Промени тема
Контакт

Најнови вести

5 ден.
media-librarylbl1e1uu2fr72e5ztJJ

Ја следел поранешната партнерка, најден и уред за следење под нејзиниот автомобил

Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со 35-годишен скопјанец по пријава од неговата поранешна партнерка дека ја следел и ѝ испраќал пораки.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година во 16:40 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со П.Ј. (35) од Скопје.Според пријавата од 25-годишната жена, тој ја следел и ѝ испраќал пораки. Таа, исто така, пријавила дека под своето возило пронашла уред за следење.По

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Државјани на Холандија и Шпанија нападнале жител на Арачиново

Полициски службеници од СВР Скопје привеле двајца странски државјани по пријава за физички напад врз 33-годишен жител на Арачиново во депо на „Железници на РСМ-Транспорт“ АД-Скопје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година, на подрачјето на општина Аеродром, биле приведени А.Х. (37) од Холандија и Х.Ј.Ц.М. (38) од Шпанија.Според пријавата, околу 19 часот, двајцата физички го нападнале И.Џ. (33) од селото Арачиново, скопско.По целосното документирање на сл

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryo2iagrqhe1ld45G19Wc

69-годишник пронајден мртов при гасење пожар во куќа

Безживотно тело на 69-годишен жител е пронајдено при гасење пожар што избувнал во куќа во селото Пирава, валандовско.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен на 21 септември 2026 година околу 17:55 часот во Полициската станица Валандово.На местото извршила увид увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасењето на пожарот, во една од собите било пронајдено безживотното тело на Е.О. (69) од селото.Екипа на Итната медицинска помош од Валан

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
semejno-nasilstvo

31-годишник ја нападнал 18-годишната вонбрачна партнерка

Полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода 31-годишниот Д.Р. од Кочани, по пријава дека физички ја нападнал својата 18-годишна вонбрачна партнерка.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 септември 2026 година во 22:20 часот, полициските службеници постапиле по претходна пријава од 18-годишната девојка.Според пријавата, околу 21 часот, Д.Р. физички ја нападнал во нивниот дом во Свети Николе.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соод

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Германски државјанин приложил фалсификувана полска возачка дозвола на ГП „Блато“

Полициски службеници на граничниот премин „Блато“ лишиле од слобода 29-годишен германски државјанин, откако при граничната контрола приложил фалсификувана полска возачка дозвола.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 21 септември 2026 година во 21:40 часот, при влез во државата. Ј.М.В. (29) од Германија бил задржан откако при проверката било утврдено дека возачката дозвола што ја приложил е фалсификувана.За настанот бил известен јавен обвинител, а по цело

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library7djgeiaegpmg21sm8O4

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа кај Стојаково

27-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат кон селото Стојаково, во општина Богданци.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Гевгелија на 21 септември 2026 година во 17:30 часот. Во неа учествувале патничко возило „шкода“, управувано од Д.Ш. (42) од Стојаково, и мотоцикл „јамаха“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Л.П. (27), исто така од Стојаково.Во судирот со тешки телесни повреди

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarybutgja7oe8mt3GfmGE9

29-годишна кумановка го нападнала вонбрачниот сопруг

Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода 29-годишната В.З. од Куманово поради сомнение дека физички го нападнала својот вонбрачен сопруг.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека жената била приведена во полициска станица во 00:45 часот на 22 септември 2026 година.По целосното документирање на случајот, против В.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarye6eohgkir0dd1pT3Puq

Тешко повреден возач во судир на автомобил и товарно возило во Охрид

Еден човек е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот „Туристичка“ во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.В. (45) од Охрид, и товарно возило „мерцедес“, исто така со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т. (46) од Охрид.Возачот на „аудито“, А.В., се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охри

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Во „тојота корола“ пронајдени 29 ловечки патрони, кривична пријава против 39-годишник

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Н. (39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од МВР информираат дека на 7 мај 2026 година, во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „тојота корола“, управувано од пријавениот.При прегледот во возилото биле пронајдени и одземени 29 ловечки патрони.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

Физички нападнал лице, фрлал предмети и се заканувал со остар предмет во сендвичара

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 1 август 2026 година, во сендвичарница во Прилеп, пријавениот физички го нападнал А.С., а потоа фрлал различни предмети од инвентарот на објектот кон него.По нападот, З.М. со остар предмет упатувал закани кон присутните лица во објектот.

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryvk0qnitr3drm8NAJMxE

Шасивари: Јавните политики мора да се темелат на знаење и факти

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска учествуваше на тркалезната маса „Унапредување на истражувачко-аналитичката функција во политичките партии – правни и компаративни искуства“, при што ја истакна потребата јавните политики да се темелат на знаење, факти и квалитетни анализи.Шасивари посочи дека партиските истражувачко-аналитички центри (ПИАЦ) имаат значајна улога во унапредувањето на квалитетот на политиките, јавната дебата и демократските процеси.„ПИАЦ треба да бидат места каде што поли

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
danka

На 30 октомври почнува судењето за убиството на Данка Илиќ

Судењето на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, ќе започне на 30 октомври пред Вишиот суд во Неготин, потврдено е од судот за Танјуг.На подготвителното рочиште, кое ќе биде затворено за јавноста, странките во постапката ќе ги изнесат воведните излагања, по што ќе биде закажано главното рочиште, односно судењето.Во постапката првично беше обвинет и таткото на Дејан Драгијевиќ, Радослав Драгијевиќ, но судот ја запрел постапката против него. Со обвин

Балкан | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Шест пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија до 13 часот денеска, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а четири се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активен е пожарот во селото Рашче, во Општина Сарај, каде гори сува трева.Под контрола е пожарот што избувнал во селото Белица, на местото Кајорец во Општина Македонски Брод, а потоа се проширил кон Јасен во Општина Сопиште. Таму гори нискостеблеста и мешана шума.Во текот на денот се изгаснати ч

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

Ангелов: Слабостите во системот за кризи се намалуваат, реформите продолжуваат

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вели дека слабостите во Системот за управување со кризи, заштита и спасување, на кои укажува Државниот завод за ревизија, се во голем дел прашања на кои укажувал и во периодот кога бил директор на Центарот за управување со кризи, а продолжува да ги посочува и сега.Според Ангелов, дел од слабостите значително се намалени со измените на Законот за управување со кризи од минатата година, како и со измените на Законот за зашти

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес од јачина од 4,2 степени ја погоди Украина

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Украина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил на длабочина од три километри, на околу 134 километри од Дњепар.Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-library97nbejeldv7reBtp2Qd

Трет смртен случај од маларија во Франкфурт

Трет човек почина од маларија во Франкфурт, по што градските здравствени власти презедоа дополнителни мерки за информирање на населението во населбата Шванхајм, во близина на аеродромот.Здравствената служба поделила 5.000 летоци, во кои жителите се информираат за симптомите на маларијата, меѓу кои се покачена телесна температура и треска. На граѓаните им се препорачува заштита од комарци со мрежи на прозорците, средства за заштита и облека со долги ракави.Последната жртва починала на 17 септемвр

Свет | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryei470e6nhq277knADVN

Царините и новите правила на ЕУ би можеле да ги поскапат електричните автомобили за илјадници евра

Европската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици, а ново истражување на независниот институт „Бројгел“ оценува дека дел од мерките на Европската Унија повеќе ги штитат традиционалните производители отколку што им помагаат да станат поконкурентни.Во извештајот се наведуваат царините за кинеските електрични возила, плановите за задолжително користење компоненти произведени во ЕУ и промените поврзани со забраната за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Свет | пред 5 дена

5 ден.
sonce-so-termometar

Топлотен бран кон крајот на септември: во Македонија температурите ќе се искачат до 30 степени

Топло време со температури значително над просекот се очекува во голем дел од Европа во завршницата на септември, а според прогнозите, затоплувањето би можело да продолжи и во првите денови од октомври.Причина за ваквата временска состојба е силната област со висок воздушен притисок што се очекува да се формира над континентот. Таа ќе овозможи продор на топол воздух од Медитеранот и Северна Африка кон северните делови на Европа.Во западна, централна и северна Европа температурите на височина би

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryo2rsnibrjr77d55knBs

(Видео) Остана без гориво по победата, седумкратниот шампион Џонсон дојде во помош и го туркаше

По 99 настапи во Куп-серијата и дури осум освоени втори места, Чејс Елиот конечно стигна до својата прва победа во NASCAR Cup Series на патеката „Воткинс Глен“ во 2018 година.Но, прославата за малку ќе била прекината. Елиот останал без гориво речиси веднаш по минувањето низ целта.Тогаш во помош дојде неговиот колега, седумкратниот шампион Џими Џонсон. Откако сфатил што се случило, Џонсон го туркал болидот на Елиот назад кон целта, овозможувајќи му да ја прослави најголемата победа во дотогашната

Вирално | пред 5 дена

5 ден.
media-library8utajlefk9gl7bbu0Jy

„Со гордост ја претставуваме Македонија на Генералното собрание на ОН“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации, настан на кој се собираат претставници на државите од целиот свет.Мицкоски посочи дека Генералното собрание претставува значајна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка.„Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Собранието и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка насочен кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси.Соработката предвидува развој и примена на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието.Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати благодарност до професорите и тимот на

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarypdt0tre5v1u2dge6uCr

(Видео) Филипче: Која Божиновска бара извинување, Бугарката или Македонката?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека партијата нема да се извини за тврдењата што ги изнела за министерката за енергетика Сања Божиновска, посочувајќи дека, според него, тие се засновани на податоци од официјална документација.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче се осврна на нејзиниот претходен ангажман во компании во Бугарија и Хрватска, како и на тврдењата за поврзаност со лица и компании кои денес се дел од актуелни деловни зделки.„Факт е дек

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-library8kqrs88r772q9V7xswt

(Видео) Филипче за Законот на СДСМ за земјоделците: 8 денари за килограм грозје, 10 за пиперка и ориз, 5 денари за пченица

СДСМ и коалицијата денеска ќе поднесат предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците, со кој се предлага дополнителна помош за повеќе земјоделски производители. Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, мерките се подготвени врз основа на барањата на земјоделците и проблемите со откупот и ниските откупни цени.За лозарите се предлага финансиска поддршка од 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“. За оние кои нема да успеат да го продад

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
media-librarykjkavssofs9c26WRVF7

Ја нападнал мајка му и фрлал остри предмети кон неа и ѝ нанел повреди

Полицијата во Гостивар лишила од слобода 41-годишен маж по пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 22 септември, пет минути по полноќ, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Ф. (41) од Гостивар, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 63-годишна мајка.Според пријавеното, тој фрлал остри и други предмети од покуќнината кон неа, при што ѝ нанел повреди.Х.Ф. бил задржа

Македонија | пред 5 дена

5 ден.
prostitucija

Две лица уапсени во Тетово поради сомнение за посредување во проституција

Две лица се лишени од слобода во Тетово поради сомнение дека сториле кривично дело „посредување во вршење проституција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 21 септември во 20 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Ц. (27) од Тетово и К.З. (31) од село Боговиње, со престој во Тетово.Двете лица биле задржани во полициска станица, а истата вечер, врз основа на наредба од Основниот суд Тетово, бил извршен претрес во домот и помо

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања