Скопје1.мк

ukraina-4121-odesa

Повеќе од 29.000 жители на Одеса без електрична енергија поради руски удар

Руски дронски напад во текот на ноќта оштети електроенергетско постројка во близина на градот Одеса, со што повеќе од 29.000 луѓе останаа без електрична енергија.Гувернерот на Одеската област, Олег Кипер, информираше дека најтешко погоден е градот Чорноморск, веднаш до Одеса, каде што биле оштетени станбени куќи и управни објекти. „Клучната инфраструктура функционира со генератори“, изјави Кипер, додавајќи дека во нападот е повредено едно лице.Овој удар е дел од континуираните напади на Русија врз клучната украинска инфраструктура за време на 42-месечната војна што започна со инвазијата во февруари 2022 година. Само во четвртокот, во масовен напад врз повеќе региони во Украина, во главниот град Киев загинаа 25 лица.Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили собориле 21 украински дрон над својот териториј. Од нив, 11 биле уништени над Волгоградската област, а останатите над Ростовската, Белгородската и Брјанската област.

Свет | пред 5 месеци

veter-nevreme-skopje

(Видео) Силниот ветер во Скопје предизвика хаос: десетици паднати дрвја, оштетени возила и кабли кои предизвикале пожар

Силниот ветер кој вчера го зафати Скопје предизвика сериозни проблеми во повеќе делови од градот. Од Центарот за управување со кризи информираат дека на бројот за итни повици 112 биле пријавени десетици случаи на паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетувања на приватна сопственост, меѓу кои моторни возила, настрешници и кровови.Меѓу најтешко погодените локации се булевар „Партизански одреди“ спроти слаткарницата „Палма“, каде паднато дрво оштетило повеќе возила, улицата „Руѓер Бошковиќ“ кај Драмски факултет, улицата „Самоилова“ каде дрво паднало врз струен кабел, како и улицата „Ѓорче Петров“ каде дрво оштетило автомобил.Пријави има и за паднати дрвја во дворови на училишта и градинки, оштетени кабли со искрења на повеќе локации, како и оштетени семафори и кровови на приватни куќи и згради во изградба. На улицата „Јордан Мијалков“ паднати контејнери целосно блокирале сообраќајница, а во населбата Козле била пријавена запалена бандера.Сите пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет за надминување на последиците од невремето. Од ЦУК велат дека екипите на терен работат непрекинато за стабилизирање на состојбата и заштита на безбедноста на граѓаните.

Скопје | пред 5 месеци

pratenici-sobranie-levica

Левица: Растот на платите постои само во табелите на ДПМНЕ, не и во паричниците на работниците

Левица остро реагира на изјавите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој на прес-конференции се повикува на растот на реалната плата и стабилизирана инфлација како аргумент за наводно подобрен животен стандард на граѓаните.„Тврдењето дека растот на реалната плата е 6,7% е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат повеќе од половина милион работници. Во мај 2025 година, од 509.960 работници, дури 374.045 или 73,3% добиваат плата под просечната, а 169.082, односно една третина, преживуваат со под 30.000 денари месечно – двојно помалку од синдикалната минимална кошница која во август достигна 65.507 денари,“ велат од Левица.Според партијата, парадоксално е да се зборува за висок раст на реалната плата додека голем дел од работниците се наоѓаат под прагот на сиромаштија. Дополнително, Левица обвинува дека властите манипулативно се повикуваат на просечна инфлација од 3,6%, која е „вештачки измазнета“ и ги прикрива реалните поскапувања на храната, енергенсите и кириите, кои во последните пет години се зголемиле за 30 до 40%.„Стабилизирана инфлација постои само на хартија, додека секојдневието на народот е обележано со неизвесност, долгови и осиромашување,“ додаваат од партијата.Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои ефективна контрола на цените на основните продукти, зголемување на минималната плата на 500 евра, подобрување на социјалните мерки, целосна транспарентност во монетарната и фискалната политика и воведување фер, прогресивен даночен систем.„Економската политика на ДПМНЕ е политика на одбрана на привилегиите на малцинството наспроти интересите на мнозинството,“ порачуваат од Левица.

Македонија | пред 5 месеци

sdsm

Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје, велат од СДСМ

„Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание“, информираа од СДСМ и додаваат:Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење.Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои произлегле од Климатското собрание се основа врз која треба да се гради новата еколошка политика на градот, но не како политички маркетинг, туку како план за опстанок.„Овие препораки не се само листа на желби, тие се мапа за здрава иднина. Она што недостасуваше изминативе четири години е токму ова, дијалог, храброст да се именува проблемот и волја да се постапи. Јас се обврзувам да ги ставам граѓаните и науката во срцето на политиката за Скопје“, рече Шукова.Таа најави реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси и редизајн на улиците за да станат пристапни за велосипедисти и пешаци. Поддршка ќе добијат домаќинствата за премин кон еколошко греење, со субвенции и долгорочни решенија што ќе ја намалат зависноста од загадувачките извори. „Ако сакаме почист воздух, мора да се справиме со реалниот предизвик, затоплувањето во домаќинствата. Тоа е нешто за кое зборував и пред пет години, и тогаш тоа не беше популарно. Денес е значајно за сите“, истакна Шукова.Таа ја посочи нефункционалноста на јавните претпријатија, предупредувајќи дека без реорганизација и вложување во човечки ресурси, ниту една стратегија нема да даде резултати.,,Имаме документи и стратегии, но немаме имплементација. Сè што треба да направиме, веќе е измислено. Само треба да престанеме да се плашиме од промени и да почнеме да ги применуваме решенијата што постојат”, нагласо Шукова.На средбата учествуваше и Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер за економија, кој потенцираше дека вистинските промени не доаѓаат со спектакли, туку со поставување на системи што функционираат.,,Не можеме да очекуваме да имаме инспектор зад секој проблем. Македонија е мала земја, ни требаат дигитални решенија, автоматизирани системи и пред се, ред. И тука ја гледам разликата, Каја не ветува чудо, туку ред и систем“, констатира Битиќи.Тој посочи и примери од други европски градови, каде воведувањето на зони со ограничен сообраќај за загадувачки возила дало мерливи резултати во квалитетот на воздухот.,,Во Скопје, улиците се чистат еднаш на 14 дена, нема техничка вода, опремата е дотраена, а комуналната хигиена е сведена на добрата волја на граѓаните. Тоа не е политика, тоа е хаос. А од хаос, нема напредок”, посочи БитиќиНа средбата заеднички се заклучи дека граѓаните, институциите и стручната јавност мора да работат заедно, а не паралелно. Вистинскиот напредок, според Шукова, нема да дојде преку камери, ПР акции и еднократни спектакли за чистење, туку преку дневна, упорна работа на системот што ќе функционира без разлика кој е на власт.Кандидатката на СДСМ испрати јасна порака дека Скопје не смее повеќе да биде град на пропуштени шанси. Последните четири години, под водство на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, градот стагнираше. Таа потенцира дека многу беше ветено, малку, ако воопшто и нешто беше испорачано. Институциите беа ослабени, комуналниот сектор занемарен, а граѓаните оставени сами да се борат со загадувањето, сообраќајниот хаос и урбанистичката деградација.„Доаѓа време кога Скопје ќе престане да биде синоним за разочараност. Мојата визија не е базирана на имиџ, туку на суштина. Верувам во град каде воздухот е чист, институциите се достапни, а јавниот интерес стои над приватниот“, заклучи Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

viber_image_2025-08-30_18-35-54-228

(Видео) Скопје попладнево зафатено од невреме и повеќе пожари, има сомнежи и за подметнување на дел од нив

Скопскиот регион денес попладне беше погоден од силно невреме проследено со ветер и дожд, по што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор, видливи од голем дел од градот и предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека за дел од пожарите постојат сомневања дека биле намерно подметнати.Во моментите кога огнената стихија беснееше на повеќе локации, силниот ветер и дожд во регионот на аеродромот Скопје не дозволија ер тракторите на ДЗС и армискиот хеликоптер, кои беа ставени во готовност, да полетаат и да помогнат во гаснењето.Пожари беа регистрирани во општина Сарај, во селото Крушопек кон падините на Водно, каде беа зафатени ниска вегетација и мешана шума, во општина Карпош кај спортската сала „Борис Трајковски“, во Гази Баба кај селата Виниче и Црешево, во Бутел кај последна 57 и во Инџиково.Надлежните соопштија дека сите пожари се изгаснати или ставени под целосна контрола.„Голема благодарност до екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита за брзата и пожртвувана реакција. Благодарност и до тимовите на ДЗС, како и доброволното противпожарно друштво од Чаир. Посебна благодарност до повеќето граѓани кои се затекнаа на местата на пожарите и несебично помогнаа на пожарникарите,“ објавија од ДЗС.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-205633

(Видео) Полиција евакуираше публика во СЦ “Борис Трајковски”, девет полицајци во болница

Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика. Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-190226

(Видео) Костовски: Спречивме голема катастрофа, пожарот кај училиштето „Св. Климент Охридски“ е под контрола

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека пожарот кој денеска избувна во близина на новоизградената детска градинка во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ е ставен под целосна контрола.„Станува збор за подметнат пожар кој се доближи на десетина метри од градинката. Не сакам да поверувам дека и најмалку овој грозен чин е политички инструиран од страна на крајно неразумни луѓе,“ напиша Костовски на социјалните мрежи.Тој им оддаде признание на пожарникарите за навремената реакција, како и на командирот на полициската станица Бутел, кој прв пристигнал на местото на настанот, како и на кризниот штаб на Општина Бутел.„Спречивме голема катастрофа,“ додаде градоначалникот.

Скопје | пред 5 месеци

1756545527_Screenshot_2025-08-30.format-webp.width-1200

„Виз ер“ хаос: Патници од Крит тргнале за Белград, но слетале во Скопје, а на аеродромот очекувале празен авион?

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени и полицијата и службениците, бидејќи ‘Виз ер’ им пријавил дека слетува празен авион, а од него излегоа околу 200 патници,“ раскажала Јелена.Таа додала дека патниците биле задржани подолго во авионот без објаснување, а една жена се почувствувала лошо. „Пилотот кажа дека нивното работно време завршува и дека информации ќе добиеме на аеродромот. Но таму никој не знаеше ништо,“ вели таа.Како причина за пренасочувањето било наведено дека белградскиот аеродром „не работи и дека авиони не слетуваат“. Патниците дури ја контактирале и српската амбасада, но им било одговорено дека не може ништо да се стори.По инсистирање на патниците, аеродромот во Скопје обезбедил автобус за нивен транспорт до Белград.Засега од ТАВ Македонија нема официјално соопштение за настанот.

Балкан | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-14.27.13

Како дете бил жртва на сексуално вознемирување, сега пешачки 111 километри за институциите да ги чујат другите жртви

Кирил Ангелов, кој во детството бил жртва на сексуално злоставување, а подоцна успешно се изборил и со канцерот, најави хуманитарен подвиг – пешачење во должина од 111 километри, со цел подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца, булинг и сите форми на насилство.Ангелов објави дека акцијата ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година. Почетната точка ќе биде Скопје, а завршната Демир Капија, иако рутата може да претрпи промени, зависно од условите на терен.„Молкот на државните структури низ годините ме натера на овој потег. Верувам дека народот може да промени сѐ, ако има желба. Можам ова пешачење да го направам сам, но целта ми е да покажеме дека жртвите не треба да поминуваат сами низ сопствените тегобни патешествија,“ напиша Ангелов.Тој ги охрабри сите заинтересирани да му се приклучат – било од Скопје, Велес, Неготино или за само еден дел од патот – со цел да се покаже заедништво и поддршка. „Да ги утешиме жртвите дека треба да побараат помош, да се доверат некому и да го поминат животот во љубов и пријателство, а не сами и во изолација. Болката не треба да е табу, а ни тишина,“ порача тој.Ангелов, кој денес пишува за сопствените трауми, вели дека подвигот е начин да се испрати силна порака дека општеството мора да ја крене свеста и да застане зад најранливите.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-14.09.36

„Добар човек, кој прерано заминува“ - политичари и колеги со последни пораки за д-р Виктор Исјановски

Со длабока тага и неверување македонската јавност ја прими веста за прераната смрт на д-р Виктор Исјановски, истакнат психијатар, професор, долгогодишен здравствен работник и поранешен претседател на СДСМ Карпош.Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, а сега пратеник, Димитар Ковачевски, во својата порака истакна дека Исјановски ќе биде паметен како позитивен и професионален човек. „Како лекар, тој се грижеше за менталното здравје на граѓаните, а во најтешко време на пандемија успешно ја водеше најголемата здравствена установа во главниот град. Ќе го паметиме како секогаш позитивен, насмеан и професионален семеен човек, лекар и другар,“ напиша Ковачевски, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и колегите.Од општинската организација на СДСМ – Карпош порачаа дека неговото заминување е ненадоместлива загуба. „Виктор беше пример за човек со визија, знаење и посветеност. Како лекар, тој несебично се грижеше за менталното здравје на граѓаните; како лидер во здравството, со достоинство ги водеше институциите во најтешките времиња, а како партиски активист, беше глас на разумот, единството и напредокот. Почивај во мир, другар Виктор. Твоето дело ќе живее вечно.“Со зборови на почит се обрати и поранешниот министер за внатрешни работи, а сега пратеник, Оливер Спасовски: „Виктор беше човек со визија, знаење и несебична посветеност кон своите пациенти, колегите и пријателите. Со својот професионализам, добрината и човечноста остави длабока трага кај сите што имаа чест да го познаваат. Неговото заминување е голема и ненадоместлива загуба за здравството и за целото наше општество.“„Нека му е лесна земја и вечен спомен...“ напиша поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев, а со кратка порака се обрати и Бојан Маричиќ: „Почивај во мир другар. Добар човек, кој прерано заминува.“Исјановски, јавноста најмногу го памети по неговата улога за време на пандемијата на ковид-19, кога го раководеше Здравствениот дом – Скопје и со сите расположливи ресурси ја водеше борбата против вирусот.

Коментари | пред 5 месеци

tepacka

Инцидент на „Широк сокак“: Турист од Шведска нападнат поради маицата која ја носел, пробале да го расоблечат

Во СВР Битола вчера бил пријавен необичен инцидент на улицата „Широк сокак“, каде 32-годишен државјанин на Шведска со престој во Дебар бил нападнат од група непознати лица.Според пријавата, околу 19:50 часот неколку момчиња на возраст од околу 20 години му пришле на туристот и се обиделе насилно да му ја соблечат маицата на која имало симболи на друга држава. Откако сфатил дека не може да се одбрани, странскиот државјанин ја соблекол маицата и им ја предал, по што тие заминале во непознат правец.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

ba2fc64b-b550-41da-9bd9-7585fae1f337

(Видео) Објавенa снимка од моментот на ликвидацијата на поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј

На социјалната мрежа X се појави видео од моментот на убиството на Андриј Парубиј, украински политичар кој беше претседател на Врховната рада и кој одигра значајна улога во револуцијата Евромајдан.Парубиј беше убиен денеска во западноукраинскиот град Лавов. Националната полиција претходно соопшти дека еден политичар бил застрелан, а подоцна пратеничката од „Европска солидарност“, Ирина Херашченко, потврди дека станува збор токму за Парубиј. „Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот државен обвинител Руслав Кравченко штотуку ме информираа за првите околности од страшното убиство во Лавов. Андриј Парубиј е починат,“ изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој нагласи дека сите неопходни ресурси се вклучени во истрагата и потрагата по убијците.Украина официјално покрена истрага за „намерно убиство“ на 54-годишниот политичар. Според првичните информации, Парубиј починал на самото место на настанот, а властите и понатаму трагаат по сторителот.

Свет | пред 5 месеци

isjanovski

Тажна вест: Почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом – Скопје“ Виктор Исјановски

Виктор Исјановски, поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом – Скопје“, почина во Грција каде што престојувал на летувањеИсјановски беше на чело на најголемата здравствена установа во земјава од јуни 2019 година до смената на власта во 2024 година. Македонската јавност најмногу го памети по неговата активност за време на пандемијата со коронавирусот, кога Здравствен дом – Скопје со сите расположливи ресурси беше ставен во функција на борбата со Ковид-19, особено во процесот на масовна вакцинација.По професија беше специјалист психијатар и зад себе остави богата професионална кариера.На социјалните мрежи, од Исјановски, во неверување се простуваат неговите пријатели.[caption id="attachment_346924" align="alignnone" width="448"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-13.27.05

Мицкоски за предлогот на Филипче: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми - па прифатија сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација во Собранието со „црвени линии“ во контекст на евроинтеграциите, за ако има ново вето, да се стави крај на преговорите. Според Мицкоски, тоа е само нова „итроштина“.„Мислам дека СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратка меморија. Јас ќе ги потсетам дека тие имаа таква декларација во Собранието, да не прифаќаат ултиматуми од Софија, па прифатија сѐ. Имаше и една декларација во Парламентот дека нема да има промена на името, па знаете што правеше СДСМ. Исто така ќе ве потсетам дека ќе ги почитуваа резултатите од референдумот, а потоа не ги почитуваа кога беше неуспешен“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

policija-policaec

Малолетници од Скопје извршиле разбојништво врз доставувач во Визбегово

Министерството за внатрешни работи информира дека на 29 август 2025 година, во 18:20 часот, во селото Визбегово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 и 15 години.Тие се сомничат дека истиот ден, околу 16:40 часот, со употреба на физичка сила извршиле разбојништво врз 23-годишниот У.Д. од Скопје, кој во тој момент извршувал работни задачи како доставувач на пратки. На оштетениот му бил одземен ранец со пратки.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот против приведените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 месеци

DSC_0052

Неколку инциденти во Скопје: упатени закани кон лекар и полицајци, натепан тинејџер, боксови во Кисела Вода

Министерството за внатрешни работи информира за серија инциденти што се случиле во изминатите два дена на територијата на Скопје.На 29 август 2025 година, во 15:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил повикан П.Д. (26) од Скопје по претходна пријава дека истиот околу 11:00 часот во здравствена установа на подрачјето на Центар му упатувал закани на лекарот Д.Д. (42), кој бил на своето работно место. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.Истиот ден, околу 15:10 часот, на подрачјето на Гази Баба бил приведен Д.А. (47) од Скопје, кој по сторен сообраќаен прекршок, откако бил запрен од полициски службеници, им упатувал закани и притоа ги снимал со својот мобилен телефон. И за овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.Во вечерните часови на 30 август, во 22:15 часот, 19-годишниот Д.Н. од Скопје пријавил дека претходната вечер, околу 22:00 часот, бил физички нападнат од едно лице на подрачјето на Центар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Покрај тоа, на 29 август во 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во Кисела Вода, каде дошло до физичка пресметка помеѓу Г.Ј. (41) од една страна и А.Т. (49) и Н.А. (38) од друга страна, сите од Скопје. И овој случај ќе биде соодветно процесуиран.

Скопје | пред 5 месеци

policija-2457

Внимавајте и предупредувајте ги возрасните: 88-годишна жена од Велес измамена за 2.700 евра со лажна приказна за сообраќајка

На 29 август 2025 година во СВР Скопје, 88-годишната Д.Г. од Велес пријавила дека била жртва на класична телефонска измама. Според нејзините наводи, на 27 август околу 10 часот наутро добила повик на својот фиксен телефон од непознато машко лице, кое и соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила четиригодишно дете. За да ја „спаси“ од долгогодишна затворска казна, измамникот побарал 50.000 евра.Жената одговорила дека нема толку средства и дека располага со околу 2.700 евра, по што добила инструкции парите да ги достави во Скопје, во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Следејќи ги упатствата, на 27 август околу 11:50 часот пристигнала во кругот на болницата и кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци. Потоа со автобус се вратила во Велес.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на вакви телефонски измами.

Скопје | пред 5 месеци

Pozarnikari-DZS

Огнена стихија во прилепско – изгореа шталa, гаражи и летна кујна

На 29 август 2025 година околу 13:20 часот избувнал пожар во помошни простории – летна кујна, шталa и гаражи – лоцирани во дворно место на куќа сопственост на 44-годишниот С.К. од селото Канатларци, прилепско. Пожарот бил целосно изгаснат во 15:35 часот.Од МВР информираат дека објектите целосно изгореле, а материјалната штета е проценета на околу 5.000.000 денари.На местото бил извршен увид од вешто лице и екипа на ОКТУПА.

Македонија | пред 5 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Измама во Тетовско: купопродажба на алат заврши со пријава

На 29 август 2025 година во 19:30 часот, во СВР Тетово, 33-годишниот Н.М. од село Слатино пријавил кривично дело „измама“ извршено над него, предвидено и казниво по член 247 став 1 од Кривичниот законик.„На ден 29.08.2025 година во 19:30 часот во СВР Тетово Н.М. (33) од село Слатино, тетовско, пријавил кривично дело „измама“ (предвидено и казниво по чл.247 ст.1 од КЗ на РСМ) извршено над него од страна на лицата И.А. и Е.А. од село Шемшово, тетовско, при што бил оштетен за износ од 2.000 евра. Според наводите во пријавата во текот на април месец годинава од страна на пријавените купиле од Н.Д. столариски алат во висина од 4.500 евра од кои што му исплатиле 2.500 евра, иако во меѓувреме дознал дека пријавените купениот алат го препродале“, велат од МВР.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

DSC_0289

Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга

На 29 август 2025 година во 09:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 34-годишниот И.П.С. од Скопје, откако неговата поранешна сопруга поднела пријава против него. Според пријавата, тој дошол во нејзиниот дом во Неготино, упатил закани и физички ја нападнал.Лицето било задржано во полициската станица, а за настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Неготино. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

sateliiistarlinklui740e

Вашингтон дава зелено светло за Starlink – клучен систем за украинската војска

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на услуги од сателитскиот интернет систем Starlink во вредност од 128 милиони евра за Украина.Starlink е клучен за комуникацијата на украинските вооружени сили на фронтот, вклучително и за управување со дронови, кои претставуваат основа на украинската воена офанзива против руските сили.Иако одобрувањето претставува значаен чекор, од Стејт департментот нагласуваат дека тоа не значи дека договорите веќе се потпишани или дека преговорите се целосно завршени.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-12.54.44

Убиен поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј во Лавов

Андриј Парубиј, поранешен претседател на Врховната рада – украинскиот парламент, и една од клучните личности во револуцијата Евромајдан, денеска беше убиен во Лавов, јави Kyiv Independent.Националната полиција соопшти дека политичар бил застрелан во западниот украински град, а пратеничката Ирина Херашченко од партијата Европска солидарност потврди дека жртвата е токму Парубиј.Веста ја потврди и претседателот Володимир Зеленски. „Министерот за внатрешни работи Игор Клименко и главниот државен обвинител Руслав Кравченко токму ме информираа за првите познати околности од страшното убиство во Лавов. Андриј Парубиј е мртов. Сите потребни ресурси се вклучени во истрагата и потрагата по убиецот“, изјави Зеленски.Според официјалните информации, повик за итна интервенција бил примен околу пладне, по пукање во јужниот дел на градот, во округот Франкивски. Парубиј починал на самото место.Засега властите не откриваат детали за можни осомничени или за мотивот на злосторството.

Свет | пред 5 месеци

mickoski-filipce

Власта со жестока реакција кон Филипче: Помалку графикони, повеќе срам, ти си симбол на луксузот, не на економијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска жестоко реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кои тој зборуваше за состојбата со инвестициите и економијата. Од владејачката партија порачаа дека токму Филипче е „последниот човек кој може да зборува за економија“, обвинувајќи го за луксуз и хедонизам во време кога граѓаните се соочувале со сиромаштија.„Најголемата инвестиција на СДС ја гледаме во јахтите и кулите во Дубаи, плантажите низ Африка и милионските приватни бизниси на поединци, кои се резултат од криминал и корупција,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата потсетуваат дека во времето на СДСМ и ДУИ инвеститорите „не доаѓале, туку бегале“ од земјата, која, како што велат, била заробена во корупција и рекет. „Единствениот бум беше во тендерите и раст на лични сметки на привилегирана каста,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.За да ги демантираат критиките на Филипче, од владејачката партија наведуваат два аргументи. Прво, дека според Извештајот „Гринфилд ФДИ Перформанс Индекс 2025“, Македонија го зазела шестото место во светот по привлечени странски инвестиции во однос на БДП. Второ, дека во 2024 година бил остварен рекорден прилив од над 1,25 милијарди евра директни странски инвестиции.„Филипче и СДС наместо нови фабрики им донесоа на граѓаните нови долгови, затворени компании и сиромаштија. А денес, кога државата ја враќа довербата, тој од лежалка држи лекции. Помалку графикони, повеќе срам,“ се додава во реакцијата.Партијата порача дека СДСМ продолжува со „истиот стил на ароганција од времето кога ветуваа живот, а донесоа беда и лоповлук“ и дека граѓаните добро паметат кој ја потопил економијата и кој денес ја крева од пепел.

Македонија | пред 5 месеци

kaja-sukova

Шукова: Ќе ја деблокирам изградбата на мостот кај Љубљанска, Скопје не смее да биде заложник на политички игри

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, остро реагираше на, како што рече, опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, кои ја држат метрополата во постојан сообраќаен метеж и го стопираат развојот на клучни инфраструктурни проекти.„Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани,“ изјави Шукова при денешната посета на општина Карпош.Таа го посочи проектот за изградба на булеварот што треба да го поврзе мостот кај Љубљанска со улицата Скупи како еден од најважните сообраќајни зафати кој ќе го растовари метежот и ќе овозможи подобро поврзување на Карпош и централното градско подрачје.„Сè е готово. Проектната документација е изработена, експропријацијата е завршена, средствата во висина од 190 милиони денари се обезбедени. Единствено што се чека е дозвола од Министерството за култура за теренските истражувања. Но веќе две години гледаме блокада и застој,“ нагласи Шукова.Таа додаде дека доколку ја добие довербата на граѓаните, ќе ја деблокира изградбата и ќе овозможи реализација на овој проект, за Скопје конечно да добие современа и функционална сообраќајна врска.„Како ваша градоначалничка ќе направам сè што е во моја надлежност оваа блокада да престане. Истражувањата мора веднаш да завршат за да почне изградбата на булеварот. Граѓаните одамна заслужуваат модерна инфраструктура и таа ќе ја добијат,“ порача Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-12.14.15

(Видео) Нова ноќ на руски напади врз Украина: загинати и десетици повредени во Запорожје

Руските сили изведоа уште еден масовен ноќен напад со дронови и проектили врз Украина, при што експлозии беа забележани во повеќе региони, соопшти утрово украинското воено воздухопловство.Според официјалните податоци, најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во нападите на југоистокот, во регионот Запорожје. Меѓу повредените има и тројца деца, информираше гувернерот Иван Федоров. Оштетени се 14 станбени блокови и повеќе од 40 куќи, а делови од градот останаа без електрична енергија и гас.Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека Русија нападнала со вкупно 537 дронови, 37 крстосувачки ракети и девет балистички проектили на различни локации низ земјата. Дел од нив биле пресретнати, но сериозни оштетувања се пријавени во регионот Днипропетровск, каде што избувнале пожари и била погодена инфраструктурата.Експлозии се слушнале во близина на Черкаси, Чернихив, Днипро и главниот град Киев. Од украинската армија соопштија дека од руските аеродроми полетале шест стратешки бомбардера, кои подоцна испалиле неколку крстосувачки ракети кон украински цели.Овие удари следуваат по претходниот масовен напад врз Киев оваа недела, кога загинаа најмалку 25 лица – еден од најсмртоносните напади од почетокот на војната пред повеќе од три и пол години.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува за голема офанзива во источниот Донбас, особено околу Покровск, каде, според извештаите, се распоредени околу 100.000 војници. Тој нагласи дека Украина е подготвена и дека ситуацијата е под контрола.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања