Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
1 мес.
PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека станува збор за неосновани обвинувања со кои, како што вели, се прикриваат лошите резултати од досегашното владеење.Пендаровски посочи дека првично немал намера да му посветува внимание на Мицкоски, но поради јавноста решил да појасни неколку, како што нагласи, клучни факти кои, според него, очигледно не му биле разјаснети на премиерот.Тој потсети дека Уставниот суд уште пред повеќе од пет години, со мнозинство гласови, потврдил дека одлуките за прогласување на вонредна состојба биле во целосна согласност со Уставот и законите.Во однос на уредбите со законска сила, Пендаровски нагласи дека истите ги носела и ги спроведувала Владата, а евентуалните злоупотреби, доколку постојат, можат да ги проверат надлежните институции кои, како што рече, денес се под целосна контрола на актуелната власт.Поранешниот претседател додаде и дека сите одлуки за прогласување на вонредна состојба биле доставени до Собранието веднаш по завршувањето на таа состојба, согласно уставните и законските процедури.Пендаровски оцени дека и покрај овие појаснувања, Мицкоски најверојатно ќе продолжи со, како што рече, неосновани обвинувања и клевети, нагласувајќи дека тоа, за жал, е единствениот модел на политичко дејствување на кој, според него, е навикната актуелната власт.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
IMG_6295-scaled-1

Тепачки, разбојништва, кражби: што се случуваше во Скопје

Во текот на 17 и 18 јануари 2026 година, во Министерство за внатрешни работи, преку СВР Скопје, биле евидентирани повеќе пријави и интервенции поврзани со физички напади, насилно одземање предмети и кражби во објекти на финансиски друштва на подрачјето на главниот град.На 18 јануари 2026 година во 01:30 часот, во СВР Скопје, Д.Ч. (48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од лицето Д.П. Неколку часа подоцна, околу 03:20 часот, Г.Ч. (20) пријавил дека на 16 јануари 2026 година Д.П. насилно му го одзел мобилниот телефон. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.Претходниот ден, на 17 јануари 2026 година во 14:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С. (30) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 06:10 часот физички го нападнал А.М. (22) од Скопје, при што ја турнал на земја и сопругата на оштетениот. По целосно документирање на случајот, како што информира МВР, ќе следува соодветен поднесок.Во ист ден, во 14:40 часот, на подрачјето на Карпош, од слобода бил лишен Н.С. од Скопје. Според пријавата, на 16 јануари 2026 година пред угостителски објект, тој со своето возило го оштетил автомобилот на Г.Ѓ. (23) од Скопје, а потоа со возилото го удрил и оштетениот. И во овој случај, по целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 17 јануари 2026 година во 16:20 часот, во СВР Скопје, Т.Б. (52) од Скопје пријавил дека околу 00:30 часот, на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од лицето А.А. Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности поврзани со настанот.Истовремено, во раните утрински часови на 17 јануари, биле пријавени и две кражби во објекти на финансиски друштва. Во 05:20 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар насилно било влезено во објект на финансиско друштво и одземен бил сеф со пари. Неколку минути порано, во 04:44 часот, била пријавена слична кражба и на подрачјето на Гази Баба, каде од објект на финансиско друштво насилно биле одземени пари од сеф.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите наведени случаи се преземаат интензивни мерки и активности за нивно целосно расчистување и за утврдување на кривичната одговорност на инволвираните лица.

Скопје | пред 1 месец

1 мес.
policija-2457

Обид за убиство во Кичево: двајца осомничени во 30-дневен притвор

Полициските службеници од Министерство за внатрешни работи, преку ОВР Кичево, поднесоа кривична пријава против Ј.Д. (37) и А.А. (46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „обид за убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.По поднесената пријава, осомничените биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор-Битола, откако судија на претходна постапка им определил мерка притвор во траење од 30 дена.Според информациите од полицијата, на 4 јануари 2026 година околу 14:45 часот, пријавените биле лишени од слобода откако претходно, на земјен пат кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на Кичево, со нож го нападнале Б.А. (39) од Кичево, по што побегнале од местото на настанот.Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му била укажана лекарска помош, а поради сериозноста на здобиените повреди бил префрлен на понатамошно лекување во Градска општа болница 8 Септември во Скопје.Во рамки на истрагата, а по претходно обезбедена судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција извршиле претреси во домовите на осомничените, при што биле пронајдени ножеви кои се одземени и ќе бидат предмет на натамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
traktor-1

МВР: Трактор со приколка со дрва завршил во река, едно лице загина

На 17 јануари 2026 година, во Министерство за внатрешни работи било пријавено дека на место викано „Белик“, во атарот на селото Градско Балдовци, се случила тешка несреќа при која трактор со приколка натоварена со дрва паднал во речното корито на реката Тркање.Според информациите од полицијата, на местото на настанот починал Д.Н. (58) од Струмица, кој го управувал тракторот. Смртта била констатирана од лекар од Медицинскиот центар во Струмица.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryjts5lir5mbbtdskv23z

Трансатлантските односи на раб на пукање поради Гренланд и новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да воведе царини за земјите кои го поддржаа Гренланд ги доведе трансатлантските односи до точка на сериозна ескалација, а лидерите на Европската Унија разгледуваат досега незамисливи форми на одмазда против Вашингтон, објави Politico.Односите меѓу САД и ЕУ веќе со месеци се нарушени поради американското двоумење околу поддршката за Украина, притисоците врз земјите членки на ЕУ да прифатат неповолен трговски договор и барањата сојузниците во НАТО драстично да ги зголемат трошоците за одбрана.Тензиите дополнително ескалираа откако Трамп ги засили претензиите кон Гренланд, што за време на викендот предизвика протести на улиците на Нук и Копенхаген. Европските лидери сега се соочуваат со сѐ погласни повици да го напуштат досегашниот умерен пристап и да се подготват за директен судир со САД.Во Брисел сѐ почесто се споменува можноста Европа да го активира т.н. Инструмент против присила – трговската „базука“ на ЕУ. Станува збор за моќен механизам за трговска одмазда, првично осмислен како средство за одвраќање на Кина, кој ѝ овозможува на Унијата да воведе царини и ограничувања за инвестиции кон држави што вршат економски притисок.„ЕУ треба да биде подготвена да примени целни и пропорционални контрамерки“, порача Валери Хајер, лидерка на центристичката група Renew Europe во Европскиот парламент.Таа истакна дека активирањето на Инструментот против присила мора сериозно да се разгледа, бидејќи токму за вакви случаи на економска закана е создаден.Францускиот претседател Емануел Макрон не даде директна поддршка за ваков чекор, но јасно навести можен одговор, изјавувајќи дека Европа ќе реагира „обединето и координирано“ доколку царините на Трамп навистина стапат на сила.Европскиот парламент веќе најави подготвеност да дејствува, вклучително и преку блокирање на ратификацијата на трговскиот договор меѓу ЕУ и САД. Лидерот на европските конзервативци Манфред Вебер изјави дека „во оваа фаза не е можно“ договорот да добие зелено светло.Сепак, активирањето на Инструментот против присила би претставувало значително порадикален чекор, бидејќи тоа би значело примена на алатка наменета за ривалски држави против најголемиот сојузник на ЕУ.„Убеден сум дека не смееме да попуштиме. Спротивставувањето на нов обид за понижување и вазализација е единствениот начин Европа конечно да се афирмира како геополитички актер“, изјави поранешниот француски дипломат Жереми Галон.И покрај повиците за остар одговор, извозно ориентираните европски економии стравуваат од целосна трговска војна со САД, особено ако се земе предвид дека спорот се води околу Гренланд – остров со околу 57.000 жители, кој уште во 1985 година гласаше за излез од тогашната Европска заедница.Еврокомесарот за трговија Марош Шефчович оцени дека во актуелните услови би било „многу комплицирано“ да се одобри трговски договор со САД, предупредувајќи дека новите американски царини можат да предизвикаат „многу опасна надолна спирала“ која Европа треба по секоја цена да ја избегне.Според извори во Брисел, подготвеноста за конфронтација е значително помала во главните градови на земјите членки отколку во Европскиот парламент.„Амбасадорите имаат сосема поинаков пристап. Ретко Европскиот парламент и Советот се целосно усогласени, особено за прашања како ова“, изјави висок функционер на ЕУ за Politico.Во меѓувреме, европската стратегија за одговор на заканите од Трамп интензивно се обликува. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта се враќаа од Латинска Америка токму во момент кога прашањето за односите со САД стана централна тема.Се очекува европските лидери да се водат од долгорочните економски и безбедносни интереси на Унијата – зачувување на НАТО, но и паралелно јакнење на европската самостојност во одбраната. Во таа насока, фон дер Лајен минатата недела најави нова безбедносна стратегија за ЕУ, а во наредните денови се очекува и презентирање на планови за зајакнување на кибер-безбедноста.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски изјави дека нема што директно да коментира за тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев, според кои поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз него со цел одземање на приватната клиника.Мицкоски оцени дека ваквите наводи треба да бидат предмет на постапување на Јавно обвинителство по допрен глас, додавајќи дека тие не го изненадуваат, имајќи го предвид, како што рече, начинот на кој функционирала власта во тој период. Според него, станува збор за време кога, под изговор на вонредни околности и вонредна состојба, биле носени уредби со сила на закон, за кои, како што тврди, постојат бројни сведоштва дека биле злоупотребувани.Во таа насока, Мицкоски посочи и на улогата на тогашниот претседател на државата Стево Пендаровски, нагласувајќи дека дел од уредбите донесени во периодот на вонредна состојба сѐ уште не се разгледани и усвоени од Собрание на Република Македонија. Според него, токму Собранието треба да се произнесе за нивната уставност и законитост, за да се утврди дали постои евентуална одговорност.Мицкоски истакна дека во јавноста постојат сериозни сомневања оти одлуките донесени од Пендаровски во тој период биле спротивни на Уставот и законите, што, доколку се потврди, отвора прашање за институционална и кривична одговорност. Тој нагласи дека сега останува да се види дали обвинителството ќе реагира и ќе отвори постапка по овие наводи.Изјавата на Мицкоски доаѓа во контекст на засилените политички реакции по јавните настапи на Жан Митрев, кои повторно го отворија прашањето за односот меѓу извршната власт, обвинителството и приватниот сектор во периодот на владеењето на СДСМ и управувањето со кризата за време на вонредната состојба.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Филипче и Заев сакале да му ја одземат болницата на Жан Митрев, сведоштвата на Жан Митрев мора итно да ги провери обвинителството, вели Стојаноски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска јавно реагираше на тврдењата изнесени од Жан Митрев, кој во гостување во емисија на национална телевизија обвини за сериозна и груба злоупотреба на власта од страна на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.Според Стојаноски, сведоштвото на д-р Митрев отвора сериозни сомнежи дека во периодот кога СДСМ ја имаше целосната власт, биле вршени силни институционални притисоци со цел одземање на приватната болница „Жан Митрев“. Како што посочува пратеникот, д-р Митрев директно ги именувал Заев и Филипче како лица кои стоеле зад притисоците.Според изјавите на Митрев, притисоците се случувале токму во периодот кога против него се водел активен судски процес, што, како што оценува Стојаноски, дополнително ја зајакнува тезата за политичка злоупотреба на правосудните и извршните институции. Во тој период, преку државните институции му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а воедно му била изречена и забрана за продажба на удели во клиниката.Стојаноски потенцира дека особено загрижува фактот што, само една недела по наводното барање од страна на Заев и Филипче за откуп на болницата, Јавно обвинителство ја повлекло забраната за продажба на удели. Со тоа, според него, било овозможено купување на удели во болницата, што претставува директен доказ за политички притисок врз обвинителството и злоупотреба на институциите.Дополнително, како што пренесува Стојаноски, д-р Митрев тврдел дека му била понудена и спогодба – доколку ја продаде болницата по значително пониска цена од пазарната, тогаш ќе му биде помогнато да се ослободи од обвиненијата. Овие наводи, според пратеникот, претставуваат класичен пример на уцена и тргување со влијание на највисоко политичко ниво.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ваквите тврдења не смеат да останат само медиумски сензации и дека Јавното обвинителство мора итно да отвори постапка и темелно да ги испита сите наводи. „Доста е со заштита од одговорност. Време е Венко Филипче и Зоран Заев да одговараат за секој еден криминал и злоупотреба на власта во изминатите осум години“, порача Стојаноски.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library12rfg1kae1fk8FB0s1i

Нови имиња во Судскиот совет, а стари сомнежи во правосудството

Судскиот совет на Македонија повторно се најде во фокусот на јавноста – институција што со години се соочува со сериозни критики, скандали и рекордно ниско ниво на доверба кај граѓаните, а која сега доби два нови члена по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. За нови членки на Судскиот совет беа избрани професорката по право Арлинда Кадри-Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, во момент кога ова тело се наоѓа под силен притисок од јавноста и под лупа поради сопственото работење.Судскиот совет, како клучна институција во системот на судската власт, со години е симбол на нефункционалност, кавги, внатрешни табори. Не така одамна, самите тогашни членови на ова тело, незаконски го разрешија сопствениот претседател. Според перцепцијата на граѓаните, довербата во ова тело е сведена на симболични два проценти – податок што често се споменува во јавноста како илустрација за длабоката криза во која се наоѓа целиот правосуден систем. Претседателот Александар Камбовски, смета дека довербата е драстично повисока и дека тие два проценти се извадени од контекст. Во Советот со години се акумулираат десетици претставки и предмети против судии, кои или се разгледуваат со години или остануваат без јасен и транспарентен исход, што дополнително ја разјадува вербата во правосудните институции. Некогаш пак, исходот од претставките, како изрекување на парична казна наместо построга санкција како разрешување на судија – дополнително влијае за песимизмот.Еден од најекспонираните случаи во кои директно се отвори прашањето за одговорност на судии е предметот „Телеком“, каде што се инволвирани судијките Наташа Савовска Димитровска, Роза Георгиева и Јетмире Ајдини од Апелацискиот суд Скопје. Во овој спор, стар повеќе од две децении, интернет-провајдерот Фокуснет од Штип ја тужеше компанијата Телеком, а Апелацискиот суд донесе пресуда со која Телеком треба да исплати отштета од околу четири милиони евра на штипската фирма. По разгледувањето на предметот, Судскиот совет утврди сериозни прекршувања и недоследности во постапувањето на Апелација, меѓу кои и постоење на два записника од исто рочиште, од кои едниот, според наодите, бил лажен. Советот констатираше одговорност кај судијките што постапувале во предметот, при што две од нив – Савовска Димитровска и Георгиева – беа разрешени. Тие се жалеа во Врховен суд, па предметот се врати на повторно одлучување. Сега повторно нивната судбина е во рацете и на новоизбраните членки на Судскиот совет.  Паралелно, Основното јавно обвинителство отвори предистражна постапка за можни неправилности при донесувањето на пресудата, што дополнително го отвори прашањето за интегритетот и одговорноста во судството.Вториот случај што силно одекна во јавноста и повторно го стави Судскиот совет под притисок е поврзан со обвинувањата изнесени од Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешен телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски. Во поткастот Претрес со Ландов, Белски јавно тврдеше дека од неговата поранешна сопруга биле побарани 5.000 евра, откако нему му била определена мерка притвор од судијата Спиро Борисов од Основниот суд во Кочани. Овие тврдења се официјално пријавени и до Судскиот совет, кој е должен да постапи по наводите и да утврди дали постои дисциплинска или друга одговорност.Сите овие случаи, заедно со низа претходни контроверзии, ја ставаат институцијата Судски совет во исклучително незавидна позиција. Изборот на нови членки се случува во момент кога јавноста очекува не декларативни заложби, туку конкретни резултати, јасни одлуки и видлива одговорност. За граѓаните, Судскиот совет одамна не е апстрактно тело, туку институција што директно ја симболизира состојбата на правдата во државата.Дали новиот состав ќе донесе суштинска промена или ќе продолжи континуитетот на недоверба и сомнежи, останува да се види. Но едно е јасно – Судскиот совет е на сериозен тест пред јавноста, а просторот за нови грешки е практично исцрпен.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library07fe7rtsqt1o4IizbJY

Секој четврти ученик се коцкал: најголем дел си оделе и на слот машини

Секој четврти ученик во Македонија, односно 25 проценти од средношколците на возраст од 15 и 16 години, изјавил дека во изминатите 12 месеци се коцкал за пари, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институт за јавно здравје, изработен во рамки на Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024.Истражувањето, спроведено во 96 средни училишта со вкупно 2.831 ученик, укажува дека коцкањето со физичко присуство е почесто од онлајн коцкањето. Дури 21 процент од учениците пријавиле дека се коцкале во живо – на слот машини, игри со карти или коцки, лотарии и спортско обложување, додека 15 проценти навеле дека се коцкале онлајн.Податоците откриваат изразена родова разлика. Коцкањето е значително почесто кај момчињата, од кои 34 проценти пријавиле дека се коцкале за пари во последната година, наспроти 16 проценти од девојчињата. Кај коцкањето во живо, 30 проценти од момчињата изјавиле дека биле вклучени во вакви активности, додека истото го потврдиле само 12 проценти од девојчињата. Слична е состојбата и кај онлајн коцкањето – 21 процент од момчињата и 9 проценти од девојчињата.Особено загрижувачки, според извештајот, е растот на проблематичното коцкање. Процентот на ученици кои покажуваат знаци на проблематично коцкарско однесување се зголемил од 4,5 проценти во 2019 година на 7,6 проценти во 2024 година. Кај момчињата овој раст е уште поизразен – од 5,8 проценти во 2019 на 9,3 проценти во 2024 година, додека кај девојчињата пораснал од 2,3 на 4,1 процент.Иако во периодот од 2015 до 2024 година вкупната преваленца на коцкање кај учениците бележи постепено намалување, од 31 процент во 2015 на 25 проценти во 2024 година, експертите предупредуваат дека зголемувањето на проблематичното коцкање претставува сериозен ризик за менталното здравје и благосостојбата на младите.Од Институтот за јавно здравје посочуваат дека овие податоци не се само статистика, туку јасен сигнал за потребата од засилени превентивни програми, поголема едукација и системски пристап за заштита на младите од ризиците поврзани со коцкањето, особено во услови на сè полесна достапност до онлајн платформи за обложување.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
w_56803986

Уште една жртва на инфлуенца А во Инфективна, расте бројот на хоспитализирани

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести во Скопје, откако кај него лабораториски била потврдена инфлуенца А.Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, информира дека пациентот бил донесен во исклучително тешка здравствена состојба, со веќе развиена масивна бронхопневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Симптомите, како што посочи, се развиле пет дена пред хоспитализацијата, а поради сериозноста на состојбата бил поставен на механичка вентилација.Пациентот имал повеќе коморбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако припаѓал на ризична група.Во моментов, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 30 пациенти заболени од грип, од кои еден се наоѓа во потешка клиничка состојба. Претходно, на истата клиника почина и 75-годишна жена кај која исто така била потврдена инфлуенца А. И таа имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана.Од Клиниката информираат дека меѓу хоспитализираните доминираат повозрасни лица со компликации, најчесто со сериозно респираторно засегање. Во моментов таму се лекуваат околу 25 до 30 пациенти со потешка клиничка слика.Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје регистрира нагорен тренд на заболени од грип и заболувања слични на грип. Во првата недела од 2026 година, во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026, биле пријавени 1.725 случаи, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Највисока инциденца е забележана кај децата на возраст од 5 до 14 години.Здравствените власти апелираат граѓаните, особено лицата од ризичните групи, навреме да се јават кај матичен лекар при појава на симптоми, да избегнуваат близок контакт со заболени лица и да ја разгледаат вакцинацијата како ефикасна превентивна мерка, особено кај хронично болните и повозрасните лица.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library06khjvst9hfdbcWFSE5

Ирански функционер: Терористи убија најмалку 5.000 невини Иранци

Ирански висок функционер соопшти дека властите потврдиле дека во неодамнешните протести во Иран загинале најмалку 5.000 лица, меѓу кои и околу 500 припадници на безбедносните сили, при што за смртта на „невините ирански граѓани“ ги обвини „терористите и вооружените лица што предизвикувале нереди“.Функционерот, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на темата, за Ројтерс навел дека дел од најжестоките судири и најголемиот број жртви се случиле во курдските подрачја на северозападот на Иран, регион во кој дејствуваат курдски сепаратистички групи и каде што насилството традиционално е поизразено за време на периоди на немири.„Не се очекува конечниот број на жртви значително да се зголеми“, изјавил функционерот, додавајќи дека „Израел и вооружени групи од странство“ ги поддржувале и опремувале учесниците во протестите.Иранските власти редовно за немирите ги обвинуваат странските непријатели, меѓу кои и Израел, кој го сметаат за главен противник на Исламската Република и кој во јуни започна воени напади врз Иран. Од друга страна, американската организација за човекови права ХРАНА соопшти дека бројот на загинати изнесува 3.308 лица, додека уште 4.382 случаи сè уште се предмет на анализа. Организацијата потврдила и повеќе од 24.000 апсења.Иранската курдска организација за човекови права Хенгав, со седиште во Норвешка, објави дека дел од најтешките судири за време на протестите, кои започнаа кон крајот на декември, се случиле токму во курдските подрачја на северозападот од земјата.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
mickoski-gruevski-141412

СДСМ: Истата политика, друго име – по Груевски, Мицкоски ја води Македонија наназад

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека овој јануари се навршуваат точно десет години од оставката на поранешниот премиер Никола Груевски во 2016 година, настан што, според партијата, го означил почетокот на крајот на еден 11-годишен режим кој ја уназадил државата на сите полиња.Од СДСМ наведуваат дека со заминувањето на Груевски завршила ера на, како што ја оценуваат, незапаметен криминал и корупција, системски грабеж на граѓаните, партизација на институциите, заробено судство и медиуми, задушена демократија и меѓународна изолација. Во тој период, потенцираат, Македонија не била членка на НАТО и била далеку од Европска Унија.Партијата оценува дека тоа било време на сиромашни и обезправени граѓани, со најниски плати во регионот, постојани црни кампањи, политички прогон, притисоци и поделби во општеството.„По десет години, со ВМРО повторно сме на исто“, наведуваат од СДСМ, оценувајќи дека во последните две години, со Владата предводена од Христијан Мицкоски, државата повторно се движи кон изолација и оддалечување од европските интеграции и стратешкото партнерство со САД.Според СДСМ, животниот стандард на граѓаните повторно опаѓа, македонските работници имаат најниски плати во регионот, а Владата не презема суштински мерки за подобрување на состојбата. Истовремено, како што тврдат, се интензивира партизацијата на институциите, се врши притисок врз судството и обвинителството, а полицијата се злоупотребува за партиски цели.Партијата обвинува дека криминалот и корупцијата повторно „цветаат“ преку, како што ги нарекуваат, криминални тендери со кои се испумпуваат јавни средства, додека нема пари за зголемување на платите, минималната плата и примањата на војниците.СДСМ наведува дека повторно се сведочи на црни кампањи против опозицијата, јавен линч, политички притисоци и загрозување на слободата на медиумите и демократијата.„На исто сме со ВМРО – само на местото на Груевски денес е Мицкоски“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека е време власта повторно да се врати во рацете на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

(Видео) „Постојано ги гледам лицата на мртвите“ – сведоштво на единствената вработена што преживеа пожар во Кран-Монтана

Луиз, 25-годишна Французинка и единствената вработена што излезе неповредена од смртоносниот пожар во Кран-Монтана на 1 јануари, вели дека сè уште не може да спие, прогонувана од сликите и мирисот од ноќта на трагедијата.„Постојано ги гледам лицата на мртвите, луѓето на кои им служев, кои ги препознав надвор, изгорени. Мирисот сè уште ми е во носот“, изјавила таа пред истражителите за време на сослушувањето на 8 јануари, пренесува BFMTV.Во пожарот загинаа тројца членови на персоналот – диџејот Матео, Сиан Панин и Стефан од обезбедувањето. Луиз избегала во последен момент, без физички повреди, но со длабоки психолошки последици.Според нејзиното сведоштво, таа вечер работела на долниот кат со Амбер. Гаетан и Метју биле зад шанкот на приземјето, додека Сиан била задолжена за влезот и контролата на пристапот. Во објектот била присутна и Џесика Морети, ко-сопственичка на локалот, која ја координирала вечерта и резервациите.Вечерта започнала мирно, со мал број гости. Кратко по полноќ, околу 1:10 часот, група млади мажи побарале спектакуларна нарачка со повеќе шишиња. Како и претходно, персоналот излегол со маски и запалени пенливи лампиони, додека музиката била засилена.„Мислам дека бевме седум или осуммина со шишињата. Сиан беше качена на рамената на Метју, како и претходно. Во тој момент не знаевме дека избувнува пожар“, сведочела Луиз.Подоцна, гледајќи видеоснимки, таа сфатила дека искрите од лампионите ја запалиле звучната изолација на таванот. Пожарот се проширил за само 30 до 35 секунди. Поради гласната музика и тоа што персоналот бил свртен со грб, никој не ја забележал опасноста навреме.„Кога сфатив што се случува, веќе беше предоцна. Сакав да земам кофа со вода, но сè гореше“, изјавила таа. Почнала да вика „сите надвор!“ и успеала да излезе низ главната врата непосредно пред огнот целосно да го зафати просторот.Надвор ја затекнал хаос. Повредени луѓе со изгореници биле однесени во блискиот бар „1900“, кој бил претворен во импровизиран пункт за прва помош. „Имаше луѓе насекаде, изгореници и мирис што никогаш нема да го заборавам. Беше ужасно“, рекла Луиз, додавајќи дека се обидела да помогне колку што можела со кофи вода и противпожарни апарати.Во сведочењето таа укажа и на сериозни безбедносни пропусти. Изјавила дека никогаш не добила инструкции што да прави во случај на пожар, ниту пак знаела колку и каде се наоѓаат противпожарните апарати. За помалку од еден месец работа, двапати видела опасни практики со носење запалени шишиња, без соодветна обука или заштита.Седум дена по трагедијата, Луиз не успеала да ги задржи емоциите за време на сведочењето. За сопствениците на локалот, брачниот пар Морети, изјавила дека немала блиски односи со нив и дека со Џесика Морети работела само неколку пати.Во врска со гласините дека Џесика Морети си заминала со пари од локалот, Луиз била воздржана. „Не видов пари. Само ја видов како набрзина си заминува“, рекла таа.Денес, Амбер, Гаетан и Метју се хоспитализирани со тешки повреди. Луиз, иако физички неповредена, вели дека е длабоко потресена.„Скршена сум и сè уште во шок“, сведочи таа, додека истрагата за трагедијата во Кран-Монтана продолжува.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
zagadeno-magla-15

Внимателно возење поради магла и можни одрони

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено по претежно влажни коловози, а врнежите од снег се престанати, информираат од ЈП „Македонијапат“.Намалена видливост поради појава на магла е забележана на повеќе планински превои. На Плетвар и во Крушево видливоста е намалена до 50 метри, на превојот Стража до 80 метри, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде исто така видливоста е до 80 метри.Сите патни правци во државата се проодни, но од ЈП „Македонијапат“ предупредуваат дека на одредени делници кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.Надлежните апелираат до возачите на внимателно управување со возилата, строго почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и интервенираат со цел сите патни правци да останат проодни. За дополнителни информации, учесниците во сообраќајот можат да се јават на дежурниот телефонски број 02 25 61 502.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Поранешниот шеф на НАТО предупредува: Америчко преземање на Гренланд ќе го разниша светот, тоа ќе е крај на светскиот поредок каков што го познаваме

Поранешниот генерален секретар на НАТО и екс-премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, предупреди дека евентуално насилно преземање на Гренланд од страна на САД би претставувало „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“.Во изјава за Фајненшл тајмс, Расмусен оцени дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд е загрижувачка и ја спореди со јазикот што го користат, како што рече, „гангстери во Русија и Кина“, држави кои, според него, САД треба да се обидуваат да ги контролираат, а не да им наликуваат.„За мене ова е болен процес. Од детството ги гледав Соединетите Држави како природен лидер на слободниот свет. Дури зборував и за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, потсетувајќи дека токму тој, како дански премиер, испраќал војници да се борат рамо до рамо со Американците во Авганистан.Тој додаде дека денес САД користат реторика која е „премногу блиска до гангстерите во Москва и Пекинг“, предупредувајќи дека ваквите тензии и поделби во рамките на Западот директно ѝ одат во прилог на Русија.„Сигурен сум дека Москва се надева дека Гренланд ќе стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, истакна Расмусен, нагласувајќи дека прашањето далеку ги надминува рамките на Данска и Гренланд.„Ова не е само данско или гренландско прашање. Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, заклучи поранешниот генерален секретар на НАТО.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryf3053jndeavo34i3IXT

(Видео) Страотна ноќ во Париз: се урна цел кат од зграда

Се урна петтиот кат од станбена зграда во во Париз врз четвртиот кат во истата зграда. Тоа се случило во моментот кога педесетина лица биле собрани на забава во станот, а како што соопшти противпоарната бригада, 20 од нив се повредени.За време на уривањето на катот од зградата, што се случи кога подот од приватен стан на петтиот кат попушти, едно лице беше тешко повредено и имаше срцев удар, а 19 лица претрпеа полесни повреди, јавува телевизијата BFM.Пожарникарите успеале да ги извлечат сите повредени од урнатините, а 16 лица се пренесени во болница.

Свет | пред 1 месец

1 мес.
filipce-ck-sdsm

СДСМ: ВМРО води координирана црна кампања со лаги и измислици против Филипче

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека претседателот на партијата, Венко Филипче, е цел на, како што наведуваат, континуиран јавен линч и координирана црна кампања со лаги и измислици, зад која стои ВМРО-ДПМНЕ.Од СДСМ велат дека по, како што ги оценуваат, неуспешните обиди за дискредитација преку наративи за Дубаи, зграда од 42 спрата, Венеција и Сент Морис, како и обиди за внатрешно рушење на партијата, нападите ескалирале до ниво на лични споредби и јавни квалификации. Според СДСМ, во кампањата биле вклучени и координирани медиумски настапи, спонзорирани објави и поврзување со различни актери и структури, со цел, како што тврдат, да се создаде впечаток на вина без институционални докази.Партијата наведува дека последната, според нив, неоснована кампања е пласирана преку медиумска емисија, по што била координирано преземена од „кујните“ на ВМРО, за на крај да биде артикулирана и преку партиски прес-конференции. СДСМ тврди дека доколку имало и најмалку вистина во обвинувањата, тие одамна би биле процесуирани преку институциите, наместо, како што велат, да се најавуваат и пласираат преку медиуми.Во соопштението се посочува дека ваквиот пристап се користи затоа што, според СДСМ, нарачателите се свесни дека со институционална постапка би сноселе одговорност по Кривичниот законик, а не само за клевета. Социјалдемократите најавуваат дека Филипче ги разоткрил, како што велат, сите манипулации и дека ќе следи одговорност и за нарачателите и за извршителите.СДСМ оценува дека, наместо одговори и решенија за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, актуелната власт продуцира дефокус и црна кампања. Во таа насока, посочуваат дека нема одговори за, како што наведуваат, дупката во буџетот од две милијарди евра, за неможноста за зголемување на платите и пензиите, за прашањата поврзани со мигрантите, како и за, според нив, сомнителни финансиски текови и тендерски постапки.„Има само дефокус, јавен линч и црна кампања, со цел на граѓаните да им се згади од политиката“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека јавноста веќе ја препознала, како што велат, оваа стратегија и дека одговорноста е неминовна.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Судијата Спиро бараше 5.000 евра и ме советуваше ‘замини од државата’, сведочи бегалецот Дацо Белски за претседателот на кочанскиот суд

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Драганчо Стоименов – познат како Дацо Белски, во поткастот „Претрес со Ландов“ изнесе тешки обвинувања против судијата од Основниот суд во Кочани, Спиро Борисов. Белски тврди дека од неговата екссопруга биле побарани 5.000 евра откако му била определена мерка притвор од истиот судија.Белски во емисијата посочи дека, судијата имал директни контакти со неговото семејство, при што на неговата тогашна сопруга ѝ било побарано финансиско „помагање“, кое подоцна било оправдано како позајмица. Тој пред камерите тврдеше дека парите биле предадени, а како доказ презентираше пораки и скриншотови од комуникација меѓу поранешната сопруга и судијата. Според кажувањето на Белски, судијата во два наврати доаѓал и во домот на неговите родители додека тој бил во домашен притвор, при што, како што тврди, го советувал дека за него „можеби е подобро да си замине“, односно да ја напушти државата. Белски изјави дека токму поради, како што рече, неправдата и притисоците, денес се наоѓа во бегство од правдата.Во рамки на емисијата беа прочитани и пораки за кои Белски тврди дека се разменети меѓу неговата поранешна сопруга и судијата Борисов, во кои се спомнува враќање на позајмени средства, вклучително и конкретен износ од 1.500 евра како дел од вкупната сума.Редакцијата на „Скопје1“ се обиде да добие став од судијата Борисов, кој беше контактиран на два телефонски броја, но тој не одговори на седумте испратени прашања. Со тоа, до овој момент, судијата јавно не ги демантираше тврдењата изнесени од Белски, ниту презентираните пораки.Прашања беа испратени и до Судски совет, со барање за појаснување како е постапено по поднесената претставка против судијата, дали е известено обвинителството, дали е побаран негов став и зошто, и покрај презентираните докази, судијата сè уште не е привремено оддалечен од функцијата. До моментот на објавување на овој текст, од Судскиот совет нема одговор.Пораките видете ги тука:Случајот отвора сериозни прашања за интегритетот на судството, евентуалното влијание и злоупотреба на судиската функција, како и за ефикасноста на институциите задолжени за надзор над судиите.

Студио | пред 1 месец

1 мес.
Glavna-fotka-1

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки инспекторите влегоа во маркетите

Околу четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, по спроведувањето вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната, како неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна и тоа месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи.

Македонија | пред 1 месец

1 мес.
zan-mitrev-klinika

Обвинувања за закани и институционален притисок: ВМРО-ДПМНЕ за улогата на Заев и Филипче во случајот „Жан Митрев“

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања против поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека двајцата, додека биле на власт, се обиделе да ја преземат приватната болница на докторот Жан Митрев преку закани, уцени и злоупотреба на институциите.Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувањата се темелат на сведоштвото на д-р Митрев, изнесено во интервју на национална телевизија, во кое тој тврди дека во периодот кога против него се водел судски процес, институциите биле искористени како средство за притисок. Како што се наведува, во тој период му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а била воведена и забрана за продажба на клиниката.Од партијата посочуваат дека особено спорен е наводот според кој, само една недела откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес за сопствеништвото над болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на директно политичко влијание врз правосудството.Во соопштението се наведува и дека постоел обид болницата да биде откупена по цена значително пониска од нејзината реална пазарна вредност, што партијата го квалификува како „организиран грабеж под маската на институционално постапување“.ВМРО-ДПМНЕ дополнително оценува дека ваквите наводи ја прикажуваат „вистинската слика“ на тогашната власт, посочувајќи дека во време на ковид-пандемијата, кога граѓаните секојдневно умирале, а вакцините доцнеле, поранешните функционери, наместо да се фокусираат на јавното здравје, наводно кроеле планови за лично богатење и преземање на приватни здравствени установи.Партијата го повика Јавното обвинителство итно да отвори постапка за сите изнесени наводи и да постапи, како што наведуваат, неселективно и без политички калкулации, со цел целосно расчистување на случајот и воспоставување на владеење на правото.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања