Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-9280PM

Кој е таткото од Кичево кој си ја уби ќерката: Над 50 кривични, едвај 1 година затвор и ниту една пријава за семејно насилство

За дванаесет години, таткото кој си ја уби ќерката во Кичево, имал 50 кривични пријави и едвај една година затвор. Ова го покажува неговата кривична историја во МВР. Во ниту една пријава нема семејно насилство, но Центарот за социјални работи алармирал дека минатата година, мајката на убиеното девојче заминала од домот по расправија со таткото. Семејството има седум деца, убиеното е најмалото.„Во периодот од 2011 до 2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени кри

Македонија | пред 2 години

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Пак различни толкувања: Незири од ДУИ ќе си остане дома, оти обвинителот смета дека не може да се жали во Апелација

Препукувањата и различните толкувања на Обвинителството и Кривичниот суд за случајот М-НАВ продолжија. Останаа различните ставови во однос на одредувањето притвор, а сега, нови разединувања има за тоа дали обвинителот може да се жали до Апелација што Беким Незири од ДУИ заедно со тепачите, не доби ефективен, туку домашен притвор. Обвинителството јасно укажува дека таква можност не постои.„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скоп

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-10-at-20.50.32

Холандскиот амбасадор како меур од сапуница го разби имагинарниот проевропски фронт, смета Чулев

Чулев: Холандскиот амбасадор како меур од сапуница го разби имагинарниот проевропски фронт на ДУИ и СДС„Или овие двајца коментираат друга средба меѓународна на која бил Ахмети или пак Османи и Груби се присилени да даваат коментар во градење на позитивна перцепција на таа средба“, истакна Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.Тој потенцираше дека холандскиот амбасадор дал прецизна слика за владеењето на ДУИ и СДС.„Меѓутоа јас би потенцирал она

Македонија | пред 2 години

nebiu-mijalkov

Директорот на Агенцијата која го продаваше: Парадокс е синот Мијалков да го зема имотот од таткото Мијалков

Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, вели дека парадокс е тоа кога од таткото имотот го зема синот, во случајот со купувањето на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Империја“ од неговиот син Јордан Мијалков.,,Ова што се случува е парадокс кога синот го зема имотот од таткото.На Агенцијата ѝ е најважно дека тие пари што се стекнати на криминален начин, ги вративме кај граѓаните, заради тоа што законот и

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-55-5960PM

Во Аеродром, Чаир и Карпош, жители каснати од кучиња

На 11.01.2024 во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Ј.(28) од Кочани пријавила дека на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје била касната од куче скитник.На 11.01.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Чаир, М.М.(58) од Скопје, пријавила дека на ул.„Качанички пат“ во Скопје била касната од куче скитник.На 11.01.2024 во 18.15 часот во Полициската станица Карпош, И.И.Ј.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Прашка“ во Скопје била касната од куче скитник.

Скопје | пред 2 години

ambulanta

И натаму се бори за живот еден од повредените во пукањето во Тетово, групите имале нерешени проблеми

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, тврди дека вчерашното пукање во кругот на Клиничкиот центар во Тетово, нема поврзаност со здравството. Двете ранети лица и групата која пукала, случајно се нашле во гругит на болницата.„Во Тетово две групи имале нерешени проблеми. Случајно биле во дворот на болницата. Како што знам двајцата се во Скопје префрлени, едниот во потешка, другиот во полесна состојба. На КАРИЛ се. Нема поврзаност со здравството“, вели Меџити.Тој очекува МВР да го расчисти случајо

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Уапсени четири лица за пукањето во Тетово, едно во бегство - МВР со детали

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.„За

Македонија | пред 2 години

Zemjotres34

Три земјотреси во еден час: Детали за потресите во Преспа кои се осетија во повеќе градови

Во изминатото деноноќие, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 12.01.2024 година регистрираше серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почуствувани од страна на граѓаните.„Првиот земјотрес од оваа серија беше регистриран во 00 часот и 32 минути, чиј епицентар се наоѓа 120 km ј

Македонија | пред 2 години

oki-ubisvo

(Фото) Најден убиецот на Оки во Грција, но и пиштолот со кој е извршена ликвидацијата

Грчката полиција го расчисти убиството на ликвидираниот македонски државјанин во Грција, Орхан Бајрами – Оки и неговиот пријател, кои беа ликвидирани во Халкидки. Тамошните медиуми посочуваат дека лицето кое е во притвор поради двојното убиство во чаршискиот „Шиша бар“ во Скопје е осомничен и за убиството на водичот на нарко клан, Бајрами-Оки.Полицијата го нашла и оружјето со кое е убиен Оки, а негов пријател беше ранет. Оружјето било со пробушувач, а фрлено во област која е тешко пристапна, под

Свет | пред 2 години

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Утрово студено, преку ден сончево и температура до 9 степени

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, ова според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи нè очекува денеска.Најниска темпратура, -8 степени, утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец – 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп – 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен.Најмногу снег има на Попова Шапка шест

Македонија | пред 2 години

zemjotres-2-2

Земјотрес од 3,8 степени со епицентар во Преспа ги стресе и Ресен, Охрид, Струга, Битола и Кавадарци

Земјотрес ноќеска стресе неколку градови во државата. Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен, Битола и КавадарциНа триесетина минути по полноќ бил почувствуван земјотрес на повеќе места во Охридско-преспанскиот регион. Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во подрачјето на Преспа.Потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макр

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-11-at-19.21.57

Крвава пресметка и пукање во Тетово - две лица погодени од куршуми, едното во тешка состојба

Крвава пресметка со пукање имало во Тетово, дознава „Скопје1“. Според првичните информации има тешко повредени лица. Едното лице кое е погодено, е во тешка состојба и итно пренесен со Брза помош во Клиничкиот центар во Скопје.„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-11-at-19.28.46

Еден од пуканите се бори за живот, не се знае дали пукачите се приведени - медицинари од Клиниката во Тетово не се повредени

Двете лица во кои беше пукано пред Клиничкиот центар во Тетово се префрлени на лекување во скопските клиники. Станува збор за двајца браќа од селото Гајре. Едниот од нив е во покритична состојба. Дали лицата кои пукале се најдени и приведени – не е познато. Докторот Бобан Вучевски од Клиниката во Тетово кажа дека други повредени лица нема.„Беше интервенирано од наша страна и со екипа од анестезија и реанимација префрлен е на скопските клиники. Кај вториот кој беше повреден, но во постабилна сост

Македонија | пред 2 години

sved

Сведоштво за таткото-монструм од Кичево: За убиеното 2-годишно девојче крив е системот

Кичевчанецот Семир Вејсел сведочи дека таткото кој ја уби својата двеипол годишна ќерка, во два наврати имал обид да го ограби, а успеал да украде мотор вреден околу 2500 евра. Тој за „Скопје1“ посочува дека Обвинителството покренало постапка, но таа, до април минатата година, не добила ниту првостепена пресуда. На социјалните мрежи пак посочува дека системот е крив за убиеното девојче.„Ако некој праша зошто еве ви одговор: бидејќи го знам убиецот и како таков одамна требаше да биде процесуиран

Коментари | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Таткото и ги скршил черепот и ребрата на ќерката, девојчето имало и крварење на мозокот

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здоб

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Пет нови одлуки на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе бира министри за во техничка Влада, Џафери нема да биде гласан

„2024 година за граѓаните на Македонија е година на промени, година во која ќе се ослободиме од криминалната власт на СДС и ДУИ и година во која ќе се донесат промените кои ги заслужува народот“, посочи Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:На вечерашната седница на ИК се донесоа 5 клучни одлуки за изборниот процес, дозволете ми да ги прочитам и да ја информирам јавноста за истите:1. ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, што би значело именување н

Македонија | пред 2 години

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Беким Незири од ДУИ добива ќукен притвор, заедно со лицата кои упаднаа во М-НАВ

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од Јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 04.01.2024 година со кои на 4 лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ. Меѓу нив е и Беким Незири од ДУИ, вработен во М-НАВ кој според истрагата ги отворал вратите за лицата да влезат.„Советот ценејќи ги приложените факти и докази во

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Државата им ги шитна конфискуваните станови од Сашо Мијалков на Мијалкови

Фирмата на Јордан Мијалков, „Бест веј инвестмент“ е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од неговиот татко, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“.Овој имот беше продаден во ноември на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што пред продажбата свикаа и прес-конференција, на која се пожалија дека биле заплашувани од страна на сопственици на имотот при обидите за продажба.Според податоците од Агенцијата за управувањ

Македонија | пред 2 години

mickoski-412

Мицкоски: Амбасадорот на Холандија даде потврда за се она што ВМРО-ДПМНЕ со години наназад го зборува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посета на Општина Кисела Вода одговорајќи на новинарско прашање за негов коментар за изјавата на холандскиот амбасадор тој посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ тоа го зборува подолго време наназад, откако овие две партии се власт.„Амбасадорот на Холандија го потврди тоа што ние го зборуваме со години наназад, дека не владее правото, дека е партизирано и октроирано судството, се вршат притисоци врз

Македонија | пред 2 години

bekim-neziri

Беким Незири од ДУИ тврди дека зад негов грб се случувало тепањето во М-НАВ, кажа адвокатот Миланов

Беким Незири од ДУИ нема намера да бега, вели негивот адвокат Еленко Миланов кој оваа теза ја презентираше и пред медиумите. Според него упадот не бил во контролната кула на летови. Но не кажа дали настанот е сепак во истата зграда, но во друга канцеларија.„Сака да го докаже она што реално се случило, во кое што тој нема никаков допринос. Тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество“, кажа Миланов.Според адвокатот, во зградата на М-НАВ не влегле лицата кои тепале кон

Македонија | пред 2 години

374581177_695186952649818_2004501222033947629_n

Паника во Шведска по драматичното предупредување за војна со Русија: Граѓаните во страв не знаат што да прават, политичарите изнесоа опасни тврдења

Министерот за цивилна одбрана на Шведска, Карл-Оскар Болин и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Кралството Шведска, генерал Пер Микаел Бајден, изјавија дека „може да има војна“ во Шведска и дека „сите Швеѓани треба да се подготват за тоа можност“.Опозициските политичари тие изјави ги окарактеризираа како претерување. Поранешната премиерка Магдалена Андерсон рече дека сегашната безбедносна ситуација е сериозна, но дека не е баш дека војната е „на самиот агол“.Организацијата за заш

Свет | пред 2 години

osmani

Измени на закон: Функционерите со обвиненија ќе останат без работа додека не докажат дека се невини

На функционерите кои ќе бидат обвинети за злоупотреби и корупција, да им престане функцијата, а пак, на фирмите да им се забрани да учествуваат на тендери. Ова се две суштински измени во Законот за рестриктивни мерки. Министерот Бујар Османи, кажа дека се предлага основ за воведување на овие мерки, покрај постоечките основи, да бидат корупцијата и злоупотребата на службена дожност.„Се додаваат два важни инструменти, откако инстутицијата предлагач ќе ги достави сите докази, материјални и нематери

Македонија | пред 2 години

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Холандскиот амбасадор барал поддршка од ДУИ против корупција, олигархијата има влијание во системот, кажа Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека средбата на холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп со лидерот на ДУИ, Али Ахмети била со цел да се побара поддршка од партијата за борбата против корупцијата. Одговарајќи на новинарски прашања, Османи кажа дека има разлики помеѓу неговите и размислувањата на амбасадорот.„ДУИ најмногу зборува за борбата против корупцијата, затоа се бара поддршка од ДУИ. Во моите разговори со холандскиот амбасадор имаме две концептуални разлики. Т

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Двегодишно дете почина на Клиника, таткото од Кичево осомничен дека ја претепал до смрт

Двегодишно девојче претепано од таткото, почина при лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Мажот е уапсен во Кичево, станува збор за лице Ф.Д. на возраст од 30 години. Тој е осомничен дека во нивниот дом смртно го претепал детето.Според полицијата, настанот се случил на 18. декември. Девојчето прво било лекувано во Кичево, а потоа донесена во Скопје поради сериозноста на состојбата. Лекувањето траело над 20 дена.Полицијата со обвинителството ќе покренат постапка против таткото.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Беким Незири дојде во суд, овојпат без лисици, со рацете во џеб и двајца адвокати - ќе се одлучува за притворот

Беким Незири од ДУИ, кои според истрагата ги пуштил тепачите во М-НАВ дојде во Кривичниот суд заедно со неговиот адвокат Еленко Миланов. За разлика од минатиот пат кога беше донесен со полиција и лисици на рацете, овојпат, дојде со свое возило, па сам влезе во судот.Кривичен денеска ќе одлучува по жалбата на обвинителот, кој бара да се одреди мерка притвор за Незири, но и за тепачите кои влегоа во зградата на контролата на летање.Незири влезе во судот без да каже ниту збор за медиумите.Претходно

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања