Скопје1.мк

mirjana-najcevska

Најчевска против мерката на Тошковски: „Ќе се пука на сите веселби, во комшии, во роднини...“

По најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за измените во Законот за оружје со кои се укинува обврската за претходно одобрение при набавка на муниција, на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа остро ја критикува одлуката, оценувајќи дека со неа се зголемува ризикот од злоупотреба на оружје и се олеснува пристапот до муниција, особено за лица кои не би требало да располагаат со неа.-Со ова се олеснува пукањто на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници, се обезбедува непречено пукање кон комшии, роднини со кои си се скарал, бизнис конкуренти и секако членови на противнички банди.Оваа власт се труди да го направи животот на луѓето максимално сигурен, пишува Најчевска.

Коментари | пред 6 месеци

ogin-strumica

(Видео) Деца палат оган во двор на струмичката гимназија: „Не се свесни до каква катастрофа може да дојде“

Додека Македонија се соочува со сериозни пожари на повеќе локации, а државата добива помош и од странство за справување со огнената стихија, поединци несвесно си „играат“ со опасноста. Видео објавено од „Струмица денес“ покажува деца како палат оган во дворот на Струмичката гимназија – сцена што предизвика сериозни реакции и загриженост во јавноста.

Македонија | пред 6 месеци

pozarna-5

Фатен на дело: маж од скопско подметнувал оган покрај автопатот Скопје – Тетово

Маж на возраст од 59 години од скопското село Арнакија утрово бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово, веднаш по наплатната станица Глумово. Благодарение на брзата реакција на полицијата и противпожарната служба, пожарот бил локализиран, а лицето е приведено.Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 месеци

cunami-kamcatka

(Видео) Цунами по историски силниот земјотрес на Камчатка, пловат куќи во морето!

Цунами брановите погодија делови од пристанишниот град Северо-Курилск, каде живеат околу 2.000 жители. Според руското Министерство за вонредни состојби, најсилниот од трите бранови предизвикал значителна штета на пристанишната инфраструктура и одвлекол неколку закотвени бродови во теснецот. Властите прогласија вонредна состојба, а населението беше успешно евакуирано на повисоки и безбедни локации. Во Јапонија, цунами бран од 1,3 метри е забележан во пристаништето Куџи, во префектурата Ивате, на североисточниот дел од земјата, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Агенцијата предупреди дека брановите може да продолжат и следниот ден, при што потенцира дека можно е да има повеќе удари на истото подрачје.„Врз основа на набљудувањата од претходни земјотреси со слична јачина, очекуваме дека заканата од цунами ќе трае најмалку еден ден“, изјави портпаролот на агенцијата.Тој додаде дека доколку брановите се совпаднат со висока плима, нивото на океанот дополнително би се зголемило, поради што побара од граѓаните да останат внимателни и да не ги напуштаат засолништата сè додека не биде укинато предупредувањето.Првичните прогнози укажуваа дека бранови високи до три метри може да го погодат источниот брег на Јапонија.

Свет | пред 6 месеци

grcija-pozar

(Видео) Евакуирани 55 деца поради голем пожар во западна Грција, огнот се движи кон планината Вунаса

Шумскиот пожар што избувна во близина на Дескати предизвика итна евакуација на летен камп со 55 деца, откако огнената стихија почна брзо да се шири кон планинскиот предел Вунаса.Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, ситуацијата на теренот е крајно сериозна, а пожарот се движи во насока на Гревена. Превентивната евакуација на децата била спроведена вчера, заради опасноста што ја претставуваше приближувањето на огнот.Градоначалникот на Дескати, Димитрис Котас, потврди дека сите деца се на сигурно, нагласувајќи дека мерката била преземена навреме. Тој додаде дека ситуацијата е комплицирана, бидејќи пожарот е надвор од контрола, но изрази надеж дека наскоро ќе биде локализиран.Во гаснењето се вклучени 45 пожарникари со 11 противпожарни возила, поддржани од три тимови од 8-та специјализирана единица за итни интервенции (Е.М.О.Д.Е.). Воздушна поддршка обезбедуваат два хеликоптери, а ангажирани се и локалните власти и волонтери со цистерни за вода.Иако засега нема непосредна опасност за населени места, жителите во околните региони се предупредени да бидат подготвени за можни евакуации. Пожарот се проширува во густо пошумена област западно од градот Катерини, што дополнително ја отежнува интервенцијата.

Свет | пред 6 месеци

saban-saliu

Левица: Нечовечноста на Владата го остави за министер обвинетиот Шабан Салиу

Односот на Владата на Мицкоски кон трагедијата во Кочани го отсликува отсуството на минимум човечност и одговорност кај вмровските функционери, додека по секоја цена се обидуваат да ја заташкаат темата за дискотеката на смртта. Кулминација на селективна правда и неодговорност кон 62 трагично загинати млади животи е фактот дека еден од обвинетите за трагедијата - Шабан Салиу (коалиционен партнер на Христијан Мицкоски) продолжува да биде дел од владејачката гарнитура како министер без ресор, реагираат денеска од Левица.-Додека родителите од Кочани секоја сабота бараат правда за системскиот колапс кој се случи на 16 март, владата на ДПМНЕ дрско и без никаква морална доблест држи владини прес-конференции со обвинетиот Шабан Салиу, наместо истиот да биде разрешен уште пред три месеци! Потсетуваме дека од 2008 до 2017 година со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) раководеше Шабан Салиу, додека ДПМНЕ кога дојде на власт го именуваше неговиот внук Кашмир Салиу за заменик-директор, посочуваат во партиското соопштение.Наместо демонстрирање минимум морална одговорност, како што потенцира Левица, министерот Шабан Салиу дури оди и на судења за трагедијата користејќи службени возила, додека премиерот Мицкоски молчи заради своите коалициони калкулации.-Ваквиот арогантен и нечовечен однос само ја потврдува суровата вистина - дека коалиционите математики на власта се повредни од 62 прерано изгубени животи. За жал, ниту најголемата трагедија во поновата историја не беше доволна за да пробуди морална одговорност и совест кај гарнитурата на власт, и најверојатно Македонија останува единствената држава во светот каде ниту еден функционер не понесе ниту морална одговорност преку оставка, ниту пак беше разрешен од една влада која единствено се грижи за својот рејтинг, нагласува Левица.

Македонија | пред 6 месеци

ali-ahmeti-skenderbeg

„Го имаме како аманет од самиот Скендербег, да биде Бог на татковината“: Генералниот секретар на ДУИ објави фотографија од Али Ахмети до статуа на Скендербег!

Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети на неговиот профил на Фејсбук објави фотографија од лидерот на партијата, Али Ахмети и напиша:-Го имаме како аманет од самиот Скендербег, да биде Бог на татковината!Под фотографијата се редаат бројни коментари, меѓу кои и-Респект команданте!-Патриотизмот не се докажува со зборови, туку со жртва. Лидерот Али Ахмети го посведочи тоа со сопствениот живот.

Македонија | пред 6 месеци

cunami

(ФОТО/ВИДЕО) Моќен земјотрес од 8,8 степени по Рихртер го стресе рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами во повеќе држави долж Пацификот

Крајбрежјето на далечниот исток на Русија беше погодено од силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени, со епицентар на полуостровот Камчатка. Поради потресот, беа активирани предупредувања за појава на цунами во неколку земји што се наоѓаат околу Пацифичкиот Океан, меѓу кои Русија, Јапонија, Хаваи, Чиле и други држави, објави Ројтерс.Сеизмичкиот настан е оценет како најинтензивен во регионот во изминатите седум децении.Регионалните власти во Камчатка соопштија дека се појавиле бранови со височина од три до четири метри околу полуостровот, како директна последица од земјотресот.Гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, преку видео порака објавена на Телеграм, посочи дека потресот е исклучително сериозен и го нарече најсилен во последните неколку децении.Научници од Академијата потврдија дека ваков силен земјотрес немало во овој дел на Русија од 1952 година.Јапонија нареди итни евакуацииЈапонските власти издадоа итно предупредување за жителите на крајбрежните подрачја, повикувајќи ги веднаш да се евакуираат. На островот од раните утрински часови се слушаат сирени за предупредување од цунами.„Преместете се веднаш на повисока и безбедна територија. Времето на доаѓање на брановите е само приближна проценка – тие може да пристигнат и порано или подоцна. Не го прекинувајте процесот на евакуација додека трае алармот“, стои во објавата.Првите цунами бранови стигнаа до северниот јапонски остров Хокаидо. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат жители како се искачуваат на покривите од куќите, барајќи засолниште.Метеоролозите најавуваат дека висината на брановите може да достигне од три до четири метри.Цунами закана потврдија и Кина и САДКинескиот центар за предупредување од цунами информира дека на источниот брег на Кина може да пристигнат бранови високи од 30 сантиметри до еден метар.Професорот Харолд Тобин, сеизмолог при Универзитетот во Вашингтон, изјави дека развојот на ситуацијата на Хаваи ќе биде важен показател за тоа што може да се очекува во другите делови на Пацификот.„Сценаријата се различни – може да нема голема штета, но можно е да има сериозни последици за крајбрежните области“, предупреди тој.Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку порака на социјалните мрежи објави дека поради силниот земјотрес издадено е предупредување за цунами за Хаваи, како и за Алјаска и за западниот брег на Соединетите Американски Држави. фото: Х

Свет | пред 6 месеци

IMG_6191

„Туристички мандат и немо заминување“: Туфегџиќ го „разнесе“ Коцевски

Адвокатот и поранешен кривичен судија Владимир Туфегџиќ остро го коментираше заминувањето на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нарекувајќи го „анемично, бледо и без енергија – токму како и неговото доаѓање на функцијата“.„Избран преку ноќ, на најнетранспарентен начин, без јавна расправа, без јасна биографија, без капитални предмети зад себе. Предложен како врвен професионалец од политичарите, а без да слушнеме еден збор од него за мешањето на политиката во неговиот избор“, напиша Туфегџиќ.Тој потсети дека јавноста дознала многу малку за кариерата на Коцевски – освен дека на 32 години го завршил правниот факултет и го положил правосудниот испит. „Тоа не е доволно за да се гради врвна кариера“, вели тој.Мандатот, според Туфегџиќ, бил „туристички, рутински, едвај за тројка“. Обвинува дека Коцевски не се одважил, дури ни на крајот, да прозбори јавно – „нити кој му правел сопки, нити кој му мешал во работа, нити кој го спречувал да гони криминалци“.„Наместо тоа, повторно истата матрица – неосновано било, политички притисок, успешни резултати... уште фали само уставна тужба и жалба пред Управен суд за да биде клише до крај.“Во својата објава, Туфегџиќ заклучува: „Време е државата конечно да добие јавен обвинител кој кога ќе се појави на ТВ – слика на телевизорот да ти замрзне.“

Македонија | пред 6 месеци

orce-gorgievski

Ѓорѓиевски: Верувам во поддршката од моите сограѓани, следува реорганизација на комуналната хигиена и голема генералка на градот Скопје

Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за Град Скопје. Тој истакна дека како што се вложувал изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода така ќе продолжи и понатаму, со визија за решавање на сите проблеми кои ги има градот Скопје како нефункционалноста на комуналната хигиена, депониите и се она со кое се соочуваат граѓаните, се со цел за едно поубаво и почисто, зелено Скопје.На почетокот на емисијата тој истакна дека умее и сака да работи за граѓаните, потенцирајќи дека ќе остане на зборот да градот Скопје го направи поубаво место за живеење, со што првично би го решил проблемот со нефункционалноста на комунална хигиена за почист и среден град како што доликува.„На градот Скопје најмногу од се му недостасува ред, она коешто е базично и коешто прво ќе се зафатам да го работам тоа е да направиме генералка на градот, Скопје никогаш не бил по нечист од тоа што е денес, она што најмногу ги тишти нашите сограѓани со години наназад е состојбата со нефункционалноста на комуналната хигиена, така да ако бидам утре градоначалник на Град Скопје а верувам во поддршката од сите мои сограѓаните, прбо нешто со кое ќе се зафатам е реорганизација на комуналната хигиена и една голема генералка на главниот град“, рече Ѓорѓиевски.Истакна дека сето она што го сработил изминативе четири години како градоначалник, е доволен показател за сериозноста искрените и чесни намери кои ги има за Скопје, наведувајќи дел од проектите кои ги има остварено во Кисела Вода, истакнувајќи дека со иста мера ќе се вложува и ќе даде се од себе, за да се смени состојбата во градот.„Јас дадов се од себе, заедно со мојот тим изминативе четири години за да ја сменам состојбата во мојата општина и мислам дека успеавме сериозно во напредокот којшто го обезбедивме, еве утринава имавме отварање на еден објект нов, градинка во општина Кисела Вода каде што листите од над 450 дечиња на чекање ги сведивме на 20-тина во моментов но во наредниот период ќе се отворат уште две градинки нови“, вели Ѓорѓиевски.Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека ќе понуди долгорочни решенија за проблемите со депониите и комуналната хигиена, притоа образложи модел кој е применет и се покажал како успешен во општина Кисела Вода, каде на местата на депониите се градат паркови и спортски комплекси, со што воедно се овозможува рекреација на граѓаните и почист воздух.„Имав многу успешен модел во Кисела Вода на местата на депониите градиме современи паркови или пак спортски комплекси или онаму каде што имаше потреба паркинзи. Истото планирам да го воведам и во град Скопје, на Скопје му недостасуваат нови бели дробови, нови места каде што народот ќе може да се рекреира. Во првите месеци од мојот мандат проблемите ќе ги сведам на нула, односно ќе останат позади нас и ќе почне нормално да функционира комуналната хигиена“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 6 месеци

Нема фотографија

Владата донесе одлука за промена на таблиците на службените возила и одлука за отворање на конзулат во Корча

„Владата на денешната 97 седница донесе одлука сите државни институции да ги променат регистарските таблици на службените возила со новите таблици со боја најдоцна до 15 септември 2025 година. Оваа одлука е во насока на уште едно реализирано ветување пред граѓаните со цел поголема отчетност, транспарентност и ставање крај на злоупотребите кои со биле пракса во минатото.Дополнително, Владата на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски.Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите“, велат од Владата.

Македонија | пред 6 месеци

Foto-6

Средба на Сиљановска-Давкова со Рашид бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност во Амбасадата на Катар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Рашид бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност во Амбасадата на Државата Катар во Скопје.На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи, при што Сиљановска-Давкова изрази подготвеност и отвореност за нивно зајакнување и унапредување. Според неа, единството на малите и средни држави може да биде важен фактор во обликувањето на глобалната политика.Одбележувањето на три децении дипломатски односи следната година, според претседателката, е добра можност за интензивирање на контактите на највисоко политичко ниво, со очекувано позитивно влијание врз развојот на односите во енергетиката, градежништвото, земјоделството, образованието, културата, науката и туризмот.Сиљановска-Давкова го истакна интересот за унапредување на економската и трговската соработка и ја посочи отвореноста за директни инвестиции од Катар. Таа изрази очекување за наше вклучување во проектот за извоз на природен гас од Катар, како и за повторно воспоставување на директна авионска линија Скопје-Доха.Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, при што се истакна важната улога којашто Катар ја има во напорите за обезбедување мир и стабилност во регионот.На претседателката Сиљановска-Давкова и беше врачена покана од Неговото Височество Шеик Тамим Бин Хамад Ал-Тани, Емир на Државата Катар, за учество на Вториот светски самит за социјален развој што ќе се одржи во Доха во ноември, клучна платформа за глобален дијалог и соработка за општествен напредок во време на растечки нееднаквости, демографски промени и брза технолошка трансформација.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Собранието изгласа недоверба на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сега тој е на потег!

Собранието денес изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, откако беше разгледана интерпелацијата поднесена од партијата Левица, која доби поддршка и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Со оваа одлука, одлуката за следните чекори останува на самиот обвинител – дали ќе поднесе оставка или ќе продолжи да ја извршува функцијата.Од СДСМ порачаа дека судската власт мора да остане независна и дека јавноста заслужува професионално и непристрасно обвинителство.Со оглед на тоа што најголемата владејачка партија ја поддржа интерпелацијата, се очекува Владата да поднесе и официјален предлог за разрешување на Коцевски – иницијатива што првично беше најавена уште пред трагичниот настан во Кочани.Според член 87 од Законот за јавно обвинителство, функцијата на јавниот обвинител може да престане по сопствено барање, поради губење државјанство, трајна неспособност за вршење на функцијата, пензионирање, избор на друга јавна функција или правосилна судска пресуда со најмалку шест месеци затвор.Дополнително, член 88 од истиот закон предвидува можност Владата, со претходно мислење од Советот на јавни обвинители, да поднесе предлог за разрешување, а Советот може и самостојно да иницира постапка. Во истиот член се наведува дека мандатот на јавниот обвинител може предвремено да заврши и во случај на тешка дисциплинска повреда или членување во политичка партија.

Македонија | пред 6 месеци

mitreski

СДСМ нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на јавниот обвинител: „Одлуката е на обвинителот, а не на Собранието“

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата нема да учествува во гласањето за интерпелацијата на јавниот обвинител, бидејќи, како што изјави пратеникот и потпретседател на Собранието, Јован Митрески, интерпелацијата не мора да има правни последици и одлуката за натамошните чекори е во рацете на самиот обвинител.– Интерпелацијата во принцип значи барање политичка одговорност, но тука зборуваме за човек од третата власт, судската власт, која по Устав треба да биде независна – рече Митрески на денешната прес-конференција.Тој појасни дека интерпелацијата не претставува одлука за разрешување, туку политички чин кој не е задолжително обврзувачки.– Дали ќе има правни последици зависи од самиот обвинител, дали ќе поднесе оставка или не. Ако точката беше одлука за разрешување, ќе отворевме дебата дали сме задоволни или незадоволни од работата на обвинителот, согласно членот 63 став 3 од Законот за јавно обвинителство, каде јасно стои дека Советот на јавни обвинители мора да даде позитивно мислење за разрешување – потенцираше Митрески.Од СДСМ повторуваат дека остануваат на ставот за независност на обвинителството и ослободување од какво било политичко влијание.– Јавното обвинителство мора да биде независно и сите одлуки мора да се носат согласно законот – изјави Митрески.Осврнувајќи се и на изјавите на премиерот Мицкоски, Митрески рече дека во јавноста се отвораат легитимни прашања за конзистентноста на неговите ставови.– Премиерот порано тврдеше дека постапката за разрешување е започната и нема запирање, а потоа по трагичниот настан во Кочани изјави дека нема да има разрешување додека не заврши истрагата, па дури и рече дека е задоволен од тоа како се води истрагата. Се поставува прашањето дали е навистина задоволен, кога во истрагата не се опфатени началници од Тошковски – рече Митрески.Тој го искористи обраќањето и за директна порака до обвинителот.– Господине јавен обвинител, вие го водите најтешкиот предмет за најголемата трагедија во поновата историја – пожарот во Кочани. Очекуваме вистинска, не селективна правда. Од вас зависи дали после гласањето за оваа интерпелација ќе бидете со штитот или на него. Одлуката е ваша – рече Митрески.СДСМ, како што додаде, нема да учествува во постапка која нема обврзувачка правна тежина.

Македонија | пред 6 месеци

policija-hrvatska-51

Местото „Ливади“ кобно за 70-годишен човек, загина откако камион удрил во неговото возило

Сообраќајка со смртни последици го потресе кумановскиот регион – 70-годишен маж го загуби животот откако неговото возило се судрило со камион на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај местото викано „Ливади“.На 28.07.2025 околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано „Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане.Од здобиените повреди на местото починал возачот Б.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.фото: Архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-29-Jul-2025-01-31-PM-3728

Падна предлог-листата за судии во ЕСЧП, нов почеток со нова комисија: Ристоска, Гајдова и Апостолски не ги исполнија условите

Владата ја отфрли предложената листа со тројца кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), оценувајќи дека ниту еден од нив не ги исполнил утврдените услови. Станува збор за обвинителката Ленче Ристоска, судијката на Апелацискиот суд Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски.По оваа одлука, е донесена нова одлука за формирање на Комисија со променет состав и намален број членови – од девет на пет. Според информациите, Владата согласно законските процедури има право да ја измени Комисијата за избор на кандидати за судија во ЕСЧП, а новоформираниот состав ќе продолжи со понатамошната постапка.Во новиот состав членуваат претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани, в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, претседателот на Основниот граѓански суд, Бесник Авдија и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајковска Стрезоски.Со оваа владина одлука престана да важи мандатот на претходниот состав на Комисијата, во кој имаше претставници од повеќе институции – меѓу другите и од Уставниот суд, Министерството за правда, Министерството за надворешни работи, правните факултети, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.Од претходниот состав единствено останува Ирина Трајковска Стрезоски, која неодамна беше избрана за директорка на Академијата, а чиј избор е предмет на постапка пред Управниот суд.Листата со кандидати која сега е отфрлена, подолго време била во процедура, но не стигнала до владина седница. Според предвидената постапка, Комисијата требало најпрвин да го достави предлогот до Меѓународниот советодавен панел на Советот на Европа за мислење, а дури потоа до Владата. Тоа не било направено.По отфрлањето на листата, постапката продолжува од почеток, со нови кандидати кои ќе треба да бидат селектирани од новоформираната комисија. Судијата Јован Илиевски, чиј мандат во Стразбур истекува на 1 февруари 2026 година, засега останува на функцијата.Инаку, во јавноста, дел од вниманието околу кандидатурата на судијката Габриела Гајдова беше насочено кон нејзиното постапување во предметот „Скопски пазар“, во кој судот одлучил во корист на сопругот на Весна Дамева, членка на Судскиот совет, која претходно гласала за изборот на Гајдова во Апелацискиот суд.Одлуката подоцна беше укината од Врховниот суд со забелешки за погрешна примена на судска пракса. Судијката ја донела и познатата пресуда за случајот со украдените ќебапи и алкохол, која често се споменува во јавноста. Гајдова ги негира сите наводи за пристрасност, наведувајќи дека постапувала исклучиво според закон и дека е отпорна на надворешни влијанија.Обвинителката Ленче Ристоска, пак, дел од тимот на Европравда и поранешна членка на Специјалното јавно обвинителство, се најде под лупа поради предметот за бонусите во СЈО, во кој беше покрената постапка за разрешување на републичкиот обвинител.Таа е поврзана и со роднинска врска со сопругата на министерот Тимчо Муцунски, што предизвика сомнежи за можен конфликт на интереси. Министерството за надворешни работи ја оспори поврзаноста како правно релевантна, наведувајќи дека станува збор за далечно сродство. Ристоска е позната и по водењето на големи случаи како „Таргет-тврдина“ и „Талир“.

Македонија | пред 6 месеци

bojan1

„Шансата е потрошена“ - пратеникот Стојаноски за интерпелацијата на Коцевски

Веќе стигнуваат првите реакции на социјалните мрежи во однос на пишувањата за интерпелацијата за првиот човек на обвинителството. Пратеникот во македонскиот парламент од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, објавувајќи пост на ФБ, цени дека јавниот обввинител, Љупчо Коцевски си ја потрошил шансата.Време е за правдата да ги стигне тие кои што се огрешиле пред законот.Последниот бедем на одбраната на криминалот на СДСМ и ДУИ заминува во историјата.Правда ќе има !

Коментари | пред 6 месеци

motor

„Швајцарско БМВ“ усмрти мотоциклист во Гостивар, 18-годишно момче загина на лице место

Тешка сообраќајна несреќа ноќеска во Гостивар – 18-годишен мотоциклист загина откако во него удрил „БМВ“ со швајцарски ознаки. Возачот е лишен од слобода.Денеска (29.07.2025) во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар.Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива/Скопје1

Македонија | пред 6 месеци

Tatjana

Официјално - Собранието ја потврди оставката: Димитровска веќе не е претседателка на Антикорупциска, се активира постапка за избор на нов член

Собранието денеска официјално ја потврди оставката на Татјана Димитровска од функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека функцијата ѝ престанува согласно член 121 став 2 од Деловникот на Собранието.Димитровска, како што беше соопштено, го известила Собранието дека ќе ја образложи својата одлука за оставка пред почетокот на седницата. По утврдувањето на оставката, следен чекор е Комисијата за прашања на изборите и именувања да распише јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија, што треба да се стори најдоцна во рок од десет дена.Оставката следува по иницијативата за нејзино разрешување поднесена од партијата Левица до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања. Само неколку дена подоцна, Димитровска доброволно се повлече од функцијата.Инаку, против неа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули поднесе обвинителен предлог. Таа се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година ѝ открила класифицирани информации на неповикано лице кое е обвинето во случајот „Адитив“. Дополнително, ѝ се става на товар дека незаконски го добила и сертификатот за пристап до класифицирани информации.

Македонија | пред 6 месеци

kocevski

„Свилен гајтан“ за Коцевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за разрешување на јавниот обвинител

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ја расчисти дилемата и објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова е и покрај тоа што иницијативата е од партијата Левица и во неа стои дека ги поштедил кадрите на оваа партија од истрагата за Кочани.„На државата и треба независен, функционален и храбар обвинител кој нема да молчи пред очигледен криминал, нема да трепери пред политички притисок и нема да се претвори во соучесник на тие што ја поткопаа државата”, Мицевски.Според него поддршката што ја добил Коцевски не ја оправдал и место реформа покажал сервилност кон власта што била поразена од народот.СДСМ веќе објавија дека нема да гласаат за неа, а Коцевски со јавно писмо пред една недела им порача дека е интерпелацијата е неуставна и е упад во правосудниот систем и неговата независност.

Македонија | пред 6 месеци

toskovski

Тошковски: Повеќе не треба дозвола за набавка на муниција – нов систем во функција!

Граѓаните што легално поседуваат оружје повеќе нема да мораат да вадат дозвола за купување муниција – стапија во сила измените со кои Министерството за внатрешни работи го прави системот побрз и поефикасен.

Македонија | пред 6 месеци

asani

Ексдиректорот Фатон Асани се пожали на некултурни цариници: Бил целосно претресен на граница!

Поранешниот директор на Агенцијата за управување со одземен имот од редовите на СДСМ, Фатон Асани, во објава на ФБ се пожали на, како што вели некултурниот однос од страна на цариниците на граница, кои направиле целосна контрола на неговото возило!„Да не бидам лошо разбран !! Не е проблем проверка колку што ми е проблем НЕКУЛТУРАТА!!!Во нашево парче земја прво и основно фали КУЛТУРА и соодветен однос на службениците , кажував во 2017 кажувам и сега КУЛТУРА НУЛААА !!!Секоја проверка треба да почне со добредојдовте во Р.Македонија а треба да заврши со УБАВ ПОМИН ВО Р.Македонија“Јас сум шефот на смена,жали се кај сакаш” Крајно непрофесионален однос на цариник 01681!! Добре ве најдов ПАТРИОТИ“, напиша Асани.

Македонија | пред 6 месеци

Koseto-spom

Професорката Жанета Трајкоска до Данела: Нема дрвја, воздух, вода – ама Ќосето ви е најважен!

Во Скопје одамна нема живот. Нема дрвја, нема сенка, нема воздух. Плоштадот личи на панаѓур, а некогашните зелени површини се сега паркинзи и бетонски гробишта. Градот е убиен полека, систематски, со години. Но важно Ќосето се врати. За него имаше време, пари, одлука. За граѓаните – нема ништо. И професорката Жанета Трајкоска го кажа тоа гласно, откако градоначалничката Данела Арсоска повторно го постави споменикот на контоверзната историска личност, Ќосето.-Пиколомини не ви е рамен, напиша таа во објавата на ФБ.

Коментари | пред 6 месеци

zaev-uapse

Апсење во Струмица за подметнување пожар, уапсениот го поврзуваат со експремиерот; Заев: Го немам видено од 2016 година

Полицијата вчеравечер го уапсила лицето Александар Н. од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Од МВР за „Скопје1“ потврдуваат дека уапсениот го сомничат дека сторил кривично дело, но не прецизираат за кое. Според наши извори, тој бил затекнат близу приватен имот, па бил пријавен дека се обидел да потпали сува трева.„Синоќа полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело. Во координација со ОЈО Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кусо од МВР.Според дел од пишувањата во јавност, лицето кое сега е уапсено, било поранешен шофер односно обезбедувач на експремиерот Зоран Заев. „Скопје1“ го исконтактира Заев кој посочува дека станува збор за лице вработено во Општина Струмица.„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање а после тоа беше Кире Ангелов. Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, вели Заев за „Скопје1“

Македонија | пред 6 месеци

skolo

Скандал во Виница: Мајка директорка ја вработила ќерката без диплома – 245.000 денари штета за училиштето!

Наставничка по математика без соодветна квалификација била вработена во основно училиште во Виница, а зад вработувањето стоела нејзината мајка – директорката на истото училиште. Против неа е поднесена кривична пријава заради сомнение за несовесно работење во службата, соопшти МВР.Според информациите, на 27 јануари 2025 година, пријавената Г.С. (45) од Виница, во својство на директорка, склучила договор за вработување со својата ќерка С.С. на позицијата предметен наставник во основното училиште, иако таа немала потребната стручна спрема за наставата по математика.Со овој потег, како што наведува полицијата, бил предизвикан финансиски штетен издаток на товар на буџетот на училиштето во износ од 245.666 денари, колку што изнесувале исплатените плати за периодот на нејзиното незаконско вработување.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања