Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените власти под контрола на Хамас.Истиот извор објави дека меѓу жртвите има пет членови на персоналот на блиската клиника во Беит Лахиа: педијатар, лаборант, техничар и двајца болничари. Веста ја потврди директорот на болницата Камал Адван Хусам Абу Сафија.Информациите не беа независно проверени, а израелската армија не беше подготвена да ги коментира наводите.Во меѓувреме, Израелците објавија дека еден од нивните војници загинал за време на судирите во северниот дел на Појасот Газа. Претходно палестинските медиуми објавија дека најмалку девет Палестинци загинале, а неколку се ранети во израелски напад на северот на Појасот Газа.Во извештајот на новинската агенција ВАФА се наведува дека куќите во градот Газа биле погодени синоќа во воздушен напад. Цивилната заштита под контрола на Хамас соопшти дека најмалку 13 загинале и околу 40 се повредени. Израелската војска соопшти дека ќе го истражи извештајот.

Свет | пред 1 година

ukraina-kiev-zgrada-napad

Русите силно го нападнаа украинскиот пограничен регион, убивајќи цивил

Еден цивил е убиен за време на силно гранатирање и напади со беспилотни летала на руските сили во украинскиот пограничен регион Суми, соопштија локалните власти рано утринава.Руските сили изведоа 169 напади врз пограничните области и населени места во регионот во текот на изминатиот ден, објави регионалната администрација на областа на својот канал Телеграм. Регистрирани се вкупно 311 експлозии.Жртвата е 59-годишен маж во населбата Краснопиља, кој се наоѓал во опожарената куќа при нападот, соопшти обвинителството. Во друга заедница во регионот Шуми, дополнителни куќи беа оштетени од гранатирање, изјавија официјални лица.Напади од руски беспилотни летала беа пријавени и во други делови на Украина, вклучително и во областа на главниот град, објави локалната воена администрација на Телеграм рано во петокот. Првичните извештаи укажуваа дека нема пријавена штета.

Свет | пред 1 година

IMG_8917

(Фото) Украинците за првпат фатија севернокорејски војник

Припадниците на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во битки со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција.Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во Русија за да помогнат во борбата против украинските војници во рускиот регион Курк.Потврдата од Јужна Кореја дојде откако на Телеграм беше објавена фотографија на која очигледно е ранет и заробен севернокорејски војник. Северна Кореја испратила повеќе од 10.000 војници да и помогнат на Русија, според Киев и Сеул, иако ниту Москва ниту Пјонгјанг ниту го потврдиле ниту го негирале нивното присуство.„Ова е прво заробување“, изјави за Би-Би-Си Јанг Ук, научен соработник во Азискиот институт за политички студии. За Украинците е покорисно да ги фатат овие севернокорејски војници и да се обидат да ги разменат со Русите за украински воени заробеници.Неодамнешните фотографии кои се појавија од руско-украинската војна ги потврдија шпекулациите дека „севернокорејските сили ќе ја испратат руската команда на фронтот во голем број“, додаде Јанг. Тој исто така додаде дека „ќе биде тешко да се докаже нивната севернокорејска националност“.Украинските сили велат дека на севернокорејските војници им биле издадени лажни руски лични карти, а украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно овој месец тврдеше дека руски војници биле видени како ги палат лицата на севернокорејците кои загинале во битка, наводно за да го сокријат својот идентитет.Повеќе од 3.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите во руската област Курск, изјави Зеленски во понеделникот. Тој додаде дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг го зголемува „ризикот од дестабилизација“ околу Корејскиот полуостров.Русија започна сеопфатна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Неодамнешното распоредување на севернокорејски трупи во Русија е знак за растечкиот сојуз меѓу двете држави.Развојот, кој доаѓа додека Северна Кореја ги ескалира тензиите со Јужна Кореја, ја зголеми загриженоста на Западот. Кина, долгогодишен сојузник на двете страни, исто така внимателно ја следи ситуацијата.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.07

Израелските напади врз Јемен се алармантни, велат од ОН

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека израелските воздушни напади врз меѓународниот аеродром во Сана во Јемен, пристаништата на Црвеното Море и електраните се алармантни.Израел потврди дека вчера погодил неколку цели поврзани со проиранските Хути во Јемен, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром во Сана. Медиумите блиски до Хутите наведуваат дека загинале најмалку шест лица.„Денешните израелски воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН на брифинг со новинарите, изразувајќи загриженост за ризикот од натамошна регионална ескалација.

Македонија | пред 1 година

aramii

(Фото) „Во Капиштец кружат крадци, денес околу 19 часот пробуваат да влезат по домови“ - скопјанка алармира на внимателност

Скопјанка сподели фотографии низ кои алармира за внимателност кај граѓаните кои живеат во Капиштец. Таа посочува дека крадци се обиделе да упаднат во нејзината куќа.„Во Капиштец кружат крадци, денес околу 19 часот пробуваат да влезат по домови“, објави скопјанката, која сподели и фотографии.[caption id="attachment_318448" align="alignnone" width="1238"] Screenshot[/caption]Засега не е познато дали овој обид за упад е пријавен во МВР.Во предновогодишниот период, кога граѓаните заминуваат на зимување и прослави, зачестени се ваквите појави.

Скопје | пред 1 година

grubi-41

Груби нема албанско државјанство, Тошковски му најави дека ќе го најде, а од него ни трага ни глас

Артан Груби не е државјанин на Албанија. Нема ниту запис во албанскиот службен весник кој би покажал дека Груби се здобил со нивно државјанство, објавува истражувачката мрежа БИРН. Тие контактирале со кабинетот на албанскиот претседател од каде добиле потврда дека Груби нема нивни пасош.„Артан Груби нема албанско државјанство“, изјави за БИРН, советникот за медиуми на албанскиот претседател, Арта Сакја.Истовремено, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вели: „Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава“.„Пријатно бев изненаден од изјавата на предметното лице во насока на тоа дека истото е на приватен или службен пат и дека само кратко ќе се задржи во друга држава, не во државата која го хранела долг временски период. Се уште се надевам дека тоа лице ќе покаже доблест и одговорност, но и дека навистина е подготвен да одговара пред лицето на правдата, да дојде и да ја потврди онаа фраза која што ја изјави дека е чист како солза и дека навистина не сторил ништо на штета на државата и граѓаните. Јас најодговорно тврдам, согласно сите докази кои што ги имаме собрано до сега, и сите оние факти кои што се утврдени во рамки на овие предистражни и истражни постапки, нема да му биде лесно да докаже дека е чист како солза“, рече Тошковски.И по десет дена нема ни трага ни глас од поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство откако надлежните го осомничија за криминали поврзани со случајот Државна Лотарија.По него распишана е и меѓународна потерница но МВР до сега нема информации каде тој се наоѓа.Груби земјава ја напуштил на 15 декември преку граничниот премин Долно Блаце со помош на полицаец, кој му дозволил да помине без контрола.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-27-at-08.34.48

Најдоа кој да пее за Нова година во Скопје, на пет дена пред дочекот

На 5 дена до Новата година, Град Скопје конечно ја објави програмата за прославата на најлудата ноќ на градскиот плоштад „Македонија“.Како што е наведено во соопштението, на градскиот плоштад ќе настапат „Sarah Mace & The Girlzz“, магичната „Љубојна“, рок-групата „Ареа“ и бендот „Нокаут“. Забавата започнува во 19.30 часот. Организаторот компанијата „Спектаклум” посочува дека се пријавиле и биле израни на конкурс.За минатогодишниот дочек пак, вчера во јавноста следеа обвинувања за неисплатени хонорари од страна на Комората на музичката индустрија, кои се пожалија дека цела година ги чекаат средствата од Град Скопје и дека ќе тужат.Од Град Скопје пак, порачаа дека не должат ништо на музичарите со кои не ни потпишале договори, и најавија тужба за Комората која беше организатор на новогодишниот дочек изминатите две години.

Скопје | пред 1 година

ana-drulovski-vesna

Ана Друловски, Весна Петрушевска дел од Комисијата за признанија и одликувања - објавен составот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Гена Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и Весна Петрушевска.Комисијата за одликувања и признанија ја сочинуваат поединци кои во текот на својата професионална кариера имаат остварено значајни постигнувања и стекнато висока репутација во македонското општество. Тие се признати експерти, кои со своите трудови и постигнувања се истакнале во различни области на општествениот живот како што се науката, културата, уметноста, образованието, здравството, спортот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-27-at-08.05.01

Кикбоксерот Бобанчо Илиоски избран за најдобар спортист на Македонија

Кикбоксерот Бобанчо Илиоски, беше избран за најдобар спортист на Македонија.„Ја имам честа и оваа година да бидам избран за најдобар спортист на Македонија и да добијам признание од премиерот Христијан Мицковски. Убаво е за нас, спортистите, кога има луѓе кои го следат и поддржуваат нашиот труд. Ова признание ми дава мотив за работа и гордо да ја претставувам Македонија на најголемите кик-бокс сцени низ целиот свет“, напиша тој.

Спорт | пред 1 година

loru5bcabbkptivbtymx

Со тврдење за нов криминал во „Државна лотарија“ уапсен газда на приватна фирма

Уапсен е Артан Ајрули, сопственик на фирмата „Ритрон Копи“ од Куманово. Неговото апсење доаѓа по проширувањето на истрагата за злоупотреба во Државна лотарија, за што се обвинети Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби, кои веќе се во бегство.Со потпис на директорот Перпарим Бајрами, од 2022 до 2024 година се исплаќале лажни фактури подготвени од газдата на „Ритрон Копи“, Артан Ајрули. Бајрами со народни пари плаќал телевизори, принтери, комјутерска и комуникациска опрема, која, ниту – соодвестувала, со она што го пишувало во трите договори, а ниту пак ја доставиле. Двајцата си наместиле уште три тендери.„Второпријавениот А. А. тие информации ги искористил за однапред да изврши увоз на типови и модели на употребувани телевизори по договорените количини, со што бил доведен во поповолна положба во однос на сите други понудувачи во спроведените постапки за јавни набавки.. на телевизори за инсталација на електронски игри, со што првопријавениот П.Б му овозможил на второпријавениот А. А и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист по три склучени договори за јавни набавки на телевизори во вкупна вредност од 12.980.000,00 денари“, стои во пријавата од Финансиска.Според полицијата, Ајрули ги искористил информациите за предувоз на договорените типови и модели на телевизии и со тоа се ставил во поволна позиција пред другите понудувачи. Со ова, според Финансиската полиција, Бајрами им овозможил на Ајрули и на неговото правно лице „Ритрон Копи“ да имаат незаконски имот во три договори за набавка на телевизори од над 200 илјади евра.Претходно, ВЛЕН ја обвини компанијата „Ритрон Копи“ за злоупотреба на тендерите. Според нив, Ајрули и неговата компанија се блиски до пратеникот на Европскиот фронт, Елми Азири

Македонија | пред 1 година

janevska

Јаневска: Затворени се 5 приватни научни институти, надзорите продолжуваат, заканите ќе ги пријавиме

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.„Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за три месеци. Но, мислам дека бројот на затворени научни институти ќе биде поголем“, рече Јаневска, додавајќи дека само два института целосно ги исполнувале условите за работа.Министерката информираше дека некои образовни установи не сакале да соработуваат при надзорите, а дел од нив, дури и упатувале закани кон вработените во министерството.„Сé што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани, а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ“, додаде министерката.Осврнувајќи се на придобивките кои ќе ги обезбеди предложената нова законска регулатива во образованието, Јаневска рече наскоро по усвојувањето на неколку законски решенија во Собранието, ќе следи кадровско зајакнување на дел од институциите, меѓу кои и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.

Македонија | пред 1 година

struja

Без струја улицата Христо Татарчев

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ќе останат корисниците на дел од улицата Христо Татарчев 25 околу бр.113 Кисела Вода.

Скопје | пред 1 година

26122024-Mickoski

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој ги крадел, кажа Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.„Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба толкава количина за набавка на истите, туку и цените се надвор како што велат правниците правило на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и за осомничениот кој не е достапен на органите на истрагата дека еден ден ќе биде достапен и ќе одговара, бидејќи како што посочи по седум години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување на вистински ремонти туку со шпекулативни во смисла на нестручно и ненавремено.„Би сакал да напоменам дека на тој начин што се несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и индиректни десетици илјади кои работат во компании кои соработуваат со АД ЕСМ“, рече премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.„На владина седница одглавивме два проекти, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекти се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен ако направите математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365 дека туку 450 или 500 дена, се побивани законите на физиката и би сакал во доказна постапка ако се отвори случај да ги слушнам кои им се објаснувањата“, рече премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-26-174446

(Видео) Николовски до Ристески: Растат цените и трошоците за живот, зошто минималната плата не мрда?

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на денешната собраниска седница упати прашање до заменик министерот за економија Марјан Ристески дали Владата планира Владата да го прифати предлог законот за зголемување на минималната плата, поднесен од СДСМ.Во услови на растечка инфлација и трошоци за живот, сметаме дека фокусот треба да биде на зголемување на платите и растот на стандардот на граѓаните, што беше клучна политика во изминатиот период, истакна Николовски.Николовски нагласи дека минималната плата не мрдна во изминатите 6 месеци, додека владата предводена од СДСМ ја покачи од 8 на 22.567 денари.Заводот за статистика евидентираше раст на инфлацијата од 4,3%, синдикалната кошничка во декември е повисока за 840 денари, изнесува близу 63.000 денари, потребни се три минимални плати за нејзино покривање. Секаде во регионот се зголемува минималната плата само кај нас не мрда. Зошто не прифатите да се покачи минималната плата за работниците?, нагласи Николовски.

Македонија | пред 1 година

kumanovo-2

Крадец фатен на дело во Куманово: се обидел да избега преку прозор па се повредил

Денеска во 07.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 24-годишниот М.Р. од Куманово.Тој бил затекнат во деловен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово додека се обидувал да одземе пари и предмети, по што се обидел да избега преку прозорец, при што се здобил со повреди.М.Р. бил пренесен во Општа болница Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Бегајќи од полицијата, скопјанец предизвикал две сообраќајки: во возилото имал марихуана

Денеска во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 26-годишниот К.Ј. од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.Во незгодата А.Т, Д.М. и неговата сопатничка И.Н.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј. продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и причинил материјална штета. Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

Nikolovski1

(Видео) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од 5 на 0%.Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаја дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да побегнете од одговорноста затоа што вие им го овозможивте тоа, да профитираат на грбот на народот. Наместо пониски цени, граѓаните сега пред новогодишните празници се соочија со повиски цени, нагласи Николовски, во прашањето упатено до заменик министерот за економија Марјан Ристески.Николовски нагласи дека минималната кошничка само за храна покажа зголемување за 390 денари.Цените за храна не биле намалени. Политиките за кошничка не дадоа резултат. Апелираме да се приофати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за храната, нека биде на предлог на владата но да се донсесе во интесес на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

Македонија | пред 1 година

mucunski-bolat-1

Министерот Муцунски домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.На средбата, двајцата министри истакнаа дека посетата претставува уште една потврда за пријателските и добри односи меѓу двете земји. Тие ја потенцираа подготвеноста за натамошно продлабочување на севкупниот дијалог во функција на унапредување на билатералната соработка во областите од заеднички интерес.Во фокусот на нивниот разговор беше искористувањето на потенцијалите за интензивирање на економската соработка, како на државно ниво, така и меѓу бизнис заедниците. Воедно, стана збор и за важноста од ажурирање на сегашниот Договор за слободна трговија преку проширување на неговата содржина, вклучувајќи повеќе земјоделски производи, како и потребата од забрзување на техничките разговори за оваа цел.Во рамки на посетата се одржа и Бизнис Форум, на кој министрите ја истакнаа подготвеноста за целосна поддршка на бизнис секторот и ги охрабрија да соработуваат поинтензивно во насока на унапредување на трговската и инвестициската соработка.За време на посетата, турскиот министер Болат оствари и средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. На средбата беа разгледани можностите за билатерална трговија и инвестиции со цел да се утврдат нови области за заедничка соработка.

Македонија | пред 1 година

49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Променливо облачно и студено со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.Времето во наредните деновиОд сабота следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска.

Македонија | пред 1 година

1.2

Јаулески: Кланот Муртино-Зајас, направи груба партизација на институциите и безбедносните структури

На денешната седница на пратенички прашања во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески упати три прашања до премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. Во однос на првото прашање, Јаулески истакна дека по преземањето на власта во 2017 година, од кланот Муртино-Зајас, се правеше груба партизација на институциите и безбедносните сили во државата.„Дали има нови моменти во насока на расветлување на овој случај и дали македонската јавност, може да очекува докази врз база на спроведени истраги во рамките на институциите?“, праша Јаулески, во контекст на тоа дека претседателот на Владата, истакна дека во време на опозиција бил следен од безбедносните сили, наместо да се занимаваат со криминалот кој шараше низ државата.Јаулески ги истакна криминалците кои што избегаа од државата поради неспособноста на тогашниот министер во внатрешни работи и партизираното министерство од страна на СДС. Тој напомена дека криминалците наместо да се под органите на прогон, тие биле фотографирани со министри, премиери и претседател на држава, со тогашната власт.„Што се е пронајдено и запленето во акцијата во која се уапсија 18 лица, припадници на криминалните банди „Беланоца-Барон’’ и дали со оглед на фактот што целата македонска јавност, знаеше за овие ликови и нивната активност. а поранешната Влада не гледаше или не сакаше да види, има индиции за соработка и штитење од страна на поранешни високи функционери“, праша Јаулески.Во однос на третото прашање, пратеникот даде вовед за Груби носеше патики од над 2000 евра, додека крадеше врз грбот на албанските граѓани и додека тие се иселуваа и поттикнуваше меѓуетнички тензии. Тој ги напомена криминалните и коруптивните скандали кои ВМРО-ДПМНЕ долго време ги зборуваше.„Кој е Вашиот став по ова прашање и што е преземено за враќање на Груби во државата и соочување со правдата?’’, последното прашање пратеникот Јаулески го постави кон премиерот во контекст на случајот лотарија каде се сомничат Груби и Бајрами за проневера од 8 милиони евра.

Македонија | пред 1 година

bolnica-stip

Прегазена жена во Штип, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 18.43 часот во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Сремски фронт“ во Штип патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.С., удрило во 63-годишната С.М., двајцата од Штип.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

e-drzavjanstvo

Тошковски: Нова дигитална услуга на МВР за електронско издавање на уверение за државјанство во секое време, достапна преку uslugi.gov.mk

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.„Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата“, истакна министерот Панче Тошковски.Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Македонија | пред 1 година

hristijan26122024

Мицкоски за „недела неработен ден“: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи на прашање околу тоа кој е ставот на Владата за недела неработен ден, истакна дека тоа не треба да биде селективно како што го направила претходната влада туку или да се даде можност на сите кои ќе постигнат договор со работодавачите за двојна или тројна дневница да остварат таков приход или никој да не работи.„И денеска е недела работен ден, но за одредени економски оператори, дури во законот со квадратура се нацртани и се опишани кои се тие. Да речеме, работи еден трговски центар којшто се сеќавам на фанфари го отвораше тогашната коалиција СДСМ-ДУИ во занесот на инспирацијата пред првиот или вториот круг на локалните избори 2021 година мислејќи дека на тој начин ќе постигне подобар резултат. И сега има одредени економски оператори коишто работат. Ние како влада си го поставуваме следното прашање, а тоа е или никој да не работи, вклучително и тие, или тие коишто сакаат да работат со согласност на работниците коишто сакаат да работат да добијат двојна дневница. Тоа е дилемата која што ја имаме како влада и тука не гледаме ништо лошо“, истакна Мицкоски.Тој додаде дека според мерењата на јавното мислење околу 75% се за во недела да работат доколку им се плати двојна дневница.„Дури, за ваша информација, месечно три пати мериме јавно мислење за внатрепартиски и внатре коалициски потреби и на тие јавни мерења, обично една или две се телефонски и едно е секогаш теренско мерење. Отприлика тестираме неколку атрибути меѓу кои и овој атрибут. Седумдесет и пет проценти од граѓаните се за тоа тие што сакаат во недела да работат доколку им се плати двојна дневница“, нагласи Мицкоски, но додаде дека кое ќе биде конечното решение ќе зависи од следниот состанок на Економско-социјалниот совет.„Дали ќе дојде до овие законски интервенции и кои ќе бидат, кон кое решение ќе конвергираме ќе зависи од тоа каков ќе биде резултатот на следниот состанок на Економско-социјалниот совет. Ова прашање ние сме го разговарале и со синдикатите. Ова не е прашање кое ние сакаме да го наметнеме. Сме го разговарале и со синдикатите и со стопанските комори, работодавачите. Ние не сме го разговарале ова прашање во тесен круг и да носиме одлука, па потоа да не знаеме што да правиме со таа одлука. Ако мислите дека ние на сила ќе направиме нешто, нема да го направиме на сила“, подвлече Мицкоски и додаде:„Генерално се катализираат две решенија. Едното е или никој да не работи, ама никој. Има еден таков главен град на една држава во централна Европа, никој не работи во недела и готово, тоа е тоа, или ако некој плати дупла дневница или договори со синдикатите поинакви услови да може да работи, да работи“.Тој исто така потенцираше дека негово лично мислење е или да се даде можност на тие што сакаат за подобар приход да работат или никој да не работи, но се ќе зависи од состанокот на Економско-социјалниот совет на кој отворено ќе се разговара со работниците и работодавачите.„Ако сакаме да правиме диверзификација и промена на нашиот економски модел и концепт, мораме да размислуваме вака. Кое ќе биде конечното решение јавноста ќе го знае откако ќе заврши последниот состанок којшто ќе го имаме со Економско-социјалниот совет на којшто ќе разговараме заедно отворено, гласно и јасно помеѓу работодавачите и работниците. Мое лично мислење еве да немате дилема е дека за сите оние коишто ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат повисока дневница, двојна тројна итн. треба да биде овозможено во недела да работи и да остварат таков приход или, ќе повторам, никој да не работи“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-12-26-at-13.22.38_2c4de9f2

Герасимовски: Концерт што не смее да се пропушти - Нокаут и диџеј Александар Јорданов утре на Боемска 1

Општина Центар, во петок 27 декември организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани, за децата и возрасните на Боемска 1.Во петок, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а веднаш потоа следува забава со Елса и Спајдермен кои ќе им поделат новогодишни пакетчиња на дечињата.Вечерта, во 20:00 часот ќе почне големиот предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со нашите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.Герасимовски, ги поканува сите скопјани да дојдат на концертот и заеднички да се одбележи крајот на 2024 година со безвременските македонски нумери.„Ги поканувам сите граѓани на концертот што ја одбележи годината. Настанот ќе стартува со загревање на атмосферата со диџеј Александар Јорданов, а потоа омилената македонска група на сите генерации Нокаут ќе ги отпеат хитовите со кои пораснавме. Ветуваме добра журка и расположение, дојдете на Боемска 1“, вели Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

drzavna-lotarija

Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поведе постапка против две физички и едно правно лице. Првопријавениот, во својство на претседател на Управен одбор – Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“, е осомничен за – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. За второосомничениот сопственик и правното лице постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство согласно член 275-в и од Кривичниот законик.Првоосомничениот во периодот од 2022 до 2024 година одобрувал исплата по фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема за потребите на АД „Државна лотарија“. Фактурите ги издавал второпријавениот сопственик и управител на осомниченото правно лице, иако и двајцата биле свесни дека дел од опремата во фактурите не се испорачувала согласно предвиденото во склучените договори за јавни набавки. Предмет на проверки е целокупната постапка за доделување на шест јавни набавки на ваква опрема за „Државна лотарија“, од моментот на утврдување на техничките спецификации до реализацијата.Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот сопственик на правното лице – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавува во судот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања