Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

27-april-dafina

(Видео) „27 април“: Ќе се бара ново судење, најавено дека јавноста ќе се згрози од тоа како се обезбедувале лажни докази и сведочења

Барање за повторување постапка поради нови докази кои можат да го сменат текот на постапката ќе биде поднесено до Кривичен суд од осудените за „27 април“ кои веќе седум години лежат низ затворите, дознава „Скопје1“. Собрани се списи и веројатно, до крајот на месецот, тие ќе бидат поднесени и постапката ќе биде почната. Засега за ова нема официјална потврда, но со оглед на реакциите по дадената амнестија во предметот „Организатори на 27 април“ – очекувано е сѐ да тече уште побрзо.Во поткрепа на ова оди и ставот кој пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска го кажа во поткастот „Претрес со Ландов“. Таа посочи дека наскоро целата јавност ќе биде згрозена од тоа што се правело во предметот „27 април“. Стојаноска секогаш била во одбрана на осудените кои за неа се уставобранители, а и не го криела контактот со истите.„Се работи на тоа да се соберат докази, и мислам дека многу скоро, ние и целата јавност ќе бидеме згрозени од тоа што ќе се откријат многу вистини како се обезбедувале лажни докази и како се обезбедувале лажни сведочења и тука не мислам само на Нинџа туку и за многу други“, рече Стојаноска, ексклузивно во „Претрес“.По одлуката да се амнестираат организаторите за 27 април и процесот против нив да биде прекинат, премиерот Мицкоски вели ако нема организатори, не може да има и терористи.?t=6272„Факт е дека ако нема организатори не може да има терористи. Никој не вели дека тие луѓе не згрешиле, никој не вели дека тие луѓе не направиле престап, но тие луѓе за тој престап доволно време поминале таму и треба тие кои водеа политички монтиран процес за коишто сто пати сме кажале во минатото, да си стават прстот на чело и да размислат што прават и што направиле“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

onkologija-53214

(Видео) Еве како е на Онкологија: Стрес и трауми - пациентите се справуваат со хаос и канцер, персоналот со напади

Пациентка раскажа како сама морала да купува скапа биолошка терапија бидејќи немале залихи на Онкологија, ходниците на Клиниката преполни, персоналот разочаран се обидува да помогне на сите. Вака во една реченица може да се опише состојбата на Онкологија која ја затекна екипата на „Претрес со Ландов“. Пациентите гледаат вина кај државата што борбата со канцерот им ја прават уште потешка. Истовремено, персоналот посочува дека неколку сестри делат терапија на илјадници пациенти. Ако една отиде на одмор, а друга се разболи – функционирањето е уште полошо.Најтешко им паѓа скандалот „Онкологија“, бидејќи нема се уште јавно-обвинителска одлука – има ли некој вина и за што. Себеси се гледаат како жигосани.Онкологот Маја Иванова раскажа што се трпеле откако се обелодени скандалот „Онкологија“. Таа посочува дека трпела разни напади. Раскажа низ што све минувала со колегите.„Тоа е стрес, една траума. Ние бевме експонирани на јавен медиумски линч. За жал ниту една институција тогаш не не заштити. Ние како 25 онколози кои работат на Онкологија бевме дадени на Твитер со име и презиме- ајде да одиме да ги тепаме”, вели за Претрес, д-р Маја Иванова.Погледнете го вториот дел од „Крик за живот“ – репортажа од Онкологија која ќе ви ја прикаже реалната состојба.

Македонија | пред 1 година

akcija-mvr-policija-policajci-specijalna

Разбиена терористичка ќелија во Македонија

Разбиена е уште една терористичка ќелија во државата.Приведени се четири лица кои се организирале на социјалната мрежа Телеграм, формирале терористичка организација, ширеле пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови.„Намерата на членовите на терористичката ќелија била извршување на терористички акт на цивилни, или така наречени меки цели, односно јавни објекти на територија на Северна Македонија, со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните“, посочуваат од МВР.Полицијата извршила претреси на дом и други простории на пет локации во Скопје и Гостивар. Пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети кои ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења.„Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело терористичка организација, соопштија од Јавното обвинителство.На осомничените им е определен притвор од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Момче од радовишко село го гонат за обљуба на малолетничка

На 23.01.2025 во 14 часот во радовишкото село Прналија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Е.(24) од село Прналија, кој се сомничи дека на 22.01.2025 во валандовско извршил обљуба врз малолетничка од валандовско село.Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во ресторан во Карпош

На 23.01.2025 во 11.06 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје, настанал пожар во угостителски објект сопственост на Д.С.(44) од Скопје, при што бил опожарен дел од кујната.Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-57-4930PM

Татко го нашол синот мртов во својот дом - телото е во тетовската болница на обдукција

На 23.01.2025 во 18 часот во СВР Тетово Б.С.(48) од с.Голема Речица, пријавил дека во нивната семејна куќа го затекнал неговиот син Х.С.(20) без знаци на живот.Доктор од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги од насилство.Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било пренесено во Клиничка болница Тетово за обдукција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-25-at-01.32.53

(Видео) Генерален штрајк е и во Нови Сад: Огромна колона луѓе помина низ градот

Граѓаните на Војводина, особено на Нови Сад, денеска се приклучија на генералниот штрајк и протестите на студентите кои со месеци бараат властите да одговараат за смртта на 15 лица на железничката станица на 1 ноември минатата година.Неколку протести кои започнаа пред образовните институции и други јавни простори се споија околу 13 часот во голема поворка која мина низ центарот на Нови Сад. На прекинот на работата се приклучија бројни приватни претприемачи, вработени во училишта и факултети, библиотеки, ветеринарни амбуланти, театри, музичари и некои медиуми.Порталот Vojvodina.info проценува дека десетици илјади луѓе се на улиците, што е најголем собир во Нови Сад досега.Неколку опозициски пратеници и градски советници кои го блокираа автопатот се приведени и изведени пред суд, објави на социјалните мрежи заменик-претседателката на опозициската Партија на слободата и правдата, Мариника Тепиќ.Државните фирми и институции се претежно отворени, а во некои работниците се жалат дека се затворени за да не можат да го напуштат работното место, пишува Autonomija.info.Протести имаше и во Суботица и Сомбор, на кои учествуваа неколку илјади луѓе.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-25-at-01.25.08

(Видео) Автомобил прегази студентка во Нови Београд, на протестниот марш

За време на протестниот марш во Нови Београд, автомобил се залетал во насобраните граѓани и удрил во студентка, пренесува Нова.рс.На снимките на социјалните мрежи се гледа како девојчето лежи на земја додека чека Брза помош, а толпата се втурнува во возилото и го оштетува. Колоната средношколци и граѓани кои пристигнаа од центарот на Белград и таа од Нов Белград се здружија, а прошетката продолжи низ Нов Белград, јавува Нова.рс.

Свет | пред 1 година

mickoski-9-vlada

Мицкоски одговори дали ќе менува министри

Премиерот Христијан Мицкоски, е задоволен како функционриа Владата. Смета дека тие функциораат добро во сооднос на сите предизвици кои ги наследиле. Тој одговори на прашањето дали планира реконструкција на Владата.„Не очекувам дека до локалните избори би имало какви било интервенции во самата Влада, потоа не очекуваат локалните избори, потоа не очекува редовниот партиски Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Можеби какви било инртервенции, освежувања во рамките на самата Влада би се случиле на почетокот на следната година, а ќе зависи од многу импути за да донесеме таква одлука“, рече Мицкоски.Според него, наскоро многу работи ќе бидат појасни и на политички план, но и какви се перформансите на членовите на Владата.

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-15

Македонското прашање не е затворено додека не влеземе во ЕУ, а Фројд е чудна работа, вели Мицкоски откако Грците реагираа на негова изјава

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е Фројд е чудна работа и дека не знае каде се препознале Грците, откако вчера грчкото МНР реагираше на неговата изјава дадена пред иселениците во Њу Џерси дека македонското прашање не е решено. Од грчкото МНР го обвинија Мицкоски за иредентизам и додадоа дека македонското прашање е затворено со Преспанскиот договор.„Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада пресуди што се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед, а кои не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за земја членка на Европската Унија, која не ги почитува човековите права на македонската заедница. И тоа е нешто што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21 век сè уште е предизвикан и македонскиот идентитет. Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање сè додека ја вршам оваа улога што ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат од човекот што ја предводи македонската Влада“, изјави премиерот Мицкоски.Според Мицкоски, поразително е што во 21 век, Бугарија како земја-членка на ЕУ која не ги почитува човековите права, согласно одлуките на Судот за човекови права во Стразбур.„Вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада на пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед кои што не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за членка на ЕУ која што не ги почитува човековите права на македонската заедница и тоа е нешто кое што претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21 век се уште е предизвикан македонскиот идентитет“, дециден е Мицкоски.Изјавите на Мицкоски за македонското прашање деновиве предизвикаа реакции во Грција, која оцени дека Мицкоски се обидува „да го врати на преден план прашањето кое еднаш засекогаш е решено“.„Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест па работи потсвеста. Фројд е чудна работа, но јас нема да навлегувам во таква дебата. Македонското прашање никогаш нема да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на ЕУ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Ubistvo-Mavrovka-apsenje

Откриени уште четири лица осомничени за терористичка организација

Во рамките на континуираните активности што започнаа во месец декември минатата година, а поврзани со превенција и сузбивање на заканите од тероризам, во текот на вчерашниот ден под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведена е координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и одделите за сузбивање на организиран и сериозен криминал и за специјални полициски операции при МВР. На пет локации во Скопје и Гостивар извршени се претреси на дом и други простории при што се пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења, а од слобода се лишени четири лица.Акцијата е резултат на преземените дејствија на Лабораторијата за дигитална форензика при Основното јавно обвинителсво за гонење на организиран криминал и корупција, каде се откриени повеќе групи на социјалната мрежа Телеграм во кои осомничените споделувале претходно набавен и преведен пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале нови членови.Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичка организација“.Ценејќи дека се исполнети законските услови, предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 1 година

272657594_468285018113800_489941184548056827_n

Го заживуваме комплексот „Македонско село“ каде скопјани и останатите туристи ќе можат да избегаат од градскиот метеж, тврди Томовски

Претпоставувам дека новата тогашна власт-Социјалдемократскиот сојуз одлучиле она што го направила претходната влада да не функционира, како селото така и многу други објекти и многу други проекти коишто биле изградени, вели Ивица Томовски, директорот на СОЗР и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своето вчерашно гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за комплексот „Македонско село“.Според него, заради таквото неработење Буџетот на државата е оштетен за некои 30 милиони денари за тој период, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на осигурување на објектот и обезбедување на целиот комплекс. Имено ваквиот објект носи загуби со самото негово нефункционирање, а истиот е направен да ги збогати содржините на Скопје кои им се нудат не само на туристите, туку и на домашните посетители.„На моја иницијатива, на иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ние отпочнавме постапка за повторно да заживее селото, направивме проценка, од Бирото за процена самите тие направија проценка колку ќе изнесува таа закупнина месечно, го дадовме тоа на мислење во Секретаријат за законодавство, добивме од секаде позитивно мислење. Во моментов се припрема тендерската документација, очекувам дека во наредните пет, шест дена ќе биде објавена, објавата ќе биде во два весници еден на македонски еден на албански јазик, така да економските оператори кои се заинтересирани ќе можат да настапат“, јасен е Томовски.Тој појаснува дека за разлика од минатото, кога тоа не било случај сега клучот оди во рацете на економските оператори, притоа целиот комплекс е поделен на четири лотови за да има поголема конкуренција и да се има можност за различни комбинации на туризмот и угостителството во зависност од тоа со што се занимаваат и за што се заинтересирани повеќе операторите.„Во овие дванаесет автентични куќи коишто ја отсликуваат архитектурата на Република Македонија на мало, на едно место има капацитет од 120 до 150 сместувачки единици каде што може сериозни групи на туристи да се донесат. Има три ресторани, односно има еден автентичен ан, има еден ресторан „Антигона“ којшто е од модерен стил и има винотека односно кафе-бар каде што туристите ќе можат да одморат после ручекот“, презентира Томовски.Томовски во овој контекст, потсетува и на фактот дека со доаѓањето на новата власт 2017-2018 година, цената на паркингот била покачена од 30 на 100 денари, а после тоа е раскинат и договорот со тогашниот концесионер и оттогаш целиот објект е целосно затворен, без никаков повик и иницијатива за негово повторно заживување.„По предлог на претседателот на Владата, сите објекти коишто се останати, недовршени, а се од суштинско значење за граѓаните ќе ги преземе Службата за општи и заеднички работи да ги доврши, односно Владата да ги доврши за да бидат во функција. Исто за комплексот факултети односно за тие два објекти ние веќе имаме комуникација со министерката за образование, да направиме некаков пресек и стратегија како најбрзо да го отпочнеме и да го завршиме“, информира Томовски и за останатите паралелни проекти.

Македонија | пред 1 година

tramp-2

Републиканец предлага уставна промена која би можела да му овозможи на Трамп да освои трет мандат

Енди Оглс, републиканец од Тенеси, предложи амандман на американскиот Устав кој ќе му овозможи на Доналд Трамп трет мандат како претседател на САД.Конгресменот Оглс воведе заедничка резолуција за измена на 22-от амандман, со кој во моментов се забранува секој да служи повеќе од два мандата како претседател на Соединетите држави.Нејзината нова формулација ќе му овозможи на претседателот да служи три мандати, под услов само два последователни. Неговата цел е да му дозволи на Трамп да остане на власт по истекот на неговиот сегашен мандат, се вели во рекламата.„Овој амандман ќе му овозможи на претседателот Трамп да служи три мандати, осигурувајќи дека можеме да го задржиме храброто лидерство што очајно и треба на нашата нација“, рече тој.Сепак, измената на Уставот на САД е исклучително тешка, за која е потребна поддршка од две третини од Претставничкиот дом и Сенатот. Дури и поддршката на сите републиканци во Конгресот, која е далеку од загарантирана, не би била доволна.„Императив е да му ги обезбедиме на претседателот Трамп сите ресурси што му се потребни за да го поправи катастрофалниот курс што го постави администрацијата на Бајден“, рече Оглс.„Тој е посветен на обновувањето на републиката и спасувањето на нашата земја, а ние како законодавци и како држава мораме да направиме се што е во наша моќ да го поддржиме“, рече упорниот конзервативец кој го отслужува својот втор мандат во Претставничкиот дом.„Предлагам амандман на Уставот за ревидирање на ограничувањата наметнати со 22. амандман за претседателски мандати“, додаде тој.

Свет | пред 1 година

Tomovski-17.06.2022

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500,000 евра

„Она што го зачекав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како тим уште веднаш отпочнавме со промена на неколку неправилности, омаловажувања во делот на работниците. Скратување тендерски набавки, сите јавни набавки условите ги симнавме најмалце за 50% за со тоа да ја зголемиме конкуренцијата и намалиме цената“, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на СОЗР Ивица Томовски во вчерашното гостување на телевизија Алфа.Томовски продолжи и додаде:„Јас бев свесен дека со таквиот мој чекор ќе паднам одма во очи на оние големи бизнисмени кои досега си ги добивале тендерите на максимална вредност, потплаќале некој во минатото што тоа нема да биде случај сега, ни во иднина додека раководам со таа институција“, вели Томовски.Томовски посочи дека како директор на СОЗР има за цел да го заштеди буџетот на државата.„Мојата цел како човек што е ставен на таа работна позиција е да го заштедам буџетот на државата. Со заштедување на буџетот на државата го заштедувам вашиот и мојот буџет и буџетот на граѓаните, а не на некоја приватна компанија“, укажа Томовски.Томовски во врска со тендерот за обезбедување истакна дека направил олеснување на условите за 50%.„Во врска со тендерот за обезбедување јас направив олеснување на условите за 50%, зголемена конкуренција и заштеда за државниот буџет од пола милион евра. Кога сме кај овој тендер во 2021 година имало само еден понудувач за обезбедување кој добил на максимална вредност“, дециден е Томовски.

Македонија | пред 1 година

onkologija-terapija

ЈО да отвори сопфатна истрага за сите злоупотреби со онколошка терапија и дали кризата е вештачка со цел изнуда на високи цени?, прашува ВМРО-ДПНМНЕ

„Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс“, вели ВМРО-ДПНМНЕ и додава:Една иста мафија на смртта тргува со животите на најтешко болните пациенти, лица заболени од рак и од тоа прави бизнис и дебело профитира. А, од друга страна истите веледрогерии кои ги набават лековите, континуирано добивале и добиваат заштита од политички структури блиски до СДС и ДУИ.Проблемот со недостаток на терапија за тешко болните пациенти од рак на Клиниката за онкологија не нешто ново и нешто што се случува само сега. Првите два до три месеци од годината во секоја година до сега има недостаток на онколошка терапија, а секоја година една иста веледрогерија набавува лекови по енормно високи цени.Бидејќи секогаш има политичка заштита од структури во СДС и ДУИ, истата таа веледогерија, злоупотребувајќи ја болеста на луѓето со цел голем профит и знаејќи дека луѓето и последните пари ќе ги дадат за лек, вештачки креира криза со лекови.Мафијата на смртта, на чие чело е една иста веледрогерија и помогната и заштитена од политички структури блиски до СДС и ДУИ, за која човечкиот живот не вреди ништо, 30 години ровари во Онкологија и е виновна за смртта на голем број починати пациенти кои навреме не го добиле соодветниот лек.Го поставуваме прашањето, дали е точно дека веледрогеријата Пановски, блиска до СДС, го уценува со цени македонското здравство? А оваа е истата веледрогерија од каде што Ирина Пановска како директор на една од клиниките при клиничкиот центар во Скопје во време кога министер за здравство беше нивниот близок, Венко Филипче, набавуваше лекови од веледрогеријава каде што татко и, исто така, бил директор.Поставуваме уште едно логично прашање, дали е вистина дека оваа вештачки создадена криза е токму поради тоа што треба да се купат скапи лекови токму од Пановски, за кој постојат сомнежи дека се манипулира со цените на лекови?Оттука, бараме и ги повикуваме надлежните институции да покренат сеопфатна истрага за сите злоупотреби кои прават на Клиниката за онкологија со терапиите за болните од рак. Исто така, да се посочат сите одговорни без разлика дали се лидери на партии или поранешни министри, медицински лица или лица дел од фирмите и веледрогериите кои снабдуваат со вакви лекови и се богатат врз здравјето на најтешко болните пациенти.Исто така треба да се утврди и вистината за тесната поврзаност и политичка и бизнис спрега на Венко Филипче со моќните веледрогерии.ВМРО-ДПМНЕ повикува Јавното обвинителство да се охрабри и да ги стави на располагање сите свои капацитети за спроведување сеопфатна истрага со цел расчистување и изведување пред лицето на правдата на големите бизнис олигарси кои раководат со мафијата на смртта, која профитира милиони од болеста на луѓето.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.32

Вучиќ: Кај нас има многу лудаци

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ја коментираше најавата за генерален штрајк од Давос, каде што е на Светскиот економски форум. Тој рече дека ниту студентите не знаат кое од барањата не е исполнето.„Не ни треба насилство. Сакаме да разговараме со студентите, со сите, секогаш сме биле за дијалог и тие да ни објаснат кои барања не се исполнети“, рече Вучиќ од Давос.Вучиќ истакна дека во Србија има многу лудаци.„Гледам дека некои најавуваат дека утре (мислејќи на денес) нема да одат во теретана, дека лебот ќе го купат порано, дали тој ден ќе ручаат или вечераат... Во нашата земја има многу лудаци“, додаде Вучиќ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Трамп не е сигурен дека воопшто треба да потроши нешто за НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави  дека не е сигурен дека САД воопшто треба да потрошат нешто за НАТО, велејќи им на новинарите дека САД ги штитат членките на НАТО, но тие „не нѐ штитат нас“.Трамп ги повтори своите претходни барања другите членки на трансатлантската алијанса да потрошат 5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, што е огромен пораст од сегашната цел од 2 отсто и ниво на кое ниту една земја на НАТО, вклучително и Соединетите држави, во моментов ги исполнува.„Не сум сигурен дека треба да трошиме нешто, но дефинитивно треба да им помогнеме. Ние ги заштитуваме. Тие треба да ги зголемат трошоците од 2 на 5 отсто“, им рече Трамп на новинарите по потпишувањето на извршни наредби во Овалната соба.Вашингтон финансира 15,8 отсто од годишните расходи на 32-члената воена алијанса од околу 3,5 милијарди долари. Тоа е најголемиот удел, веднаш до Германија, според анализата на НАТО за 2024 година. Индиректниот финансиски придонес на САД во алијансата, која ги вклучува САД, Канада и повеќе од 20 европски земји, вклучува воени сили, но не е дел од годишниот буџет на организацијата.Вкупниот буџет за одбрана на САД го надминува оној на другите членки на НАТО и изнесува 816,7 милијарди долари во 2023 година.Новиот државен секретар на Трамп, Марко Рубио, разговараше со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во средата и ја зајакна посветеноста на САД кон алијансата, а двајцата, исто така, „разговараа за важноста да се има способни одбранбени сојузници и вистинско споделување на товарот“, соопшти Стејт департментот. во четврток.Претставници на НАТО и аналитичари веруваат дека НАТО нема да го послуша предлогот на Трамп за толку големо зголемување на трошоците за одбрана, но најверојатно ќе се согласи да ја надмине сегашната цел.Аналитичарите велат дека бројката од 5 проценти би била политички и економски невозможна за речиси сите членки. Сепак, новата цел најверојатно ќе биде договорена на самитот на НАТО во Хаг во јуни, поттикната од стравувањата дека Русија би можела да нападне земја на НАТО по Украина, но и поради инсистирањето на Трамп, изјавија официјални лица.Некои очекуваат договор за целта на воените трошоци од околу 3 отсто од БДП. Но, дури и тоа би било тешко за многу членови, кои едвај ја исполнуваат, или воопшто, целта за трошење од 2 отсто во овој момент, една деценија по таа цел. Осум членки на НАТО не ја исполнуваат сегашната цел.

Свет | пред 1 година

dokumenti

Секој електронски документ кој е изработен од државен орган може да се користи во печатена форма, рече Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ.“Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да ги прифаќаат документите, и второ, подготвуваме упатство за граѓаните како да си ги заштитат своите права, во случај да не можат, да знаат кој е начинот на кој што може да делуваат, дали на лице место или да го контактираат нашето министерство.” изјави АндоновскиМинистерот додаде дека оваа година ќе се направи напор и да се лиценцираат определен број на инспектори, и тие да бидат дел од сектор во рамки на министерството, а доколку има потреба ќе се формира и инспекторат.“Ќе биде потребно подолго време, што значи во текот на 2025 година ќе направиме напор да што побрзо лиценцираме определен број на инспектори. И тие да функционираат како сектор во рамки на министерството, доколку се појави потреба да нивните обврски се зголемуваат, тогаш ќе размислуваме и за посебен инспекторат, но ќе ги имаат во рамки на Министерство за дигитална трансформација сите надлежности кои што им се утврдени со новата систематизација, која што исто така стапи на сила на 1 Јануари, и веќе започнуваме со обука на кадрите.” заврши министерот Андоновски

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-24-at-18.39.38

(Видео) Путин нагло го напушти владиниот состанок, погледнете снимка: „Извинете, итно е...“

Рускиот претседател Владимир Путин ненадејно го напушти состанокот на владата, наведувајќи дека станува збор за „итна потреба“ за „меѓународен телефонски разговор“. Седницата на Владата се пренесуваше во живо кога Путин се извини, но тој не откри со кого ќе разговара по телефон.Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека планира да го повика Путин „наскоро“ по неговата инаугурација. Сепак, останува нејасно дали повикот веќе се случил или тоа е разговорот што го натера Путин да ја прекине средбата.Да потсетиме, Русија неодамна одговори на предупредувањето на Трамп дека ќе воведе царини и санкции за нив доколку Москва наскоро не „склучи договор“ и не стави крај на војната со Украина.„СТОП за оваа смешна војна која никогаш не би се случила кога би бил претседател“. Само ќе биде полошо, доколку не се договориме наскоро, нема да имам друг избор освен да воведам високи даноци и царини и строги санкции за сè што Русија ќе им продаде на САД и на другите земји“, напиша Трамп.„Време е за ДОГОВОР. „ВЕЌЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАГУБИ ЖИВОТ“, додаде Трамп.Заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, за Ројтерс изјави дека тоа зависи од тоа што значи „договор“, а Кремљ рече дека не гледа „тука никакви нови елементи“.Русија, потсетува Би-Би-Си, веќе е убедливо најсанкционираната земја во светот, со многу малку важни институции и сектори кои сè уште не се под ограничувања од Америка и Европа. Меѓутоа, руските банки и воено-индустрискиот комплекс исто така се прилагодија и релативно успешно ги заобиколуваат санкциите.Заканата на Трамп не само што може да има штетни ефекти врз московската економија, туку може да ги зголеми тензиите меѓу Русија и САД и да ги отежни мировните преговори со Украина.

Свет | пред 1 година

1737691589-WhatsApp-Image-2025-01-24-at-05.05.34_7a948500-1

Студентите на Правниот факултет со Србија му испратија порака на „Професорот Ноле“

Натпреварот на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен беше следен во живо и на Правниот факултет во Белград, еден од многуте што е под блокада.Ѓоковиќ го загуби мечот поради повреда, но студентите на Правниот факултет имаа интересна порака за српскиот тениски професор.„Професоре Ноле, студентите те сакаат“, пишуваше на транспарентот истакнат во амфитеатарот, каде што беше закачено и српското знаме.

Спорт | пред 1 година

Screenshot-2025-01-24-at-00.06.08

Штрајкот на училиштата низ Србија продолжува: Настава дефинитивно нема да има ниту во понеделник

Некои училишта во Србија го продолжуваат прекинот на наставата и во понеделник, а им се приклучуваат и просветните работници кои сакаат да ги поддржат блокадите на учениците и не се задоволни од договорот меѓу репрезентативните синдикати и Владата за зголемување на платите.Студентите повикаа денеска да се прекинат сите активности. Нерепрезентативниот Независен синдикат на наставници на Србија (НСПРС) очекува наставата да не се одржува со полн капацитет во повеќе од 80 проценти од училиштата, барем во поголемите урбани средини.Сосема други податоци имаат Министерството за образование на Србија, кои наведуваат дека наставата се одржува во 97 проценти од училиштата. И покрај ова, во училиштата се испраќаат просветни инспекции, а се добиваат и предупредувања за дисциплински постапки, како и за евентуално продолжување на учебната година и закана од полагање матура.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-24-at-18.11.47

Горан Ангелов-Ќосето не се извинува и ја одби понудата на судијата, адвокатот Пешевски: Горчина се ствара!

Пораката на судијата Илија Трпков до осудените за „27 април“, при носење на решението за амнестија на организаторите, дека треба да наведнат глава и да се извинат - беше дочекана со критика од лицата кои повеќе од седум години се по затворите. Но исто така, реагираа и адвокатите.Драган Пешевски, адвокат на Горан Ангелов, напиша „Јас и Горан Ангелов-Ќосето глава не наведнавме, нит па имаме намера. Понудата е одбиена "честити" суде!!!“.Потоа тој додаде:„Нека им е честита слободата на амнестираните организатори за 27ми април. Не навлегувам во анализа, ниту објаснувања за команданти и војници, организатори и извршители, не е тоа целта на постот. Целта на постот е горчината што се ствара верувам кај сите и кнедлата што се појавува во грлото кога ке видиме селективност во судница. Некои се очигледно поеднакви пред законот од други. Селективност имаме во судница по партиска припадност, посебно по висина на партиска функција. Јас учев дека правдата е слепа, ама оваа нашава изглеа ѕирка под превезот а мачот и е отапен!!!“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-01-24-at-18.05.03

Почна генералниот штрај во Србија

Во Србија денеска почна генерален штрајк, кој студентите во блокадата го најавуваа претходните денови. На штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации... Синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.За денеска во 14 часот е закажан протест „Да разговараме кој е толпа, а кој ѓубре“ во организација на Одборот за протест на адвокатите пред зградата на Српското претседателство. Протесни маршеви и блокади се организираат и во многу градови низ Србија.Денеска, согласно генералниот штрајк, протести и протестни прошетки ќе се одржат во Ниш, Врање, Лесковац, Владичин Хан, Власотинце, Лебане, Бабушница и Шврљиг.Во Лесковац се одржува прошетка наречена „Генерален штрајк“. Собирот е закажан пред Технолошко-техничкиот факултет во 11:52 часот.Во 11 часот учениците од Шврљиг закажаа собир во центарот на протестен марш до Гимназијата „Душан Тривунац Драгош“ за поддршка на наставниците и другите работници да се приклучат на штрајкот.Тие нагласуваат дека сакаат да дадат посебна поддршка и на наставникот Дамир Јоциќ, кој самиот ја прекина наставата во понеделникот и ги повикуваат сите жители на Сврљижана да престанат со сите активности во петок во 11 часот и да се приклучат на протестот.Во Владичин Хан протест ќе се одржи во центарот на градот во 12:00 часот, а во Врање во 16:00 часот кај Чико Митке.Протестен митинг ќе се организира и во Бабушница во 16 часот, во центарот, на платото пред Центарот за култура.Собир за поддршка на учениците и наставниците е најавен и во Либан, в петок во 11 часот пред зградата на Гимназијата, по што ќе следи прошетка до зградата на општината и оддавање почит на жртвите во Нови Сад.Предучилишната установа „Ракила Котаров Вука“ во Лазаревац во петок на 24 јануари 2025 година ќе влезе во еднодневен прекин на работа, а по најавениот штрајк работниците добија неофицијални информации дека СНС сака да ја смени директорката на градинката.Тие ги замолија сите сограѓани, соработници и родители да ја поддржат и споделат нивната објава и ги поканија да им се придружат утре во 12:30 часот, по блокадите на три локации во градот и говорите на матурантите и просветните работници пред Фонтана Рударска чешма, пред нивната предучилишна установа, објект „Детство“, на улица Даре Ранѓиќ, бр. 1.Протестите започнаа како резултат на несреќата на Железничката станица каде загинаа 15 лица.

Свет | пред 1 година

IMG_0656

Ѓоковиќ го предаде полуфиналниот меч на АО

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на отвореното првенство на Австралија (АО), откако му го предаде мечот на Александар Зверев.По завршувањето на првиот сет, Ѓоковиќ се доближи до мрежата и му ја соопшти својата одлука на Германецот, очигледно неспособен да го продолжи мечот поради повреда.Двајцата тенисери одиграа 81-минутен сет кој Зверев го доби во тај-брејк (7:6), Во текот на сетот Ѓоковиќ се обиде да ја ублажи болката со апчиња, но овој пат тоа не му помогна.Раптурата на мускулот што ја доживеа на дуелот против Карлос Алкараз овојпат беше посилна од него.На крајот откако го предаде мечот, помал дел од публиката реши да го исвирка Новак, очигледно незадоволни од тоа што платиле билети само за еден сет.Ѓоковиќ потоа на прес-конференцијата објави дека ова би можело да му биде последен Австралија опен.

Спорт | пред 1 година

zaharova

Според Захарова, Франција прави подготовки за судир со Русија

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон ја подготвува својата војска за судир со Русија, пренесува агенцијата „Анадолија“.Захарова го коментираше неодамнешното обраќање на Макрон до вооружените сили, каде што рече дека безбедносната линија на Франција оди „преку границите во Европа и Украина“.„Прашувате какви цели има Емануел Макрон… Јасно е дека Париз се подготвува за понатамошно соочување со нашата земја“, нагласи Захарова.„Таа посочи дека Франција со години ги зајакнува своите воени капацитети и дека во 2022 година Макрон ја објави својата намера да ги подготви вооружените сили за „војување со висок интензитет“ и да ја префрли економијата на „воена основа“. По ова, додаде таа, следеше нов закон за воено планирање, кој го удвојува францускиот буџет за одбрана.Захарова рече дека развојот на напредно оружје е во тек, а многу од оружјата се тестираат во Украина, што таа го опиша како „тест за хибридната војна на Западот против Русија“.Таа го критикуваше недостатокот на мировни иницијативи од Франција, велејќи дека тоа е дополнителен доказ за „воинствените намери“ на Франција.Тврди дека француската младина се подготвува за конфликт со Русија под превезот на доброволни мерки.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања