3 нед.
media-library8d73jmvenr3i7DKssoD

Сопственикот на барот во Кран-Монтана, каде што загинаа 40 лица, пуштен од притвор со кауција

Сопственикот на барот „Констелацион“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, Жак Морети, каде што во новогодишната ноќ избувна смртоносен пожар во кој загинаа 40, а беа повредени 116 лица, е пуштен од притвор во градот Сион.Морети е пуштен на слобода откако платил кауција во износ од 200.000 швајцарски франци, односно околу 215.000 евра.Тој се наоѓал во притвор од 9 јануари 2026 година, но со плаќањето на кауцијата му било овозможено условно пуштање на слобода, пренесуваат француските медиуми.Истражниот суд на кантонот Вале одреди Морети да биде под „алтернативни мерки“ со цел да се спречи негово евентуално бегство. Исто така забрането е да ја напушта територијата на Швајцарија и должен е на Јавното обвинителство да им ги предаде сите лични документи и документите за престој.Голем број од жртвите и нивните семејства ја изразија својата огорченост поради одлуката на швајцарскиот суд, оценувајќи ја како „вистинска измама“.Жак Морети и неговата сопруга Џесика Морети и натаму се предмет на кривична истрага за „убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и предизвикување пожар од небрежност“.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
uapsen

Тргнал да изврши кривично дело, па нападнал полицаец: Пијан возач уапсен кај Свети Николе

На 23.01.2023 година во 05.55 часот на регионален пат Свети Николе - Пробиштип од страна на полициски службеници од Свети Николе било сопрено возило управувано од М.П.(32) од Пробиштип по претходно добиени оперативни сознанија дека истиот се движи кон Свети Николе со намера да изврши кривично дело.Откако било сопрено возилото кое го управувал М.П. излегол од истото и започнал недолично и агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што физички нападнал еден полициски службеник.М.П. е лишен од слобода, извршено му е алкотестирање при што е утврдено дека има 2.38 примили алкохол во крвта. Во координација со јавен обвинител, поднесена е кривична пријава до ОЈО Свети Николе за сторени кривични дела "Напад врз службено лице при вршење работи од областа" по член 383 и "Загрозување на сигурноста спрема службено лице" по член 144 од Кривичниот законик.Пријавата беше веднаш процесуирана и ОЈО Свети Николе веќе поднесе обвинение за наведените кривични дела сторени кон полициски службеник. Со обвинението е поднесен и предлог за определување мерка притвор, кој е прифатен од Судот и на обвинетиот му е определена притворска мерка.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
marihuana

Падна дилер на булевар: Полицијата пронајде килограми марихуана во возило со скопски таблички

На 23.01.2026 година околу 14:00 часот на бул."Јадранска магистрала" во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е сопрено патничко возило "пасат" со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(31) од Куманово.При преглед на возилото во багажниот простор пронајдени и одземени се повеќе од пет килограми на марихуана.Д.Б. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-library00r7e8vnfr5v0H8pNfO

Зеленски: Не сме да се затвораат очи пред овие напади – Русија мора да добие силен одговор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти во објава на социјалната мрежа Икс дека во ноќешниот напад врз Киев загинало едно лице, а десетици биле повредени, меѓу кои и дете, при што биле оштетени породилиште и студентски дом.„Русија во текот на ноќта изврши масовен напад врз нашите региони, лансирајќи повеќе од 370 јуришни дронови и 21 ракета од различни типови. Мета беа Киев и неговата околина, како и Сумската, Харковската и Черниговската област. Во Харков беа оштетени породилиште, студентски дом во кој се сместени раселени лица, медицински факултет и станбени згради. Досега е пријавено дека се повредени десетици луѓе, меѓу кои и дете“, наведе Зеленски.Тој додаде дека, за жал, во нападот загинало едно лице и изрази сочувство до семејството и најблиските. Зеленски истакна дека мета биле и енергетски објекти и дека сите надлежни служби се на терен и работат на санирање на последиците, меѓу кои спасувачките екипи, медицинските служби, општинските служби, енергетските работници и екипите за поправки.Украинскиот претседател им се заблагодари на сите што учествувале во одбраната и посебно на припадниците на противвоздушната одбрана кои го одбиле нападот, а воедно упати повик до меѓународните партнери на Украина.„Секој ваков руски напад врз нашата енергетска инфраструктура докажува дека не смее да има одложувања во испораката на противвоздушна одбрана. Не смеат да се затвораат очите пред овие напади – тие мора да добијат силен одговор. Сметаме на реакцијата и помошта од сите наши партнери. Секоја ракета за системите Patriot, NASAMS и другите системи помага во заштитата на критичната инфраструктура и им овозможува на луѓето да го издржат зимското студенило“, порача Зеленски, додавајќи дека мора целосно да се спроведе сè што било договорено со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос во врска со противвоздушната одбрана.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

ВМРО подготвува новo движење по моделот на Вучиќ за контролирана и раситнета опозиција, вели СДСМ

ВМРО подготвува ново движење кое треба да прерасне во нивна сателит партија во Македонија. Уште едно copy-paste сценарио по моделот на Вучиќ за контролирана и раситнета опозиција, вели СДСМ„Станува збор за Српска демократска лига, која ќе биде копија на Српската лига – партија со проруски наратив и силна поддршка на „Русија“. Тука од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател поради неговите врски со СНС. Тој треба да ја замени улогата на Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин.Се разговара и со други квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со финансиска помош од ВМРО. За нови движења со кои треба да се збунат гласачите и да се намали поддршката на СДСМ.Тоа е политика на така наречени „карирани стројници“ и „кафански конгреси“.Целта е едноставна: раздробување на гласовите и слабеење на вистинската опозиција – СДСМ. Единствената опозиција што не е контролирана, за разлика од сите оние што одат на состаноци (давајќи легитимитет на тендерската коалиција да продолжи со ограбување на државата преку тендери) и што во Собранието гласаат за законите на ВМРО, кои утре ќе бидат злоупотребени за цели на следење на опозицијата.Сега веќе на сите им е кристално јасно зошто се постојаните напади на СДСМ, обидите за рушење на партијата и црните кампањи“,се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
ChatGPT

Подгответе се: рекламите пристигнуваат во ChatGPT

Американската истражувачка организација за вештачка интелигенција OpenAI почна да им ги нуди своите нови реклами во четбот на десетици огласувачи, објави весникот „The Information“.Според извештајот, во текот на пробниот период кој ќе трае неколку недели, OpenAI од група огласувачи бара потрошувачка помала од еден милион долари од секој поединечно, а рекламите треба да стартуваат на почетокот на февруари, пренесува Ројтерс.Како што наведуваат изворите, компанијата ќе ги наплатува своите услуги врз основа на бројот на прикажувања на рекламите, а не според кликнувањата. OpenAI засега не нуди технологија што би им овозможила на огласувачите самостојно и лесно да купуваат реклами, но работи на развој на таканаречени самостојни огласни решенија.Оваа вест доаѓа откако компанијата, поддржана од Microsoft, минатата недела соопшти дека ќе започне да прикажува реклами во четботот ChatGPT на дел од корисниците во САД.Со овој потег, OpenAI ги засилува напорите за остварување приходи од својот четбот со вештачка интелигенција, со цел да ги покрие високите трошоци за развој на технологијата. Ова претставува значителен пресврт за компанијата, која досега главно се потпираше на претплатнички модели.Потегот воедно го покажува и притисокот со кој се соочува OpenAI да ги зголеми приходите, додека истовремено значајно инвестира во центри за податоци и инфраструктура.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-library6eai9u2rols82JtnOwX

Тоше живее преку музиката: Аеродром оддаде искрена почит на Тоше Проески

Со силни емоции, насмевки и искрена почит кон ликот и делото на Тоше Проески, вчера во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром се одржа културно-уметничкиот настан „Тоше те сакаме“.Настанот беше топла и достоинствена почит кон музичката и човечка големина на Тоше Проески, обединувајќи деца, млади, наставници, родители и граѓани околу заедничката порака дека споменот за Тоше живее и продолжува да инспирира.Програмата вклучуваше музички настапи, изведби на песни од Тоше Проески, детски и ученички перформанси, како и изложбен и културен сегмент, преку кои на достоинствен и искрен начин беше оддадена почит на неговото трајно културно наследство.На настанот настапија: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов.„Тоше те сакаме“ е иницијатива на жителите, а беше поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Boemot и RVR Brend.Влезот за настанот беше бесплатен, а сите учесници-музички уметници, изведувачи и партнери учествуваа доброволно и без финансиски надомест, со што целиот настан беше реализиран без финансиски трошоци, воден исклучиво од желбата за заедништво, култура и почит.Настанот „Тоше те сакаме“ уште еднаш покажа дека споменот за Тоше Проески не е само минато, туку жива вредност што ги поврзува генерациите и ја негувa хуманоста, музиката и љубовта како универзални пораки.

Скопје | пред 3 седмици

3 нед.
media-librarym3ip5mopev31abkWtHm

Почина 12-годишно момче по напад од ајкула во Сиднеј, оштетена заштитната мрежа

Дванаесетгодишнотo австралискo момче Нико Антиќ почина во болница, една недела откако беше нападнат од ајкула во сиднејското пристаниште, соопшти денеска неговото семејство.Ајкулата го нападнала момчето во неделата додека со другари скокал од карпи во населбата Воклиз, на околу девет километри од деловниот центар на Сиднеј, пренесува Ројтерс. Неговите пријатели успеале да го извлечат од водата и тој бил пренесен во болница со тешки повреди на двете нозе.Како што изјави портпарол на Итната помош, момчето било извлечено од водата на плажата Шарк, во паркот Нилсен, во источните предградија на Сиднеј, по што било транспортирано во Детската болница во Сиднеј на лекување поради сериозните повреди.Плажата на која се случил нападот е затворена, а полицијата им препорача на капачите да избегнуваат влегување во морето. Според локалните медиуми, заштитната мрежа за ајкули во паркот Нилсен била оштетена за време на големи бранови во април 2025 година, а поправките биле завршени на почетокот на декември. Се смета дека момчето во моментот на нападот пливало надвор од заштитната мрежа.Инцидентот доаѓа во период на зголемена загриженост во Австралија, откако десетици плажи, меѓу кои и оние во Сиднеј, беа затворени оваа недела по четири напади од ајкули во само два дена. Во септември, сурфер беше усмртен од ајкула на плажата Лонг Риф во Сиднеј.Според податоците на организации за заштита на природата, во Австралија годишно во просек се регистрираат околу 20 напади од ајкули, од кои три завршуваат со смртен исход.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да испита дали милионските трансфери на Филипче кон „Жан Митрев“ биле дел од план за преземање профитабилен бизнис

Во СДС ништо ново. Случајот кој неодамна почна да се обелоденува пред јавноста, за кој сопственикот на приватна болница, д-р Жан Митрев се произнесе на национална телевизија за тоа како сегашниот претседател на опозициска СДС, Венко Филипче, и екс премиерот, Зоран Заев, е уште еден пример кој сведочи за начинот на кој претходната власт владееше, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче како министер за здравство, имал желба да има приватна болница, а бил и подготвен да ги преземе сите неопходни чекори за да ја исполни истата.Тој и неговиот ментор, смислиле шема, како на легален начин, да му ја одземат приватната болница на д-р Жан Митрев.Му било кажано, дека ќе му помогнат во судскиот спор, и ќе го ослободат од обвиненијата против него, затоа што во тој момент д-р Жан Митрев имал отворен судски процес против него, па му биле блокирани личната и сметката на болницата, а имало и забрана за продавање на болницата.Откако брзата птица итрица Заефче смислила план, на Митрев му било дозволено да продава удели во болницата.Фактот што Филипче бил министер во време кога трансферите од државата кон болницата драстично растат, сопственикот имал притисоци и понуди за помош во судски постапки е уште еден доказ за животното мото на Заефче, кадија те тужи кадија те суди.Најверојатно, за откако Филипче ќе ја одземе болницата, да си наследи веќе профитабилен бизнис.Филипче да се занимаваше малку со тоа што е во описот на функцијата министер за здравство, со јавните интереси, немаше да го доведе здравството на колена.Затоа, за овој случај, ЈО треба да  ги разгледа  индициите за изнуда и сторен криминал“; се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
Iran

Во Иран погубени двајца мажи поврзани со Исламска држава

Во Иран се погубени двајца мажи поради поставување бомба во автобус кој превезувал аџии во 2023 година, а кои биле поврзани со Исламската држава (ИСИС), соопшти денеска иранската правосудна новинска агенција „Мизан“.Како што потсетува агенцијата, во нападот било убиено едно дете, а неколку други патници биле повредени во автобусот кој патувал од Техеран кон Илам, провинција во западниот дел на земјата, на границата со Ирак.Според „Мизан“, двајцата мажи биле директно инволвирани во поставувањето на експлозивната направа во автобусот, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 3 седмици

3 нед.
netfliks-960x522-1

Netflix ја објави листата на најгледани филмови и серии во втората половина од 2025 година

Netflix ја објави листата на најгледаните филмови и серии во втората половина од 2025 година, а апсолутен победник е анимираниот хит „K-pop Demon Hunters“, додека кај сериите доминираа „Wednesday“ и „Stranger Things“.Анимираниот филм „K-pop Demon Hunters“ стана најгледан наслов на Netflix во период од шест месеци, со што дополнително го зацврсти статусот на поп-културен феномен. Според најновиот извештај на Netflix, „What We Watched“, кој дава детален преглед на гледаноста на сите наслови од јули до декември 2025 година, филмот остварил убедливо најдобри резултати.Во втората половина од годината „K-pop Demon Hunters“ забележал 482 милиони прегледи, при што во таа бројка не се вклучени првите денови по премиерата на 20 јуни. Филмот неодамна освои повеќе Златни глобуси, а како што пишува „Deadline“, сè почесто се споменува и како сериозен кандидат за Оскар.За споредба, филмот „Happy Gilmore 2“, кој премиерно беше прикажан еден месец подоцна, на 25 јули, до декември на глобално ниво собра 135,1 милион прегледи.Кога станува збор за сериите, најгледана била втората сезона на серијата „Wednesday“. Нејзиното емитување започна на 6 август, а до крајот на годината оствари 123,9 милиони прегледи. Првата сезона заврши на осмото место со 47 милиони прегледи.И покрај тоа што имаше многу малку време за собирање прегледи, петтата сезона на „Stranger Things“ се искачи на второто место со 93,5 милиони прегледи. Овој резултат ги опфаќа само првите неколку часа од достапноста на финалето, кое во САД премиерно беше прикажано во новогодишната ноќ. Се очекува серијата да ја задржи високата позиција и во извештајот за првата половина од 2026 година.Меѓу десетте најгледани серии се најдоа и првите две сезони на „Stranger Things“. Првата сезона го зазеде петтото место со 57 милиони прегледи, додека втората заврши на десеттото место со 45 милиони.Очекувано, последната сезона на „Squid Game“ оствари многу висока гледаност. Забележителен успех имаше и серијата „Untamed“, која првично беше замислена како мини-серија. Со 92,8 милиони прегледи од премиерата на 17 јули до крајот на годината, таа го зазеде третото место, што беше клучна причина за потврда на втора сезона.На листата се најде и новото продолжение од серијалот „Monster“ на Рајан Марфи. Серијата „Monster: Приказната за Ед Гин“ го зазеде шестото место со 56 милиони прегледи по премиерата на 3 октомври. Серијата „Шон Комбс: Пресметка“ оствари 50,8 милиони прегледи и заврши на седмото место, иако беше премиерно прикажана дури на 2 декември.Треба да се има предвид дека овие податоци се однесуваат исклучиво на гледаноста во последните шест месеци од годината и не ја прикажуваат целосната слика за цела 2025 година. Во првата половина од годината најгледани наслови биле „Adolescence“ и „Back in Action“.Од јули до декември, корисниците на Netflix вкупно изгледале 96 милијарди часови содржина, што е за една милијарда часа повеќе во споредба со првата половина од годината, соопшти стриминг-сервисот.

Магазин | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

СДСМ: Орбан преку Мицкоски го шири влијанието на Балканот

СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, кои откриваат како унгарскиот премиер Виктор Орбан го шири своето влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот. Во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои сам си ги снимаше се гледа дека имал само неколку средби со негови партнери меѓу кои и сопственикот на унгарската 4iG, велат од опозициската СДСМ.„Политичката и бизнис спрега на релација Орбан-Мицкоски влијае и врз Македонија.Според најновите информации, унгарската енергетска компанија MOL, блиска до Орбан, потпишала прелиминарен договор во обид за купување на 56,15% од акциите во српската нафтена индустрија (НИС), која досега беше под контрола на рускиот Газпром.Овој обид не е само бизнис потег, таа е дел од Орбановиот план за контрола врз енергетските ресурси во регионот, вклучувајќи го и главниот енергетски систем на Србија, кој НИС го доминира како единствен рафинерија за нафта во земјата.Покрај ова, Орбан преку унгарски компании веќе инвестира во банкарскиот сектор во Србија, како што е случајот со OTP банка, која има значително присуство и аквизиции во регионот, како и во различни сфери на бизнисот.Ова ширење на влијанието сега го опфаќа и енергетскиот сектор, со планови за нафтовод меѓу Србија и Унгарија и зголемени испораки на нафта од MOL кон Србија поради санкциите.Двете земји и понатаму одржуваат блиски односи со Русија иако тоа е спротивно на политиката на ЕУ која бара и воведување на санкции.Во исто време и Мицкоски најавува интерес за енергетски проекти во Македонија.Овие чекори се дел од затворениот круг Фидес-СНС-ВМРО, каде што Орбан, Вучиќ и Мицкоски соработуваат за да ги зајакнат своите позиции на штета на европските интеграции и демократијата.Ова не е изолиран случај, потсетува на веќе видените врски, како што е влезот на 4iG во македонскиот телеком сектор, која е блиска до Орбан и добива масивна државна поддршка во Унгарија.Таквите инвестиции служат за зголемување на контролата врз стратешки сектори, медиуми и информации, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што ја изолираат регионот од ЕУ.СДСМ веќе неколку месеци предупредува за овие планови на ВМРО, кои копираат модели од Фидес и СНС, злоупотребувајќи ја власта за лични и партиски интереси.СДСМ повикува на будност и заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија.Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност.Борбата за праведна и европска Македонија продолжува“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС-ДУИ на дело и во опозиција, пратениците на Али и Венко гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Коалицијата СДС и ДУИ во текот на вчерашниот ден во Собранието уште еднаш докажа дека функционира следејќи ги само своите интереси и не поддржува ништо корисно за граѓаните, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.„Измените на Законот за прекршоци со кои се заокружува правната рамка за функционирање на проектот „Безбеден град“ не ја поддржаа пратениците од овие две опозициски партии.Во текот на вчерашниот ден граѓаните сведочеа на СДС-ДУИ коалиција на дело, коалиција која функционира и во опозиција, коалиција која не се грижи за безбедноста на граѓаните во сообраќајот.СДС и ДУИ едноставно стапија во брак кој е против безбедноста и животите на граѓаните.И за што беа СДС и ДУИ против, беа против систем кој дава резултати.Безбеден град е систем кој на првиот ден на функционирањето регистрираше околу 110 илјади прекршоци, а истите беа намалени на половина за 24 чaса.Дека безбеден град е потребен говори и  фактот што Македонија е над европскиот просек кога станува збор за жртви од сообраќајни несреќи. Европскиот просек е 45 жртви годишно на еден милион жители, а бројката во Македонија е 65 жртви годишно на еден милион жители.Сите препознаа дека станува збор за корисен проект освен СДС и ДУИ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
pat-magla

Влажни коловози и магла: видливоста на патот Тетово – Попова Шапка намалена на 30 до 40 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози, информираат надлежните служби. Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, а екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и во континуитет се на терен, каде што се врши расчистување на снегот и одржување на патните правци.Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт, се спроведуваат усогласени активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и во наредниот период. Надлежните апелираат до возачите на внимателно и совесно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината на условите на патот.Посебно внимание се препорачува поради намалена видливост на повеќе патни правци. Најкритична е состојбата на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде поради магла видливоста е намалена на само 30 до 40 метри. Намалена видливост од 50 до 100 метри има на правецот Делчево – Пехчево, од 100 до 150 метри на патот Куманово – Крива Паланка, како и на планинските превои Ѓавато и Пресека, додека на превојот Плетвар таа изнесува до 50 метри.Од надлежните институции препорачуваат возачите редовно да се информираат за состојбата на патиштата преку официјалните информативни центри, со цел навремено и безбедно планирање на патувањата.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
planina-magla-snezna-bura

Магливо утро, дожд и снег на планините: нестабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла претпладне по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планинските предели од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се движи во интервал од –4 до 1 степен, додека максималната дневна температура ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со магла во утринските часови, а попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до –1, а максималната ќе достигне до 7 степени.Нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови. Во недела се очекува променлива облачност со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во понеделник, кога на некои од повисоките места дождот ќе преминува во снег. Краткотрајно стабилизирање на времето се најавува за вторник, додека од среда повторно се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
popova-sapka

Попова Шапка со најмногу снег: 30 сантиметри снежна покривка утрово

Попова Шапка утрово измери најголема снежна покривка во земјава, со 30 сантиметри снег до 7 часот. Значителна снежна обвивка е регистрирана и на Маврови Анови со 11 сантиметри, како и во Крушево со 4 сантиметри.Минималните утрински температури се спуштија под нулата во повеќе места: најстудено беше во Берово со –4 степени, потоа на Попова Шапка и во Крива Паланка со –3, додека –2 се измерени во Пожаране и Тетово. Во Скопје утрото донесе –1 степен на Петровец и Зајчев Рид, а околу нулата се движеше температурата во Велес, Демир Капија, Битола, Претор, Кавардарци и Прилеп. Позитивни минимални вредности се измерени во Крушево, Штип, Охрид и Виница, а најтопло утро имаше Струмица со 3 степени.Времето денеска ќе биде променливо облачно, со појава на магла претпладне по одделни котлини. Во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи меѓу 8 и 12 степени, додека во Скопје се очекува до 7 степени, со магла претпладне и сончеви периоди попладне.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-libraryto3t75tj2umt3zl0yAV

Куќа, станови, булдожери и милионска гаранција дал конзулот Марковски и се спаси од притвор

Кривичниот совет од Основниот суд Битола соопшти дека му ја укина мерката притвор на Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Тој е еден од осумте обвинети за злоупотреба на тендерот за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј” во рудниците на РЕК „Битола“ вреден 1,7 милиони евра.Според судот, гаранцијата е во износ од 4 937 317 евра, или речиси трипати повисока од евентуалната имотна корист“.Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор.На 16 јануари годинава, Кривичниот совет при Основниот суд Битола одржал седница на која ја прифатил жалбата на обвинетиот – прифатил да се определи гаранција од 4,9 милиони евра во движен и недвижен имот, да се укине мерката притвор и да се определат мерки на претпазливост – привремено одземање на пасошот и забрана за издавање нов, како и обврска обвинетиот еднаш неделно да се јавува во Основниот суд Битола.Марковски заедно со уште седум лица се сомничат дека незаконски наплатиле над 1, 7 милиони евра од РЕК Битола, иако дел од договорените работи не биле извршени.Неговата компанија е основана во 2002 година а во 2024 година остварила приходи од над 45 милиони евра.„Марковски Компани“ со години добивала огромни договори во РЕК Битола, ископ на јаглен, јаловина, одржување и механизација. Најголемиот тендер во 2023 година беше вреден рекордни 46 милиони евра.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library8r67i2vhuh6339q7VX2

Судијата поради парите во ѕид ќе си остане во куќен притвор

Жалбата на судијата Ѓоко Ристов, со која бараше да биде ослободен од куќен притвор, е одбиена, соопшти Кривичниот суд.Како што информираат од судот, Кривичниот совет, постапувајќи по жалбата на осомничениот Ѓ.Р., ја потврдил претходно донесената одлука за определување мерка куќен притвор. Со тоа, судијата Ристов и понатаму останува под оваа мерка, донесена во рамки на постапката што се води против него.Од Кривичниот суд наведуваат дека одлуката е донесена по разгледување на сите наводи изнесени во жалбата, при што Советот оценил дека и натаму постојат законските услови за опстојување на мерката куќен притвор.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Тошковски: Собранието покажа политичка храброст – животите на граѓаните над партиските калкулации

Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната политика. Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Посебна благодарност до граѓаните. Во тест периодот тие покажаа дека знаат, можат и сакаат да бидат дел од решението. Со промена на однесувањето во сообраќајот, со почитување на правилата и со зголемена свесност, граѓаните директно придонесоа за поголема безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи, повредите и жртвите. „Безбеден град“ не е систем за казнување, туку систем за спасување животи, а токму граѓаните први го препознаа тоа.За жал, денешното гласање уште еднаш покажа дека СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи. Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи. Овој пат не се одлучуваше за функции, договори или политички пазари, туку за безбедноста на граѓаните, а тие наместо да направат чекор напред, свесно избраа да останат заробени во истите шеми, влечејќи ја државата назад. Имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот. Со тоа го направија својот избор и за тој избор ќе сносат политичка и морална одговорност пред македонските граѓани“, додава Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

3 нед.
media-library1smcg046pk435JI9jSM

Панова: ДУИ денес со гласот против безбеден град покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

„Не сме изненадени од никаква постапка на ДУИ иако беше подадена рака од наша страна и сметавме дека опозицијата треба да научи што е интерес на граѓаните и да ги носат одлуките малце полидерски, тие денес покажаа дека токму поради тоа што не ги слушаат граѓаните се во опозиција и таму треба да останат“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.Панова додаде дека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека за сите оние проекти кои се во интерес и се поддржани од граѓаните, може да обезбеди двотретинско мнозинство со СДС или без СДС, со ДУИ или без ДУИ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги имплементира сите оние проекти ветени пред граѓаните и проекти кои евидентно даваат резултати.„Најпрвин морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика во своето владеење од владеењето на власта на СДС и ДУИ претходно. Ние подадовме рака и направивме еден простор за да се оствари еден консензус за прашања вакви како безбеден град особено кога знаеме дека истите даваат резултати и граѓаните генерално го поддржуваат ваквиот проект. Меѓутоа еве денес уште еднаш ние се уверивме во тоа дека таа подадена рака не секогаш значи добра намера и од другата страна. Тезите коишто излегоа денес на говорница апсолутно не држат никаков простор за коментар, заради тоа што генерално на истите веќе ние дадовме и одговори“, рече Панова.Пратеничката Панова резимираше дека со имплементацијата на ваквиот проект се зголемува безбедноста на граѓаните, а со самото тоа се намалува и бројот на човечки жртви од сообраќајни несреќи, истовремено потенцирајќи дека доколку се спаси барем еден човечки живот сите треба да бидеме горди. Воедно, Панова додаде дека резултатите од тест периодот од еден месец со имплементација на овој проект впрочем зборуваат дека се бележи тренд во намалувањето на изгубени човечки животи, сообраќајни незгоди како и повреди коишто се резултат на сообраќајни незгоди во градот Скопје, Тетово и Куманово.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања