3 нед.
pat-magla

Влажни коловози и магла: видливоста на патот Тетово – Попова Шапка намалена на 30 до 40 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози, информираат надлежните служби. Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, а екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и во континуитет се на терен, каде што се врши расчистување на снегот и одржување на патните правци.Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт, се спроведуваат усогласени активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и во наредниот период. Надлежните апелираат до возачите на внимателно и совесно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината на условите на патот.Посебно внимание се препорачува поради намалена видливост на повеќе патни правци. Најкритична е состојбата на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде поради магла видливоста е намалена на само 30 до 40 метри. Намалена видливост од 50 до 100 метри има на правецот Делчево – Пехчево, од 100 до 150 метри на патот Куманово – Крива Паланка, како и на планинските превои Ѓавато и Пресека, додека на превојот Плетвар таа изнесува до 50 метри.Од надлежните институции препорачуваат возачите редовно да се информираат за состојбата на патиштата преку официјалните информативни центри, со цел навремено и безбедно планирање на патувањата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
planina-magla-snezna-bura

Магливо утро, дожд и снег на планините: нестабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла претпладне по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планинските предели од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се движи во интервал од –4 до 1 степен, додека максималната дневна температура ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со магла во утринските часови, а попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до –1, а максималната ќе достигне до 7 степени.Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови. Во недела се очекува променлива облачност со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во понеделник, кога на некои од повисоките места дождот ќе преминува во снег. Краткотрајно стабилизирање на времето се најавува за вторник, додека од среда повторно се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
popova-sapka

Попова Шапка со најмногу снег: 30 сантиметри снежна покривка утрово

Попова Шапка утрово измери најголема снежна покривка во земјава, со 30 сантиметри снег до 7 часот. Значителна снежна обвивка е регистрирана и на Маврови Анови со 11 сантиметри, како и во Крушево со 4 сантиметри.Минималните утрински температури се спуштија под нулата во повеќе места: најстудено беше во Берово со –4 степени, потоа на Попова Шапка и во Крива Паланка со –3, додека –2 се измерени во Пожаране и Тетово. Во Скопје утрото донесе –1 степен на Петровец и Зајчев Рид, а околу нулата се движеше температурата во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Кавардарци и Прилеп. Позитивни минимални вредности се измерени во Крушево, Штип, Охрид и Виница, а најтопло утро имаше Струмица со 3 степени.Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла претпладне по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 8 и 12 степени, додека во Скопје се очекува до 7 степени, со магла претпладне и сончеви периоди попладне.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryto3t75tj2umt3zl0yAV

Куќа, станови, булдожери и милионска гаранција дал конзулот Марковски и се спаси од притвор

Кривичниот совет од Основниот суд Битола соопшти дека му ја укина мерката притвор на Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Тој е еден од осумте обвинети за злоупотреба на тендерот за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј” во рудниците на РЕК „Битола“ вреден 1,7 милиони евра.Според судот, гаранцијата е во износ од 4 937 317 евра, или речиси трипати повисока од евентуалната имотна корист“.Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор.На 16 јануари годинава, Кривичниот совет при Основниот суд Битола одржал седница на која ја прифатил жалбата на обвинетиот – прифатил да се определи гаранција од 4,9 милиони евра во движен и недвижен имот, да се укине мерката притвор и да се определат мерки на претпазливост – привремено одземање на пасошот и забрана за издавање нов, како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Основниот суд Битола.Марковски заедно со уште седум лица се сомничат дека незаконски наплатиле над 1, 7 милиони евра од РЕК Битола, иако дел од договорените работи не биле извршени.Неговата компанија е основана во 2002 година а во 2024 година остварила приходи од над 45 милиони евра.„Марковски Компани“ со години добивала огромни договори во РЕК Битола, ископ на јаглен, јаловина, одржување и механизација. Најголемиот тендер во 2023 година беше вреден рекордни 46 милиони евра.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Судијата поради парите во ѕид ќе си остане во куќен притвор

Жалбата на судијата Ѓоко Ристов, со која бараше да биде ослободен од куќен притвор, е одбиена, соопшти Кривичниот суд.Како што информираат од судот, Кривичниот совет, постапувајќи по жалбата на осомничениот Ѓ.Р., ја потврдил претходно донесената одлука за определување мерка куќен притвор. Со тоа, судијата Ристов и понатаму останува под оваа мерка, донесена во рамки на постапката што се води против него.Од Кривичниот суд наведуваат дека одлуката е донесена по разгледување на сите наводи изнесени во жалбата, при што Советот оценил дека и натаму постојат законските услови за опстојување на мерката куќен притвор.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Тошковски: Собранието покажа политичка храброст – животите на граѓаните над партиските калкулации

Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната политика. Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Посебна благодарност до граѓаните. Во тест периодот тие покажаа дека знаат, можат и сакаат да бидат дел од решението. Со промена на однесувањето во сообраќајот, со почитување на правилата и со зголемена свесност, граѓаните директно придонесоа за поголема безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи, повредите и жртвите. „Безбеден град“ не е систем за казнување, туку систем за спасување животи, а токму граѓаните први го препознаа тоа.За жал, денешното гласање уште еднаш покажа дека СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи. Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи. Овој пат не се одлучуваше за функции, договори или политички пазари, туку за безбедноста на граѓаните, а тие наместо да направат чекор напред, свесно избраа да останат заробени во истите шеми, влечејќи ја државата назад. Имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот. Со тоа го направија својот избор и за тој избор ќе сносат политичка и морална одговорност пред македонските граѓани“, додава Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1smcg046pk435JI9jSM

Панова: ДУИ денес со гласот против безбеден град покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака од наша страна и сметавме дека опозицијата треба да научи што е интерес на граѓаните и да ги носат одлуките малце полидерски, тие денес покажаа дека токму поради тоа што не ги слушаат граѓаните се во опозиција и таму треба да останат“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.Панова додаде дека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека за сите оние проекти кои се во интерес и се поддржани од граѓаните, може да обезбеди двотретинско мнозинство со СДС или без СДС, со ДУИ или без ДУИ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги имплементира сите оние проекти ветени пред граѓаните и проекти кои евидентно даваат резултати.„Најпрвин морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика во своето владеење од владеењето на власта на СДС и ДУИ претходно. Ние подадовме рака и направивме еден простор за да се оствари еден консензус за прашања вакви како безбеден град особено кога знаеме дека истите даваат резултати и граѓаните генерално го поддржуваат ваквиот проект. Меѓутоа еве денес уште еднаш ние се уверивме во тоа дека таа подадена рака не секогаш значи добра намера и од другата страна. Тезите коишто излегоа денес на говорница апсолутно не држат никаков простор за коментар, заради тоа што генерално на истите веќе ние дадовме и одговори“, рече Панова.Пратеничката Панова резимираше дека со имплементацијата на ваквиот проект се зголемува безбедноста на граѓаните, а со самото тоа се намалува и бројот на човечки жртви од сообраќајни несреќи, истовремено потенцирајќи дека доколку се спаси барем еден човечки живот сите треба да бидеме горди. Воедно, Панова додаде дека резултатите од тест периодот од еден месец со имплементација на овој проект впрочем зборуваат дека се бележи тренд во намалувањето на изгубени човечки животи, сообраќајни незгоди како и повреди коишто се резултат на сообраќајни незгоди во градот Скопје, Тетово и Куманово.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarykt7mfr6be2jn9shRSTK

Протест пред УЈП во Куманово, се приклучија и граѓани од Тетово

Група граѓани од Куманово, кои работеле во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи (УЈП), барајќи институциите да обезбедат проверка на доказите за платените даноци. На протестот им се приклучија и граѓани од Тетово.Учесниците нагласија дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против ниту една институција или личност, туку претставува борба за правична и законска постапка. Тие апелираат за поддршка од сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.„Упатуваме благодарност до градоначалникот на Куманово, кој јавно се обрати пред Советот на Општината и договори средба со директорката на УЈП. Планираме уште една јавна средба во големата сала на Комитетот со присуство на сите засегнати граѓани, како и на медиумите, за директорката транспарентно да ги образложи ставовите на институцијата“, рече Зоран Наковски во име на присутните.Граѓаните истакнаа дека доставиле и допис за средба до Управата за јавни приходи и изразија благодарност до Советот за отворената расправа. Сепак, нагласија дека биле разочарани од дел од советниците кои не го поддржале ставањето на точката на дневен ред.Протестантите појаснија дека не се против плаќање даноци, туку се спротивставуваат на присилна наплата, селективно толкување на законите и неприфаќање на доставените докази. Главното барање е еднаков и фер третман за сите граѓани.„Бараме правична законска регулатива, не смее да има двојно оданочување. Бараме еднаков третман за сите“, рече Фариз Бајрами од Тетово, најавувајќи дека и во Тетово ќе се одржат протести пред УЈП во вторник со почеток во 14 часот. Во Куманово, протестот продолжува пред општинската зграда во понеделник, исто така со почеток во 14 часот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryr1d30bsmfoo971t4kFt

Принцот Хари по изјавата на Трамп: Изгубив пријатели во Авганистан

Принцот Хари остро го критикуваше тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека НАТО сојузниците се држеле подалеку од првите линии во Авганистан, истакнувајќи дека жртвите на британските војници заслужуваат да се почитуваат и споменуваат вистинито.Хари, кој сам служел во Авганистан како член на воздушните сили на британската армија, бил копилот и стрелец на борбен хеликоптер и извршил две борбени мисии. Тој потсети дека Обединетото Кралство загубило 457 војници, а илјадници животи биле засекогаш променети – родители го закопувале своите деца, а деца останале без родители. „Тие жртви заслужуваат да се зборува за нив вистинито и со почит, додека остануваме обединети и посветени на одбраната на дипломатијата и мирот“, порача Хари.Принцот го откри и своето учество во борбите, нагласувајќи дека за време на службата убил 25 членови на талибанците, но за нив не размислувал како за луѓе, туку како за „шаховски фигури“ кои треба да се отстранат од таблата. „Тоа не ми носеше задоволство, но ни срам“, напиша тој во својата книга.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library37f5ql0jhjekbQAjfK8

Марк Карни му одговори на Трамп: Канада напредува благодарение на сопствени вредности

Канадскиот премиер Марк Карни остро одговори на коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Канада живее благодарение на САД“, истакнувајќи дека успехот на земјата се должи на канадските вредности и сопствениот напор на граѓаните. Реакцијата следеше по неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, каде Марк Карни ја осуди принудата на големите сили врз помалите држави, без директно да го спомене Трамп.Трамп директно се обратил кон Марк Карни во Давос со зборовите: „Канада живее благодарение на САД. Запомни го ова, Марк, следниот пат кога ќе даваш изјави.“Марк Карни возврати: „Канада не живее благодарение на САД. Канада напредува затоа што сме Канадјани.“Премиерот нагласи дека и покрај одличното партнерство со САД во економијата, безбедноста и културната размена, Канадјаните се „господари во својот дом“, а иднината е нивна одлука. По говорот, Трамп го повлече поканувањето на Канада за придружување на неговиот Одбор за мир.Марк Карни потенцираше дека лојалноста кон канадските вредности е клуч за зачувување на суверенитетот на земјата и дека Канадa треба да биде „светилник за светот“. Во време на растечки популизам и етнички национализам, премиерот посочи дека разновидноста е сила, а не слабост, и дека земјата нуди заеднички просперитет и демократија која ги штити ранливите.Говорот предизвика реакции и во САД. Американскиот министер за трговија Хауард Лутник го критикуваше, додека гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом изрази поддршка, оценувајќи го Марк Карни како пример за храброст и принципиелност.Анализата на Марк Карни покажува колку канадските политики и вредности се важни за зачувување на независноста на земјата, дури и во свет на растечки притисок од поголемите сили.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryov21403ojavu0iqxqhs

Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните.„Овој потег на ДУИ не е од аспект на овие аномалии на системот или на законот кои што ќе ги образложам дека се спротивно на тоа кое што го зборат, туку е некаков обид за уцена на владејачкото мнозинство користејќи го овој закон. Записниците ќе стигаат на јазикот на кој е заведен граѓанинот во личната карта, тоа е имплементирано во системот, во делот на важењето или неважењето на целата територија, најпрвин Законот за прекршоци важи апсолутно на цела територија на Македонија. Законот важи за сите, дали ќе биде санкциониран прекршок преку камера на Сејф сити или мобилен полицаец апсолутно ќе биде казнет. Во делот на приватноста имаме закони за лични податоци кои ја уредуваат оваа материја, не е ова прва камера што ја поставуваме на територија на Македонија за сега одеднаш, да се појавуваат сомнежи“, рече Петрушевски.Во емисијата пратеникот Петрушевски истакна дека уште во тест фазата проектот Безбеден град дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, потенцирајќи дека ќе биде имплементиран на територијата на цела држава.„Овој проект дава резултати уште во тест фаза, тоа го потврдуваат бројките и она кое што треба да го знаат сите е дека не завршува тука и дека ќе биде имплементиран низ целата територија на Република Македонија. Во периодот од кога функционира без казнување Сејф Сити, во тест период имаме само 2 смртни случаи, за 37% имаме помалку повредени како последица на сообраќајни несреќи или преку 20% помалку незгоди. За мене овие бројки се доволен доказ дека овој проект дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Во Законот за прекршоци никаде не стои дека ќе се казнува само во Тетово, Куманово и Скопје, ќе се казнува на територија на цела Македонија, вели Петрушевски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Monika-Zajkova-pretsedatelka-LDP

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи изрази целосна поддршка за реализација на проектот „Сејф Сити“.„ЛДП е за целосно спроведување на законите, за сите, без дискриминација и со еднакво третирање на сите граѓани. Кочење на закони кои водат до владеење на правото е неприфатливо, иако многу често го сведочевме и во блиското минато. Потребна ни е безбедна држава, правична држава. Денес, не утре! За 6 месеци ќе иницирам дебата со избирачите, особено во мојата изборна единица да се види како оди спроведувањето на законот и дали треба нешто да се подобри или промени во истиот“, пишува Зајкова во објавата.Во врска со денешното гласање, Зајкова посочува дека начинот на кој функционира Собранието – како пазар, а не како парламент на европска држава со ред и правила – е друга тема.„За тоа граѓаните ќе се изјаснат на избори. Пратениците не смеат да бидат спречени да имаат планирани активности со избирачите, со тие што им го дале мандатот, ниту во вршење на други службени обврски. Не може да има гласање само кога на мнозинството му одговара и кога тие имаат кворум. Дајте барем како Собрание да му покажеме европско однесување на народот ако веќе устата ни е полна за членство во ЕУ“, посочува претседателката Зајкова во објавата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarydohmbg84833la1Ygyzi

(ВИДЕО) По бркотница низ шумата, шумската полиција ги фати дрвокрадците на Плачковица

Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов на Фејсбук денеска сподели видео од акција каде на лице место се фатени дрвокрадци како пустошат на Плачковица.„Во текот на денешниот ден, на планината Плачковица во заедничка акција на ЈП "Македонски Шуми", Шумската Полиција и ОВР Радовиш, на лице место фативме група дрвокрадци.Се работи за дел од група која во изминатиот период направи големи штети на шумскиот фонд во овој потег на планината.Во текот на денешната акција беа одземени две моторни возила со кои се вршеше превоз на крадени дрвни сортименти, беше одземена една моторна пила и други орудија со кои се вршеше оваа нелегална сеча, т.е. пустошење на шумата.Морам да изразам голема благодарност за колегите, шумските полицајци и припадниците на МВР кои професионално и на ниво на задачата ја завршија.Активностите продолжуваат, нема застанување ниту тука, ниту каде било во Македонија каде се случуваат нелегални активности по шумите.Во интерес на истрагата, нема да споделиме повеќе информации, но, можам да кажам дека се работи за дрвокрадци кои многу добро им беа познати на службите и во изминатиов период имаат направено многу кривични дела“, стои во објавата на фејсбук.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
kamioni

Новите шенген правила создаваат проблеми за бизнисот, се очекуваат протести

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, оцени дека новите правила за влез во Шенген зоната не ја подобруваат ситуацијата во ЕУ, туку предизвикуваат сериозни проблеми и штета за бизнисот во нашата земја.Азески најави дека од понеделник се очекуваат протести и реакции во сите погодени земји. Тој истакна дека странските инвеститори веќе доставиле забелешки до претставништвото на ЕУ, а по ова прашање е испратено писмо до Европската комисија и е најавена посета на премиерот во Брисел.Иако ЕУ преговара поединечно со секоја земја, што ја отежнува транспарентноста, Комората очекува дека конечната одлука ќе биде повлечена.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarypuqltqnlbru30qNGriq

Сопственикот на барот што изгоре во Швајцарија ќе биде ослободен по плаќање кауција

Швајцарскиот суд одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и секојдневно јавување во полиција за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по трагичниот пожар за Нова година. Во пожарот загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени.Жак Морети и неговата сопруга Џесика се единствените осомничени во случајот. Морети беше приведен на 9 јануари поради опасност од бегство. Двојката изразила жалење за трагедијата и ветила соработка со обвинителството.Судот, како мерка за спречување бегство, одреди кауција од 200.000 швајцарски франци (253.485 американски долари) и обврска за секојдневно јавување во полициска станица.Швајцарските обвинители спровеле две сослушувања со сопствениците, секое подолго од десет часа, фокусирани на прашања поврзани со безбедноста и преуредувањето на барот. Воедно биле извршени претреси, собрани докази и запленет имот.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarylgq5agnerb97fkMgqi2

80-годишен маж од Хелсинки со децении живеел во подрум без прозорци

Финската полиција отвори истрага откако во семејна куќа во Хелсинки е пронајден 80-годишен маж кој, според првичните информации, со децении живеел во нехумани услови. Мажот бил откриен во подрум без прозорци, со површина од околу 30 квадратни метри, каде немал пристап до основни хигиенски и животни услови. Поради лошата физичка состојба, веднаш бил згрижен и префрлен на понатамошни медицински процени.Полицијата уапсила тројца осомничени – двајца мажи и една жена, сите околу 60 години, кои не се крвно сродни со жртвата, но го познавале подолг временски период. Истражителите проверуваат дали станува збор за трговија со луѓе или друг облик на организирано искористување на ранлива личност.Според полициските информации, постариот маж се вселил доброволно во куќата пред повеќе од 20 години и во еден период дури плаќал кирија. Сепак, со текот на времето неговата здравствена состојба се влошила, а условите за живот станале сè понехумани. Истражителите наведуваат дека можен мотив за осомничените била материјалната корист, со цел преземање на имотот или приходите на жртвата.Главниот истражител Јари Коркалајнен потврди дека полицијата ги проверува сите финансиски врски меѓу осомничените и мажот, додека истрагата продолжува за да се утврди колку долго живеел во овие услови, како дошол во куќата и каков бил односот со уапсените.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryuu32op0osi0d15of0eS

Бојковска: Измените на Кривичниот законик означуваат борба против корупцијата, оваа Влада ќе испорача закони еднакви за сите

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток се осврна на актуелната тема за предлог измените на Кривичниот законик, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.„Овој предлог закон доаѓа како повод на реакцијата на Уставниот суд којашто ја имавме, и поради тоа што не треба да се создаде простор за правна празнина на којашто укажуваше Уставниот суд, ги носиме овие брзи измени на Кривичниот законик, и секако не само заради Уставниот суд, и поради оној упад којшто го имавме во 2023 година, којшто беше направен од страна на СДС и ДУИ тогаш како тогашна власт. Со измената на Кривичниот законик тогаш во 2023 година, буквално направија амнестирање на кривичните дела, особено на оние коишто се обележје на членот 353 или злоупотреба на службена положба и овластување“, рече Бојковска и додаде:„Со што практично тогаш со носење на тие измени застареа 200 кривични дела, кривични дела коишто би требале да се гонат по овој член 353 и тоа претставува упад не само на правосудниот систем, не само на правото и правдата и владеењето на правото, туку буквално кршење на она се што значи позитивни законски норми и носење на позитивните законски норми во добра волја“.Бојковска објасни дека со овие предлог измени ќе се зголемат казните и ќе се вратат кривичните дела коишто биле избришани во 2023 година од страна на претходната власт, со цел секој еден кој се огрешил да биде казнет.„Освен што ги бришеа кривичните дела, односно бришеа инкриминација на одредени дејства, вршеа намалување на казните, се со цел да застарат овие кривични дела. Со овие предлог измени, ги зголемуваме казните, ги враќаме оние кривични дела коишто беа избришани претходно во 2023 година, се со цел да извршиме корекција и секој оној кој што ќе се огреши пред законот да биде казнет“, рече Бојковска.На крај Бојковска посочи дека со измените на Кривичниот законик нивото на корупција во 2023 година значително се зголемил, и истакна дека примарна цела на оваа Влада ќе биде да се испорачаат еднакви закони за сите граѓани.„Во три извештаи и последователно на Европската комисија е забележено дека нивото на корупција и степенот на корупција е значително зголемен, по оние измени во 2023 година, што укажува апсолутно на најголема слабост во борбата со корупција во овој период кога се донесени измените и после тоа. Наша примарна цел и наша задача е пред граѓаните да испорачаме еднакви закони за сите, коишто ќе важат еднакво за сите и секако да се одговара пред законот. Така што јас би оценила и дека овие измени коишто ги правиме во Кривичниот законик сега буквално значат и борба со корупцијата, ценам дека секој еден треба да одговара пред законот и не треба да се прости ниту еден криминал, ниту едно дејствие коешто ќе значи повреда на позитивните законски промени“, децидна е Бојковска.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Цената на нафтата значително поскапи поради заканите на Трамп кон Иран

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до нивото од 66 долари за барел, откако трговците ги вознемири новото заострување на реториката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран. На лондонскиот пазар барелот попладнево се тргуваше по цена повисока за 1,79 долари во однос на вчерашното затворање, достигнувајќи 65,85 долари, додека на американскиот пазар цената порасна за 1,72 долари, на 61,08 долари за барел.Пазарите кон крајот на неделата беа дополнително вознемирени од пораките на Трамп до Техеран. Американскиот претседател во четвртокот изјави дека американската армада се движи кон Иран, со што ги обнови заканите за можна воена интервенција изнесени пред околу десетина дена, во време на немири во повеќе ирански градови. Тој нагласи дека голем број американски бродови пловат во тој правец „за секој случај“, додавајќи дека би сакал да не дојде до ескалација, но дека ситуацијата внимателно се следи. Според неименуван американски функционер, станува збор за група што вклучува носач на авиони и неколку разурнувачи, кои во следните денови треба да пристигнат на Блискиот Исток.Иран произведува повеќе од три милиони барели нафта дневно, а најголемиот дел од извозот го пласира во Кина, па секоја закана за дестабилизација на регионот има силно влијание врз цените на светските пазари. Поради тоа, новите пораки од Вашингтон кон Техеран го потиснаа во втор план неодамнешното смирување на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија, кои беа заострени поради изјавите на Трамп за Гренланд. Иако кризата делумно се смири откако американскиот претседател во Давос ги повлече заканите со царини, се очекува европските лидери повторно да ја разгледуваат темата на вонреден самит.Одделни податоци на Организацијата на земјите извознички на нафта покажуваат дека барелот од кошницата на нивните членки во четвртокот поскапел за 27 центи и достигнал цена од 63,21 долар.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
magla

Внимателно возете: Намалена видливост на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, при што на повеќе делници коловозите се влажни, информираат надлежните служби.Иако сообраќајот се одвива непречено, поради врнежите од снег се препорачува зголемена внимателност и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дополнителни потешкотии создава и намалената видливост поради магла на неколку патни правци.Видливоста е намалена до 100 метри на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 до 40 метри на правецот Тетово – Попова Шапка, како и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Дете од Градско донесено починато во болница во Велес

Шестгодишно дете од Градско било донесено починато на Детското одделение во Општата болница во Велес, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.Настанот бил пријавен вчера во 19:45 часот, а според првичните информации станува збор за дете кое имало претходни здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, по што увид на местото извршила екипа од СВР Велес.По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на детето е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања