7 год.
Нема фотографија

Офицер на австриската војска бил руски шпион

Пензионираниот офицер на австриската војска , кој шпионирал за Русија , бил вработен во Министерството за одбрана на Австрија.Според весникот ,,Профил” , тој имал пристап до доверливи информации за одбрамбените сили на Австрија. Тој бил откриен врз основа на информации од ,,пријатерлска разузнувачка служба”, најверојатно од германската служба МАД. Првиот контакт на шпионот со руските разузнувачи бил остварен далечната 1989 година за време на неговата посета на Техеран.Тој во текот на годините, им праќал на Русите доверливи информации за што бил платен со 300 000 евра. Москва била заинтересирана пред се за европските борбени авиони ,,Ерфајтер”, а шпионот делувал професионално и имал неупадлива функција во раководењето со војската. Секои две недели праќал извештаи под име ,,Јуриј”.Задачите ги добивал преку приемник, а своите пораки ги пишувал со тајно писмо или директно преку сателитска комуникација.Непосредно пред да биде откриен, пензионираниот полковник праќал информации, за мигрантите во Австрија, како и профили на високи офицери во австриската армија.Државното обвинителство потврди дека во тек е истрага против овој 70 годишен полковник, кој не успеал да ги уништи доказите против него, иако бил предупреден од Русите.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Попова: Скопје се гуши, а Шилегов приредува хумористични стенд ап настапи за својата неработа

Скопје веќе неколку дена по ред се наоѓа помеѓу 10 најзагадени градови во светот, а Шилегов не презема ништо за да ја подобри ситуацијата, реагираше денеска  Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.„Во текот на вчерашниот ден на неколку локации во Скопје измерени се енормни стапки на загаденост за овој период од годината. Мерната станица кај Ректорат измерила ниво на канцерогени ПМ 10 честички во висина од 169  µg/m3, што е три пати повеќе од дозволеното, додека мерната станица во Центар покажала ниво на загаденост од 100  µg/m3, односно два пати повеќе од дозволеното.Ветуваа живот, а донесоа смог, загаден воздух и зголемен број на канцерогени честички во воздухот. Најголемото предизборно ветување на Шилегов дека ќе обезбеди почист воздух не го реализира, ниту презема било што во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив централната влада, од чии партиски редови доаѓа и Шилегов крати од Буџетот за животна средина.Ниво на загаденост од два до три пати над дозволеното во период пред отпочнување на грејната сезона е алармантно и недозволиво. Шилегов е директен виновник за ваквата ситуација. Иако повеќе од една година е градоначалник нема преземено Шилегов од опозиција ветуваше итни мерки за справување со загаденоста на воздухот, за сега  да приредува хумористични стенд ап настапи за својата неработа, додека Скопје се гуши.Господине Шилегов, граѓаните не ве гласаа да кажувате колку не работите и од тоа да правите хумор, бидејќи на граѓаните не им е до смеа кога со респираторни болести ги полнат болниците. Скопјани очекуваат работа, а не хумор од човекот кој според функција е градски татко. Ако не сте способни да се справите со реалните проблеми на граѓаните поднесете си оставка“, изјави таа.

Скопје | пред 7 години

7 год.
silegov-1

Град Скопје ги негира обвинувањата за загадениот воздух

Град Скопје ги негира обвинувањата и паушалните тврдења на советничката во однос на активностите и напорите на Градот Скопје во борбата против загадениот воздух.„Сакаме да ја информираме јавноста дека Градот Скопје, во рамките на своите надлежности работи на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување  активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.Градот Скопје на овој горлив проблем му пристапува стратешки и реализира мерки во сите области кои се детектирани дека придонесуваат во загадувањето на амбиенталниот воздух.1. Од аспект контролата на индустриските капацитети и инспекциските активности, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи се во надлежност на министерството за животна средина и врз нив контрола врши државниот инспекторат, додека сините занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина.Овој период посетени се сите капацитети кои работат со Б Интегрирана дозвола, а инспекциските служби работат во две смени. Од аспект на создавање на диви депонии и незаконско спалување на смет и останати материјали кои го загадуваат воздухот, изминатиов период Градскиот инспекторат имаше засилени контроли на целата територија на Скопје. Контролите се спроведуваат со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и комунални редари. Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.Засилените активности и контроли на Инспекторатот на град Скопје резултираа со драстично зголемување на бројот на мандатни казни, како и со превентивно делување со укажувања на граѓаните како се депонира комуналниот отпад и каде отпадот како градежен шут, кабаст отпад треба да биде однесен и депониран. Така, во месеците септември и октомври имаме зголемување на изречени казни за 100 % во однос на овие месеци минатата година, каде имаме 269 мандатни казни (дел од нив пратени на извршител за наплата, најголемиот дел во вид на извршување на општокорисна работа), како и 200 превентивни опомени за физички и правните лица. Зајакната контрола има и на градилиштата во сите општини во Скопје. Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува да не се излегува од градилиштата на улица со камиони со валкани тркала и непокриени со церади. 2. Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, која ја реализира постапката за преземање на градската топлификациона мрежа, со што ќе стане директен фактор во одлуките во оваа област, која е голем причинител за загадувањето на воздухот, како и да се вклучи во процесот на гасификација на Скопје.Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како дефицитарна струка, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Во однос на сообраќајот,3. Од аспект на сообраќајот, Градот Скопје инвестира големо време и енергија во промоција на транспортен систем кој е модерен и еколошки, преку користење на јавниот превоз, како и комбинирани форми на превоз без автомобили. Во таа насока, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас (кој не го загадуваат воздухот), како и за првпат на линијата број 15 сообраќаше електричен автобус. Идната година Скопје ќе добие 40-тина нови еколошки автобуси на еколошко гориво и ќе ги заменат старите дотраени дизел возила на ЈСП без клима и дополнителна опрема. Истото ќе се финансира со задолжување кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра, со каматна стапка од 1%, 3 години грејс период и 7 години отплата, без вклучен грејс период. Како мерки од областа на сообраќајот може да се наведат и воведувањето на бесплатен превоз за сите средношколци во јавниот градски превоз, како и воведувањето на бесплатни автобуски линии до Водно со цел растеретување на сообраќајниот метеж на планината, како и воведувањето на бесплатниот автобуски превоз во деновите на висока загаденост.Градот Скопје работи и на промоцијата на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје кои се бесплатни за користење за корисниците на ваков вид на возила.Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции, каде во 2018 година Град Скопје додели 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски патеки во должина од над 7 километри, како што целосно е готова велосипедската и пешачка патека на булеварот „8 Септември“, која се протега од мостот кај хотелот Александар Палас до улицата „Варшавска“ во Тафталиџе, а во тек е изградбата на вело патеката долж цел булевар Борис Трајковски (од стаклара до рампа), долж улица 11 Октомври, булевар Кочо Рацин и долж бул. Крсте Петков Мисирков до клучката кај Бит пазар.Во моментов е распишан и јавен повик за субвенции за граѓаните за набавка на електрични тротинети, каде е предвидена субвенција во висина од 50 % од цената, но не повисока од 10.000 денари.4. Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта, и тоа „Димитар Влахов“, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“. Овие училишта, чии објекти беа едни од поголемите загадувачи на воздухот, ќе добијат нови, енергетско ефикасни фасади кои значително придонесуваат за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а за заштита на учениците, набавени се прочистувачи на воздухот за сите простории во сите средни училишта на Град Скопје. Средствата за изградба на нови фасади се обезбедени од прекинувањето на проектот Скопје 2014.5. Од аспект на зеленилото, Градот Скопје изминативе 6 месеци подигна нови и реконструираше зелени површини кои се простираат на над 50.000 метри квадратни. Покрај ова, изминативе неколку месеци се спроведоа акции за садење на нови дрвја во Скопје, каде само во пролетната акција беа засадени повеќе од 6.000 нови дрвја.Во оваа насока Градот Скопје работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат два нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот позади Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ.6. Од аспект на комуналната хигиена, Градот Скопје работи на мапирање и чистење на дивите депонии, каде во голема акција беа расчистени над 3000 метри кубни смет, далеку повеќе од 2017-та (375 м3). Во таа насока, во март годинава Градот Скопје промовира посебен телефонски број (070 270 557), на кои граѓаните можат преку Вибер да пријават диви депонии со праќање на порака и фотографии, а истите можат да ги пријават и до официјалната фејсбук страница на Градот. Досега граѓаните пријавија над 300 диви депонии, а поради зголемената потреба на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, беа зголемени средствата за оваа намена за дополнителни 5 милиони денари. Дополнително, Градот Скопје на последниот ребаланс на Буџетот на Град Скопје предвиде и средства за набавка на нови контејнери, а се спроведоа повеќе акции за миење на градските улици и булевари. Како новитет е и хигиената на улиците, каде Град Скопје, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и „Водовод и канализација“, за првпат започна голема акција на рачно миење на улиците од прљавштина и прашина со што ќе се намали прашината во воздухот. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја замајуваат јавноста со вакви неумесни прес-конференции, да бидат конструктивни чинители и да учествуваат во борбата против загадениот воздух“, стои во реакцијата од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Новинарот бил растопен и фрлен во канализација

Турските истражни органи соопштуваат нови детали поврзани со бруталното убиство на новинарот на Вашингтон Пост, Џамал Кашоги.Убијците на Кашоги, кои брутално го убиле на 2 октомври во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, го задавиле новинарот, неговото тело го распарчиле, потоа парчињата ги растпиле во киселина, за на крај да ги исфрлат остатоците во канализација.Деталите денеска ги објави турскиот весник ,,Сабах”, повикувајќи се на извори од истрагата. Tоа било утврдено со испитување на примероци земени од канализацискиот систем во резиденцијата на саудискиот конзул.Властите во Саудиска Арабија негираа поврзаност со убиството, но конечно под притисок на меѓународната заедница признаа дека Кашоги го убиле, но без одобрение од кралското семејство во Ријад.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче: Воведуваме три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децата

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска зборуваше на форумот „Што е потребно за добра контрола на дијабетесот и среќно семејство“, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на дијабетес - 14 Ноември, во организација на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - Баланс МК.Во своето обраќање, министерот Филипче истакна дека детскиот дијабетес како еден од најголемите предизвици на Министерството за здравство е надминат.„Го укинавме паралелниот увоз на инсулин и терапија за дијабетис. Паралелниот увоз не гарантираше квалитет на инсулинот, ниту пак имавме контрола дали терапијата која им е потребна на пациентите во земјава влегува исправна, дали е запазен неопходниот ладен синџир кога се транспортираат овие лекови“, потенцираше министерот Филипче.Министерство за здравство воведе три нови типови на Инсулин, кои се најнова генерација на лекови. Еден од нив е наменет за децата, а станува збор за Тресибата.Министерството за здравство, сега е пред нов предизвик, да обезбеди сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта. За почеток потребни се околу 500 вакви сензори, за да можат да се покријат месечните потреби на децата. Со набавката на овие сензорни мерачи ќе им олесниме и на бремените жени кои имаат гестациски дијабетес.„Ние како Министерство, но и како општество секако треба многу повеќе да обрнеме внимание на стиматизирањето на децата со дијабет. Сведоци сме дека дел од овие деца имаат пречки да бидат дел од предучилишниот процес во градинките, поради стравот на кадарот. За жал, стигматизирање има и во училиштата се разбира неоправдано. Дијабетисот не е заболување тоа е состојба, која ние се трудиме да ја олесниме и ги охрабруваме и децата и родителите сосема храбро да чекорат низ животот и со дијабетис“, изјави министерот Филипче.Во Македонија има регистрирани 500 дечиња помлади од 14 години кои имаат дијабетис и секојдневно примаат инсулинска терапија.Во моментов во светот има повеќе од 425 милиони лица кои имаат дијабетис, а се предвидува дека до крајот до крајот на 2030 година, бројот на лица со дијабетис ќе изнесува барем двојно повеќе.Министерството подолжува и понатаму да ја крева јавната свест преку едукација, трибини, да обезбедува најдобри и најсовремени терапии и лекови за пациентите со дијабетес и да соработува со граѓанските организации за подобрување на условите и квалитетот на животот на децата со дијабетес. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Се одржа едукативната тура „По стапките на ослободителите“

Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје денеска се одржа бесплатна едукативна тура „По стапките на ослободителите“, во која граѓаните имаа можност да се запознаат со клучните настани и локации поврзани со ослободувањето на градот пред 74 години.Збирното место за учесниците во турата беше напладне, пред Музејот на илегалните работилници за оружје, на кејот на реката Вардар, a низ историските настани поврзани со ослободувањето на Скопје граѓаните ги водеше Бобан Ѓорѓиевски, професор по историја во СУГС „Кочо Рацин“. Присутните граѓани имаа можност да го разгледаат музејот сместен во некогашната работилница на електромеханичарот Серафим Видовски каде што е формирана првата илегална работилница за оружје во градот, а која работела од почетокот на август до 4 декември 1941 година, и да дискутираат за значењето на овој објект, за изложените експонати и за идејата за слобода.Турата продолжи пеш кон Споменикот на деветте стрелани скопјани кај Камениот мост и кон плоштадот „Македонија“ каде што граѓаните дознаа нешто повеќе за улогата на плоштадот на денот 13 Ноември и спонтаната народна веселба што се одржала по ослободувањето на Скопје, а на која присуствувале главните чинители на ослободувањето и членови на президиумот на АСНОМ.Едукативната тура заврши пред Споменикот на ослободителите пред Владата на Република Македонија каде што се говореше за настаните поврзани со заземањето на некогашната Женска гимназија.Иста ваква тура ќе се одржи и утре со почеток во 12 часот, пред Музејот на илегалните работилници за оружје (зад Археолошкиот музеј, на кејот на Вардар), по истата рута, а во понеделник и во вторник, едукативната тура Градот Скопје ќе ја организира и за учениците од градските средни училишта.

Скопје | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

„Ауди“ со косовски регистрески ознаки украдено на Партизанска

Возило со косовски регистерски ознаки било украдено вчера на булеварот „Партизански одреди“.„Вчера во 18:15 часот во Секторот за внатрешни Скопје 50-годишниот Ш.З. од Косово пријавил дека на булеварот “Партизански Одреди“ непознат сторител извршил одземање на патничко моторно возило “Ауди“ со косовски национални ознаки.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Најмалку 11 загинати во поплавите во Јордан

Потрагата по исчезнати продолжува , соопштуваат јорданските власти. Поплавите погодија неколку области , меѓу кои и историскиот град Петра , каде се евакуирани стотици странски туристи.Меѓу туристите од целиот свет , има и Македонци , кои морале да бегаат пред надојдените води во древниот град Петра. Скопјанецот Стево Новковски вчера моррал да се спасува пред силните води во близина на познатата светска туристичка дестинација.Вчерашните поплави следуваат по големите поплави во близина на Мртвото Море , во кои загинаа над 20 лица , од кои повеќето деца , кога ученички автобус се преврте во надојдените води.

Свет | пред 7 години

7 год.
45782405_312388302823172_1888706645735768064_n

Нови 42 дрвја во паркот на Франкофонијата

Општинска Организација СДСМ Центар обезбеди нови 42 садници за дополнување на зеленилото во општината. Целта на иницијативата е да создадеме поубав и позелен центар, со подобри услови за живот за сите граѓани.Членови од општинската организација, заедно со СДММ Центар, денеска ги посадија новите дрвја во паркот на Франкофонијата. Акцијата беше организирана по повод 42 години постоење на Општина Центар, а кон неа се приклучи и градоначалникот Саша БогдановиќПрeтседателот на ОО СДСМ Центар Горан Герасимовски најави дека оваа иницијативата прераснува во традиција. Отсега секоја година за роденденот на општината ќе се засадуваат нови дрвја на различни локации.

Скопје | пред 7 години

7 год.
struja-1

Дел од Центар, Карпош и Ѓорче во понеделник без струја

„ЕВН Македонија“ АД известува дека на ден 12.11.2018 година (понеделник), заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини.Корисниците од дел од ул. Максим Горки, од Тренд кафе до Слаткарница Марфи во Општина Центар, ќе останат без електрична енергија од 10 до 13 часот, додека од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Лондонска згр. бр. 46, објектите околу Пазарчето Тафталиџе и ул. Московска згради, бр. 5 и бр. 7 од Општина Карпош.Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Македонска Преродба, а од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул.Исаија Маџовски во Општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 7 години

7 год.
2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f355084

(ВИДЕО) Откриено над 2 000 години старо вино во кралска гробница во Кина

Кинеските археолози велат дека нашле сад со вино постаро од 2 000 години во древен гроб. Бронзениот сад содржи околу 3,5 литри вино кое датира од времето на династијата Хан (202 – 8 година пред нашата ера.).Садот бил ископан во септември и се верува дека му припаѓал на локален моќник од древниот град Лујанг во централна Кина.

Свет | пред 7 години

7 год.
homepageBannerSKP

Апсење на скопскиот аеродром

Вчера во 22:30 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“ при пасошка контрола било констатирано дека 31-годишниот Ѓ.Ѓ. од Скопје се наоѓа на листата  со мерка „Апси”.Во 23:55 часот тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пијан Охриѓанец со нож дивеел во ноќен клуб

На десетти ноември оваа година, во 00.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во ноќен клуб на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, лицето Ф.А. (25 ) од Охрид влегол и извадил нож, по што почнал да вика.Тогаш В.Х.(43), одговорно лице во клубот,го оттргнал надвор пред објектот и се обидел да му го одземе ножот при што, бил повреден во показалецот од левата рака. На В.Х. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид, додека Ф.А. е приведен во полициска станица и при извршено алкотестирање, кај него е констатирана голема количина алхохол во крвта, се наведува во соопштението на СВР Охрид.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Уапсени две лица поради кражба, едното е малолетно

Вчера лишени се од слобода Е.М. (22) и 16-годишно лице затоа што истиот ден околу 07.30 часот влегле во куќа на улицата „Вера Циривири“ во Велес и од сопственичката Б.М.(68) со закана одзеле кесе во кое имало над 70.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.По преземени мерки од страна на полициски службеници лишени од слобода се двајцата сторители Е.М.(22) и 16 годишно лице, при што кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената.По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Вработен во станица за технички преглед парите ги задржал за себе, наместо да ги уплати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф.(31) од Скопје, референт за моторни возила во станица за технички преглед во населба Пинтија во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во мај 2016 година, пријавениот од граѓанин на рака примил 12.808 денари за регистрација на увезено патничко возило „Фолксваген Голф“. Од вкупната сума, тој требало да уплати 7272 денари за осигурителна полиса и 5536 денари за зелена карта. И покрај тоа што биле подготвени сите документи, тој не ги уплатил сумите, туку целиот износ го задржал за себе.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Пронајдени 12 паковки хероин и кокаин кај Скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.Имено на 08.11.2018 година по претходна судска наредба извршен бил претрес на домот на пријавениот и при претресот пронајдени биле 12 паковки хероин и кокаин. Р.Р. е приведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Одземени 24 возила без документација

Вчера од 08,30 до 16,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи и Царинска управа постапено е по план на СВР Куманово за контрола на седум депоа на правни лица на подрачје на Куманово кои расходуваат моторни возила и се продаваат на делови.При извршената контрола во три автоотпади откриени се вкупно 24 моторни возила без соодветна документација, при што истите биле одземени. Од страна на Државиот пазарен инспекторат во еден авто сервис откриени биле две возила со македонски регистерски ознаки кои не биле заведени во книга за евиденција во трговија за што бил изготвен записник и потврда за привремено одземени предмети за сторен прекршок.Од страна на СВР Куманово ќе се вршат дополнителни проверки за пронајдените моторни возила и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Викендов на Водно и низ Центар единствено пеш

Денеска и утре не ќе може да одите на Водно со автомобил преку улицата кај Олимписко село кон средно Водно. Ќе биде забрането сообраќање по оваа улица „Тодор Александров“ до 12.30 часот заради одржување на ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Водно II 2018“.И не само Водно, в недела ќе биде блокиран центарот на градот од 11 до 17 часот. Најпрво пд 11 до 14 часот во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ќе се одржи спортска манифестација „Скопје на точак 2018“.А еден час подоцна, со почеток од 15 до 17- во организација на Атлетска федерација на Македонија, ќе се одржи Атлетска ноќна улична трка по повод празникот „13-ти Ноември“, денот на ослободување на Град Скопје, со старт на плоштад Македонија.

Скопје | пред 7 години

7 год.
45872143_1114185682090368_1850485972286832640_o

Со новиот закон за возила, се воведуваат еколошки налепници и субвенции за електрични и хибридни возила

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска, одржа прес конференција на која ги појасни новите измени во Законот за возила со кој се воведуваат еколошки налепници, субвенции за електрични и хибридни возила и нивното позитивно влијание врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух и здравјето на граѓаните.Во своето обраќање Макрадули истакна дека со предложените измени на Законот за возила, Владата на Р. Македонија започнува со координирана и интегрирана акција во борбата за здрава животна средина и справувањето со аерозагадувањето, каде урбаниот транспорт претставува важен сегмент.Согласно европските еколошки стандарди и добри практики, со предложените измени на Законот за возила, се воведуваат еколошки налепници за возилата, кои ќе бидат поделени во три еколошки категории во зависност од европските емисиони стандарди (ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6) и од погонот на моторот на возилото, (на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, на електричен погон или хибридно возило).Согласно одлуките донесени од општините, односно од Град Скопје, во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста во градските средини, се воведува ограничено движење во заштитени еколошки зони. Возилата од првата еколошка категорија (возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила) се означени со еколошка налепница во зелена боја, и ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони и.Возилата од втората еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, ќе се означуваат со еколошка налепница во жолта боја за кои ќе има ограничено движење во сообраќајот.Возилата од третата еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови, ќе се означуваат со еколошка налепница во црвена боја и за овие возила ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.Еколошката категоризација на возилото ја прави овластена техничка служба.Со донесување на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, согласно заклучоците на Владата на Република Македонија ќе се утврдат и одредби со кои Министерството за економија се задолжува за воведување на Програми за доделување на субвенции при купување на возило на електричен погон или поврат на дел од средствата на физичките или правните лица кои ќе купат возило на електричен погон или хибридно возило.Со Програмата за субвенционирање на купување на нови хибридни и електрични возила, се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила.Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.Со Програмата се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1200 возила на годишно ниво.Истовремено со овој Предлог на закон се предвидува Програма за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух.Исто така, на барање на здруженијата на такси превозниците, за нив се воведуваат жолти таблици со кои ќе се воведе ред во такси услугите и со кои, од една страна, ќе се намали нелојалната конкуренција, а од друга, ќе се зголеми квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните.Освен тоа, законот ги утврдува и стандардите за регулирање на системот за вградување на плински уреди на возилата.Сите овие измени имаат за цел имплементација на европските еколошки стандарди и поттикнување на купувањето на електрични и хибридни возила, со што долгорочно ќе се влијае врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој го предизвикува сообракајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
20.4.kamcev

Камчев добил луксузна ќелија во Шутка

Бизнисменот Орце Камчев, кој вчера заврши во притвор како осомничен во новата истрага на СЈО „Империја“, е сместен во една од шесте „хашки соби“, во истражниот затвор „Скопје“, кои според условите важат за привелигирани соби, дознава неофицијално „Фокус“ од добро упатени извори.Според нашите информации, останатите четворица, Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски, Цветан Панделески и Зорица Арсовска, се сместени во други ќелии.Хашките соби се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.Според поранешни притвореници, во овие соби се сместуваат притвореници со здравствени проблеми, оние кои имаат врски или оние на кои им е загрозена личната безбедност според карактерот на делото.Собата е околу 24 м2 и во нив се сместуваат двајца, а поретко тројца притвореници, што е сосема пристојно ако се знае дека во останатите ќелии, кои се со помала квадратура се сместуваат и повеќе лица.Хашката соба за разлика од обичните има веце шоља (во сите други е чучавец) оградена со ѕидче од 1 метар, големо лавабо, голем прозорец, релативно нови кревети и душеци, наткасни, а послана е со ламинат.Од СЈО вчера информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања