Скопје1.мк

Slika-ranci-2025

Трета година по ред: Mozzart ги израдува децата на своите вработени со ранчиња и училишен прибор

Во компанијата Mozzart веќе е создадена убава традиција – трета година по ред на децата на своите вработени кои оваа есен првпат ќе седнат во училишните клупи им подари ранчиња и комплет училишен прибор.Со оваа традиција компанијата сака да им го олесни почетокот на школските денови на првачињата, но и да им покаже на нивните родители – вработените во Mozzart – дека нивната посветеност, труд и лојалност се високо ценети и препознаени.Првиот училишен ден е важен чекор исполнет со возбуда, а со оваа иницијатива Mozzart сака да ја сподели радоста и да биде дел од тие посебни моменти во животот на секое дете и секое семејство.Грижата за вработените претставува основна вредност на компанијата. Од Mozzart велат дека токму преку вакви внимателни и топли гестови се гради доверба, припадност и вистински тимски дух. Компанијата продолжува да вложува не само во професионалниот развој, туку и во личната среќа и благосостојба на своите луѓе.На сите првачиња им посакуваат среќен почеток, многу насмевки и успех во учењето, а на родителите им упатуваат благодарност за посветеноста и енергијата која секојдневно ја вложуваат во заедничките успеси на Mozzart.(ПР)

Магазин | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Малолетник тешко повреден: направил сообраќајка во Охрид

Ноќеска околу 03:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа.Според информациите, 15-годишен малолетник од Канада со престој во селото Долно Лакочереј, управувајќи мопед „Априлија“ со охридски регистарски таблички, удрил во лисица и паднал на коловозот.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 5 месеци

IMG_7454

МВР со кривични пријави низ Македонија: дрога, оружје и злоупотреба на податоци

Министерството за внатрешни работи информира дека изминативе денови поднесени се повеќе кривични пријави за различни кривични дела.СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Куманово, кај кое на 28 април полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин. Против него се води постапка за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.Во Велес, СВР поднесе кривична пријава против 59-годишен жител на селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, кај кого при претрес во домот биле пронајдени пиштол и куршуми. Тој се сомничи за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.СВР Штип поднесе пријава против 31-годишен скопјанец со престој во Штип за „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот јануари–јуни годинава, тој на социјална мрежа објавувал фотографии од женско лице без нејзина согласност.Дополнително, на 28 август во Скопје биле лишени од слобода две лица од село Бојане – 47-годишниот И.С. и 18-годишниот И.А. Кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и гасен пиштол. По документирањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 месеци

Gerasimovski-2

„Шанса за Центар“ со критика кон Герасимовски: Популизам пред избори, невладините ги игнорираше целиот мандат

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ жестоко реагира на најавата на актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, дека бара од невладиниот сектор да предложи советник кој ќе ги застапува нивните интереси.„А каде беа тие интереси во целиот негов мандат? Нашите предлози постојано беа игнорирани, одбивани или маргинализирани“, стои во нивната објава. Од иницијативата потсетуваат и на случајот со просторот кај поранешната фабрика „Треска“, за кој велат дека иако инсистирале барем дел од локацијата да се искористи за парк, нивните барања биле саботирани.„Сега, пред избори, одеднаш се сетил на граѓанските организации. Ова не е вистинска грижа, туку чист популизам“, порачаа од „Шанса за Центар“, додавајќи и саркастична понуда: „Еве да возвратиме со љубезноста, го каниме СДСМ да даде нивен предлог кај нас на листа“.Тие ја завршија својата реакција со порака дека очекуваат „фер избори“ и дека ќе се видат со политичките противници на гласање.

Скопје | пред 5 месеци

unnamed-5

Мицкоски: Македонија денес се гради како никогаш досега, во тек се над 1.200 градилишта

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека низ Македонија во моментов се реализираат повеќе од 1.200 градилишта и дека државата вложува средства без преседан во инфраструктурни проекти. Тој нагласи дека од централниот буџет кон општините се префрлени над половина милијарда евра, што е практика спротивна на минатото кога, како што рече, „Македонија се крадеше, а денес Македонија се гради“.Мицкоски им се заблагодари на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, на директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, на пратениците, како и на сите вработени во Министерството за транспорт и врски и во ЈП „Државни патишта“, нагласувајќи дека сите тие придонесуваат за тоа Македонија денес да се гради како никогаш досега.„Ширум Македонија ние имаме повеќе од 1.200 градилишта — нешто што досега не се случило. Повеќе од половина милијарда само средства финансирани од страна на централниот буџет кон општините. Ако праксата во минатото беше Македонија да се краде, сега е пракса Македонија да се гради. И така и ќе продолжи во годините коишто следат,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека ако на тие средства се додадат и проектите што ги реализира Владата на централно ниво, како и капиталните инвестиции што се спроведуваат преку Јавното претпријатие „Државни патишта“, тогаш станува збор за неколку милијарди евра проекти кои се во тек, а исто толку ќе следат и во наредните години.Мицкоски се осврна и на патната инфраструктура, потсетувајќи на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, за кој, како што рече, во неформалниот дел пред пресот разговарале и за развојот на патниот правец од Романовце до Страцин.„Очекуваме во периодот што следи и овој проект да стане дел од јавна процедура. Тендерската процедура, бидејќи како што разбрав, експропријацијата е целосно завршена, се прави ревизија на проектот и очекувам и тука да почне јавната набавка и тој проект да почне со реализација, за да може од Скопје до Крива Паланка да се стига за помалку од 45 минути — нешто што мислам дека е добро за граѓаните од овој дел на Македонија,“ нагласи премиерот.Тој заклучи дека со големите православни празници пристигнуваат и убави вести за граѓаните. „Нека ни е аирлија и со бериќет овој нов проект којшто значи реконструкција и продолжување на изградбата на патните правци коишто се дел од Коридорот 8,“ порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

dacic-pliko

Плико со три куршуми испратено до Ивица Дачиќ

Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека во зградата на Владата на Република Србија била откриена сомнителна пратка, адресирана на потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Во пликото биле пронајдени три куршуми.Пратката била откриена на 28 август за време на безбедносна проверка со рендген апарат при сортирање на пошта. Истрагата покажала дека пликото било предадена во поштенска филијала во Пожаревац два дена претходно.Полицијата веќе идентификувала и пронашла лице за кое постои сомнение дека ја испратило пратката. Сепак, мотивите и сите околности на случајот сè уште се истражуваат.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека преземаат сите законски мерки за заштита на безбедноста на граѓаните и на државните институции.

Балкан | пред 5 месеци

MixCollage-29-Aug-2025-01-24-PM-6169

Герасимовски: Пристигнаа првите ученички униформи, во тек е дистрибуција до сите основни училишта во Центар

Општина Центар за прв пат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар, информира општината.„Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината и со име на секое училиште поединечно. Во понеделник, сите ученици ќе ги добијат униформите на првиот училишен ден, верувам дека тие ќе бидат среќни и горди што ќе ја носат оваа униформа“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.Со оваа активност, Општина Центар го подигнува квалитетот на основното образование, што вклучува и инвестиции во училишна инфраструктура, дигитализација и безбедност.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел ја укина хуманитарната пауза, Газа прогласена за „опасна борбена зона“

Израелските власти денеска соопштија дека војската пронашла тела на двајца заложници, меѓу кои и еден убиен за време на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој започна војната. Според соопштението од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, телата на Илан Вајс и уште еден, засега неименуван заложник, биле донесени од Газа.Од вкупно 251 лице кои беа киднапирани од страна на милитантите предводени од Хамас пред речиси 22 месеци, околу 50 и понатаму се во Газа, а израелските власти проценуваат дека дваесетина од нив се сè уште живи.Истовремено, израелската војска ги укина дневните паузи во борбите што досега овозможуваа испорака на хуманитарна помош во градот Газа. Во новото соопштение, Газа е прогласена за „опасна борбена зона“.Т.н. „тактички паузи“ се однесуваа на градовите Газа, Деир ал Балах и Муваси, каде се засолнаа стотици илјади веќе раселени лица. Израел ги воведе овие прекини на огнот додека ја подготвуваше офанзивата врз градот Газа, за која беа мобилизирани десетици илјади воени резервисти.

Свет | пред 5 месеци

bura-slovenija

Силна бура го погоди словенечкиот брег

Утрово обилни дождови го погодија словенечкиот брег. Поројните водотеци и помалите реки брзо се зголемија. „Неколку области веќе се поплавени од дожд, но и подземни води“, објави Агенцијата за животна средина (ARSO). Градот Копер предупредува дека условите на теренот се опасни и брзо се влошуваат, објавува 24ur.com.„Сите расположиви екипи се на терен и ги информираме граѓаните да бидат исклучително внимателни во сообраќајот бидејќи се задржува вода на патиштата. Поради лошите временски услови и брзото зголемување на нивото на водата на реките Бадашевица и Рижана, ги повикуваме жителите во овие области да останат во своите домови. Ситуацијата брзо се влошува, патиштата се затвораат, а движењето во зоната е опасно“, предупредува општина Копер.Градот Копер им советува на граѓаните да ги отстранат своите возила од пониските делови на градот и паркинзите (во близина на пазарот, Мандрач, покрај Семедела). Бесплатен паркинг е достапен во гаражите Белведере и Сонце, од петок, 29 август до сабота, 30 август во 12 часот.Портокалово предупредување за бури и дожд е издадено за северозападните, југозападните и централните делови на Словенија, а жолто предупредување за југоисточна и североисточна Словенија во текот на попладневните часови.Денес ќе биде облачно, со дожд и грмотевици што ќе се шират од запад кон исток. Ветерот ќе дува од југ, а највисоката дневна температура ќе се движи помеѓу 22 и 28 °C.Викендот носи мирно времеБурата постепено ќе се смири во вториот дел од ноќта во сабота, во недела ќе биде претежно сончево, со мала магла наутро, а хидролошката состојба треба да се стабилизира.фото: ФБ

Свет | пред 5 месеци

bujar-osmani

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали испраќа пораки за затоплување на односите со ДУИ

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска изјави дека од ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали стигнуваат пораки за затоплување на односите меѓу двете партии, и тоа во насока на можен влез на ДУИ во Владата.Изјавата следи по коментар на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој од Битола порача дека опозицијата ќе загуби на локалните избори во сите општини и повика ДУИ да биде конструктивна опозиција, особено околу измените на Изборниот законик и обезбедувањето на Бадентеровото мнозинство.„Премиерот во јавноста дава такви пораки сметајќи дека така ќе им помогне на коалициските партнери, но не пушта такви пораки преку приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите. Меѓутоа, нашиот став е јасен: ДУИ нема да прави пазар за влегување во Влада – излези еден, влези друг“, изјави Османи.Тој додаде дека Албанците нема да дозволат да бидат третирани како „аморфна маса“ и дека самите преку избори ќе одлучат кој ќе ги претставува во Владата. Османи направи споредба со 1990-тите години на Косово, кога, како што потсети, „Милошевиќ од Белград носеше претседател на Косово, а Албанците создадоа паралелни институции за да покажат дека нема да прифатат наметнати претставници“.Османи истакна и дека анкетите покажуваат водство на Националната алијанса за интеграција, преименуваниот „Европски фронт“, во однос на коалицијата ВЛЕН, со сооднос од три спрема еден.На новинарско прашање дали има постојана комуникација меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Османи одговори потврдно, нагласувајќи дека не може повеќе да се премолчуваат разликите меѓу јавните и приватните ставови. На дополнително прашање дали под затоплување на односите се подразбира идно коалицирање и влез во Владата, Османи кусо рече: „Да“.

Македонија | пред 5 месеци

sukova

Шукова: До 2028 година со БРТ системот ќе се реши јавниот превоз во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Александра Шукова, на денешната прес-конференција истакна дека јавниот превоз е една од најголемите слабости на главниот град и најави дека решението е реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ).„Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот! ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс,“ рече Шукова.Таа додаде дека решавањето на овој проблем не смее да се одложува. „Тоа е услов за квалитетен живот на сите кои живеат во Скопје. И на тие што се возат и на тие што не се возат. На сите ни треба помалку метеж, добро поврзани општини, побрз, безбеден и одржлив јавен транспорт, транспорт кој не ги труе граѓаните на Скопје,“ нагласи таа.Како идно решение Шукова го најави воведувањето на БРТ-системот. „Како градоначалничка на Скопје итно ќе започнам со реализација на проектот БРТ, кој ќе обезбеди нова модерна мрежа на урбан транспорт преку коридори резервирани само за автобуси. Проектот вклучува и набавка на нови еколошки автобуси и ревитализација на две депоа,“ истакна таа, додавајќи дека за ова се обезбедени 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.„Гарантирам дека до средината на 2028 година скопјани, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче, ќе се возат со првата линија на БРТ системот за само половина час – брзо и навреме, без доцнења, без гужви и безбедно,“ рече Шукова.Според најавите, првата БРТ линија ќе биде долга 13 километри во една насока, со 21 автобуска постројка и два терминали, со 29 автобуси кои ќе превезуваат до 65.000 патници дневно.„Ќе работиме и на втората линија север – југ, но и на набавка на нови еколошки автобуси за останатите линии низ градот, со што постојните стари и неефикасни автобуси ќе бидат целосно заменети. БРТ е решението зад кое стојам и кое драстично ќе ја подобри состојбата со автобускиот превоз во Скопје. Ќе почнеме веднаш – за Скопје и за скопјани,“ порача Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Прогноза за викендов: нестабилно време со невреме и обилни врнежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.На некои места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе се развијат во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град.Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината условите ќе бидат во форма на невреме.

Скопје | пред 5 месеци

Iran

Кина и Русија ја осудија одлуката за враќање на санкциите кон Иран

Кина и Русија денес остро ја осудија одлуката на Германија, Франција и Обединетото Кралство за активирање на механизмот за повторно воведување санкции против Иран. Пекинг ја оцени оваа мерка како „контрапродуктивна“, додека Москва предупреди на „непоправливи последици“.Берлин, Лондон и Париз во Обединетите нации започнаа постапка која во рок од 30 дена може да доведе до обновување на меѓународните санкции против Техеран поради кршење на договорот од 2015 година, со кој требаше да се гарантира дека иранските нуклеарни активности ќе останат во цивилни рамки. Механизмот предвидува повторно стапување во сила на претходните санкции на Советот за безбедност, како што се ембаргото за оружје и мерките против ирански компании и поединци.„Активирањето на овој механизам не е конструктивно и ќе му наштети на процесот на политичко и дипломатско решавање на иранското нуклеарно прашање“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Ѓиакун. Тој додаде дека Советот за безбедност треба да охрабри продолжување на дијалогот и преговорите, наместо да создава нова конфронтација што може да доведе до ескалација.Руското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги повикуваме да се вразумат и да ги преиспитаат своите погрешни одлуки пред да предизвикаат непоправливи последици и нова трагедија.“

Свет | пред 5 месеци

mineapolis

Полицијата во Минеаполис: Напаѓачот имал опсесија да убива деца

Истражителите во Минеаполис соопштија дека лицето кое отвори оган врз ученици во едно црковно училиште било „опседнато со идејата да убива деца“. Според шефот на полицијата, Брајан О’Хара, напаѓачот Робин Вестман, кој усмрти две деца и повреди уште осумнаесет, немал јасен мотив за нападот.„Стрелецот изгледаше како да мрази сè и сите, но пред сè имаше желба да убива деца,“ рече О’Хара, пренесе Би-Би-Си.Жртвите беа идентификувани од нивните семејства како осумгодишниот Флечер Меркел и десетгодишната Харпер Мојски. „Вчера, кукавица реши да ни го земе нашиот осумгодишен син Флечер,“ изјави таткото Џеси Меркел пред новинарите.Со солзи во очите тој додаде: „Флечер го обожаваше своето семејство и пријателите, сакаше да лови риба, да готви и да игра секој спорт што можеше. Прегрнете ги вашите деца денес посилно. Те сакаме, Флечер, засекогаш ќе бидеш со нас.“Родителите на Харпер Мојски, Мајкл Мојски и Џеки Флавин, во своето соопштение ја опишаа ќерката како „светла, весела и сакана десетгодишна девојка чија добрина и смеа ги допираа сите околу неа“. Тие рекоа дека се скршени од болка и повикаа сеќавањето на Харпер да поттикне акција за запирање на насилството со оружје. „Ниедно семејство не треба да минува низ оваа болка. Потребни се промени за да се спречат нови трагедии,“ додадоа тие.Властите објавија малку детали за осомничениот, освен дека претходно го посетувал училиштето при црквата и дека неговата мајка работела таму. Според полицијата, 23-годишниот Вестман дошол до објектот на Благовештенската црква и испукал десетици куршуми низ прозорците со три различни огнени оружја. На местото била пронајдена и димна бомба. Очевидци сведочеа дека виделе деца како крварат и бегаат по помош.На прес-конференција, вршителот на должноста државен обвинител на САД за Минесота, Џозеф Томпсон, изјави дека стрелецот изразувал омраза кон повеќе групи, вклучувајќи ја еврејската заедница и поранешниот претседател Доналд Трамп.Вестман починал на местото на настанот од самонанесена прострелна рана, а властите рекоа дека оставил порака, иако конечниот мотив можеби никогаш нема да се дознае. „Нема да ги повторувам зборовите од неговата порака, тие се одвратни и гнасни,“ изјави Томпсон.Името на Вестман било променето законски во 2020 година, кога судот одобрил регистрација под женски идентитет, иако дел од федералните службеници и полицијата го нарекуваа маж при описот на настанот.Шефот на полицијата О’Хара побара од медиумите да не го повторуваат името на напаѓачот, нагласувајќи дека неговата цел била да стане озлогласен. „Како и многу други масовни стрелци, имал болна фасцинација со претходни напади,“ рече тој.Американските власти со години предупредуваат дека масовните убиства можат да поттикнат имитатори, бидејќи некои сторители се стремат кон слава преку злосторствата. Поради тоа, неколку медиуми веќе применуваат политика да не ги идентификуваат со име масовните убијци.

Свет | пред 5 месеци

meksicki-senat

(Видео) Хаос во мексиканскиот Сенат: сенатори се степаа за време на седница

Седницата на Сенатот во Мексико заврши хаотично откако избувна физички судир меѓу сенаторите за време на расправата за можната американска воена интервенција во земјата.Инцидентот се случи за време на интонирањето на државната химна, кога лидерот на опозициската партија ПРИ, сенатор Алехандро Морено, му пријде на претседателот на Сенатот, Герардо Фернандес Нороња од владејачката Морена, и го зграби за рака. Следуваше туркање и нагурнување, а во преносот во живо се гледа и како маж во костум се обидува да удри по Нороња, додека Морено урива на под човек во зелена кошула, член на тимот на Нороња. На прес-конференција овој соработник се појави со медицински оковратник и завои на раката.Морено подоцна на социјалните мрежи тврдеше дека реагирал затоа што владејачката партија го сменила дневниот ред за да ја спречи опозицијата да зборува. „Кукавичлукот го предизвика она што се случи. Нека биде јасно: првата физичка агресија дојде од Нороња“, напиша тој. Нороња, пак, ја обвини опозицијата за организиран напад: „Се здружија против мене. Ќе кажат дека тоа е слобода на говор“, изјави тој, додавајќи дека ќе поднесе кривична пријава против Морено бидејќи му се заканил со убиство. Нароња најави и барање за исклучување на Морено и останатите опозициски сенатори кои учествувале во инцидентот.Ова е прв ваков жесток судир во мексиканскиот Конгрес по 2006 година, кога пратеници масовно се степаа пред инаугурацијата на претседателот Фелипе Калдерон по оспоруваните избори.

Свет | пред 5 месеци

grabez

(Видео) Вознемирувачка приказна од Нов Зеланд: Татко кој исчезна со трите деца снимен при грабеж

Новозеландската полиција објави нова снимка од надзорна камера за која верува дека прикажува човек кој пред речиси четири години исчезна во дивината заедно со своите тројца деца.На ноќната снимка се гледаат две лица целосно облечени во заштитна облека. Полицијата е убедена дека станува збор за Том Филипс и едно од неговите деца. Се забележува како тие провалуваат во продавница, а потоа заминуваат со квадроцикл. Детективот Енди Саундерс на прес-конференција изјави дека од продавницата однеле „неколку намирници“.Филипс во декември 2021 година избегал во дивината со своите деца Ембер, Маверик и Џејд, откако го изгубил законското старателство врз нив. Оттогаш трае потрагата по семејството. Полицијата се надева дека со новата снимка ќе поттикне граѓани да пријават доколку ги забележат.Последната провала се случила во малиот град Пиопио, околу 2 часот по полноќ. Истрагата покажува дека Филипс се обидел да ја ограби истата продавница и во ноември 2023 година, но без успех. „Во центарот на целата истрага се тројцата деца кои четири години се надвор од својот дом. Нивната благосостојба е наш главен приоритет“, нагласи Саундерс.Филипс се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои за тешка кражба, нанесување тешки телесни повреди и незаконско поседување оружје. Полицијата претходно објави дека постојат индиции оти тој имал помагачи во изминатите години.Во октомври минатата година, Филипс и неговите деца за првпат беа јавно забележани по исчезнувањето, кога група тинејџери ги сретнала на планинарење и ги снимиле. Според тогашните информации, децата со години немале контакт со други луѓе и не посетувале училиште.Властите минатата година понудија парична награда за информации што би довеле до безбедно враќање на децата, но рокот за наградата истече без да биде искористена.

Свет | пред 5 месеци

ukraina-kiev-1

Војната не се приближува кон крај „ако се погледне што прави Путин“, вели висока претставничка на ЕУ

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, остро ги осуди масовните воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа порача дека единствениот одговор на агресијата мора да биде поголем притисок врз Москва.„Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на секој вид мировен напор“, изјави Калас во Копенхаген, каде што започна дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ. „Она што мора да го направиме е да го зголемиме притисокот врз Русија“, нагласи таа, додавајќи дека нови санкции кон енергетскиот сектор и финансиските услуги би ја погодиле Москва најсилно.Калас ги повика членките на Унијата да продолжат со воената поддршка за Киев, истакнувајќи: „На Украина сега ѝ е потребна сета можна воена помош.“Министрите во главниот град на Данска ќе разговараат и за безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на борбите. Според Калас, можно е Европската унија да обезбеди поддршка преку продолжување на обуката на украинската војска, зајакнување на домашната одбранбена индустрија и обврски од страна на поединечни земји членки.Таа призна дека војната не се приближува кон крај „ако се погледне што прави Путин“.

Свет | пред 5 месеци

izet

Меџити го промовира носителот на советничката листа во Чаир – докторот и граѓански активист Мухамед Муртези

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го претстави името на носителот на листата за Општинскиот совет. Станува збор за докторот и долгогодишен активист од граѓанскиот сектор, Мухамед Муртези, кој за првпат се вклучува во партиско-политичка дејност.Во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи, Меџити нагласи дека ВЛЕН ја избрала вистинската личност за носител на листата на советници. „Денес сакам да го претставам носителот на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир – докторот, интелектуалецот, активистот на граѓанското општество и човек со високи вредности, Мухамед Муртези. Заедно кон големата победа. Само за тебе, Чаир,“ напиша Меџити.Кој е Мухамед Муртези?Муртези е роден и израснат во Скопје. Медицинските студии ги завршил на Универзитетот во Приштина, а магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филозофскиот факултет, насока „Европски студии за интеграција“. Од 1991 година е активен дел од граѓанското општество, каде што извршувал повеќе функции, меѓу кои претседател на Сојузот на исламска младина, претседател на Здружението на албански издавачи и директор на Центарот за разбирање и институционална соработка. Воедно, бил главен и одговорен уредник на едукативно-културното списание „Вепра“ и главен уредник на меѓународното научно списание „Centrum“. Тој е коосновач и директор на издавачката куќа „Фуркан ИСМ“.Сега, за првпат влегува во политичка борба како носител на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир и како кандидат за претседател на Советот.„Нашата визија, заедно со идниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, е да изградиме еден поубав, почист и побезбеден Чаир. Сакаме да создадеме услови за поквалитетно образование и наука, поразвиена култура и спорт и подобар и подостоинствен живот за сите жители. Жителите на Чаир го заслужуваат тоа, а јас сум уверен дека со добра волја, искрена посветеност и чесна работа, оваа цел е остварлива. Затоа бараме ваша поддршка на 19 октомври – за нашиот Чаир,“ изјави Муртези.

Скопје | пред 5 месеци

sosed

(Видео) Нож во двор, опасни хемикалии во базен каде се капат деца - соседи се жалат дека се малтретирани од сосед во Синѓелиќ

Жители на скопската населба Сингелиќ велат дека со години се соочуваат со сериозни проблеми со нивниот сосед Хасан Синани. Според нив, случајот трае подолго време, а и покрај бројните пријави до полицијата, трајно решение сè уште нема.„Во дворот детето ми извика: ‘мамо, мамо, нож’. Веднаш ја повикавме полицијата…“ – раскажува една жена од улицата за „Порталикс“, опишувајќи една од ситуациите што ја вознемирила целата околина.Според тврдењата, соседот прскал дрвја со хемиски материи, поради што тие се сушеле и паѓале. Истите супстанции, додаваат, биле фрлани и во близина на базен во кој се капеле деца.„Имаме поднесено шест-седум пријави во полиција, сите внимателно запишани. Некои инциденти беа многу сериозни – со фрлање нож. Но секогаш завршува исто: полицијата го одзема ножот и тука завршува. Наместо да стивне, тој станува уште посилен,“ вели една од соседките.Жителите сведочат и за закани со селење, прекинување на вода, како и за разни други провокации.Тие додаваат дека ваквото однесување веќе ја доведува во прашање безбедноста и нормалниот живот во населбата. Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјален одговор за поднесените пријави и можните мерки.

Скопје | пред 5 месеци

zena-srekjna

Кои хороскопски знаци ќе се збогатат по 45-тата година?

Според астролозите, кај одредени хороскопски знаци стабилноста, успехот и финансиската сигурност пристигнуваат подоцна во животот. По 45-тата година тие конечно ги собираат плодовите од претходните напори и влегуваат во златен период на животот.ОвенПо 45-тата година Овните ја консолидираат својата моќ. Тие што истрајале во предизвиците на работа и во приватниот живот добиваат нови можности за лидерство и влијание.БикБиковите влегуваат во фаза на емоционален и финансиски препород. Претрпените загуби остануваат зад нив, а стабилноста и вредноста на нивниот труд стануваат поочигледни од кога било.БлизнациЗа Близнаците ова е пресвртница. По 45 години, оние што го пронашле својот пат ја зајакнуваат кариерата, додека другите влегуваат во период на самоиспитување и редефинирање на целите.РакРаковите доживуваат духовно и емотивно будење. Создаваат постабилни односи и добиваат нови професионални можности, надградувајќи ја својата мудрост.ЛавЛавовите тогаш ја доживуваат кулминацијата на признание и слава. За да го задржат успехот, мора да научат да балансираат помеѓу личната сила и почитта кон другите.ДевицаДевиците стануваат авторитети во својата област. Преку здрав пристап кон телото и интуицијата, градат долгорочни кариери и се претвораат во ментори.ВагаКај Вагите доаѓа јасност во вредностите и љубовта. Тие што ја совладале емоционалната нестабилност конечно наоѓаат рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот.ШкорпијаШкорпиите минуваат низ трансформација. Од порази и предавства градат сила и мудрост, често станувајќи легендарни личности во своето опкружување.СтрелецПо 45-тата година, Стрелците го пронаоѓаат својот глобален печат – преку патувања, нови проекти и лична трансформација го обликуваат животот според сопствената визија.ЈарецЈарците влегуваат во духовен и семеен процват. Трудот вложен со години конечно носи стабилност и улога на столб во општеството и семејството.ВодолијаВодолиите започнуваат револуционерни промени. Со јасен фокус, добиваат визионерски статус и влијание, но ако се изгубат во хаосот, ризикуваат стагнација.РибиРибите се будат креативно и духовно. Од болка преминуваат во период на исцелување и сила, често станувајќи уметници или духовни водачи.

Магазин | пред 5 месеци

ukraina-kiev-3

Politico: Европа разгледува воена тампон-зона во Украина

Европската унија разгледува поддршка за воспоставување тампон-зона широка 40 километри на украинска територија како дел од напорите за прекин на војната, објави Politico повикувајќи се на пет европски дипломати. Идејата се разгледува како можност за прекин на огнот или како дел од поствоен договор меѓу Украина и Русија, но во овие разговори засега не учествува Вашингтон.Разговорите доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите за мировен договор. На 15 август тој се сретна со Владимир Путин на Алјаска, а неколку дена подоцна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европски лидери во Белата куќа. „Сите се обидуваат што побрзо да обезбедат гаранции за безбедност, за да не се предомисли Трамп“, изјавил еден дипломат. Притоа, предложената тампон-зона најверојатно би значела територијални отстапки од страна на Украина, но засега е неизвесно дали Киев би прифатил ваков план.Дел од европските земји предупредуваат дека вакво решение може да донесе повеќе ризици отколку придобивки и да ги изложи украинските градови на нови руски напади. Источните членки на НАТО, предводени од Полска, се загрижени дека масовно присуство на војници во Украина би можело да ја ослаби одбраната на самиот источен фронт на Алијансата.Според првичните проценки, меѓу 4.000 и 60.000 војници би можеле да бидат распоредени како мировни сили, при што Франција и Велика Британија се разгледуваат како носечки држави во операцијата. Освен обезбедување на зоната, мисијата би вклучувала и обука на украинската армија. САД јасно соопштија дека нема да испратат свои трупи, но се подготвени да дадат техничка поддршка.И покрај дипломатските напори, Русија продолжува со напади. Кремљ го доведува во прашање легитимитетот на Зеленски, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва нема да прифати негов потпис на правни документи. Само како потврда на таквиот став, во масовен ракетен напад врз Киев во ноќта на четвртокот беа убиени најмалку 23 лица, меѓу кои и четири деца, а повредени се 63 граѓани.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-11.03.12

64 градежни дозволи за шест месеци – рецепт за хаос, обвинува Шанса за Центар

Шанса за Центар реагира дека во последните шест месеци во општина Центар биле издадени дури 64 градежни дозволи, што според нив е класичен пример за „традиционална политичка борба“ во оваа општина. „Кога знаеш дека ќе изгубиш на избори, ги потпишуваш сите можни дозволи за градба, иако знаеш дека општината нема капацитет, ниту луѓе, ниту опрема, да контролира и да спречи тоа да се претвори во општ хаос по улиците и маалата“, стои во нивното соопштение.Тие додаваат дека сите дозволи се издадени според планови донесени во 2012 година, кои двапати биле дел од предизборни програми искористени како политички маркетинг.„На граѓаните во наследство и за долго сеќавање ќе им остане просторот во хаос. Но, на идната градоначалничка ќе ѝ даде материјал во процесите каде е најдокажана“, велат од движењето.Кандидатката за градоначалник од Шанса за Центар, Билјана Ивановска, најавува дека ова прашање ќе биде еден од клучните делови во нејзината кампања и дека ќе се заложи за целосна ревизија и контрола на урбанистичките планови.

Македонија | пред 5 месеци

turcija-696x464

Турција: Русија го сменила условот за крај на војната во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција не учествувала на последните состаноци за војната во Украина, бидејќи не е страна во конфликтот и настапува како неутрален посредник. „Ние не сме страна во војната. Немавме потреба да бидеме ниту на Алјаска ниту во Вашингтон, бидејќи претседателот Трамп ги собира завојуваните страни“, рече Фидан во интервју за турската телевизија TGRT Haber.Тој изрази надеж дека постои простор за мир меѓу Русија и Украина, потсетувајќи дека дел од ставовите договорени во третиот круг преговори во Истанбул се појавиле и во разговорите на Алјаска. „Имаме доволно причини за надеж“, истакна Фидан.Министерот прецизираше дека Москва ја променила својата првична позиција. „Порано Русија бараше целосна контрола врз четири украински региони. Сега се откажале од тие барања и, освен една област, сè друго би останало на постојните линии на фронтот“, рече Фидан.Според него, Русија бара да ѝ се препушти 25 до 30 проценти од Донечката област кои сè уште не се под нејзина контрола. Оценува дека евентуалното губење на овој регион би ја усложнило одбраната на Украина во случај на нови борби.Да потсетиме, на 23 јули во Истанбул беше одржан третиот круг преговори меѓу делегациите на Украина и Русија, на кој беше постигнат договор за нови разменувања – не само на заробени војници, туку и на цивили. Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана Рустем Умеров, а руската Владимир Медински.

Свет | пред 5 месеци

belgrad

Бебе старо само седум дена пронајдено покрај контејнер во Земун

Утринава во белградската населба Земун беше пронајдено бебе напуштено покрај контејнер. Случаен минувач го забележал детето и веднаш повикал брза помош, чија екипа пристигнала на местото на настанот и го префрлила новороденчето во породилиштето Земун.Според првичните информации, бебето е живо и во стабилна состојба, но ќе биде подложено на дополнителни медицински прегледи.Околностите под кои бебето било напуштено сè уште не се разјаснети, а се очекува официјално соопштение од полицијата и Центарот за социјална работа.

Свет | пред 5 месеци

putin-rusija-542

„Најголеми загуби од Втората светска војна“ – колку навистина страда руската армија?

Прашањето за бројот на загинати руски војници во Украина останува едно од најконтроверзните војни прашања. Русија официјално само еднаш, во септември 2022 година, објави бројка од нешто помалку од 6.000 загинати. Оттогаш, Кремљ ги третира информациите за загуби како државна тајна, а секое споделување различни податоци се смета за „дезинформација“, со затворски казни до 15 години.И покрај строгата цензура, независни новинари, активисти и истражувачи продолжуваат да собираат податоци. Според заеднички проект на BBC Русија и порталот Медиазона, до 13 август 2025 е потврден идентитетот на најмалку 121.507 загинати војници, а реалната бројка, според нив, се движи меѓу 185.000 и 260.700.Слични процени даваат и независните руски медиуми Медуза и Important Stories, кои преку демографски анализи и јавни податоци заклучија дека од почетокот на инвазијата загинале 160.000–165.000 руски војници.Западните процени се уште повисоки. Британското Министерство за одбрана во јуни годинава оцени дека Русија има околу 250.000 загинати и речиси милион војници убиени или ранети од 2022 година. Американските разузнавачки извори во повеќе наврати објавуваа бројки од 200.000 до 250.000 загинати и околу 700.000–1.000.000 вкупни жртви.Украина, пак, редовно соопштува сопствени процени – според Киев, загинале меѓу 200.000 и 300.000 руски војници, а вкупните загуби на Москва изнесуваат над милион војници до август 2025.И покрај различните методологии, сите извори се согласуваат дека руските загуби се најголеми од Втората светска војна наваму. Воените аналитичари предупредуваат дека Кремљ продолжува да се потпира на масовна мобилизација и жртвување на човечки животи за минимални тактички придобивки.Со над милион жртви (погинати и ранети) и околу 20 отсто освоена територија од Украина, независните експерти оценуваат дека цената што Русија ја плаќа е „огромна за ограничени воени успеси“.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања