7 год.
levica

Левица: Нема да ви поминат обидите за заплашување и реваншизам

„Новата Влада предводена од СДСМ противзаконски се обидува да изврши притисок врз нашите најистакнати членови!Генералниот секретаријат на Владата, иако ненадлежен, испратил барање до Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат, да се прегледа досието на членот на Президиумот, Димитар Апасиев, во однос на неговиот докторат на УКИМ и работниот однос на Универзитетот „Гоце Делчев". Се постапувало по анонимна претставка, што е изрично забрането со дури осум закони и подзаконски правни акти.Левица ги повикува институциите да реагираат на ова флагрантно кршење на законите од највисоките државни институции, за што ќе биде поднесено и соодветна претставка.Нашата борба е идеолошки чиста и нема да ви поминат ваквите обиди за заплашување и реваншизам!“, велат од Левица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Преку законски измени државата ќе го решава проблемот со бездомните кучиња

Владата на денешната седница иницирала измени на Законот за здравствената заштита и благосостојбата на животните.Како што соопшти владината прес-служба, во насока на решавање на проблемот со бездомните кучиња, Владата го задолжила Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со ЗЕЛС, како и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени.Проблемот со бездомните кучиња повторно деновиве е актуелен. Викендов повеќе здруженија за заштита на животните протестираа барајќи примена на хумани методи за бездомните животни и трајно решение на проблемот со обезбедување дом за секое животно. Дополнително, денеска, јавноста ја потресе и случајот со девојката, која бегајќи од кучиња, се удави во Вардар.

Македонија | пред 7 години

7 год.
velosiped

Скопјанец удри во велосипедист

Во неделата во 13.45 часот на булевар „Кирил и Методиј“ во Скопје патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(36) од Скопје, удрило во велосипедистот З.П.(59) од Скопје.Притоа, З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

7 год.
dimitar-stevanandzija

Стевананџија: Единствена мерка што ја презеде владата за спречување на загаден воздух е вработување на 10 оџачари

Пратеникот Димитар Стевананџија при гостувањето на емисјата „Само вистина“се заблагодари на водителката за поканата и при тоа во интерес за добра дебата сакаше дебатата да ја започне со мал подарок, а тоа е маска бидејќи воздухот е енормно загаден.Прифаќајќи го предизвикот да бидам гостин со колегата кој е претставник на „Шарената револуција“, се потсетив на некои настани од минатата година кога тој борејќи се да придонесе за почиста средина, за почист воздух беше еден од најактивните борци.Но ме зачудува што за 12 месеци го нема да го прави тоа истото и тоа во моменти кога Скопје стана лидер, европски првак во загаденост пред Неапол, пред неколку градови од Албанија. А, на светско ниво Скопје стаса да биде 6-ти најзагаден град, појасни Стевананџија.Стевананџија образложи дека со исклучени базни станици во Скопска Железара и Лисиче го освоивме 6-тото место како најзагаден град во светот, зад Лахор Пакистан, Њу Делхи во Индија и три градови од Кина. Скопје значи по нешто стана препознатлив. А, единствена мерка што ја презеде градоначалникот и владата е вработувањето на 10 оџачари кои што треба да го намалат овој проблем со кој што се соочуваат граѓаните, посочи Стевананџија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
vlada

Се отвора граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција

Како што соопшти владината прес-служба, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу е овластен пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција, да реализира средба со членовите на комитетот со цел да ги запознае со позицијата на Владата по предложениот предлог меморандум.-Отворањето на граничниот премин на територијата на населено место Лемос на територија на Република Грција, општина Преспа, се смета за значителна интервенција во насока на јакнење на врските меѓу двете земји, како и интервенција со сериозна развојна карактеристика која ќе донесе повеќекратни придобивки за животната средина, развој во областа на социјалата и економијата на заедничкиот пограничен регион, односно Охрид, Ресен, Кастори и Флорина. Со отворањето на граничниот премин со сите останати придружни и неопходни проекти, односно патна поврзаност, објект на граничните служби, развој на резиденцијалниот дел на населеното место Лемос и мулти функционалниот регионален здравствен центар во општина Преспа, ќе се постигне регионален развој и создавање на компактна транс – национална развојна зона, се вели во соопштението од Владата.Министрите на денешната седница ја усвоија и информацијата за потребата од почнување постапка за водење преговори за склучување договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Македонија и Прешево, Република Србија.Преговорите ќе ги води работна група, која е задолжена во рок од 30 дена да ја информира Владата за водените преговори при конципирањето на нацрт текстот на договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички граничен премин, или one-stop-shop.

Македонија | пред 7 години

7 год.
38085894_685977301736032_1256429932972605440_n

ГДУ: Фала ви Петре, Наташа, Теута што се угушивме!

“Скопје нижи рекорди во загаденост и Битола се гуши во ПМ10 честички, а Петре Шилегов и Наташа Петровска си организираат дружби на кои си се смеат сами на својата неспособност и заедно со министри , директори и колеги се гоштеваат на сметка на граѓаните.Загаденоста, комарците, проблемот со кучињата скитници се реални проблеми, а вие сте избрани за да ги решавате тие проблеми.Господине Шилегов ако велите дека ви е добро познат муабетот дека „ништо не работиш“, тогаш зошто не ги засукате ракавите?Скопје е шести најзагаден град во светот. Ова ли е светата должност за која зборувавте пред изборите? Ова ли е стратегијата за намалување на загаденоста? Вака ли ја замислувавте зелената европска престолнина?Илјадници смртни случаи има годишно. Ова е алармантно.Една година седиш во фотелја, а од 40-ина мерки за намалување на загаденоста со кои се пофали пред избори, си реализирал само една.И не е алармантна само состојбата во Скопје и Битола, Тетово редовно високо котира на листата на најзагадени градови во Европа.Еуроњуз ни посвети прилог: Невидлив убиец на улиците во Македонија – најзагадена држава во Европа.Ова воопшто не е комично, ова е трагично. Не барајте оправдувања, бидејќи едно зборувавте пред изборите, друго сега.Неколку илјади лица умираат годишно како резултат на загадениот возудх.Спроведување мерки, а не само фалби по телевизии дека нешто ќе направите!“, стои во сопштението на ГДУ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
njemac-traktor1

Триесет дена притвор за пијан тракторист

На возач на трактор од кочанското село Двориште му е определена мерка притвор во траење од 30 дена постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка.Од Јавното обвинителство на Република Македонија соопштија дека ссомничениот како учесник во сообраќајот на јавен пат, во својство на возач, не се придржувал кон прописите со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето.Имено, спротивно на чл.228 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако знаел дека му претстои управување со возило, се довел во состојба под дејство на алкохол, со присуство на алкохол во крвта од најмалку 0,75 грам промили. Потоа, во таква сосотојба, управувајќи со моторно возило – трактор „Ландини 7830″ без регистарски ознаки во правец од с. Двориште до излез кон Република Бугарија, излегол од десната страна на коловозот, при што тракторот се превртел во удолнина во должина околу 10 метри.Дополнително, спротивно на чл.186 ст.1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, иако на тракторот немал фабрички посебно вградено седиште, во кабината превезувал уште едно лице.По превртувањето на тракторот, сопатникот се здобил со тешки телесни повреди на главата во вид на скршеници на черепот и како последица на повредите починал. Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка и ќе влијае врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Кочани достави Предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Истрага за три лица за примање поткуп и помагање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп, како и за две лица за помагање при извршување на кривичното дело – примање поткуп.За првоосомничениот постои основано сомнение дека како службено лице даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – Регионална дирекција Скопје, индиректно, преку второ и третоосомничените лица, побарал парични средства во износ од 5.000 евра од сопственик на едно правно лице. Парите потоа лично ги примил за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно да направи дополнителни и детални контроли на даночниот субјект по однос на пресметката за плаќање на даночната обврска.При извршување на кривичното дело, со умисла му помогнале второ и третоосомничените лица, сопственици на сметководствено биро од Скопје, преку давање совети и упатства, како и директно посредувајќи во комуникацијата со оштетената со која претходно се познавале.Осомничените, на 05.11.2018 година, во еден угостителски објект, реализирале заедничка средба, на која оштетената на првоосомничениот му ги предала парите во износ од 5.000 евра во десет банкноти во апоени од по 500 евра. Банкнотите биле претходно крим-технички обработени од страна на полицијата. Осомничениот ги ставил обележаните банкноти во џебот од палтото и по интервенција на полициските службеници бил затекнат со нив кога го напуштал угостителскиот објект.Со оглед на проценката дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, како и особените околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор. За второ и трето осомничените лица се предложени мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган и привремено одземање на патната исправа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Apple-Huawei-796x464

Huawei го задржува своето водство пред Apple во третиот квартал од 2018 година

По вториот квартал од 2018 година, Huawei повторно забележа подобри резултати од својот конкурент.Според IDC, глобалниот пазар на паметни телефони е намален за 6% во Q3/2018 во споредба со Q3/2017 година. Сите производители вкупно испорачале 355,2 милиони единици во последниот квартал, во споредба со 377,8 милиони во истиот период минатата година. Наспроти ова, продажбата на Huawei енормно се зголеми, испорачувајќи 52 милиони единици во третиот квартал од 2018 година, што е повеќе за 32,9 отсто за истиот период од минатата година.Во однос на уделот на пазарот, Huawei поседува 14,6% на глобално ниво, што е за 4,2 процентни поени повеќе од истиот период во 2017 година (10,4%) и 1,4 процентни поени повеќе од актуелниот удел на Apple.Според експертите на IDC, ако Huawei продолжи да се развива со истото темпо, компанијата не само што ќе се зацврсти на втората позиција кај производителите, туку нема да помине многу време пред да посегне кон првото место. Моделите P20 и P20 Pro продолжуваат да бидат едни од најбараните на пазарот, додека новата флагманска серија Mate 20, која излезе на пазарот пред помалку од еден месец, целосно ја оправда титулата "најочекуваните паметни телефони за 2018 година ", а исто така има и големи пазарни резултати кои ќе се зголемат во наредните месеци."Трката за лидерската позиција на пазарот за паметни телефони продолжува да биде многу контроверзна откако Huawei повторно го надмина Apple", изјави менаџерот на IDC, Ентони Скарсела.

Магазин | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Штипјанец препродавал археолошки предмети

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Единица за сериозен криминал и тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против  Г.А.(27) од Штип осомничен за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „прикривање“.Пријавениот Г.А. во периодот од јули до септември 2018 година како член на злосторничко здружение кое го формирале Р.П., А.Б. и Ж.Р., соопшти днееска МВР, континуирано разменувал информации за археолошки предмети пронајдени претходно или во тек на наведениот период.– Во периодот од 30.07 до 05.10.2018 година пријавениот Г.А. остварил контакти со Р.П. заради продажба на археолошки предмети кои претходно ги имал пронајдено, заради натамошна препродажба. На 24.10.2018 година, со потврда за одземени предмети, од пријавениот Г.А. биле одземени една бакарна фигура и една бакарна монета, кои се археолошки предмети и претставуваат добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, се појаснува во соопштението.Претходно, на 05.10.2018 година, се посочува во соопштението, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе и кривични пријави против Р.П.(46), А.Б.(70) и Ж.Р.(65) и уште 11 други лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „прикривање“ по член 261 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: „Војводи“ и „Балисти“ склучија договор

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска се одржаа две одвоени средби со претставници на тетовските навивачки групи „Војводи“ и „Балисти“.„На средбите се зборуваше за последните инциденти кои изминатиот викенд се случија во Тетово, а во кои беа инволвирани членови на овие две навивачки групи, но и за формите и начините за надминување на сите проблеми и недоразбирања.Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово и претставниците на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ договорија заеднички мерки и активности за релаксирање на односите помеѓу тетовските навивачи, а договорено е, исто така, во иднина тие да се воздржат од ширење говор на омраза, непримерно скандирање и упатување на навредливи и вулгарни пораки кон другите. На денешните средби произлезе и иницијатива за заедничка средба на двете навивачки групи и нивно  помирување, со цел во наредниот период да не се повторат вакви или слични инциденти“, соопштуваат од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

За 6 дена исцрпени средствата за субвенции за печки на пелети

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување печки на пелети, односно денеска до 16 часот се пристигнати 200 барања.Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за купување печки на пелети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат.Со јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување печки на пелети, граѓаните имаа можност да набават печки на пелети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 70% од вредноста на печката, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. За овој втор јавен повик во 2018 година за субвенции за купување на печки на пелети во Буџетот на Град Скопје беа предвидени околу 5 милиони денари.За потсетување, ова е втор јавен повик во 2018 година за субвенционирање печки на пелети, а претходно во месец мај годинава беа доделени 187 субвенции.Субвенционирањето на купување печки на пелети ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот и една од мерките што придонесува за намалување на загаденоста на амбиентниот воздух.

Скопје | пред 7 години

7 год.
soobrakajka1-1

Двајца тинејџери нападнати на улица „Џон Кенеди“

На 05.11.2018 година во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со убодни рани биле донесени М.Р.(18) од Скопје и З. И. (18) од Скопје.Според пријавата, тие биле нападнати од неколку лица на улица „Џон Кенеди“.СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Почнува да важи обврската за носење на зимска опрема во возилата, оти казната е 45 евра

Од 15 ноември важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата.Глоба од 45 евра и можност за исклучување од сообраќај.Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема  возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со  глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Истовремено полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.Минималната длабочина на шарата на гумите зависни од  категоријата на возилотоЗа возачите на моторни возила до 3.500 килограми од 15 месецов задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, а ако имаат летни гуми со четири милиметри обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.Задолжителна зимска опрема за моторни возила со погон на сите тркала (4×4), пак, се  зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од шест милиметри или летни пневматици со минимална длабочина од четири милиметри доколку возилото поседува синџири за снег најмалку за задната осовина во случај кога  има постојан погон на сите тркала, или синџири за снег најмалку за погонските тркала кога возилото има преклопив погон.Посебни ознаки за зимските гуми, забранети пневматици со клинциСпоред Правилникот, на бочната страна на зимските пневматици ги има ознаките „МС“, „М+С“, „М&S“ како и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Исто така според Правилникот, во патниот сообраќај не се поставуваат пневматици со клинци.Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15 март следната година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
23120079_10154868503467461_7404700712261655564_o

Јована Тозија за загадениот воздух: Неспособни сте или не разбирате?

Скопје е еден од најзагадените градови во светот. Она што едно време беше Мексико сити, она што едно време беше Шангај, денес е Скопје. Дали разбирате дека секое ливче, секоја гранка, секој жбун што ќе го исечете се брои? Дали разбирате дека се потребни храбри мерки? Дали разбирате дека треба конечно да се удри сатарот на маса и да се каже: доста е, вртиме нов лист. Дали разбирате дека мора да се пресече со правење на нови булевари, нови градежни парцели, нови згради?Кај Мачин Дом биле исцрпени сите законски можности, не можеле да го спречат инвеститорот да гради. ЈА МАЈКАТА? Во камен е исклесан тој ДУП-от? Среде Скопје кај стара железничка никнува ново чудовиште со подземни тунели, со градежни прашини што ќе ги голтаме наредниве 4-5 години. Саем допрва ќе се руши и ќе се прави таму пак некоја глупост. Стара Алумина - згради никнуваат БЕЗ НИКАКОВ КОНЦЕПТ, како печурки, кај комшијата на гости можеш преку тераса да отидеш.Од намалување на бројот на автомобили абер нема. Зошто? Зошто се нема никаква стратегија како тој број да се намали. Никој никогаш не излегол да каже: Бројот на учесници во автомобилски сообраќај во Скопје е 84%. Наша цел е за 5 години тоа да го намалиме на 70%, и тоа ќе го направиме преку следните мерки....Гасоводот рине корне цела планина, што некој паметен пред 60-70 години зел и со причина ја пошумил. Упорно, од ден за ден, наспроти сите протести на еколошките здруженија. Дрско, во празници, како да сте учеле од некои ваши претходници.Парното е скапо. Луѓе што живеат во згради не се приклучуваат на градско парно бидејќи е поисплатливо да греат 3-4 месеци на струја. Струја што 70% ја добиваме од РЕК Битола. Онаа РЕК Битола што гори јаглен за да произведе струја и ја труе цела Битола. Ама тоа никој не го интересира. Секој си гледа за својот џеб, нормално. Никој не седнал да рече: Чекајте наша стратешка цел е СИТЕ да бидат приклучени на парно. Ајде да го поефтиниме, државата ако треба и ќе го субвенционира, ама да немаме луѓе што се греат на струја, дрва, пелети, гуми. Ајде да го направиме ова со таква цена што другите опции на народот ќе му бидат неисплатливи.Дрвосечата заради па претдходно наведеното цвета. Шара е опустошена. Дервен планина во наосока накај Прилеп е деноноќна врвулица со дрвокрадци. Национални паркови се соголуваат. Летоска бев сведок на дрвосеча на Галичица. Истата онаа Галичица која што ви се молам, наплаќа влез. Не можам ни да ги набројувам сите места што сум ги начекала со нелегална сеча изминативе години дури сум се акала по планинве.Не знам, неспособни ли сте или не разбирате длабочината на проблематиката или е претешко да се нафатите за да го решите проблемов? Не е лесна задачата знам. Ама 3 посадени жбунови и две велосипедски ленти не прават пролет. Храброст господо. Храброст, упорност и пред се способност. Ја имате ли?Јована Тозија - статус на социјални мрежи

Коментари | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев кажа колкава плата зема

Ние сме левичарска влада, доминантно социјалдемократска, мене ми е логично и фер оние што имаат повисоки приходи, што имаат повеќе, да платат повеќе, а тие што имаат помалку, преку институциите да добијат повеќе, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата на која тој и вицепремиерот Кочо Анѓушев се обидоа да го оправдаат воведувањето на праведниот данок.Најавата на Владата дека ќе се воведе прогресивниот данок на нозе ја крена бизнис-заедницата. Бизнисмените велат дека наместо да се реши сивата економија, ќе се уништи средната класа.–Преку повеќе механизми на поддршка тежнееме да ја вратиме средната класа, го правиме доброто за најголемиот дел на граѓаните. Мојот приход не е толку голем, јас земам 87.000 денари, тоа е платата на премиерот. Зборуваме за приход над премиерската и над претседателската плата. Треба да имаме мотивирани медицински сестри, мотивирани специјалисти и лекари, треба да продолжиме да ги спроведуваме реформите. Верувам дека сите длабоко во душата знаеме дека ќе биде ова наше општество ќе биде поквалитетно ако бидеме солидарни, а солидарноста ја прават тие кои добваат повеќе, кои имаат бизниси – рече премиерот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

„Здравство“: Менаџерот на „Козле“ во работно време тепа вработени, а утре ќе брани магистерски труд

По обелоденување на скандалот што се случил во Детската болница „Козле“ дека за време на Ифтар било извршено насилство врз вработена од страна на менаџер, од сигурни извори Здравство.мк дознава дека токму менаџерот Р.А. утре ќе магистрира.Менаџерот  утре ќе брани магистерски труд на Економски факултет.-Овој човек што има претепано вработена, која истовремено добива отказ и под присила морала да ја повлечено тужба против него, нема грам морал. Вработената денеска по немилиот настан што и се случи  има тешки здравствени проблеми, и завршила на клиника, тешко се опоравува од голготата низ која поминала, при што и сопругот ја оставил. Додека менаџерот во работно време на Детската болница „Козле“ тепа вработени, во слободно време брани магистерски труд, а министерството молчи. Министерот за здравство треба да одговори на јавноста зошто досега менаџерот не одговарал пред законот туку по присила медицинската сестра што била малтретирана дури била и принудена тужбата да ја повлече и да молчи, пишува порталот Здравство.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Мицкоски се сретна со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент

На маргините на Политичкото Собрание, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер, претседател на ЕНП во Европскиот Парламент.-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО, информираат од партијата.Освен за актуелната дневно-политичка состојба, Мицкоски го информираше Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.Манфред Вебер Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент е најсериозен кандидат за претседател на Европска Комисија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Скопјани ограбиле 76-годишна жена од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.О. (18) и Ѓ.Д.(19), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво“.На 06.10.2018 година  на улица „,Абас Емин“, пријавените физички ја нападнале Д.Н.(76) од Охрид и и одзеле 5.000 денари и златниот накит што го носела.

Македонија | пред 7 години

7 год.
43085721_2165386183790818_2687746063745417216_o

3,4 килограми марихуана пронајдени во автомобил во Сплит

Полицијата во Сплит во автомобил со загрепски регистерски ознаки пронашла и запленила околу 3,4 килограми марихуана, а поради неовластено производство и пуштање во промет на дрогата против две лица, кои моментално се наоѓаат во притвор, е поднесена и соодветна пријава, соопштија надлежните.Од полицијата соопштија дека на државниот Д-1 во Сплит запрела автомобил кој бил управуван од 43-годишен маж кој немал дозвола за управување моторно возило и дека во возилото имало уште двајца патници, при проверка на автомобилот полицајците пронашла четири ПВЦ-пакети со 3 407 грама марихуана.По завршувањето на истрагата, 43-годишниот возач и 29-годишен патник биле приведени поради неовластено производство и трговија со дрога, додека полицијата при пребарувањето на третиот сопатник не пронашла никаква поврзаност со дрога, па лицето е пуштено веднаш.

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања