Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

drin-ahmeti-uapsen

(Видео) Уапсен е Дрин, внукот на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“

Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници.Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде до овој момент немаме никакви информации. Прашања упативме и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Судски подготвен да ја врати Дамева за претседател, ако тоа го наложува Управен - пресуда немаат добиено

Судскиот совет е подготвен да ја врати Весна Дамева на претседателското место, доколку така стои во пресудата од Управниот суд. Оттаму посочуваат дека се уште немаат добиено ништо на писмено, нешто што го потврди и самиот суд. Истата треба да биде испратена во текот на идната недела до сите странки во постапката.„Судскиот совет се уште не ја добил пресудата. Откако ќе ја добие, ќе ја разгледа и потоа ќе биде ставена на седница. Во зависност што ќе содржи во неа, ќе се постапи во законскиот рок“, велат од Судски совет.Против пресудата на Управен суд, нема право на жалба. Истата треба да се спроведе. „Скопје1“ исконтактира и со Дамева која посочи дека ќе ја продолжи започнатата борба, а пресудата за нејзе претставува правдина, а не триумф.„Останува борбата против корупцијата од било кое место и било која позиција. Не престанувам со борбата против корупцијата, дали како член, дали како претседател. Не се бориме за триумф ова ќе значи дека правдата е задоволена“, рече Дамева за „Скопје1“.Разрешувањето на Дамева помина контроверзно. Ги налути и странците, донесе и стопирање на холандски проект преку кој требаше Судскиот совет да се унапреди во работата. Истото беше проследено и со барање за распуштање, нешто што не беше спроведено.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

„Од постапката ќе се одреди иднината на судството и неговата независност“ - Беса Адеми остра на седницата каде сакаат да ја разрешат

Од оваа постапка ќе се одреди иднината на судството во Македонија. Со оваа реченица, судијката од Врховниот суд, Беса Адеми, го заврши своето обраќање кон членовите на Судски совет кои тргнаа во поход да ја разрешат. Негира дека сторила било каква злоупотреба, ги отфрли тврдењата дека со неучството на седниците на Судски совет попречила во неговата работа, но и дека со недоаѓањето на работна средба влијаела на довербата во судството кај граѓаните.„Денеска и во периодот кој следи, токму исходот од оваа постапка, ќе ја одреди иднината на судството во Република Македонија“, рече Беса Адеми.Нејзината адвокатка Павлина Зефиќ-Јакимовска, посочи дека ова не е обична расправа, туку борба на целото правосудство за негова независност.„Некој ќе рече денеска станува збор за обична расправа. За нас ова не е обична расправа. За нас ова е значаен, историски ден од причина што од исходот на оваа постапка ќе се исцртаат патоказите по кои ќе се движи правосудството во иднина. Некој ќе рече ова е борба на Беса Адеми како претседател на Врховниот суд, но ова е борба на целото правосудство за неговата независност. Тука станува збор за постапка за одговорност на претседателот на највисокиот суд на државата, па поради истото оваа постапка ги тангира сите чинители на правосудниот систем“, рече Павлина Зефиќ-Јакимовска.Таа со извадок од извештај на оценската мисија на ЕУ, посочи дека токму тие препорачуваат Адеми да не биле член на Судски совет, а нејзиното неприсуство не е злоупотреба.„Во главата која се однесува на присуството на Врховниот суд се наведува: исто така совет е претседателот на Врховниот суд повеќе да не биде дел од Судскиот совет за да се обезбеди внатрешна независност на судството“, кажа меѓудругото Зефиќ-Јакимовска.Таа кажа дека ги негираат сите наводи во барањето, дека претседателката прекршила одредена одредба од закон, а тоа да резултира со нејзино разрешување.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Судски совет е навреден оти Беса Адеми ги игнорирала, сакаат да ја разрешат оти не им одела на седници

Отсуство од седници на Судскиот совет е причината со која членовите на највисокото судско тело сака да ја разреши Беса Адеми од функцијата претседател на Врховен суд. Според нив, Адеми не ги извршувала своите обврски, не доаѓала, а немала доставено доказ дека оправдано отсуствувала.„Од 22.05.2023 година до 30.10.2023 година, Беса Адеми како претседателка на Врховен суд, член на Судски совет по функција, постапила спротивно на член 43, став 2, во врска со став 1 алинеја 1 од Законот за судски совет, на начин што иако е должна да учествува на седниците и во работата на Советот, истата отсуствувала од седниците на Судскиот совет во континуитет во наведениот период. И тоа, на 442. седница одржана на ден 22.05.2023 година до 462. седница одржана на 30.10.2023 година или вкупно на 21 седница на Судскиот совет“, посочи Мијазим Мустафа, член на Судски совет.Според Комисијата која и ја крои иднината, со отсуството, Адеми попречила во работата на Судскиот совет.„Таа ги повреди законските овластувања како претседател на Врховен суд на РСМ, во смисла на член 79 став 1 алинеја 1 од Законот за судовите“, кажа Мијазим Мустафа, член на Судски совет.За зло и е земено и зошто не дошла на седница на Судскиот совет, кога се пожалила на притисоци.„Таа не дојде на работната средба, а своето отсуство го најави со писмен допис доставен до Судски совет, пред терминот на закажаната средба, и јавно е објавен на веб-страната на Врховниот суд. Со ваквото однесување и постапување, претседателот на Врховен, не само што го попречи Судскиот совет во остварување на основната цел, а тоа е да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт преку остварување на своите функции согласно Уставот, туку и покажа професионална и правна некултура во постапувањето“, додаде Мустафа.Адеми не е член на Судскиот совет со избор, туку по функција.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-28-at-11.47.12

Законски е етничката припадност да биде услов за вработување на медицинари, се правдаат Меџити и Ковачевски

Министерот за здравство, Фатмир Меџити смета дека етничката припадност не треба да има предност пред професионалноста при вработувања во здравството, а со тоа се согласи и премиерот Димитар Ковачевски. Но, според двајцата, мора да се почитува законот кој предвидува правична застапеност на етничките заедници дури и во здравството.„Пред објавување на конкурс, огласот се одобрува од Управниот одбор. Според членот 5 се планира обврска за вработување, согласно начело за праведна застапеност. Во член 20 стои прераспределба на бројот на вработувања да биде за правична застапеност. Се согласувам со вас дека искуството и знаењето е пред се“, рече Меџити.Ковачевски рече дека треба се смени законот.„Тоа е законот, огласот мора да е врз основа на закон. Јас сум кажал, етничка припадност не може да биде професија, тоа е професија само на Западен Балкан. Етничка припадност не игра улога во професионалноста“, кажа Ковачевски.За ова имаше остра реакција од докторот Ненад Лазаров.

Македонија | пред 2 години

IMG_0341

Судијката Оља Ристова, правдата за неизборот во Апелација ја бара во Врховниот суд

Судијката Оља Ристова, правдата за неизборот во Апелација ја бара во Врховниот суд. Иако прворангирана од Основниот кривичен суд, како суд со најголем обем на сложени предмети, но и добиени мнозинство гласови од Судскиот совет, не ја доби поддршката од бадентеровото мнозинство. Според нејзиниот адвокат, Владимир Туфегџиќ, жалбата која сега ја поднеле, ќе помогне и на сите идни кандидати. Смета дека одлуката на бадентеровото мнозинство, да не гласаат за Ристова, а да гласаат за полошо рангирани кандидати, треба да се образложи детално.„Според мене, ова е жалба во која се бранат основни елементарни принципи, се брани достинството на судиската професија и функција. Со оваа жалба се брани принципот на еднаквост и рамноправност, не само на жалителот, туку на сите сегашни и идни кандидати за избор на судии. Едноставно, само тоа е начинот да се воспостави еден праведен ред и од таа причина сметам дека жалбениот совет на Врховниот суд има во основа улога, со својата одлука по оваа жалба да воспостави унифициран став, правила за идно постапување на членовите на Судскиот совет, за да во иднина нема ситуација да имаме било каков сомнеж за евентуални политички или бизнис влијанија и евентуална злоупотреба на механизмот на бадентеровото мнозинство“, кажа Туфегџиќ.Тој смета дека Врховниот суд ќе мора да заземе став по однос на составот на бадентеровото мнозинство, бидејќи според Туфегџиќ, не е во духот со Уставот кој кажува дека бројот на тие членови е четири, а не пет.„Како адвокат и човек припаѓам на помалата етничка заедница, смтам дека бадентеровото мнозинство не може на ваков начин без образложение да нанесува штета на кандидат од мнозинската заедница. Се стекнува впечаток и се извлекува логичен заклучок според начинот на гласање дека целта е елиминација, а не заштита на... Овој кандидат го доби потребното мнозинство на гласови од сите членови на Судскиот човек. Останаа должни членовите на бадентеровото мнозинство, што е тоа што кај нив превагнало да не укажат доверба на овој кандидат, а укажале доверба на кандидатите кои се далеку подолу рангирани и со помали бодови. На тоа се должни да одговорат“, додаде Туфегџиќ.За постапката на избор на судии во скопска Апелација вчера реагираа и од Коалицијата „Сите за правично судење“. Тие, како и Ристова, велат дека Судскиот совет направил отстапувања од ранг-листата на кандидатите без соодветно образложение за секоја отстапка, односно засебно за секој кандидат.

Македонија | пред 2 години

IMG_0205

Обвинение за „Скопје 2014“ без Груевски, Ставревски, Канческа, Тодоровиќ

Обвинителот Љубомир Лапе поднесе обвинение за случајот „Феникс“, кој се однесува на „Скопје 2014“. Но, во него ги нема првоосомничениот Никола Груевски, второосомничениот, поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, поранешните градоначалници на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова. Со измените на Кривичен законик, на нив им застаре делото. Единствен од осомничените, кој сега е обвинет, е поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев, дознава „Скопје1“. Тој се гони за перење пари. Покрај него, одговорност се бара за уште четири физички лица и шест фирми.„Според опишаните дејствија во диспозитивот на обвинението, во временскиот период од втората половина на 2008 година до крајот на 2022 година во Скопје, првообвинетиот за да прикрие дека поседува и располага со пари што потекнуваат од казниво дело и дека со нив создава нови приноси, како организатор, создал група што се занимава со перење на пари. Членови на групата меѓу другите станале и останатите четворица обвинети. Во состав на групата делувале и обвинетите правни лица меѓусебно капитално, персонално и финансиски поврзани. Во пет од обвинетите правни лица првообвинетиот се јавува како вистински сопственик, косопственик или управител. Преку поврзано и заедничко делување на членовите на групата со други домашни и странски физички и правни лица, обвинетите правни лица и нивните управители, со намера да ги внесат во јавните финансии, платниот промет и стопанството во Република Северна Македонија и да ги помешаат со легалните приходи кои понатаму ќе создаваат нови приноси од казниви дела, групата започнала да ги прима и пушта во оптек на различни начини – еден дел директно во нашата држава, а дел преку други држави кон Република Северна Македонија. Потоа со конверзија на овие средства било прикриено нивното потекло и тие биле пуштени во оптек за прибавување на имот во државава и во странство и претворени во друг вид на имот или имотни права, a со цел да се прикрие нивната понатамошна локација, движење или сопственост, стекнување на нови користи (приноси) и трансформации на незаконски стекнатите пари и нивно помешување во легалните економски текови на финансискиот систем на Република Северна Македонија“, велат од Обвинителството.Обвинителството побарало и мерки на претпазливост.„Имајќи ги предвид специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, карактерот на истото, како и видот и висината на предвидената казна за кривичното дело што им се става на товар, на тројца обвинети им беше определена мерка куќен притвор. Досега прибавените докази укажуваат дека групата делувала преку формирање на правни лица во странство, реализирање банкарски трансакции од и кон странски држави и купување на имоти во странство, од што пак несомнено произлегува околноста дека доколку се дадат во бегство ќе имаат и материјални, финансиски и логистички можности да останат недостапни на органите на прогонот подолг временски период или целосно да ја одбегнат кривичната одговорност. Заради ваквите околности предметниот обвинител со обвинителниот акт предложи продолжување на мерката куќен притвор за три лица и мерка на претпазливост – Обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје за едно лице кое во моментот на поднесување на обвинението се брани од слобода со определена гаранција и за која обвинителството смета дека не е доволна да обезбеди негово непречено присуство во текот на кривичната постапка“, додаваат од Обвинителство.Претходно, Лапе на прес-конференција кажа дека над 16 милиони евра државни пари биле префрлени на општина Центар, која во периодот од 2007 до 2013 година склучувала договори со италијански леарници на споменици.

Македонија | пред 2 години

sobranie-dik

Тропање по маси и надвикување: Тензии на комисијата за избор на нов член на ДИК

Тензично е на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Нема договор дали ова место е резервирано за кандидат од власта или од опозицијата.Претседателот и пратеник на Алтернатива, Африм Гаши, се закани дека ќе го бојкотираат работењето на Собранието доколку до 31 декември не биде изгласан нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија, Абдуш Демири.Пратеничката од редовите на опозициските албански партии, Сафије Садики Шаини на седницата побара да не биде ставен на гласање предлогот за член на ДИК Зулфи Адили, кој е поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.Таа потенцира дека Талат Џафери се обидува да го саботира изборот. Посочи дека ова место во ДИК и припаѓа на албанската опозиција, на Алтернатива и БЕСА.Членовите на Комисијата од опозициските албански партии и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнаа да тропаат по маси и бараат процедурално да се обратат.По утврдувањето на кандидатот, тој треба да се гласа на седница на Собранието. Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство или 80 пратенички гласови.По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-47-5820PM

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува, но нема да гласа за техничката Влада - кои ќе бидат нивни кандидати ќе се знае по празниците

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува, но нема да гласа за техничката Влада. Првиот човек на партијата, Христијан Мицкоски, посочи дека не го ценат Талат Џафери, бидејќи ништо не направил како претседател на Собрание, за било што да очекуваат од него како технички премиер.„Ќе учествуваме во техничката Влада. Ние ќе се воздржиме, не поради Џафери и бидејќи е Албанец, јас го предложив Гаши претходно, но не цениме дека Џафери направи нешто како спикер во парламентот, нема да донесе квалитет. Милитантна е одлуката на Ахмети за нешто да покаже со Џафери. Нема врска со зелена агенда, граѓанско општество“, кажа Мицкоски на брифингот.Прашан кои ќе бидат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада – Мицкоски не одговори.„По празниците ќе одлучуваме за изборите“, додаде Мицкоски на брифингот.Тој посочи и дека очекува валкана кампања.

Македонија | пред 2 години

mickoski

Мицкоски даде проценки кој колку пратеници ќе освои на изборите: СДСМ ќе има историски најголем пад

Ноемвриските проекции, со 900.000 гласачи кои би излегле на гласање, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број пратеници во Собранието. Ова го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на брифинг со новинарите. При пресметките, земени се најверојатните сценарија кои би се случиле на изборите. Ова може да се промени, со почетокот на изборната кампања. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, СДСМ има историски најголем пад.„СДСМ немаат потенцијал за повеќе од 150.000 гласови, заедно со коалицијата. 51 до 54 мандати за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. СДСМ ако оди сам 26 до 29 мандати и ако оди со ДУИ и останатите, ќе дојде до 41 до 43 мандати“, кажа Мицкоски на брифингот со новинари.Левица и Максим Димитриевски, заедно може да имаат 12 пратеници.„12 мандата во моментот делат. Алијанса нема да има повеќе од три мандати, ако одат сами. Алијанса може да има 2 во шестка и еден во петка. БЕСА, Алтернатива и Изет Меџити може да имаат до 12 пратеници“, додава Мицкоски на брифингот.Според него, сѐ што е над 900.000 гласачи, опозицијата ќе дели пола-пола. Тоа значи пола ќе одат во ВМРО-ДПМНЕ и пола кај Максим Димитриевкси и Левица.„Кај албанскиот блок е интересно, поголема излезеност не им одговара на опозицијата“, посочи Мицковски на брифингот.

Македонија | пред 2 години

297060233_3226250737616668_7833351068750419392_n

Медиумските работници да бидат ослободени од придонесите - ВМРО-ДПМНЕ поднесува амандман, на чекор е власта

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави амандмани во Собрание, со кои ќе се интервенира во буџетот во корист на медиумите. Според него, за да се помогне на сите медумски работници, треба да се ослободат од придонеси – се освен плаќањето на персонален даонок.“Ќе има амандман кој што има за цел се помогне на медиумите. Амандманот ќе биде во целост следната година, сите медиумски работници да бидат ослободени од придонесите. Се освен за персоналниот данок. Тоа се околу 10 милиони на годишно ниво. Ако тоа се поддржи, барем овие пари да бидст вратени со поголеми плати кај медиумските работници”, рече Мицкоски на брифинг со новинари.Тој повика власта да го прифати амамднамнот, доколкуи тоа не се случи – кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе го имплементира во буџцетот.“Најголема е веројстноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изнроите, а голема е веројатноста да ја формира и следната Влада, па ќе го направиме тоа”, кажа Мицкоски.Според него, ако има волја, лесно ќе се заврши.“Ова ќе биде за сите медиуми, без разлика дали се критички или не, дали се портали радија или нешто друго”, посочи Мицкоски на брифингот.Импликациите според, нивните пресметки ќе бидат 10 милиони луѓе на годишно ниво.

Македонија | пред 2 години

ka

Грците атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија: ЕДС во трка да ги снабдува домаќинствата со струја, од Владата молк дали ќе ја фаворизира

По тендерот за Чебрен и Галиште, грчките компании агресивно атакуваат на енергетскиот сектор во Македонија. Владата треба да го избере универзалниот снабдувач, а пак, ЕДС чиј поранешен сопственик е Кочо Анѓушев, сега во грчка сопственост, влезе во трката. Веќе се шпекулира дека Владата ја фаворизира оваа компанија, со цел од игра да го исфрли „ЕВН Хоум“. За овие наводи испративме прашања до прес-службата на Владата, но нема одговор дали овие шпекулации се основани.Доколку ЕДС биде избрана за универзален снабдувач, тоа ќе значи дека Македонија ќе го отстапи на Грците бизнисот со снабдување со струја на домаќинствата и малите потрошувачи. Аргументацијата за ваква одлука е дека ќе има зголемена конкуренција на пазарот, а цената ќе биде пониска. Но, се остава впечаток дека целта е навлегување во сите сегменти на енергетскиот сектор.Во септември грчката фирма ППЦ – Архиродон ја доби концесијата за користење на водата на Црна Река во Северна Македонија, за производство на струја со изградба на хидроелектрични централи. Грчката фирма доставила најповолна понуда, велат од Владата.„Скопје1“ постави и прашања до Владата, дали е донесена одлука кој ќе биде избран на повикот за универзален снабдувач. Но, ни на ова нема одговори до овој момент.ЕДС веќе пет години е дел од ППЦ. Таа е купена од јавното грчко претпријатие, по потпишувањето на Договорот од Преспа. За ваквиот чекор имаше бура од реакции, особено затоа што во јавноста се пишуваше за политиката зад договорот, од аспект дека ЕДС е на Анѓушев.ЕВН пак, е сопственост на ЕВН АГ од Австрија, a со ребрендирањето во 2008 година ова претпријатие го добива сегашното име ЕВН Македонија АД Скопје. Дел во сопственоста има и државата Македонија.

Македонија | пред 2 години

soobrakajka-1

(Видео) Ужасна несреќа во Аеродром, едно од возилата е преполовено

Тешка несреќа се случи во Аеродром, на раскрсницата кај крстот. Неофицијално, се судриле три возила, од кои едното е преполовено од силината на ударот. Несреќата се случила околу 20 часот, а двете возила се се уште на раскрсницата.Не е познато дали и колку повредени лица има во несреќата, како и кој ја предизвикал, но и што е причината.Веќе два часа полицијата е на терен, а дел од лентите за возење се затворени. Се правеше увид, по што се очекува МВР да излезе со детални информации.

Скопје | пред 2 години

miki-todorov

Директорот на штипскиот затвор тврди дека никого не тепал, а се сомнева и во лекарскиот извештај, па најави правда пред суд

Мики Тодоров, директор на затворот во Штип, за кого стигнаа обвинувања дека претепал активист на Левица, за „Скопје1“ посочува дека станува збор за невистини. Тој признава само дека имало средба помеѓу него и штипјанецот Јован Јанев. Но, Тодоров тврди дека имало вербални провокации, но не и боксови.„Не е точно, никој не бил тепан ниту физички нападнат, ги демантирам тие невистини. Вербално само возвратив на провокации кои цело време ги прави ова лице, но не дозволив да успеат овие провокации ниту да ескалира состојбата. Основано се сомневам во било каков извештај, доколу постои таков навистина, и затоа на суд ќе се докаже целата вистина“, посочува Тодоров за „Скопје1“.Претходно, Јанев посочи дека бил натепан од Тодоров среде клуб во Штип. Објави дека бил удиран по гради и стомак. Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, објави и лекарски изшветај од кој се гледа дека Јанев имал повреди.

Македонија | пред 2 години

vanja-palco

Не била задушена - Вања е убиена со истрел од огнострелно оружје, покажува извештајот на Судска медицина

Истрел од огнострелно оружје е начинот на кој е убиена Вања Ѓорчевска, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, дознава „Скопје1“. Наодот кој се работеше 17 дена, ги демантира гласините по медиумите, но и коментарите од професорката по криминалистика дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето. Ова би значело дека Вања била жива од местото каде е грабната до местото каде е пукано во неа. Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.По пукањето, Вања била закопана во атарот на селото Глуво, на место кое е мини-депонија. Според неофицијалните информации до кои дојде „Скопје1“ од Судска медицина, истрелот кон Вања бил во пределот на главата. Одговорот со какво оружје е пукано, ќе треба да го даде вештачењето на куршумот.Извештајот од Судска медицина, обвинителката која го истражува случајот го доби во петокот. Во него, се дадени одговори на низа отворени прашања поврзани со киднапирањето и убиството на Вања. Според официјалните податоци кои ги соопштија институциите врз основа на сознанијата и исказите од осомничените кои признаа вина, од киднапирањето до убивањето на девојчето, поминале два саати и 40 минути.Согласно доказите, меѓу кои е и обдукцијата на Вања Ѓорчевска, ќе се утврди натамошниот тек на истрагата. Ќе се издаваат дополнителни наредби за обезбедување на материјали, вештачења, испитувања на лица кои можеби имаат некакви сознанија. Меѓудругото, наодот може да биде и клучен за квалификацијата на кривичните дела за кои ќе се гонат сега осомничените.„Скопје1“ објави дека листинзи од телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отисоци – се само дел од работите кои дваесет дена се анализираат од истражните органи, во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Нема нови осомничени, a од телефоните, снимките и отисоците се доаѓа до одговори за убиствата на Вања и Панче

Листинзи од телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отисоци – ова се само дел од работите кои дваесет дена се анализираат од истражните органи, во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Се утврдуваат траекториите на движење на сите осомничени, како за помагањето, така и за киднапирањето и убиството на двете жртви.„Скопје1“ дознава дека снимките од надзорните камери, ги потврдиле дел од исказите на тројцата осомничени кои признаа вина - Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Базните станици кои ги ловат сигналите на телефоните, ќе треба само да бидат уште еден доказ за нивните тврдења поврзани со траекторијата на движење. Предмет на анализа се снимки од наздорни камери, кои беа одземени од страна на МВР при потрагата по Вања.Според нашите извори, се анализира и телефонот на Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој му е одземен од полицијата. Целта е да се утврди точноста на исказот кој го кажаа осомничените, дека тој му кажал на осомничениот, организатор и реализатор на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо, информација кога Вања го напушта домот.За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец. Вчера беше изготвен и обдукциониот наод, кој освен начинот и времето на настанување на смртта кај Вања и Панче, ќе покажат и дали е најдена туѓа ДНК при обдукцијата.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 2 години

kkkk

(Видео) Го има некој видено Скопје?

Македонија ја узгуби позицијата на најзагадена држава и сега е на 26. место споредено со сите држави во светот. Сепак, концетрацијата на ПМ10 честички и маглата се тука. Од цела Македонија, во Шуто Оризари е најзагадено, а потоа следува Битола, па Струмица. Па доаѓаат две скоспки општини - Ѓорче Петров и Сарај.Сепак, на надморска висина од околу 600 метри, Скопје не се гледа.Фотографиите се направени од Раштак, село во Скопска Црна Гора.Скопје е потопено под маглата.Еве како изгледа мапата на најзагадени земји.Вака изгледа Скопје.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Стигнаа обдукциските наоди за убиените Вања и Панче, кои даваат одговори на низа прашања

По 17 дена, стигнаа обдукциските наоди од обдукциите на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дознава „Скопје1“. Тие ќе треба да бидат проучени, а да ги дадат одговорите, како биле убиени двете жртви, кои претходно беа киднапирани. Веќе беше обзнането дека не станува збор за обична обдукција. Обдукциите беа работени од Институтот за судска медицина и криминалистика.Истовремено, се прават низа вештачења, проверки, во рамки на истрагата.Од шест осомничени лица за организација и реализација, но и помош при бегството на Љупчо Палевски-Палчо, само тројца признаа вина пред обвинител и полицијата, за вмешаност во убиствата на Вања и Панче. Тоа се Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои освен пријатели на осомничениот Палчо, за извршување на убстивата, му биле и сопартијци од „Десна“. Тие беа и први уапсени, а оттука започна и откривањето на грозоморните чинови.За помагање во киднапирањето, осомничен е Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, кој според Обвинителството дал информации за времето на движење на девoјчето. Статус на осомничен доби и лицето кое го возеше Палчо при неговото бегство, од Белград до Турција, Стефан Димковски.Сите осомничени се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За првоосомничениот, Љупчо Палевски-Палчо се чека да биде екстрадиран од Турција.

Македонија | пред 2 години

sonja-14141

Соња Симовска едногласно избрана за в.д. државен јавен обвинител, ќе го наследи Јовески

Советот на јавни обвинители ја избра Соња Симовска за в.д. државен јавен обвинител, како што најави „Скопје1“ утринава. Избрана е едногласно со девет гласа „за“. На изборот му претходеше предлог за нејзин избор, а потоа и низа пофални зборови за нејзината работа. Тие сметаат дека е најсоодветна да ја извршува оваа функција се додека Собранието не изгласа избор на друг кандидат.Симовска, претходно, беше избрана за заменик државен обвинител во јануари минатата година. Таа ја извршуваше и функцијата виш јавен обвинител во скопското Вишо јавно обвинителство. Во јавноста е позната како обвинителка која во време на распаѓање на СЈО, беше застапник на обвинението за „Титаник 2“, па очи в очи се судри со обвинетиот Сашо Мијалков во Кривичниот суд.Во меѓувреме, завршен е огласот за избор на државен обвинител. Но договарањето за наследник на Јовески, тешко им оди на коалициските партнери. Три имиња кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството: Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.Сепак, огласот може да пропадне и да не биде избран ниту еден од кандидатите, па да се распише нов.

Македонија | пред 2 години

simovska

Која е Симовска, наследничката на Јовески: Има искуство, менаџерка, професионалец

Успешен обвинител и менаџерка. Вака е опишана в.д. државната јавна обвинителка Соња Симовска од претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска. Таа кажа дека ги познаваат јавните обвинители и им ја следат работата, а од сите податоци кои ги има за избраната Симовска се доби впечаток кај сите членови дека успешно ќе ја извршува оваа функција со оглед на искуството. Прашана дали однапред е договорено името на Симовска за сега да биде изгласана, Димитриеска посочи: „Ние одржуваме не само јавни седници, туку и контакти меѓу себе, разменуваме мислења. Мојот предлог кој е поддржан, е овој кој се изгласа едногласно“.„Обвинителот Соња Симовска која на денешната седница е определена за вршител на функцијата до именувањето на јавен обвинител на Република Северна Македонија е обвинител кој има долгогодишно искуство, кој што е докажан во својата професија како професионалец, ги познава состојбите во јавното обвинителство. Истата поседува менаџерски способности. Како членови на Советот сметаме дека јавниот обвинител Соња Симовска успешно ќе ја извршува функцијата до именување на јавниот обвинител“, рече Душица Димитриеска.Во меѓувреме, до Советот на јавни обвинители е доставено барање да се даде позитивно или негативно мислење за кандидатите за државен обвинител пријавени на оглас. Како што е познато тоа се обвинителите Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.„Пријавени се тројца кандидати и Советот по разгледување на барањето, ќе го испочитува рокот од 15 дена и ќе даде мислење до Владата“, додаде Димитриеска.

Македонија | пред 2 години

sonja-simovska-ljubomir-joveski

Јовески оди во пензија, Соња Симовска ќе биде избрана за в.д. државен јавен обвинител

Обвинителката Соња Симовска ќе биде в.д. државен јавен обвинител, која ќе го наследи Љубомир Јовески по неговото пензионирање, дознава „Скопје1“. Одлуката за именувањето на вршител на должност ќе биде донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Според извори во ова обвинителско тело, има консензус за Симовска да биде назначена на оваа позиција, а со оглед дека Собранието не избра нов државен јавен обвинител, а е познато дека пријавени се тројца кандидати.Симовска беше избрана за заменик државен обвинител во јануари минатата година. Таа ја извршуваше и функцијата виш јавен обвинител во скопското Вишо јавно обвинителство. Во јавноста е позната како обвинителка која во време на распаѓање на СЈО, беше застапник на обвинението за „Титаник 2“, па очи в очи се судри со обвинетиот Сашо Мијалков во Кривичниот суд.Во меѓувреме, завршен е огласот за избор на државен обвинител. Но договарањето за наследник на Јовески, тешко им оди на коалициските партнери. Три имиња кои пројавиле интерес да раководат со Обвинителството: Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски.Сепак, огласот може да пропадне и да не биде избран ниту еден од кандидатите, па да се распише нов.

Македонија | пред 2 години

skopje-zagadeno1

(Видео) Скопје останува во десетте најзагадени градови, според сервисот релевантен за Арсовска

Македонија и денеска е во листата на десетте најзагадени држави, а Скопје во десетте најзагадени градови во светот. Сервисот „waqi.info“ која ги споредува податоците од мерните станици и прави рангирање, а релевантен за градоначалничката Данела Арсовска - покажува дека од десет населени места, пет се во Скопје.Па така, утрово најголема загаденост во Скопје, има во Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Илинден. Од останатите градови, на листата се Ресен, Струмица, Тетово, Кичево и Битола.Градските власти и првиот човек Арсовска, немаат презентирано план како ќе се справуваат со енормната загаденост која влијае и врз здравјето на граѓаните. За нив, нема загаденост.„Скопје1“ сними како изгледа градот гледано од највисоката точка - Водно. Со самото качување на таа надморска височина, се осека разликата.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-39-2770PM

Лиле Стефанова избрана во Републичко обвинителство откако сведочеше против Јанева, склучуваше спогодби во важни предмети и беше наречена со погрдни зборови среде судење

Обвинителката Лиле Стефанова е избрана да биде дел од Републичкото обвинителство, односно една од десетте обвинители кои ќе го заменуваат републичкиот обвинител кој ќе го наследи Љубомир Јовески. Стефанова на јавноста и е позната како обвинителка која беше дел од СЈО и гонеше функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа сведочеше против шефицата Катица Јанева, на сред судење беше наречена „ороспија и гомнарка“.Од случаи кои Стефанова ги водеше, на јавноста и се познати „Титаник“, „Плацеви на Водно“, „Империја“. Во сите три, заедничко е што склучуваше спогодби со обвинети за тие да вратат пари во буџетот, а за возврат да добијат пониски казни. Тоа и се случи. Па така со ниски казни куртулија ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, Мартин Протуѓер кој беше шеф на кабинет на Никола Груевски.Стефанова досега беше шефица на одделот за гонење на полициски службеници во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 2 години

kovacevski

(Видео) Си чепкаше во уста, шутираше, се смешкаше - на премиерот не му беше интересен говорот на Рустеми

Двајца министри, директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми и премиерот Димитар Ковачевски одржаа прес-конференција среде автопат, со цел да промовираат рехабилитирање на 12,7 километри пат. Уште на почетокот од прес-конференцијата Ковачевски укажа дека е ладно, а потоа, додека траеа говорите на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот Рустеми, премиерот Ковачевски застана зад нив, си ги чепкаше забите и се смешкаше со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.„Денеска сме тука заедно со премиерот и со министерот за транспорт и врски, за официјално да објавиме дека е официјално завршена делницата Битола-Меџитлија. Рехабилитиравме 12,7 километри пат, со средства обезбедни од ЕБОРД, во висина од 3,27 милиони евра. Ширината на делницата е променлива, се движи од 6 до 6,5 метри“, кажа Рустеми, додека Ковачевски се смешкаше и шепкаше во позадина.Претходно, говореше и Ковачевски, а Рустеми внимателно слушаше.„Само со посветеност, прецизни планови и стратегија може да се реализираат инфраструктурни проекти....“, кажа Ковачевски, посочувајќи дека патот нуди економски перспективи.По говорот на Рустеми, Ковачевски одговараше на прашања.

Македонија | пред 2 години

ubijci-vanja-2

Сите очи вперени во истрагата за Вања: обдукциониот наод уште не е доставен во Обвинителство

Истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се води зад затворени врати, а одговори нема ниту на прашањата кои се од јавен интерес. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, укажа дека одговори треба да се бараат од Обвинителството, кое пак, не споделува никакви детали.„Скопје1“ дознава дека истражната институција се уште го нема добиено ниту обдукциониот наод за убиената Вања, а оттаму – ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација. За обдукцијата, досега кажаа само дека не станувало збор за обична обдукција – туку специфична која треба да даде бројни одговори.Министерот Спасовски пред една недела кажа и дека се најдени два пиштоли, во рамки на претресите на локации поврзани со осомничените. Одговори што покажале вештачењата – нема. Познато е само дека двете оружја се најдени во околината на Скопје. Дали со некое од нив е пукано кон Вања и Панче – за јавноста е непознато.„Сите работи околу случајот и сѐ што е потребно се доставува до Обвинителството. Во текот на истрагата, сите информации ќе ги барате од таму“, посочи Спасовски.Засега е познато само дека не е исклучено истрагата да се прошири и на други лица. Целта на ова ќе биде за да се дојде до вистината односно мотивите. Досега, Турција достави дактилоскопски податоци, папиларни линии од првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски се чека да биде екстрадиран од Турција.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања