Промени тема
Контакт

Кристијан Ландов

MILE-ZECEVIC

Зечевиќ не должи данок во УЈП, туку е во претплата - софтверска грешка го ставила на списокот

Поради софтверска грешка, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ се најде на листата должници од УЈП. Директорката Сања Лукаревска кажа дека должниците ги генерира системот.„Ние контактиравме со обврзникот. Врз основа на тоа што беше на листа на должници. Имаше техничка грешка бидејќи адвокатот Миле Зечевиќ беше во претплата. Тоа не е човечки фактор, туку системска грешка, па од таму излезе дека е на листа на должници. Тој разговараше со управникот на регионална дирекција-Скопје. Така се над

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Вевчанските маски пред палење, верските чувства зовриени: Пред 11 години им се налутија муслиманите, сега православните

Маските пред палење, но лошите духови остануваат. Албанците реагираат за кечето на маската со која вевчанци го претставија „новиот директор на М-НАВ“, православните верници на маската со Исус и крстовите од гајби пиво. Двете страни се револтирани од овогодинешните маски на Вевчанскиот карневал. Албанците реагираат со ставот дека „кечето е свето за нас“, а православните со „ова е сквернавење на Бог“. Реакции од верници за Вевчанскиот карневал нема за првпат, кога пред 11 години пародиите со Куран

Македонија | пред 2 години

vasilica-vevcani

(Видео) Повеќе солзи од маски - Вевчани тагува по момчето кое загина во сообраќајка

Жителите насолзени, само најмладите маскирани, многу посетители. Вака за првпат изгледа Вевчани за Василица. Улиците се полнат за дефилето со маски, но во траорна атмосфера. „Скопје1“ во Вевчани затекна атмосфера каква што не се памети. Сограѓаните тагуваат по Милан, синот на Крсто Муковски кој загина во трагична сообраќајна несреќа.Низ тесните улички, но и пред општината, сите коментираат за прераната смрт на Милан Муковски, син на експратеникот Крсто Муковски. Организаторите се затекнати и се

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Обвинение за избеганиот Исмет Гури од ДУИ - ќе му се суди за даночна измама, злосторничко здружување, перење пари

Обвинителката Ивана Трајчева поднесе обвинение против Исмет Гури од ДУИ, за сторено злосторничко здружување, перење пари и даночна измама, дознава „Скопје1“. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Гури бил вплеткан во шема за правење даночни измами, додека бил вработен во Управата за јавни приходи. Освен тој, се гонат и други 13 физички и три правни лица.„Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведените

Македонија | пред 2 години

mijalkov

Од лев во десен џеб: Како Мијалкови го изиграа законот и си ги купија становите за џ’блк

Мијалкови успеаа да го изиграат законот, па становите кои државата ги заплени од нив, да си ги вратат во своја сопственост за година и половина, по причилно ниски цени. Законот за управување со одземен имот изрично забранува осудени лица во постапката во која се прави заплената, да учествуваат во постапката за продажба. Тоа, семејството на Сашо Мијалков вешто го изиграло. Становите кои пред заплената беа сопственост на „Ексико“ фирма сопственост на сопругата Александра Мијалкова, а сега од држав

Македонија | пред 2 години

naum-naumovski-boce-

(Фото) Родителите револтирани: Хаос пред градинката Н.Н.Борче во Центар, децата ни се во опасност

Цели четири месеци трае нервозата, хаосот и нерешениот проблем со изградбата на огромен објект пред градинката Наум Наумовски Борче во скопски Центар. Родителите ниту можат да ги однесат децата во градинка, ниту пак да ги земат од машинеријата која ја блокира улицата.Иако пред градинката стои натпис дека неколкуте места за паркирање се резервирани за родителите да можат непречено да си ги донесат и земат децата, без осет вработените на градилиштето ги окупираат овие места. Родителите мораат да в

Скопје | пред 2 години

kovacevski-gaber

„И на сон можете да ги погодите кандидатите кои завршиле Академија за судии и обвинители“ - Ковачевски со остра критика на сметката на Габер-Дамјановска

Критики на сметка на Академијата за судии и јавни обвинители има и од премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочува дека има свое мислење за неа, па потоа ги искоментира кандидатите. Ковачевски посочува дека презимињата на лицата кои поминуваат, може да се погодат и во сон. Со Академијата веќе втор мандат раководи директорката Нашата Габер-Дамјановска.„Имам свое мислење за таа Академија. Кога ќе ги погледнете кандидатите кои обично поминуваат, презимињата можете да ги погодите и на сон во три сабај

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Финансискиот директор Деари не „летна“ од М-НАВ, а молчи дали ќе бара суспензија за Беким Незири од ДУИ

Од тројцата директори во М-НАВ, нечепнат остана најгласниот на социјалните мрежи, финансискиот извршен директор Хасим Деари. Тој себеси се прогласи за успешен менаџер, па порача: „Како што изгледа, успехот некому кочи“.Деари е познат на јавноста, откако заедно со разрешениот Хамиди го пријавија синдикалниот претседател на контролорите на летање, Александар Тасевски, за наводно упатени закани. Владата досега не објави образложение како го остави само него на директорската позиција и по која заслу

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Се бара куќен притвор за таткото на Вања, а обвинителот да го викне да каже како ги добил снимките од видео надзорот и на кого ги предал

Куќен притвор за Александар Ѓорчевски, татко на киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска, а осомничен во истрагата, бара неговиот бранител Владимир Туфегџиќ од Кривичниот суд. Адвокатот за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.„Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.Иако спрема ос

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Молк по теориите за убиството на Вања: Автентични снимки од таткото, без одговор зошто таргет било ова девојче

Институционален молк за тврдењата на српскиот политичар Срѓан Ного, кој три дена јавно објавува снимки, теории и тврдења поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Србинот Ного ја обвини полицијата за неспособност, Обвинителството за непрофесионализам, таткото Александар Ѓорчевски го прогласи за херој кој го расчистил случајот и ги поврзал двете убиства. Никој не излезе со демант, потврда или било каков став по ваквите објавени наводи. Освен дека објавата на снимките од страна на

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-06-at-10.41.37

Гури од ДУИ побрз со бегството од судот со одлуката – полицијата тргнала да го врати зад решетки

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, избегал во моментите кога полицајците требало да го вратат во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тој осум дена беше во домашен притвор определен од судија на претходна постапка. „Скопје1“ од судски извори дознава дека вчера било донесено решение од Кривичен совет со кое Гури требало да биде одново вратен во истражниот затвор, а на него веќе му се губи секоја трага.Судијата на претходна постапка од Кривичен суд го извади Гури од истражниот затвор три д

Македонија | пред 2 години

ismet-guri

Гури од ДУИ со телефон во болничка соба, наместо во притвор во ќелија поради опасност од влијание врз сведоци

Ексфункционерот на ДУИ, Исмет Гури, со телефон ги поминувал притворските денови, кои наместо во ќелија во затворот „Скопје“ во Шутка, ги издржува на Клиниката за неврологија, дознава „Скопје1“. Во болничката соба бил направен претрес, поради сомневања дека поседувал недозволени предмети. Бил пронајден телефонот, а се проверува и кој му го донел, но и како затворската полиција која го обезбедува - тоа не го забележала.Гури остварувал контакти со луѓе од надворешноста, додека предметот во кој тој

Македонија | пред 2 години

DSC_5952

Исмет Гури од ДУИ e во бегство, полицијата не го нашла на адресата каде издржува домашен притвор

Од домашен притвор избега осомничениот Исмет Гури, кој беше функционер на ДУИ, дознава „Скопје1“ од полициски извори. Според неофицијалните информации до кои дојдовме, полициски службеници од полициската станица „Бит Пазар“ при контрола, не го нашле Гури на адресата каде издржува домашен притвор. За ова, треба да го известат судот односно судијата на претходна постапка. Постапката налага да се распише и потерница.„Скопје1“ побара информации од МВР за тоа кога била направена контролата, како и да

Македонија | пред 2 години

tufegdzik-tatko-1

Адвокатот Туфегџиќ потврдува: Разговорот е автентичен, се слуша гласот на таткото на Вања

Автентичен е разговорот кој е објавен во јавност, а гласот е на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, потврдува Владимир Туфегџиќ, адвокат на обвинетиот за „Скопје1“. Прашан кога се водел разговорот, кој го снимил, каде се водел – Туфегџиќ кажа дека ќе се воздржи од коментари. Адвокатот најави дека ќе бара прием во скопското Јавно обвинителство веќе во вторник, кога е првиот работен ден на институцијата.„Како бранител на Александар можам да потврдам дека на јавно

Македонија | пред 2 години

vanja-tatko

(Видео) Таткото Александар Ѓорчевски се слуша на снимката за киднапирањето и убивањето на Вања - не се знае кој е интересот за објавувањље на материјалите

Гласот на објавената снимка од српскиот политичар Срѓан Ного, е ист како на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиената Вања Ѓорчевска, тврдат извори вклучени во истрагата за „Скопје1“. Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.„Еве тука проаѓа со истите тие две коли со кои го фаќаме карши Лукоил, значи тоа е колата. Еве го, еве ги поминаа. Еве го последен е застанат од страна. Се враќа во риквер

Македонија | пред 2 години

thumbnail_Slika_03

Авиосообраќајот е безбеден, разрешувањето е порака дека нема компромис со безбедноста, порача Петровска

Авиосообраќајот во Македонија е безбеден, тврди министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Според неа, предлогот за разрешување на Управниот одбор и раководството на М-М-НАВ е за да се испрати пораката дека компромис со безбедноста на авиосообраќајот – нема да има.„Предлогот за разрешување е бидејќи сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено, ги повикуваме и политичките партии и полити

Македонија | пред 2 години

bekim-neziri-1

Полицијата трага по Беким Незири, кој е пријавен дека пуштил тепачи во М-НАВ - не се најдени уште три инволвирани лица

Полицијата не може да го најде ексминистерот Беким Незири, вработен во М-НАВ, а кој е пријавен дека ги организирал и пропуштил лицата кои влегоа да се тепаат со контролори на летање, дознава „Скопје1“. Освен по него, се трага и по други три лица кои поминале три безбедносни проверки и влегле во зградата од каде се контролира воздушниот сообраќај. Полициски службеници имале неколку обиди да го побараат Незири, дома и на работното место.Засега е познато дека најдени се само четворица инволвирани в

Македонија | пред 2 години

agad

Српскиот политичар нема да ја компромитира истрагата со објавата на снимки од киднапирањето на Ѓорчевска, обвинителката ги има сите докази, тврди Обвинителството

Српскиот контроверзен политичар, Срѓан Ного, не може да ја компромитира истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сметка скопското Обвинителство. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека ги имаат сите потребни докази за да ја утврдат цела траекторија на движење на четворицата осомничени, за чиј предводник, истрагата покажала дека е Љупчо Палевски-Палчо.„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие при

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-04-at-15.15.21

(Фото) Со месеци: Поради бетонирање на градилиште во Центар, родители не можат ни деца во градинка да си остават - рекација нема

Камиони на градилиште секојдневно блокираат влез на градинка во Центар. Граѓаните неколкупати алармирале кај градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски, кој пак им посочувал дека се преземени мерки. Но утринава, родителите кои носат деца во оваа градинка, немаат каде да ги паркираат возилата оти паркинг местата се блокирани.„Градинката Наум Наумовски Борче (ул.Борка Талески бр.50) е клон на ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје во Центар. Карши градинката, се градат две згради и секој ден кога ги нос

Скопје | пред 2 години

ahmeti-pee

(Видео) Ахмети си славеше во Министерство кај Груби, овојпат со мандолини и пеење

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак се распеа, додека вицепремиерот Артан Груби го снима во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Снимката е од минатата година, а актуелна е денеска, оти ја сподели Груби. Во салата викнале и три мандолини, кои го проследија пеењето на Ахмети. До лидерот на ДУИ, седи уште едно лице, покрај кое се гледа чад, кој можеби е од цигара. „Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последни

Македонија | пред 2 години

vrata

(Видео) Нервоза и дерење: Стотина граѓани извисија на пунктот за документи без термин - им заклучија врата во 13 часот оти нема втора смена

Заклучени врати и стотина граѓани пред нив – ваква е сликата кај полициската станица „Пролет“, каде во долги колони и денеска се чекаше за да се поднесат документи за издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи. Редицата на граѓани се протега долж улицата, а вратата од пунктот е заклучена. Граѓаните биле известени од службеник на МВР дека втора смена за издавање документи – нема да има. „Не знам госпоѓо што е работата, нивниот надлежен кажа дека нема да се работи веќе. Нема да работи пункто

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Има 16 кандидати за огласот во Гинекологија, каде националноста беше фактор за вработување

На огласот од Клиниката за гинекологија, каде меѓу условите беше и националната припадност, се пријавиле 16 кандидати, дознава „Скопје1“. Комисијата на Клиниката утврдува дали сите пријавени ги доставиле потребните документи. Огласот не беше поништен и покрај реакциите на стручната фела дека мора да се бираат медицинари според стручност, а не националност.Се очекува огласот да резултира со шест нови вработувања. Меѓу пријавените, има доволно кандидати за секоја од професиите. Ќе се вработат двај

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Пиротехниката на Дрин Ахмети ја вештачи МВР, за држење петарди и огномети се поднесувани обвиненија

Министерството за внатрешни работи ги вештачи пиротехничките средства најдени кај бизнисменот Дрин Ахмети, кој е внук на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“, дознава „Скопје1“. Тие се предадени таму по наредба на обвинител од скопското Обвинителство. Вештиот наод ќе биде пресуден за тоа дали ќе има кривична одговорност за Ахмети. „Скопје1“ побара одговор од МВР што е побарано од нив да утврдат со вештачењето, како и, дали ќе бидат брзи при изработката. Оттаму, топката ја префрлија кај Обвините

Македонија | пред 2 години

straus

И продале расипан лаптоп, не сакале да и вратат пари - патешествието на студентка од Скопје и ажурното постапување на Пазарна

Студентка купила лаптоп од познат трговец, но наместо исправен уред, добила проблеми и патешествие. Случајот бил пријавен и од Паазарен инспекторат, чии инспектори го следеле случајот од наложувањето да се вратат парите, па се до конечната трансакција која се случила кон крајот на декември. Случајот е јавно објавен вчера од студентката, која се пожали дека парите не и се префрлени на сметката. Сепак, според увидот кој го имаше „Скопје1“ во предметот, налог за повраток на парите и негова реализац

Македонија | пред 2 години

viber_image_2024-01-03_15-05-16-626

Претседателот на Судски поднесе оставка, за да се спроведе одлуката на Управен за враќање на Дамева

Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, поднесе оставка откако Управниот суд донесе пресуда дека неговата претходничка, Весна Дамева, била незаконски разрешена. Заменик-претседателот на Советот, Ханиф Зендели предложи да се гласа за разрешувањето на Георгиев, па да се постапи по одлуката на Управниот суд. Оставката му беше прифатена. Георгиев посочи дал многу од себе, а советот функционирал. Смета дека неговиот избор не е нелегитимен, а Управен само поништил избор на претходната претседат

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања