Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

vreme-oblacno

Променливо облачно со дожд и умерен јужен ветер

Променливо облачно време се очекува претпладнево во западните делови на земјата со повремени врнежи од дожд, додека попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд, со слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени

Македонија | пред 9 месеци

media-library508s3j11gks478jHwC6

(Видео) Од фабриката „Oхис“ излегоа 20 возила: Запленети 9 тони марихуана на првата локација поврзана со „Алфафарм“

Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана.Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и истражители биле присутни и медицински тимови, а во акцијата уч

Македонија | пред 9 месеци

media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

„Скопје1“ дознава: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, дознава „Скопје1“ од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.Акцијата, кој

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryv03pbng74ego1al7rqe

(Видео) По заканите за „убиства и тепачки“, демонстрантот се извини: „Нема да се повтори“

Лицето кое за време на протестите се закани дека „ќе има убиства и тепачки“ доколку полицијата одземе нечие возило, денеска јавно се извини, наведувајќи дека изјавата ја дал во афект.Демонстрантот посочува дека неговата реакција била предизвикана од тоа што на негов братучед му било одземено возилото, согласно измените на Законот за прекршоци, и уверува дека вакво однесување нема да се повтори.„Ова нема да се повтори уште еднаш, на братучед ми му ја земаа колата. Ова нема да се повтори уште една

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryrco19lsa37svc9jLkl6

Претреси во кругот на ОХИС поради случајот со петте тони марихуана кои беа запленети во Србија

Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, сместена во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрага поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија, јавува Телма.Истражните органи ги проверуваат и повеќе други објекти на компании со лиценца за одгледување канабис за медицински цели.„Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценцата за одгледување марихуана ја добила во март 2024 година.Во рамки на меѓународната полициска акција, еден од ко-сопствениците

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Епстиновата бура би можела да собори светски лидер, но тоа нема да биде Трамп

Иако британскиот премиер Кир Стармер никогаш не бил директно поврзан со Џефри Епстин, скандалот околу осрамотениот финансист сериозно ја загрозува неговата политичка позиција. Наспроти тоа, американскиот претседател Доналд Трамп, чие име често се споменува во новообјавените документи за Епстин, засега не се соочува со значајни политички последици.Во Обединетото Кралство, јавниот притисок поради врските со Епстин е силен и веќе доведе до тешки последици, меѓу кои и одземањето на кралските титули

Свет | пред 9 месеци

media-librarynj2i32sg3pmidfY4jHi

Генерацијата Z против застарената корпоративна контрола: Вработен одби физичко присуство во 6:30 наутро, се приклучи онлајн

Одговорот на вработен од генерацијата Z до шефот, откако тој побарал да дојде во канцеларија во 6:30 наутро поради виртуелен состанок, стана вирален на социјалните мрежи. Младиот вработен одбил да дојде и покрај јасната закана од шефот, а неговата реакција предизвика дебата за современите работни навики и правилата во канцеларијата.Преписката меѓу шефот и вработениот ја сподели корисникот Lexis на платформата X со опис: „Припадници на генерацијата Z. Не се хероите што ги заслуживме, но се хероит

Свет | пред 9 месеци

media-library1m38kma6397f6vfQROi

Уапсен 15-годишник по напад врз наставник во училиште во Велс

Петнаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство по напад врз наставник во средното училиште во Милфорд Хејвен, во Пемброкшир, Велс, соопшти полицијата. Полициски службеници од управата Дајфед-Пауис биле повикани попладнево по пријава дека ученик нападнал наставник, објави „Скај њуз“.Надзорникот Крис Ниве изјави дека полицијата интервенирала околу 15:20 часот, откако било пријавено дека ученикот мавтал со оружје и го нападнал наставникот. Тој појасни дека повредата што ја добил н

Свет | пред 9 месеци

media-librarynuf0fjta54l582fDqYQ

Иран објави снимка од досега невидена ракета еден ден пред преговорите: „Ја менуваме доктрината“

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека го распоредила „Хорамшахр 4“, нов балистички проектил со среден дострел, кој државната агенција Фарс го опишува како најнапредниот ирански проектил досега. Според наводите, проектилот има дострел до 2.000 километри и носивост поголема од еден тон експлозив, што значи дека цели во Израел и американски бази во регионот на Персискиот Залив се во неговиот домет.Проектилот е наменет за демонстрација на способностите за силен прв или одмазднички удар. Техера

Свет | пред 9 месеци

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Никогаш нема да дозволам нашето присуство на островот Диего Гарсија да биде загрозено

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал разговор со британскиот премиер Кир Стармер, во кој главна тема бил островот Диего Гарсија, најголемиот остров од архипелагот Чагос и локација на една од најважните американски воени бази во светот.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го оцени разговорот како „многу продуктивен“, нагласувајќи дека базата на Диего Гарсија е стратешки поставена во средиштето на Индискиот Океан и има исклучително значење за националната безбедно

Свет | пред 9 месеци

media-librarys6v37c3und5s6cg749Y

Филипче - Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска одржа состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.Претседателот Филипче изрази благодарност за ангажманот на  ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашат

Македонија | пред 9 месеци

media-library179b9vas9u5h16Z0RF0

Мицкоски открива за запленетата марихуана: Полицијата интензивно работи, ќе се запленат десетици тони дрога

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ и дека очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.„Тоа е еден озбилен случај. Тоа е ед

Македонија | пред 9 месеци

media-library33cqj83ps5ddemhjLwD

Мицкоски: „Сејф сити“ ги дава резултатите, во однос на протестот за нерегистрирани возила законот мора да се почитува и да има ред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги дава резултатите, граѓаните го почитуваат сообраќајот и има големо намалување на сообраќајните прекршоци, додека во однос на протестите за нерегистрирани возила и возење без возачка вели дека законот мора да се почитува и нема компромис, мора да има ред.Премиерот Мицкоски нема дилема дека ќе се издржи и притоа заблагодари на македонските граѓани што ги почиту

Македонија | пред 9 месеци

media-librarydbqs2k4uvoas01oeKjt

Мицкоски: Конструктивна средба со синдикатите, на маса е покачување на платите на административците за 40%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата. „Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поста

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

Мицкоски најавува заплена на десетици тони марихуана: Разоткривање на криминалната мрежа

„Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи масовна полициска акција која, според него, ќе ги разоткрие вистинските размери на криминалот со нелегалното производство и трговија со марихуана во државата.Тој посочи дека во текот на денешниот ден и во наредните денови јавноста ќе биде сведок на заплена на, како што рече, „десетици тони“ недозволени супстанции, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите акци

Македонија | пред 9 месеци

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Полиција, истражители, медицински тимови влегоа во фирмата поврзувана со шверцот на марихуната од Македонија за Србија

Полицијата и истражителите цел денср во седиштето на фирмата што се поврзува со шверцот на пет тони марихуана од Македонија кон Србија. Голема полициска присутност се забележува во кругот на поранешната фабрика „Охис“, додека паралелно се вршат проверки и на повеќе локации во струмичкиот регион. На терен се присутни и медицински тимови.Акцијата се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата за меѓународниот шверц на дрога.Во фокус

Македонија | пред 9 месеци

sergej-lavrov

Лавров обвинува: Грција ја уништи соработката со Русија и ja поддржува Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, обвини дека Грција ја „распарчила“ соработката со Русија градена со децении и дека се вклучила во „агресивни анти-руски изјави“.„Со започнувањето на специјалната воена операција [во Украина], Грција ја прекина соработката со Русија што се градела многу децении. Цел спектар на руско-грчка соработка – од политика и економија до култура и хуманитарни прашања – беше распарчен. По речиси четири години, официјалната политика на Атина кон нашата зем

Свет | пред 9 месеци

media-libraryrafs2n0u2rhccyIrlrT

Скандал во Бугарија: Стотици жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порнографски сајтови

Бугарско обвинителство започнува истражна постапка откако е откриено дека стотици жени биле нелегално снимани за време на интимни козметички третмани во салони за убавина, а видеоснимките подоцна биле објавувани на порнографски интернет-страници и Телеграм-канали.Според досегашните сознанија, снимањето се вршело со скриени камери поставени во просториите каде што се изведувале третманите, во моменти кога жените често биле целосно разголени. Дел од спорните снимки датираат од 2023 година, а со те

Свет | пред 9 месеци

Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина Левица, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле приј

Македонија | пред 9 месеци

media-librarylo4njbljcovu5eHiSnh

Војник од грчката армија уапсен за шпионажа, се сомничи дека оддавал тајни на странска суперсила

Припадник на вооружените сили на Грција беше уапсен во четврток под сомнение дека оддавал доверливи информации на „трети страни“, а според сознанија на грчките медиуми, дел од информациите наводно биле проследувани до странска суперсила која се смета за голем ривал на Соединетите Американски Држави, пишува Екатимерини.Осомничениот, чие име не се објавува, наводно извршувал „клучна“ функција во системот и се товари дека се обидувал да регрутира и други лица во потенцијална шпионска мрежа.Тој подо

Свет | пред 9 месеци

media-librarys5a0ffnd3s2cdciThut

„Охридски комуналец“ со засилени активности за јавна чистота и уредување по повод чествувањето на Григор Прличев

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека оперативните служби задолжени за одржување на јавната чистота и зеленилото континуирано реализираат активности со цел обезбедување висок степен на хигиена и уреденост на јавните површини во градот и околината.Согласно програмата за чествување на ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев, посебно внимание е посветено на локациите на кои ќе се одржуваат бројни настани и активности, при што јавната хигиена се одржува на највисоко ниво.Во

ОО | пред 9 месеци

media-library3evk0esuong61cpIaAX

За омраза и отпор ќе одговараат дел од демонстрантите по протестите за одземените возила, вели Обвинителство

За предизвиквуање омраза и организирање отпор ќе бидат гонети лицата кои протестираа низ повеќе градови во Македонија, а откако полицијата им ги одзеде возилата поради возење без возачка дозвола.Обвинителството соопшти дека се испитуваат елементи од член 319 од Кривичниот законик, односно за предизвикување омраза, раздор или нетпреливост врз национлна, расна, верска и друга дискриминаторска основа, за што е предвидено казна од една до пет години. Ова дело е поврзано за верските навреди кои беа и

Македонија | пред 9 месеци

vesna-janevska

Јаневска: За возачка дозвола е потребно основно образование

Изминатите денови во неколку градови низ државата се одржаа протести од страна на Ромите кои бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи биле неписмени.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска порача дека државата обезбедува бројни инструменти за социјална инклузија на Ромите, но дека законските минимум стандарди за возачка дозвола мора да се почитуваат.Јаневска нагласи дека за добивање возачка дозвола е потребно само минимално, односно основно о

Македонија | пред 9 месеци

media-librarya84nk75a4bhvdTbDh8f

Ѓорѓиевски „ќе даде се од себе“ за годинава да започне изградбата на булеварот „Цветан Димов“

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски рече дека „ќе даде се од себе“ проширувањето на булеварот Цветан Димов во Чаир да започне до крајот на годината.-Убеден сум дека оваа година ќе го поставиме камен-темелникот таму и ќе дадеме сè за да започне изградбата, изјави денес Ѓорѓиевски. Тој рече дека проектот ќе го изведува Општина Чаир, додека ќе го финансира Градот Скопјe.„Обврските за спроведување на проектот ќе бидат одговорност на Општина Чаир, ова го направивме вчера со одлуката на Советот, с

Скопје | пред 9 месеци

pretepan

Гостиварец им се заканувал на сопругата и синот, па доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.П. (64) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, во семејниот дом пријавениот упатувал закани кон неговата 60-годишна сопруга и 40-годишниот син, при што оштетил и дел од покуќнината.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања