Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ

rute

СДСМ со прашања пред посетата на Руте: Какви се врските на Владата со Москва?

Од партијата велат дека со денови бараат одговор од Мицкоски за неговите, како што наведуваат, врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на владина седница бил избран за почесен конзул на Македонија во Србија.СДСМ тврди дека јавноста е запознаена со ставовите на Адамовиќ, меѓу кои и изјави дека „Српска Македонија“ била окупирана, како и со, како што велат, бројни контроверзии и сомнежи поврзани со оружје и со наводни врски со Москва. Во соопштението се посочува и поврзаноста со Српската напредна странка, која ја нарекуваат сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата оценува дека, доколку тоа се критериумите за почесен конзул, тогаш секој со криминално минато и радикални политички ставови би можел да биде именуван на таква функција. Во таа насока, во соопштението се споменува и лице по име Симе, за кое се тврди дека има фотографии со премиерот.СДСМ дополнително го отвора прашањето што Мицкоски ќе му соопшти на Руте во врска со Адамовиќ и со вицепремиерот Стоиљковиќ, за кого наведуваат дека е негов близок соработник во Владата и дека има врски со Русија.„Дали тоа е соодветно за земја членка на НАТО? Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција?“ – прашуваат од СДСМ, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ со жестоки обвинувања: Мицкоски работи за тендери, не за државата

СДСМ со остро соопштение го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека наместо да се фокусира на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните, се занимава со тендери, црни кампањи и пропаганда.Од партијата наведуваат дека, според нивните податоци, 161 тендер биле доделени на семејна фирма на Томовски, 51 тендер на „Пирамид Билдинг“, 74 тендери на „Ленди Груп“, девет милиони евра биле доделени на фирма со двајца вработени, а 1,2 милиони евра тендер преку Пошта завршил кај фирма блиска до ЗНАМ.СДСМ оценува дека Мицкоски е „способен само за тендери за свој приватен бизнис и да биде уредник на таблоид“, додавајќи дека тоа е, како што наведуваат, единственото за што има капацитет.Во соопштението се тврди и дека странските инвестиции се намалиле за 729 милиони евра, дека работниците едвај врзуваат крај со крај, дека нема зголемување на платите и дека економијата „тоне од ден во ден“.„Да води држава – не е способен“, порачуваат од СДСМ, повикувајќи го премиерот наместо, како што велат, да измислува афери и да спроведува црни кампањи, да се обиде да најде луѓе кои можат да помогнат во управувањето со државата.Во завршницата од соопштението, партијата го нарекува ВМРО-ДПМНЕ „ВМРО-ОКГ“, оценувајќи дека тоа е реалниот капацитет на партијата и на нејзиниот лидер.

Македонија | пред 4 седмици

grubi-41

СДСМ: Како ВМРО-ОКГ знае што ќе проговори Груби ако не е сѐ наместено?

ВМРО-ОКГ секојдневно го потврдуваат тоа што го зборуваме од почетокот на реализација на договореното враќање на Груби. Сѐ е дел од однапред смислено сценарио, политички дил, велат од СДСМ.„Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби освен ако не е сѐ наместено?Како однапред знаат, па уште и најавуваат од партиска говорница на ВМРО-ОКГ?Дури и листа на имиња имаат кои што Бране Петрушевски ги објавува.Исто како што портпаролката на Владата, Митева, јавно, на телевизија кажа дека предвреме знае како ќе заврши судски процес против Андреј Жерновски.Однапред им е договорено.ВМРО-ОКГ тонат сѐ подлабоко во сопствените лаги бидејќи не знае како да се оправда, разоткриени се, причитани се, не им поминува веќе.Театарот започна на граница, со очила, насмевка, камер, само уште црвен килим недостасуваше и Мицкоски да го пречека Груби. Имало безбедносна проценка, па немало. Дале МВР и АНБ, па не дале. Имало странски служби, па немало.  Циркус.Секој ден излегуваат со нова верзија, нов спин, нова лага преку нивните медиуми под контрола на Орбан.Наместо да се занимаваат со подобар стандард на граѓаните, тие се занимаваат со црна кампања и бесмислена пропаганда, за да ги прикријат сите неуспеси на оваа криминално-коруптивна тендер коалиција што ја води државата.Тоа е капацитетот на ВМРО-ОКГ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

СДСМ: Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра

Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка, велат од опозициската СДСМ.„Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година.Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра.Дебакл.Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места.  Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери.Нема интеграција – следи економска изолација“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање, секогаш прави дефокус, Дубаи, Харис Џиновиќ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи  дека премиерот Христијан Мицкоски континуирано избегнува да даде конкретни одговори на клучните прашањата што ги поставува опозицијата, а се од интерес на јавноста. Како што кажа Филипче, одговорите на власта се секогаш сведени на дефокус.„На кое прашање до премиерот вие сте слушнале конкретен одговор. Сè е дефокус и сè е бегање од темата. На прашањето кое што јас го поставив кој е Душан Адемовиќ новопоставениот конзул на Македонија во Србија, премиерот не одговори. Избегна да одговори поради тоа што одговорот не му одговара“, рече Филипче.Тој додаде дека наместо одговори, јавноста постојано сведочи на обиди за пренасочување на вниманието и лажни весто.„Секогаш е дефокус, Харис Џиновиќ, Дубаи, плажа, тоа одговара премиерот. Тоа е недоличен речник и начин на коментирање на човек што ја води владата и државата“, истакна Филипче.Како што кажа Филипче, исто е и со прашањата за доаѓањето на Артан Груби, власта нема  одговор на ниту едно прашање.„Еве ги прашањата за Артан Груби ние ги поставуваме од моментот кога дојде, еве и сега ги поставувам. Како е можно да на тој начин се врати бегалец од правдата? Да го пречекаат камери, да го пречека специјална полиција и да оди во домашен притвор. Сте слушнале одговор од ВМРО-ДПМНЕ? Не, ниту ќе слушнете поради тоа што имаат договор, тоа е вистината“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: Власта кумуваше на пренесувањето 5 тони дрога преку граница

Оваа власт кумуваше на трансферот на пет тони дрога преку граница, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.Филипче укажа дека власта упорно молчи и не дава одговор на ниту едно прашање, како толкава количина дрога поминала на македонската граница.„Пет тони дрога не можат да се пренесат без знаење на власта, без структурите од царината и без структурите во полицијата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема визија за напредокот на државата, единствено што знаат е да шират лажни вести и да ги интересираат сопствените интереси.„Оваа власт ја гуши слободата на говорот. Има своја мрежа на медиуми преку кои што шири лажни вести, оцрнува, дискридитира, спинува. Ние имаме работа со еден би рекол терминално неспособен премиер, терминално неспособна влада кои што немаат ниту капацитет, ниту знаење, ниту визија каде ја водат државата и се интересираат само за сопствениот интерес“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС почна да пушта исти соопштенија, сигурно кога работат логиката има слободен ден!

Од СДС целосно отидоа со паметот. Вчера во 16.36 часот и денес во 11.06 објавуваат исто соопштение и тоа буквално што би се рекло, од а до ш. Да, мајката на знаењето е во повторувањето. Но, има едно големо НО, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.„Не знаеме дали треба човек да им се смее или да плаче. Еве со дијагнози нема да се расфрламе и да ги навредуваме, ама рамнодушни не можеме да останеме.Кога е СДС во прашање очигледно сме сведоци на ново ниво на размислување!СДС веројатно има некоја своја визија која постои само во нивните мозоци.Кога станува збор за СДС кои отидоа до таму да пуштаат копи пејст сопштенија веројатно ако промашувањето беше стратегија ќе беа непобедливи.Едно е очигледно, кога тие работат логиката сигурно има слободен ден“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

(Видео) За нив раководењето на државата е само приватен бизнис, вели Филипче за Владата на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека во земјата има драматичен пад на странските директни инвестиции од 61 отсто, повикувајќи се на извештај на Народна банка на Република Северна Македонија.Според него, во 2024 година, како резултат на економските политики спроведувани во изминатите седум години, биле реализирани рекордни 1 милијарда и 196 милиони евра странски инвестиции, додека во 2025 година таа бројка изнесува 467 милиони евра. „Тоа е резултатот на економската политика – дебакл“, рече Филипче.Тој нагласи дека бројките не се само статистика, туку претставуваат конкретни работни места и квалитет на живот за илјадници семејства. Посочи дека за време на мандатите на СДСМ биле отворени 16 фабрики и биле создадени над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони.„Сега има губење на работни места. Голема германска компанија најави повлекување и околу 500 лица остануваат без работа. Разликата е јасна – ние отворававме фабрики и работни места со добри и високи плати, а сега работниците се оставени во неизвесност“, изјави Филипче, додавајќи дека според него „има средства само за тендери што водат до високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“.Филипче оцени дека состојбата во буџетот е загрижувачка и дека „дупката во буџетот е огромна“. Тој потсети дека СДСМ предложил зголемување на минималната плата, но, како што рече, тој предлог бил одбиен од актуелното парламентарно мнозинство.

Настани | пред 4 седмици

media-libraryqqssq6lilkkf2M5AB3M

„Сè е однапред смислено сценарио“ – нова размена на обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи „како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Артан Груби“ и оценувајќи дека со ваквите изјави владејачката партија, како што наведуваат, практично признава дека постои договор.„Сè е договорено. Сè е дел од однапред смислено сценарио што се одвива пред очите на граѓаните“, се наведува во реакцијата, во која настаните се оценуваат како „циркус“ и „театар на граница“.Од СДСМ прашуваат дали ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека, според нив, „секој ден тоне подлабоко во сопствените лаги“, обвинувајќи дека преку пратеникот Бране Петрушевски се пласираат политички пораки.Во соопштението се поставуваат и прашања до премиерот Христијан Мицкоски, меѓу кои: „Кој е Симо?“ и „Во каков однос е Мицкоски со Душан Адамовиќ, член на сестринската партија Српска напредна странка?“Политичката размена на обвинувања меѓу двете најголеми партии продолжува, додека јавноста сè уште очекува конкретни институционални одговори и постапки во врска со случајот.

Македонија | пред 4 седмици

media-library9vi7qjbeeom64QzkYwP

Петрушевски: СДС беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска обвини дека СДСМ бил „сојузник на криминалот“ на поранешниот вицепремиер Артан Груби и затоа, како што рече, партијата силно го брани.Според Петрушевски, опозициската партија не поставила ниту едно пратеничко прашање до Владата поврзано со Груби, а пратениците од СДСМ, како што тврди, ја напуштиле собраниската сала кога било спомнато неговото име. Тој оцени дека поранешни високи функционери на СДСМ се во „паника и хистерија“ поради можни искази што Груби би можел да ги даде во Обвинителството.Петрушевски изјави дека во СДСМ се свесни за потенцијалните последици од евентуалното сведочење на Груби и затоа го бранат, додавајќи дека доколку тој „прозбори“, дел од поранешните функционери би можеле да се соочат со обвиненија.Тој го повика Јавното обвинителство да ги истражи, како што рече, сите индиции и сомнежи што ВМРО-ДПМНЕ досега ги изнесувала во јавноста.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Случајот со Груби е де факто и де јуре политички дил меѓу ВМРО и ДУИ

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, оцени дека случувањата поврзани со Артан Груби претставуваат „театар“ кој, како што наведе, веќе прераснува во циркус.„На темата бегање од одговорност, театарот што го приредува ДПМНЕ-ОКГ овие денови веќе станува циркус. Ова се напади ад хоминем против СДСМ, а всушност јавноста и сите знаат дека де факто и де јуре оваа ситуација е политички дил меѓу ВМРО и ДУИ“, изјави Фрчкоски.Тој додаде дека наместо аргументирана дебата и институционална одговорност, во јавноста се пласира реторика насочена кон дискредитација на опозицијата, додека, според него, суштината на случајот укажува на политички договор меѓу владејачките структури.

Свет | пред 1 месец

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, премиерот Христијан Мицкоски ја става институцијата во функција на, како што наведе, сопствени бизнис интереси.Фрчкоски тврди дека Димовска е сопруга на Димитар Димовски, кого го посочува како долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во проекти поврзани со хидроцентрали, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Според него, поставувањето на Димовска отвора сомнежи за конфликт на интереси, особено имајќи предвид дека Развојната банка одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти.Во изјавата се споменува и дека Димовски бил инволвиран во предметите „Топлик“ и „Шпански скали“, како и дека моментално извршува функција секретар за јавни политики во Владата.Фрчкоски посочува дека Димовска е сопственик на компанијата „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“, оценувајќи дека на тој начин се воспоставува „директен линк“ меѓу приватни фирми и државна финансиска институција.Од СДСМ бараат итно повлекување на Димовска од функцијата и реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата и другите надлежни институции, оценувајќи дека станува збор за класичен конфликт на интереси и злоупотреба на институциите во партиски и бизнис цели.

Македонија | пред 1 месец

grubi5123

СДСМ: Со случајот за Груби се режира циркус, сè е однапред договорено

СДСМ со остра реакција оценува дека случајот со куќниот притвор на Артан Груби се претворил во, како што наведуваат, „циркус пред очите на целата јавност“, тврдејќи дека одлуките на институциите се дел од однапред договорено сценарио.Од партијата обвинуваат дека Обвинителството, кое според нив е под контрола на премиерот Христијан Мицкоски, ја оправдувало одлуката за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.„Само неколку часа подоцна, директорот на затворот ‘Шутка’, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше Обвинителството, тврдејќи дека ниту АНБ ниту МВР воопшто не извршиле безбедносна проценка“, наведуваат од СДСМ.Партијата посочува дека премиерот Мицкоски во телевизиско гостување изјавил дека станува збор за класифицирани информации кои не можат јавно да се соопштат, додека, како што велат, сега се појавуваат тврдења дека „странски служби“ уште пред една година доставиле предупредувања, а формална безбедносна проценка од АНБ и МВР не била изготвена.„Кои се тие странски служби? И ако нема безбедносна проценка од АНБ и МВР, врз основа на што Обвинителството донело одлука за куќен притвор? Ако нема проценка, како тогаш се тврди дека била класифицирана?“, прашуваат од СДСМ.Според опозициската партија, контрадикторните изјави околу постоењето на безбедносна проценка – дека имало, па немало, дека била доверлива, па дека не постоела – претставуваат дополнителна потврда дека случајот е однапред договорен и режиран.Од СДСМ оценуваат дека целата ситуација го нарушува кредибилитетот на институциите и ја продлабочува недовербата во правосудниот систем, барајќи целосна транспарентност и јасни одговори за основот врз кој е донесена одлуката за куќен притвор.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi1tjglj1j3c5ap6wUDn

Кузеска: Српска или руска странски служби за Груби кажале, па ова е веќе циркус

Сè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Тетарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус. Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна проценка дадена од МВР и АНБ, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.„Не бил безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.Истиот ден, директорот на затворот Шутка, инаку кадар на ВМРО-ОКГ, го демнатираше обвинителството. Според него ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направиле проценка.Мицкоски вчера, јавно, на телевизија рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти.Имал чувство.Сега излегуваат информации дека „странски служби“ јавиле и тоа уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?Ако нема проценка од АНБ и МВР како Обвинителството донело одлука за куќен притвор?Ако нема проценка од АНБ и МВР како Мицкоски вели дека „тоа било класифицирано“.Или неговите лаги почна да ги третира како класифицрани?Циркус.Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено.Се измислуваат нови лаги, се прави дефокус за да се покрие сценариото, дилот којшто го направиле.Претстава на граница, доаѓање со наочари, со насмевка, само уште црвен килим недостасуваше.Пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.Одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.Има, па нема безбедносна проценка. Дале проценка АНБ и МВР па не дале.Сега странски служби. Недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна. Циркус Медрано како што велеше Гордана Јанкуловска.Ова почитувани го разобличува целото режирано сценарио, целокупниот театар.Мицкоски прво разрешува и поставува нови обвинители на телевизија, во живо во емисија, а сега повторно во емисија најавува што ќе зборува Груби и што ќе прави обвинителството.Кому веќе не му е јасно дека Мицкоски, покрај тоа што ги уредува 40% од медиумите што преку Орбан ги има под контрола, управува и со обвинителството?Сè е договорено.Граѓаните не се глуви и не се слепи, гледаат и знаат се.Имаме чувство Мицкоски“, вели Кузеска.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Опозицијата реагира: Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ

Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели., велат од опозициската СДСМ.„Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност.Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност.А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки за обезбедување.Посигурен е дома. Тоа сигурно – храната стигнува од ресторани, а и на телевизија има интересни содржини. Како во хотел.Она што не го кажа Мицкоски е од која странска служба ја добиле информацијата, бидејќи како што се гледа од изјавите за медиумите од МВР и АНБ, никој ја нема таа информација.Дали информацијата му стигнала од српска или од руска служба? Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybackgt3afp4eb2UKbKz

СДСМ: Кои критериуми ги исполнил Адамовиќ за да биде назначен за почесен конзул на Македонија во Србија?

Нервозните реакции на Христијан Мицкоски во Собрание се силна потврда дека се плаши од откривањето на вистината за неговите релации со Адамовиќ, велат од СДСМ.„Мицкоски покажа голема нервоза а немаше одговори на прашањата од претседателот Филипче.Кој е Душан Адамовиќ?Кои критериуми ги исполнил за да биде назначен за почесен конзул на Македонија во Србија?Неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана?Неговото криминално минато, бројните афери со кои се поврзува?Успешноста на неговото позиционирање високо на функции во СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ?Или контактите и врските во Русија?Дали се ова исполнетите критериуми за Адамовиќ да биде избран?Очигледно е дека именуваниот Душан Адамовиќ не ги исполнува клучните критериуми за да биде поставен за почесен конзул.Па како тогаш е избран? Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори.Бидејќи  во вторник во Македонија доаѓа генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, што ќе кажат Мицкоски и Стољкоивиќ за Адамовиќ кој се фали со своите контакти во Москва?Соодветно ли е тоа за земја членка на НАТО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

artan-grubi

СДСМ: Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус

Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ.„Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка.Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.Циркус. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.Исто како во времето на Никола Груевски. Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

Мицкоски нема одговор на прашањето кој е Адамовиќ, повторно Харис Џиновиќ и Дубаи, вели СДСМ

Социјалдемократски сојуз на Македонија обвини дека премиерот Христијан Мицкоски нема одговори на клучните прашања поврзани со именувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија.Од СДСМ посочуваат дека Мицкоски во Собранието покажал нервоза и не одговорил на прашањата поставени од претседателот на партијата, Венко Филипче.„Кој е Душан Адамовиќ? По кои критериуми е избран за почесен конзул и дали тие критериуми се испочитувани?“, прашуваат од СДСМ.Тие наведуваат дека на социјалните мрежи Адамовиќ користел формулации како „Српска Македонија“ и прашуваат дали таквите ставови се во согласност со критериумот за „докажан пријател“ на државата.Дополнително, опозицијата отвора прашања за безбедносната проверка, посочувајќи на информации дека негов автомобил бил дигнат во воздух, а во друг случај било пукано кон него.„Дали АНБ направила соодветна проверка? Дали МВР издало потврда дека нема кривични пријави или судски постапки?“, прашуваат од СДСМ.Партијата го проблематизира и неговото наводно позиционирање во српската владејачка партија, како и контактите што, според нив, ги има во Русија.„Како членка на НАТО, дали Македонија има потреба од човек кој се фали со врски во Москва, особено во услови кога Русија е под санкции од Европската Унија?“, наведуваат од СДСМ.Во контекст на најавената посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, опозицијата бара одговор од премиерот каква порака испраќа Владата со вакви именувања.„Мицкоски треба да одговори каков однос има со Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

СДСМ: Сè е договорено, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби, велат од опозициската партија СДСМ.„Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.И на крај целосно разобличување.Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.Излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење.Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.Сè е договорено.Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

paridenari1

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците 

Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни, велат од опозициската СДСМ.„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници.  Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека граѓаните од власта не можат да очекуваат ништо, ниту подобрување на животниот стандард, ниту економска стабилност, ниту пак стопанството може да очекува поддршка.Филипче предупреди дека економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски ја туркаат државата кон сериозна економска неизвесност.„Не може да се очекува ништо. Може само да се очекува да тоне стандардот на граѓаните, не го изгласаа Законот за минимална плата. Може да се очекува банкрот на државата, затоа што веќе 2 милијарди е дупката во Буџетот. Може да се очекува компаниите само да пропаѓаат, заради тоа што ниту имаат поврат на ДДВ, ниту имаат поддршка од страна на владата“, рече Филипче.Тој додаде дека владата не работи во интерес на граѓаните, нема слух за покачување на платите ниту на социјалната помош, се крати од земјоделците, од сите граѓани, само повеќе да има за личните интереси на власта.„Може да се очекува да нема никакво зголемување на платите ниту во образованието, ниту во здравството. Може да се очекува да нема зголемување на социјалната помош. Може да се очекува да нема никаква поддршка, напротив намалување на парите во земјоделството, како што има сега, за 20 до 30 пати им се намалени. Од оваа влада не може граѓаните, ниту државата, да очекува ништо. Единствено нешто што може да очекуваат се нивни лични финансиски интереси“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 1 месец

filipce-ck-sdsm

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија истакна дека суштинската разлика меѓу СДСМ и ВМРО е во концептот – дали ќе има функционален систем или еден човек кој ги контролира сите институции.„Ние се бориме да има систем, не еден поединец. Не треба тука да има еден човек, владетел кој што ги контролира сите работи, како што тоа сака Христијан Мицкоски да го прави. И го прави. Не, не. Ние се бориме да има систем. Затоа што само системот ќе врати вербата на граѓаните во оваа држава“, порача Филипче.Тој предупреди дека партизацијата на судството и обвинителството ја уништува довербата на граѓаните во правдата.„Не се прави тоа со партизирано судство. Да ставите судија за судија во Судски совет, жена на градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, да ставите во Уставен суд советник на премиерот. Да квалификувате јавно обвинители со различни погрдни зборови… Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, изјави Филипче.Според него, токму ваквото однесување создава чувство на безизлез и недоверба кај граѓаните.„Стравот го чувствуваат граѓаните поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача тоа што треба. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни“, рече тој.Филипче потенцираше дека единствениот начин да се врати довербата е преку вистински реформи и европски стандарди.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче докажа дека е најмекото ткиво на македонското општество

ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека, според нив, делува спротивно на националните интереси и шири политички ставови кои не носат придобивки за државата. Од партијата реагираат на негови изјави поврзани со можноста за внесување на Бугарите во Уставот, тврдејќи дека таков чекор би значел отстапки без соодветен бенефит за Македонија.Во партиското соопштение се наведува дека Филипче, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, покажува страв во врска со случајот поврзан со поранешниот функционер Артан Груби, при што изразуваат сомнежи дека евентуални негови искази би можеле да опфатат повеќе актуелни и поранешни функционери. За овие тврдења не се приложуваат докази во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги обвини Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев за, како што наведуваат, политичко влијание врз правосудниот систем во минатото, оценувајќи дека токму тие биле одговорни за, според нив, најголемите политички притисоци врз судството во поновата историја на државата.Од партијата порачаа дека правдата ќе биде воспоставена и дека институциите треба да постапуваат независно, без оглед на, како што велат, политичките реакции и притисоци. Од СДСМ засега нема реакција на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение, на младите не им се живее во државата

 Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта не презема не презема суштински реформи во правосудниот систем.„Нема очигледно желба да се реформира правосудниот систем. Само еден од 12-те реформски закони кои што требаше лани да се донесат, се донесе. И тоа се направи трик и тој не се донесе согласно препораките на Оценската мисија,  и тој закон кој што е во рамки на реформската агенда, се донесе така да служи на власта“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче порача дека  излезот е јасен - вистинско реформирање на системот и силна борба против корупцијата.„Тоа што ни е суштински потребно, тоа што ќе врати ја довербата во државата, во институциите, тоа што ќе ја врати довербата на младите,е само вистински реформирано правосудство и за почеток канцеларија на Европското обвинителство, на обвинителката Лаура Ковеши, која што ќе има одврзани раце, како што ги има во сите други земји, и во овие последни кои што се приклучија кон Европското обвинителство, да се расчисти со корупција и криминалот“, рече Филипче.Тој посочи дека власта свесно ја држи државата изолирана со закочен евроинтеграциски процес,  а поради погрешните владини политики страда државата и граѓаните.„Треба храбри чекори. Доста ние само стоиме во место и премиерот и цело раководство на ВМРО ДПМНЕ, цела влада лаже дека нешто е загрозено. Дека они се борат за некакви национални интереси. Ништо не е загрозено. Страда државата, страдаат граѓаните, страдаат младите. Ние сме сега граѓани од втор или трет ред. Ние немаме пристап до единствениот пазар во Европа, немаме слободно движење низ Европа. Не ставаат на страна, отисоци, печати, пасоши и итн. Ние сме сега таму кај што не сакаме да бидеме. Владата има механизам, има начин, има понуда на масата, која што никако не е ризична. Треба да го направи чекорот“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Филипче: Јасно и гласно да ви кажам, кој прекршил закон нека одговара

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител кажа дека секој што го прекршил законот треба да одговара, ама не со политички договори кои ја поткопуваат довербата во правосудниот систем.„Да ви кажам многу јасно и гласно да знаат гледачите, да знаат граѓаните. Кој што има, нека каже. Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем“, посочи Филипче.Во контекст на случувањата со Артан Груби, Филипче појасни дека по целиот театар на границата јасно е дека покрај урнисувањето на правниот систем граѓаните ја изгубиле довербата во институциите . Тој истакна и дека контрадикторните информации од институциите дополнително ја продлабочуваат недовербата кај јавноста.„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот којшто каже дека ниту АНБ, ниту МВР, коишто се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле процена. Тоа не се случило. Тие помеѓу себе почнаа да си пукаат политички, не во нога, во гради и во глава. Тоа не го сакаат граѓаните. Така да договор очигледно е дека има. Кој така доаѓа на граница? На кој сте виделе насмеан да му ставаат лисици на рацете?“, нагласи Филипче.Филипче додаде дека доколку постојат какви било информации или докази, тие треба да бидат изнесени јавно, но нагласи дека власта нема капацитет тоа да го спроведе со, како што рече, партизирано судство.„Апсолутно, нека се открие сè што треба. Ама ова власт нема капацитет да го правите. Не се прави тоа со партизирано судство. Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, истакна Филипче.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања