Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

dzaferi-talad

Џафери до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: За името „ВМРО“ карајте се на суд

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да преземе мерки против пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ да не го користат симболот на партијата и името на партијата. Тој рече дека испратил допис до претседателот на Собранието со потпис од генералниот секретар Игор Јанушев исклучените пратеници да не го користат името ВМРО-ДПМНЕ.„Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, па неговото писмо нема дејство врз мене. Пратеници според Деловникот имаат право да формираат пратенички групи. А за името не е надлежно Собранието, ќе одите на суд и ќе го решавате проблемот“, му одговори претседателот Џафери на Мицевски.Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара точката да се повлече од дневниот ред бидејќи предлогот е противуставен, а рече дека и референдумот во Македонија бил неуспешен.Со 61 глас, парламентарното мнозинство го одби предлогот на Мицевски.Осуммината пратеници кои гласаа за отварање на процесот за промена на Уставот со цел влез на Македонија во ЕУ и во НАТО најавија дека ќе гласаат воздржано за три амандмани поврзани со помирувањето, а ги повикаа партиските колеги  од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за амандманите кои го гарантираат македонскиот идентитет.На собраниската седница на која се расправа за уставните измени, Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија рече: „Потсетуваме дека нашиот воздржан глас за трите амандмани е врзан за за процесот за простување и помирување“.Амандманите ги образложи премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

protest-srednoskolci-vlada-zagaduvanje-864x420

Скопските и гостиварските гимназијалци протестираат пред владата против загадувањето на воздухот

Група средошколци од средни училишта од Гостивар и Скопје, денеска се собраа пред Владата и со танц театар, кој го изведоа, го изразија својот револт од состојбата со загадувањето и непреземањето мерки за заштита на децата и младите.Тие бараат сите надлежни институции да преземат конкретни мерки за намалување на високите концентрации на ПМ 10 честичките и ПМ 2,5 во воздухот, со кои Скопје, Тетово, Битола и други градови рушат рекорди во загаденост, а Македонија, како што велат, стана најзагадена земја во Европа!-Според извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), во Македонија се дише најотровен воздух во Европа! Од загадениот воздух најмногу страдаат децата. Загадениот воздух е еден од најголемите фактори за смртност кај децата и тоа мора веднаш да се спречи. Децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото. Секое второ болно дете се лекува од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена, велат од Првата детска амбасада во цетот „Меѓаши“ која го поддржа перформансот.Децата во раниот детски развој се немоќни било што да променат, посочуваат оттаму, а Република Македонија како потписничка на Конвенцијата за правата на детето е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат. Затоа бараат надлежните да преземат итни мерки за надминување на проблемот со загадувањето. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

„Жолтите елеци“ - по Париз и во Брисел, по Фрнција и во Белгија

Десетици демонстранти загрижени поради високите даноци и трошоците за живот, предизвикаа хаос во сообраќајот во главниот град на Белгија, каде што исто така се зајакнува т.н. движење „Жолти елеци“.Движењето „Жолти елеци“ во изминативе две недели стана доста актуелно во медиумите откако властите на Франција решија да ги зголемат цените на бензините.Демонстрантите, облечени во жолти елеци, токму како што се нарекува и движењето, ги блокираа градските улици, но на некои возила повремено им дозволуваа да поминат.Како што јавија белгиските медиуми, до инцидентот дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и петарди кон полицајците, што го обебзедуваале собирот. На агресивното однесување на дел од демонстрантите, полицијата одговорила со водени топови и солзавец.Претсавник на брислеската полицијата соопшти дека белгискиот премиер Шарл Мишел најавил дека е подготвен да разговара со претставници на демонстрантите, но подоцна Владата го негираше тоа.Покрај во Брисел, протест на „жолтите елеци“ се одржа и во близина на Шарлоа, кој се наоѓа 60 километри јужно од белгискиот главен град.

Свет | пред 7 години

soobrakajka1-1

Тешка сообраќајка на патниот правец Охрид - Кичево

Тешка сообраќајна несреќа се случи претпладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Песочан.Како што информираат од СВР Охрид, во несреќата учествувале две возила. Засега не се соопштуваaт информации за здравствената состојба на учесниците во незгодата.Неофицијално сударот се случил помеѓу товарно возило камион и патничко возило ауди со кавадаречки регистарски таблички, а најмалку две лица се хоспитрализирани.На местото на настанот упатени се екипи на сообраќајната полиција и итната медицинска помош, а сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато и со застои. 

Македонија | пред 7 години

pece

Срамно и неверојатно: Нападнат разнесувач на салфети со церебрална парализа - Му ги украле парите

Пеце Ангелевски, најпознатиот разнесувач на салфети низ битолските угостителски објекти кој има церебрална парализа бил нападнат и ограбен.Оваа информација тој ја сподели на социјалните мрежи. Напиша дека напаѓачите му ги  украле двата мобилни телефони и заработувачката. Тој неуморно со велосипедот разнесува салфети и цевки низ битолските угостителски објекти. Заработувачаката е мала, но работата му го исполнува животот, а возењето велосипед му е најдобра физикална вежба.По објавувањето на информацијата има жестоки реакции на социјалните мрежи поради овој срамен чин, но дали е само тоа доволно? 

Македонија | пред 7 години

obvinitelstvo1

Прислушкувањето на Обвинителството почнало од 2013, велат оттаму

Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со снимањето на телефонските комуникации вели дека со исклучителна сериозност и внимателност се проверуваат сите аспекти на настанот и се работи на утврдување на евентуална кривична одговорност.„Предистражната постапка е отворена веднаш по добиените сознанија дека телефонските разговори остварени преку фиксна телефонија во зградата на јавното обвинителство биле снимани. Иако пронајдените податоци со снимени разговори на двата хард диска од телефонската централа датираат од 30.09.2016 година, постојат индиции кои укажуваат дека  снимањето траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година. Во таа насока, се проверува и дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред.Како што веќе известивме, првичните сознанија од предистражната постапка укажуваат дека снимањето се вршело на двата хард диска од телефонската централа во новиот објект во кој се сместени просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Скопје и Јавното обвинителство на Република Македонија. Во рамките на постапката се врши проверка и на тендерската документација за набавка на опремата и на овластувањата за нејзино користење.Дополнително, Јавното обвинителство работи на проверка и на индициите дека ист или сличен систем за снимање на телефонски разговори бил употребуван и во други правосудни институции“ се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

policija-2-1

Одземено возило на Табановце барано од Интерпол Сараево

Вчера во 18.30 часот на Граничниот премин Табановце, при контрола на патничко возило „Опел астра“ со босански национални ознаки,  управувано од A.E.(47) од Босна и Херцеговина, било констатирано дека возилото е предмет на потрага на Интерпол Сараево.А.Е. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, додека возилото било одземено. 

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Заев истрча да префрли одговорност за прислушувањето кое се случувало во целиот период додека е премиер

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со прислушувањето во Обвинителството вели дека вчера премиерот Заев истрчал да ја префрли одговорноста, а тоа покажува дека си ја ишка мувата од капата.„Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, држава каде луѓето на власт уништуваат и сакаат да управуваат со нашите животи.Ненормалното се продава за нормално, за да може секоја кражба, секоја извитопереност да им помине.Вчера се соопшти скандалозна вест. Обвинителството и судството прислушкувани. Тоа значи дека таму некаде некој кој денес е власт прати порака, судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува.Вчера излегоа со информацијата за прислушкување на обвинителството и судството, а премиерот Заев истрча да префрли одговорност што само покажува дека си ја ишка мувата од капата и дека што би рекле нашите постари кабаетот е голем. Кои се фактите. Рекоа дека прислушкувањето започнало од септември 2016та година, а од 2 септември 2016та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од СДСМ. (Еден период како технички, а потоа како полнозначен министер во владата на Заев) што значи дека ако имало прислушкување тоа е во целиот период додека овој човек е министер и во целиот мандат на оваа влада на Заев. Значи согласно засега достапните информации ова прислушкување се случувало во целиот период додека Заев е премиер, Спасовски министер, а Верушевски советник во Владата, истиот тој советник добро познат од аферата Големото Уво и бомбите на Заев. И клучното прашање е кој располага сега со разговорите на обвинителството и судството, кој ги држи уценети, кое обвинителство сега ќе ги истражува разговорите за да утврди кој диктира обвиненија и суди неправда (секако не смее тоа да биде политизираното СЈО), какви разговори има и дали поради тие разговори премиерот Заев предвреме ги погодуваше точните пресуди и висини на казни. Дали поради тие разговори одредени судии се исплашени, па судат во неразумно време, се кршат процедури, закони, правила, дали поради тие разговори одредени обвинители го амнестираат вистинскиот криминал?Зоран Заев е година ипол премиер, тој ја контролира и централната и локалната власт, одговорноста е негова, но и мрежата во која самиот се заплетка е исто негова. Ова е црниот вотергејт на оваа власт.#Црнила“, напиша Мицкоски на Фејсбук.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1116151388560319?__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: По 11 години игнорирање се спроведува акција за решавање на проблемот со загадениот воздух

После 11 години игнорирање се спроведува заедничка акција на институциите за решавање на проблемот со загадениот воздух. Покрај системските мерки коишто се спроведуваат во Скопје, мерки за намалување на проблемот со загадениот воздух се преземаат и во другите градови, велат од СДСМ.„АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на земјиштето околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва.Целта е да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот“, велат од СДСМ.Исто така оттаму додаваат дека се преземени мерки за заштита на животната средина во делот на одлагањето, односно третирањето на пепелта со инсталацијата на систем за прскање на активното одлагалиште.„Следната година започнува да се заменуваат електростатските филтри кои не биле заменети од 1980 година. Со нивната замена обезбедуваме намалување на штетните емисиите, согласно Планот за чист воздух.Преку Планот за чист воздух кој опфаќа низа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, интензивно се работи на намалување на загаденоста на воздухот во земјава која за две години се очекува да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови.Проблемот е сложен и долгогодишен и затоа неговото решавање е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ“, стои во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шилегов не преземаат ништо за аерозагадувањето

Зоран н Заев и Петре Шилегов не превземат апсолутно ништо да ги спречат последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух.Скопје и Македонија се апсолутни рекордери по загаденост во светски рамки и се наоѓаме во друштво на земји како Пакистан и Бангладеш.Граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите.Зоран Заев и Петре Шилегов не реализираа ниту еден проект за подобрување на воздухот. Додека беа во опозиција ветуваа дека само што ќе се смени власта воздухот ќе се подобри магично. Еве и речиси после 2 години не знаат кај тераат. Неодговорноста оваа црна власт нема граници. До нив не допира ништо. Не допираат ниту анализите на реномираните универзитети низ светот каде кажуваат дека со загадувањето на воздухот се намалува просечниот живот на човекот за скоро две години.Десетици граѓани дневно завршуваат на лекар и ги полнат скопските клиники токму поради проблемите со здравјето настанати од загадениот воздух.Во Македонија, според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот. Но и ваквите податоци не ги загрижуваат СДСМ и Зоран Заев.Тие наместо да најдат начин како да се справат со загадувањето трошат милиони за луксузирање. 7 милиони евра ќе дадат за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милион евра за лубриканти, а само 1,5 милион евра за борба против загадувањето. Ова е апсурд од невидени граници.Наместо да излезат со конкретни решенија поради проблемот со енормното загадување црната власт игра игри, спие и ги игнорира предлозите на опозицијата.ВМРО-ДПМНЕ предлага заедно со примарната гасификациона мрежа  паралелно  веднаш да се започне и со градба  на секундарна, за да може што побрзо да се приклучат и домаќинствата, а со тоа драстично ќе се намали загадувањето од огревно дрво.Исто така  мора под итно инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле, а доколку не се превземени мерки веднаш да следат соодветни мерки и казни.Министерот Садула Дураку кои тие самите го избраа вели дека не му е гајле за тужбите што ги подготвуваат граѓаните против државата, Петре Шилегов продолжува со неговите непромислени политики додека Зоран Заев ниту едно ветување за почист воздух не исполни.Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини.СДСМ мора да си замине.Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  

Скопје | пред 7 години

1467378558_95285784_1_585x461_profesionalni-oranzherii-za-fermeri-gr-varna_1

Објавен вториот јавен повик за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го објави вториот јавен повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата„Право на учество на јавниот повик имаат физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе  остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.Рокот за поднесување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата е во времетраење од 60 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници, а се доставуваат до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Скопје. Конкретно рокот за поднесување на понудите е до 27-ми декември.МЗШВ укажува, сите заинтересирани да достават комплетна документација и да го запазат рокот за доставување, со цел побрзо да се склучат договорите“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

NBRM

ЦЕФ ги претстави успешните реформи на НБРМ

Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), како меѓународна организација чијашто мисија е да го поддржи развојот на капацитетите на финансиските службеници во Југоисточна Европа, деновиве ги претстави реформите и резултатите коишто Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки. Притоа, НБРМ преку веб-платформата на ЦЕФ ги сподели своите искуства од овој значаен реформски процес, и тоа од започнувањето на овие активности во 2007 година па до сега.Кон крајот на минатата година, по големата посветеност на развојот на овој значаен сегмент на централнобанкарската статистика, НБРМ го оствари првиот пренос на податоци за финансиските сметки до статистичката служба на Европската Унија – ЕВРОСТАТ.Годинава, НБРМ ги испорача и статистичките податоци за движењата на финансиските сметки на државата, коишто претставуваа значајна влезна компонента за табелите за известување за ЕДП. Со тоа се направи уште еден голем чекор кон исполнување на барањата на ЕУ во сферата на статистиката, а во согласност со стратегиските цели на НБРМ.Како што беше нагласено и во претставувањето, НБРМ е подготвена и за натамошните предизвици во развивањето на статистиката на финансиските сметки. Обезбедувањето квалитетни статистички податоци, целосно усогласени со меѓународните и европските статистички стандарди, е една од нејзините стратегиски определби, дефинирани и во нејзиниот Стратегиски план за следниот тригодишен период.НБРМ е единствената централна банка чиишто искуства од доменот на статистиката на финансиските сметки ЦЕФ ги афирмира на ваков начин пред сите свои членки. Тоа е уште една потврда дека НБРМ не е само една од институциите коишто се двигатели на реформите на статистичкиот систем на Република Македонија, туку и еден од регионалните лидери во централнобанкарската заедница, во сферата на централнобанкарската статистика.Претставувањето на реформите и резултатите коишто НБРМ ги оствари со активностите спроведени досега од доменот на статистиката на финансиските сметки е достапно на веб-страницата на ЦЕФ.  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Тешка сообраќајка на патот Ѓавато - Тополчани

Вчера во 06.45 часот на крстосницата од патот А3 Ѓавато-Тополчани и патот Р-106 Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна незгода  помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од И.М.(37) од село Шурленци, ресенско и товарно возило „Фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(60) од Прилеп.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фиат“, З.Р.(53) од Прилеп. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарка помош.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пешак почина во сообраќајна незгода

Вчера во 15.40 часот на улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица.А.Б. починал на местото на настанот.Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

„Македонија блокира“: Оградата пред Собрание поставена на самиот булевар, не гарантираме за безбедноста доколку народот сам ја поместува

„Ја информираме јавноста дека министерот во МВР Оливер Спасовски ја направи првата опасна провокација во врска со денешнот голем Сенароден протест пред Собранието на Република Македонија.Утрово министерот Спасовски дал наредба за првпат во историјата на протестирање пред Собранието заштитната ограда да се постави на самиот булевар со што се узурпира просторот наменет за народот.Го повикуваме Спасовски да ја помести оградата на вообичаеното место пред самото Собрание бдиејќи во спротивно не гарантираме за безбедноста доколку народот се доведе во ситуација самиот ја оддалечи оградата на вообичаеното место“, стои во соопштението на Македонија Блокира.

Македонија | пред 7 години

SFRJ

Да не се распаднеше СФРЈ денеска ќе земавме просечна плата од 1.357 евра

На некогашниот Ден на републиката, 29 ти ноември, кога пред 75 год на Втотрото заседание на АВНОЈ е создаддена нова Југославија, списанието „Космо“ од Австрија објави напис за тоа што би било кога денес би се обновила државата што се распадна во 1991 год, објави весник.мк.Месечникот со тираж од 120.000 примероци чија целна група е многубројната ексјугословенска колонија во Австрија, наведува пет факти засновани на претпоставки од експерти, меѓу кои се издвојува таа за просечната плата од околу 1.400 евра!1.21 милиони жителиТолку луѓе би живееле денес во Југославија, во случај Косово да припаѓа и на новата Југославија. Ова би ја направило Југославија едена од десетте најголеми земји во Европа – поточно осма најголема земја. Тоа би биле 2 милиона жители помалку отколку во 1991 год, кога СФРЈ имаше 23 милиони жители. Станува збор за етничка структура, во неа денес би живееле 3 проценти Срби, 20 отсто Хрвати, 11 отсто Албанци, 9 отсто Бошњаци, 8 отсто Словенци, 9 отсто Македонци, 1 отсто Црногорци и 10 отсто останати.Годишна просечна плата 16.291 евраПросечниот граѓанин на обновена Југославија би имал годишна плата од 16.291 евро. (1357 месечно – н.з) реунификацијата во овој поглед посебно би им се исплатела на косоварите, бошњаците, србите, македонците и црногорците. За да се докаже ова, само примерот на Македонија е доволен: таму просечната плата изнесува 399 евра.Посилна економска позицијаБруто национлниот производ на новонастанатата Југославија би изнесувал 191,045 милијарди долари. Ова би ја ставило Југославија на 53 место во светот во смисла на силата и на големата економија.4.Југолсавија како европски играчДека Југославија имаше да каже многу повеќе како држава и денес ќе имаше главна улога на преговарачките маси на Европа и во светт, убеден е и познатиот американски политиколог Фил Батлер. Тој тврди дека Југославија денес би била една од цантралните држави во Европа и дека со Југославија би преживеало движењето на неврзаните. Како резултат на тоа Европската унија не би имала „монопол“ во Еропа и би имала помалку да каже геополитички. Батлер е подржувач на тезата дека распаѓањето на Југолсвија од страна на запад – особено мотивот за слабеење на една силна држава е намерно промовирано.Спортска моќ во светотКога повторно би имало југословенски репрезентации и спортисти кои би се натпреварувале под југословенско знаме, тогаш Југославија би била, несомнено меѓу првите пет спортски сили во светот. Јасно е дека Југославија би била апсолутна светска сила, особено во екипните спортови, како што се кошарка, фудбал, ватерполо и ракомет. Ова може да се докаже со успехот на Хрватска на Светското пренство во фудбал и на србија на кошаркарските турнири. Извор весник. Мк 

Македонија | пред 7 години

orce-gjorgjievski1

“Див запад” шоу во Тетово, Спасовски време за оставка, повикува Ѓорѓиевски

Орце Ѓорѓиевски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на Твитер по повод вчерашните настани во Тетово. Тој побара од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да си поднесе оставка.„Спасовски не понесува одговорност, и покрај сѐ што се случува продолжува да спие.Вечерва, повторно ново “Див запад” шоу во центарот на Тетово. Ова е неуспех и неспособност која Оливер Спасовски ги докажува повеќе од две години.Време ти е да се повлечеш, време е за #ОСТАВКА “, напиша Ѓорѓиевски.https://twitter.com/GjorgjieskiOrce/status/1068647039691571200

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Тројца уапсени и искршени стакла од локали во центарот на Тетово

Тетовчани сеуште растревожени од инцидентот кој се случи синоќа во центарот на градот. Утрово на местото сеуште има искршени стакла. Локалните медиуми објавуваат изјави од очевидци кои велат дека вистинска среќа е што во престрелката нема загинати бидејќи се пукало од „калашникови“ од возила во движење во центарот на градот.Причините за инциднтот не се познати, а се шпекулира дека меѓу учесниците во престрелката е висок функционер на ДУИ и раководител на Јавна институција.Како што пишува ЦИВИЛ Медиа, приведени се три осомничени лица кои се верува дека биле дел од инцидентот на булевар „Илирија“.МВР работи на расчистување на случајот. Потрагата по останатите продолжува. 

Македонија | пред 7 години

zaev-sobranie-1

Ќе го помилува ли премиерот Заев - Груевски ?

900 лица се очекува да се ослободат придобивајќи од амнестијата која набргу треба да се изгласа во Собранието. Владата предложи предлог закон во кој се предвидува од амнестија да добија сите лица осудени на затворска казна до три години, за осуди дадени до 30 ти ноември 2018 год., независно од времето кое им преостанува, пренесува ИНА.Исто така со предлог законот се очекува да се амнестираат сите лица осудени со казна затвор, на кои до датумот на стапување во сила на законот им преостануваат за издржување до две години затвор.

Скопје | пред 7 години

seca

20 годишен охриѓанец заработи кривична за КД „пустошење на шума”

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(20) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење на шума”. На 12.07.2018 година околу 01.00 часот во Охрид на местото викано „Распаќе”, полициски службеници се обиделе да запрат товарно возило, управувано од пријавениот, но тој не застанал. Набргу потоа, М.Л. го оставил возилото и избегал. При преглед на возилото, биле пронајдени и одземени 7,7  кубни метри дабови дрва, без соодветна документација.

Македонија | пред 7 години

crna-gora

(ВИДЕО)Уапсен лидерот на црногорската опозиција: „Ние сме на работ на граѓанска војна“

Еден од лидерите на опозицискиот Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ, е уапсен синоќа, јавуваат локалните медиуми.Црногорскиот пратеник е уапсен по налог на Вишиот суд во Подгорица во предмет формиран против него поради тврдење за примање и давање мито, без одземање на пратеничкиот имунитет, по што бил спроведен во Заводот за извршување на кривични санкции.-Вишиот суд во Подгорица за Медојевиќ одреди притвор во времетраење до два месеци бидејќи одбил да сведочи во предмет формиран во Специјалното државно обвинителство поради јавно изречени тврдења на ова лице дека наводно знае дека на поранешниот градоначалник на Подгорица нема да му биде одреден притвор бидејќи главниот специјален обвинител примил мито во износ од 100.000 евра, соопштено е од Управата на полицијата.https://www.facebook.com/fosmediamne/videos/332095087606785/

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Собранието почнува втората фаза од уставните измени

Денес започнува седницата во Собранието на која ќе се расправа за нацрт уставните амандмани.Џафери очекува оваа фаза од измените на Уставот да финишира околу 18 декември, по што би се почнало со третата и последна фаза.За да се премине на третата фаза потребени се гласовите на 61 пратеник. По ова гласање предвидено е Владата како предлагач на уставните измени треба да организира јавна расправа во траење од пет дена. Потоа, Владата има рок од два дена да испрати извештај до Собранието, по истекот на овој рок собранискиот спикер има рок од 30 дена да ја закаже седницата за конечно носење на амандманите за што ќе бидат потребни гласовите од 80 пратеници односно двотретинско мнозинство.Очекувањата се дека оваа седница би се одржала кон средината на јануари кога би финиширал процесот на уставните измени кои произлегуваат од Договорот од Преспа за промена на името со Република Грција.Во првата фаза од уставните измени двотретинското мнозинство го обезбедија гласовите на осуммина пратеници од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, кои потоа беа исклучени од партија. Тројца од пратениците кои гласаа се обвинети за настаните во Собранието од 27-ми април, додека другите пратеници или нивни роднини се  под обвиненија од Специјалното јавно обвинителство. Подоцна, пратениците формираа независна пратеничка група чиј координатор е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Македонија | пред 7 години

LGBTI

Започна националната кампања против насилство и дискриминација на ЛГБТИ

Националната кампања против насилство и дискриминација на ЛГБТИ ќе се спроведе под мотото „Не суди кој кого љуби“.Во кампањата учествуваат пратеници од различни политички партии, членови на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата со цел да ја подигнат јавната свест за проблемот со насилството засновано на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и да влијаат на намалување на предрасудите кон ЛГБТИ луѓето, кои доведуваат до прекршување на нивните права, а често ескалираат во физичко насилство.Кампањата се спроведуваме во соработка со Коалицијата Маргини и ЛГБТИ центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на ЛГБТИ правата, во рамки на проектот „Собранието и локалните самоуправи во унапредувањето на правата на ЛГБТ“ кој е финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов студено, максималните температури до 8 степени

Денес времето ќе биде умерено до значително облачно.Утринските температури ќе се движат од -8 до -1 степен, а максималните дневни од 3 до 8 степени.Во Скопје слично време со температура од -4 до 4 степени.Следува период на претежно стабилно време со умерена до значителна облачност, а во западните делови со услови за локален дожд. По котлините ќе има појава на магла.

Македонија | пред 7 години

DSC_2895

Различностите обединуваат - Прирачник за деца со Даунов синдром

Едукативен прирачник во форма на приказна за деца со Даунов синдром, денеска беше презентиран во ООУ „Јан Амос Коменски“. Автор на оваа сликовница-едукативен прирачник е Мимоза Петревска Георгиева, мајка на ученичката Илина, дете со Даунов синдром, која е деветто одделение во „Јан Амос Коменски“ и е главен лик во приказната.Приказната за Иван и Илина ја слушнаа поголем број на ученици од ова училиште, во присуство на нивните родители, дефектолозите и наставниот кадар, како и гости од Општината. Изготвувањето на оваа сликовница е инспирирано од секојдневниот живот на Илина, посебно оној дел кој го минува во училиште, како и од односот со нејзините соученици и наставници.Оваа сликовница ќе има за цел да го олесни воспитно - образовниот процес на децата со Даунов синдром и лицата со посебни потреби и истите на полесен начин да се вклучат во наставата.Содржината на овој прирачник ги поттикнува сите ученици да бидат отворени и да имаат разбирање за различностите околу себе - затоа што сите сме различни.На денешната презентација присуствуваше и градоначалникот на  Општина Карпош, Стефан Богоев кој се осврна на повеќе аспекти.„Општината ќе продолжи да работи на унапредување на статусот на лицата со посебни потреби. Секој од нас е различен и како такви треба да се прифаќаме затоа што другарството е сé.Навистина ме радува енергијата на учениците на децата со Даунов синдром и еланот на нивните родители и асистенти, затоа што само заеднички можеме да создадеме подобри услови“, рече Богоев.Во основното училиште „Јан Амос Коменски“ е отворена и првата сензорна соба (просторија за деца со посебни потреби), со што се овозможува полесна нивна адаптација. Градоначалникот Богоев посочи дека во текот на следната недела, нова сензорна соба ќе добие и основното училиште „Димо Хаџи Димов“, во Влае.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања