Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

media-library8besu7312tenbZgVz4K

Петрушевски: Филипче прво да ја стави СДС на нозе, да престане да му слугува на Заев и да лаже

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски, упати критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека наместо да зборува за европската интеграција, треба прво да ја консолидира својата партија и да престане, како што рече, со служење на поранешниот премиер Зоран Заев, стои во партиското соопштение.„Филипче прво да ја стави СДС на нозе, да престане да му слугува на Заев и да лаже. ВМРО-ДПМНЕ не е против ЕУ, туку против лоши договори и неефикасни политики кои се слика и симбол на СДС“, изјави П

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryncudqum4fmav5doP0gh

Приведен маж по закани со пушка кон соседи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 27 април 2026 година во 00:30 часот, во СВР Тетово, И.К. (26) и С.В. (19) од Тетово пријавиле дека на 26 април околу 23:20 часот на улиците „Косовска“ и „Солунска“, нивниот сосед Б.К. (41) им се заканил со оружје.Полициски службеници веднаш го лишиле од слобода Б.К., при што кај него била пронајдена и одземена пластична пушка. Случајот се документира.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

Пожар зафати сепарација во село Желино

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26 април 2026 година во 18:40 часот во СВР Тетово било пријавено избувнување пожар во сепарација на приватна фирма во село Желино, тетовско, во сопственост на Х.Љ. (73).Пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. На местото на настанот бил извршен увид.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Жена пријавила закани од сопругот, го напуштила домот со своите деца

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26 април 2026 година во 17:40 часот, во СВР Тетово, 31-годишна жена од тетовско, која престојува во Тетово, пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (35) ѝ упатувал закани, по што таа го напуштила домот заедно со трите малолетни деца.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryf9t4pmg7msr854l6NKp

СВР Тетово: Закани по живот по имотен спор

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26 април 2026 година во 12:20 часот, во СВР Тетово, Н.И. (68) од Тетово пријавил дека поради претходно недоразбирање и судски спор околу земјиште во селото Стримница, Л.Џ. (63) од истото село се однесувал агресивно кон него и упатил закани по животот на неговиот син.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 месеци

vozacka-1

Приведени 2 лица, возеле без положен возачки испит

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 26 април 2026 година се регистрирани повеќе одвоени случаи на прекршоци односно управување со возило без положен возачки испит.Во првиот случај, во 08:40 часот во местото „Стакларска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Б.Х. (33) од село Неготино, гостиварско. Тој бил затекнат како управува патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки без положен

Македонија | пред 6 месеци

media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

Мицкоски: Интензивно се работи на реконструкција на Универзалната сала, очекувам да заврши во предвидениот рок

Премиерот Христијан Мицкоски на прес конференција изјави дека очекува Универзалната сала во Скопје да биде завршена во предвидениот рок, нагласувајќи дека објектот е дел од подготовките за проектот „Европска престолнина на културата 2028“.„Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект, бидејќи проектот конечно добива на динамика по застојот во минатото. До 2028 година мора да ги завршиме сите предвидени објекти, меѓу кои е и Универзалната сала“, изјави Мицкоски.Тој на прес конференциј

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Смртоносна несреќа на патот Прилеп–Крушево, едно лице загина

СВР Битола информира дека на 26 април 2026 година, во 21:06 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. (28) од Прилеп, и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (32) од Крушево.Во несреќата, возачот на возилото „опел вектра“, Н.З., се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесе

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryjcpj9jqeh7c8237SXue

Ѓорѓиевски: Завршува ерата на празни ветувања за Универзална сала

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази благодарност до Владата, премиерот и Министерството за култура за, како што рече, ангажманот околу започнувањето на изградбата на Универзалната сала во Скопје.„Во име на Скопје сакам да се заблагодарам на претседателот на Владата, на Владата, како и на Министерството за култура и туризам и министерот Љутков за ангажманот со кој по долги години повторно се враќа душата на Скопје – Универзалната сала“, изјави Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека во ми

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuh8qqhev6nui16oElbc

Приведени повеќе лица, пронајдена марихуана

СВР Битола информира дека на 26 април 2026 година, околу 21:00 часот, на местото викано „Авионите“ во старата касарна во Битола, полициски службеници од слобода ги лишиле М.Ф. (19) од Прилеп, како и Ф.С. (19) и Б.В. (19), двајцата од селото Трап, битолско.При контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски таблички, во кое се наоѓале лицата, била пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Во одвоен случај, на 2

Македонија | пред 6 месеци

media-librarypfgf9i63gbdabiXgQaP

Љутков: Почнува изградбата на Универзална сала, готова до 2027 година

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека по подолг период на административни и правни пречки започнува процесот за изградба на Универзалната сала во Скопје.Тој истакна дека станува збор за објект кој претставува значаен споменик на културата и традицијата, кој треба да биде завршен до крајот на 2027 година, а ќе биде дел и од програмските подготовки поврзани со Европската престолнина на културата 2028.Љутков појасни дека во изминатиот период процесот бил забавен поради п

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryfun3fcibjto04zl1Hwb

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

Народната банка на Република Македонија продолжува со унапредување на монетарната рамка и активности насочени кон развој на финансиските пазари и зголемување на нивната ефикасност, истакна вицегувернерот Игор Величковски.Тој, на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија, нагласи дека централната банка доследно ја спроведува стратегијата за стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, кој, како што посочи, претставува клучно сидро за ценовна стабилност и економ

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykp8v8i713ctcdcaUIhs

Кузеска: 9 години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Девет години по настаните во Собранието, овој датум сè уште се смета за еден од најцрните во поновата историја на македонската демократија, ова, меѓу другото, беше истакнато на денешната прес-конференција на СДСМ од страна на портпаролката и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска.Според политички оценки што ги изнесе таа на прес конференцијата, станува збор за организиран обид за насилно загрозување на уставниот поредок, во кој, како што се наведува, учествувале поддржувачи и структури блис

Македонија | пред 6 месеци

bomba

Нови дојави за бомби во Загреб: евакуирани ученици од гимназија

Во Загреб и денеска се спроведуваат евакуации на ученици поради дојави за наводно поставени експлозивни направи, потврдуваат локалните власти и полициските служби.Според првичните информации, евакуирана е гимназијата „Луцијан Врањанин“ во западниот дел на градот, а полицијата реагира на повеќе пријави кои пристигнале и до други училишта, вклучително и во Сплит. Дел од известувањата биле испратени и до редакции на медиуми, што дополнително ја проширило паниката.Од Полициската управа во Загреб соо

Балкан | пред 6 месеци

media-librarygo8dcouriiordWeBvmJ

(Фото) Голем пожар во Романија: евакуирани 300 жители, уништени 32 куќи

Во романското село Совеја, во округот Вранча во Романија, голем пожар зафати населено место и принуди околу 300 жители на итна евакуација, при што 32 куќи се целосно уништени.Според првичните информации, пожарот избувнал во утринските часови и најверојатно започнал од запален оџак на куќа на постара жителка. Во услови на силен ветер, огнот за кратко време се проширил и прераснал во голема катастрофа.Мештаните сведочат дека пожарот се ширел со голема брзина, при што искри се пренесувале од објект

Свет | пред 6 месеци

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: 27 април останува опомена за демократијата

Од СДСМ денеска порачаа дека 27 април останува „најтежок потсетник“ за опасностите од политичко насилство и недемократско однесување, оценувајќи дека станува збор за ден кој не смее да се заборави и кој треба да служи како опомена.Од партијата во нивната објава на социјалните мрежи наведуваат дека и по девет години постојат, како што велат, обиди за релативизирање на настаните и загриженост за состојбата со демократијата и институциите, вклучително и судството и медиумската слобода.Во реакцијата

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес во Таџикистан, почувствуван и во поширокиот регион

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денес Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил на длабочина од околу 114 километри и на растојание од 251 километар од градот Кундуз. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.Според сведоштва објавени на платформата на EMSC, потресот траел подолго време и бил почувствуван и во Авганистан, Пакистан, Узбекистан и Индија.Очевидци од Исламабад изјавиле дека поради

Свет | пред 6 месеци

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи: САД со „претерани барања“ ги урнаа мировните преговори

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека „претераните барања“ на Соединетите Американски Држави довеле до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад.По слетувањето во Русија, Арагчи пред новинарите изјави дека со руските партнери ќе разговара за актуелниот конфликт на Блискиот Исток. Во објава на персиски јазик преку својата сметка на Телеграм, тој наведе дека разговорите во Исламабад биле насочени кон дефинирање на условите за евентуално продолжување на преговори

Свет | пред 6 месеци

media-libraryej0qijrg33865u2hQqh

Годишнина од смртта на Никола Карев – симбол на Илинденското востание

На денешен ден се одбележува годишнината од смртта на Никола Карев, еден од најзначајните македонски револуционери и претседател на Крушевската Република, формирана за време на Илинденското востание во 1903 година. Неговото име останува длабоко врежано во македонската историја како симбол на борбата за слобода и организираниот отпор против османлиската власт.Карев е роден во Крушево во 1877 година и уште во младоста се вклучил во револуционерното движење. Како учител и активист, тој бил дел од п

Македонија | пред 6 месеци

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Војната ја намалува побарувачката за танкери и контејнерски бродови

Јужнокорејскиот бродоградител соопшти дека се соочува со зголемена деловна неизвесност поради падот на побарувачката за танкери и контејнерски бродови, што е директно поврзано со војната, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст.Според компанијата, побарувачката за големи танкери за превоз на сурова нафта е значително погодена од воените случувања. Тоа довело до раст на цените за изнајмување бродови, како и до ситуации во кои дел од танкерите останале заглавени во чувствителни пом

Свет | пред 6 месеци

media-libraryi43p1htfliq52rpr22A

СДСМ: ЕУ преку Вајц потврдува она што го говори СДСМ: Со Мицкоски нема реформи, нема напредок

СДСМ во своето соопштение реагира дека изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, претставува потврда на нивните тврдења за отсуство на реформски процеси и напредок во евроинтеграциите.Од партијата во соопштението оценуваат дека, како што наведуваат, во изминатиот период не е забележан значаен напредок, особено во делот на владеењето на правото.Се посочува дека проблем остануваат корупцијата и, како што велат, нефункционалноста на правосудниот систем, што директн

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryocm4pu51lbtt37RKB2J

(Видео) Спасовски: 27 април е најмрачниот ден во поновата историја

Во објава по повод годишнината од настаните во Собранието, Оливер Спасовски го оцени 27 април 2017 година како „најмрачен ден во поновата историја на државата“.Тој во својата објава наведува дека тој ден вооружени лица насилно влегле во македонскиот парламент, при што биле нападнати пратеници и институции, со цел, како што посочува, да се загрози демократскиот поредок и да се изврши обид за узурпација на власта.Спасовски порачува дека вакви настани не смеат да се повторат и дека е важно тие да н

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykfdtcltjq58e3gMgJIF

Завршена потрагата: Горан Ременски пронајден жив во Валандовско

Завршена е потрагата по исчезнато лице Горан Ременски, откако утринава е пронајдено во месноста Тиса, во правец кон село Чалакли, соопштија надлежните служби.Горан Ременски кој бил пријавен како исчезнат, е пронајден жив и во стабилна состојба, по што е предаден на семејството.Во акцијата за пронаоѓање учествувале екипи од ТППЕ Валандово, кои користеле дрон опремен со термална камера, со што значително била олеснета локацијата на лицето во тешко пристапен терен.Потрагата била спроведена во реоно

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryddird0oh65ioc7Lefvn

(Видео) Снимки од безбедносни камери откриваат како напаѓачот се движел низ хотелот во Вашингтон

Според извори наведени од американски медиуми, напаѓачот успеал да се движи низ внатрешниот дел на хотелот „Хилтон“ во Вашингтон користејќи скали кои не биле дел од јавните и најстрого надгледувани простори. Тој наводно излегол од својата соба на десеттиот кат, облечен во црна облека и носејќи огнено оружје и ладно оружје во торба, по што се спуштил неколку ката надолу избегнувајќи дел од безбедносните контроли.Потоа се појавил на тераса на ниво што се поврзува со главниот хол и црвениот тепих к

Свет | пред 6 месеци

netanjahu

Одложено судењето против Нетанјаху во случаите за мито и измама

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамки на судскиот процес за корупција е откажано само еден час пред планираниот почеток, јавуваат израелски медиуми.Според извештаите, одложувањето е побарано од неговиот адвокат Ами Хадад, повикувајќи се на неутврдени безбедносни причини. Судското рочиште било закажано по подолга пауза предизвикана од војната со Иран.Нетанјаху се соочува со обвиненија за поткуп, измама и злоупотреба на доверба во три одделни случаи познати како „Случај 10

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања