Скопје1.мк

gaza-palestina-zname

Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата

Израелските одбранбени сили потврдија дека започнале со првични операции кои се дел од долгорочно планираната копнена офанзива за преземање на градот Газа. Според официјалните информации, израелските војници веќе воспоставиле контрола врз делови од периферијата на градот, вклучувајќи ги областите Зејтун и Џабалија.Портпаролот на армијата изјави дека акциите претставуваат подготвителна фаза за целосно освојување на градот, план кој вчера го одобри министерот за одбрана Израел Кац, а оваа недела треба да биде претставен и пред безбедносниот кабинет на израелската влада. За оваа операција во септември беа мобилизирани околу 60.000 резервисти за да го поддржат активниот воен персонал.Од друга страна, Хамас го обвини Израел дека намерно го блокира постигнувањето договор за прекин на огнот, со цел да продолжи, како што велат, „брутална војна против цивилното население“. Во нивната реакција се наведува дека Тел Авив го игнорирал најновиот предлог на медијаторите за ослободување на заложниците и дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е „главната пречка за било каков договор“.Палестинските медиуми јавуваат дека жителите на Газа веќе масовно ја напуштаат својата територија, стравувајќи од голема офанзива. Очекувањата се дека стотици илјади луѓе ќе добијат наредба да се евакуираат кон јужниот дел на Појасот Газа, каде се подготвуваат привремени засолништа.Планот на Израел предизвика осуда и кај неговите сојузници. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека ваквиот потег може да доведе до „катастрофални последици за двете страни и да ја вовлече целата регија во нов циклус на војување“.Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пак, соопшти дека новите раселувања и засилувањето на борбите ќе ја влошат веќе тешката хуманитарна состојба на 2,1 милиони жители на Појасот Газа.Израелската влада уште минатиот месец ја објави намерата да го стави под целосна контрола целиот Појас Газа, откако пропаднаа индиректните преговори со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници.

Свет | пред 5 месеци

Sasko-Kedev-i-Ganka-Cvetanova-1-bg-na

Иако не ја посочи, „Систина“ најави тужба против Кедев, Министерството со вонредни надзори

Остри реакции ја потресоа здравствената сфера откако Клиничката болница „Аџибадем Систина“ најави тужба против кардиологот Сашко Кедев. Повод се неговите тврдења дека во приватни болници се изведуваат непотребни интервенции заради профит.„Најголем дел од мојата консултативна работа е да ги одвратам луѓето од непотребни интервенции. Се соочуваме со непотребни постапки во приватни установи, кои се профитно ориентирани. Имаме докази дека одредени центри би требало да се затворат од медицински аспект“, изјави Кедев пред неколку дена во гостувањето на Канал 77, додавајќи дека такви практики во други земји би биле строго санкционирани.Од „Аџибадем Систина“ возвратија со соопштение во кое ја потенцираат својата репутација како установа со 25-годишно искуство и мултидисциплинарен тим од 260 доктори.„Како и во нашата првична реакција, така и сега потсетуваме дека во спорната емисија беше спомната нашата клиничка болница, иако д-р Кедев не прецизираше на кого мисли. Затоа и побаравме тој да проговори директно и отворено, бидејќи тоа е најдобриот начин и тој лично да го сочува својот висок професионален углед, што ние искрено го почитуваме. Паушалните изјави ќе го загрозат и неговото реноме, како што го повредуваат и угледот на нашата клиничка болница, спомната во контекст на овие изјави. Д-р Кедев вели дека има докази за она што го тврди, ние силно веруваме во тоа и очекуваме јавно да ги соопшти. Сите одлуки за третман се носат врз основа на медицински индикации и највисоки етички стандарди“, наведуваат од болницата и предупредуваат дека доколку Кедев не прецизира за која установа се однесуваат неговите тврдења, ќе биде поднесена тужба за клевета и нарушување на угледот.Министерството за здравство најави итни и вонредни инспекциски надзори за да се проверат сите наводи.„Здравствениот систем се темели на доверба и професионални стандарди. Одлуките за лекување мора да бидат засновани на клинички индикации, а пациентите имаат право на второ стручно мислење“, се наведува во соопштението.Министерот Азир Алиу додаде дека дигитализацијата преку „Мој Термин“ ќе овозможи транспарентна размена на информации меѓу јавните и приватните установи, што ќе обезбеди поголема контрола на можните злоупотреби и на финансиските средства.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-21-at-09.11.52

Јелена Карлеуша побара државно одликување: „Јас сум мајката на ЛГБТ правата на Балканот“

Пејачката Јелена Карлеуша со обемен статус на социјалните мрежи изјави дека никој друг на Балканот не направил толку за ЛГБТ заедницата колку што направила таа.„Цели генерации беа под мојот чадор и од мене црпеа сила да ја кренат главата и да се борат за своите права. Моја децениска борба им даде видливост и храброст. Јас сум мајката на човековите права за ЛГБТ заедницата“, напиша Карлеуша.Таа додаде дека нејзиниот придонес заслужува многу повеќе од симболична титула „кума на Парада на гордоста“ и побара државно признание – орден за човекови права.„Она што го направив јас не го направил никој. Тоа не заслужува титула, туку државно одликување“, истакна пејачката.Интересно, најсилната критика Карлеуша ја упати токму кон дел од ЛГБТ заедницата. Според неа, по падот на настрешницата и масовниот медиумски линч врз неа и нејзиното семејство, најголемиот напад дошол од геј уредници, активисти и припадници на шоу-бизнисот.„Од нив добив најсилна омраза, таргетирање и обесмислување на мојата борба. Тоа беше колективен напад на личноста, нешто што во модерното општество се нарекува атентат на индивидуата“, изјави таа.Карлеуша ги спомена и имињата на други јавни личности кои биле поврзувани со Прајдот, но ги оцени како „небитни и смешни“ во споредба со нејзиниот придонес.„Никакви Оливери, Зејни или Бојани не треба да бидат куми на Прајдот, бидејќи тие не се релевантни. Во споредба со мојот ефект – тие се засекогаш смешни“, порача таа.Пејачката заврши со став дека нападите врз неа се дел од „политички тренд“, но дека нејзината улога и придонес ќе останат врежани во историјата: „Многумина сакаат да го ‘убијат сведокот’ на нивната сопствена минатост, но тоа нема да им појде од рака“, напиша Јелена Карлеуша.

Магазин | пред 5 месеци

skopski-aerodrom

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авион

Основното јавно обвинителство ГОКК отвори истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, откако на 16 август преку бројот за итни повици 192 упатило лажна закана за поставена бомба во авион на релација Скопје–Анталија.По добиената дојава, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи и извршена повеќечасовна проверка, со која било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Инцидентот предизвикал чувство на страв кај патниците и сериозно го нарушил воздушниот сообраќај.За обвинетиот е одобрен 30 дневен притвор.

Македонија | пред 5 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-20-at-21.43.58_a1700c48

Мајката на Ивона Антова: „Немаме душа за вашата злоба, ја носиме најголемата болка“

Мајката на загинатата Ивона Антова, една од младите жртви во трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, јавно реагираше на социјалните мрежи по коментарите и шпекулациите што кружат во јавноста. Стојка Иванова Антова упати потресна порака во која зборува за семејната болка и за односот на дел од јавноста кон нивната трагедија.„Да, вистина е – ја изгубивме нашата единствена ќерка, нашата Ивонче. Тоа е најтешкото нешто што може да му се случи на човек. Болка што не се кажува со зборови, живот што ни згасна, иднина што ни ја украдоа. А вие зборувате за џип, мотор, пари… Зарем мислите дека тоа може да ја замени нашата Ивонче?“, напиша таа.Антова нагласува дека семејството со години штедело за иднината на нивната ќерка, за студии, диплома и семеен живот кој никогаш нема да се оствари.„Џипот што ви боде очи беше нејзина желба, а моторот е на кредит – за нејзиниот татко барем малку да ја олесни болката и лутината. Што знаете вие што е кога ќе останеш со празна соба и тишина што убива?“, додава таа.Мајката истакна дека по трагедијата единствена помош добиле од хуманитарната организација во износ од 1.520 евра и од Црвениот крст 300.000 денари, средства кои, како што вели, стојат недопрени.„Затоа – оставете нè. Доста ни е. Ние си ја носиме најголемата болка. А вие – живејте со вашата злоба, ако тоа ве прави ‘среќни’“, порачува Антова во нејзината објава.

Македонија | пред 5 месеци

zelenski-putin

CNN: Кремљ ја отфрли можноста за средба Путин–Зеленски

И покрај сигналите од Вашингтон за можен директен состанок меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега го отфрла тоа сценарио. Според CNN, рускиот претседател не е подготвен – а можеби никогаш и нема да биде – да седне на иста маса со својот украински колега.По најавите од Белата куќа за идеја за билатерален состанок, Кремљ веднаш ги спушти очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека било разговарано за можност за „подигнување на нивото“ на руската и украинската делегација, но не и за средба на самите лидери.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, додаде дека Москва „не одбива ниту еден формат на работа“, но предупреди дека состаноци на највисоко ниво мора да се подготват „со исклучителна внимателност“.За Путин, Украина не е независна држава, туку дел од „руската историја и култура“. Затоа, за аналитичарите, средбата со Зеленски би претставувала признание на неговата легитимност – нешто што Кремљ систематски го негира.„Тоа би било пораз за Путин, затоа што би морал да седне со претседател кој, според неговата реторика, е само ‘шегобиец’ од земја што тој не ја признава“, вели Ориша Луцевич од тинк-тенкот Chatham House.Аналитичарката Татјана Становаја од Carnegie Russia Eurasia Center вели дека Путин гледа кон Доналд Трамп како главен посредник. Според неа, Москва очекува САД да го притиснат Киев да попушти во однос на териториите.Зеленски досега ги отфрли таквите сценарија. Сепак, Русија би можела да предложи нови преговори во Истанбул, но со делегации на повисоко ниво, наместо со самите претседатели.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „иницирал подготовки“ за средба Путин–Зеленски, но потоа призна дека конечната одлука е кај самите лидери.Во меѓувреме, Москва нема причина за брзање: Путин веќе доби самит со Трамп на Алјаска, американската страна се повлече од условот за примирје пред преговори, а санкциите стивнаа. На терен, Русија ја интензивира офанзивата – само во понеделник лансирајќи 270 дронови и 10 ракети кон украински градови.Како што заклучува CNN, единствената непозната сега е – кого Трамп ќе обвини ако иницијативата пропадне.

Свет | пред 5 месеци

siena-pariz

Франција: Во Сена пронајдени четири тела, уапсен осомничен за убиство

Француската полиција уапси маж кој се сомничи за убиство, откако во реката Сена кај Париз беа пронајдени четири тела, пренесува BBC.Првото тело било забележано на 13 август од страна на минувач кај мостот во предградието Choisy-le-Roi, југоисточно од Париз. Истата вечер, полицијата при претрес на подрачјето пронашла уште три тела во водата. Според обвинителството, една од жртвите била задавена, а кај друга биле утврдени траги од насилство.Првата идентификувана жртва е локален маж на 40-годишна возраст, чието тело било релативно кратко време во водата. Останатите три тела, пак, биле во „напредна состојба на распаѓање“.Обвинителството соопшти дека засега нема докази дека четворицата се поврзани. Можно е телата да биле потопени на различни локации узводно, по што Сена ги донела до мостот кај Choisy-le-Roi.Осомничениот е во притвор во Париз, но засега не е објавен неговиот идентитет ниту бројот на убиствата за кои се испитува.

Свет | пред 5 месеци

53a9663d-c7d7-49b5-9fd6-b556f774a5e5

(Видео) Телескопот Џејмс Веб откри нова месечина околу Уран

NASA соопшти дека е откриен нов, мал сателит кој орбитира околу Уран. Месечината, со дијаметар од околу десет километри – големина еквивалентна на 90 фудбалски терени – за првпат била забележана на 2 февруари преку вселенскиот телескоп James Webb. Со ова откритие, бројот на познати месечини на седмиот планета од Сонцето се зголеми на 29.„Ниту една друга планета нема толку многу мали месечини како Уран“, вели Метју Тискaрено, виш истражувач во Институтот SETI и член на научниот тим. Тој додава дека „сложената врска“ меѓу месечините и прстените на планетата укажува на хаотична еволутивна историја на Уран.Новата месечина се наоѓа на околу 56.000 километри од центарот на планетата и има речиси кружна орбита. Се уште се прават дополнителни набљудувања за да се потврди нејзината точна големина и карактеристики. Името ќе го одобри Меѓународната астрономска унија, во согласност со традицијата сите уранови сателити да ги носат имињата од Шекспир и Александар Поуп.„Тоа е мал месец, но големо откритие – нешто што дури ни мисијата Voyager 2 не успеа да го види пред речиси 40 години,“ изјави научничката Маријам ел Муотамид од Southwest Research Institute.Voyager 2, кој прелета покрај Уран во 1986 година, обезбеди први детални фотографии од планетата и откри два нови прстени и 11 месечини. Но, поради својата микроскопска големина, најновата месечина останала невидлива за неговите камери.Научниците нагласуваат дека ова откритие е доказ како современата астрономија продолжува да ги надградува наследствата на старите мисии. „James Webb ни овозможува да видиме повеќе и подалеку – и да ја откриваме динамиката на вселената со невидена досега прецизност,“ заклучуваат од NASA.

Магазин | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Макрон: Израелската офанзива врз Газа може да доведе до вистинска катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека планираната израелска воена офанзива врз Газа може да предизвика „вистинска катастрофа“ – и за Израелците и за Палестинците – со ризик целиот регион да биде втурнат во „постојана војна“.Макрон изјави дека разговарал со јорданскиот крал Абдула II и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, истакнувајќи дека тројцата лидери делат убедување оти единствено политички и хуманитарен пат може да стави крај на конфликтот.„Веруваме дека само следниот процес може да го прекине овој војна: воспоставување траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, масовна достава на хуманитарна помош за народот во Газа и разоружување на Хамас, паралелно со зајакнување на Палестинската самоуправа во појасот Газа,“ напиша Макрон на социјалната мрежа X.Тој повика и на распоредување на меѓународна стабилизациска мисија во Газа, како и на работа на политичко решение кое ќе одговори на стремежите и на Палестинците и на Израелците.Макрон потсети дека Франција заедно со Саудиска Арабија ќе копретседава со меѓународната конференција за решението „две држави“ во септември во Њујорк.„Ова е единствениот кредибилен пат за семејствата на заложниците, за Израелците и за Палестинците,“ нагласи тој, додавајќи: „Не на војната – да за мир и безбедност за сите.“

Свет | пред 5 месеци

filip-andov

Му судат на ексдиректорот на затворот во Шутка, тој вика: Не сум прекршил закон, полицајците правилно си работеле

Се одложи судењето за случајот против поранешниот директор на Затворот „Скопје“ Филип Андов и против повеќе полициски службеници, обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување.Обвинителството ги товари дека во 2024 година дозволувале осуденици да бидат спроведувани до нивните домови и други локации за приватни потреби.Рочиштето беше одложено по барање на одбраната, за да изврши увид во доказите. На следното судење обвинетите ќе треба да се изјаснат дали се чувствуваат виновни.Андов пред новинарите изјави:„Во моето работење, во три и пол години како директор на затвор ‘Скопје’, во ниту еден случај не сум го прекршил Законот за извршување на санкции, ниту сум ја повредил безбедноста на затворот. За затворската полиција можам да кажам дека целосно правилно си ја имаат извршено задачата и безпотребно се обвинети.“

Скопје | пред 5 месеци

alen

Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ, кој починал по 12 дена поминати во кома, јавно апелира за правда и обвинува дека институциите молчат.„Кажете кој е тој што го усмрти мојот син единец, Ален Чириковиќ. Никој не пишува, ниту се обраќа. Јас сум мајка. Ако нема правда, јас ќе пресудам,“ порача таа.Хаџибулиќ вели дека трагедијата се случила на 9 мај, кога нејзиниот син паднал во кома. По 12 дена, на 21 мај, семејството го погребало, но, според неа, случајот не добил никакво внимание од надлежните институции.„За сите дигнавте фама, а што сум јас? Сè ќе дадам за мојот син единец, тој што шета слободен. За Фросина и Југослав дигнавте сè на нозе, јас цело Скопје ќе го дигнам,“ додаде таа.Во својата порака мајката нагласува дека има доверба во медиумите, но и дека ова е „последен пат“ кога им се обраќа: „Јас правда ќе превземам, пошто сите ќутат. Немам што да изгубам, го изгубив најмилото.“Апелот на Слаѓа Хаџибулиќ беше објавен од 4NEWS.mk, откаде ја пренесоа нејзината порака.фото: ФБ

Скопје | пред 5 месеци

karpos-skopje

Прекин на струја во „Карпош 4“ – градежни работи оштетиле кабел!

Жителите на скопската населба „Карпош 4“ денеска се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија.Од ЕВН Македонија за „Скопје1“ објаснија дека дефектот е предизвикан од искинат среднонапонски кабел. Кабелот бил оштетен од страна на друг субјект кој изведувал градежни работи за свои потреби.„Екипите на Електродистрибуција се веќе упатени на терен за санација на дефектот“, велат од компанијата.

Скопје | пред 5 месеци

policiska-lenta

Двајца мажи пронајдени мртви во Скопје и околината, телата дадени на обдукција

Во магацин на фирма во село Чојлија и во дом на подрачјето на Кисела Вода биле пронајдени починати двајца мажи на возраст од 39 и 50 години. Во двата случаи лекарите констатирале смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција.На 19.08.2025 во 17:49 часот во СВР Скопје било пријавено дека во магацин на приватна фирма во с.Чојлија, општина Петровец, бил пронајден починат вработениот М.А.(39) од с.Ржаничино, скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.Денеска (20.08.2025) во 01:20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот во кој престојувал на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат И.Н.(50) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението на МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Нема фотографија

Децата од ВП Дом Тетово учеа за љубов кон животните преку работилница со Војо Иванов

Децата од Воспитно-поправниот дом Тетово имаа несекојдневна дружба со животни преку работилница на едукаторот Војо Иванов. Активноста им овозможи да научат повеќе за односот кон животните и природата, но и да развијат емпатија, доверба и позитивни искуства кои се дел од нивната ресоцијализација.Во рамки на проектот "Зајакнување на човековите права и услуги за децата и ранливите лица во ризик во затворени институции", финансиран од Европската Унија, Хелшинскиот комитет организираше посета на ВП Дом Тетово.Децата учествуваа во работилница со едукаторот Војо Иванов за односот кон животните и природата, кој преку дружење со животни придонесе за нивна анимација, емпатија и позитивно искуство.Овие активности се важен дел од ресоцијализацијата и рехабилитацијата, поттикнувајќи ја довербата, социјалните вештини и емоционалната благосостојба на децата.

Македонија | пред 5 месеци

crtez

Алексеј заврши во руски затвор поради антивоен цртеж на ќерка му, Германија му ја одби визата

Алексеј Москалјев и неговата ќерка Маша, кои избегаа од Русија откако тој беше затворен поради нејзиниот антивоен цртеж, се соочуваат со нова неизвесност. Германија, земјата каде што се надеваа дека ќе најдат безбедно засолниште, го отфрли нивното барање за хуманитарна виза, суспендирајќи ја програмата за руски дисиденти. Нивната судбина, како и онаа на стотици други противници на режимот на Путин, сега е под знак прашалник, објавува Euronews.Приказната започна со цртеж од тогашната шестоодделенка Маша Москалев. На него беше прикажано светло сонце, украинско знаме и женска рака која се штити од руски ракети, со слоганот „Не за Путин, нема војна“. Цртежот стана вирален, но имаше сериозни последици за семејството. Самохраниот татко Алексеј помина речиси две години во затвор поради „дискредитирање на руската армија“. По неговото ослободување, тие успеаја да избегаат во Ерменија, земајќи го само цртежот со себе.Во Ерменија, вели Алексеј, тие нашле гостопримство. „Добронарни луѓе, прекрасен град“, вели тој за „Еуроњуз“, додавајќи дека жителите на Ереван понекогаш ги препознаваат и им нудат поддршка. Сепак, чувството на безбедност е кревко. „Во Ерменија има руска воена база“, објаснува Алексеј. „Имало обиди за киднапирање на непожелни луѓе, руски опозиционери... А потоа има и гонење и затворање“.Германија ги затвора своите вратиСо надеж за нов почеток, семејството Москалев аплицираше за хуманитарна виза во Германија. За разлика од азилот, таквата виза би им овозможила веднаш да почнат да работат и да се интегрираат во општеството. Сепак, следеше шок. Германското Министерство за внатрешни работи ја суспендираше оваа програма.Портпаролот на министерството потврди за „Еуроњуз“ дека целта на сегашната влада е „колку што е можно повеќе да ги прекине доброволните федерални програми за прифаќање“. Тој објасни дека „прифаќањата според Законот за престој, кој дозволува влез од политички причини, најчесто се суспендирани“. Иако постојат исклучоци за итни случаи, одлуката е исклучиво на министерството.Алексеј беше шокиран: „Се обративме кон земја која е поврзана со демократијата, слободата на говорот. Се обративме не толку за помош, колку за заштита од тиранијата што се случува во мојата земја, од диктаторскиот режим, од репресијата што ме прогонува мене и мојата ќерка“.За семејството Москалјев, враќањето во Русија не е опција. Алексеј се сети на зборовите на еден разузнавач за време на неговото последно испрашување: „Ќе бидете под надзор до крајот на животот. Често ќе ве посетуваме. Никогаш нема да ви дадеме мир“. Заканите брзо се остварија. Денот по нивното ослободување од затвор, полицијата се обиде да влезе во нивниот дом, по што активистите ги советуваа веднаш да ја напуштат земјата.Додека чекаат исход од ситуацијата со Германија, Франција се споменува како можна алтернатива. Сепак, Париз ја заострува и својата миграциска политика поради страв од руска шпионажа. Иако прифаќа дисиденти, процесот е неизвесен.

Свет | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Македонија заштеди 115 милиони евра, нема отворање на рудникот „Казандол“

Македонија извојува победа во арбитражната постапка за раскинатата концесија за рудникот „Казандол“, со што државата избегна оштетно побарување од 115 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека добиената арбитража значи и потврда дека рудникот нема да се отвори.„Ова е втора арбитража што ја добива оваа влада и очекуваме уште најмалку две во периодот што следи“, изјави Мицкоски, додавајќи дека државата мора да истражи зошто во минатото сите арбитражи се губеле, а сега се добиваат.Тој потсети дека сопствениците на концесијата ја тужеле Македонија со образложение дека им е предизвикана штета и изгубен профит поради раскинувањето на договорот за „Казандол“. „Тужбеното барање беше 115 милиони евра. Тие изгубија и тоа значи дека повеќе немаат концесија“, рече премиерот.Во врска со шпекулациите, Мицкоски беше дециден дека по завршената арбитража не постои можност повторно да се отвори рудникот. „Не е вистина дека компанијата, иако ја изгуби постапката, ќе добие дозвола за работа. Тоа се конструкции и обиди за манипулација од кругови кои не ѝ мислат добро на Македонија и на граѓаните“, нагласи тој.

Македонија | пред 5 месеци

orce-kiselavoda-4

Орце Ѓорѓиевски отвори платформа – граѓаните ќе предлагаат проекти за иднината на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце, најави дека изборната програма ќе се креира преку отворена платформа со идеи и предлози од граѓаните. Тој порача дека секој предлог е важен и дека токму преку заедничко учество може да се изгради европска метропола во која младите ќе гледаат иднина, семејствата сигурност, а возрасните достоинствен живот.Биди гласот на Скопје – твојата идеја за европска метропола!Почитувани сограѓани, Скопје отсекогаш бил град на надежта, град на соништата и град на луѓе со големи срца. Денес, пред нас стои предизвикот повторно да му го вратиме сјајот и достоинството што го заслужува. Тоа нема да го направи еден човек, туку тоа ќе го направиме заедно – со вашите идеи, предлози и визии.Како човек од народот кој верува дека вистинската сила е токму во народот, победничката програма ќе ја пишуваме со вас – на улиците, во маалата, во секоја населба, но и преку оваа отворена платформа. Изработивме специјален QR-код кој директно ве поврзува со платформата (web страница) за да ги напишете вашите предлог-идеи и проекти.Истиот може да се најде и во локалите и на сите фреквентни места низ градот. Вашата замисла може да стане дел од големата преродба на Скопје. Секоја идеја е важна, секое мислење е вредно. Затоа, заедно ќе изградиме град кој ќе блесне како европска метропола, град во кој младите ќе гледаат иднина, семејствата ќе имаат сигурност, а возрасните достоинствен живот.Сплотени, мотивирани и одлучни, ќе работиме до последниот атом за Скопје да стане град со кој сите ќе се гордееме. Ова е нашата заедничка шанса да ја испишеме историјата и да му подариме на нашиот град нова ера на развој и просперитет.Ова е град на сите нас – на сите кои го сакаат, го живеат и го чувствуваат, напиша тој во објавата на ФБ.

Скопје | пред 5 месеци

deskoski

Професорот Дескоски за случајот „Казандол“: Голема победа за државата и позитивен сигнал за инвеститорите

Универзитетскиот професор Тони Дескоски во објава на Фејсбук ја објасни правната позадина и значењето на арбитражната постапка за случајот „Казандол“, во која Македонија доби позитивна пресуда. Тој нагласува дека ваквиот исход е резултат на сложена работа на адвокатски тимови и експерти, со ангажман и на меѓународна адвокатска фирма специјализирана за инвестициска арбитража. Дескоски посочи дека оваа арбитража е една од петте покренати против државата во последните години, при што сите завршиле во корист на Македонија, што претставува значаен сигнал за странските инвеститори и показател за стабилноста на правниот систем.Вчера беше објавена големата победа на државата во инвестиционата арбитража за одземената концесија за рудникот Казандол. Победата не е случајна, туку е резултат на долготрајна и макотрпна работа на огромен тим составен од адвокати и правници, но и на агажираните вешти стручни лица од најразлични области. Ангажманот на најреномираната меѓународна адвокатска фирма за инвестициска арбитража White &Case, сам по себе говори за сериозноста на пристапот на државата во овој случај.Инвестициската арбитража е инструмент создаден од богатите западни земји, со цел на своите инвеститори да им овозможат директна арбитражна заштита против арбитрерното постапување на странските држави во кои го вложуваат својот капитал. Стана посебно актуелна по бранот на национализации и експропријации на претпријатија со странски капитал по успешните социјалистички револуции во ХХ-от век и извојуваната слобода на бившите колонии. Преку инвестициската арбитража богатите земји кои извезуваат капитал се ослободуваат од товарот од дипломатска интервениција (примена на најразлични видови на притисок) кон земјите каде е загрозен тој капитал, а земјите во кои е инвестиран капиталот добиваат можност во правораздавачка постапка, на рамна нога со странскиот инвеститор да се одбранат, односно да докажат дека нивните органи не постапуваат арбитрерно.На Правниот факултет, јас го воведов предметот Инвестиционо право, каде што се изучуваат сегментите за заштитата на странските инвестиции, а посебно за инвестициската арбитража. Инвестиционата арбитража има една карактеристика која е посебно незгодна инструмент за земјите увознички на капиталот, а тоа е целосното преиспитување на постапките на нивните државни органи од страна на независни лица – арбитри. С. Македонија е земја увозничка на странски капитал и уште по независноста правилно се определи за отворена економија, но и за склучување на билатерални инвестициски договори со голем број на водечките економии во светот, но и со најзначајните економски партнери.Инсвестициската арбитражата за концесијата Казандол произлезе токму од еден таков билатерален договор, оној со Украина од 1998 година. Таа е една од петте инвестициски арбитражи кои беа покрената против Република Македонија во еден краток (Кунико за Фени, Блажо Тасев за САСА, Бинаниеви за Тораница, Артем Скубенко и др. за Казандол и Гама Гуч за Те-ТО), а кои сите завршија во полза на државата.На страната на Украинските инвеститори кои тврдеа дека арбитрерно им е раскинат концесискиот договор од Владата беше адвокатски тим предводен од Чери Блер, сопругата на поранешниот Британски премиер Тони Блер. Меѓу бројните ангажирани вештаци-експерти од нивната страна беа и две професорки од Правниот факултет во Скопје, Гордана Лажетиќ и Родна Живковска. Очигледно ни тоа не помогна за да се докажат тврдењата за арбитрерно постапување на државата спрема украинските инвеститори. Пресуди арбитражен совет предводен од врвен Англиски адвокат Али Малек, но во советот беа и две величини на инвестициската арбитража, Станимир Александров, ангажиран од тужителите и Јан Паулсон, ангажиран од тужената држава.Победата во инвестициската арбитража за Казандол, но и победите во другите инвестициски арбитражи државата треба да ги искористи за промоција на С. Македонија како безбедна дестинација за странските инвеститори. Секако, и Правниот факултет може да се пофали со ангажманот на своите професори на страната на државата

Македонија | пред 5 месеци

rocista

Предметот „Адитив“ добива продолжение – судот одобри обвинение, нови тројца под истрага!

Советот за оцена на обвинителен акт го одобри обвинението против Б.Н. во предметот „Адитив“, отфрлајќи ги приговорите на одбраната. Истовремено, поднесен е и обвинителен предлог против уште три лица за „оддавање службена тајна“, соопшти Кривичниот суд.Како што велат оттаму, советот за оцена на обвинителен акт со КОК ООА 47/25 против Б.Н. за кривичните дела од чл. 394, чл. 275-в и чл. 273 од КЗ поднесен како продолжение на истрагата во предметот познат како „Адитив“, донесе решение со кое приговорите на обвинетиот поднесени преку неговите бранители се одбиваат а обвинителниот акт се одобрува во целост.Заедно со конкретниот обвинителен акт, до судот од страна на ОЈО ГОКК беше поднесен и обвинителен предлог против Б.П.М., Т.Д. и М.С. за кривичното дело од чл. 360 од КЗ – Оддавање службена тајна,кој предлог не подлежи на оцена, како и предлог за спојување на обвиненијата со предметот познат како „Адитив“ за кое барање дополнително ќе се одлучува.

Македонија | пред 5 месеци

48062922_2255007034783062_3077521114725875712_n

Кривична за вработен во „Национални шуми“ – оштетил претпријатието за над 500.000 денари

Против 58-годишен вработен во подрачното шумско стопанство „Јабланица“ – Струга е поднесена кривична пријава, откако издавал испратници без одобрение за сеча и на тој начин нанел штета од 506.850 денари на ЈП „Национални шуми“ и на буџетот на државата.-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ - Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист. Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.

Македонија | пред 5 месеци

thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Реакции од Украина: „Ако има размена на територии, дајте ни мапа на Русија“

Кога европските лидери се собраа во Белата куќа за да ја вратат иницијативата по самитот на Доналд Трамп во Алјаска со Владимир Путин, тие се потпираа на аналогија: отстапувањето на украинскиот суверенитет над делови од источна Украина на Русија би било како САД да ја предадат Флорида.„Руското барање Украина да отстапи делови од Донбас би било, едноставно кажано, споредливо со барањето САД да се откажат од Флорида“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц на прес-конференција по состанокот.За да го зајакнат аргументот на Украина, помошниците на Володимир Зеленски донесоа мапа во Овалната соба што Трамп ја опиша како „брилијантна“, објави Фајненшл тајмс.Мапата требаше да послужи како проверка на реалноста за американскиот претседател, покажувајќи фронтова линија од 1.300 км што минува низ Украина и процентот на секој од петте региони окупирани од Русија. Но, во Украина, сликата на Трамп и Зеленски како разговараат пред мапата ги зголеми загриженостите за територијалните отстапки.„Гледајќи го тоа, се чувствував крајно загрижена“, рече Дарија Каленјук, директорка на Центарот за борба против корупцијата со седиште во Киев: „Доналд Трамп зборуваше за територијална размена, па се прашував зошто не е прикажана мапа на Русија ако има територијална размена“.Претседателот на САД инсистираше пред самитот во Алјаска дека завршувањето на војната може да бара „некаква територијална размена“. Во Анкориџ, Путин потоа побара Украина да се повлече од целиот регион Донецк и Луганск како услов за мир. Тоа предизвика тревога во Украина, иако Зеленски и други политичари брзо негираа дека некогаш би се согласиле на такви отстапки.„Имаме црвени линии: никакво ограничување на нашиот суверенитет, никакво признавање на која било украинска територија како дел од Русија и одбивање да се отстапи територија што Русија сè уште не ја окупирала“, рече Јехор Черњов, пратеник од партијата на Зеленски и заменик-претседател на Комитетот за одбрана и разузнавање на парламентот.За украинското раководство, отстапувањето на нова територија не е само политички експлозивно; тоа се смета и за подготовка на сцената за понатамошна руска агресија. Повлекувањето од утврдениот дел од Донецката област што украинските сили сè уште го држат би имало широки воени последици, велат аналитичарите и војниците.„Тоа би било катастрофа“, рече Павло Нарозни, воен аналитичар и раководител на организацијата „Реактивна пошта“, која поддржува артилериски единици. Руската војска, рече Нарозни, би можела веднаш да фрли лизгачки бомби врз Дњепропетровската област и да го загрози индустрискиот центар Запорожје и од исток и од југ.

Свет | пред 5 месеци

polska

(Видео) Непознат објект се урна во Полска, неофицијално тоа е руски борбен дрон

Неидентификуван објект синоќа се урнал во поле со пченка во градот Осини во округот Луков, во полскиот регион Лубелшчизна. Полицијата на местото на настанот пронашла јагленисани метални и пластични остатоци. Според неофицијални информации добиени од полскиот весник „Жечпосполита“, најверојатно станува збор за дрон „Шахед“, кој Русија го користи во војната против Украина.Полицијата добила пријава за експлозијата во 2:22 часот наутро. „Пронајдовме место во полето со пченка каде што можел да експлодира непознат објект. Пронајдовме јагленисани делови од различни големини, расфрлани во радиус од неколку десетици метри“, изјави за TVN24 Марчин Јозвик, портпарол на полицијата во Луково.Експлозијата била толку силна што прозорците на три блиски куќи биле скршени. За среќа, никој не е повреден. Полицијата го обезбедила подрачјето и собира расфрлани елементи. „Теренот е изгорен, но нема кратер од удар“, додаде Јозвик. Зенон Писиевич, командант на Државната противпожарна служба во Луков, изјави дека нема потреба од гаснење на пожарот.Полската оперативна команда објави дека радарите не регистрирале никакво нарушување на полскиот воздушен простор ниту од украинската, ниту од белоруската страна синоќа.„Информациите за пронајдениот предмет, кој според првичните проценки може да биде дел од стар мотор со пропелер, беа проследени до Центарот за воздушни операции. Сите надлежни служби се на терен, вклучително и воената полиција, која спроведува детална анализа. Активирани се и воздушни и копнени екипи за пребарување и спасување“, се вели во соопштението.Гувернерот на Лублин, Кшиштоф Коморски, изјави дека никој не е повреден, но дека се оштетени три згради. „Нема закана, сите можат да се чувствуваат безбедно. Радијацијата е проверена и измерена. Надлежните служби го истражуваат местото на настанот. Ќе им ја пружиме целата потребна психолошка помош на жителите“, рече Коморски.Тој додаде дека понатамошни дејствија ќе ги спроведат армијата и обвинителството. „Знаеме дека имало експлозија, знаеме дека се пронајдени остатоци. Во овој момент нема да ги потврдиме информациите за самиот објект“, рече гувернерот.Според неофицијалните информации објектот би можел да биде ирански дрон од типот „Шахед 131“ или „136“ (според руската терминологија „Гиран-1“ и „Гиран-2“).

Свет | пред 5 месеци

zelenski-putin

Кремљ „ладен“ кон идејата за самит Путин–Зеленски, додека веќе се договара средбата

Кремљ се обиде да ги ублажи очекувањата околу можен директен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски, иако американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира двете страни да седнат на маса и да разговараат за прекин на војната во Украина, јавува Би-би-си.Повикот на Трамп следува по неговата средба со Путин минатата недела на Алјаска, како и по понеделничките консултации во Белата куќа со Зеленски и лидерите на седум европски држави.Трамп призна дека конфликтот е „тежок за решавање“ и предупреди дека Путин можеби нема намера да постигне договор. „Можно е да не сака да направи договор,“ рече тој, додавајќи дека во таков случај Русија би се нашла во „тешка ситуација“.Иако Путин наводно изразил подготвеност за идејата за директни преговори, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека секоја средба мора внимателно да се подготви „чекор по чекор“.Во меѓувреме, НАТО генералите денеска одржуваат виртуелен состанок, а британскиот воен командант, адмирал Тони Радакин, отпатува во Вашингтон за разговори околу можноста за распоредување на „сила за уверување“ во Украина.Според медиумските извештаи, Путин дури му предложил на Трамп Зеленски да отпатува во Москва – нешто што Киев речиси сигурно нема да го прифати.Иако Трамп првично зборуваше за примирје, сега инсистира на траен мировен договор. Европските лидери и Зеленски во разговорите нагласиле дека за Украина се неопходни силни безбедносни гаранции. Трамп најави дека САД би можеле да обезбедат воздушна поддршка доколку Европа испрати војници на терен, но исклучи испраќање американски трупи.Европските сојузници, сепак, се многу поскептични. Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече Путин „предатор“ и изрази „огромно сомневање“ во неговата волја за мир, додека финскиот претседател Александар Стуб порача дека Путин „ретко може да се смета за доверлив“.Последниот директен состанок меѓу Зеленски и Путин се одржа во 2019 година.

Свет | пред 5 месеци

dui-

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека наместо албанска донела српска банка во Македонија

ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија.„Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ.Партијата тврди дека станува збор за политички и економски проект на Белград, а не за обична финансиска инвестиција. Како аргумент наведуваат дека назначувањето на Маја Кадиевска Војновиќ на чело на банката било резултат на лобирање од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај српскиот претседател Александар Вучиќ.ДУИ предупредува дека влезот на српски капитал во банкарскиот сектор претставува прашање на национална безбедност и дека може да се одрази врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата.„Ветија албанска банка, донесоа српска банка. Ветија европска интеграција, донесоа ‘Српски свет’ и руско влијание“, стои во реакцијата.Од ДУИ порачаа дека молкот на институциите претставува соучесништво и најавија дека претстојните избори во октомври ќе бидат референдум за, како што велат, одбрана на евроатлантската ориентација и финансискиот интегритет на државата.

Македонија | пред 5 месеци

droga-oruzje-pretres-1

Полиција уапси тројца во Штип, пронајдени пушки и стотици куршуми

Тројца штипјани уапсени поради незаконско поседување оружје – при претрес во дом пронајдени три автоматски пушки и рамки со муниција.-На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм, се наведува во соопштението од МВР.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања