Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

По утринските апсења: Истрага за 15 лица, меѓу нив полицајци, директор, началник

Специјализираното одделение при Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поведе истражна постапка против 15 лица, осомничени за повеќе тешки кривични дела поврзани со нелегална сеча на шума во Малешевијата.Тие се товарат за злосторничко здружување и пустошење шуми, шестмина и за злоупотреба на службена положба, додека првоосомничениот е обвинет и за давање поткуп, а еден од осомничените за примање поткуп.С

Македонија | пред 1 година

media-library4ujie9898cj68h8MQ2b

(Видео) Малолетници на тротинет се тркаа со автобус на „Партизански одреди“

На булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 3 биле забележани малолетници како на електричен тротинет се движат по средната сообраќајна лента, тркајќи се со автобус. Снимката, до која дојде „Скопје1“, покажува дека двајца млади без заштитна опрема и без почитување на законските прописи си прават забава од ризичната постапка.Иако на целиот булевар постои велосипедска патека, тие сепак избрале да се движат по коловозот, доведувајќи се во директна опасност и создавајќи ризик за сообраќајот.Граѓанит

Скопје | пред 1 година

mickoski-9-vlada

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

„СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации“, велат од Владата и додаваат: Фактите се едноставни и непобитни, ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува распол

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35-450x270-1

Семејна драма во Скопје завршила со физички напад и закани - мажот пријавил во полиција

МВР информира дека 73-годишен скопјанец пријавил семејно насилство во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.Според пријавата, на 18 септември околу 19:30 часот, по претходна расправија, тој бил физички нападнат од својата сопруга Г.Г., која користела тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

media-library0df0pdk6hi5m0FEPI3e

Детали за инцидентот во Прилеп: имало масовна тепачка, 13 лица се уапсени - полицијата пукала

МВР соопшти дека денеска околу 12 часот пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп избила масовна тепачка во која биле вклучени повеќе лица. Во пресметката биле користени дрвени и други предмети.На местото интервенирала полицијата, но учесниците не ги послушале наредбите да престанат. Во еден момент, еден од полициските службеници испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол за да ја смири ситуацијата.Во полициската станица во Прилеп биле приведени 13 лица. По целосно докум

Македонија | пред 1 година

policija-2457

По сообраќајка, бил и натепан на Бит Пазар - полицијата расчистува уште едно насилство

МВР информира дека 23-годишен жител на скопското село Танушевци пријавил физички напад на подрачјето на Бит Пазар.Според пријавата, на 18 септември околу 20:30 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, тој бил нападнат од едно лице, кое во нападот употребило и остар предмет.Случајот е пријавен истиот ден во 23:30 часот во СВР Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уапсен велешанец: нападнал сограѓанка и насилно влегувал во нејзиниот дом

Според Министерството за внатрешни работи, на 18 септември околу 23 часот на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.С. (59), по претходна пријава од 51-годишната К.Х. од Велес. Таа пријавила дека осомничениот ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа во два наврати насилно влегол и во нејзиниот дом.Ј.С. е задржан во полициската станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде подне

Македонија | пред 1 година

media-library41d15smmt0m2a9nN10C

(Видео) Вооружена пресметка пред болницата во Прилеп!

Пред прилепската болница две поголеми групи, со огнено и ладно оружје сакале да се пресметаат меѓу себе, објави порталот „Маркукуле“.Врие од претставници на МВР пред болница - неофицијално две поголеми групи наоружани со огнено и ладно оружје сакале да се пресметаат меѓу себе.Видеото погледнете го тука.МВР најави дека ќе соопшти детали.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Бруталност во Карбинци: 73-годишник претепал дете, со тешки повреди пренесено е во болница

Во селото Радање, 73-годишен маж брутално нападнал 15-годишно дете кое со повреди завршило во болница – СВР Штип поднесе кривична пријава за „насилство врз дете“.СВР Штип поднесе кривична пријава М.С.(73) од с.Радање, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено на кривично дело „насилство врз дете“.Пријавениот физички го нападнал 15-годишното дете и му нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Македонија | пред 1 година

diela1

Инцидент во албанскиот парламент: опозицијата со шишиња против виртуелната „министерка“ Диела

Албанскиот парламент во саботата попладне беше сцена на хаотични настани откако премиерот Еди Рама ја претстави Diella – виртуелната „министерка“ создадена со вештачка интелигенција, која ќе биде задолжена за надзор на јавните набавки и борба против корупцијата. Опозициските пратеници реагираа бурно, фрлајќи шишиња и документи кон премиерот, обвинувајќи го проектот дека е неуставен и „политичка фарса“.Што претставува DiellaDiella е ВИ-систем изработен во соработка меѓу Microsoft и Националната а

Балкан | пред 1 година

kumanovo-bolnica_4

Затруени со храна учесници на семинар во Куманово - развиле температура до 41, повраќање и треска

Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово.Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење  со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување.-Одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово вчер

Македонија | пред 1 година

pozar-helikopter-

Среде најголемите пожари, 400 пожарникари оставени без плата, обвини СДСМ

СДСМ денеска обвини дека повеќе од 400 пожарникари, ангажирани преку општините со месечен надоместок од 24 илјади денари, сè уште не добиле ниту една плата. На прес-конференција портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, истакна дека луѓето кои биле селектирани и вклучени во август останале без примања до 17 септември.Според Кузеска, информациите кои стигнале до СДСМ од различни општини укажуваат дека исплатите се блокирани поради изборниот процес, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“.„

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Видео) Да станев пратеник немаше да го трпам ова сега „не сум баш спремен за македонски“, вели Џамбазов

Ако победев и станев пратеник, ќе се грижев за македонскиот јазик, ќе бев дел од комисија за култура и немаше да го трпам ова сега „не сум баш спремен за македонски“, вели актерот Игор Џамбазов во „Претрес“, алудирајќи на изјавата дадена од министерот за добро владеење. Тој посочува дека вакви изјави го погодуваат многу.„Тоа е непочитување на државата, во чија Влада си. Али Ахмети барем од почеток си кажа ‘не зборам јас тоа, крај’. Но и тоа кога го кажуваат тоа – не се искрени. Јас тврдам дека т

Магазин | пред 1 година

rosica

(Видео) „Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите

Трагичниот случај во Велес, во кој беа убиени Росица и нејзиниот татко, повторно ја отвори темата за потребата од посилна заштита на жртвите на семејно насилство. На денешната прес-конференција во Скопје, Либерално-демократската партија (ЛДП) побара итно усвојување на законските измени за воведување на електронски нараквици за насилниците.Членката на Извршниот одбор на ЛДП, Цветанка Геговска, посочи дека доколку измените предложени од пратеничката Моника Зајкова биле изгласани во април, сторител

Македонија | пред 1 година

media-library7qe988vfjftr21quKOM

Северна Кореја претстави огромни воени дронови – Ким Џонг Ун: ВИ е приоритет за модернизација на армијата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека употребата на вештачка интелигенција е „најголем приоритет“ во модернизацијата на сè пософистицираното оружје на земјата и во развојот на дроновите, пренесе државната агенција KCNA.За време на вчерашната посета на комплекс за беспилотни летала во Пјонгјанг, Ким присуствувал на тестирање на повеќенаменски дронови и извидувачки летала. KCNA објави и фотографии од дронови со значителни димензии.Ким потенцирал дека „брзиот развој на новововедени технол

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Охриѓанец пронајден мртов во неговиот дом

На 18.09.2025 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П.(66) од Охрид.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија | пред 1 година

media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Кедев: Стојам зад сè што кажав – непотребни стентирања ја уништуваат довербата во здравството

Кардиологот Сашко Кедев останува на ставот дека во македонското здравство постојат злоупотреби со непотребни кардиохируршки интервенции и стентирања. Како што истакна во синоќешното гостување на ТВ Алфа, неговата цел е системот да расчисти со неправилностите и да воведе контрола.„Стојам зад сè што кажав. Овој пат јавноста реагира силно, а тоа е исправно. Станува збор за проблеми што ги отварам со години, но досега не наидував на поддршка,“ рече Кедев, нагласувајќи дека сега има позитивна реакциј

Македонија | пред 1 година

media-library480ek70qcc7n4vSXJN6

Најдени текстуални пораки: Робинсон признава, Бенон сомнева — истрагата за убиството на Чарли Кирк се шири

Обвинителите во Јута објавија дека има текстуални пораки во кои 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, наводно признава дека го убил Кирк на кампусот на Универзитетот Јута Вали и ја објаснува мотивацијата како „заситеност од неговиот говор на омраза“, јави британскиот таблоид Daily Mail, кој објави дел од пораки.Според обвинителите, пораки и други дигитални траги се дел од материјалот што ќе се користи во истрагата и евентуално во обвинението

Свет | пред 1 година

media-library736tifpflnhq2RNHJWQ

Во Харков, Херсон и Запорожје нови жртви од руските напади

Најмалку пет цивили загинаа, а седуммина беа повредени во нови руски напади врз Украина во текот на четвртокот, соопштија украинските власти.Руската армија во текот на ноќта лансирала 86 дронови кон украинска територија, од кои 50 биле таканаречени „камиказа“. Украинските воздушни сили успеале да пресретнат 71 дрон, но 15 сепак погодиле шест локации, а остатоци биле пронајдени на уште две.Најтешки последици имало во градот Костјантиновка во Доњецката област, каде што руските сили фрлиле разорна

Свет | пред 1 година

media-library9q36cmdurt5v1ubXzXZ

Поранешниот портпарол на Коце Трајановски кандидат за советник во Карпош

Неделчо Крстевски, порашениот портпарол на Град Скопје кога градоначалник беше Коце Трајановски, на претстојните локални избори ќе биде кандидат на листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на општина Карпош.Во објава на Фејсбук, Крстевски напишаЧ„Карпош е наш дом, место каде растеме, живееме и градиме иднина за нашите семејства. Време е за вистински промени и за општина која ќе работи чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните.Со голема чест ви ја соопштувам мојата кандидатура за советн

Скопје | пред 1 година

media-library6ucods7hhl2d1dZMKO7

Четворица обвинети за кражба и сквернавење на гроб на Бутелските гробишта, краделе бронзена биста од гробот на Стале и Бранка Попови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб, кривични дела казниви по член 236 и член 400 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничените на 17 септември влегле на градските гробишта во Бутел и дошле до алејата на заслужни граѓани. Со употреба на сила ја откорнале и урнале бронзената биста со два човечки лика во седечка положба, поставена на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.Иако бистата била за

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-09-22-202659

Алиу: На Клиниката за неврохирургија првпат воведена интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочни аневризми

На Универзитетска клиника за неврохирургија беше извршена комплексна микрохируршка интервенција кај 57-годишен пациент со руптурирана аневризма на мозочен крвен сад.- Станува збор за операција која за првпат во Македонија е изведена со примена на интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија. Оваа иновација е значаен чекор напред во модернизацијата на македонското здравство. Примената на интраоперативната флуоресцентна видеоангиографија ја зголемува безбедноста на пациентите и ја подобрува ефи

Македонија | пред 1 година

media-libraryeh7s61n024nt6InbI2i

Србија го враќа задолжителниот воен рок, првата генерација ќе служи од јануари 2026

Од почетокот на јануари во Србија ќе започне служењето на задолжителниот воен рок, најави министерот за одбрана Братислав Гашиќ. Според него, армијата веќе има подготвено повеќе од 120 објекти каде ќе се извршува обуката на регрутите.Гашиќ нагласи дека процесот е сложен и скап, но дека Министерството веднаш почнало со изработка на сите законски и подзаконски акти потребни за враќањето на оваа пракса.Во текот на есенската седница на српското Собрание се очекува да биде предложен пакет нови закони

Балкан | пред 1 година

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема подобар кандидат за Скопје од мене

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Претрес кај Ландов“. Тој изјави дека, според него, во моментов нема подобар кандидат за Скопје од него.„Па не гледам дека засега има подобар. Перински ми е добар соработник, со Боби од Гази Баба сме другари. Покажав четири години како конструктивно се делува,“ рече Ѓорѓиевски.На новинарското прашање дали славата не му се одразила, Ѓорѓиевски одговори д

Студио | пред 1 година

BKuzeska3

СДСМ најавува скандал за Владата поврзан со ПР и манипулации

СДСМ најави дека денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе објави, како што велат, нови информации и индиции за уште еден скандал на власта.„Секој ден има нов скандал кој ја тресе власта. Дали со евтин ПР и манипулации се крие неспособноста да се справи со пожарите?“ стои во соопштението од партијата, со кое се упатува покана до медиумите.Од СДСМ порачаа дека јавноста ќе биде запознаена со нови детали на денешниот прес.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања