ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

IMG_2106ll

Се обидел да снима, но не упатил никакви закани, рекол скопјанецот по поплаките за закани од Арсовска

Случајот со наводни закани упатени кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е под истрага на Секторот за внатрешни работи Скопје. Настанот се случил на 1 јуни 2025 година на булеварот „Словенија“, а осомничениот С.А. (39) од Скопје веќе бил повикан на службен разговор.„На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал“, велат од МВР.Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-08.51.05

Командант Бреза треба да остане 11 години во затвор, осуден е за дрога, разбојништво и други дела

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го привеле Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза, оти требало да издржи затворска казна од 11 години за повеќе кривични дела.„На 02.06.2025 на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик“, велат од МВР.Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните.

Македонија | пред 8 месеци

ruskoska-bo

(Видео) Расправија, навреди, дерење: Боки 13 и се јави на Рускоска во живо

Бојан Јовановски-Боки 13 вчеравечер во живо и се јави на ексобвинителката Вилма Рускоска, која го гонеше во предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. Во текот на осум минутниот разговор, Боки 13 ја праша Рускоска дали мирно спие по сите гревови кои ги направила, на што таа одговори „мирно спијам“. Потоа, имаше навреди.„Дали ти мирно спиеш покрај сите луѓе што си ги измамил“, праша Рускоска, а Бојан Јовановски рече: „Како може вие мирно да спиете покрај такви намештаљки и се што имате направено. Вие сте најголемиот срам на македонското правосудството“.Тој ја праша Рускоска како го наместила предметот „Рекет“ и дали слугувала на Заев: „Не, не слугував на никого. Јас слуга не бев на никого. А ти си измамник“.Потоа, Боки 13 рече: „Вие не сте биле слуга, јас имам доволно респект спрема гледачите и затоа ве персирам и би ви кажал што имам на еден вулгарен начин“, а таа му врати: „Јас не знам па кој тебе те гледа.. Не знам кои гледачи тебе те гледаат..“Боки 13 на ова одговори дека има свои 120.000 следачи на „Инстаграм“, па ја праша ексобвинителката дали е трезна, на што таа одговори: „Апсолутно“.„Тоа е ексклузивна состојба кога си трезна“, рече Боки 13.„Гледај си го твојот двор, имаш некој многу близок, не можеш други да правиш алкохоличари“, рече Русковска.„Мојот вујко не е јавна личност. Ти си ноторен алкохоличар.  Знам дека кај мене на прослава се вртеше како рингишпил“, врати Боки 13, а Русковска вика: „Како да не, не станав од маса“.„Сведоци од полицијава велат дека одвај те носеле по скали“, рече Боки 13, а Русковска врати: „Абе оди бегај, абе дали тебе некој ти верува. Нема човек што не си го измамил“.Тој ја праша и каде се парите од Јордан Камчев.„Торбата ја лоциравме. (н.з.) беа сликани кај мајка ти и татко ти дома“, рече Русковска, а тој рече: „Такво нешто не постои“.Потоа Боки 13 ја нарече Рускоска „опасен лажов“, а таа врати: „Како не ти е срам?“, на што Боки 13 рече: „Како тебе не ти е срам, хохштаплерке“.Русковска му рече: „Па не може секој измамник да биде“, а Боки 13 врати: „Не може да биде секој алкохоличар и недоветен обвинител“.

Македонија | пред 8 месеци

koamndant-breza

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза од скопското село Брест, кој беше во бегство од 2003 година, вчеравечерта е уапсен, и спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тој бил осуден за разбојништво и други кривични дела, по што, избегал од Македонија и се барал со меѓународна потерница.Според информации на „Скопје1“, тој бил апсен во скопско Ченто односно местото викано Камник, а за доизлежување има уште пет години затвор.Во 2005 година, при претреси кај командатот Бреза беа најдени купишта оружје. Од униформи, минофрлачи, гранати за РПГ, тенковски гранати до тешко воено оружје и 300 илјади парчиња куршуми.

Македонија | пред 8 месеци

filipce-sobranie3

Без одобрение, Филипче пушта во употреба модуларни болници од леснозапалив материјал, од кои најверојатно профитирал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Аферата „Провизиите кои чинат животи“, го разобличи и го покажа вистинскиот Венко Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Јавноста можеше да види како на Филипче како министер за здравство, профитот и провизиите му биле на прво место, наместо безбедноста и здравјето на пациентите и на граѓаните, воопшто.Таквата негова лакомост за провизии доведе до пожар во модуларната во Тетово која целосно изгоре за само две минути, во која живи изгореа 14 македонски граѓани кои во болницата дојдоа по лек.Во корона периодот, само заради профит и провизии, Филипче дозволил изградба на модуларни болници низ државата, во која не смеело да се извршува здравствена дејност.За изградбата на овие болници со заем од Светска Банка, не се почитувале ни Законот за градење, ни Законот за здравствена дејност, а не се почитувале ни минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.Болниците биле набавени како стоки, која резултираа од леснозапалив материјал, а ваквата спорна тендерската спецификација ја подготвило лице во Министерството за здравство, поставено лично од Филипче.Бидејќи болниците се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, Катастар одвивал изврши упис, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат ниту одобрение за употреба по правилник за простор, опрема и кадар.Токму поради ова, директорите на болниците низ државата одбивале да ги примат и да ги стават во употреба.Таков е и примерот со Артан Етеми, поранешниот економски директор на Тетовската болница, кој е осуден на 1,5 година затвор за трагичниот настан, одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба бидејќи и таа, како и останатите, немале приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци и да ангажираат фирми.Во моментот на трагичниот настан во модуларната во Тетово, каде загинаа 14 луѓе, нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство, туку тие се пуштени во употреба со лична одлука на Венко Филипче.И ова не е се. За да се спаси од одговорност, но и дополнително да профитира, после трагедија во модуларната во Тетово, додека Македонија се уште беше во шок и во тага, Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, за да се променат материјалите во другите болници низ државата.Член 2 од Анексот бр. 23-1431/63 од 20.12.2021 е во целост спротивен на Основниот договор и истиот е ништовен согласно член 116, 117 и 119 во врска со член 39 и 41 од ЗОО.Филипче, со противзаконски и ништовен Анекс му овозможува на изведувачот на модуларните болници зголемување на цената за 20%, наместо да му наложи на сопствен трошок да ги направи модуларните огноотпорни.Дали причината за пожарот на модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие?Јавноста мора да ја дознае вистината за Модуларната болница.

Македонија | пред 8 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има, а се штитат виновниците, вели СДСМ

„Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина!“, вели СДСМ и додава:Вистината за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 деца а над 200 беа повредени излегува на виделина!Власта свесно и организирано ги штити вистинските виновници. Обвинителството ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта.Нема одговор зошто не се опфатени клучни луѓе кои биле на високи позиции од актуелната власт.Зошто не е опфатена началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, која била на позиција кога се случил пожарот, и која не презела никакви мерки и покрај службените белешки дека дискотеката работи незаконски?Зошто Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?Зошто Драган Казак Петрушев, сменоводител во МВР, за кого има индиции дека лично учествувал во затворање на вратите на дискотеката спротивно на процедурите исто така не е опфатен?Не се го гони Петрушев, иако според сведочењата имал контакт со сопственикот на дискотеката и спроведувал контрола надвор од стандардната процедура?Дали Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани?За Дејан Салтировски, началник на СВР Штип и покрај информациите за неговата улога кобната вечер, и покрај сомнежите за фалсификати во документацијата за акциската контрола, нема никакво обвинение?Дали Салтировски е заштитен поради кумовската врска со Орце Тодоровски – Ефто, близок човек на Мицкоски?Родитетелите, мајките и татковците завиени во црно најмалку што заслужуваат е правда, одговорност од сите, а не политичка заштита на виновниците.Обивнителството мора да се оттргне од власта и да делува. Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Македонија | пред 8 месеци

sobranie

Судството пред пратениците: што работел Советот минатата година

Пратениците денеска ќе расправаат за Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.Во извештајот кој е веќе објавен на собраниската веб-страна пишува дека во 2024 година, Советот извршил избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврди нестручно и несовесно вршење на судиската функција со изрекување на дисциплински мерки.Во Ивештајот се посочува дека една од основните заложби на Советот е финансиското одвојување на судската власт од другите власти, односно залагање за зголемување на процентот на Судскиот буџет во однос на Бруто домашниот производ од сегашните 0,3 проценти на годишно ниво на законските определени 0,8 проценти од Буџетот за судска власт.Приоритет за Судскиот совет во текот на 2025 година, како што се нагласува во Извештајот, ќе биде натамошната реализација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија кои се дадени со цел за подобрување на постапката за избор, унапредувањето и одговорноста на судиите/претседателите на судовите и членовите на Советот, како и подобрувањето на транспарентноста, комуникацијата и управувањето со ресурси во Советот. Во таа насока, Советот посочува дека ќе продолжи со максимални заложби за доследна примена и постапување согласно законските одредби, следење на состојбите во судството и давање на нови предлози за подобрување на состојбите, следење на работата на судиите и претседателите на судовите, како и на самите судови, преземање дејствија во рамки на своите надлежности при детектирање на коруптивни дејствија во судството.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-01-at-22.17.53

Јахоски добил времен пасош за да оди на матура кај син му во Истанбул, милоните биле гаранција дека ќе се врати

Бизнисменот Асмир Јахоски го барал пасошот, а скопска Апелација му го вратила, за да оди на матура на неговиот син во Истанбул, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“. Тие посочуваат дека обвинител дал согласност, бидејќи како гаранција го имаат неговиот имот вреден речиси милион евра, како и средства во износ од над 1,1 милион евра.„Обвинителството не се согласи со првиот предлог на одбраната за целосно укинување на мерката привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“.Тие посочуваат дека против него се се уште активни другите мерки на претпазливост, како што е секој прв понеделник во месецот да се јавува во Кривичен суд.Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-08.39.44

(Видео) Силен земјотрес воТурција, загина девојче има и десетици повредени

Силен земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го стресе западниот брег на Турција одземајќи најмалку еден живот.Според сеизмолозите епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Мармарис, на само неколку километри од грчкиот остров Родос.Според Турската агенција за цивилна заштита, земјитресот бил во 2:17 утрово.Гувернерот Идриз Акбијик извести дека 14-годишно девојче било однесено во болница, каде што починало кратко потоа.69 луѓе скокнале од прозорците на своите домови за време на земјотресот, при што се здобиле со повреди.Според турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја досега нема извештаи за штети на станбени објекти во Мармарис каде што има многу туристи.

Свет | пред 8 месеци

291589492_727291811718050_1614932333484865938_n

Околината на Собранието ќе биде безбедна зона, а во неа забрана за протести и дронови

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска најави дека со посебен закон, околината на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Тој информира и дека тој дел не е во рамките на реформите кои се подготвуваат за безбедност и независно обезбедување во Собранието.Предлог-законот предвидува сериозни ограничувања во периметарот околу Собранието, вклучувајќи целосна забрана за одржување јавни собири, протести, манифестации и летање со дронови. Покрај тоа, ќе се забранат и сите градежни активности и поставување на инсталациона или линиска инфраструктура во дефинираниот безбедносен простор.Според член 8 од законот, ќе бидат забранети:Градежни активности;Поставување на линиска и инсталациона инфраструктура;Јавни собири, протести и манифестации;Летање со дронови и други беспилотни летала над Собранието и безбедносната зона.Со законот се предвидува и укинување на сите претходно одобрени дозволи за градба во оваа зона, како и раскинување на постоечките договори за земјиште во просторот што ќе биде прогласен за безбедносна зона.Покрај Африм Гаши, предлогот е потпишан и од пратениците Беким Коку, Блерим Беџети, Борислав Крмов, Весна Бендевска, Никола Мицевски и Оливер Спасовски. Надлежно работно тело за разгледување на законот е Комисијата за одбрана и безбедност.Предлогот доаѓа во период на зголемени политички тензии и зачестени протести, што веќе предизвикува реакции во јавноста и кај граѓанските организации, поради можноста за ограничување на уставно загарантираните права и слободи.

Македонија | пред 8 месеци

brza-pomos-partizanska

Две групи малолетници се пресметале кај хотел „Карпош“, едно лице е прободено и во болница

Малолетници се пресметаа утринава во близина на хотел „Карпош“, а еден од нив заврши прободен и во болница. До инцидентот дошло по вербална расправија. На случајот работи полицијата.„Од ГОБ “8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник- ученик во СДУ “Ѓорги Димитров”, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две групи на ученици“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-01-at-22.17.53

Обвинителите се согласиле, а судиите му дале времен пасош на газдата на „Пуцко петрол“, му важи шест месеци

Шест дена откако го ослободиле од притвор и му го одзедоа пасошот, бизнисменот Асмир Јахоски побарал времена патна исправа за да оди во Истанбул, потврдува скопска Апелација за „Скопје1“. Во четвртокот, судиите донеле одлука да му се прифати барањето, па тој добил патна исправа и заминал на Босфор. Судиите се воделе и од мислењата на двајцата обвинители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корпупција, како и од Вишото обвинителството. Двата обвинители биле сложни да му се издаде пасош на Јахоски. Апелација вика дека Јахоски доставил докази за причините поради кои барал времен пасош, ама не кажува кои се тие и на што се однесуваат.„Дадена е согласност за издавање нова патна исправа на осомничениот Асмир Јахоски, но со ограничен рок на важење од 6-шест месеци сметано од денот на издавање“, велат од Апелација за „Скопје1“.Газдата на „Пуцко петрол“ има обврска и натаму секој прв понеделник во месецот да биде во Македонија и да се јавува во Кривичниот суд во Скопје.Претходно објавивме, дека Јахоски е вратен во Македонија.За неговото патување се дозна откако „Скопје1“ објави дека тој се фотографирал во Истанбул.

Македонија | пред 8 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Објавени новите цени на горивата кои важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 % во однос на одлуката од 26.05.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,224%, кај дизелот за 0,761%, кај екстра лесното масло за 0,484%  и кај мазутот зголемувањето е за 2,274%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4567%.Од 3.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 95                  74,50 (денари/литар)Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС - 98                             76,50 (денари/литар)Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)            65,00 (денари/литар)Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               67,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС                                                                 37,862 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,429 ден/кг и сега ќе изнесува 37,862 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 8 месеци

motor

Во скопско Волково: Мотоциклист повреден во судир со „ауди“ – итно префрлен во клиника

Утрово во скопското село Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мотоцикл, при што е повреден мотоциклистот. Настанот е пријавен во полиција, а повредениот е пренесен во болница.„Денеска (02.06.2025) во 11.07 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, кај железничката пруга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл. Со повреди се здобил мотоциклистот, по што е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.Увидот е во тек.

Скопје | пред 8 месеци

izbori

ЛДП и ДС се за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува

По трет пат ЛДП предлага Македонија да биде една изборна единица.Ова досега беше одбивано во претходните два парламентарни состави.Од ЛДП сега очекуваат поддршка од пратениците.„И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Ова не е нова иницијатива на ЛДП. Ја нагласуваме потребата од праведен и транспарентен изборен модел, кој ќе обезбеди еднаквост на гласот и директно на граѓаните во изборот на нивните претставници. Цврсто веруваме дека оваа промена ќе донесе поголема транспарентност, поголема одговорност на избраните претставници, како и посилна демократија во нашата земја”, вели Љубен Аврамовски портпарол на ЛДП.„Ваквите измени ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на еднопартискиот систем на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт“, вели лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.Во врска отворените листи, Трајанов вели дека искуствата во другите држави покажале многу слабости. Предлагаат на претстојните локални избори да се почне со отворени листи за советници само во неколку општини и тоа Центар, Струга и Гевгелија.Премиерот Христијан Мицкоски за предлогот на ЛДП за воведување една изборна единица во новиот Изборен законик рече дека пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ ќе поддржи предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Ќе добие ли Македонија една изборна едниица

По трет пат ЛДП предлага Македонија да биде една изборна единица.Ова досега беше одбивано во претходните два парламентарни состави.Од ЛДП сега очекуваат поддршка од пратениците.„И денес, како и претходно, даваме силна поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите од граѓанскиот сектор за независни листи во креирање на новиот Изборен законик. Ова не е нова иницијатива за ЛДП. поддршка.Ја нагласуваме потребата од праведен и транспарентен изборен модел, кој ќе обезбеди еднаквост на гласот и директно на граѓаните во изборот на нивните претставници. Цврсто веруваме дека оваа промена ќе донесе поголема транспарентност, поголема одговорност на избраните претставници, како и посилна демократија во нашата земја”, вели Љубен Аврамовски портпарол на ЛДП.,,Ваквите измени ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на еднопартискиот систем на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт“, вели лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.Во врска отворените листи, Трајанов вели дека искуствата во другите држави покажале многу слабости. Предлагаат на претстојните локални избори да се почне со отворени листи за советници само во неколку општини и тоа Центар, Струга и Гевгелија.Премиерот Христијан Мицкоски за предлогот на ЛДП за воведување една изборна единица во новиот Изборен законик рече дека пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ ќе поддржи предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората.

Македонија | пред 8 месеци

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Македонскиот идентитет не е „сегашен“, Европа има шанса да исправи историска неправда, вели Мицкоски

Работната верзија од извештајот на известувачот Вајц е онаква каква што е – важна и значајна, бидејќи првпат се споменува посебен македонски идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.Тој оцени дека Европа има шанса да ја исправи историската неправда и истакна дека „ние имаме македонски идентитет и посебен македонски јазик“, но дека европратениците имаат поинакви ставови.„За жал, од страна на некои негови колеги – пратеници кои доаѓаат од, за жал, нашата сестринска партија ГЕРБ – се предлага пред македонскиот идентитет да стои зборчето ‘сегашен’“, изјави Мицкоски.„Имав интензивни разговори со неколку влијателни луѓе во Европскиот парламент и во Брисел, и денеска ќе продолжам со истото. Ќе кажам дека, доколку тоа се случи, само уште еднаш ќе се потврди она за кое зборуваме цело време – а тоа е дека не станува збор за неколку стотини наши сограѓани кои се идентификуваат како дел од бугарската заедница во Македонија, туку за обид за создавање нова, вештачка, ‘сегашна’ македонска нација која почива на корените на бугарската нација. Тоа е суштината. Јас тоа нема да го прифатам. Ќе го отфрлам и никогаш нема да го прифатам, затоа што тоа нема никаква врска ниту со европските, ниту со какви било вредности“, рече премиерот Мицкоски.Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува „посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик“. Извештајот ќе се гласа в среда, а 4 јуни.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-01-at-22.10.15

Газдата на „Пуцко петрол“, Јахоски е вратен во Македонија, по прославата на Босфор

Газдата на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, се вратил од Турција, дознава „Скопје1“ од извори во МВР. Според неофицијалните информации, тој постапил согласно одлуката на судовите, односно ја искористил времената патна исправа за да прослави завршување на школување на роднина и се вратил. Моментално, тој е во земјава.„Скопје1“ постави прашања во судот, која била причината поради која Јахоски побарал времена патна исправа, а откако тој до пред еден месец беше и во притвор, а потоа остана и без пасош, бидејќи судиите сметаа дека мора да му се обезбедат мерки за обезбедување присуство. Оттаму очекуваме одговор.Со оглед дека постапката налага мислење од јавен обвинител, побаравме став и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дали тие дале позитивно или негативно мислење за издавање на времена исправа, како и дали се жалеле на одлуката – и од нив чекаме одговор.Со став излегоа од Кривичен суд.„Во текот на месец мај, од страна на одбраната на осомничениот, беше доставено барање за враќање на патната исправа, односно издавање нова, кое барање беше одбиено од Кривичниот суд“, велат оттаму и посочуваат дека Јахоски се јавува редовно во кривичниот суд, а тоа треба да го направи и денеска, бидејќи е прв понеделник во месецот.„Што се однесува до мерката повремено јавување во судот, согласно проверките, осомниченото лице редовно се јавува во Кривичниот суд“, додаваат од судот.„Скопје1“ вчера објави фотографии од Јахоски на Босфор. Јахоски е осомничен во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. За тоа како излезе од притвор, пишувавме минатиот месец.

Македонија | пред 8 месеци

zelenski

Зеленски потврди: Украинска делегација пристигнува на преговори со Русија во Истанбул

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека делегацијата на неговата земја во уште една рунда директни разговори со Русија ќе ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров, индиректно потврдувајќи го учеството на Украина во разговорите закажани за понеделник, во објава на X.Ова е прв пат Украина официјално да изјави дека ќе учествува во разговорите предложени од Русија што ќе се одржат во Истанбул, откако претходно ги критикуваше условите за прекин на огнот предложени од Москва.Двете страни последен пат се сретнаа во Истанбул кон средината на мај, нивниот прв директен јавен контакт од 2022 година. Разговорите беа проследени со голема размена на затвореници.Во објава во недела, Зеленски објави дека, „пред состанокот во Истанбул во понеделник“, тој им презентирал „краткорочни задачи и ги дефинирал позициите на Украина“ на своите министри за одбрана и надворешни работи, Генералштабот, како и на разузнавачките и безбедносните служби.Приоритетите што ги наведе претседателот вклучуваат „целосен и безусловно прекин на огнот“, „ослободување на затворениците“ и „враќање на киднапираните деца“.„Во понеделник, нашата делегација ќе ја предводи Рустем Умеров“, додаде тој.

Свет | пред 8 месеци

rusija-ukraina

Разузнавање: Русија регрутира очајни Украинци во ЕУ за смртоносни мисии

Воената разузнавачка служба на Украина (HUR) предупредува дека агентите на Кремљ во земјите од Европската Унија регрутираат Украинци, особено оние од окупираните територии, за нелегални мисии насочени кон саботирање на инфраструктурата и поддршка на руските воени напори.Руските разузнавачки служби ги засилија напорите за регрутирање украински граѓани за нелегални активности низ ЕУ, соопшти Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (HUR).Во објава на Телеграм, тие наведоа: „На потенцијалните сторители им се нудат парични награди за учество во нелегални активности, следење на критичната инфраструктура и извршување други задачи во интерес на државата агресор“.Според ХУР, целите на овие активности се првенствено Украинци кои избегале од окупираните територии од Русија и сега живеат во тешки услови во странство.„Со регрутирање на Украинци за непријателски операции во Европа, Русија користи уште една алатка во својата хибридна кампања против Украина и целата европска заедница“, се вели во извештајот.Украинските разузнавачки служби ги повикуваат сите Украинци во странство веднаш да пријават каков било контакт со сомнителни лица на локалната полиција или на најблискиот украински конзулат или амбасада.Претходно, Безбедносната служба на Украина (СБУ) предупреди на нова тактика од страна на руските разузнавачки службеници - користење оперативци, честопати тинејџери, „во темнина“, кои потоа се убиваат со цел да се елиминираат сведоците. СБУ посебно предупреди дека барањето „само да се достави пакет“ до воена канцеларија, полициска станица или друга административна зграда може да биде стапица - која не само што ја погодува целта, туку може да го чини и животот на лицето кое го доставува пакетот.

Свет | пред 8 месеци

ukraina

Русија ја нападна Украина со 80 беспилотни летала и четири ракети

Русија ја нападна Украина ноќта пред мировните преговори во Истанбул со 80 беспилотни летала, три балистички ракети и една крстосувачка ракета, објавија украинските воздухопловни сили во недела наутро.Според соопштението на украинската армија, 52 беспилотни летала биле пресретнати, додека некои, како што наведуваат, биле „изгубени“ за време на летот, без да предизвикаат никаква штета.Нападот се случува непосредно пред новата рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија, закажана за денес во Истанбул. Иако интензивен, овој воздушен напад е значително помал по обем во споредба со рекордните 472 беспилотни летала што ги користеше Русија претходната ноќ.Воздухопловните сили на Украина не објавија детали за локациите на нападите, но се знае дека претходните бранови руски беспилотни летала имале за цел енергетска инфраструктура, воени позиции и цивилни објекти низ целата земја.

Свет | пред 8 месеци

rusija1-2

Масовен украински напад со беспилотни летала: Русија тврди дека пресретнала 162 дронови

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските воздухопловни сили пресретнале 162 украински беспилотни летала во голем ноќен напад што зафатил неколку региони во ноќта меѓу 1 и 2 јуни. Експлозии и штети се пријавени во најмалку шест области, а нападот доаѓа еден ден откако Украина започна масовен напад врз руските воздухопловни бази.Според руските канали на Телеграм, нападите биле насочени кон градови и индустриски објекти, вклучувајќи ја и најголемата руска фабрика за челик во Липецк. Експлозии и сирени за воздушен напад се огласиле во регионите Воронеж, Курск, Липецк, Рјазан, Иваново и Волгоград.Руските власти тврдат дека дроновите биле пресретнати помеѓу вечерните часови на 1 јуни и раните утрински часови на 2 јуни. Според областите, најмногу дронови биле соборени погоре:Курска област – 57 дроновиБелгородск - 31Липецке - 27Воронеж - 16Брјанск и Рјазан – по 11Орловск - 6Тамбов - 1Крим – 2 дроновиНеколку силни експлозии беа пријавени во Воронеж кратко пред полноќ, предизвикувајќи тресење на прозорците и вклучување на алармите на автомобилите. Според извештаите, повеќе од 15 дронови биле соборени, а сведоците виделе блесоци на небото.Во Курск, едно дрон наводно удрил во деветкатна зграда, оштетувајќи најмалку два стана, додека други две куќи и неколку возила биле оштетени. Нема повредени.Во Липецк, дроновите го нападнале градот и околните населби. Некои руски извори сугерираат дека целта можеби била Новолипецк Челик (НЛМК), која произведува околу 20% од производството на челик во Русија. Истата фабрика наводно била цел и во февруари.Во Рјазанската област, остатоците од соборените дронови оштетиле автомобили и искршиле прозорци во неколку станбени згради. Дополнителна активност на дронови е пријавена во близина на Воронеж, а издадени се и предупредувања во Ивановската и Волгоградската област.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2025-02-16-at-10.23.55

,,Бунтот против режимот нема да запре”, студентите на протест во 34 градови во Србија

Студентите на блокадата во обид да докажат дека цела Србија е обединета во политичката битка, најавија протест наречен „Подемот на Србија“, кој ќе се одржи во 34 градови низ Србија.„Целта на протестот е да бидеме преброени, да покажеме дека сме на сите места и дека граѓаните низ цела Србија го поддржуваат ова студентско движење, дека се будни и покажуваат бунт“, велат студентите кои бараат распишување предвремени парламентарни избори повеќе од еден месец.„Идејата за организирање протести на повеќе локации дојде како природно продолжение на студентската борба што трае повеќе од шест месеци, од потребата да се чуе гласот на незадоволните не само од големите градови, туку и од сите средини каде што граѓаните чувствуваат дека нивните права и волја се игнорираат“, велат организаторите и велат-бунтот што го започнаа студентите против режимот нема да запре.

Свет | пред 8 месеци

rast-na-berzi

Европските берзи паѓаат поради заканата на Трамп за царини

Европските берзи утрово малку паднаа, бидејќи инвеститорите повторно беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на челик од 25 на 50 проценти.Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,2 проценти во 9:30 часот наутро, откажувајќи се од дел од добивките од минатата недела.Утрово, лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,03 проценти на 8.775 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,24 проценти на 23.940 поени, а парискиот CAC падна за 0,47 проценти на 7.715 поени.Азиските берзи исто така паднаа. Индексот MSCI Азиско-пацифички индекс падна за 0,3 проценти во 9:30 часот наутро.Во меѓувреме, цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Хонг Конг и Јапонија паднаа помеѓу 0,1 и 1,3 проценти.Инвеститорите беа распродадени откако Трамп во петокот се закани дека ќе ги зголеми царините за увоз на челик во САД од сегашните 25% на 50% почнувајќи од 4 јуни.Покрај тоа, трговските разговори меѓу САД и Кина не изгледа дека одат непречено, иако американските претставници велат дека Трамп наскоро би можел да разговара за прашањата со кинескиот претседател Си Џинпинг.Инвеститорите оваа недела, како и во минатото, ќе се фокусираат на вестите за царините, трговските разговори меѓу САД и нивните партнери, како и на новите макроекономски податоци од најголемите економии во светот.Редовниот состанок на Европската централна банка (ЕЦБ) во четврток исто така ќе биде во центарот на вниманието. Инвеститорите веруваат дека ЕЦБ дополнително ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени, на 2%.

Свет | пред 8 месеци

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница.По излегувањето на Алијансата на Албанците на Таравари и прелетот на двајца пратеници во ВРЕДИ тие останаа без пратеничка група. Па така, денеска ќе се разгледуваат повеќе предлог одлуки за изменување на одлуки за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието. Измени се предвидени во составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, во Националниот совет за евроинтеграции, во Комитетот за односи меѓу заедниците, во Советот на Собранискиот канал и во Буџетскиот совет на Собранието.Комисијата треба да изгласа и Предлог - одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави. Предвидени се измени во Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), во Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) и во Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.На дневен ред е и барање за остварување на плата по престанок на функцијата член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавните набавки, како и разгледување барање за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешна пратеничка.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања