Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Поранешниот шеф на НАТО предупредува: Америчко преземање на Гренланд ќе го разниша светот, тоа ќе е крај на светскиот поредок каков што го познаваме

Поранешниот генерален секретар на НАТО и екс-премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, предупреди дека евентуално насилно преземање на Гренланд од страна на САД би претставувало „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“.Во изјава за Фајненшл тајмс, Расмусен оцени дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд е загрижувачка и ја спореди со јазикот што го користат, како што рече, „гангстери во Русија и Кина“, држави кои, според него, САД треба да се обидуваат да ги контролираат, а не да им наликуваат.„За мене ова е болен процес. Од детството ги гледав Соединетите Држави како природен лидер на слободниот свет. Дури зборував и за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, потсетувајќи дека токму тој, како дански премиер, испраќал војници да се борат рамо до рамо со Американците во Авганистан.Тој додаде дека денес САД користат реторика која е „премногу блиска до гангстерите во Москва и Пекинг“, предупредувајќи дека ваквите тензии и поделби во рамките на Западот директно ѝ одат во прилог на Русија.„Сигурен сум дека Москва се надева дека Гренланд ќе стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, истакна Расмусен, нагласувајќи дека прашањето далеку ги надминува рамките на Данска и Гренланд.„Ова не е само данско или гренландско прашање. Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, заклучи поранешниот генерален секретар на НАТО.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf3053jndeavo34i3IXT

(Видео) Страотна ноќ во Париз: се урна цел кат од зграда

Се урна петтиот кат од станбена зграда во во Париз врз четвртиот кат во истата зграда. Тоа се случило во моментот кога педесетина лица биле собрани на забава во станот, а како што соопшти противпоарната бригада, 20 од нив се повредени.За време на уривањето на катот од зградата, што се случи кога подот од приватен стан на петтиот кат попушти, едно лице беше тешко повредено и имаше срцев удар, а 19 лица претрпеа полесни повреди, јавува телевизијата BFM.Пожарникарите успеале да ги извлечат сите повредени од урнатините, а 16 лица се пренесени во болница.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
filipce-ck-sdsm

СДСМ: ВМРО води координирана црна кампања со лаги и измислици против Филипче

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека претседателот на партијата, Венко Филипче, е цел на, како што наведуваат, континуиран јавен линч и координирана црна кампања со лаги и измислици, зад која стои ВМРО-ДПМНЕ.Од СДСМ велат дека по, како што ги оценуваат, неуспешните обиди за дискредитација преку наративи за Дубаи, зграда од 42 спрата, Венеција и Сент Морис, како и обиди за внатрешно рушење на партијата, нападите ескалирале до ниво на лични споредби и јавни квалификации. Според СДСМ, во кампањата биле вклучени и координирани медиумски настапи, спонзорирани објави и поврзување со различни актери и структури, со цел, како што тврдат, да се создаде впечаток на вина без институционални докази.Партијата наведува дека последната, според нив, неоснована кампања е пласирана преку медиумска емисија, по што била координирано преземена од „кујните“ на ВМРО, за на крај да биде артикулирана и преку партиски прес-конференции. СДСМ тврди дека доколку имало и најмалку вистина во обвинувањата, тие одамна би биле процесуирани преку институциите, наместо, како што велат, да се најавуваат и пласираат преку медиуми.Во соопштението се посочува дека ваквиот пристап се користи затоа што, според СДСМ, нарачателите се свесни дека со институционална постапка би сноселе одговорност по Кривичниот законик, а не само за клевета. Социјалдемократите најавуваат дека Филипче ги разоткрил, како што велат, сите манипулации и дека ќе следи одговорност и за нарачателите и за извршителите.СДСМ оценува дека, наместо одговори и решенија за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, актуелната власт продуцира дефокус и црна кампања. Во таа насока, посочуваат дека нема одговори за, како што наведуваат, дупката во буџетот од две милијарди евра, за неможноста за зголемување на платите и пензиите, за прашањата поврзани со мигрантите, како и за, според нив, сомнителни финансиски текови и тендерски постапки.„Има само дефокус, јавен линч и црна кампања, со цел на граѓаните да им се згади од политиката“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека јавноста веќе ја препознала, како што велат, оваа стратегија и дека одговорноста е неминовна.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Судијата Спиро бараше 5.000 евра и ме советуваше ‘замини од државата’, сведочи бегалецот Дацо Белски за претседателот на кочанскиот суд

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Драганчо Стоименов – познат како Дацо Белски, во поткастот „Претрес со Ландов“ изнесе тешки обвинувања против судијата од Основниот суд во Кочани, Спиро Борисов. Белски тврди дека од неговата екссопруга биле побарани 5.000 евра откако му била определена мерка притвор од истиот судија.Белски во емисијата посочи дека, судијата имал директни контакти со неговото семејство, при што на неговата тогашна сопруга ѝ било побарано финансиско „помагање“, кое подоцна било оправдано како позајмица. Тој пред камерите тврдеше дека парите биле предадени, а како доказ презентираше пораки и скриншотови од комуникација меѓу поранешната сопруга и судијата. Според кажувањето на Белски, судијата во два наврати доаѓал и во домот на неговите родители додека тој бил во домашен притвор, при што, како што тврди, го советувал дека за него „можеби е подобро да си замине“, односно да ја напушти државата. Белски изјави дека токму поради, како што рече, неправдата и притисоците, денес се наоѓа во бегство од правдата.Во рамки на емисијата беа прочитани и пораки за кои Белски тврди дека се разменети меѓу неговата поранешна сопруга и судијата Борисов, во кои се спомнува враќање на позајмени средства, вклучително и конкретен износ од 1.500 евра како дел од вкупната сума.Редакцијата на „Скопје1“ се обиде да добие став од судијата Борисов, кој беше контактиран на два телефонски броја, но тој не одговори на седумте испратени прашања. Со тоа, до овој момент, судијата јавно не ги демантираше тврдењата изнесени од Белски, ниту презентираните пораки.Прашања беа испратени и до Судски совет, со барање за појаснување како е постапено по поднесената претставка против судијата, дали е известено обвинителството, дали е побаран негов став и зошто, и покрај презентираните докази, судијата сè уште не е привремено оддалечен од функцијата. До моментот на објавување на овој текст, од Судскиот совет нема одговор.Пораките видете ги тука:Случајот отвора сериозни прашања за интегритетот на судството, евентуалното влијание и злоупотреба на судиската функција, како и за ефикасноста на институциите задолжени за надзор над судиите.

Студио | пред 1 месец

1 мес.
Glavna-fotka-1

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки инспекторите влегоа во маркетите

Околу четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, по спроведувањето вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната, како неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна и тоа месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
zan-mitrev-klinika

Обвинувања за закани и институционален притисок: ВМРО-ДПМНЕ за улогата на Заев и Филипче во случајот „Жан Митрев“

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања против поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека двајцата, додека биле на власт, се обиделе да ја преземат приватната болница на докторот Жан Митрев преку закани, уцени и злоупотреба на институциите.Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувањата се темелат на сведоштвото на д-р Митрев, изнесено во интервју на национална телевизија, во кое тој тврди дека во периодот кога против него се водел судски процес, институциите биле искористени како средство за притисок. Како што се наведува, во тој период му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а била воведена и забрана за продажба на клиниката.Од партијата посочуваат дека особено спорен е наводот според кој, само една недела откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес за сопствеништвото над болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на директно политичко влијание врз правосудството.Во соопштението се наведува и дека постоел обид болницата да биде откупена по цена значително пониска од нејзината реална пазарна вредност, што партијата го квалификува како „организиран грабеж под маската на институционално постапување“.ВМРО-ДПМНЕ дополнително оценува дека ваквите наводи ја прикажуваат „вистинската слика“ на тогашната власт, посочувајќи дека во време на ковид-пандемијата, кога граѓаните секојдневно умирале, а вакцините доцнеле, поранешните функционери, наместо да се фокусираат на јавното здравје, наводно кроеле планови за лично богатење и преземање на приватни здравствени установи.Партијата го повика Јавното обвинителство итно да отвори постапка за сите изнесени наводи и да постапи, како што наведуваат, неселективно и без политички калкулации, со цел целосно расчистување на случајот и воспоставување на владеење на правото.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library2a7mqv5osjjl9nUl3HE

Петмина скијачи загинаа во лавини во Австрија

Пет скијачи го загубија животот во лавини што вчера се активираа во Австрија, во поширокиот регион на Салцбург. Најтешкиот инцидент се случил во Гаштајн, каде што во лавина загинале четворица скијачи, а уште две лица се здобиле со тешки повреди.Во спасувачката акција биле вклучени четири хеликоптери, кои учествувале во пребарувањето и евакуацијата на настраданите, јавува агенцијата Ројтерс.Претходно во текот на истиот ден, уште еден скијач загинал во лавина во блискиот скијачки центар Бад Хофгаштајн, со што бројот на жртвите се искачи на пет. Надлежните служби предупредуваат на зголемена опасност од лавини поради нестабилните снежни услови во алпските предели.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
pedro-sances

Санчез: Американска инвазија на Гренланд би била подарок за Путин

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека евентуална американска воена интервенција на Гренланд би имала сериозни геополитички последици и директно би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин.Во интервју за шпанскиот весник La Vanguardia, Санчез оцени дека американска инвазија врз Гренланд, кој е автономна територија во рамки на Кралството Данска, би го направила Путин „најсреќниот човек на светот“.„Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би се легитимирал неговиот обид за инвазија врз Украина“, изјави Санчез.Според него, употребата на сила од страна на Соединетите Американски Држави би имала разорен ефект врз Северноатлантската алијанса.„Доколку Соединетите Држави употребат сила, тоа би бил смртоносен удар за НАТО. Путин во таков случај би бил двојно среќен“, додаде шпанскиот премиер.Санчез предупреди дека вакво сценарио би ја поткопало меѓународната правна рамка и би испратило опасна порака, со која би се релативизирале принципите на територијален интегритет и суверенитет, врз кои, како што истакна, почива европската и глобалната безбедност.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryd6r71q5purs495xvcX6

Нова ескалација: Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради царините и Гренланд

Европскиот парламент нема да го одобри клучниот трговски договор меѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини за европските земји, како дел од неговите притисоци поврзани со Гренланд.Одлуката дека Европскиот парламент нема да продолжи со ратификацијата на договорот, кој минатото лето го потпишаа Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, ја доведува во прашање иднината на трговското примирје меѓу Брисел и Вашингтон. Договорот предвидуваше американски царини од 15 проценти за увоз од ЕУ, во замена за тоа Унијата да не воведува давачки за американски производи.Претседателот на Европската народна партија Манфред Вебер соопшти дека ескалацијата на тензиите со САД значи дека Европскиот парламент нема да гласа во корист на пактот. Тој нагласи дека, иако ЕПП во принцип го поддржува договорот, заканите на Трамп во врска со Гренланд ја прават неговата ратификација невозможна во овој момент и дека мерките за нулта царини за американските производи мора да бидат ставени во мирување.Иако останатите политички групи во Европскиот парламент – социјалдемократите, либералите и Зелените – веќе подолго време бараа стратешка пауза во примената на договорот, токму ставот на ЕПП беше клучен за конечната одлука. Гласањето за замрзнување на договорот првично беше закажано за 26 јануари, но се очекува европратениците формално да ја потврдат одлуката на наредната седница.Шведската европратеничка Карин Карлсбро оцени дека не постои реална можност договорот да добие мнозинство, истакнувајќи дека ЕУ мора да се подготви за одговор на царинските напади од САД, вклучително и можни одмазднички мерки. Таа не ја исклучи ниту употребата на таканаречената трговска „базука“ на ЕУ – Инструментот против економска принуда, кој овозможува ограничувања за инвестиции, јавни набавки и заштита на интелектуална сопственост.И други високи претставници во Европскиот парламент побараа Европската комисија да ја разгледа примената на овој инструмент, оценувајќи дека користењето царини и економски закани за остварување територијални барања претставува директна форма на економска присила.Трамп, пак, најави дополнителни царини од 10 проценти за европските земји кои испратиле војници во малиот контингент на Гренланд, со зголемување на 25 проценти од јуни, што ќе важи сè додека, како што рече, не се постигне договор за „целосна купопродажба“ на Гренланд.Европските лидери остро реагираа на ваквите изјави, нагласувајќи дека распоредувањето трупи на Гренланд е одговор на безбедносните предизвици и предупредувајќи дека новите царини ќе добијат заеднички и координиран одговор од Европската унија.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Трамп се закани со тужба против најголемата американска банка

Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата се закани со тужба против банката JPMorgan Chase, изнесувајќи тврдења дека бил изложен на дискриминација по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година. Најавата за тужба ја поврза со критики кон весникот „Волстрит џурнал“, кој објави дека Трамп на извршниот директор на банката, Џејми Дајмон, му понудил да стане претседател на американските Федерални резерви, што Трамп јавно го негираше.Во објава на социјалните мрежи, Трамп соопшти дека ќе поднесе тужба во наредните две недели поради, како што наведе, „неточно и несоодветно дебанкирање“ по настаните од 6 јануари. Тој повторно тврдеше дека протестите биле оправдани и дека претседателските избори во 2020 година биле наместени, без да приложи докази за тие тврдења.Трамп изјави дека неколку банки, меѓу кои JPMorgan Chase и Bank of America, одбиле да прифатат негови депозити по немирите во Капитол. Двете финансиски институции ги отфрлија обвинувањата, нагласувајќи дека не постапувале по политичка основа.Реагирајќи на написите во медиумите, Џејми Дајмон изјави дека никогаш не добил понуда за позицијата претседател на Федералните резерви и додаде дека состојбите се развиваат подобро отколку што претходно очекувал. Портпаролката на JPMorgan Chase, Триш Векслер, соопшти дека банката им служи на повеќе од 80 милиони Американци и оти смета дека ничија сметка не треба да биде затворена поради политички или верски убедувања. Таа истакна дека институцијата ги поддржува напорите на администрацијата за решавање на прашањето со политичкото исклучување од банкарскиот систем.Минатата недела, Дајмон предупреди дека нападите на Трамп врз претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, ја загрозуваат независноста на централната банка и би можеле да доведат до повисоки каматни стапки и раст на инфлацијата. Трамп возврати дека неговите постапки се оправдани и дека во ФЕД, според него, има „лоша личност“. Коментирајќи ги изјавите на Дајмон, Трамп оцени дека тој греши и додаде дека банкарите можеби имаат интерес од повисоки каматни стапки.Во меѓувреме, Пауел се соочува со кривична истрага од Министерството за правда на САД, поврзана со наводна злоупотреба на јавни средства при обновата на седиштето на централната банка. Пауел тврди дека Федералните резерви се мета поради несогласувањата со Трамп околу каматната политика, додека претседателот изјави дека не бил запознаен со истрагата пред таа да стане јавна.Трамп во саботата упати и критики кон „Волстрит џурнал“, оценувајќи дека весникот не ги проверува доволно фактите и дека неговиот кредибилитет продолжува да опаѓа. Минатата година, Трамп поднесе тужба против сопственикот на весникот, Руперт Мардок, и двајца новинари, барајќи отштета од 10 милијарди долари поради наводна клевета поврзана со обвинувања дека му испратил непристојно писмо и цртеж на Џефри Епстин.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library30e8usccrkk89Uzq1sX

(Видео) Поплави во Австралија, загина едно лице

Австралиските власти соопштија дека 20 лица биле спасени од поплавните води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, откако поради обилните врнежи жителите биле предупредени да се преместат на повисоки места.Во Сиднеј, главниот град на сојузната држава и најголем град во земјата, жителите и туристите биле евакуирани доцна во саботата откако опасни поплави го зафатија ниското предградие Нарабин, соопштија надлежните.Екипите на итните служби интервенирале во повеќе од 1.400 инциденти низ сојузната држава од почетокот на дождовите во саботата, при што најголем дел од спасувањата се однесувале на лица кои се обидувале да возат низ поплавени патишта.„Имаше бројни ненадејни поплави поради кои беа затворени патишта и очекуваме некои од нив да останат затворени до понатамошно известување“, изјави заменик-државната комесарка за итни служби, Соња Ојстон.Властите предупредија дека денеска се можни дополнителни бури јужно од Сиднеј.Една жена го загубила животот откако врз неа паднала гранка од дрво во близина на Вулонгонг, околу 66 километри јужно од Сиднеј, за време на силното невреме, јави јавниот радиодифузен сервис АБЦ.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library57i0hsedc90i8kWN4hw

(Видео) „Влада заробена од дрогата”, судир меѓу полицијата и демонстрантите во Тирана

Судири меѓу албанската полиција и демонстрантите избија синоќа на протестот пред зградата на Владата во Тирана. Протестот беше организиран од основачот и лидер на политичкото движење „Албанија станува“, Адријатик Лапај.Поддржувачите на Лапај фрлаа брашно пред канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама, како симбол на, како што тврдат, „влада заробена од дрогата“, а дел од брашното беше фрлано и кон полициските службеници, објави албанската телевизија А2.Според албанските медиуми, дошло до судири меѓу граѓаните и полицијата, при што полицијата привела неколку демонстранти.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
dozd-1

Денеска променливо облачно, со слаби локални врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени.Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре и задутре преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryabii13ugd8476HtZt2Z

(Видео) Струмичанката Тина Русева ја освои Европа со победа на The Voice of Europe кое е онлајн натпреварување

Младата и талентирана струмичанка, Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување The Voice of Europe 2025.Таа ги освои и жирито и публиката со својот моќен вокал и извонреден сценски настап.Откако одлично се претстави на The Voice of Germany кон крајот на минатата година, Тина Русева успеа да се квалификува за финалето на The Voice of Europe каде што го освои првото место.The Voice of Europe е онлајн натпревар на кој Тина се квалификува благодарение на многуте гласови од нејзините фанови и поддржувачи.Тина успеа да добие над 40.000 гласови за 24 часа.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-librarys1asnt12mv4i8hMzQMa

(Видео) Деновите на кражба ви се одброени, порачаа студентите на протест во Нови Сад

Студентите од Нови Сад со протестот „Што значи победа?“ најавија нова етапа на студентскиот отпор, порачувајќи дека победата не е симбол, туку процес на демонтажа на корупцијата и неодговорната власт.Од Плоштадот на слободата јасно порачаа дека борбата не завршува, туку допрва почнува.„На народот му е преку глава од измами, кражби, перење пари и паѓање на надстрешници. Деновите на вашата кражба се одброени. Ќе дојде ден кога законите ќе важат за сите – и тој ден не е далеку“, порача студент.Поддршка добија и од правната фела. Адвокатката Тања Арсиќ истакна дека молкот е завршен и потсети на историскиот преседан кога судии, обвинители и адвокати заедно протестираа пред Уставниот суд.„Ќе се бориме за држава во која власта е минлива, а правото трајно“, порача таа.Студентите имаат цел да се борат за систем што не познава корупција, туку одговорност – нешто што, како што нагласија, актуелната власт и режимот очигледно не го познаваат. Пример за тоа го наведоа случајот со професорката Јелена Клеут, која и покрај исполнети услови не била избрана во редовно звање.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините за европските сојузници додека САД не добијат дозвола за купување на Гренланд. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп соопшти дека од 1 февруари царините од 10% ќе стапат на сила за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Од 1 јуни, тие ќе се зголемат на 25% и ќе останат на сила додека не се постигне договор за американското купување на островот.Трамп ги обвини неколку европски земји дека играат „многу опасна игра“ на Гренланд и истакна дека „во прашање е светскиот мир“. Тој посочи дека овие држави патувале на Гренланд со непозната цел, преземајќи неприфатлив ризик за безбедноста на регионот и глобалната стабилност.Претседателот истакна дека САД, под негово водство, се единствената земја која може успешно да „игра“ на ова поле и да го заштити овој „свет“ дел на Земјата, особено поради националната безбедност на Соединетите држави и безбедноста на светот во целина.Според Трамп, мерката за воведување царини е неопходна за заштита на глобалниот мир и безбедност, а од 1 февруари 2026 година сите наведени земји ќе плаќаат царина од 10% на сите производи испратени во САД. Од 1 јуни 2026 година царината ќе се зголеми на 25%, а ќе остане на сила додека не се постигне конечна продажба на Гренланд.Трамп истакнува дека САД се обидуваат да ја реализираат оваа трансакција веќе повеќе од 150 години, но досега Данска секогаш ја одбивала продажбата. Сега, според него, поради современите одбранбени и офанзивни системи, како и „Златната купола“, потребата за стекнување на Гренланд станува особено важна за максимална ефикасност и заштита.САД се подготвени веднаш да започнат преговори со Данска или со која било од другите наведени земји за да се реши ова прашање.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-library5fgifn8monf85WjYvDM

Данскиот арктички командант: Не, денес не гледаме закана од Кина или Русија

Највисокиот дански воен заповедник за Арктикот ги отфрли тврдењата дека Гренланд се соочува со непосредна безбедносна закана од Русија или Кина, спротивставувајќи се на наративот што во повеќе наврати го изнесе американскиот претседател Доналд Трамп. Генерал-мајор Сорен Андерсен, командант на Данското здружено арктичко заповедништво од 2023 година, изјави дека во моментов не постојат индикации за директна опасност, но дека Данска и сојузниците внимателно ги следат можните ризици и се подготвуваат за идни непредвидени ситуации.Андерсен нагласи дека засилените воени активности и сојузничките вежби околу Гренланд имаат превентивен карактер. Според него, по завршувањето на војната во Украина, Москва би можела да ги пренасочи воените ресурси кон други региони, вклучувајќи го Балтичкото Море и арктичката зона. Токму таа проценка ја поттикнала Данска да ги прошири воените вежби и да покани европски сојузници на обука на Гренланд, во исклучително тешки зимски услови, како дел од зајакнувањето на северното крило на НАТО.Во рамки на данската вежба „Операција Арктичка издржливост“, која опфаќа воздушни, поморски и копнени компоненти, веќе се распоредени единици од неколку европски земји. Андерсен појасни дека целта е подобрување на подготвеноста и координацијата меѓу сојузниците, а не одговор на конкретна закана.Изјавите на данскиот генерал доаѓаат во спротивност со тврдењата на Трамп дека Гренланд е под активен притисок од Русија и Кина и дека островот е клучен за националната безбедност на САД. Американскиот претседател неодамна изјави дека Вашингтон не може целосно да ја исклучи употребата на сила за заштита на своите интереси, што предизвика загриженост кај данските и гренландските лидери.Андерсен избегна директен коментар за ваквите изјави, истакнувајќи го единството во рамки на НАТО и долгогодишната соработка со американските сили стационирани во вселенската база Питуфик. Тој нагласи дека не може да замисли сценарио во кое една членка на Алијансата би нападнала друга, додавајќи дека соработката меѓу сојузниците останува силна и неопходна за стабилноста во регионот.И покрај политичките тензии, Данска формално ги поканила Соединетите Држави да учествуваат во вежбите. Андерсен изрази надеж дека американските трупи ќе тренираат заедно со германските, француските, канадските и другите сојузнички сили, нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот бара заеднички пристап и тесна координација.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryr5tis8v2kr7650Qo98A

(Видео) Страшен судир на најмалку две возила кај Кисела Вода, едно „БМВ“ останало без задна гума

Тешка сообраќајка се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода во која се судриле најмалку две возила, од кои едното е марка „БМВ“, кое останало и без задна гума од силината на ударот.Несреќата се случила на раскрсница, каде веројатно, едно од возилата, поминало без да има првенство на митување или пак на црвено светло. Засега не е позната состојбата на возачите и евентуалните патници. Местото го обезбедува полицијата. Делови од возилата има долж булеварот. Она што е забележливо е дека едново возило по ударот продолжило да вози и закочило дури неколку метри подолу.Инаку на овој булевар, често се случуваат несреќи поради брзото возење и непочитување на сигнализацијата.Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.

Настани | пред 1 месец

1 мес.
zaev-filipce-1

Стојаноски: Заев и Филипче му се заканувале на Жан Митрев за да му ја одземат болницата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, јавно посведочил оти поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче му се заканувале со цел да му го одземат сопствеништвото над болницата.Според Стојаноски, притисоците се случувале во период кога против Жан Митрев се водел судски случај, а Заев и Филипче, како носители на највисоки државни функции, ја користеле својата позиција на моќ за, како што рече, преку институционални механизми да се обидат да ја преземат клиниката.„Во тој период биле блокирани и личната сметка на Митрев и сметката на болницата, а имало и забрана за продажба. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес да му ја одземат болницата, по само една недела забраната била тргната од страна на Јавното обвинителство. Логично се поставува прашањето како и зошто се случило тоа“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека Жан Митрев обелоденил и обид за откуп на болницата по цена значително пониска од реалната и пазарната вредност, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на сериозни злоупотреби на власта.„Згрозени сме до каде биле подготвени да одат Филипче и неговиот ментор Заев за лично збогатување. Во време кога граѓаните секојдневно умираа од ковид, а државата немаше навремено обезбедени вакцини, тие се занимавале со сценарија за одземање приватна болница“, рече Стојаноски.Тој оцени дека наместо да работат во интерес на јавното здравје, поранешните функционери биле поврзувани со низа афери – од недвижности и компании, до тендери, договори и, како што рече, обиди за преземање болници.На крајот, Стојаноски упати јавен повик до Јавно обвинителство итно, темелно и неселективно да го истражи случајот и да постапи согласно закон.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library30pgpamrnv5u7Q1Ec5j

(Видео) Пукната цевка за парно: Прекин на греењето во повеќе скопски општини

Поради пукната цевка и дефект на дистрибутивната мрежа, во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите во Скопје, информира ЕСМ.Без парно се корисниците во општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Од ЕСМ соопштуваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и работат на точно лоцирање и изолирање на дефектот, со цел што побрзо да се воспостави нормална испорака на топлинска енергија.Од компанијата додаваат дека по завршување на интервенцијата, греењето ќе биде нормализирано во најкраток можен рок.За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања