Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-librarys9e9quejdcf09m7ImAJ

(Видео) Потоп на Ибица – аеродромот поплавен, улиците претворени во реки

Екстремни врнежи предизвикаа поплави на Ибица, каде што е издадено највисокото, црвено предупредување за опасни временски услови. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како улиците се претвораат во реки, водата продира низ покривот на аеродромот, а надојдените води носат автомобили. Туристите кои во овој период од годината ја избрале Ибица за помирен одмор сега сведочат дека клубови на плажите се целосно под вода.Аеродромот на Ибица објави предупредување за неповолни временски

Свет | пред 1 година

media-library7b9005956c067PIx0Cc

Зад милијардите на „MK Group“ се крие еколошка катастрофа во Врбас

Додека официјалните податоци на месната индустрија „Carnex“ се мерат во милијарди и тони производи, жителите на Врбас и околните места сведочат за сосема поинакво искуство – секојдневие исполнето со непријатни миризби, загадена вода и постојан страв за здравјето, пренесува порталот 24sedam.rs.Според истиот извор, во официјалните извештаи на „MK Group“ и нејзината месна индустрија „Carnex“ се истакнуваат приходи од над десет милијарди динари годишно, како и статусот на најголем производител и изв

Балкан | пред 1 година

media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче практично подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл.Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.Тоа е всушност реалното ли

Македонија | пред 1 година

1-paris-najposakuvana-destinacija-na-turistite-www.kafepauza.mk_

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција, Нати Мтетва, е пронајден мртов пред еден хотел во Париз, соопшти денеска француското обвинителство. Извори блиски до случајот наведуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство.Според првичните информации, 58-годишниот дипломат бил во депресија и можно е самиот да си го одзел животот. Тој имал резервирано соба на 22. кат од хотелот, а прозорецот бил насилно отворен, соопшти обвинителството.Телото на Мтетва, близок пријател на поранешниот јужноафрика

Свет | пред 1 година

zemjotres

Земјотрес од 6,7 степени по Рихтер регистриран на Филипини

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините.Според податоците на Германскиот истражувачки центар за геонауки, епицентарот на потресот бил регистриран на островот Лејте.Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета, а локалните власти апелираат на претпазливост и внимателно следат дали ќе има нови подземни потреси.

Свет | пред 1 година

media-library9c1bmj8tkcfn1bSlZdV

Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење и дополнителни часови, зацртана во идната програма.Во разговор со група пензионирани наставници, тој посочи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка за учениците кои потешко ја совладуваат наставата, како и за надарените ученици кои се подготвуваат за натпревари.Недостигот на наставен кадар е системски проблем на ниво на државата, затоа одлуч

Скопје | пред 1 година

media-librarycoqhqjb31gba4tzRfN7

Пукање во Вишничка Бања: Пет лица ранети во кафе-бар во Белград

Пет лица се ранети во пукање кое се случило нешто по 14 часот во кафе-бар во белградската населба Вишничка Бања.Непознати напаѓачи влегле во локалот „Локал бар“ и отвориле оган врз присутните гости.Досега е познато дека меѓу ранетите се маж на возраст од 59 години и жена од 42 години, соопштуваа од Министерството за внатрешни работи (МУП) на Србија.Денеска околу 14:23 часот во угостителски објект во Вишничка Бања, од страна на засега непознато лице, било употребено огнено оружје, при што се повр

Свет | пред 1 година

media-librarydemm2rrma71o7o9iIMe

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација – воз, еколошки автобуси и нова инфраструктура

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека на Скопје му е потребна силна трансформација, при што најави поддршка за капитални проекти како градскиот воз, нови еколошки автобуси и инфраструктурни зафати.„На Скопје му треба силна трансформација, а новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Министерството за транспорт. Ветуваме градски воз и тоа ќе го реализираме“, истакна Николоски.Тој најави дека е избран изведувач за првата де

Скопје | пред 1 година

media-libraryu9js0et25kdk5GZALEy

(Фото) Бркотница на полицијата со пијан возач: успеале да го запрат на Партизанска

Полициската станица Карпош поднесе кривична пријава против 40-годишниот А.П. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.Во саботата (27 септември), околу 19 часот, на улицата „Козле“ во Скопје, по претходна пријава од граѓани, полициски службеници го запреле возилото „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки кое го управувал пријавениот. По извршена проверка било утврдено дека возачот имал 3,06 промили алкохол во крвта.А.П. веднаш бил исклучен

Скопје | пред 1 година

media-libraryptvi05ggk84k00wxyHc

Милошоски зборува за две тајни коалиции: Левица со ДУИ за Струга и Тетово, во Карпош, Заев и Филипче со Јакимовски за маркици и тендери

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција изјави дека за претстојните избори постојат две „не толку видливи, но проѕирни коалиции“, чија цел е заштита на бизнис интереси.– Овие избори ги сојузија едни од најголемите манипуланти и штетници во Македонија против ВМРО-ДПМНЕ во две не толку видливи но сепак проѕирни коалиции, коишто имаат за цел да зашитат два бизнис интереси – рече Милошоски.Тој како прва ја посочи коалицијата помеѓу ДУИ и Левица, при што, како што

Македонија | пред 1 година

bolnica-stip

Вкупно 17 деца и возрасни се заразиле со салмонела, јаделе сендвичи од една штипска сендвичарница

Се зголемува бројот на деца и вработени од едно штипско средно училиште кои добиле симптоми на труење по консумирање сендвичи во блиска сендвичара. Епидемиологот Светлана Живкова за МИА изјави дека до денеска се регистрирани вкупно 17 лица со симптоми, што е за двајца повеќе од вчерашниот биланс.– До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана Salmonella enteritidis. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и испратени се на анализа во лабораторијата

Македонија | пред 1 година

media-libraryqkp9ak61hkce2EgcBVV

Азири: Османи нека каже колку денови како министер бил со Чаирци

Бујар Османи треба да одговори колку денови вкупно поминал сограѓаните на Чаир за време на неговите мандати во владите на Груевски ина СДСМ, прашува ВЛЕН.Сабри Азири, портпарол на Локалниот штаб на коалицијата ВЛЕН во Чаир, денес го критикуваше кандидатот на опозицијата за општина Чаир, Бујар Османи, за недостаток на реален интерес кон граѓаните и за преголем фокус на прашања кои се надлежност на централната власт."Кандидатот на опозицијата за општина Чаир,Бујар Османи не гоинтересираат жит

Скопје | пред 1 година

media-library8fm05i3pi0ljblSxyw8

(Видео) Мециновиќ: Кампањата ја селиме на улица

„Забраната за политичко рекламирање нема да ја сфатиме како пресудна пречка во оваа кампања. Кампањата ја префрламе на улица, без бини и микрофони. Ние ќе бидеме од сабајле до навечер присутни на улиците каде што Скопјани и секој поединачно ќе може да дојде до нас и да разговара“, порача Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, на денешната прес конференција.Во следните дваесет дена од изборната кампања, Мециновиќ најави фокус на состојбата во Град Скопје и јавните претприј

Македонија | пред 1 година

media-librarydnme9tl8p13110P3YWy

Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.„Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заедни

Македонија | пред 1 година

media-librarymu94da18kv09c7lCDGy

Да го спасиме животот на студентот по медицина Спасение Анчески, се бори со најтешката леукемија!

Студентот по медицина Спасение Анчески од Скопје води борба со акутна миелоидна леукемија и единствена надеж му е лекувањето во Загреб.Апел за помош за негово лекување упати и гинекологот Ненад Лазаревски, кој во објава на ФБ вели:Ја повикувам цела медицинска заедница ИТНО да помогнеме на овој млад иден колега, воедно и апел до цела држава, да се обединиме да се спаси уште еден млад животНашиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје се соочува со најтешката битка – акутна миелоидна леуке

Македонија | пред 1 година

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

Серија пријавени физички напади низ Скопје: Во еден ден пријавени напади во Аеродром, Волково и Бит Пазар

Во изминатите два дена во Скопје и околината се регистрирани повеќе случаи на физички напади, информираат од Министерството за внатрешни работи.На автобуска постојка на Бит Пазар, 15-годишно момче било нападнато од двајца малолетници. Случајот го пријавила неговата мајка, а полицијата работи на откривање на сторителите.Во општина Аеродром, 41-годишна жена била нападната во својот стан од поранешен вонбрачен партнер, додека 19-годишна скопјанка во истата општина пријавила дека била нападната од ж

Скопје | пред 1 година

apsenje

Приведен скопјанец во Кисела Вода за закани кон полицаец

На 30 септември 2025 година, околу 00:50 часот, на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б. (52) од Скопје.Како што информираат од МВР, лицето агресивно се однесувало и упатувало закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.При преглед на патничко возило марка „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, на совозачкото седиште бил пронајден и одземен нож.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде под

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Уапсен косовски државјанин во Карпош за кражба на струја

На 29 септември 2025 година, околу 20:00 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишиле од слобода С.Н. (36) од Косово.Како што информираат од МВР, акцијата следела по пријава поднесена на 1 јули од ЕВН Македонија за неовластено преземање електрична енергија. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што претходно го изнајмил, незаконски користел електрична енергија.При службениот разговор било констатирано и дека лицето нема регулиран престој

Скопје | пред 1 година

policija-rekord-avtobus

Судар на патот Маврово–Дебар, заврши со тројца повредени

На 29 септември 2025 година, во 16:55 часот, на регионалниот пат Маврово–Дебар, на местото викано „Ростушко Анче“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила: патничко возило „Фолксваген Бора“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од В.Ч. (51) од Дебар, товарно возило „Мерцедес Спринтер“ со скопски таблички, управувано од Ј.А. (59) од Скопје, и патничко возило „Мерцедес“ со грчки национални ознаки, управувано од Б.А. (43) од Албанија.Во несреќата со тешки телесни повреди

Македонија | пред 1 година

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Тројца пешаци прегазени во Скопје за еден ден

На 29 септември 2025 година, во текот на денот, во Скопје се случиле три сообраќајни несреќи во кои со тешки телесни повреди завршиле тројца пешаци, информира МВР.Првиот инцидент бил пријавен во 09:30 часот на улицата „Мајка Тереза“, каде патничко возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишната М.П. од Скопје, удрило во малолетен пешак. Повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди.Околу еден час подоцна, во

Скопје | пред 1 година

brza-pomos

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Волково, прегазен од автомобил

На 29 септември 2025 година, во 10:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „60“ во село Волково, патничко возило „Фолксваген Фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С. (55) од Волково.Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-05-11-at-13.29.26

Шест лица уапсени во Скопје – пронајдена марихуана и прашкаста материја

На 29 септември 2025 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода шест лица – А.И. (29), Н.Ј. (40), В.Ш. (26), И.Ч. (22) и А.Т. (22), сите од Скопје, како и В.Ј. (55) од Република Србија.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава прашкаста материја и грутчеста материја.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 година

policija

Закани по живот на полицаец – кривична пријава против жител на Синичане

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Р. (25) од селото Синичане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2025 година пријавениот преку социјална мрежа упатил закани по живот на полициски службеник.Заканите следеле откако истиот полициски службеник претходно издал платени налози за глоба на пријавениот и на неговиот татко за сторен

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Во Виница пријавен за насилство врз дете

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против С.Т. (45) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 август 2025 година, во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник.

Македонија | пред 1 година

media-library8o34vtj7ji9e50h5VjW

(ФОТО) „Вардариште ќе стане современа претоварна станица, а не дива депонија“, вети Шукова

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска изјави дека Вардариште ќе добие конечно и трајно решение како дел од планот за Скопје без диви депонии.„Вардариште мора да се затвори како дива депонија и да се уреди како претоварна станица по европски стандарди,“ истакна Шукова.Таа нагласи дека изминатите четири години на оваа локација не биле преземени никакви интервенции, што резултирало со сериозни еколошки и здравствени последици за граѓаните.Во нејзината програма е пред

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања