3 нед.
media-libraryuu32op0osi0d15of0eS

Бојковска: Измените на Кривичниот законик означуваат борба против корупцијата, оваа Влада ќе испорача закони еднакви за сите

На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток се осврна на актуелната тема за предлог измените на Кривичниот законик, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.„Овој предлог закон доаѓа како повод на реакцијата на Уставниот суд којашто ја имавме, и поради тоа што не треба да се создаде простор за правна празнина на којашто укажуваше Уставниот суд, ги носиме овие брзи измени на Кривичниот законик, и секако не само заради Уставниот суд, и поради оној упад којшто го имавме во 2023 година, којшто беше направен од страна на СДС и ДУИ тогаш како тогашна власт. Со измената на Кривичниот законик тогаш во 2023 година, буквално направија амнестирање на кривичните дела, особено на оние коишто се обележје на членот 353 или злоупотреба на службена положба и овластување“, рече Бојковска и додаде:„Со што практично тогаш со носење на тие измени застареа 200 кривични дела, кривични дела коишто би требале да се гонат по овој член 353 и тоа претставува упад не само на правосудниот систем, не само на правото и правдата и владеењето на правото, туку буквално кршење на она се што значи позитивни законски норми и носење на позитивните законски норми во добра волја“.Бојковска објасни дека со овие предлог измени ќе се зголемат казните и ќе се вратат кривичните дела коишто биле избришани во 2023 година од страна на претходната власт, со цел секој еден кој се огрешил да биде казнет.„Освен што ги бришеа кривичните дела, односно бришеа инкриминација на одредени дејства, вршеа намалување на казните, се со цел да застарат овие кривични дела. Со овие предлог измени, ги зголемуваме казните, ги враќаме оние кривични дела коишто беа избришани претходно во 2023 година, се со цел да извршиме корекција и секој оној кој што ќе се огреши пред законот да биде казнет“, рече Бојковска.На крај Бојковска посочи дека со измените на Кривичниот законик нивото на корупција во 2023 година значително се зголемил, и истакна дека примарна цела на оваа Влада ќе биде да се испорачаат еднакви закони за сите граѓани.„Во три извештаи и последователно на Европската комисија е забележено дека нивото на корупција и степенот на корупција е значително зголемен, по оние измени во 2023 година, што укажува апсолутно на најголема слабост во борбата со корупција во овој период кога се донесени измените и после тоа. Наша примарна цел и наша задача е пред граѓаните да испорачаме еднакви закони за сите, коишто ќе важат еднакво за сите и секако да се одговара пред законот. Така што јас би оценила и дека овие измени коишто ги правиме во Кривичниот законик сега буквално значат и борба со корупцијата, ценам дека секој еден треба да одговара пред законот и не треба да се прости ниту еден криминал, ниту едно дејствие коешто ќе значи повреда на позитивните законски промени“, децидна е Бојковска.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Цената на нафтата значително поскапи поради заканите на Трамп кон Иран

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до нивото од 66 долари за барел, откако трговците ги вознемири новото заострување на реториката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран. На лондонскиот пазар барелот попладнево се тргуваше по цена повисока за 1,79 долари во однос на вчерашното затворање, достигнувајќи 65,85 долари, додека на американскиот пазар цената порасна за 1,72 долари, на 61,08 долари за барел.Пазарите кон крајот на неделата беа дополнително вознемирени од пораките на Трамп до Техеран. Американскиот претседател во четвртокот изјави дека американската армада се движи кон Иран, со што ги обнови заканите за можна воена интервенција изнесени пред околу десетина дена, во време на немири во повеќе ирански градови. Тој нагласи дека голем број американски бродови пловат во тој правец „за секој случај“, додавајќи дека би сакал да не дојде до ескалација, но дека ситуацијата внимателно се следи. Според неименуван американски функционер, станува збор за група што вклучува носач на авиони и неколку разурнувачи, кои во следните денови треба да пристигнат на Блискиот Исток.Иран произведува повеќе од три милиони барели нафта дневно, а најголемиот дел од извозот го пласира во Кина, па секоја закана за дестабилизација на регионот има силно влијание врз цените на светските пазари. Поради тоа, новите пораки од Вашингтон кон Техеран го потиснаа во втор план неодамнешното смирување на тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија, кои беа заострени поради изјавите на Трамп за Гренланд. Иако кризата делумно се смири откако американскиот претседател во Давос ги повлече заканите со царини, се очекува европските лидери повторно да ја разгледуваат темата на вонреден самит.Одделни податоци на Организацијата на земјите извознички на нафта покажуваат дека барелот од кошницата на нивните членки во четвртокот поскапел за 27 центи и достигнал цена од 63,21 долар.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
magla

Внимателно возете: Намалена видливост на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, при што на повеќе делници коловозите се влажни, информираат надлежните служби.Иако сообраќајот се одвива непречено, поради врнежите од снег се препорачува зголемена внимателност и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дополнителни потешкотии создава и намалената видливост поради магла на неколку патни правци.Видливоста е намалена до 100 метри на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 до 40 метри на правецот Тетово – Попова Шапка, како и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Дете од Градско донесено починато во болница во Велес

Шестгодишно дете од Градско било донесено починато на Детското одделение во Општата болница во Велес, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.Настанот бил пријавен вчера во 19:45 часот, а според првичните информации станува збор за дете кое имало претходни здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, по што увид на местото извршила екипа од СВР Велес.По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на детето е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryema5a1sk0uesfb1hoCl

Мерц: Подготвени сме за Трамповиот одбор за мир поради Газа, но не во сегашна форма

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека би бил подготвен да се приклучи на одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп поради ситуацијата во Газа, но дека не може да го прифати планот во неговата сегашна форма.„Во форма во која е поставен сегашниот одбор за мир, не можеме од уставни причини да ги прифатиме неговите управувачки структури“, рече Мерц на заедничка прес-конференција со италијанската премиерка Џорџија Мелони во Рим.Тој додаде дека Германија е отворена за истражување други, нови форми на соработка со САД, со цел да се најдат формати кои ќе придонесат за мир во различни региони на светот. Мерц истакна дека овие формати не треба да се ограничуваат само на Газa и Блискиот исток, туку можат да се применат и на Украина.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп се исмејува на климатските промени за време на студен бран во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги исмеа климатските промени, овој пат поради силниот студен бран што ја зафати поголемиот дел од САД. На својот профил на Truth Social напиша дека се очекува „рекорден студ во 40 сојузни држави“ и иронично праша што се случило со глобалното затоплување.Научниците појаснуваат дека климатските промени не значат постојано затоплување, туку појава на екстремни временски услови, вклучувајќи и интензивни топлотни бранови и силни студени продори. Загревањето на Арктикот ја слабее разликата во температурата помеѓу северот и југот, што го нарушува протокот на струјата на ветровите и овозможува студен арктички воздух да се спушти кон југот, вклучително и САД.Институции како NASA и NOAA веќе предупредуваат дека глобалното затоплување може да го зголеми ризикот од екстремни зимски температури во умерените географски ширини. Според извештаите на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), студените екстреми не се исклучени, туку можат да бидат и поинтензивни.Студиите објавени во научни списанија како Nature и Science ја поврзуваат слабоста на поларната циркулација со почестите продори на студен воздух во Северна Америка и Европа. Тоа значи дека студените бранови како сегашниот не ги негираат климатските промени, туку се еден од сценаријата што научниците ги предвиделе.Трамп, со својата иронична објава, го игнорира токму она што науката го предвидува – дека светот станува се повеќе нестабилен и подложен на екстреми.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryufjk9mcscp5t7p65fx5

Директорот на МОБ одговори за обвинувањата: Нема да дозволам нарушување на дисциплината

Директорот на НУ Национална опера и балет, Оливер Арсовски, со јавно соопштение реагираше на обвинувањата изнесени од вработената Татијана Петрушевска, оценувајќи ги како невистинити, паушални и штетни за угледот на институцијата.Арсовски посочи дека Националната опера и балет, како најголема културна институција во државата со над 500 вработени, мора да функционира врз основа на јасна хиерархија, прецизна поделба на одговорностите и доследно почитување на работната етика и дисциплина. Според него, во оркестарот постојат јасно утврдени улоги, што е суштински принцип за нормално функционирање на единствената оперска куќа во државата.Тој нагласи дека секое отстапување од воспоставениот систем директно влијае врз работата на целата институција и дека улогата на управата не е да зазема страни, туку да обезбеди ред, дисциплина и зачувување на уметничките стандарди. Во таа насока, Арсовски истакна дека нема да дозволи нарушување на работните процеси, ниту непочитување на редот, дисциплината и хиерархијата во оркестарот, каде диригентот има улога на водечки авторитет.„Нема да дозволам лични нетрпеливости на поединци да се манифестираат преку непочитување кон колегите и кон странските соработници, со кои со години заеднички работиме на квалитетни продукции за нашата публика“, наведува Арсовски.Тој додаде дека институцијата и понатаму ќе постапува согласно своите интерни правилници и во законската рамка, со цел заштита на колективот, публиката и интегритетот на оперската и балетската уметност. Воедно, упати апел до Синдикатот на културата да не подлегнува на влијанија од поединци кои, како што наведува, ја злоупотребуваат неговата улога, туку да продолжи да се залага за правата на колективот и достоинството на институциите.Во однос на конкретниот случај, Арсовски истакна дека поради тоа што е во тек дисциплинска постапка, нема да изнесува факти во јавноста. Сепак, нагласи дека постојат изјави од вработени, како и изјава од диригентот на претставата, врз основа на кои е донесен предлог за покренување дисциплинска постапка и решение за суспензија, согласно Законот за култура.Тој ги отфрли тврдењата дека против Петрушевска претходно не биле водени постапки, наведувајќи дека во повеќе наврати вработени од оркестарот побарале заштита од нејзиното однесување.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarym8c7vksra6286JSkOeB

Руски дрон погоди автомобил кај Харков, три лица загинаа

Во напад со руски дрон врз цивилен автомобил во близина на селото Прудианка во Харковска област загинаа три лица, соопшти Олег Синегубов, началник на Харковската областна воена администрација.Првично беа пријавени две загинати лица и четири повредени жени, кои се префрлени во болница и добиваат соодветна медицинска помош. Подоцна беше потврдено дека уште една жена подлегнала на повредите.Во изминатите 24 часа под руска огнена активност се нашле седум населени места во регионот, при што пет лица се повредени.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
faton

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Фатон Сељами денеска е избран за нов Народен правобранител на седница на Собранието со 89 гласа „за“, шест „против“ и обезбедено Бадентерово мнозинство. Тој е избран на мандат од осум години, со право на уште еден последователен мандат, а свечената изјава ќе ја даде на 26 јануари.Сељами доаѓа на местото на Насер Зибери, кој замина во пензија. По професија е дипломиран правник и магистер по правни науки од Тетово, со положен правосуден и нотарски испит, а има долгогодишно искуство во областа на заштитата на човековите права, стекнато во Канцеларијата на народниот правобранител и во Министерството за правда.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq

Крмов: За „Сејф сити“ ќе бараме скалесто казнување, казните мора да зависат од примањата

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека партијата ќе поднесе измени на Законот за прекршоци, преку кој треба да профункционира системот „Сејф сити“, со посебен фокус на висината и начинот на изрекување на глобите.Крмов истакна дека Левица ќе бара воведување скалесто казнување, односно казните да се утврдуваат според финансиската моќ на прекршителите.„Не може да се казнуваат исто луѓе со месечни примања од 500 евра и луѓе со примања од 50.000 евра“, рече Крмов од собраниската говорница, нагласувајќи дека еднаквите казни во пракса создаваат нееднаквост и социјална неправда.Говорејќи за предложените измени на Законот за прекршоци, Крмов оцени дека законското решение не е совршено, но најави дека пратеничката група на Левица ќе го поддржи, бидејќи сметаат дека системот „Сејф сити“ може директно да придонесе за зголемување на безбедноста во сообраќајот и спасување човечки животи.Тој додаде дека се очекуваат дополнителни корекции „во од“, како што најави и власта, при што Левица ќе излезе со сопствени конкретни предлози и побара поддршка од владејачкото мнозинство за нивно усвојување.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Од 1 февруари стартува „Безбеден град“: ова се четирите прекршоци кои ќе се казнуваат

Од 1 февруари официјално започнува примената на системот „Безбеден град“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци влегува во полна функција. Во првата фаза, санкции ќе се изрекуваат за четири видови прекршоци, утврдени преку технички средства и уреди за снимање.Станува збор за прекршоците: пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена важност на регистрацијата, како и непрописно запирање и паркирање. Овие прекршоци ќе се детектираат автоматски, без директен контакт со полициски службеник на лице место.По целосното пуштање во употреба на системот, сопствениците на возилата кај кои ќе биде утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и електронска пошта со линк за преземање на записник со платен налог. Плаќањето ќе може да се изврши електронски, а при навремена уплата нема да се пресметуваат дополнителни трошоци.Надлежните институции очекуваат со воведувањето на „Безбеден град“ да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зајакне генералната превенција, преку побрзо, поефикасно и транспарентно санкционирање на прекршителите. Во следната фаза е најавено проширување на листата на прекршоци кои ќе бидат опфатени со системот.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Трамп ја тужи најголемата американска банка

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна пет милијарди долари против инвестициската банка JPMorgan Chase и нејзиниот главен извршен директор Џејми Дајмон, обвинувајќи ги дека од политички причини му ускратиле банкарски услуги со затворање на повеќе негови сметки.Тужбата е поднесена до државниот суд во округот Мајами-Дејд, во американската сојузна држава Флорида. Во неа, Трамп тврди дека најголемата американска банка ги прекршила сопствените интерни правила и свесно го издвојувала поради неговите политички ставови.Од JPMorgan ги отфрлија обвинувањата, нагласувајќи дека банката не затвора сметки врз основа на политички или верски причини. „Жалиме што претседателот Трамп одлучи да поднесе тужба, но сметаме дека таа е неоснована. Го почитуваме неговото право да тужи, како и нашето право да се браниме“, соопштија од банката.Трамп подоцна изјави пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Ван“ дека не разговарал со Дајмон за тужбата. „Не смее да се прави тоа што го направија тие. Тоа е целосно погрешно. Не знам какво оправдување би можеле да имаат. Можеби ќе кажат дека регулаторите го барале тоа“, рече Трамп.Претседателот и претходно изнесуваше слични обвинувања кон други финансиски институции, меѓу кои и Bank of America. Дополнително, во последниот период го вознемири банкарскиот сектор со најавата дека сака да ги ограничи каматните стапки на кредитните картички на најмногу 10 проценти.Дајмон, кој веќе две децении ја води JPMorgan и важи за еден од највлијателните луѓе во глобалниот финансиски сектор, во средата на Светски економски форум изјави дека ваквото ограничување би ја намалило достапноста на кредити за голем број потрошувачи и би претставувало „економска катастрофа“.Американските банки во последните години се соочуваат со зголемени политички притисоци, особено од конзервативни кругови, кои тврдат дека финансиските институции од политички причини дискриминираат одредени индустрии, како производството на оружје и фосилните горива. Овие притисоци дополнително се засилија за време на вториот мандат на Трамп, при што тој повеќепати ги обвини банките дека му ускратуваат услуги нему и на други конзервативци, што банките го негираат.Главниот американски банкарски регулатор, Office of the Comptroller of the Currency, во декември соопшти дека девет од најголемите американски банки меѓу 2020 и 2023 година ограничиле финансиски услуги за одредени индустрии, меѓу кои нафтената и гасната индустрија, криптосекторот, тутунската индустрија и производителите на огнено оружје. Регулаторот наведе дека дел од овие практики биле поврзани со еколошки, општествени или политички цели, но дека некои од нив во меѓувреме биле ублажени, додавајќи дека и натаму разгледува илјадници претставки за ускратени банкарски услуги.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarye9bu0l9ecqbh5bfmieA

Муцунски од Истанбул: Регионалната стабилност се гради со мерливи резултати, не со декларации

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, што се одржа во Истанбул, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.Во своето обраќање, Муцунски ја нагласи потребата од реалистичен и резултатски ориентиран пристап кон регионалната соработка, посочувајќи дека стабилноста не е даденост, туку процес што се гради преку јасно дефинирани интереси, практична соработка и конкретни резултати кои граѓаните директно ги чувствуваат во секојдневието. Тој оцени дека во услови на зголемена глобална фрагментација, конкурентност и безбедносни предизвици, земјите од Западен Балкан треба да ја претворат својата географска положба во предност, а политичките определби во мерливи исходи.Министерот ја истакна значајната улога на Република Турција како сосед, сојузник во НАТО, важен економски партнер и стратешки мост за регионот, оценувајќи дека Балканската платформа за мир претставува корисен механизам за претворање на политичкиот дијалог во конкретни активности. Во таа насока, Муцунски предложи јасна и остварлива агенда за продлабочување на соработката меѓу Турција и земјите од Западен Балкан, со фокус на економската и инвестициската поврзаност, енергетската безбедност, унапредувањето на транспортната и трговската инфраструктура, како и задржувањето на младите и квалификуваната работна сила во регионот.Посебен акцент беше ставен и на зајакнувањето на регионалната безбедносна соработка, вклучително и справувањето со современите закани како организираниот криминал, сајбер-нападите, дезинформациите и насилниот екстремизам. Муцунски нагласи дека за овие предизвици е неопходна засилена координација меѓу државите, заеднички обуки и поинтензивна размена на информации.Тој истакна дека Република Македонија е подготвена активно да придонесе кон оваа агенда преку инвестирање во енергетска диверзификација, унапредување на регионалната поврзаност, јакнење на безбедносните партнерства и континуирана посветеност на дијалогот и добрососедските односи. Во завршницата на обраќањето, Муцунски порача дека кредибилитетот на Балканската платформа за мир треба да се мери преку конкретни резултати, јасно дефинирани активности, носители и рокови, нагласувајќи дека во актуелната деценија довербата нема да се гради врз основа на намери, туку врз основа на испорачани резултати.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library0ai64uufuoeb1KkVQtj

Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за Кривичниот законик, членот 353 остана избришан

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, обвини дека коалицијата ВМРО-ЗНАМ на денешната комисиска расправа ги одбила сите амандмани поднесени од СДСМ за Кривичниот законик, вклучително и предлогот за враќање на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластување, во формата пред измените од 2023 година.Според Тренчевска, причината за ваквата одлука е јасна – со сегашните законски решенија, како што рече, не постои вистинска одговорност во најкритичната област, а тоа се тендерите. Таа оцени дека без силен и ефикасен член 353, владејачката коалиција си остава простор државните пари да се распределуваат кон блиски фирми, без страв од санкции.Тренчевска информираше дека бил одбиен и амандманот со кој СДСМ барало бришење на рокот од пет години за конфискација на имот стекнат со криминал, посочувајќи дека е недозволиво украдениот имот од граѓаните да не може да се конфискува без оглед на времето кога е стекнато. „Правда со рок на траење не е правда“, порача таа.Како трет спорен момент, Тренчевска наведе дека владејачкото мнозинство одбило да воведе строги и јасни правила за функционирањето на системот „Safe City“, со кои дигиталните податоци и снимки би се бришеле во рок од 48 часа, а пристап до нив би бил можен исклучиво со судски налог. Според неа, со ваквото решение се остава простор за злоупотреби и за претворање на Министерството за внатрешни работи во партиски инструмент за следење, притисоци и уцени врз граѓаните.Дополнително, таа посочи дека биле одбиени и амандманите за драстично зголемување на казните за организиран криминал, како и за проширување на условите за конфискација, со цел криминалниот имот да не може да се сокрива зад туѓи имиња, параван-фирми и фиктивни сопственици. Тренчевска истакна дека не поминале ниту предлозите за зајакната кривично-правна заштита на децата од најтешките форми на експлоатација.„Ова е уште еден доказ за она што СДСМ подолго време го говори – се случува грабеж на државните пари преку криминални тендери, а наместо правда, гледаме обид за спас од одговорност“, изјави Тренчевска.Таа порача дека, и покрај актуелните одлуки, одговорност за криминал ќе има. „Кога-тогаш, никој нема да се спаси. Сите ќе одговарате“, порача потпретседателката на СДСМ.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarygvi9dbsv3avk9Z2wiRr

Уметност и хуманост во едно: Mozzart дели бесплатни карти za „Олд Сејбрук“

Mozzart подарува бесплатни карти за претставата „Олд Сејбрук“ и ги отвора вратите на една вечер во која театарот дише со полни гради.Кога светлата ќе се пригушат, а сцената оживее, започнува патување низ смеа што ослободува. Секој дијалог носи трага од искреност, секоја тишина има своја тежина, а секоја емоција го наоѓа патот до публиката.Театар Комедија ќе биде дом на една посебна приказна на 11 февруари.Настанот носи и хуманитарна мисија. Присутните ќе имаат можност преку SMS порака да донираат за организацијата Банка за храна. Една порака – еден оброк за оние на кои им е најпотребно. Така секој аплауз ќе одекне двојно: како радост на уметноста и како глас на добрината.Валентин Костадиновски, Дарја Ризова, Елена Кузманов, Благој Веселинов, Атанас Атанасовски, Маја Љутков и Тони Денковски ќе ве поведат низ свет полн со емоции, каде секој збор и секој поглед на сцената ќе потсетат дека уметноста е најубавиот начин да се сподели човечноста.Сите љубители на уметноста и хуманоста се поканети да бидат дел од оваа незаборавна вечер каде душата и сцената се спојуваат во едно.Од понеделник, 26.01.2026, своите карти можете да ги обезбедите на билетарата во Театар Комедија.Количините се ограничени – најбрзите ќе имаат привилегија да бидат дел од ова искуство. Влезот е бесплатен, а картите ќе се делат сè до пополнување на капацитетот.Mozzart и Театар Комедија ветуваат вечер што ќе ја паметите – вечер во која уметноста и хуманоста се прегрнуваат и создаваат незаборавна симфонија на добрина. (ПР)

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryrtt3n01tp0i97dq9Jay

Првата обоистка од МОБ: 30 години служам на МОБ, а денес сум жртва на тортура и мобинг

Татијана Петрушевска, прва обоистка на оркестарот на Национална опера и балет, каде што работи повеќе од 30 години, јавно обвини за системски притисоци, мобинг и незаконски постапки врз уметниците и вработените во институцијата, посочувајќи дека состојбата кулминирала по доаѓањето на директорот Оливер Арсовски.Петрушевска изјави дека преку поддршка од Синдикатот на културата, таа и нејзини колеги писмено се обратиле до министерот за култура со барање за итна заштита од, како што наведе, континуирани притисоци, уцени и закани, особено кон жените уметници.„Како уметник, 30 години безпрекорно ја извршувам својата работа. Но, во последната година јас и моите колеги сме изложени на тортура. Сето тоа кулминираше со забрана за мој влез во МОБ и со казна од 50 проценти намалување на платата во наредните шест месеци. Тоа е спротивно на процедурите и надвор од ингеренциите на директорот, кој сам не може да донесува такви одлуки“, изјави Петрушевска.Според неа, ваквите одлуки се доказ за насилнички однос и обид за демонстрација на надмоќ. Таа посочи дека уште од првиот момент кога притисоците кулминирале, во нејзина заштита застанале првите инструменталисти на оркестарот, со цел да се смири тензијата, но, како што рече, диригентот, инструиран од директорот, продолжил со заканите.„На состанок беше кажано дека додека е жив нема да престане да ме гони мене – жена, обоист и докажан уметник. Закани добиваа и колегите кои застанаа во моја одбрана. Со највулгарен речник ни се обраќаат секојдневно. Денес, 15 години по првото директорување на Арсовски, сценариото се повторува. Јас, како жена и прв обоист, бев избрана за мета на мобинг“, рече Петрушевска.Таа побара од Министерство за култура итно да преземе мерки и да обезбеди заштита за неа и за сите колеги и колешки кои, како што наведе, се изложени на секојдневен мобинг. Воедно изрази сомнеж дека министерот ќе реагира соодветно, имајќи ја предвид, како што рече, нивната соработка од 2016 година.„Ќе го повикам и премиерот итно да ја истражи состојбата во МОБ, која не е само институционално, туку и меѓучовечки целосно девастирана“, додаде Татијана Петрушевска.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
IMG_2199

Песков: Повлекувањето од Донбас е клучен услов за завршување на конфликтот

Русија денеска соопшти дека и натаму бара Украина да ги повлече своите вооружени сили од источниот дел на земјата како предуслов за решавање на конфликтот, во пресрет на разговорите во Абу Даби меѓу руски, украински и американски претставници.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалното прашање останува главната нерешена точка и дека ќе биде на дневен ред на преговорите што ќе се одржат во петок и сабота. Ова ќе бидат првите директни разговори меѓу Москва и Киев поврзани со американскиот план за надминување на конфликтот.Портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков, изјави дека повлекувањето на украинските сили е суштински услов. „Украинските вооружени сили мора да го напуштат Донбас, мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, порача Песков, додавајќи дека без решавање на територијалното прашање е бесмислено да се очекува склучување долгорочен договор.Русија бара повлекување на украинските сили од Донбас, индустриски и рударски регион во источна Украина кој ги опфаќа областите Доњецк и Луганск. Нејзините барања особено се однесуваат на Доњецката област, која Русија делумно ја контролира и која и натаму останува епицентар на борбите.Средбата во Абу Даби треба да се одржи еден ден по две средби на највисоко ниво – разговорите во Давос меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, како и средбата во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryia6ddoqmq16c2wI816J

Британија: Го разбираме разочарувањето на Зеленски, но поддршката за Украина е недвосмислена

Британската влада официјално одговори на критиките што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги упати кон европските сојузници за време на неговиот настап на Светски економски форум во Давос, каде што ги обвини за неактивност и одолговлекување во однос на прашањата за одбраната и безбедноста.На прашање до портпаролот на Downing Street, во врска со тврдењата дека сојузниците на Киев се слаби и неодлучни, беше посочено дека Велика Британија ја разбира и ја споделува фрустрацијата на украинскиот претседател.„Како што се приближува четвртата годишнина од инвазијата, ја разбираме и ја делиме фрустрацијата на претседателот Зеленски поради продолжувањето на овој варварски војен конфликт. Обединетото Кралство секогаш преземало решителни чекори кога станува збор за Украина, вклучително и водечка улога во Коалицијата на подготвените. Се обврзавме на 1,2 милијарди фунти билатерална и хуманитарна помош. Додека дипломатијата продолжува, стоиме покрај Украина за да ја обезбедиме нејзината одбрана“, изјави портпаролот.На дополнително прашање дали британскиот премиер Кир Стармер смета дека Европа мора да направи повеќе, од Downing Street порачаа дека пораката е јасна.„Премиерот е дециден во поширока смисла: Европа мора да го засили својот ангажман во областа на одбраната и безбедноста. Клучниот фактор останува Путин, кој може веднаш да ја заврши војната“, беше наведено во реакцијата на британската влада.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Донбас во фокусот на разговорите меѓу Украина, Русија и САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, кои денеска се одржуваат во Обединетите Арапски Емирати, ќе бидат фокусирани на статусот на источниот украински регион Донбас.„Прашањето за Донбас е клучно. За него ќе се разговара, како и за моделите, односно за тоа како го гледаат сите три страни“, изјави Зеленски, осврнувајќи се на разговорите што се одржуваат во Абу Даби, каде што Украина испраќа своја делегација.Тој нагласи дека овие разговори ги гледа како можен исчекор кон ставање крај на војната, иако, како што рече, исходот не може однапред да се предвиди. „Ова е чекор, се надевам кон завршување на војната, но можни се различни сценарија“, додаде украинскиот претседател.Зеленски информираше и дека за Донбас разговарал вчера со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Според него, двајцата претседатели во тие разговори ги „финализирале безбедносните гаранции“ за Украина и отвориле прашања поврзани со дополнителни ракети за противвоздушна одбрана, неопходни за пресретнување на руските балистички проектили.„Се надевам на позитивен исход“, порача Зеленски, оценувајќи дека претстојните разговори можат да имаат значајна улога во идниот развој на мировниот процес.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Би-Би-Си: Клучен момент за Украина во напорите за мир

Украина се наоѓа во клучен и чувствителен момент, во кој максимално се ангажира и демонстрира подготвеност за соработка додека Белата куќа на Доналд Трамп ги предводи напорите за постигнување мир, оценува BBC во својата анализа.Како што наведува Би-Би-Си, Киев практично нема друг избор освен да настапува конструктивно, бидејќи без американска поддршка не може ефикасно да се брани од руската агресија. Затоа, за Украина е од суштинско значење да го задржи претседателот Трамп на своја страна.Иако украинската страна искрено посакува крај на борбите, од перспектива на Киев, првите трипартитни разговори претставуваат вистинска пресвртница. Во нивниот фокус ќе бидат американските безбедносни гаранции за Украина, како и можноста, според зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, да се утврди дали Москва навистина е сериозна кога зборува за мир или само тактизира.Украина, како што оценува Би-Би-Си, повеќе наклонува кон второто сценарио. По речиси четири години војна од целосен обем, руските ракетни и беспилотни напади повторно се интензивирани и сè почесто се насочени кон цивилната енергетска инфраструктура.Среде суровата зима, рускиот претседател Владимир Путин, според анализата, се обидува да ја скрши Украина преку студот и енергетскиот притисок.Сепак, во рамки на преговорите, најголемата јавна пречка останува прашањето за територијата, односно руското барање Украина да отстапи области кои Русија не успеа да ги освои на бојното поле. Политичарите често зборуваат за „црвени линии“, а според Зеленски, една таква јасна линија е источниот регион Донбас, која Украина, како што нагласува тој, нема намера да ја премине.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања