најголемите произведувачи на кондиторски производи во земјава.–Целиот наш тим е вратен и целосно прилагоден во фабриките „Винчини“, „Сончева долина“, „Фантазија“, „Натура“, „Дони“, а и „Винчини чоколадна фабрика“. Навистина сме горди што ги презедоа сите предизвици како вистински шампиони – рекоа од Макпрогрес груп.Тие, како што наведуваат, искрено и од срце се благодарни за огромната поддршка што ја добиле од граѓаните и од бизнис заедницата.– Ова е феномен, да се види како цела Македонија застана зад еден домашен бренд и зад еден мал град како Виница. Тоа отсега натаму ќе го дефинира нашиот бренд и нашата приказна – потенцираат од Макпрогрес груп.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarylgpdmirqt1l616d5usA

(Видео) Празнична вечерна богослужба и литија во Скопје во пресрет на Рождеството на Пресвета Богородица

Во пресрет на големиот православен празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.По богослужбата ќе следува свечена литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица низ централното градско подрачје.Од Скопската епархија при МПЦ-ОА упатуваат покана до сите верници да земат молитвено учество и да го споделат духовното празнување.

Скопје | пред 6 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Додик веќе не е претседател на Република Српска

Потпретседателот на Република Српска од хрватскиот народ, Давор Прањиќ, потпиша указ за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за полиција и внатрешни работи, со што официјално јасно се стави до знаење дека Милорад Додик му ги префрлил своите овластувања, јавија регионалните медиуми.Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на Додик како претседател на РС врз основа на конечна пресуда на Судот на БиХ. Указот за прогласување на законот со целиот текст на законот е објавен во денешниот Службен весник на РС.Иако Додик и владејачката коалиција ја отфрлија одлуката на ЦИК да му го одземе претседателскиот мандат и да распише предвремени избори за претседател на РС на 23 ноември, фактот што потпретседателот Прањиќ го потпиша указот за прогласување на законот значи дека Додик ја признал и одлуката на Судот на БиХ и одлуката на ЦИК дека тој повеќе не е претседател на РС.Владејачкото мнозинство во Народното собрание на РС донесе заклучоци со кои не ја признава одлуката на Судот на БиХ, кој го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Свет | пред 6 месеци

ChatGPT

ChatGPT воведува построги мерки за заштита на малолетници

Компанијата OpenAI воведува нови правила за користење на ChatGPT кај малолетници, со цел да ја зголеми безбедноста на младите корисници. Извршниот директор Сем Алтман изјави дека „безбедноста е поважна од приватноста и слободата за тинејџерите“ и дека тие мора да бидат дополнително заштитени.Алтман најави развој на долгорочен систем за разликување помеѓу корисници постари и помлади од 18 години, при што во сите нејасни случаи ќе се применуваат построги правила.Со новите мерки, ChatGPT повеќе нема да учествува во „флерт разговори“ со тинејџери, а се воведуваат и дополнителни заштитни механизми при разговори за сценарија поврзани со самоубиство. Доколку малолетник користи ChatGPT за да замислува такви ситуации, системот ќе се обиде да стапи во контакт со неговите родители, а во особено сериозни случаи и со локалната полиција, пренесе TechCrunch.Родителите кои ќе го поврзат својот профил со профилот на своето дете ќе имаат можност да поставуваат „време на блокада“ кога ChatGPT нема да биде достапен, како и да добиваат известувања ако системот процени дека тинејџерот е во опасност.Новите мерки доаѓаат по серија тужби поврзани со случај на самоубиство на малолетник, кој повеќе месеци комуницирал со овој четбот.

Магазин | пред 6 месеци

media-libraryc02ns1albeu39HKQ2zb

„Дукати“ го претстави новиот електричен прототип со батерии од QuantumScape

Иако електричната технологија сè уште нема оставено значаен белег во светот на мотоциклите, тоа не ја спречува групацијата „Фолксваген“ да ја тестира батериската технологија и во двоточкашите.„Дукати“, кој е дел од VW групацијата, беше единствениот снабдувач на мотори за Светското првенство во MotoE – шампионат кој оваа година беше згаснат. Во Германија деновиве беше претставена обновена верзија на прототипот Ducati V21L, овојпат опремен со 980 QSE-5 ќелии на компанијата „КвантумСкејп“ (QuantumScape), објави Revijahak.Новите батериски ќелии користат литиум-метална анода и керамички сепаратор, што ветува значителни подобрувања во густината на енергијата, можноста за брзо полнење и безбедноста во споредба со класичните литиум-јонски батерии.Целта е технологијата најпрвин да се тестира во прототипови, со надеж дека еден ден ќе се премине во сериско производство. Соработката меѓу VW и QuantumScape трае веќе една деценија, но конкретни резултати со батерии со цврст електролит сè уште недостигаат – како и кај повеќето други производители.

Магазин | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Закани со убиство и палење куќа за 1.000 евра: три апсења за изнуда правена во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против тројца осомничени за кривично дело изнуда, по член 258 од Кривичниот законик.Според обвинителството, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, претставувајќи се како припадник на криминална група, со сериозни закани присилил оштетено лице да му исплати 60.000 денари. Од него побарал 1.000 евра со образложение дека ќе го „заштити“ од други луѓе кои наводно претходно му барале пари, заканувајќи се дека ќе го убие и ќе му ја запали куќата ако пријави во полиција.Оштетениот првиот ден предал 30.000 денари, откако толку можел да подигне од банкомат, но потоа сепак пријавил во полиција. Два дена подоцна, при договор за предавање на остатокот од парите, банкнотите биле крим-технички обработени. Веднаш по примопредавањето, осомничениот бил уапсен на лице место, а кај него биле пронајдени парите.Истрагата опфаќа уште две лица за кои постои сомнение дека во август и септември, во повеќе наврати изнудувале пари од истото лице. Тие го убедувале дека парите се наменети за други лица за да му го заштитат семејството, со што оштетениот бил присилен да исплати вкупно 27.000 евра.Обвинителството до судијата на претходна постапка поднесе предлог за притвор на првоосомничениот, кој беше фатен на лице место, додека за другите двајца побара мерки на претпазливост – задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство.

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryra5822ehpksfeof1OiD

Нотр Дам повторно со отворени кули – туристите веќе прави редици

Посетителите повторно можат да ги разгледаат кулите на катедралата Нотр Дам во Париз, преку 45-минутна тура која започнува со искачување во јужната кула до камбанаријата. Новиот обиколен пат е унапреден во однос на состојбата пред пожарот, со нови видиковци и дополнителни простори за туристите.Влезниците чинат 16 евра и можат да се купат исклучиво онлајн, а дозволен е влез за само 19 лица истовремено. Карти за првите два дена беа распродадени за само 24 минути.Отворањето на обновените кули доаѓа во согласност со ветувањето на францускиот претседател Емануел Макрон дека реставрацијата ќе биде завршена за пет години.Од повторното отворање на катедралата во декември 2024 година, речиси 30.000 посетители дневно го посетуваат обновеното готско архитектонско ремек-дело. На церемонијата на отворањето, Макрон беше домаќин на светски лидери и познати личности, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот принц Вилијам и тогашниот американски претседател-избран Доналд Трамп.Вредноста на целата реставрација изнесува околу 930 милиони евра. Во работите беа вклучени стотици работници кои користеа современи технологии како дронови и компјутерска анимација за прецизна реконструкција на катедралата. Дополнително, воведени се и нови мерки за заштита од пожар, вклучувајќи метални носачи што го делат покривот во три дела за да се намали ризикот од ширење на огнот.

Магазин | пред 6 месеци

media-librarykof3mshm5ru94cC3H6B

Москва: Нашите авиони не го нарушија естонскиот воздушен простор

Руските борбени авиони не го нарушиле естонскиот воздушен простор и летале над неутралните води на Балтичкото Море, соопшти руското Министерство за одбрана во раните утрински часови на Телеграм.„Летот беше изведен во целосна согласност со меѓународните правила за воздушен сообраќај, без какво било нарушување на границите на други држави, што го потврдија независни проверки“, стои во соопштението за трите авиони МиГ-31.Талин, пак, тврди спротивното. Естонија вчера соопшти дека трите руски авиони без дозвола влегле во нејзиниот воздушен простор и таму останале вкупно 12 минути.„Русија годинава веќе четири пати го прекрши нашиот воздушен простор, што само по себе е неприфатливо, но најновото нарушување, при кое три борбени авиони навлегоа во нашата територија, е невидена дрскост“, изјави министерот за надворешни работи Маргус Цахкна.Естонската армија објасни дека руските авиони биле пресретнати од италијански ловци Ф-35, стационирани во базата во Естонија во рамките на мисијата за воздушен надзор над Балтикот.Поради инцидентот, премиерот Кристан Михаел објави дека Естонија го активира Член 4 од НАТО, кој ѝ овозможува на секоја земја-членка да побара консултации доколку смета дека нејзиниот територијален интегритет или безбедност се загрозени. За разлика од Членот 5, кој предвидува колективна воена одбрана, Членот 4 подразбира дипломатски консултации и координација.Случајот доаѓа нешто повеќе од една седмица откако повеќе од 20 руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор, дел од кои беа соборени од НАТО авиони. И НАТО и Европската Унија остро го осудија најновиот упад, оценувајќи го како „екстремно опасна провокација“ и изразувајќи целосна поддршка за Естонија.Американскиот претседател Доналд Трамп, запрашан од новинарите во Белата куќа, кусо изјави:„Не ми се допаѓа тоа. Не сакам кога се случува вакво нешто. Може да предизвика големи проблеми, но ќе ве информирам подоцна.“

Свет | пред 6 месеци

putin-vojna

Путин: Производството на оружје во Русија зголемено и до 30 пати за две години

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети фабриката за оружје „Мотовилиха“ во Перм, каде што зборуваше за драматичното зголемување на производството на вооружување во последните две години.„Не се сомневам дека во овој период, кој е релативно краток од перспектива на вашата историја, беше произведено многу во одредени видови оружје и производи. Како што веќе знаете, зголемувањето на производството не беше во проценти, туку повеќекратно – двојно, тројно, десеткратно, петнаесеткратно, а за некои производи речиси триесетпати, буквално за година и пол до две години“, изјави Путин, пренесува РИА Новости.Тој истакна дека побарувачката за модерни вооружени сили нема да престане ниту со завршувањето на, како што ја нарече, „специјалната воена операција“ во Украина. Според него, Русија ќе продолжи да ги развива и модернизира своите вооружени сили, „правејќи ги модерни, компактни и моќни“.„Се надевам и очекувам дека овие настани поврзани со специјалната воена операција ќе поминат“, додаде Путин во разговор со вработените во фабриката.Посетата на фабриката „Мотовилиха“ е дел од неговата работна тура во Пермската област, регион кој се наоѓа на границата меѓу Европа и Азија

Свет | пред 6 месеци

media-libraryq7ur42vt2eu94zTJf5V

(Фото) Шестгодишно дете нападнато од куче скитник во Кочани – мајката бара одговорност

Во Кочани шестгодишно дете било нападнато и каснато од улично куче, при што добило повреди во пределот на горниот дел од устата и отечено непце. За инцидентот на социјалните мрежи информираше неговата мајка, Ана Симонова, која сподели и фотографија од повредите.„Во саботата на 12.09 детето (6 години) е нападнато и каснато од куче скитник на горниот дел од устата. Детето е со отечено горно непце! Кој треба да одговара за уличните кучиња кои ги има во сè поголем број? Кoja институција е одговорна? Дали некое дете треба да биде распарчено за конечно да почнат да си ја вршат работата?“, напиша Симонова.Таа предупреди дека во дворот на ОУ „Малина Поп Иванова“ има цел чопор кучиња, поради што децата, како што вели, не можат да бидат безбедни за време на одморите. „Не можеш да излезеш да прошеташ како човек. Не е само во посоченото училиште – во трговскиот, во паркот тоа е чудо од кучиња скитници, а институциите не си ја вршат работата. Да се срамиш да кажеш дека живееш во Кочани... Страшна работа“, додаде таа.Граѓаните сè почесто алармираат на социјалните мрежи за проблемот со зголемениот број улични кучиња, барајќи од институциите системски и трајни решенија за нивното згрижување и контрола.

Македонија | пред 6 месеци

jovana-mojsoska

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска трипати земала по 54.000 денари од партиската сметка

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека делата на пратеничката Јована Мојсоска и Левица ја демантираат нивната јавна реторика за чесност и скромност. Според соопштението на партијата, иако Мојсоска е пратеник во Собранието, годинава трипати инкасирала по 54.000 денари од партиската сметка.„Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. Нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста целосно ја демантираат нивната реторика. Тие се разобличени и демаскирани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, документи доставени од „свиркачи“ од внатре во партијата покажуваат дека Мојсоска на 26 април 2024 година подигнала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули 2025 година трипати земала по 54.000 денари, иако веќе добива пратеничка плата.„И Мојсоска не е изолиран случај. Целото раководство на президиумот на Левица го покажа своето вистинско лице и лицемерие. Пред граѓаните се претставуваат како скромни луѓе од народот, а зад грб инкасираат пари од сопствената партија налик на патни трошоци“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од таму прашуваат зошто, доколку веќе зема пратеничка плата, Мојсоска и нејзините сопартијци посегнуваат по дополнителни средства од партиската каса. „Нели е лицемерно да глумите аскети, а во исто време да ја цедите сопствената партија?“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 месеци

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) На депонија со метан да никне парк: Ѓорѓиевски раскажа за планот и уверува „Ќе шетам таму со моето дете“

Кандидатот за градоначалник на Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ зборуваше за својата идеја на местото на депонијата Вардариште да изгради голем парк, кој, како што рече, ќе стане „новите бели дробови на Скопје“.„Откако ќе го направам паркот, да, јас ќе застанам таму лично со моето дете. Ќе отидеме и нема да ми смета почесто за викенди да одам таму“, изјави Ѓорѓиевски.Тој објасни дека првиот чекор е целосно одгаснување на депонијата, за што веќе бил во контакт со специјализирани странски компании, бидејќи во Македонија такви нема.„Прво треба Вардариште да се одгаси. Има метан таму. Но, одгасувањето не го попречува процесот да се започне со деконтаминација на просторот, односно чистење на депонијата“, рече тој.„Кога ќе влезам во градот Скопје, првите неколку дена ќе започнам со соодветен третман на Вардариште. Потоа ќе следи повеќеслојно поставување земја, а најгоре ќе биде хумус. Садиме трева“, додаде Ѓорѓиевски, притоа нагласувајќи дека претоварната станица не претставува пречка.„Триста илјади квадрати површина од која што се труделе и јас, и ти, и нашите родители. Одговорно тврдам дека на Вардариште ќе никне нов парк – новите бели дробови на Скопје“, истакна кандидатот.На прашањето од новинарот Ландов дали би ја повлекол идејата и извинил на граѓаните доколку експертите проценат дека теренот останува опасен за деца и рекреација, Ѓорѓиевски одговори:„Откако ќе исчистам депонијата? Да. Но не постои простор да не биде така. Јас ќе го завршам. Не сум спремен после мојот четиригодишен мандат граѓаните пак да се гушат со тоа што се случуваше на Вардариште повеќе од триесет години. Не може цело време да одбегнуваме од проблемот.“

Скопје | пред 6 месеци

TikTok-75646

Трамп: Си Џинпинг даде зелено светло за продажба на Тикток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг дал зелено светло за продажбата на Тикток на американски купувачи.„Кинескиот претседател го одобри договорот за Тикток“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната сала, додавајќи дека „тоа може да биде само формалност“ пред потпишување на конечниот договор.Wall Street Journal објави дека договорот би можел да ѝ донесе на американската влада приход од неколку милијарди долари. Според нивните извори, инвеститорите кои учествуваат во зделката ќе уплатат милијарди во државната благајна како надомест за посредувањето на Вашингтон во преговорите со Пекинг.Reuters засега не успеа да ја потврди веродостојноста на овие информации.

Свет | пред 6 месеци

media-libraryf71vc2ksqihl2SBQ3WL

Русија со масовен напад врз Украина: едно загинато лице, 13 повредени

Русија изминатата ноќ изврши масовен напад со ракети и дронови врз украински градови, при што загина едно лице, а најмалку 13 беа повредени.Експлозии се слушнале во Павлоград и Миколаев околу 4:40 часот наутро по локално време, соопштија локалните власти. Дополнителни детонации одекнале во Днипро нешто по 6 часот.Гувернерот на Днепропетровската област, Сергеј Лисак, информираше дека едно лице загинало, а 13 други се повредени во нападите во регионот. Во Днипро биле оштетени повеќе станбени згради, куќи и гаражи, а пожари биле пријавени и во Павлоград и Никопол.Во Киевската област, регионалната воена управа потврди напади во заедниците Буча, Бориспол и Обухив. Оштетени се една куќа, десет гаражи и пет паркирани автомобили.Градоначалникот на Миколаев, Олександар Сенкевич, соопшти дека штета е нанесена во станбен дел на градот, но жртви засега нема.Воздушна опасност беше прогласена во сите региони на Украина околу 5:45 часот, а траеше до нешто по 7 часот. Украинското воено воздухопловство информираше дека биле користени десетици дронови, како и крстосувачки и балистички ракети.Гувернерот на Лавовската област, Максим Козицки, изјави дека две крстосувачки ракети биле соборени над регионот без жртви или материјална штета. Во текот на нападот, полските воздухопловни сили подигнале борбени авиони за заштита на воздушниот простор на Полска.Нападите доаѓаат нешто повеќе од една недела откако руски дронови го нарушија полскиот воздушен простор, по што полското воздухопловство собори повеќе беспилотни летала над територија на НАТО – првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Свет | пред 6 месеци

media-librarylb0dqfm6tq84eJ9UGkZ

Сè повеќе мистериозни смртни случаи меѓу руски олигарси и директори

На периферијата на Москва е пронајдено телото на 50-годишниот Александар Тјунин, генерален директор на компанијата „НПК Химпроминжинеринг“, подружница на државниот нуклеарен гигант „Росатом“. Тјунин лежел покрај својот автомобил на пат во близина на шума, а крај него биле најдени ловечка пушка и проштално писмо, јавува United24 Media.Според пишувањата на The Moscow Times од 19 септември, во писмото тој навел дека решил да си го одземе животот поради депресија која ја чувствувал последните пет години и која, како што запишал, станувала „сè потешка со секоја измината година“. Иако руските државни медиуми, меѓу кои и ТАСС, брзо го класифицираа случајот како самоубиство, смртта на Тјунин го продолжува загрижувачкиот низ мистериозни и неразјаснети смртни случаи меѓу високи раководители во енергетскиот, нуклеарниот и индустрискиот сектор во Русија од почетокот на инвазијата врз Украина.Тјунин ја водеше компанијата од април 2016 година, управувајќи со производството на јаглеродни композити за авионска, енергетска и индустриска примена. Подоцна фирмата беше припоена кон „Уматекс“, дивизија на „Росатом“ специјализирана за напредни материјали, која во февруари 2023 година беше ставена под американски санкции.Ова е само последен случај во серијата сомнителни смртни случаи на влијателни директори во Русија. На 8 септември во Калининградската област властите пронајдоа обезглавено тело на Алексеј Синицин, директор на рударска компанија. Во август јавноста ја потресоа и ненадејните смртни случаи на Дмитриј Осипов, претседател на „Уралкалиј“, како и на Михаил Кенин, основач на градежниот гигант „Самолет“.Овие случаи се случуваат во период кога руската економија бележи сериозно забавување. Извршниот директор на „Сбербанк“, Херман Греф, неодамна предупреди на „техничка стагнација“ и раст на БДП кој се движи кон нула, што дополнително го зголемува притисокот врз индустријата и домаќинствата.

Свет | пред 6 месеци

media-library2r5u8560t3doeySexxf

(Фото) Монструозен чин во Скопје: фрлено куче од железничка станица, Нори почина

ЈП „Лајка“ соопшти за уште еден шокантен случај на суровост врз животните, откако непознат сторител фрлил куче од железничката станица во Скопје.„Вознемирувачка содржина. Утрово добивме повик за крајно вознемирувачка случка која повторно не потсетува до каде може да оди човечката суровост. Непознат сторител извршил монструозен чин и фрлил куче од железничката станица во Скопје“, објавија од ЈП „Лајка“.Тие информираат дека нивниот тим веднаш интервенирал и го префрлил кучето во амбуланта, каде што биле вложени максимални напори од страна на докторите.„За жал, и покрај сета борба, Нори – куче кое уште во 2023 година помина третман кај нас – денес го изгуби животот поради силно внатрешно крварење“, наведуваат од таму.Според информациите, Нори често била забележувана на повеќе локации низ градот, а станувало збор за питомо и мирно куче кое никому не пречело.„Овој бесправно и сурово одземен живот нема да остане незабележан. Настанот веднаш ќе биде пријавен до надлежните институции, до кои апелираме да ги искористат сите механизми за пронаоѓање и санкционирање на сторителот на ова тешко кривично дело. Апелираме и до граѓаните – доколку сте сведоци на вакви дела, пријавете ги веднаш. Само со заедничка реакција можеме да ставиме крај на ваквото насилство и да изградиме општество во кое животите на животните се почитуваат“, стои во соопштението на ЈП „Лајка“.

Скопје | пред 6 месеци

media-librarymlcjb5hphtuh9dS8634

Додека тие што се виновни се кријат зад оправдувања, јас тука сум — со раце полни цвеќе, ќе се борам за твојата правда, напиша мајката на загинатата Ивона

Стојка Иванова-Антова, мајка на Ивона Антова која загина во трагедијата во клубот „Пулс“ заедно со уште 61 лице, на социјалните мрежи објави потресна порака за својата ќерка и повика на правда.„Ивонче моја, ангеле мој... Секој цвет што го носам, секоја свеќа што ја палам — е дадена од моето скршено срце за тебе. Сè тука е подредено за твојот мир: светлина, мирис на цвеќе, мала небесна куќичка што ја направив за тебе со свои раце“, напиша таа.Во објавата таа вели дека „домот не можам да го средам — не можам да се вратам на обичноста додека ти не си тука — но за тебе можев и правам сè“.Иванова-Антова ја опиша болката за изгубеното дете: „Ти беше мојата радост, мојата насмевка, мојот живот. И она што ми го земаа — ми го зедоа без да ми дадат причини, без да ги платат со срце. Им го гледам нивното избегнување, нивните шепотења, ‘не знаевме’, ‘случајно’ — но не е случајно кога млади животи се скратени и кога некој мисли дека може да си замине без одговор. Јас нема да замолчам. Не за тебе, не за нас.“„Ако имаше барем капка совест, ќе се приближеа и ќе побараа прошка. Но прошката не ја барам затоа што ја сакам нив — ја барам за правда за тебе, за да не им се повтори на други деца, други мајки, други семејства“, продолжи таа во својата порака.„И додека тие што се виновни се кријат зад оправдувања, јас тука сум — со раце полни цвеќе, со очи полни солзи и со срце кое не може да престане да те вика. Ги редам твоите слики, го чистам твоето мало небо, иако дома не можам да најдам сила да почистам ништо друго — затоа што секое мое битие е посветено само на тебе. Твојата фотка, твојата насмевка — тоа е мојата сила да станам и да бидам тука за тебе“, напиша Иванова-Антова.Во објавата заврши со зборовите: „Ти благодарам што постоеше во мојот живот, Ивонче. Беше премногу кратко, но беше совршено по своја убавина. Ќе продолжам да те чувам, да те украсувам, да те носам во секој здив и во секоја молитва. И нема да молчам за вистината — за тебе, за сите што те сакаа, за секое малечко срце што заслужува да живее и да се смее. Каде и да си сега — гледај, јас ти средив убаво. Ти имаш небо од свеќи и ангели, а јас ќе се борам со сите сили за твојата правда. До денот кога ќе те прегрнам повторно — ти си мојата вечна љубов. Те сака мамичка највеќе од сè.“

Коментари | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања