Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Кристијан Ландов

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Расте бројот на жртви: најмногу загинати во Иран и Либан

Повеќе од илјада луѓе загинале ширум Блискиот Исток од почетокот на воените напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран на 28 февруари, а конфликтот брзо се проширил и во други држави од регионот, покажуваат податоци што ги објави агенцијата Ројтерс.Според извештаите на државните институции до 10 март, најголем број жртви има во Иран и Либан, додека жртви се регистрирани и во Ирак, Сирија, како и во неколку земји од Персискиот Залив каде се наоѓаат американски воени бази. Агенцијата наведува дека податоците не се независно проверени.Во Иран, според државните медиуми, загинале најмалку 1270 лица. Само во еден израелски напад врз станбена населба во Техеран во понеделникот загинале 40 луѓе. Не е јасно дали во вкупната бројка се вклучени и загинати припадници на Корпусот на чуварите на Исламската револуција.Иранската војска соопшти дека најмалку 104 лица загинале кога американска подморница минатата недела потопила ирански воен брод во близина на брегот на Шри Ланка. Овие жртви не се вклучени во бројките што ги објавил Иранскиот Црвен полумесец.Во израелските напади врз Либан загинале најмалку 486 луѓе, според податоците на либанското Министерство за здравство.Во Ирак загинале најмалку 15 лица, меѓу кои и командант на таканаречениот Исламски отпор во Ирак, кој бил убиен во воздушен напад врз неговото возило на 5 март, соопштиле полициски извори за Ројтерс.Израелската војска соопшти дека двајца израелски војници загинале во јужен Либан, што се први жртви во редовите на израелската армија откако непријателствата со Хезболах повторно ескалираа минатата недела. Во ирански ракетен напад врз градот Беит Шемеш во близина на Ерусалим на 1 март загинале 11 цивили, соопшти израелската служба за итна помош Маген Давид Адом.Американската војска соопшти дека седум нејзини припадници загинале во операциите против Иран.Жртви има и во неколку земји од Персискиот Залив. Во Обединетите Арапски Емирати, според Министерството за одбрана на таа земја, загинале шест лица во ирански напади. Во Саудиска Арабија две лица загинале кога проектил погодил станбена област во градот Ал Харџ, југоисточно од главниот град Ријад, каде се наоѓа воздухопловната база Принц Султан.Во Бахреин загинале две лица во два одвоени ирански напади, од кои последниот погодил станбена зграда во главниот град Манама, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Кувајт загинале две лица, меѓу кои и едно дете, а според властите на земјата загинале и двајца припадници на Министерството за внатрешни работи и двајца војници додека биле на должност.Една жртва е регистрирана и во Оман, каде човек загинал откако проектил погодил танкер за превоз на нафтени деривати во близина на брегот на Мускат.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп за Иран: „Ако имаа нуклеарно оружје, ќе го искористеа“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се осврна на Иран, тврдејќи дека Техеран би употребил нуклеарно оружје доколку го поседувал, во контекст на најновата ескалација и нападите насочени кон иранските воени капацитети.Во настап на Флорида, Трамп порача дека акцијата на САД била „краткорочен излет“ со цел, како што рече, да се „ослободат од злото“, додавајќи дека Вашингтон е решен да постигне „конечна победа“ и да ја прекине, според негови зборови, долготрајната закана. Тој оцени дека Соединетите Држави располагаат со војска „како никој друг“ и дека светот, како што тврди, ја почитува Америка повеќе од кога било.Трамп нагласи дека „нуклеарната закана“ од Иран е уништена и го опиша тоа како голем успех, тврдејќи дека целта е исполнување на „воениот“ план. Во истиот тон, изнесе и серија тврдења за, како што рече, драматично намалени ирански способности, посочувајќи дека се уништени делови од морнарицата, беспилотните летала и производствените капацитети поврзани со нив, како и значаен дел од ракетниот потенцијал.Во делот за безбедносните ризици, американскиот претседател рече дека Иран „сигурно“ би ги нападнал САД, Израел и други земји од Блискиот Исток доколку не бил изведен, како што го нарече, превентивен удар. „Да имаа нуклеарно оружје, ќе го искористеа“, изјави тој.Трамп се наврати и на убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во 2020 година, опишувајќи го како човек што, според него, бил „способен“, но и „насилен“ и „злобен“. Притоа повтори дека светот ќе биде поинаков и дека „злите режими“ повеќе нема да им се закануваат на другите.Покрај безбедносните пораки, тој ја спомена и енергетската тема, наведувајќи дека САД имаат „доволно гас и нафта“, а како нов партнер ја посочи Венецуела. Во ист контекст најави и дека „наскоро“ планира посета на Кина, додавајќи дека прашањето за снабдувањето со нафта има глобални последици.Трамп потврди и дека имал „добар разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин, при што темите биле Украина и Блискиот Исток. Според него, на Путин му рекол дека може да биде од помош „ако ја заврши војната во Украина“.Во завршницата, американскиот претседател се осврна и на Ормускиот теснец, истакнувајќи дека неговото одржување отворен е особено важно за глобалните пазари, а посебно за земјите што значително зависат од нафта што минува по таа рута.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп: Воените цели на САД во Иран се речиси целосно остварени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите воени цели во Иран и дека тие цели се речиси целосно остварени.Говорејќи на прес-конференција, Трамп изјави дека американските операции сериозно ги ослабиле иранските воени капацитети.„Може да се каже дека нашите воени цели практично се остварени. Ги избришавме сите ирански сили“, изјави Трамп.Тој додаде дека американските разузнавачки служби ги знаат сите локации каде Иран произведува беспилотни летала и дека тие објекти се цел на постојани напади.„Знаеме каде се сите погони во кои Иран произведува дронови и ги погодуваме еден по еден“, рече американскиот претседател.Според него, досега биле погодени повеќе од 5000 цели на територијата на Иран, а Соединетите Американски Држави би можеле да ги уништат и сите преостанати цели во рок од еден ден.На прашањето од новинарите дали војната би можела да заврши до крајот на неделата, Трамп одговори дека тоа веројатно нема да се случи толку брзо, но дека крајот е блиску.„Не, но наскоро. Мислам дека ќе биде многу скоро“, изјави тој.Трамп додаде и дека Иран би можел да го преземе Блискиот Исток доколку САД и Израел не го нападнеле први.„Иран е многу моќна земја. Тие ќе го преземеа Блискиот Исток. Да не ги нападневме, ќе го преземеа целиот регион“, рече американскиот претседател.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvnsactlmjg6c6mWGCxd

Актерот Владо Јовановски револтиран: „Нема дизел – затоа што чекате поголем профит?“

Актерот Владо Јовановски јавно реагира на актуелната состојба со недостиг на гориво на бензинските пумпи, споделувајќи лично искуство од посета на пумпа на „Макпетрол“.Тој раскажува дека отишол да ги напумпа гумите на своето возило и да наточи бензин во вредност од 1000 денари, за автомобилот кој, како што вели со доза хумор, е „скоро со ист датум роден како него“, произведен во 1999 година.Додека бил на пумпата, зад него стоел човек кој побарал дизел гориво, но добил краток одговор од вработените дека дизел нема.„Зад мене некој бараше дизел. ‘Нема бе’, беше одговорот. А зошто нема? Затоа што сакате поголем профит по 24 часот во понеделник или...?“, прашува Јовановски.Тој нагласува дека во вакви кризни ситуации не треба само Владата да обезбедува субвенции и помош за граѓаните, туку и компаниите кои остваруваат профит да покажат општествена одговорност.„Не треба само Владата на Македонија да дава субвенции како помош за граѓаните во вакви кризни состојби. Треба и вие, на кои ви се полнат џебовите, да бидете општествено одговорни“, порача актерот.На крајот од реакцијата, Јовановски кусо ја оцени состојбата со зборот: „Срамота“.

Коментари | пред 1 седмица

izrael1

Осум израелски војници ранети во напад кај либанската граница, меѓу нив и синот на израелскиот министер

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека неговиот син е меѓу ранетите во напад што се случил во близина на границата со Либан, при што биле повредени осум израелски војници.Во објава на социјалната мрежа Икс, Смотрич напиша дека кон израелските војници во петокот бил истрелан минофрлачки проектил на границата со Либан.„Еден од нив е мојот сакан син – Бенја Хеврон“, напиша министерот.Тој наведе дека шрапнел од експлозијата му го пробил грбот и стомакот на неговиот син, по што бил итно пренесен во болница.Според Смотрич, едно од парчињата шрапнел минало низ неговиот црн дроб и се заглавило во ѕидот на најголемиот крвен сад во стомакот.„По Божја милост, едно од парчињата шрапнел го проби црниот дроб и се заглави во ѕидот на најголемиот крвен сад во стомакот. Ако, не дај Боже, тој крвен сад бил оштетен, ситуацијата ќе беше многу полоша“, напиша Смотрич.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryueitlubqtuo58cCUOkQ

„Недозволиво е денес да нема гориво, а утре да се појави по повисока цена“, вели адвокатот Страшевски

Адвокатот Јовица Страшевски реагира на актуелната нафтена криза во земјава.Тој поставува прашање како е можно речиси сите бензински станици во исто време да останат без гориво и дали станува збор за реален недостиг или за координирана манипулација на пазарот.„Граѓаните со право бараат одговори од Владата за актуелната нафтена криза. Како е можно речиси сите бензински станици во исто време да останат без гориво? Дали станува збор за реален недостиг или за координирана манипулација на пазарот и масовна пљачка на народот?“, прашува Страшевски.Тој бара итно да се испрати инспекциски служби и да изврши контроли во сите нафтени компании, нагласувајќи дека ситуацијата создава сериозни сомнежи кај јавноста.„Недозволиво е денес да нема гориво, а утре истото да се појави по повисоки цени. Тоа создава сериозен сомнеж дека станува збор за класична пљачка врз грбот на граѓаните“, наведува тој.Страшевски поставува и директно прашање до институциите – дали ваквата состојба се случува со или без знаење и одобрување од Владата.Тој потенцира дека граѓаните не смеат да бидат жртви на евентуални договори и профитерство, повикувајќи на итна реакција, целосна транспарентност и одговорност од надлежните институции.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Иран ќе нè нападнеше за една недела, 100%

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планирал напад врз Соединетите Американски Држави во рок од една недела, тврдејќи дека таков напад бил речиси сигурен.Говорејќи пред републикански поддржувачи, Трамп рече дека Иран располагал со голем број ракети и дека планирал напади не само врз САД, туку и врз целиот Блиски Исток и Израел.„Во рок од една недела ќе нè нападнеа. Сто проценти. Имаа многу ракети, многу повеќе отколку што некој мислеше, и планираа да нè нападнат. Но планираа да го нападнат и целиот Блиски Исток и Израел. А доколку имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа против Израел“, изјави Трамп.Тој додаде дека во текот на конфликтот досега биле потопени 46 ирански бродови. Според него, кога слушнал дека иранските бродови се со висок квалитет, прашал зошто САД едноставно не ги запленат.„Ми рекоа дека е позабавно да се потопат“, рече Трамп.Американскиот претседател изјави и дека постои неизвесност околу тоа кој ќе го води Иран по убиството на врховниот верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Иако неговиот син Моџтаба Хамнеи беше именуван за нов врховен лидер, Трамп тврди дека ситуацијата во земјата е нестабилна.„Нивните терористички лидери исчезнаа или ги бројат последните минути пред да исчезнат. А сега никој нема поим кои луѓе ќе ја водат таа земја“, изјави Трамп.

Свет | пред 1 седмица

media-library140h4spb55r5c01Vc63

Најтешки за „излегување на крај“? Астрологијата најчесто го посочува овој знак

Прашањето „кој е најлошиот хороскопски знак“ редовно се провлекува низ секојдневните разговори, иако одговорот речиси никогаш не е едноставен. Во астролошките толкувања, секој знак носи доблести и слабости, а она што за едни е неподносливо, за други може да биде магнетски привлечно.Сепак, еден знак упорно се издвојува во расправите како најтежок за однос — Шкорпија. Репутацијата не доаѓа случајно: за овој знак најчесто се врзуваат интензивни емоции, силна страст и нагласена потреба работите да се држат под контрола.Според ваквите астролошки описи, луѓето родени во Шкорпија ретко прават нешта „половично“. Кога сакаат, тоа е длабоко и без задршка; кога се повредени, се памети долго. Токму таа емоционална длабочина, која за некого е фасцинантна, за други може да изгледа застрашувачка — особено кај оние што преферираат мирни, едноставни односи и помалку драматични динамики.За „лошиот глас“ најмногу му придонесуваат две особини што им се припишуваат на Шкорпиите: тешкото простување и силното чувство за граница. Кога ќе почувствуваат предавство или неправда, знаат да се повлечат во студена дистанца што тешко се премостува, а кај дел од луѓето тоа се чита како тврдоглавост или одмаздољубивост.Другата чувствителна точка е потребата за контрола. Во пријателства, љубовни врски или на работа, Шкорпијата често сака да има јасна претстава каде стојат работите и кој ја држи насоката. Кога ситуацијата ќе „избега“ од нивните рамки, астролошките карактеристики што најчесто се наведуваат се сомничавост, љубомора или склоност кон манипулација — комбинација што за околината може да биде заморна.Но, приказната не е еднонасочна. Истите тие описи нагласуваат дека Шкорпиите знаат да бидат меѓу најлојалните и најзаштитнички настроени луѓе — ако еднаш дадат доверба и некого го пуштат во својот тесен круг. Тогаш се спремни да застанат зад блиските со огромна сила, упорност и издржливост, особено во тешки периоди.Затоа, наместо да се лепи етикета „најлош“, астролошкото толкување почесто оди кон пофер формулација: Шкорпијата е повеќе „најинтензивен“ отколку „најлош“ знак. Кај неа ретко има средина — луѓето или ја обожаваат таа длабочина, или ја избегнуваат поради тежината што ја носи.На крајот, и самата астрологија потсетува дека зборува за склоности, а не за однапред запишана судбина. Карактерот на секој човек, покрај датумот на раѓање, го обликуваат воспитувањето, искуствата и личните избори — па понекогаш поважно од „кој знак е најтежок“ е прашањето со какви однесувања и граници најтешко се усогласуваме во сопствениот живот.

Магазин | пред 1 седмица

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп разговараше со Путин за Иран: Москва предложила план за брз крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, при што главни теми биле војната околу Иран, конфликтот во Украина и ситуацијата во Венецуела. Разговорот траел околу еден час и бил инициран од американската страна, соопшти помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.Според Ушаков, разговорот бил „деловен, отворен и конструктивен“, а Путин му претставил на Трамп повеќе идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решение на конфликтот со Иран.Тој навел дека руската страна предложила дипломатски пристап што би вклучувал контакти со лидерите на земјите од Персискиот Залив, иранскиот претседател и други државници со цел што побрзо смирување на кризата.Во текот на разговорот, Трамп ја изложил својата проценка за развојот на ситуацијата во контекст на американско-израелската воена операција против Иран. Според Кремљ, двајцата лидери размениле „многу содржајни и корисни“ ставови за можните чекори кон деескалација.Освен за Иран, Трамп и Путин разговарале и за војната во Украина. Американскиот претседател изразил интерес конфликтот да заврши со брз прекин на огнот и долгорочно политичко решение.На разговорот била отворена и темата за Венецуела, особено во контекст на состојбата на глобалниот пазар на нафта и енергетските последици од кризата на Блискиот Исток.Според Ушаков, разговорот би можел да има практично значење за понатамошната соработка меѓу Москва и Вашингтон во низа меѓународни прашања, а двајцата лидери изразиле подготвеност ваквите контакти да продолжат и во иднина.

Свет | пред 1 седмица

media-library8rof3atjtn8neZmpcCS

Пазарите се смируваат: Нафтата падна под 90 долари по барел, берзите се стабилизираат

Цените на нафтата, кои за време на викендот достигнаа врв на светските пазари, во последните часови бележат значителен пад, додека финансиските пазари се стабилизираат по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран би можела наскоро да заврши.Во телефонско интервју за телевизијата Си-Би-Ес њуз, Трамп изјави дека конфликтот е „практично завршен“ и дека воената операција напредува многу побрзо од првичниот план, кој предвидувал траење од четири до пет недели.„Мислам дека војната е речиси завршена“, изјави американскиот претседател, додавајќи дека иранската воена инфраструктура е сериозно ослабена. „Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат ни воздухопловни сили“, рече Трамп.Паралелно со овие изјави, нафтените пазари забележаа значителни поместувања. Откако за време на викендот цената на нафтата накратко надмина 118 долари за барел, во последните часови таа падна за повеќе од 10 долари и се спушти под границата од 90 долари.Падот доаѓа во момент кога најголемите светски економии размислуваат за координирани мерки за обезбедување итни енергетски резерви, а изјавите на Трамп дополнително ги поттикнаа очекувањата дека конфликтот би можел да се приближува кон крај.По неговите изјави, американските берзи ги надоместија претходните загуби. Индексот Си-Ен-Пи 500 порасна за околу еден процент, додека цените на нафтата и приносите на американските државни обврзници се намалија.Сепак, и покрај смирувањето на финансиските пазари, ситуацијата околу Ормускиот теснец останува неизвесна. Овој стратешки морски премин, низ кој поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта, и натаму е речиси затворен, а сè уште нема договор како ќе се обезбеди безбеден премин на бродовите.Трамп изјави дека поморскиот сообраќај низ теснецот постепено се зголемува и дека неговата администрација размислува за можноста да преземе контрола над тој поморски пат, без да прецизира какви конкретни мерки би можеле да бидат преземени.Во меѓувреме, американскиот претседател разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Иран и за војната во Украина, пренесе руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на советникот на Путин, Јуриј Ушаков.Конфликтот доаѓа во период кога Трамп се соочува со силни политички притисоци во САД поради инфлацијата во пресрет на изборите на средина од мандатот. Војната дополнително ги зголеми цените на горивата во земјата.Трамп претходно изјави дека цена на нафта од 100 долари за барел е „мала цена што треба да се плати“, додавајќи дека трошоците ќе се намалат кога, како што рече, ќе заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана.Поради речиси целосното затворање на Ормускиот теснец, Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, беше принудена да го намали производството, а слични потези презедоа и Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак.Министрите за финансии на земјите од групата Г7 во меѓувреме порачаа дека се подготвени да преземат сите неопходни мерки за стабилизација на глобалното снабдување со енергија, вклучително и можно пуштање на стратешките резерви на нафта, иако конечна одлука за тоа сè уште не е донесена.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: САД побараа одложување на преговорите со Русија поради кризата на Блискиот Исток

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за нови мировни преговори со Русија со поддршка на Соединетите Американски Држави, но дека вниманието на меѓународната заедница во моментов е насочено кон конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Зеленски соопшти дека Вашингтон побарал одложување на претстојниот состанок, кој требало да се одржи оваа недела, поради актуелната безбедносна криза на Блискиот Исток.„Целото внимание на нашите партнери е насочено кон ситуацијата околу Иран и затоа состанокот, планиран за оваа недела, се одложува на предлог на САД“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.Тој додаде дека Украина примила 11 барања од држави во соседството на Иран, како и од САД и европски земји, за помош во соборување на беспилотни летала кои, според нив, биле лансирани од Техеран.„Русија се обидува да ја искористи ситуацијата на Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив за да манипулира во корист на својата агресија“, наведе Зеленски.Мировните преговори, чија цел е завршување на четиригодишниот конфликт меѓу Украина и Русија, досега не донеле напредок по клучните прашања, особено поради руските барања Украина да направи територијални отстапки.По состанок за национална безбедност, Зеленски изјави дека постои значителен интерес за украинското искуство во развојот на системи за пресретнување дронови, електронско војување и обука за борба против беспилотни летала.Тој нагласи дека Украина е подготвена позитивно да одговори на барањата на државите кои ѝ помагаат во одбраната и заштитата на нејзината независност.Во изјава за „Њујорк тајмс“, Зеленски посочи дека Украина испратила дронови-пресретнувачи и тим специјалисти во Јордан, додека според информации на агенцијата „Ројтерс“, САД и Катар водат преговори за купување украински дронови-пресретнувачи.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Трамп отвора нова опција: САД размислуваат да го контролираат Ормускиот теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон размислува за можноста Соединетите Американски Држави да преземат контрола над Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.Во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп рече дека теснецот во моментот е отворен за пловидба, но дека Белата куќа ја разгледува опцијата да воспостави контрола над овој стратешки морски премин.„Ормускиот теснец во моментов е отворен, но размислуваме за тоа да го преземеме. Можеме таму да направиме многу“, изјави Трамп.Ормускиот теснец претставува една од најкритичните светски енергетски рути, низ која поминува приближно една петтина од глобалните испораки на нафта.Иран засега не го затворил преминот, но претходно предупреди дека ќе отвори оган кон сите американски или израелски танкери кои би се обиделе да поминат низ теснецот.

Свет | пред 1 седмица

izrael-vojska

Израелскиот министер за надворешни работи: Хезболах се приклучи на војната под притисок од Иран

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека во изминатата недела Израел бил цел на повеќе напади од либанското движење Хезболах отколку од Иран.Саар соопшти дека во Западен Ерусалим се сретнал со специјалната координаторка на Обединетите нации за Либан, Жанин Хенис, при што разговарале за безбедносната состојба во регионот и за ескалацијата на конфликтот.Тој изјави дека Хезболах се приклучил на војната по, како што тврди, притисок од Иран.„Ја образложив нашата одлука овој пат да не ги евакуираме жителите од северните заедници и ја нагласив нашата посветеност да ги заштитиме. Истакнав дека распоредувањето војници во пограничната област е клучно за спречување евентуален упад на копнените сили на Хезболах и напади врз израелските граѓани и населени места“, изјави Саар.Тој додаде дека слабеењето на Хезболах е заеднички интерес и за Израел и за Либан.„Нагласив дека Хезболах го започна нападот врз нас и дека никој од меѓународната заедница не презема чекори да го запре, освен нас“, изјави израелскиот министер за надворешни работи.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymstm78tlq3m6bG6m2Fg

(Видео) Британски авиони соборија дронови над Блискиот Исток

Британски борбени авиони во текот на ноќта собориле беспилотно летало во одбрана на Јордан, а пресретнале и уште еден дрон кој летал кон Бахреин, соопшти британското Министерство за одбрана.Според официјалните информации од Лондон, операцијата е дел од пошироки активности за заштита на сојузниците во регионот и на британските воени бази.Истовремено, Велика Британија започнала и одбранбени летови во поддршка на Обединетите Арапски Емирати. Овие активности се дел од поширокото распоредување дополнителни британски воени сили на Блискиот Исток и во источниот Медитеран.Британското Министерство за одбрана соопшти и дека дополнителни хеликоптери од типот „вајлдкет“ пристигнале на Кипар, откако британската воздухопловна база на островот минатата недела била цел на напад со дрон.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Трамп: Ако Иран се обиде со „трикови“, тоа ќе биде крај на таа земја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран, која влезе во десеттиот ден, би можела наскоро да заврши, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави се „далеку пред планот“. Во телефонско интервју за американската телевизија Си-Би-Ес њуз, Трамп изјави дека според него конфликтот е „речиси завршен“, што е спротивно на претходните процени од Белата куќа дека операцијата може да трае повеќе од еден месец.Тој изнесе и свое видување за состојбата на иранските вооружени сили, тврдејќи дека Иран претрпел сериозни воени загуби.„Мислам дека војната практично е готова. Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили. Нивните ракети се сведени на остатоци. Дроновите им се уништуваат насекаде, вклучително и во нивните погони за производство. Кога ќе погледнете, ништо не им остана. Во воена смисла, ништо“, изјави Трамп.На прашањето дали војната би можела наскоро да заврши, американскиот претседател одговори потврдно, нагласувајќи дека токму тоа е неговата главна цел.„Далеку сме пред планот. Не знам, ќе видиме. Размислувам за крајот на војната – јас и никој друг“, рече Трамп.Тој испрати и остра порака до Техеран, предупредувајќи дека секој нов потег од страна на Иран би можел да има сериозни последици.„Испалија сè што имаа. Подобро е да не се обидуваат со никакви трикови, затоа што тоа ќе биде крај на таа земја. Ако направат нешто лошо, тоа ќе биде крај на Иран и тоа име повеќе нема да го слушнете“, изјави Трамп.Американскиот претседател додаде дека САД размислуваат и за можноста да го преземат Ормускиот теснец, наведувајќи дека таму би можеле „многу да направат“. На прашањето дали има на ум нов лидер за Иран, Трамп кусо одговори дека има, но одби да открие повеќе детали.Тој најави и дека наскоро ќе одржи прес-конференција на која се очекува да изнесе дополнителни информации за развојот на конфликтот.

Свет | пред 1 седмица

IMG_7814

Хезболах тврди дека извршил ракетен напад врз централниот дел на Израел

Либанското движење Хезболах соопшти дека извршило ракетен напад врз цел во централниот дел на Израел, тврдејќи дека била погодена сателитска комуникациска станица на израелската армија во долината Ела.Според соопштението на групата, објектот се наоѓа на околу 160 километри од границата и бил цел на масовен напад со, како што се наведува, софистицирани ракети.Хезболах тврди дека со нападот била гаѓана инфраструктура што ја користи израелската војска за сателитска комуникација. Засега нема независна потврда за обемот на штетата или за евентуални жртви.

Свет | пред 1 седмица

media-library7p96lilovr0udR8YQmL

(Видео) Сања Ристиќ и Перо Антиќ искрени за врската: „Беше алфа мажјак, ама омекна“

Во една од последните епизоди на емисијата „Нешто конкретно“ гостуваа еден од најпознатите македонски парови, Сања Ристиќ и Перо Антиќ, кои отворено разговараа за односите, самодовербата и перцепцијата на луѓето во јавноста.Сања низ смеа призна дека на почетокот на нивната врска Перо бил вистински алфа мажјак, но дека со текот на времето „омекнал“. На тоа Антиќ одговори со доза хумор.„Е, кој се разбрал со жена – најдобро е само да си климаш со главата“, рече тој.Ристиќ додаде дека секогаш е подготвена да го брани својот став, алудирајќи и на ситуацијата кога јавно застана во одбрана на Перо на социјалните мрежи, во период кога тој беше мета на критики.Во емисијата гостуваше и Марија Васиќ, која во 2003 година ја понесе титулата Мис на Македонија, а денес работи како доктор анестезиолог. На прашањето дали титулата за убавина и скромноста можат да одат заедно, таа истакна дека јавната експонираност не значи дека човек не е скромен.„Скромноста не се покажува со тоа колку се експонираш, туку со постапките“, изјави Васиќ.Говорејќи за скромноста, Сања Ристиќ се наврати и на периодот кога како дете беше исклучително популарна со песната „Ех, тој Тоше“. Таа откри дека во нејзиното воспитување скромноста не била нагласена, туку сè требало да биде по последна мода или специјално дизајнирано за неа.„Не сум скромна ни сега и сакам да живеам убаво од својот труд“, заклучи таа.Во дебатата се приклучи и тату-мајсторот Горан Микиќ, на кого ова му беше прво јавно појавување по победата над ракот на тироидната жлезда. Расположен и насмеан, тој откри дека на почетокот неговиот татко, познатиот естраден новинар Дуле Микиќ, често му замерувал што избрал да биде тату-мајстор, поради стереотипите дека тетоважи прават „наркомани или криминалци“.Микиќ откри и дека токму Перо Антиќ одиграл важна улога во неговата кариера, по што неговата работа почнала да оди во нагорна линија.Антиќ пак зборуваше и за односот со својот татко, откривајќи дека тој присуствувал на само девет негови натпревари. Интересен момент, како што раскажа, бил кога започнал да игра кошарка, а татко му воопшто не знаел за тоа.„Тренерот случајно ме препозна по презимето и му се јавил на татко ми. А тој му рекол: ако го бива – добро, ако не – праќај го дома“, раскажа Антиќ, додавајќи дека критичкиот однос на татко му всушност го зајакнал.Централна тема на епизодата беше прашањето од каде доаѓа самодовербата кај луѓето, особено кога таа не е поткрепена со реални резултати. Гостите се согласија дека тоа често започнува уште во семејството, кога родителите нереално ги бодрат децата и постојано им повторуваат дека се најдобри во сè.Според нив, и современото општество дополнително ги поттикнува ваквите појави, па не е реткост луѓе со силна самоувереност, но без реално покритие, да дојдат до позиции на моќ и да се однесуваат како да се семоќни.На крајот од емисијата, Перо Антиќ доби интересно прашање – дали е потребна поголема самодоверба за шут во последната секунда од натпревар или за да побараш девојка за жена.

Магазин | пред 1 седмица

media-library16rsbbrcm96p7DkWGbf

Аналитичарка предупредува: Нејасните цели на САД во војната со Иран ја прават ситуацијата поопасна

Сè поголема неизвесност постои околу вистинските цели на Соединетите Американски Држави во конфликтот со Иран, што ја прави ситуацијата уште поопасна, предупредува Филис Бенис, ко-директорка на Проектот за нов интернационализам при Институтот за политички студии.Говорејќи за текот на конфликтот, Бенис оцени дека може да се препознаат тактиките на американската администрација, но дека не е јасно која е нејзината конечна стратегија и што точно сака да постигне Вашингтон.Според неа, американските претставници споменуваат неколку можни цели, меѓу кои уништување на иранската морнарица или неутрализирање на ракетните капацитети на Иран, што би ѝ овозможило на администрацијата да прогласи успех и да го заврши конфликтот.Сепак, Бенис предупредува дека отсуството на јасно дефинирана цел ја прави ситуацијата уште поризична.„Недостигот на јасна цел ја прави оваа ситуација поопасна, особено за Иран“, изјави таа.

Свет | пред 1 седмица

IMG_4867

Драма во Штип: Се претставил како полицаец, одзел возило, удрил во паркиран автомобил и нападнал полицаец

Полицијата уапси 46-годишен маж од Штип кој лажно се претставил како полициски службеник, одзел возило, предизвикал сообраќајна незгода и при апсењето нападнал полицаец.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска околу 09:00 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ во Штип.Според информациите, околу 08:00 часот пред влезот на средно училиште во Штип тој го сопрел М.А. од Штип и, претставувајќи се лажно како полицаец, извршил лажен претрес на службено возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, по што му го одзел возилото и се упатил кон населбата Ново Село.Додека се движел со возилото, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Маршал Тито“, удирајќи во паркиран автомобил, а потоа продолжил кон центарот на градот.Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно ѝ го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.По преземени мерки од страна на полициските службеници, возилото било лоцирано, а осомничениот уапсен. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.Од МВР додаваат дека во текот на ноќта истото лице било пријавено и за уште два инциденти – расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Нов бран напади: Израелската армија соопшти дека уништила цели поврзани со иранската влада

Израелската армија соопшти дека извршила нов бран воздушни напади врз повеќе локации во Иран, при што биле погодени десетици цели поврзани со иранската влада.Во објава на социјалната мрежа „Икс“, израелската војска наведе дека меѓу погодените цели се наоѓал и штаб за беспилотни летала на Корпусот на чуварите на Исламската револуција.Според тврдењата на израелската армија, од тој објект претходно биле лансирани беспилотни летала кон Израел, а во него се наоѓале и дополнителни дронови подготвени за употреба.Во нападите биле погодени и неколку складишта за беспилотни летала, како и системи за противвоздушна одбрана, соопшти израелската војска.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh1mjpo8rj1uvb1MZzC1

Емирот на Катар и германскиот канцелар повикаа на дипломатско решение за конфликтот на Блискиот Исток

Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад ал Тани, остварил телефонски разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц, при што двајцата лидери разговарале за актуелната безбедносна состојба на Блискиот Исток и можностите за намалување на тензиите во регионот.Според соопштението од кабинетот на катарскиот владетел, во разговорот биле разгледани најновите случувања во услови на, како што се наведува, „континуирана и очигледна иранска агресија кон Катар и други држави во регионот“, како и напорите на регионално и меѓународно ниво за ограничување на ескалацијата и зајакнување на безбедноста и стабилноста.Двајцата соговорници се согласиле дека актуелната ситуација бара засилување на меѓународните напори за деескалација, со јасен приоритет на дипломатските решенија кои би довеле до прекин на ескалацијата и зачувување на мирот и стабилноста.Во соопштението се наведува дека ваквите напори се во согласност со Повелбата на Обединетите нации, која предвидува решавање на меѓународните спорови со мирни средства и почитување на територијалниот интегритет на државите.

Свет | пред 1 седмица

media-library3h82ti78dg3a8HNbend

Велика Британија бара деескалација на Блискиот Исток за да се спречи раст на цените на енергијата

Брзата деескалација на конфликтот на Блискиот Исток е најдобриот начин да се спречи нов раст на цените на енергенсите и горивата, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс.Таа пред британските пратеници нагласи дека стабилизацијата на безбедносната состојба во регионот е клучна за задржување на цените на горивата на пониско ниво и за заштита на потрошувачите од нови економски притисоци.„Јасно е дека најдобриот начин да се задржат ниски цените на горивата е брза деескалација. Ќе продолжам внимателно да ги следам цените како што ќе се развива ситуацијата“, изјави Ривс.Министерката додаде дека побарала од регулаторните тела внимателно да ги следат цените на основните производи, особено на патните горива, за да се спречат можни злоупотреби во време на криза.„Нема да дозволам ниту една компанија да ја искористи сегашната криза за да оствари прекумерна добивка на сметка на потрошувачите“, порача Ривс.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydpkdt0eoafi20p8eFnz

(Видео) „Белингкет“: Снимка покажува дека американски „томахавк“ погодил објект до училиште во Иран

Истражувачката група „Белингкет“ објави анализа на нова снимка која, според нивните наоди, прикажува американски крстосувачки проектил „томахавк“ како на 28 февруари погодува објект на Корпусот на чуварите на Исламската револуција во иранскиот град Минаб. Снимката, која првично ја објави новинската агенција „Мехр“, е геолокализирана од истражувачите на „Белингкет“ и претставува прв визуелен доказ за нападот на таа локација.На видеото се гледа ударот на проектилот, по што се издига густ чад во непосредна близина на женско училиште. Според извештаи на ирански извори, во нападот загинале 175 лица, меѓу кои и голем број девојчиња.Анализата на снимката ја доведува во прашање изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно тврдеше дека училиштето било погодено од ирански проектил. На видеото, според „Белингкет“, јасно се препознава проектил „томахавк“, а познато е дека вакво оружје поседуваат само Соединетите Американски Држави. Нема информации дека Израел располага со ваков тип крстосувачки проектили.Истражувачите извршиле геолокациска анализа на видеото и ја утврдиле приближната зона на ударот. Во рамки на тој периметар се наоѓаат клиника, училиште и други оштетени објекти. Дополнителна анализа на сателитски снимки од компанијата „Планет лабс“ покажала дека во таа област се оштетени само два објекта.Едниот од нив е медицинска клиника, додека вториот објект, кој според анализата изгледа како складиште или бункер покриен со земја, се поврзува со Корпусот на чуварите на Исламската револуција. Токму тој објект, според истражувањето на „Белингкет“, бил целта на нападот што се гледа на објавената снимка.

Свет | пред 1 седмица

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Иран: Не сакаме да им наштетиме на обичните Американци

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран не сака да им наштети на обичните граѓани на Соединетите Американски Држави, обвинувајќи ги Израел и американските власти за економските последици од војната.Во објава на социјалната мрежа Икс, Арагчи порача дека мнозинството Американци не ја поддржуваат вмешаноста на нивната земја во странски војни.„Иран не сака да им наштети на обичните Американци кои во големо мнозинство гласаа за прекин на учеството во скапи странски војни“, напиша Арагчи.Тој додаде дека одговорноста за растот на цените на горивата, поскапувањето на станбените кредити и падот на пензиските фондови, според него, целосно ја носат Израел и „неговите послушници во Вашингтон“.

Свет | пред 1 седмица

w_55031023

ЕУ повика на прекин на нападите во Либан

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, повика Израел да ги прекине нападите врз Либан, предупредувајќи дека тие предизвикуваат масовно раселување и дополнително ја дестабилизираат ситуацијата во земјата.Во изјава, Калас нагласи дека дипломатијата останува најдобрата шанса за спречување на понатамошна ескалација во регионот.„Одлуката на Хезболах да го нападне Израел во поддршка на Иран го загрозува целиот регион и додава смртоносна димензија на конфликтот“, изјави Калас.Таа додаде дека Израел има право на самоодбрана во согласност со меѓународното право, но истакна дека одговорот на израелската страна е премногу силен.„Одмаздничките напади предизвикуваат масовно раселување и дополнително ја дестабилизираат и онака кревката ситуација“, рече Калас.Таа исто така нагласи дека мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања