Земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција – една жена загина, 29 лица се повредени
Една жена го загуби животот, а најмалку 29 лица се здобиле со повреди откако во неделата навечер силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, соопштија официјални извори.Според Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјавил дека 81-годишна жителка починала кратко по извлекувањето од урнатините во градот Синдрги.Земјотресот, кој срушил 16 објекти, бил регистриран во 19:53 часот по локално време и бил почувствуван и во Истанбул, информира Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција.Претседателот Реџеп Таип Ердоган, преку објава на X, изрази желби за брзо закрепнување на повредените и нагласи дека спасувачките операции се внимателно следени.„Нека Господ ја заштити нашата земја од сите несреќи“, напиша тој.Министерот Јерликаја соопшти дека активностите за пребарување и спасување се завршени и дека нема дополнителни пријави за жртви или поголеми штети.Фотографиите од Синдрги прикажуваат целосно разрушени згради, купови шут и извиткани метални конструкции, осветлени од силни рефлектори во ноќните часови.Поради тоа што се наоѓа на спој на три големи тектонски плочи, Турција често е погодена од силни земјотреси.Во февруари 2023 година, катастрофален потрес со јачина од 7,8 степени го разурна југоистокот на земјата, одземајќи над 50.000 животи во Турција и околу 5.000 во Сирија. Повеќе од две години подоцна, стотици илјади луѓе сè уште живеат без свој дом.
Свет | пред 6 месеци