„Стоп Вардариште“ најави утрински протест и блокада на мостот „Близнаци“
Иницијативата „Стоп Вардариште“ ја информира јавноста дека во понеделник, 15 септември 2025 година, освен закажаниот протест во 18:00 часот, ќе се одржи и утрински протест со почеток во 07:30 часот. Протестот ќе биде со блокада на мостот „Близнаци“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.Од иницијативата велат дека на овој чекор се одлучиле поради, како што нагласуваат, игнорантскиот однос на надлежните органи кон нивните барања и сѐ поголемото труење на граѓаните предизвикано од депонија
Скопје | пред 1 година