Скопје1.мк

31122024-Mickoski-pres

Мицкоски се спрема за историска победа

Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека сериозно се подготвуваат за претстојните локални избори со цел да направат, како што рече, историски резултат за да продолжи реформската агенда што е започната.Тој смета дека локалните избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира и да стане конструктивна опозиција.„Локалните избори за нив се загубени и таму ќе престои еден процес на реструктуирање, внатрешна катарза којашто им ја препорачувам за да се ослободат од некои, би рекол, стари времиња и да можат да бидат конструктивна опозиција и заедно да работиме за интересот на граѓаните”, изјави Мицкоски.Според неговите бројки, нивниот кандидат за Битола, Коњановски ќе биде победник уште во првиот круг, а победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде убедлива.

Македонија | пред 5 месеци

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Нов судир меѓу Ванковска и Силјановска: блокада на ФБ и обвинувања за „детска постапка“

Професорката и поранешна кандидатка за претседател на државата, Билјана Ванковска, објави дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова повторно ја блокирала на Фејсбук. „Добро е! Претседателката го прочитала писмото. Како знам? Па ме блокирала повторно на ФБ! Колку детска постапка,“ напиша Ванковска на социјалната мрежа.Нејзината реакција следува по отвореното писмо кое таа му го испрати на претседателскиот кабинет во врска со случувањата во Газа. Во својата објава Ванковска ја критикуваше Силјановска дека со ставовите за тоа како треба да изгледаат вестите – со култура, спорт и слични теми на почетокот, а политиката на крај – всушност повикува на деполитизација на јавноста.„Не ми се верува дека е ова истата жена која како професорка ги учеше студентите што е polites (активни граѓани) и idiotes (оние кои не се грижат за јавните работи). Нам ни недостасува политизација во аристотеловска смисла, создавање заедница околу јавното добро. Ескапизмот со култура и спорт им одговара на богати или на страшливци,“ напиша Ванковска, додавајќи и иронична забелешка дека „еден ден можеме да чуеме препорака да јадеме колачи ако немаме леб“.Таа ја нарече претседателката „принцеза на зрно грашок“ која бега од јавна критика и ги игнорира реалните проблеми – гладот, смртта и милитаризмот. „Кажете една државничка работа што ја покренала или направила таа во интерес на државата. Цел живот да предаваш уставно право, а на крај да ја упропастиш функцијата шеф на држава – тоа е навистина неверојатно постигнување,“ додаде Ванковска.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-12.57.29

(Видео) Македонска песна и емоции: Лазаревска и сопругот Новица настапија во Битола

Фолк-пејачката Татјана Лазаревска, заедно со сопругот Новица Василевски, се врати во Македонија по речиси две години отсуство. Веднаш по пристигнувањето, тие настапија на иселеничка забава во Новаци, Битола, каде што со македонска песна создадоа весела атмосфера. На снимките од настанот се гледа како публиката се забавува на нивната позната песна „Пожар“.Лазаревска и сопругот веќе 12 години живеат во Мелбурн заедно со своите два сина, но секое враќање во татковината го користат за настапи и средби со публиката. Пред настапот во Новаци тие беа дел и од иселеничка забава во Битола, а изминатата недела ја посетија и Охрид, каде што традиционално привлекоа големо внимание од своите обожаватели.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-09.44.03

(Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, еве тече песната „страдаме од нашите душмани“, му рече Силјановски на Јанчев

Јавната дискусија за тоа кој треба да настапува на „Кавадаречки гроздобер“, а која се води меѓу пејачот Спасен Силјановски и градоначалникот на градот Митко Јанчев, продолжува. Откако Јанчев му порача на Силјановски „Дојди во Кавадарци да видиме колку публика ќе донесеш“, пејачот му одговори јавно, преку видео.„Ме омаловажи мене, ја омаловажи македонската естрада. Во позадина тече песната 'Ние страдаме од нашите душмани', една од омоите омилени песни. Јанчев се најде прозван, со обвинувања дека сум ги навредил изведувачките, него и манифестацијата - а тоа не е точно. Не се навредени ниту изведувачите од Србија, ниту нашата манифестација, туку вие ја отсликавте таа слика да личи на Роштилијада, бидејќи поканувате српски изведувачи на македонска традиционална манифестација. Го правите Кавадарци да личи на Врање. Јас сакам да биде побогата, па затоа изнесувам критики. Ја имам таа должност како човек што ја сака својата нација, култура, музика, спротивно од вас!“, рече Силјановски.Пејачот додава: „Да, јас прашав каде сте градоначалник бидејќи ако дојде некој на манифестацијата, ќе се запраша дали е во Лесковец на роштилијада. Ви пропаѓаат обидите да наметнувате реторика дека сум ве навредил вас и манифестацијата“.Силјановски му порача на Јанчев дека ги омаловажува македонските пејачи односно изведувачи.„Ја омаловажувате македонската музика. Вие ги понижувате сите мои колеги, сосе дојените. Тврдите дека вашето место е само за ѕвезди од Балканот. За мене се ѕвезди Васка Илиева и Сариевски. Не знам кои се за вас ѕвезди!“, додаде пејачот.Му замерува и на речникот.„Споменувате бројки, викате 'дојди ти да видиме колку публика ќе донесеш', тоа знаете како звучи: како две првачиња кои викаат 'ајде да се пробаме да се степаме, да видиме'. Толку мизерно звучи. Јас се натпреварувам со сам себе, секоја песна да биде подобра од претходната“, додаде Силјановски.Потоа кажа: „Еве јас да ви го направам кејфот, можеби јас не можам да наполнам.. ама нема ли македонски изведувачи кои не можат да наполнат сцена? Во Македонија, за странците важи 'не играј, не пеј, не свири'!„Викате дека повеќе пари ќе се заработат со тие ѕвезди.. Па повеќе пари ќе се заработи и со 'Кнез Милош' (вид на вода), ете таа за мене е поубава вода.. Зошто само 'Кожувчанка' правите? Зошто да се пие само 'Кожувчанка'? Правите монопол таму каде имате личен интерес, а за националниот интерес - ич не ви е важно. Ако ви дадат Илинден да го организирате.. Што ќе направите, ќе донесете турски пејач? Како што носите српски пејачи во тиквешијата?“, додаде пејачот.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-10.00.23

„Мито Шерифовиќ“ – Камиказа со нова иронична порака до градоначалникот на Кавадарци

Јавна полемика се разгоре меѓу фронтменот на групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Камиказа, и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, поради изборот на музички гости на годинашниот Тиквешки гроздобер.Георгиевски во објава упати остри критики кон Јанчев, обвинувајќи дека градот со десетици илјади евра плаќа балкански ѕвезди чиј настап, според него, не е ни приближно на техничко и креативно ниво како концертот на „Меморија“. Тој потсети дека бендот продал повеќе од 6.000 билети во арената „Борис Трајковски“ и дека на концертот присуствувале луѓе од цела Македонија и дијаспората.„Ниеден концерт на тие ѕвезди не беше ни сличен по техничка опременост и креативна обработка. Тоа што ти си зафатен со правење лимонада и не знаеш што се случува во државата е твој проблем. Меморија плати речиси еден милион денари ДДВ од влезници, пари што вие ќе им ги дадете на соседите,“ напиша Камиказа, додавајќи дека додека Јанчев е градоначалник, „Меморија никогаш нема да настапи во Кавадарци“.Во нова објава, Камиказа со АИ-фотографија напиша „Мито Шерифовиќ“.[caption id="attachment_346614" align="alignnone" width="686"] Screenshot[/caption]

Магазин | пред 5 месеци

ukraina-kiev-1

Бројот на жртви во нападот врз Киев се искачи на 12 – меѓу нив и три деца

Бројот на загинати во масовниот руски ноќен напад врз Киев порасна на 12 лица, соопшти градската воена управа. Меѓу жртвите се и тројца малолетници – двајца тинејџери на возраст од 14 и 17 години и едно дете од само две години.Уште 48 лица се повредени, а бројката би можела да расте бидејќи спасувачките екипи и понатаму пребаруваат низ урнатините во потрага по преживеани.Според украинските власти, ова била една од најсилните офанзиви на Москва досега. Русија за една ноќ испалила вкупно 629 проектили и дронови врз 13 локации ширум земјата – 598 беспилотни летала и 31 ракета.Украинските воздушни сили тврдат дека собориле 563 дрона и 26 ракети, но остатоците од нив предизвикале сериозни оштетувања во Киев и уште неколку региони. На главниот град паднале фрагменти на 26 различни места, уништувајќи станбени објекти и предизвикувајќи бројни жртви.„Ова е уште еден брутален напад на Русија, уште едно уништување на цивилни животи – меѓу жртвите се и деца,“ соопштија воздушните сили, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите.Истовремено, украинската армија информира дека нејзини дронови погодиле две руски рафинерии – Афипската во регионот Краснодар и Кујбишевската во Самара. Локалните власти потврдија дека во Афипската рафинерија изби пожар, но засега нема податоци за обемот на штетата.Руското министерство за одбрана, пак, тврди дека во текот на ноќта пресретнало и уништило 102 украински дрона кои целеле најмалку седум региони во земјата.Последните настани уште еднаш ја покажуваат жестината на конфликтот кој трае речиси две години, со сè почести масовни напади врз цивилни цели и значително зголемување на бројот на жртви.

Свет | пред 5 месеци

kandidati-sk

Шестмина партиски и еден дизајнер како независен кандидат за градоначалник на Скопје

За скопската градоначалничка фотелја веќе се најавени седум кандидатури – шест од партиски редови и една независна. Изборната трка се очекува да биде жестока, со многу аргументи, програмски понуди, но и дезинформации.ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со актуелниот градоначалник на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. СДСМ ја кандидира потпретседателката на партијата и поранешна министерка за животна средина, Каја Шукова. Левица ќе оди со пратеникот Амар Мециновиќ. Коалицискиот партнер во Владата, партијата Вреди, го кандидира Башким Бакиу, директор на Дирекцијата за општи услуги во Клиничкиот центар Скопје. Европскиот фронт на албанските опозициски партии ќе настапи со Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на Народното движење.Од граѓански иницијативи настапуваат „Независни заедно“, поддржани од Шанса за Центар, Зелените за Гази Баба и Групација 389, со кандидатурата на професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ. Како независен кандидат се пријави и професорот по дизајн на Европскиот универзитет, Александар Рашковиќ, кој ја доби поддршката од ТМРО.Списокот сè уште не е затворен – рокот за пријавување е 13 септември, што остава простор за нови кандидатури, а за учество на ливчето за градоначалник доволни се само два потписа. Првиот круг на локалните избори е закажан за 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември.

Скопје | пред 5 месеци

mickoski-za-dui

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави би рекол историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава.“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-rek-bitola

Мицкоски: Честит Голема Богородица, благодарност до рударите во РЕК Битола

Премиерот Христијан Мицкоски, од РЕК Битола упати честитка по повод големиот православен празник Голема Богородица и го одбележа денот на рударите. Тој им посака здравје, среќа и љубов на сите граѓани, истакнувајќи дека празниците се моменти за обединување и духовна сила, кои помагаат да се надминат секојдневните предизвици.Мицкоски со посебна почит се обрати до рударите, кои ги нарече „јунаци“ поради нивната пожртвувана и макотрпна работа во РЕК Битола. „Благодарение на нивната енергија и секојдневен труд, ние имаме енергетска стабилност, а тоа значи и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство,“ рече тој.Во своето обраќање додаде дека е убеден оти мотивацијата и желбата на рударите нема да изостанат и дека во иднина ќе следуваат уште подобри резултати за македонскиот енергетски систем, рударството и економијата во целина. На крајот упати честитка до сите православни верници по повод празникот Голема Богородица и на рударите им го честиташе празникот со традиционалниот поздрав „Среќно“.

Македонија | пред 5 месеци

izet-medziti-1-im

Меџити гo објави мотото за локалните избори - се мтивирал од рок бенд

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, го претстави официјалното мото за претстојните локални избори – „Само за ТЕБЕ Чаир“. Меџити нагласи дека ова не е само изборен слоган, туку искрена посветеност која ја претставува неговата визија и идната работа како градоначалник на општината.На средба со Форумот на жени на ВЛЕН, тој потсети дека Чаир отсекогаш имал значајна улога во општествените, политичките, образовните и културните процеси кај Албанците во Македонија и пошироко. „Ќе го дадеме целото наше битие, целото наше знаење, целото искуство и потенцијал во функција само за Чаир и неговите граѓани,“ истакна Меџити.Инспирацијата за мотото, како што беше посочено, доаѓа од песната „Само за тебе“ на рок-бендот Telex, кој потекнува токму од Чаир, што слоганот го прави уште посимболичен за локалната заедница.

Скопје | пред 5 месеци

novak-dzokovic-4

Ѓоковиќ се жали од марихуаната во Њујорк

Последниве денови неколку тенисери изразија незадоволство од мирисот на марихуана кој се чувствува на терените во Њујорк. Најпрво реагираше Каспер Руд, кој истакна дека „најголемата деградација на турнирот е тоа што сега сè мириса на марихуана, дури и во објектите на самиот турнир“. „Мора да се помириш со тоа, но мене тоа не ми е омилен мирис,“ додаде норвешкиот тенисер.Слично мислење изрази и Новак Ѓоковиќ, кој по победата во второто коло против Зек Свајда им изјави на српските новинари дека мирисот е многу присутен. „Се чувствува, повеќе од било каде! На некого му пречи повеќе, на некого помалку, но јас не сум фан на тој мирис, всушност на тaa смрдеа. Но дозволено е тука и мораш да го прифатиш такво какво е. Се чувствува насекаде, од тренинг до меч,“ рече Ѓоковиќ.

Спорт | пред 5 месеци

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

„Опасен сведок сум“ – Додик за нападите врз него и иднината на Република Српска

Милорад Додик изјави дека Република Српска ќе се позиционира во согласност со правото на самоопределување, нагласувајќи дека нема намера да се откаже од таа цел. Тој порача дека, според него, муслиманските политички кругови сакаат да го елиминираат од политиката, но дека со тоа само ја зацврстуваат позицијата на Србите.„Опасен сведок сум за многумина. Јас сум непланиран настан затоа што успеав да ја сочувам Република Српска 30 години. Затоа се нервозни,“ изјави Додик во интервју за белградска „Политика“, кое целосно ќе биде објавено во утрешното издание.Говорејќи за односите со САД, Додик откри дека имал двочасовен разговор со специјалниот пратеник на американскиот претседател, Ричард Гренел, за тоа како соработката со новата администрација во Вашингтон да биде што подобра.„БиХ е илузија која ја градеа противниците на Трамп. Таа порака мора да стигне до американскиот претседател,“ истакна Додик.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.09.34

Трамп предлага ограничување на престојот во САД за странски студенти и новинари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи ново правило со кое значително ќе се скрати времетраењето на престојот за странски студенти и новинари во САД, како дел од построгата имиграциска политика. Според предлогот, на носителите на студентски визи нема да им биде дозволено да останат во земјата подолго од четири години. За странските новинари престојот ќе биде ограничен на 240 дена, со можност за продолжување за ист период, додека за новинарите од Кина лимитот ќе биде само 90 дена.Досега студентските визи важеле за времетраењето на програмата за која се издаваат, што им овозможуваше на студентите да останат во земјата сè додека трае нивното образование. Предлогот е објавен во официјалниот весник на федералната влада – Federal Register, со што започна краток период за јавни коментари пред тој да стапи во сила.Министерството за внатрешна безбедност во образложението наведе дека претходните влади дозволувале странците да остануваат речиси неограничено, што според нив носело безбедносни ризици, трошоци за американските даночни обврзници и неповолна положба за домашните граѓани.Сепак, статистиките покажуваат поинаква слика. Според податоците на Министерството за трговија, меѓународните студенти во 2023 година придонеле со повеќе од 50 милијарди долари во американската економија. Во академската 2023/2024 година, САД примиле над 1,1 милион странски студенти – повеќе од која било друга земја – при што тие најчесто плаќаат целосна школарина и претставуваат значаен извор на приходи за универзитетите.„Ова предложено правило испраќа порака до талентираните поединци ширум светот дека нивниот придонес не се цени во САД,“ изјави Миријам Фелдблам, раководителка на организација што ги застапува лидерите на американските високообразовни институции.Последниве недели администрацијата на Трамп го засили спроведувањето на имиграциските закони. Средината на август Стејт департментот објави дека од јануари поништил 6.000 студентски визи, а околу 55 милиони носители на визи биле предмет на зголемени проверки.

Свет | пред 5 месеци

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Унгарија ја тужи Европската унија поради користење на замрзнатата руски имот за помош на Украина

Унгарија поднесе тужба против Европската унија поради одлуката приходите од замрзнатите руски средства да се користат за воена поддршка на Украина. Судот на Европската унија ја примил тужбата на 25 август.Спорот се однесува на одлука на Советот на ЕУ со која речиси целокупните камати од замрзнатите руски средства се пренасочуваат кон Украина преку Европскиот инструмент за мировна поддршка. Се проценува дека станува збор за три до пет милијарди евра годишно. По почетокот на руската инвазија, западните земји замрзнаа околу 300 милијарди долари руски државни средства, од кои најголемиот дел се наоѓа во Европската унија.Владата на Виктор Орбан бара поништување на одлуката, тврдејќи дека е донесена спротивно на европското право и дека не е почитувано правото на вето на Унгарија. Будимпешта нагласува дека како земја која не учествува во финансирањето на инструментот не може да биде обврзана од неговите одлуки. Постапката може да трае со години, а во меѓувреме помошта за Украина ќе продолжи преку други механизми.Ова е веќе втора тужба на Унгарија против вакви одлуки, по првата поднесена во јуни 2024 година. Правниот спор се одвива во услови на заострени односи меѓу Киев и Будимпешта, кои дополнително се влошија по украинските напади со дронови врз нафтоводот „Дружба“, преку кој нафтата стигнува и во Унгарија и во Словачка.Од почетокот на војната во 2022 година, Европската унија и земјите членки имаат обезбедено речиси 186 милијарди долари финансиска, воена и хуманитарна поддршка за Украина, од кои 12,8 милијарди преку Европскиот инструмент за мировна поддршка.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-10.39.15

Ефто Пупиноски распали како никогаш досега: Патриоти полупијани вејат знаме, а потоа се креваат на српска шунд музика, ни нема спас!

По јавната полемика меѓу кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, пејачот Спасен Силјаноски и музичарите околу изборот на гости за Тиквешкиот гроздобер, со свој долг и остар коментар се огласи и легендата на македонската музика, Ефто Пупиноски.Во својата објава Пупиноски порача дека темите за одбраната на националниот идентитет преку музиката тој ги отворал уште пред половина век, но секогаш останувал сам. „Сум реагирал, сум укажувал, сум нудел решенија, сум се впуштал во оган и во сите случаи сум останувал сам. Доживував навреди, сопки, клевети и казни, и ја добив етикетата ‘незгоден’,“ пишува тој.Пупиноски нагласува дека најсилната одбрана на националните интереси е создавање и промовирање песни на македонски јазик со национални обележја. „Има ли нешто повредно од тоа? Јас во културната ризница сум внел шест-седум такви песни, сите со милионски прегледи на Јутјуб. ‘Лихнида’ е балкански хит, ‘Туѓа си’ има над 15 милиони прегледи. А вие плаќате шунд од север,“ пишува тој.Тој обвинува дека клучниот проблем е во „македонската проклетија“ – недоволна почит кон сопствените вредности и комплекс на помала вредност. „Нашите патриоти полупијани го вејат знамето и пеат старински песни, а потоа се креваат и на српска шунд музика, плаќајќи им повеќекратно повеќе од македонските пејачи,“ вели Пупиноски.За градоначалниците, како што го спомна Јанчев, тој тврди дека им е важно единствено да ги задоволат вкусовите на гласачите: „Ги заболе за идентитетските и национални интереси – важно е утре да имаат гласачи за нив.“Според Пупиноски, друг сериозен проблем е неорганизираноста на македонската естрада. „Ние официјално во Македонија не постоиме – нема закон, нема синдикат, нема здружение кое ќе ги брани интересите на пејачите. Половина век зборувам дека треба да се организираме, а членството нема интерес,“ нагласува тој, додавајќи дека во западниот свет вакви здруженија функционираат повеќе од сто години.Пупиноски вели дека сите досегашни влади придонеле кон ерозијата на идентитетот, бидејќи медиумите се законски обврзани да емитуваат само 30% македонска музика. „Ало, уште ли не’ има? Уште ли преткаме?“ реагира тој.На крај, Пупиноски заклучува песимистички: „Ни нема спас, затоа што најголемиот проблем е чипот во главата на македонскиот патриот – чипот ‘македонска проклетија’.“Во објавата тој напиша и напомена дека е свесен оти ќе биде навредуван и напаѓан, но, како што вели, тоа е ништо во споредба со „проклетијата што Македонците ја носат од раѓање“.

Магазин | пред 5 месеци

IMG_1271

(Фото) Меџити на турнир во Counter Strike 2 пред Скендербег

Во Чаир, пред споменикот на Скендербег, се одржа голем турнир во Counter Strike 2, настан кој привлече бројна млада публика.Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека турнирот е многу повеќе од забава, оценувајќи го како силен сигнал за потенцијалот на младите во областа на електронските спортови.„Е-спортовите веќе не се само игра, тие се страст, професија и голема можност за меѓународна афирмација. Овој турнир, организиран на барање на младите, е само првиот чекор кон формирање на првиот клуб за електронски спортови во Чаир – клуб кој ќе биде прибежиште за таленти и референтна точка за сите што се воодушевени од е-спортовите,“ изјави Меџити.Тој додаде дека поддршката од Општината за младите нема да изостане и потсети дека голем број таленти од Чаир веќе имаат успеси на меѓународната сцена. Со отворањето на клубот тие ќе добијат нови можности да го претставуваат Чаир и Македонија на светско ниво.„Ние сме со младите и за младите. Чаир е дијамант, а овој дијамант свети со енергијата на нашата младина. Со клубот CS 2.0, Чаир станува епицентар на младинската иновација во е-спортовите,“ нагласи Меџити.Настанот беше претставен како почеток на едно ново поглавје за младите во Чаир – поглавје во кое традицијата и историјата се испреплетуваат со иднината и модерните визии, а општината се афирмира како центар на младинскиот развој во регионот.

Скопје | пред 5 месеци

zgrada-stan

(Фото) Погодено седиштето на ЕУ во Киев по руски напад: загинаа најмалку 10 лица, меѓи кои и дете

Европската унија денеска остро го осуди масовниот руски напад врз Киев, во кој според најновите податоци загинаа најмалку десет лица, а 38 беа повредени. Меѓу погодените објекти е и седиштето на Делегацијата на ЕУ во Украина.Руските сили ноќта изведоа комбиниран напад со дронови и ракети врз украинската престолнина, оштетувајќи станбени и други згради во седум окрузи. Според властите, меѓу загинатите има и едно дете.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот е јасна порака на Москва кон светот во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп вложува дипломатски напори за прекин на војната.„Згрозен сум од уште еден ноќен, смртоносен ракетен напад врз Украина. Моите мисли се со жртвите и со персоналот на Делегацијата на ЕУ, чии простории беа оштетени во овој намерен напад,“ порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.Тој нагласи дека Европската унија нема да се заплаши: „Руската агресија само ја зголемува нашата решителност да бидеме покрај Украина и нејзиниот народ.“И еврокомесарката за проширување, Марта Кос, остро ја осуди агресијата. „Силно ги осудуваме овие брутални напади – јасен знак дека Русија го одбива мирот и избира терор. Изразуваме целосна солидарност со персоналот на ЕУ, нивните семејства и со сите Украинци кои страдаат од оваа агресија,“ напиша таа на платформата Х.Нападот врз цивилна населба и европската делегација во Киев дополнително ја заостри меѓународната осуда кон Кремљ, кој и по речиси две години од почетокот на војната продолжува со масовни воздушни офанзиви врз Украина.

Свет | пред 5 месеци

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Украинските бранители предупредуваат: „Зад Донбас е отворен терен, таму нема одбрана“

Украинските сили во источниот фронт се соочија со едно од најголемите руски пробивања оваа година – напредување од околу 10 километри во близина на Покровск. Малата група снајперисти од 93. механизирана бригада добила наредба итно да се врати на боиштето за да помогне во одбрана на градот, кој бил на чекор до опколување.„Погледнав на картата и не можев да поверувам,“ изјави Стојников, наредник познат под прекарот Шепард. Украинците сепак успеале да ја стабилизираат ситуацијата и да повратат неколку населени места северно од градот. „Можеше да заврши многу лошо,“ додаде тој.Рускиот напад повторно ја истакна важноста на утврдените градови во Донбас. Според воениот портпарол Дмитро Запорожец, северниот дел на Донецката област е заштитен со „појас на тврдини“ – 45 километри урбани центри и мали населби, кои ја прават последната голема линија на одбрана.„Зад тоа има само отворен терен, без индустриски комплекси и без услови за изградба на стабилна одбрана,“ вели Запорожец.Русија постепено се приближува кон Костјантивка, град со 65.000 жители пред војната, и веќе се наоѓа на помалку од 10 километри од него. Доколку падне, ќе биде отворен патот кон Краматорск и Словјанск – најголемите украински упоришта во регионот.Хуманитарците опишуваат драматични сцени. „Последниве недели е многу поопасно,“ изјави Евгениј Ткачев, кој организира евакуации од Костјантивка. Руски дронови и лизгачки бомби редовно ги гаѓаат улиците и возилата, што го прави секое движење ризик.Слична е состојбата и во Краматорск, каде што живеат околу 100.000 цивили. Таму украинските инженери ископуваат длабоки противтенковски ровови и ги подготвуваат урбаните квартови за отпор. „Секоја куќа, секоја зграда може да стане точка на одбрана,“ нагласуваат од армијата.Локалната жителка Тетјана Лухова, која избегала од Донецк уште во 2014 година, повторно ја преживеа трагедијата – нејзината зграда во Краматорск беше погодена, а таа остана повредена од експлозијата. „Што значи да се предаде Донецката област? Не разбирам. Веќе еднаш избегав од Донецк. Не се вратив 11 години,“ изјави таа.И покрај притисокот и растечките загуби, украинските војници и цивили остануваат решителни. За нив, предавањето на Донбас не е само воено прашање, туку прашање на опстанок, идентитет и право на сопствен дом.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-02-28-at-17.04.00

Нови детали: Кавадарчанецот пред казино е убиен со клоци и боксови по глава, се обидел да се скрие внатре, но починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за убиството пред казино во истиот град. Тие се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Тешка телесна повреда со смртни последици“.Според обвинителството, двајца 27-годишници и еден 35-годишник на 27 август, околу 5 часот наутро, најпрво влегле во вербална расправија со жртвата во казино во Кавадарци. Набргу потоа излегле надвор, каде физички го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата. Жртвата се обидел повторно да влезе во казиното, но изгубил свест. Од нанесените тешки повреди подоцна починал.Нема информации за мотивот, иако се шпекулира дека стнаува збор за финансиски обврски кои ги имале убиениот со другите лица.Во рамките на истражната постапка ќе бидат прибрани сите докази и ќе се изврши психијатриско вештачење на осомничените. Доколку се утврди дека постоела свест и намера да му го одземат животот на оштетениот, делото може да биде преквалификувано во убиство.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Како причина беше наведена опасноста од бегство, а на тоа укажува и нивното однесување веднаш по нападот – наместо да се пријават во полиција, тие се повлекле во стан на еден од осомничените. Обвинителството оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и за обезбедување на сите релевантни докази.

Македонија | пред 5 месеци

5be29414-e515-4ec9-acfb-ed0536a6e474

(Видео) Исповед на поранешна заложничка на Хамас: „Ги молев да не ме убијат“

Додека Израелците протестираат низ целата земја барајќи ослободување на преостанатите заложници од Газа, Дорон Штајнбрехер (32) ја раскажа својата голготa од 471 ден поминат во заробеништво на Хамас. Во интервју за Reuters таа истакна дека се надева сите заложници наскоро ќе се вратат дома.„Ги молев да не ме убијат,“ се присети таа, опишувајќи како секој миг минувал во страв за животот. „Сега е најважно да се вратат сите дома. Секоја секунда се во опасност – нема храна, нема вода, санитарните услови се катастрофални,“ додаде Штајнбрехер.Таа била држена во подземни тунели, без светлина и свеж воздух, каде не можела да разликува ден од ноќ. „Во еден од тунелите едвај можев да стојам исправено,“ опиша. Била подложена на постојан психолошки притисок – милитантите ја предупредувале дека ќе биде егзекутирана доколку се приближи израелската армија. Било забрането да покажува емоции, ретко ѝ било дозволено миење, а секој ден морала да моли за малку храна.И покрај тешкотиите, развила блиска врска со другите млади жени што биле со неа во заробеништво. „Во тунелите нè држеше само меѓусебната поддршка,“ раскажа таа.Штајнбрехер беше киднапирана на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изведе напад врз Израел – ден кој остана најсмртоносен од Евреите од Холокаустот па наваму. Во нападот беа убиени 1200 луѓе, а 251 лице беше одведено во Газа.Таа во тоа утро се подготвувала за трчање во близина на својот кибуц Кфар Аза. Кога започнало ракетирањето, се скрила под кревет. „Влегoа вооружени луѓе и пукаа кон креветот – еден куршум замина само неколку сантиметри од мојата глава,“ раскажа. Откако еден од милитантите го кренал душекот, ја откриле и ја одвеле.Штајнбрехер беше ослободена во јануари годинава во рамки на договор меѓу Израел и Хамас. „Имав привилегија да се вратам дома. И тие што останаа ја заслужуваат истата шанса,“ изјави таа, мислејќи на преостанатите 50 заложници, од кои дваесетина се сè уште живи според израелските процени.Во меѓувреме, притисокот врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху расте. Додека демонстрантите секоја недела блокираат улици во Тел Авив и други градови, барајќи договор за ослободување на заложниците и прекин на војната, дел од крајно десните министри му се закануваат со уривање на владата ако конфликтот заврши без целосна победа.Израелската офанзива во Газа досега однесе над 62.000 животи, според здравствените власти во Газа, а во регионот владеат глад и хуманитарна катастрофа. Но, за Дорон Штајнбрехер пораката е јасна: „Сѐ што ми останува е да се молам сите да се вратат живи. Секој од нив заслужува повторно да биде дома.“

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-09.22.20

(Видео) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“ – нов систем за противвоздушна одбрана

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера официјално го инаугурираше интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на Турција, познат како „Челична купола“. На церемонијата во објектите на компанијата Aselsan во Анкара, тој го опиша проектот како „прекретница за земјата и нејзината одбранбена индустрија“.„Ова е показател на силата на Турција. Во противвоздушната одбрана воведуваме ново доба за нашата татковина,“ изјави Ердоган, потенцирајќи дека најновата фаза на проектот вклучува 47 возила во вредност од речиси 400 милиони евра. „Овие системи ќе внесат доверба кај нашите пријатели, а страв кај непријателите,“ додаде тој.„Челичната купола“ претставува интегрирана мрежа која ги поврзува копнените и поморските платформи и сензори за воздушна одбрана, со цел заштита на турскиот воздушен простор. Владата не прецизираше кога системот ќе биде целосно оперативен.Турција и претходно настојуваше да ја засили својата воздушна одбрана, набавувајќи руски системи С-400 во 2019 година. Но тој потег предизвика остра реакција од САД, кои ја суспендираа продажбата на авионите Ф-35 на Анкара, што значително ги наруши одбранбените планови на земјата. Сукобите во Сирија и Украина, како и неодамнешните израелски напади врз Иран, дополнително ја поттикнале Турција да инвестира во домашен систем кој ќе обезбеди самостојна и поефикасна заштита.Покрај новиот систем, Ердоган најави и отворање на нови производствени погони на Aselsan во 2026 година. „Во следните 50 години, Турција ќе биде земја која не само што ги задоволува сопствените потреби, туку и предводи во светот со својата технологија,“ истакна претседателот.Турција со децении вложува во развој на сопствената одбранбена индустрија, особено по ембаргото за оружје наметнато од САД по турската инвазија на Кипар во 1974 година. Новата „Челична купола“ се смета за клучен чекор кон целосна воена самостојност на земјата.

Свет | пред 5 месеци

siljanovska-davkova-4

„Богородица е во храмовите, домовите, но најмногу во нашите срца, да ја надминеме духовната и морална криза и да се вратиме на вистинските вредности“

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до сите православни верници.Во честитката таа посочи дека празникот е силен потсетник за мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности.„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа,“ стои во пораката на Сиљановска-Давкова.Таа нагласи дека култот кон Богородица е сведоштво за непоколебливиот дух и вера, но и за значењето на семејството. „Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца,“ додаде таа, потсетувајќи дека храмовите посветени на Богородица ги посетуваат и верници од други религии.„Очекувам да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности. Нека ни е честит и вечен празникот,“ порача претседателката.

Македонија | пред 5 месеци

Jovica-Jankovik

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание: Нека гласа за минимална плата од 500 евра

„За една година власт ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност. “ , вели Јовица Јанковиќ и додава:Инфлацијата е 4,8% основните трошоци се зголемени за 4.300 денари. Цените во Македонија достигнаа 60% од европскиот просек, додека платите остануваат далеку под нивото, само 35% од европскиот просек. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните осиромашуваат.Ударот врз куповната моќ на граѓаните е резултат на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на сите нивни промашени економски политики. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не испорача никаков резултат а разочарувањето кај граѓаните е огромно штанцаат невистини за Венко Филипче.Очигледно Бојан Стојановски одработува за нечии бизнис интереси штим зборува лаги во кои ниту тој самиот не верува. За катастрофалната економска состојба во која ја доведоа државата се знае кој е крив, тоа е ВМОР-ДПМНЕ и неспособната влада. А Бојан Стојановски може да докаже на дело дека навистина мисли на работниците и на граѓаните, во македонското Собрание.Еве, за почеток нека ги поддржи предлозите на СДСМ за:-зголемување на минималната плата на 500 евра,-укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи,-континуирано покачување на платите во сите сектори.Понатаму, нека ги повика и неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за овие решенија и да побара од неговата влада да се откаже од луксузирањата со парите на граѓаните за папаја и манго. Ќе го направи ли ова Бојдан Стојановски и зошто не?

Македонија | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-27-at-20.27.52_fa29a1d7

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници во уште 11 општини

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ, на која партијата донесе одлука и даде согласност за нови кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата.Кандидатите на СДСМ се:1. Бутел – Оливера Ливриниќ2. Велес – Маја Хеско3. Гевгелија – Миле Атанасов4. Делчево – Дејан Глинџарски5. Демир Капија – Лазар Петров6. Конче – Благој Илиев7. Кратово – Влатко Спировски8. Кривогаштани – Игор Каравиловски9. Македонски Брод – Ивица Стојковски10. Ранковце – Даниел Крстевски11. Старо Нагоричане – Далибор ТрајковскиОд партијата порачаа дека и со овие кандидатури се потврдува подготвеноста на СДСМ да понуди „силни, чесни, квалитетни и докажани личности кои ќе работат во интерес на граѓаните и за напредокот на општините“.

Македонија | пред 5 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Полицаец од Интервентната единица под истрага за поткуп

Против виш полицаец од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е поднесена кривична пријава поради сомневање за давање поткуп, откако, според МВР, посредувал кај колега на ГП Долно Блаце за да не биде евидентиран влезот на македонски државјанин во земјава.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против А.Б. на работно место виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ.Според документираните сознанија, пријавениот во текот на февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник вработен на ГП Долно Блаце, односно понудил и дал поткуп со цел полицискиот службеник да не ја изврши својата службена должност, односно да не евидентира влез во државава на македонски државјанин на ГП Долно Блаце, така што од негова страна евидентиран е турски државјанин.Пријавениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а од страна на Основниот кривичен суд Скопје изречена му е мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно ОВККИПС против А.Б. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.“

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања