Скопје1.мк

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

По масовниот напад врз Киев: американско предупредување кон Москва

Седиштето на Обединетите нации синоќа беше домаќин на итна седница на Советот за безбедност, свикана по масовниот ракетен напад врз Киев во ноќта меѓу среда и четврток (28 август), во кој загинаа најмалку 23 лица. Американскиот дипломат Џон Кели изјави дека нападите „фрлаат сомнеж врз сериозноста на руската намера за мир“ и побара веднаш да престанат ударите врз цивилни подрачја.Кели порача дека е неопходно руските и украинските претставници, вклучително и претседателите Владимир Путин и Володимир Зеленски, да се согласат за директна средба. Тој го повтори предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон е подготвен да воведе дополнителни санкции кон Русија доколку војната продолжи.Според САД, прекин на нападите и враќање на масата за преговори се клучни чекори за деескалација. Русија, од своја страна, во повеќе наврати ги отфрли обвинувањата дека намерно цели цивилни објекти, додека Украина и западните сојузници инсистираат дека токму таквите удари ја подриваат секоја можност за напредок кон мир.

Свет | пред 5 месеци

ceca-kriva-palanka

(Видео) Над 50.000 посетители на концертот на Цеца во Крива Паланка: настапот прекинат по реакција од публика

Градскиот стадион во Крива Паланка синоќа собрал повеќе од 50.000 посетители, кои присуствувале на концертот на балканската музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Настапот беше дел од општинската манифестација, а интересот на јавноста далеку ги надмина очекувањата на организаторите, кои првично најавија околу 30.000 посетители.Покрај Цеца, на сцената настапија и Дејан Петровиќ со Биг Бенд, Мики Секуловски, Никола Станишиќ и Диџеј Галоски. Претходно најавениот Мирза Селимовиќ го откажа настапот поради здравствени причини.За време на концертот се случи и необичен момент кој привлече внимание. Девојка од првите редови ѝ покажа на пејачката порака со која побара потпис на својата рака за потоа да го претвори во тетоважа, па Цеца запре со пеење.„Немој да си ја упропастуваш кожата! Млада си и убава, подобро украси се со некој дечко. Момчиња, што е ова? Подоцна ќе разговараме кога ќе завршам со концертот, да те уверам во спротивното“, ѝ порача Цеца пред да продолжи со настапот. Видео од овој момент веќе кружи на социјалните мрежи и беше пренесено од повеќе српски медиуми.Утрово, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, јавно им се заблагодари на вработените во ЈП „Комуналец“, кои за неколку часа темелно го исчистија стадионот. „Локацијата изгледа како таму да немало повеќе од 50.000 посетители,“ напиша Митовски.Фестивалската програма продолжува и вечерва, кога главна музичка ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ.

Магазин | пред 5 месеци

filipce

Филипче: Преполовени странските инвестиции, пропадна митот за инвестициски бум

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека во првата половина од 2025 година странските инвестиции се преполовени во однос на истиот период минатата година, кога на власт беше СДСМ.„Со овој податок пропаѓа и последната излитена пропаганда на власта, дека во Македонија се случува инвестициски бум. Секојдневно пропаѓа и митот за наводната економска способност на ВМРО-ДПМНЕ. Нема ниту еден економски параметар во кој оваа влада не е барем двојно послаба од владата на СДСМ,“ нагласи Филипче.

Свет | пред 5 месеци

taravarikongres2

„Злото“ денес, партнер вчера – ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на Арбен Таравари

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, со порака дека неговите позиции се недоследни и во спротивност со фактите.„Арбен Таравари повторно ја менува приказната како што му одговара. Два пати влезе и излезе од владината коалиција, како млада невеста што постојано ја прекинува свадбата. Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е ‘злото’, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата,“ се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на неколку клучни моменти:Во февруари 2024, Таравари изјавил дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го гледале неговиот блок како посакуван партнер, а од Али Ахмети добивал „неодоливи понуди – прв албански премиер и претседателски кандидат“.На 23 јуни 2024, Владата беше изгласана со партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозициска коалиција Вреди, што тогаш се толкуваше како победа над матрицата на криминализираната ДУИ.Во мај 2025, Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата со образложение за „неисполнети ветувања“, но дел од неговата партија остана во Владата, што според ВМРО-ДПМНЕ покажува дека проблемот не е идеологија, туку нешто друго – можеби уцена.Дополнително, партијата наведува економски показатели кои, како што велат, демантираат тези за „катастрофа“:Индустриско производство +4,1% во јули 2025 во однос на истиот месец 2024,Просечна бруто плата +8,5% во јуни 2025 на годишно ниво,Реална плата +3,8% поради стабилизирана инфлација,Инфлација од 3,7% во јули 2025, далеку од двоцифрените нивоа од времето на СДСМ и ДУИ.„Овие факти покажуваат дека државата оди напред, а не назад. Нема катастрофа, туку стабилизација. Таравари не знае што зборува или знае, ама намерно ја менува плочата за да си го оправда влезот и излезот од коалицијата,“ завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-11.12.34

Дензел Вашингтон со изненадувачко признание: „Не гледам филмови“

Холивудската ѕвезда Дензел Вашингтон, еден од најценетите актери на својата генерација, неодамна ги изненади своите обожаватели со неочекувано признание. Иако има речиси половина век успешна кариера зад себе, тој откри дека воопшто не гледа филмови.Вашингтон ја започна својата филмска кариера во 1981 година со остварувањето „Црниот син“, а потоа следуваа бројни легендарни улоги во хитови како „Слава“, „Малколм Икс“, „Филаделфија“, „Гримизна плима“, „Собирачот на коски“, „Сеќавање на Титаните“, „Ден за обука“, „Американски гангстер“, „Праведникот“, па сè до „Гладијатор 2“.Сепак, и покрај богатата филмографија, тој за списанието GQ изјави: „Не гледам филмови, човече. Навистина не гледам. Не одам во кино. Не гледам филмови… доста ми е филмови. Да“.На прашањето колку филмови има снимено досега, Вашингтон се насмевнал и одговорил: „Превише. Мислам околу 50“.Со ова признание, оскаровецот уште еднаш покажа дека и покрај славата и огромниот успех, останува автентичен и искрен, дури и кога неговите зборови изненадуваат милиони фанови ширум светот.

Магазин | пред 5 месеци

rafinerija-rusija

(Видео) Украина тврди: Погодени стратешки нафтени постројки во Русија

Дронски напади рано утрово погодија две рафинерии на нафта во Русија – во Краснодар и во Самара, при што избувна голем пожар и беше предизвикана значителна штета. Информацијата ја објави Kyiv Post, повикувајќи се на официјални извори.Нападот во Краснодар се случил околу 3:30 часот по локално време, кога градот бил потресен од серија експлозии. Жителите пријавиле десетици детонации и активирање на системите за противвоздушна одбрана. Според сведоци, непосредно пред експлозиите се слушал звук на дронови над градот. На социјалните мрежи брзо се појавија снимки од пожар во нафтената рафинерија.Работниците биле веднаш евакуирани, а на местото пристигнале пожарникари и итни служби. Засега нема информации за жртви. Руските власти потврдија дека остатоци од дрон погодиле дел од технолошкиот сегмент на рафинеријата во Краснодар, при што пожарот зафатил површина од околу 300 квадратни метри.Истовремено, украинскиот Генерален штаб објави дека нивните сили повторно ја погодиле рафинеријата во градот Сизран, во Самарската област. Постројката таму произведува бензин, дизел, авионско гориво, мазут и битумен, а до август 2025 година обработувала до 8,5 милиони тони сурова нафта годишно.

Свет | пред 5 месеци

272109577_623859878706880_6634828297889568570_n

Службите следеле политичари и новинари, а не криминални групи што планирале ликвидации, коментира Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ со критички коментар реагира на најновите информации за незаконското следење. Тој посочува дека наместо службите да се занимаваат со сериозни криминални групи, вниманието било насочено кон политичари, новинари и обвинители.„Незаконито биле следени политичар, новинар, јавен обвинител и уште којзнае кој, у основа ништо ново. Но еве, и јас би сакал да знам што работеле службите и зошто директорот и тогашниот министер за внатрешни работи не се заинтересирале за следење на група која во судска постапка призна дека уште од 2022 година договарале и планирале ликвидации и грабнувања, и си копале дупки за жртвите низ државава,“ напиша Туфегџиќ.Тој потсети дека токму таквите пропусти резултирале со трагични последици. „Со глава платија едно дете и еден средовечен човек, ни криви ни должни. Ете тоа мене ме интересира,“ додаде адвокатот.Со овој став, Туфегџиќ уште еднаш ја отвора темата за одговорноста на институциите и прашањето каде навистина бил насочен безбедносниот апарат во години кога, според него, најголемите закани биле оставени без надзор.

Коментари | пред 5 месеци

mickoski-taravari-1

Алијансата за Албанците: ВЛЕН да не ја обвинува албанската опозиција, вината е кај ВМРО, ЗНАМ и српската партија

Алијансата за Албанците, крилото предводено од Арбен Таравари, остро реагираше на ставовите на ВЛЕН, нагласувајќи дека вината за политичките состојби не треба да се бара кај албанската опозиција, туку кај нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ.„Злото на ВЛЕН не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери. Со своите антиалбански политики, тие секојдневно го користат и деградираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците,“ порачуваат од Алијансата.Од партијата предупредуваат дека дискриминацијата врз Албанците се случува отворено, пред очите на функционерите на ВЛЕН, и дека одговорноста за тоа не може да се префрлува врз опозицијата. „Злото има име – ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери. Вината треба да ја бараат таму, како и кај своите функционери кои ги легитимираат реваншистичките политики против Албанците од нивниот тутор Христијан Мицкоски,“ наведуваат.Алијансата порача дека ВЛЕН треба да се повлече од „екстремната влада против Албанците“ и да се врати кон народот, порачувајќи дека во спротивно ќе сноси одговорност за сите штети. „Никој нема да ги амнестира ако продолжат да бидат дел од оваа влада која секојдневно го демонтира Охридскиот договор и ги понижува Албанците,“ се вели во реакцијата.Од таму додадоа дека граѓаните очекуваат визија и одговорност, а не оправдувања за опстанок на власт. „Октомври е блиску и алармот за политичката иднина на ВЛЕН е реален,“ предупредија од Алијансата за Албанците.

Македонија | пред 5 месеци

vens

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс: Подготвен сум да ја преземам функцијата ако се случи трагедија со Трамп

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, во опширно интервју за USA Today изјави дека е подготвен да ја преземе претседателската должност „ако, не дај Боже, се случи страшна трагедија“ со актуелниот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека е уверен оти Трамп ќе го одслужи целиот мандат и дека е во извонредна здравствена состојба.„Претседателот има неверојатна енергија. Тој е последниот кој заспива, последниот кој телефонира навечер и првиот кој се буди. Убеден сум дека ќе направи големи работи за американскиот народ,“ рече Венс. „Ако, сепак, се случи трагедија, моето искуство од последните 200 дена е најдобрата можна подготовка.“[caption id="attachment_346859" align="alignnone" width="593"] Screenshot: модринките на Трамп[/caption]Коментарите на потпретседателот доаѓаат поради загриженоста во јавноста за здравјето на Трамп, која беше поттикната од видливи модрици на неговите раце и натечени глуждови. Лекарот на Белата куќа, д-р Шон Барбабела, ги припиша симптомите на хронична венска инсуфициенција, нарекувајќи ја состојбата бенигна и честа за неговата возраст.Според 25. амандман на Уставот на САД, потпретседателот ја презема функцијата доколку претседателот почине, поднесе оставка или биде разрешен. Историски, во девет наврати потпретседатели станале претседатели за време на мандатот, меѓу кои Калвин Кулиџ во 1923 година по смртта на Ворен Хардинг.Трамп неодамна го претстави Венс како свој очигледен наследник и дел од проектот Make America Great Again (MAGA). „Мислам дека е најверојатно тој,“ рече Трамп, додавајќи дека и државниот секретар Марко Рубио би можел да соработува со него во иднина.

Свет | пред 5 месеци

putin

Путин пред посетата на Пекинг: Русија и Кина заедно против „дискриминаторските“ санкции

Рускиот претседател Владимир Путин, во писмено интервју за кинеската новинска агенција „Синхуа“, порача дека Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на „дискриминаторските“ санкции во глобалната трговија кои, според него, го попречуваат светскиот социо-економски развој.Тој нагласи дека двете земји ќе продолжат да работат на намалување на меѓусебните трговски бариери и истакна дека постои континуиран напредок во повеќе области на економската, трговската и индустриската соработка. „За време на мојата посета сигурно ќе разговараме за идните перспективи на заемно корисната соработка и за нови чекори кои ќе ја интензивираат во интерес на народите на Русија и Кина“, изјави Путин.Посетата на Пекинг, прва по мај минатата година, доаѓа во момент кога Путин се обидува да ја преобрати тенденцијата на забавување на билатералната трговија, додека војната во Украина сè уште трае и покрај неодамнешниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска.Откако западните држави ги прекинаа економските врски со Москва поради руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, Кина стана клучен партнер на Русија, купувајќи руска нафта и пласирајќи широка палета производи – од автомобили до електроника. Тоа ја зголеми билатералната трговија на рекордни 245 милијарди долари во 2024 година.Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во 2022 година го прогласија своето стратешко партнерство за „без ограничувања“. Двајцата лидери во изминатата деценија се сретнале повеќе од 40 пати.

Свет | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

Не ветувам лесен пат, но ветувам борба за праведна и солидарна Македонија, да ја исправиме на темелите на АСНОМ, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на собирот на младите социјалдемократи во Струмица испрати порака на мобилизација и решителност.„Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача тој.Филипче нагласи дека младите и членовите на СДСМ отсекогаш биле бранителите на демократијата во најтешките моменти и дека денес повторно е време за исправување. Тој остро ја критикуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја за партизација, непотизам и злоупотреби кои, според него, ја туркаат државата во мрак и им ја одземаат иднината на младите.„Нашата задача е јасна – да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта, и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата,“ рече Филипче.Тој посочи дека токму младите социјалдемократи и ангажираното членство ќе бидат двигатели на промените: „Нивната енергија на терен, во секое маало, во секое семејство, е она што ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние што замолкнале. Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати државата во рацете на народот.“

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-29-at-23.23.14

Пецаков: Граѓаните со свои идеи ќе ја креираат програмата за Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ја најави акцијата „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина“, преку која се собираат предлози и иницијативи од граѓаните што ќе влезат во новата програма за наредниот мандат.„Денеска собираме идеи на граѓаните кои ќе бидат дел од програмата во следните четири години“, изјави Пецаков, додавајќи дека програмата е поделена во три сегменти. Првиот е насочен кон капитални инфраструктурни проекти што ќе се надоврзат на започнатите и завршените од претходниот мандат. Вториот дел ги опфаќа проектите кои произлегле од потребите на месните заедници во изминатите години. Третиот дел, како што посочи, ќе биде составен од новите идеи што граѓаните ќе ги доставуваат во наредните денови.„Сето она што ќе биде реално остварливо, ќе може да биде дел од нашата програма и ќе се потрудиме да биде реализирано во еден мандат,“ нагласи Пецаков.

Охрид | пред 5 месеци

bela-kuka

Белата куќа во жесток напад врз „Politico“: „Операција на странско влијание“

Белата куќа денеска остро го нападна американскиот медиум „Politico“, обвинувајќи го за спроведување „операција на странско влијание“. Повод за ваквата реакција е текст во кој се критикуваат преговорите на специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп за Украина, Стив Виткоф.Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс беше предводник на нападите врз „Politico“, кој од 2021 година е во сопственост на германскиот медиумски гигант „Аксел Шпрингер“. Во спорниот текст се цитираат неименувани функционери кои тврдат дека кај Виткоф, во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, „јасно се гледа неискуство“.„Оваа сторија на Politico е новинарски пропуст. Но тоа е повеќе од тоа: ова е операција на странско влијание со цел да се наштети на администрацијата и на еден од нашите најефикасни членови“, порача Венс преку социјалната мрежа X.Кон него се придружија и други претставници на Белата куќа. Заменик-шефот на кабинет Џејмс Блер текстот го нарече „операција на странско влијание водена преку интернет-медиум под германска контрола“.Иако обвинувањата беа тешки, официјални лица не понудија докази кои би ја поткрепиле тезата дека е вмешана странска влада или друга организација.Ова не е првпат администрацијата на Трамп да застане во одбрана на Виткоф, бизнисмен во областа на недвижности, кој беше именуван за специјален изасланик за мировните преговори во Украина и Газа, и покрај тоа што нема дипломатско искуство.Текстот на „Politico“ е само дел од низата критички написи, вклучително и во „The Atlantic“, каде се наведува дека преговорите на Виткоф со Русија предизвикале конфузија.Нападите врз медиумите доаѓаат во момент кога Берлин и Париз изразуваат сомнежи за успехот на мировните напори на Трамп. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува војната да трае „уште многу месеци“.Самиот Виткоф, кој неодамна повеќепати патуваше во Москва на средби со Путин, а во петок во Њујорк се сретна и со украински претставници, кусо изјави: „Изјавата на нашиот неверојатен потпретседател зборува сама за себе.“

Свет | пред 5 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски ја отфрли идејата за 40-километарска тампон-зона во Украина

Идејата за создавање 40-километарска тампон-зона меѓу руските и украинските линии на фронтот како дел од можен мировен договор за завршување на војната во Украина предизвика жестоки реакции, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли оценувајќи дека таков предлог не ја одразува реалноста на современото војување.„Само оние кои не го разбираат технолошкото ниво на денешната војна предлагаат тампон-зона,“ изјави Зеленски, нагласувајќи дека во пракса ваква зона веќе постои поради масовната употреба на дронови.Тој појасни дека тешкото вооружување на двете страни веќе се наоѓа на повеќе од 10 километри едно од друго токму поради ризикот од напади со дронови.„Овој тампон – јас го нарекувам ‘мртва зона‘, некои го викаат ‘сива зона‘ – веќе постои,“ рече украинскиот претседател.Зеленски категорично одби можност Украина да се откаже од делови од својата територија во рамки на таков договор: „Ако Русија сака поголема оддалеченост од нас, може да се повлече длабоко во привремено окупираните територии на Украина.“Тој додаде дека Москва не е подготвена за вистинска дипломатија и дека единствено бара начини за одолговлекување на крајот на војната.Во меѓувреме, европските лидери разгледуваат опции за обезбедување безбедносни гаранции за Украина во случај на договор со Русија. Високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, порача дека министрите за одбрана на Унијата се согласиле дека поддршката за Киев мора да биде „робусна и веродостојна“. Зеленски најави продолжување на разговорите веќе следната недела за обврски „слични на НАТО“ кои би обезбедиле сигурност за Украина.Од Москва, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги оцени најновите западни предлози како „еднострани“ и насочени кон обуздување на Русија.

Свет | пред 5 месеци

zaloznici-izrael-gaza-hamas

Хамас: Израелските заложници ќе ја делат судбината на нашите борци во офанзивата на Газа

Палестинското движење Хамас во петок предупреди дека израелските заложници ќе бидат изложени на исти ризици како и неговите борци доколку израелската армија ја започне најавената офанзива врз градот Газа.„Ќе се грижиме за затворениците (заложниците) колку што можеме, но тие ќе бидат со нашите борци во зоните на борба и конфликти, изложени на истите ризици и истите животни услови,“ стои во соопштението на Хамас.Гласноговорникот на вооруженото крило на организацијата, познат под прекарот Абу Обеида, додаде дека за секој убиен заробеник во израелските напади ќе биде објавено неговото име, фотографија и доказ за смртта.Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да се подготви за голема офанзива врз градот Газа со цел уништување на Хамас и враќање во Израел на сите заробени кои и натаму се држат во Појасот Газа.Портпаролот на израелската војска во петок изјави дека се изведуваат „подготвителни операции“ во предградијата на Газа, нагласувајќи дека Израел е подготвен за почеток на нападот чија цел е целосно заземање на градот.„Војската делува многу интензивно во предградијата на Газа,“ изјави портпаролот Авихај Адраи.Израел планира целосно да го преземе градот и претходно најави преселување на речиси еден милион луѓе од северниот дел на Појасот Газа кон југ.

Свет | пред 5 месеци

83ca0a63-6f2f-46f3-a6b8-ece6ffdf8404

(Видео) Израелски војници нападнале новинари на Deutsche Welle на Западниот Брег

Германскиот медиумски сервис Deutsche Welle (DW) денес ја обвини израелската војска за напад врз нивни новинари додека известувале на Западниот Брег. Според DW, израелски војници им се заканувале со оружје и испукале солзавец врз нивната екипа додека снимала во Рамала, и покрај тоа што новинарите носеле заштитна опрема со јасно обележување „PRESS“. Израелската војска сè уште нема дадено коментар за инцидентот.Новинарската екипа била на терен за да ги документира ризиците со кои се соочуваат медиумските професионалци во регионот и го следела работењето на локален новинар за време на протестите. Според изјавата на DW, додека се приближувале кон локацијата, биле информирани дека израелската војска спроведува рација во центарот на Рамала. „Израелски војници им го уперија оружјето додека снимаа“, соопшти медиумот, објавувајќи и видео-снимка од настанот.Израелската војска подоцна соопшти дека рацијата во Рамала била насочена кон лица обвинети за пренос на финансиски средства до членови на исламистичката група Хамас, со цел поддршка на терористички активности против Израел. Очевидци пријавиле судири меѓу војниците и локалното население, при што биле користени боево оружје и солзавец. Палестинското министерство за здравство со седиште во Рамала информираше дека околу 30 лица биле повредени, од кои дел имале потреба од болничко лекување.Ова не е првпат новинари на DW да бидат нападнати на Западниот Брег. Во јули, израелски доселеници нападнале дописничка и снимател на медиумот, гаѓајќи ги со камења. Иако нападот бил насилен, двајцата новинари успеале да избегаат неповредени. Главниот директор на DW, Петер Лимбург, изјави дека „повторените напади врз нашите новинари на Западниот Брег се апсолутно неприфатливи“. Тој додаде: „Нема никакво оправдување за закани кон претставници на медиумите – ниту од страна на војската, ниту од страна на радикални доселеници.“

Свет | пред 5 месеци

VenkoFilipceSDSM

Филипче: Платите растеа двојно побрзо во време на СДСМ, денес граѓаните едвај врзуваат крај со крај

„Кога двете ќе ги споредите, растот на платите во времето на СДСМ, индексно гледано, беше 11%, сега е 4%. Ако сакате во номинални бројки – растот на платите тогаш беше 15%, а сега е само 8%,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител.Тој потсети дека ваквиот раст бил постигнат во услови на глобални кризи, кога државата издвојувала дополнителни 2 милијарди евра за поддршка на граѓаните и компаниите. „Тие средства беа за зачувување на работните места и спас на фирмите,“ рече Филипче.Како пример ги наведе зголемувањата на минималната плата – од 8.000 на 22.000 денари, како и на просечната плата – од 22.000 на над 40.000 денари.Наспроти тоа, денеска, според Филипче, граѓаните се соочуваат со енормни поскапувања без реална помош од владата. „Потрошувачката кошничка, која споредуваме ова лето со минатото, од 60.000 е дојдена до 65.000 денари. Не може да се дозволи повеќе од две минимални плати да бидат потребни за основна кошничка, а сега се потребни три,“ истакна тој.Филипче предупреди дека ваквата состојба најдиректно го удира животниот стандард: „Граѓаните не можат крај со крај да излезат. Што им кажува владата? Да немаат еден оброк во денот? Тоа ли сака владата да каже? Или сака тоа да го изманипулира со некакви ПР трикови? Па во маркет граѓаните плаќаат со недоволните средства што им ги дава владата, а не со ПР-триковите на ВМРО-ДПМНЕ.“На крај, тој подвлече дека власта се обидува да ја прикрие економската немоќ со напади врз опозицијата. „Апсолутно лош перформанс, кој сакаат да го покријат со црни кампањи,“ рече Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

filipce

Јас сум предмет на црна кампања, a оваа Влада во историјата ќе биде запишана како фуснота, немаат ништо направено, вели Филипче

„Јас сум предмет на црна кампања на ВМРО-ДПМНЕ повеќе години наназад,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител, одговарајќи на нападите на власта околу неговиот приватен одмор.„Прво ми препишуваа некаква куќа во Нерези, па авиокомпанија во Дубаи, па стокатница во Дубаи, па сега еве јахта... Нема да се изненадам ако зимава застанат и се сликаат пред некоја куќа во Сент Мориц и кажат дека е моја,“ рече Филипче.Тој нагласи дека во отсуство на реални резултати, владејачката партија се потпира исклучиво на дезинформации и медиумски спинови.„Немаат што да прават друго, поради тоа што апсолутно нема никаков перформанс во владата. Немаат со што да се пофалат, ги демонтираме во сите мерки и бројки,“ истакна тој.Филипче оцени дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од, како што ја нарече, неспособноста на власта: раст на цените, поскапени основни трошоци, економски слабости и целосно изостаната визија.„Сметам дека оваа влада ќе оди во историјата како една фуснота, затоа што буквално ништо нема да направат,“ заклучи лидерот на СДСМ.Тој потенцира дека Социјалдемократскиот сојуз останува фокусиран на реалните проблеми и на борбата за економски и социјален напредок, додавајќи дека „црните кампањи нема да го променат фактот дека граѓаните живеат сè потешко – и тоа е директен резултат на неспособна, расипничка и конфузна власт“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

За една недела во Кочани ќе се започне со уривање на дивоградби, Крстевски најави дека нема да толерира никого

Општина Кочани во петок, 5 септември, во попладневните часови ќе започне со уривање на дивоградби што ја загрозуваат безбедноста во Трговскиот центар. Уривањето ќе биде спроведено по решение од градежен инспектор.Доколку сопственикот на нелегалниот угостителски објект на терасата во ТЦ до наведениот рок сам не ја отстрани дивоградбата, интервенцијата ќе ја изврши Општината преку економски оператор избран со јавна набавка.В.д. градоначалникот Венко Крстевски потсети дека на 28 април годинава бил одржан состанок со угостителите, на кој тие биле информирани дека Општината ќе се залага за хуманизација на просторот и дека безбедноста е прв приоритет.Тој додаде дека на 18 јуни поднел кривична пријава за узурпација на јавна површина и бесправна градба против дел од угостителите кои, како што рече, и по трагедијата во „Пулс“ продолжиле да работат нерегуларно и незаконски, ставајќи го личниот профит пред здравјето и безбедноста на граѓаните.„Јавната површина е јавен интерес и нема да има толеранција кон угостителски објекти кои го узурпираат просторот и создаваат безбедносен ризик“, порача Крстевски.

Македонија | пред 5 месеци

perinski-memorandum-2

Oстануваат ли и новите градоначалници недопирливи, шанса до 12 септември за законски измени

Последна шанса е на собраниска седница на 12 септември да се изгласаат измените на Законот за локална самоуправа.Министерот за локална самоуправа Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа, кој е блокиран во Парламентот, да се донесе до 12 септември, кога може да се одржи последната парламентарна седница пред локалните избори.Тој посочи дека пред да биде предложен законот во Собранието, повеќе од шест до седум месеци имало консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со координаторите на пратеничките групи во Парламентот.Прстот за неуспехот го впери во ДУИ и СДСМ.„Мене ми е жал што ниту ДУИ, ниту СДСМ не успеаја да се надминат себе си и да ги поддржат овие законски решенија, затоа што, пред се, овие предлози се однесуваат на зголемување на демократските процеси на локално ниво”, изјави Перински.Овие измени се однесуваат на можноста за референдумско разрешување на градоначалникот, воведување комунална полиција како обврска на градоначалникот и транспарентно емитување на сите седници на советите.Според Перински целта е да се подобри квалитетот на локалните услуги и демократијата на локално ниво.Додаде дека ако законските измени не се изгласаат на следната парламентарна седница, не ќе можат да се применат кај новоизбраните градоначалници кои ќе останат единствените јавни функционери без можност за предвремено разрешување, нема да може да се воведе комунална полиција и градски архитекти, што според него може да влијае на квалитетот на локалната работа.демократијата.„Се надевам дека ќе бидат донесени бидејќи тоа ќе биде и последна можност да се изгласа законот. Во предлог-измените во преодните и завршни одредби стои дека законот откако ќе се изгласа ќе почне со негова примена практично на следните редовни локални избори. Така што ако не го фатиме овој турнус тоа значи дека градоначалниците, согласно новите мандати, не ќе може да се применува“, рече Перински.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5581

Ја шамарал, давел, ја фрлил и удрил во ќош од кревет сопствената бремена сопруга - хорор во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против државјанин на Република Хрватска, осомничен за кривично дело „Телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според наводите, тој во својот дом во Скопје физички ја нападнал сопругата, која е во петтиот месец од бременост. Најпрво ѝ се обратил на висок тон, а потоа ја удирал со тупаници и шлаканици по главата и телото. Насилството продолжило со силен притисок врз нејзиниот врат, а потоа ја фрлил во кревет и со главата ја удирал од неговата ивица.Нападот престанал кога оштетената започнала да крвари, по што успеала да се засолни во тоалет и да повика полиција и брза помош. Осомничениот го напуштил станот кога слушнал дека жртвата бара помош.Кај жената биле констатирани бројни повреди на главата, како и повреди на плацентата. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 5 месеци

finansiska-policija

Апсење на „Долно Блаце“: осомничен за перење пари и даночна измама заврши во притвор

Уште едно лице е лишено од слобода во рамки на истрагата за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари. Управата за финансиска полиција информира дека на 28 август 2025 година, на граничниот премин „Долно Блаце“, бил уапсен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека е инволвиран во кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Даночно затајување“.По приведувањето, осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одреди мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во КПУ Куманово.Апсењето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица. Тогаш беше обезбеден обемен доказен материјал во рамки на сложена предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Вкупно се поднесени кривични пријави против 13 физички и 10 правни лица, а на државниот буџет, според финансиската полиција, му е нанесена штета од над 430 милиони денари.Од Управата нагласуваат дека остануваат посветени на борбата против организираниот финансиски криминал и заштитата на јавните финансии.

Македонија | пред 5 месеци

Slovenija-poplavi

(Фото/Видео) Потоп во Словенија, стигнуваат снимки и фотографии од сите страни!

Словенија е погодена од големо невреме, поплави има во целата земја, а во медиумите пристигнуваат ужасни снимки.Утрово, помалите реки и поројните водотеци нагло се зголемија, а врнежите од дожд поплавуваат неколку области, објави Словенечката агенција за заштита на животната средина. Градот Копер објави дека ситуацијата на терен е опасна и се влошува.Обилните дождови сè уште се задржуваат помеѓу словенечка Истра и внатрешноста на земјата. На некои места веќе наврнале повеќе од 150 милиметри дожд, објавува Meteoinfo Словенија.Невремето оштети неколку патишта во областа на Копер, а пред тунелот Декани од правец на Чрни Кал кон автопатот се случи свлечиште.- Патот во Оспо е затворен поради излевање на реката, истпо како и регионалниот пат во Чепки е целосно затворен, беше објавено.24ur известува дека сите расположиви екипи се на терен во Копер, а граѓаните се замолени да бидат исклучително внимателни.Локалната противпожарна служба само до 10 часот наутро регистрирала 70 интервенции поради бурата. Тие нагласија дека животите во моментов не се во опасност, но побараа од луѓето строго да ги следат упатствата на надлежните служби.Словенечката агенција за заштита на животната средина претходно издаде портокалово предупредување за бури и дожд за северозападните, југозападните и централните делови на земјата. Жолто предупредување за бури беше издадено и за југоисточните и североисточните делови на Словенија во попладневните часови.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Приведен 75-годишник од тетовско, пријавен е дека полово вознемирувал малолетничка

На 28 август 2025 година, околу 17 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Б. (75) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.Случајот бил пријавен на 11 август годинава од страна на 42-годишна жена од тетовско, која пријавила дека осомничениот полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка.По добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошните простории на З.Б., при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон, лаптоп компјутер, ресивер и други предмети.Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 месеци

droga-oruzje-pretres-1

Во напуштен објект во Чаир пронајдени автоматска пушка, пиштол и куршуми

Вчера во 15:54 часот, во СВР Скопје Б.Ѓ. пријавила дека во помошен објект на напуштена куќа на нејзината мајка во Чаир пронашла автоматска пушка. Таа повикала сосед за да проверат дали има други предмети во објектот, но на местото дошол синот на соседот кој ја турнал пријавителката, ја зел пушката и избегал.По извршен претрес и дополнителни проверки, полициските службеници во објектот пронашле уште една пушка, пиштол и куршуми. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања