Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library28kd68rlc85f6nAwoS2

Сотир Лукровски е новиот градоначалник на Карпош, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ

Според најновите официјални податоци на Државната изборна комисија (ДИК) за општина Карпош, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води со 2.833 гласа или 46,79%, пред независниот кандидат Стевче Јакимовски, кој има 2.657 гласа или 43,88%.Извори од ВМРО-ДПМНЕ за „Скопје1“ изјавија дека, според нивните теренски податоци и трендот на обработка, Лукровски е на пат да стане нов градоначалник на Карпош.„Податоците покажуваат дека Сотир Лукровски ќе биде победник и иден градоначалник. Од 60 отсто

Македонија | пред 1 година

media-libraryroaitr545u1e6e00xrs

Неизвесна трка во Куманово – Димитриевски води со само 316 гласа пред Стојковски

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК) за Куманово, разликата меѓу двајцата кандидати е мала и неизвесна.Најновите бројки покажуваат:Максим Димитриевски (ЗНАМ) – 6.628 гласа или 49,20%Горан Стојковски (граѓанска иницијатива) – 6.312 гласа или 46,85%Разликата изнесува само 316 гласа во корист на Димитриевски, што значи дека резултатот е многу тесен и може да се промени со пристигнување на нови обработени избирачки места.

Скопје | пред 1 година

media-librarysk52tkolq6tp4oF0jIq

Следете ги официјалните изборни резултати - ВО ЖИВО

Следете ги резултатите од вториот круг на локалните избори, во живо:

Македонија | пред 1 година

media-library2j2lq5r65g15ennzCZG

Неофицијални извори од ВМРО-ДПМНЕ: Победа во Кочани, водство во Карпош и Кичево – Брвеница и Долнени на пат кон триумф

Според последните податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата бележи значајна предност во повеќе општини од вториот круг на локалните избори.Според извори од партијата:Кочани е добиен, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владко Грозданов, веќе има јасна и потврдена победа.Во Карпош, партијата води со околу 1.000 гласа предност во однос на независниот кандидат Стевче Јакимовски.Во Кичево, резултатот е „тесен, но во водство сме“, велат од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ.Во Брвеница, според прв

Македонија | пред 1 година

media-librarybclgv9grkdvb7D3RJgi

Во Кочани води д-р Владко Грозданов со над 3.000 гласа – двојно повеќе од Венко Крстевски

Според најновите податоци од обработени 5.369 гласачки ливчиња, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Владко Грозданов, има 3.112 гласа, додека неговиот противкандидат, Венко Крстевски, има 1.875 гласа.Во Кочани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) до 18:30 часот, вкупно гласале 13.131 граѓанин.Анализата покажува дека Грозданов има речиси двојна предност во однос на својот противкандидат, а трендот на водство, според партиски извори, е стабилен и во корист на ВМРО-ДПМНЕ.Ова се неофициј

Македонија | пред 1 година

media-libraryf16ogmthvl4ceoFRbeS

Ажурирани податоци: Орце има 34.734 гласови, Амар 16.835 гласови

Според најновите податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, до кои дојде „Скопје1“, партијата има значителна предност во Град Скопје и повеќе општини низ државата.Во Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, досега има 34.734 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, има 16.835 гласови – однос 2 спрема 1 во корист на опозицискиот кандидат.По општини, резултатите според најновиот апдејт се следни:Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ – 4.130, СДСМ – 1.560Карпош: ВМРО-ДПМНЕ – 4.750, н

Македонија | пред 1 година

media-libraryi8nmpfekkrf81Nth89h

Први неофицијални резултати: ВМРО-ДПМНЕ во водство во Скопје, Карпош, Кочани и повеќе општини

Според првичните податоци од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, до кои дојде „Скопје1“, партијата има значително водство во повеќе општини, меѓу кои Град Скопје, Карпош, Кочани, Валандово, Пробиштип и Аеродром.Во Скопје, според моменталните бројки, трендот е 2,5 спрема 1 во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој има околу 11.000 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, има околу 4.000.Во Карпош, исто така, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат податоците од нив

Македонија | пред 1 година

media-libraryi23nulvm2ocs57Ho51W

Сиљановска-Давкова: Патријархалната култура сè уште ја ограничува женската самодоверба

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможи самостојно кандидирање со два потписи, открила важен проблем во политичката култура – особено кај жените.„Прво, изненадувањето. Одеднаш се соочувате со можност сами да се кандидирате со два потписи. Ние сме одговорни суштества и секогаш размислуваме дали сме ние најдоброто решение, дали ќе можеме да одговориме на овој предизвик, особено ако не сме поддржани од луѓе кои ни веруваат. Тоа е првото“

Македонија | пред 1 година

media-librarycj7u7rfib9f95Cln3q6

Мирен втор круг – пријавено фотографирање на гласачко ливче во Шуто Оризари

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес соопшти дека вториот круг од локалните избори поминал мирно и без поголеми нарушувања.„Во текот на денешниот ден, јавните обвинителства беа организирани со вонредни дежурства, со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи“, информираат од Обвинителството.Во текот на денот до обвинителствата пристигнало само едно известување за инцидент – во Шуто О

Македонија | пред 1 година

media-library998ks96jbdu9exLAeSp

ВЛЕН по изборниот ден имаат свои очекувања од ДИК

Од коалицијата ВЛЕН соопштија дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера, без забележани неправилности на избирачките места.„Процесот на гласање се одвиваше во мирна и демократска атмосфера. Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без неправилности. ВЛЕН изразува благодарност до сите граѓани кои го остварија своето право мирно и достоинствено,“ се наведува во соопштението.Од коалицијата додаваат дека очекуваат Државната изборна комисија (ДИК) професионалн

Македонија | пред 1 година

media-libraryeoiil8at9gk4d5dwU4X

(Видео) Се очекува поголема разлика во споредба со противниците - ВМРО-ДПМНЕ со првичен став по изборниот ден

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, соопшти дека според сите досегашни извештаи, изборниот ден поминал во мирна и достоинствена атмосфера, без поголеми неправилности.„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во вториот круг очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог – очекуваме голема промена. Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати и нова енергија“, изјави Манасиевски.Тој најав

Настани | пред 1 година

media-library4etfp2h0gbtmaAVvCL9

(Видео) Излезноста на вториот круг од локалните избори 45,71% – во Скопје гласале 33,82% од запишаните избирачи

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори 2025, своето право на глас го оствариле 325.691 гласач, што претставува 45,71% излезност на ниво на цела држава.Членот на ДИК, Оливер Кондрако, ги објави процентите по општини, при што најголема излезност е забележана во Демир Капија и Дојран (по 72%), како и во Крушево (68%) и Долнени (65%), додека најниска е во Куманово (33%) и Шуто Оризари (30%).По општини,

Настани | пред 1 година

media-library3ggam2gph8ccaIJqT0v

(Видео) ДУИ почна со поплаки дека се купувале гласови

Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“.„Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни процесот и ја наруши еднаквоста на изборната трка. Сведоци сме на изборен асфалт, ноќно бетонирање, купување гласови и брутална вмешаност на државниот апарат во к

Настани | пред 1 година

media-library12hlra29flp64S5gGIm

Мицкоски: Нашиот глас е нашата сила – да ја искористиме достоинствено

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на социјалните мрежи упати порака до граѓаните во рамки на изборниот ден, повикувајќи на масовна и достоинствена излезност.„Денеска го исполнивме нашето демократско право – правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина. Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор,“ порача Мицко

Македонија | пред 1 година

media-libraryf78dfrinn9cf7G6sqVn

Спасен Силјановски: „Кога сме обединети за Кичево – тогаш сме најсилни“

Пејачот Спасен Силјановски преку објава на социјалните мрежи испрати порака за единство и заедништво, поврзана со неговиот роден град Кичево.„Во единството е успехот. Убаво и природно е да имаме различни ставови по одредени прашања. Но уште поубаво е кога сме обединети за Кичево,“ напиша Силјановски, додавајќи дека разликите треба да се надминат кога е во прашање љубовта кон градот.„Кога нашите разлики се бришат кога е во прашање нашиот свет дом – Кичево. Ајде сите една песна, песна се Македонск

Македонија | пред 1 година

media-library1m5fojo20rp54G4e7ww

(Фото) Трајко Вељановски слави роденден во партија

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, кој беше обвинет, а потоа ослободен во случајот „Организатори на 27 април“, денеска на социјалните мрежи сподели фотографија со членови на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.Во описот на објавата Вељановски напиша: „Роденденски со правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во исчекување на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.“Објавата следи во денот кога се одржува вториот круг од локалните избори, на кои владејачката партија очекува потврда на изборната пр

Македонија | пред 1 година

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Левица: Во Карпош е спречен обид за „бугарски воз“ на пет гласачки места во општината

Од партијата Левица тврдат дека во Карпош на пет избирачки места во општината бил спречен обид за изборен инцидент познат како „бугарски воз“. Според нив, се работи за обид на, како што велат, „власта“ да влијае врз изборниот процес поради зголемената излезност во Карпош.„На пет гласачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од набљудувачите да бидат изнесени надвор од избирачките места,“ се наведува во објавата на партијата.Левица додава дека за овие инциденти

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-13.10.41

Приведени девет лица за нелегални борби со кучиња во Битолско

Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ извршиле акција во селото Црнеец, при што од слобода биле лишени девет лица од Македонија и Косово, кои организирале нелегални борби со кучиња.Против сите нив ќе биде поднесена кривична пријава за „мачење животни“, соопшти полицијата.Според информациите, четворица од приведените се државјани на Косово, на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица се од Битола (51, 41, 43 и 43 години), а еден од Штип, стар 59 години.Од СВР Битола за МИА пот

Македонија | пред 1 година

skopje

Пад на излезноста во вториот круг во Скопје: највисока во Карпош, најниска во Сарај

До 17:00 часот, вкупната излезност на гласачите за Град Скопје изнесува 28,52%, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК). Според податоците, на гласање излегле 134.586 граѓани.Излезноста по скопски општини е следна:Аеродром – 36%Бутел – 22,90%Гази Баба – 25,79%Ѓорче Петров – 29%Карпош – 40,73%Кисела Вода – 34,48%Сарај – 8,77%Центар – 39,44%Чаир – 12,08%Шуто Оризари – 26,10%Највисока излезност досега има во општина Карпош, додека најниска е во Сарај и Чаир.За споредба, во првиот круг од лока

Скопје | пред 1 година

media-library0jh5lb2edr816tSLXW9

Опасен тренд на ТикТок: руски таблети за слабеење ги праќаат тинејџерите во болница

Таблети наречени „Molecule“, кои ветуваат брзо слабеење, станаа вирален тренд на руската верзија на ТикТок, каде младите масовно ги купуваат преку интернет. Реклами со слогани како „Земи Molecule и заборави дека храната постои“ ги преплавија социјалните мрежи, но зад ветувањето за совршена линија се кријат опасни последици – десетици тинејџери завршија во болница, пишува рускиот сервис на BBC.Една од жртвите е 22-годишната Марија од Санкт Петербург, која таблетите ги нарачала преку интернет-прод

Свет | пред 1 година

media-library1j8t4ogb2sgfb5zwKaU

На Фејсбук објавено заокружено избирачко ливче

На Фејсбук е забележано прекршување на изборниот молк, односно е објавено заокружено гласачко ливче од Општина Тетово, што претставува отворена агитација.На профилот преку кој е објавено избирачкото ливче нема име и презиме.Со цел почитување на изборниот молк, Скопје1 ја замагли фотографијата за да не може да се види и за кого било гласано.

Македонија | пред 1 година

media-library1tcpobjpljsf5X6hh4S

Украински дронови погодија нафтен терминал и танкер во рускиот Туапсе – голем пожар и сериозни оштетувања

Украински беспилотни летала извршија напад врз нафтен терминал и танкер во градот Туапсе, во рускиот Краснодарски крај, доцна вечерта на 1 ноември, предизвикувајќи голем пожар и материјална штета, потврди извор од Безбедносната служба на Украина (СБУ) за Kyiv Independent.Според СБУ, забележани се пет директни удари со дронови. По нападот се запалил танкер, а најмалку четири пристаништа за товарење и истоварување станале неупотребливи, при што биле оштетени и неколку административни згради. Генер

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.13

Хамас бара привремен имунитет за 200 свои борци во Рафа – можни тајни преговори со Израел

Палестинското движење Хамас побарало привремен имунитет за околу 200 свои припадници кои се наоѓаат во подземните тунели во Рафа, за да им се овозможи преместување во рамките на таканаречената „Жолта линија“ – зона во која се повлекле израелските одбранбени сили (IDF). Веста ја објави израелскиот Jerusalem Post, повикувајќи се на информации на Al Jazeera, која пренесува дека меѓу двете страни се водат директни разговори.Овој потег, според израелски извори, укажува дека IDF е свесен за присуствот

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Кремљ: Во моментов нема потреба од средба меѓу Путин и Трамп

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека во овој момент „нема потреба“ од средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува украинскиот медиум Kyiv Independent, повикувајќи се на агенцијата ТАСС.„Хипотетички, состанокот е можен, но сега нема потреба од него. Потребна е детална и внимателна работа на прашањата што се однесуваат на мировното решение“, изјави Песков, истакнувајќи дека дипломатските напори се насочени кон конкретни подг

Свет | пред 1 година

media-librarykfk3bu572lbc3CtKnfS

Излезност до 17 часот: Гласале 39,28% од избирачите, најмала излезност има во Куманово и Шутка

Државната изборна комисија соопшти дека до 17:00 часот на вториот круг од локалните избори своето право на глас го искористиле 39,28% од запишаните гласачи, односно вкупно 279.241 граѓанин.Според податоците по општини, излезноста варира значително:Аеродром – 36%, Боговиње – 34,53%, Брвеница – 48,78%, Валандово – 53%, Дебар – 35,91%, Дебарца – 51%, Демир Капија – 45%, Карпош – 40%, Кичево – 48%, Конче – 64%, Кочани – 34%, Крушево – 61%, Куманово – 27%, Лозово – 62%, Македонска Каменица – 45%, Мак

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања