Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

7 год.
tolusic

Хрватските медиуми објавуваат шок фотографии, во кои е вмешан потпретседателот на владата, дали се веродостојни или монтажа?

Шокантни фотографии објавија Хрватските медиуми. Тие обелоденија скандал во кој е вмешам потпретседателот на владата, Томислав Толушиќ, кој наводно во друштво на проститутка, консумира кокаин.Фотографиите ги објавил хрватски "Nacional", од, како што навеле, анонимен извор. На фотографиите наводно се гледа Толушиќ кој седи на фотелја. На него седи црнокоса жена со голи нозе. Лицето не и се гледа. Таа, како што се чини, во раката држи мобилен телефон, а наводно Толушиќ се подготвува да консумира кокаин, пренесува "Index.hr".Меѓутоа, "Nacional" пишува дека станува збор за врвна фотомонтажа, откриена во ситни детали, а ја разоткрила хрватската служба SOA.Имено, агенти на хрватската разузнавачка агенција со анализа на фотографиите откриле дека објектот на фотографијата е апартман во Србија. Фотографиите од апартманот се достапни и на еден сајт за букирање.Дека станува збор за монтажа, пишува "Nacional", било откриено со помош на детали. На пример, спореден е изгледот на раката на Толушиќ. Мажот кој би требало да биде Толушиќ на раката носи часовник за кој министерот за земјоделие тврди дека го нема. Понатаму, агентите забележале дека лицето на фотографијата носи заоблени чевли, додека Толушиќ секогаш носи шпицести.Толушиќ рекол дека е подготвен и да се тестира за дрога.https://twitter.com/indexhr/status/1087612300188631041?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1087612300188631041&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F295407%2Fhrvatska-ja-trese-seks-afera-mediumite-objavile-sok-fotografii-vmesan-potpretsedatelot-na-vladata-prostitutka-kokain

Свет | пред 7 години

7 год.
micel

Поддржувачот на Македонија и на Договорот од Преспа, Мичел поднесе оставка

Вес Мичел, помошник државниот секретар на САД,човекот кој беше задолжен за притисоци врз Македонија да се смени името наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент. Неофицијално оставката Мичел ја поднел поради лични и професионални причини, пишува „Вашингтон пост”.Тој беше номиниран уште во мандатот на првиот државен секретар предложен од страна на Трамп, Рекс Тилерсон, кој откако беше отпуштен во март 2018 година стана критичар на претседателот. Мичел остана на функцијата и во мандатот на секретарот Мајк Помпео.Мичел ја посети Македонија во март, а потоа и во септември, да ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот за менување на името. Откако граѓаните го бојкотираа референдумот, Мичел изрази разочарување од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак ги повика властите да го спроведат договорот со Грција. Мичел тогаш упати отворено писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кое оцени дека, независно од исходот на референдумот, партијата треба да гласа за преименувањето на државата. Мицкоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи договор кој „е отфрлен на референдумот од убедливо мнозинство од граѓаните, со кој се менува Уставот за да се промени името на државата, и со кој се бара од Македонците да се откажат од сите свои стекнати права“.Во тоа писмо, во последните редови од тоа писмо професорон Христијан Мицкоски му пиша дека “секогаш е најтемно пред зората”.

Свет | пред 7 години

7 год.
116-sednica-1

Презентирани приоритетите на Романија за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ

Денешната редовна, 116 седница, на Владата на Република Македонија ја започна со презентација на приоритетите на Романија за време на претседателството со Советот на Европската Унија.На седницата, на која присуствуваше и амбасадорот на ЕУ во нашата земја Самуел Жбогар, столбовите, што како приоритети си ги постави Владата на Романија за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ, ги презентираше Виорел Станила, амбасадор на оваа земја во Република Македонија, кој нагласи дека тие столбови произлегуваат од динамичната сила на ЕУ што ѝ ја даваат нејзините вредности.Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев на почетокот на седницата упати честитки до амбасадорот Станила за романското преземање на Претседавањето со Советот на ЕУ, и истакна дека Романија го презема претседавањето со Советот на ЕУ во исклучително значаен период, особено имајќи го предвид фактот што за време на претседавањето ќе се одржат Европските избори кои ќе ја постават иднината на ЕУ, но и ќе ја трасираат идната патека на политиката за проширување.„Изразуваме искрена благодарност што во приоритетите на Романското претседателство се предвидува и забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Политиката на проширување на ЕУ, и покрај сите предизвици на глобален план, останува најефикасниот инструмент за гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот во Западен Балкан. Затоа го цениме фактот што Романија ја препознава важноста на политиката на проширување и се обидува да го доближи Западниот Балкан уште поблиску до ЕУ“, рече во своето обраќање премиерот Заев.Претседателот на Владата на РМ Заев во своето обраќање потенцираше дека нашата земја со внимание ги следи подготовките за Самитот на ЕУ во Сибиу (9 мај 2019 година) кој ќе се однесува на иднината на ЕУ, и од кој нашите граѓани очекуваат силна порака до земјите од Западен Балкан дека на нашиот регион се гледа како на дел од ЕУ во идната Европа.Од презентацијата на амбасадорот Станила, приоритетите што денеска беа претставени ги опфаќаат „Европа на патот кон раст, кохезија, конкурентност и поврзаност“, потоа „Безбедна Европа“, „Европа како посилен глобален играч“, и „Европа на заеднички вредности“. Политиките на Европската Унија на интегрирање на Западен Балкан во нејзините структури остануваат приоритет на Владата на Романија во наредните шест месеци во столбот „Европа како посилен глобален играч“.Амбасадорот Станила во својата презентација нагласи дека политиките на проширување со земјите членки на Западен Балкан остануваат стратешки интерес на ЕУ, поради што фокусот на европската поддршка на регионот ќе се задржи на зајакнување на демократските процеси и на помирувањето.Амбасадорот на ЕУ во нашата земја Самуел Жбогар, земајќи збор на оваа седница на Владата на РМ, потенцираше дека овој владин состав направи Република Македонија да го дочека романското претседавање со Советот на ЕУ со историското достигнување со Договорот од Преспа и со решението на спорот со Грција, и на тој начин ја доближи, како никогаш досега, земјата до портите на ЕУ. Амбасадорот Жбогар додаде дека успехот на Република Македонија е силна порака за регионот, но и за Европа, дека нема нерешливи прашања со храбри и посветени лидери.На седницата, на која првата точка беше посветена на приоритетите на Романија за време на претседавањето со Советот на ЕУ, се обратија и заменик претседателот на Владата на РМ Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров.Заменик претседателот на Владата на РМ Османи, меѓу другото, се задржа на мотото на романското претседавање, „Кохезијата, заедничка европска вредност“, и истакна дека тоа во целост ги одразува и нашите аспирации кон градење на современо демократско општество, низ кохезија и почитување на европските вредности како универзални вредности кои пред се и над се го ставаат човекот и неговата добросостојба, и додаде дека за фактор околу кој се обединети сите чинители во земјата и за која нема алтернатива.Министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање нагласи дека тајмингот за Република Македонија во претстојниот период најавува успешна година, година во која ќе треба да се жнеат плодовите што доаѓаат како резултат на активностите во минатата година кога како земја со длабока политичка криза, донесовме одлука да се соочиме храбро и одлучно да решаваме децениски проблеми, да ги решиме сами, и да бидеме модел за другите. Министерот Димитров потсети дека Европскиот совет ни го отвори патот, но дека наша задача сега е да ги завршиме реформите и да создадеме атмосфера за да биде невозможно во јули оваа година Република Македонија да не биде прифатена како земја која ги отпочнува преговорите со ЕУ.Во продолжение, Владата продолжи со работата според дневниот ред утврден за својата редовна, 116-та седница.

Скопје | пред 7 години

7 год.
odpad

МЛС: Во Крушево и во Демир Хисар цврстиот отпад ќе се собира и транспортира со специјализирани возила

Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерство за локална самоуправа се обезбедени возила за собирање и транспорт на цврст отпад за општините Крушево и Демир Хисар во вредност од 100 илјади евра. Со десет илјади евра учествуваат и општините со сопствени средства.- Се пристапува кон решавање на едно од најважните прашања за граѓаните на Крушево и на Демир Хисар, а и во другите општини, собирање на отпадот и одржување на хигиената на начин кој што обезбедува стандарди, квалитет и континуитет. За да се решаваат проблемите со заштитата на животната средина и со аеро загадувањето, за жал мора да се почне од обезбедување на елементарните услови во општините, зашто во еден зимски туристички центар како што е Крушево, за жал, до сега воопшто немало специјализирано возило за собирање на отпад и отпадот се собирал со трактори, на крајно не соодветен начин, рече заменикот министер Павлески- Ставаме крај на импровизациите кои што траеа премногу долго, а последиците кои што ги чувствуваме се огромни. Со право се исплашени раѓаните од загадувањето. Свесни сме за тоа и затоа и централната и локалните власти им даваме приоритет на проектите кои што имаат директно влијание на заштитата на животната средина.Денеска во Крушево на средба со градоначалникот на општината Томе Христоски и со градоначалници од Пелагонискиот плански регион, заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески разговараше за приоритетите во регионот кои што ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од Министерството во текот на оваа година.Павлески истакна дека за 2019 та година Владата ги зголеми буџетските средства за рамномерен регионален развој за над 50 насто, што значи дека повеќе средства ќе има и за финансирање на проекти во Полошкиот плански регион. Со финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој минатата година се реализирани 15 нови проекти во општините во Пелагонискиот плански регион, главно за реализација на локална патна и комунална инфраструктура, опрема, како и за подготовка на техничка документација на поголеми проекти.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Ejup-Alimi

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, одбри да одговара на прашања на македонски јазик

Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, денеска одбри да одговара на македонски јазик на прашањата на новинарите во македонскиот законодавен дом. Иако прашањата беа поставувани на македонски јзик, одговорите Алими ги даваше само на албански јазик.Поради ова, новинарите кои известуваат за мадиумите на македонски јазик останаа без одговори на прашањата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
petar-bogojeski

Петар Богојески: СДСМ во бегство

КОЛУМНА, Петар Богојески: СДСМ во бегство, објавена во vecer.press.Кажано – сторено! СДСМ во моментот на формирање на Владата на премиерот Зоран Заев истакна – „Нема да бидеме како Никола Груевски, ќе го истераме цел мандат, без да манипулираме со предвремени избори во моменти, кога на нас ни одговараат“. Зборот е збор, нели?!? Ама некако, зборов не држи место. Или попушта зборот, па често СДСМ се премислува. Има сериозна полемика за тоа, дали на Заев треба да му се верува. Таа полемика трае одамна, уште од времето кога беше градоначалник. Се сеќаваме на онаа нападна кампања – „На Заев не треба да му се верува“. Така започна се. Трае до ден денес. Но некако таа полемика не држи место. Зашто јас не им верувам на зборовите на луѓето, туку на делата. Крајот го краси делото. Така да, за кратко ќе видиме дали требало или не требало на Заев да му се верува.Басни и приказни за деца и младинци се анализите, за или против одржување на предвремени парламентарни избори. Зашто во нив, освен теснопартиски калкулации и лични агенди на поединци, друго не гледам. Мене ме интересира „македонската агенда“! Токму СДСМ и Зоран Заев дадоа низа ветувања. Не беше најважно она „живот за сите“, зашто јасно беше дека е утопија. Поважни беа оние, членство во НАТО за една година и почеток на преговори со ЕУ. Преведено во апсолутни датуми на тие ветувања, ние требаше да бидеме членка на НАТО во 2017 година, а да започнеме преговори со ЕУ во 2018 година. Во ред, формирањето на Владата беше „драматично“, процесите во земјата беа „драматично амнестирани“, но на крајот на краиштата, дадена беше втора шанса – членка на НАТО и почеток на преговори со ЕУ во 2019 година. Енде! Трета шанса нема! Дали СДСМ бега да ја „искористи втората шанса“? Поточно кажано, дали СДСМ во неможност да ги исполни своите дадени ветувања, си нарача во ВМРО ДПМНЕ предвремени избори? Па сега, како не е пријатно да се одбие барањето на опозицијата, па како демек пука демократскиот капацитет на Владата, па и храброст било тоа да се прифати „фрлена ракавица“.Почитувани управители на македонската Република, доста глумевте! Сработете си ја обврската што ја преземавте и што ни ја ветивте на нас граѓаните. Нема предвремени избори кога на Вас ќе Ви одговара. Нели не бевте како Грујо?!? Ќе бидеме членка на НАТО и ЕУ или пак ќе се кашкаме во балканската кал? Дали соочени со фактот на одлагање на датумот за официјален почеток на преговори со ЕУ за 2020 година, кој секој ден е се поизвесен, е причина што си нарачавте предвремени парламентарни избори? Додека можете и имате снага, да си обезбедите уште 4 години власт? А ветувањата кој ги шиша. Граѓаните и онака се квалитетно потшишани. Дали мислите дека со предвремени избори, срамот ќе го покриете? Не, се лажете. На оваа ујдурма што се направи, ако не стигне реално бенефитот за македонската држава и граѓани, не едни, туку сто и едни избори не го покриваат тој срам. Се си има своја цена. Не може ние Македонците да платиме, а да останеме со празни раце! Не може! Па сега гарантите на таа спогодба да се кријат зад „избори“.После тоа, токму тие исти избори да бидат алиби за неиспорачани резултати. Демек поради ВМРО ДПМНЕ и нивното барање на предвремени избори и поради изборите, не бевте во можност да спроведете реформи и да испорачате резултати, па сите процеси за евроатлантската интеграција на Македонија се одлагаат за 2020 година. Вклучително и официјалното членство во НАТО! Еве сега имате две третини во парламентот, спроведете реформи ако Ве бива! Или намерата е, неспособноста за спроведување на реформи, да се покрие со нов пратенички состав, во кој би се факторизирале голи шовинисти. Па тие да бидат алиби дека се пречка за спроведување на реформи и застој во „европските процеси“? Онаа приказната за столчето што не чека во НАТО за некој месец, е… како да Ви кажам… мижи Асан да ти баам. Вистински резултат е полноправно членство на македонската Република во НАТО во 2019 година и точка. Вистински резултат е официјален почеток на преговори со ЕУ во 2019 година и точка. Се друго е она со Асан. Да не зборувам за доаѓањето на животот и економските придобивки кои сите ги очекуваме, после тие реални резултати.Прогласувањето на вонредни парламентарни избори е бегство на СДСМ од преземените обврски. Исто така, тие избори никако не и одговараат на ВМРО ДПМНЕ, ама слепилото таму е очајно. Господа од СДСМ, имате мандат, дадена Вие е шанса, испорачајте! Имате време, што ќе посеете, тоа ќе пожнеете во 2020 година. На избори де, секако, ама редовни, нормални, легитимни, демократски, фер и слободни парламентарни избори во 2020 година. Тогаш ќе ги вкрстиме копјата. Тогаш ќе ги видиме вистинските резултати. Тогаш народот ќе одлучи. Каде брзате толку? Еве уште една година е во прашање, покажете што знаете. На народот му е преку глава од политички калкулации, лажни ветувања, избори па избори секоја година.Националниот интерес за мене е приоритетен. Не личните агенди на поединци. Никогаш нема да простам, никогаш, вакви национални отстапки и процеси, без бенефит за истите да имаат народот и државноста. Никогаш. Наместо вицепремиерот Бујар Османи, да прави шверцерски калкулации со јазикот и да ми глуми албански херој, нека си засука тоа европските ракави и нека си сработи платата. Вие го определивте за шеф на тимот за преговори со ЕУ. Наместо да се расправа со онаа со штичката од Костурско Езеро, нека го обзнани пред народот, македонскиот тим за преговори со ЕУ. Кој се тие девојки и момци што ќе ја одиграат историската улога за македонската Република. Тие ќе бидат вистинските херои на Македонија. А не Бујар со орлињата и јазичињата. Доста беше гол патриотизам и од едни и од други. Преку глава од мачиња и орлиња! Ние тргнавме за НАТО и ЕУ и немаме намера да застанеме. На кој му се мјаука и му се лета, ниско, нема место за него во следната епизода од серијата „Македонија“. Се гледаме на парламентарни избори во 2020 година. До тогаш, покажи што знаеш!извор: vecer.press

Коментари | пред 7 години

7 год.
trepca

Успешно заврши драмата во рудникот во близината на Трепча, рударите спасени

Сите рудари извлечени на сигурно. Заврши акцијата за извлекување на 100 те рудари во рудникот „Стари трг“ во близината на Трепча, кои поради дефект на електричната мрежа, останаа заробени на некои 700 метри под површината.Приштинските медиуми објавуаат дека животот на рударите не бил во опасност, затоа што рудникот има природна вентилација. Нема повредени, а инцидентот настана по експлозија на трансформатор, јавува „Коха“.Иаку 100 тина рудари беа заробени на осмото, деветото и десетото ниво неколку часа пред да излезат на безбедно.

Свет | пред 7 години

7 год.
patna-infras-1

(ВИДЕО) Заев: Ќе се гради квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа заедничка прес-конференција на којашто Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов ги презентираа плановите за изградба на модерна патна инфраструктура за 2019 низ целата територија на Република Македонија.„Со почетокот на градежната сезона започнуваме со забрзана изградба и рехабилитација на најголем дел од патната мрежа во Република Македонија во вкупна вредност од 1 милијарда и 270 милиони евра. Станува збор за големи инвестиции во изградбата на нови патишта како и реконструкција на постоечките во вкупна должина од преку 770 километри. Оваа година започнуваме со реализација на нови проекти за изградба, рехабилитација и реконструкција на 43 патни правци, а засилено ќе продолжиме со изградба и реконструкција на веќе започнатите 27 патни правци. Продолжуваме да ја градиме Република Македонија и да ги поврзуваме граѓаните со квалитетни, сигурни и безбедни патишта“ соопшти премиерот Заев во своето обраќање и додаде дека добрата и безбедна патна инфраструктура е главен предуслов за привлекување домашни и странски инвестиции и за локален економски развој.„Автопатот Кичево-Охрид во должина од околу 60 км продолжува да се гради. Надминати се проблемите, се потпиша нов анекс на договорот со кој се заштедија 90 милиони евра и градежните работи продолжуваат до конечна реализација. Го поврзуваме Охрид како наша стратешка туристичка дестинација со Кичево и остатокот од Македонија. Ова е важно бидејќи ќе се обезбедат услови за унапредување на туризмот, за зголемување на трговската размена во овој регион којашто ќе придонесе и за рамномерен економски развој. Минатата година ја достигнавме бројката од 1 милион туристи. Овој автопат, и останатите кои ги поврзуваат нашите туристички центри се нашата инвестиција за уште поголем број туристи и економски раст“, рече премиерот Заев и надополни дека придобивки ќе почувствуваат 225 илјади жители и 13 општини од југозападниот дел на Република Македонија.Вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање потсети дека 2019 е најавена како економска година и дополни дека изградбата и рехабилитацијата на патиштата во земјата е една од активностите потребни да се реализираат, за да се постигне економски раст. Тој потенцираше дека очекува по започнување на градежната сезона да нема ниту една слободна градежна машина во Република Македонија, а земјата да биде едно големо градилиште.„Сите знаеме дека сите други економски сектори, освен градежништвото, во 2018 година бележеа значителен раст. Градежништвото е важен сегмент за економскиот раст и ние сме посветени да го раздвижиме овој сектор. Во овој момент, во Република Македонија се градат и рехабилитираат патишта како никогаш досега. Во 2018 година се завршени активности на 192 км во вредност од 30 милиони евра. Тоа не е доволно и токму поради тоа градежништвото во минатата година бележеше негативни стапки на раст. Би сакал да истакнам дека проектите за изградба на патишта кои ги започнавме како Влада се во вредност од 1 милијарда и 35 милиони евра и се во должина од 363 километри, а во 2019 година започнуваат со реализација проекти во вредност од 236 милиони евра и во должина од 421 километар. Сите овие проекти чија вкупна вредност надминува 1,27 милијарди евра, се технички подготвени, има обезбедено финансиски средства и подготвени се за имплементација. Доколку вкупните градежни активности изнесуваат од 55-60 милиони евра на месечно ниво, вклучително со активностите на приватниот сектор, ќе ги вратиме позитивните стапки на раст на градежништвото, а со тоа и повисоки стапки на економски раст“, потенцираше во своето обраќање вицепремиерот Анѓушев.Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески зборуваше подетално за плановите за изградба и рехабилитација на патишта во 2019 и во тој правец истакна дека ќе се вложат средства од над 1 милијарда и 200 милиони евра за изградба на патна инфраструктура во должина од над 700 км.„Нашата цел е да нема отсечено населено место во земјава, да имаме добра и квалитетна инфраструктура каде економски бенефит ќе имаме сите ние граѓаните на Македонија. Но она што сакам јас да потенцирам е тоа што Програмата за 2019 година е уште пообемна. Околу четириесетина патни правци со вкупна вредност од преку 230 милиони евра и вкупна должина од 420 километри се подготвени за да се започнат со рехабилитација и реконструкција. Очекуваме со градежната сезона да ги ставиме во погон сите градежни компании и да се отпочне со рехабилитација на голем дел од нив.Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов даде осврт на плановите и програмите што ги спроведува ова претпријатие и рече дека ЈПДП има спроведено тендерски постапки за рехабилитација на 39 патни правци кои веднаш во првиот квартал штом дозволат временските услови ќе отпочнат да се градат.„Во 2019 се продолжува со изградбата на автопатиштата и експресните патишта со вкупна должина од 144 км и вкупна вредност од 770 милиони евра“, соопшти директорот Китанов и информираше дека преку Македонија пат се рехабилитираат уште 41 патен правец со вкупна должина од 93 км во износ од 9 милиони евра.

Македонија | пред 7 години

7 год.
antikorupciska-komisija

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на антикорупциската комисија

Собранието го објави огласот за новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција. Огласот ќе трае седум дена, а е објавен во дневните весници. По речиси една година без Антикорупциска комисија, ќе се избираат претседател и шест члена со мандат од пет години, без право на повторен реизбор.При изборот, според новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.Огласот ќе трае 7 дена. Членови на новиот состав не може да бидат лица кои биле антикорупционери во изминатите години.

Македонија | пред 7 години

7 год.
izbori

СДСМ во петок ќе одлучува дали со претседателските ќе има и предвремени парламентарни избори

Власта нити потврдува, нити демантира дека со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори. Според нв одлуката за ова прашање ќе се донесела во петок на седница на Централниот одбор. Премиерот Зоран Заев денеска од Владата, не ја исклучи опцијата за двојни избори.Барањето за предвремени парламентарни избори го упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ноќта на гласањето за уставни измени. Зсега Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села истакна дека се уште немаат став за претседателските избори, но се за предвремени парламентарни избори, а од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов пак испратија барање, доколку има предвремени избори, Македонија да биде една изборна единица.Инаку од Државната изборна комисија исткнаа дека ДИК е подготвена за претседателските избори на пролет, во пакет со евентуални предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 7 години

7 год.
venecijanska-komisija

Владата го испрати Законот за јазиците до Венецијанската комисија

Владата го испрати законот за употреба на јазивите до Венецијансаката комсиија, само еден дека откако Вицепремиерот Бујар Османи најави дека нема да се бара мислење за законот, се додека професорката Каракамишева е дел од ова советодавно тело. До Веницијанската комисија е испратен и спорниот Член 8, кој се однесува на употребата на албанскиот јазик на банкнотите, поштенските марки, како и на униформите на полицајците, пожарникарите и лекарите.Преку писмото проследено до претседателот на Комисијата Џани Букичио, од Владата очекуваат мислење за Законот од аспект на нeговата усогласеност со европските стандарди, како и значајна поддршка за правните реформи.Премиерот Заев истакна дека укажувањата на Венецијанската Комисија ќе бидат имплементирани во законот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
trepca

100 рудари во Трепча, заробени 700 метри под земја, поради дефект на електричната мрежа

Во рудникот „Стари трг“ во Трепча во близина на Косовска Митровица во тек е акција за спасување на стотина рудари. Тие останале заробени 700 метри под земјата , поради голема хаварија - дефект на електричната мрежа.Претставник на рударскиот синдикат тврди дека тие не се во животна опасност и дека е во тек акција за нивно спасување.Синдикалниот лидер на рударите од „Стари трг“, Шукри Садику, додал дека спасувачите се во постојан контакт со рударите и оти нема повредени работници. Како што пренесува „Спутник“; повикувајќи се на веснникот „Коха“, проблемот се случил по експлозија не трансформаторот. Инаку, рудникот „Стери трг“ е дел од комбинатот – Трепча.

Свет | пред 7 години

7 год.
maz-izbode-zena

Џемаил М. од скопско Ласкарци е македонскиот државјанин кој до смрт ја избоде својата жена на паркинг

36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци, е македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тулин. Иденнтитетот го објвив австриските медиуми.Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годишната жена починала на лице место откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот. На убиството претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.Неофицијално 36-годишниот Џемаил М, имал и проблеми со коцкањето.

Свет | пред 7 години

7 год.
11170295_646187062178487_3506413957551131951_o

ЈСП ќе плати 5,5 милиони денари на агенција за привремени вработувања

Јавното сообраќајно претпријатие ќе плати 5,5 милиони денари на ангеција за привремени вработувања, која ќе треба да наоѓа замена на отсутни работници, лица кои ќе работат кога ќе има зголемен обем на работа, да работат на проекти, специфични работи кои не се дел од претежната дејност на ЈСП, непредвидливи работи и друго.Агенцијата ќе треба да ги исполнува барањата на договорниот орган за ангажирање на привремен работник, да му обезбеди права по основ на работен однос, редовно да исплаќа плати. Договорот со агенцијата ќе биде на 12 месеци.Услов за учество на тендерот е досега да ингажирано најмалку едно лице овластено за заштита на лични податоци. Тендерот е отворен до 7 февруари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jajca

Велешка болница купува 20 илјади јајца

Специјалната болница за белодробни заболувања и туверколоза „Јасеново“ од Велес преку јавен оглас прибира понуди за набавка на јајца. Според спецификацијата на тендерот, фирмата треба да обезбеди 20.000 јајца, а критериумот за добивање на тендерот е најниска цена.За јајцата, болницата ќе треба да плати 120.000 денари, односно, едно јајца треба да чини 6 денари. Интересно во спецификацијата е што се бараат „XL“ јајца, се набавуваат според цена, а никаде не е споменат квалитетот на истите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
protest-srednoskolci-vlada-zagaduvanje-864x420

Во сабота протест во Скопје - Повикот наменет за сите оние кои сакаат да Дишат

На социјалните мрежи се објави повик за протест. Организаторите наведуваат дека можат да се приклучат СИТЕ оние кои сакаат да ДИШАТ. Протестот ќе се одржи во сабота во 13:00 часот пред Собрание на Р. Македонија.Во продолжение повикот:Здраво напатен пријателу,Ти што воздух не можеш да земеш,Да пробаме да бидеме сложни барем кога за здравјето наше и на нашите најблиски се работи.Мирен, но МАСОВЕН протест да им даде до знаење дека ни треба сериозни, способни луѓе наспроти шарлатани кои ќе не извадат од најтемната и најзагадената точка на светов.Состојбата е алармантна и од ден на ден станува неподнослива. Да не дозволиме да не навикнат на "живот" во канцерогено општество .САБОТА 26.01.2019 г. во 13.00h.Собрание на Р.МакедонијаПротест против КАНЦЕРОГЕНОТО ОПШЕСТВО!!!ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА ДИШЕМЕ!!!Ако се согласувате,препратете ја поракава на колку повеќе луѓе можете.ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ ❗❗❗

Скопје | пред 7 години

7 год.
mak-bugarija-1

Потпишан План за соработка помеѓу македонските и бугарските научни институции, универзитети и здравствени установи

Утрово во Софија, со бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев потпишавме План за соработка за периодот од 2019 - 2021 година, договор со кој ќе ја поттикнуваме соработката помеѓу македонските и бугарските научни институции, универзитети и здравствени установи со цел размена на искуства во областа на медицинската наука и информации за медицински производи, развивање на нови технологии и нова медицинска опрема, објави министерот за здравство, Венко Филипче.Според него:Со овој плоден договор овозможуваме делување во повеќе области, како:• Размена на информации во областа на здравството;• Размена на специјалисти со цел да се обучат и консултираат во области, определени како приоритетни;• Размена на искуства и резултати за проблеми, определени како приоритетни за двете земји;• Учество на здравствени работници на различни научни медицински настани;• Заеднички научни и практични проекти;• Соработка при одржување курсеви и семинари по заемна согласност од двете страни.Ја унапредуваме соработката помеѓу Македонија и Бугарија, и токму овој договор претставува можност за напредок на Македонија кон евроинтегративните процеси.Соработката со пријателска и европска Бугарија продолжува и во следниот период, вели министерот Филипче.

Македонија | пред 7 години

7 год.
momce-zagreb

(ФОТО) Загрепчани шокирани откако младо момче го запрел трамвајот и ги соблекол гаќите

Младо момче направил вистински хаос во центарот на Загреб. Тој среде трамвајските шини, се соблекол гол и стоел пред трамвајот.Настанот се случил во петокот, на 18 јануари, но снимката е објавена дури денеска.Во шест часот утрото, како што вели возачот на снимката, едно разголено момче застанало пред трамвајот, ги спуштил панталоните и го извадил половиот орган.„Седев и трамвајот нагло закочи, помислив дека нешто се расипало, но тогаш возачот рече дека ќе мора да се стрпиме додека да дојде полицијата зошто некој застанал пред трамвајот. Морав тоа да го видам со свои очи, па излегов надвор и видов момче со спуштени панталони како стои пред трамвајот. Му дофрлив дека навистина сакам да одам на работа, и му реков барем да помине на другата страна од улицата, но се сврте, се насмеа и рече: Вие би сакале на работа?“ и продолжи така да стои и да гестикулира кон возачот“, раскажа за порталот Индекс загрепчанката Бригита Ковачев, сведок на настанот. Таа смета дека момчето било под влијание на опијати.Ситуацијата се расчистила откако дошла полицијата.

Свет | пред 7 години

7 год.
ucenici

Утре започнува второто полугодие

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во земјата.Одлуката, како што информираат од МОН, е донесена во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.Второто полугодие требаше да почне вчера, меѓутоа Владата во неделата донесе одлука учениците да останат дома во следните денови поради загадувањето на воздухот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
insajder

Инсајдер продукција: Немаме никаква врска со македонскиот Инсајдер, ќе бараме привремена забрана за емитување на оваа емисија

Инсајдер продукција објави соопштение во кое објаснуваат за спорот со 1 ТВ. Во продолжение соопшението од продукцијата во целост:Инсајдер продукција, подготвува тужба против македонската телевизија  1TB за користење на трговска марка со барање за забрана на емитување на најавената емисија наречена Македонски инсајдер се до завршување на постапката.Во септември месец, Телевизијата 1ТВ ја најави емисијата Инсајдер , а во средината на јануари објави оглас со најава за темите кои ќе бидат обработувани, наведувајќи дека емисијата е лиценцирана и истата ќе оди во лиценциран формат. Поради поврзаноста со Инсајдер, која е добро позната емисија низ целиот регион, Инсајдер прво испрати писмо со предупредување до оваа телевизија. Но, откако најавата беше повторно објавувана, се подготвува тужба.Инсајдер продукцијата во Македонија поднесе барања за признавање на жигот ИНСАЈДЕР со зборови и графика, кои се во фазата на регистрација. Во тек е изработка на тужба против 1 ТВ од Скопје за прекршување на правата од пријавата за трговска марка со барање за привремена мерка за забрана за емитување на спорното прашање до конечното завршување на постапката ", соопштуваат од продукцијата Инсајдер.Првата најава на македонскиот инсајдер беше објавена на 20-ти септември на 1ТВ, како емисија во која ќе работи тим кој ќе се занимава со истражувачко новинарство во врска со криминалот и корупцијата. Уредниците на телевизија посочија дека тоа е "лиценциран формат кој ќе работи според стандардите за лиценцирање".Во средината на јануари објавен е видео-оглас од три минути за теми кои треба да се емитуваат во серијата. Еден од бизнисмените споменати во соопштението поднесе кривична пријава во која тврдеше дека му било побарано пари за да не зборуваат за тоа, додека 1ТВ го негираше тоа со објавување на февруарската серија. Сопственикот на телевизијата е татко на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, кој зборува во име на телевизијата 1 ТВ.Поради фактот што Инсајдер продукција немаат никаква врска со ова шоу или Телевизија, одлучено е да се преземат законски чекори за да не сме официјално или неофицијално поврзани со најавената серија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
papa

Кликни за да се помолиш со папата

Папата Франциско ги повика католиците да се молат со него на интернет, претставувајќи ја аликацијата на страницата „Клик ту Преј“ (Кликни за да се помолиш). Станува збор за официјалната интернет-страница на Ватикан, Светска молитвена мрежа (Worldwide Prayer Network), соопшти Ватикан.Се работи за посебна друштвена мрежа, каде секој верник ќе може да направи свој профил. Кога ќе се избере опцијата „Да се помолиме со папата”, било на мобилната апликација или на интернет страницата, верниците ќе може да видат за што треба тој месец да се помолат со највисокиот католички поглавар.Има и опција „Да се помолиме со мрежата”, а тоа е „просторот каде што корисниците можат да ги споделат молитвите со други лица”. Целта е да се создаде платформа со којашто луѓето „ќе му се придружат на папата во мисијата на сострадание кон светот”, се вели во описот.Освен на „Клик ту Преј”, Франциско има профили и на Твитер и на Инстаграм.Од друга страна пак, папата не еднаш предупредил дека друштвените мрежи можат да доведат до намалување на реалното општење и комуникација меѓу луѓето.

Магазин | пред 7 години

7 год.
micevski-1

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе закон за престанок на законот за трговија на зелени пазари

„Пратеничката група на ВМРО– ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство. Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО - ДПМНЕ. СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност“. Ова денеска го изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.Тој напомена дека „Ваквото брзоплето и несериозно носење на Закон за трговија на зелени пазари денес во пресрет на изборен процес очигледно не им одговара на СДСМ, па сега одлучиле одложување на стапувањето на сила на законот за после изборите.„СДСМ со одложувањето на примената на Законот не го решава проблемот на пазарџиите туку само го пролонгира се со цел да не претрпи политичка штета за предстојните избори.Од друга страна, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите“ - вели Мицевски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pavle-trajanov

Партијата на Павле Трајанов бара Македонија да биде една изборна единица, со цел и малите политички партии да имаат фер услови

Македонија да биде една изборна единица, велат од Демократскиот сојуз - партијата на Павле Трајанов. Коментарите за можни предвремени парламентарни избори се се погласни деновиве. Од Демократскиот сојуз сметаат дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори. Од таму ги повикуваат сите помали партии заедно да се ангажираат со цел заедно да се изборат за фер услови за политички натпревар“.Според демократскиот сојуз, само со една изборна единица составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на важни одлуки за перспективите на државата.Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсираа двете партии, ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.

Македонија | пред 7 години

7 год.
armend-nuhiu

Аналитичарот Нухиу: Државите каде што живеат Албанци не се зрели за ЕУ

Арменд Нухиу, аналитичар и преведувач, во вчерашното гостување во „Отворено“ на Алфа, говореше за дискриминацијата на Албанците во Македонија.„Факт е дека државите каде што живеат Албанците, вклучувајќи ја и Македонија, се уште не се зрели за ЕУ. Правната држава не функционира, се уште криминалци шетаат надвор. Тоа не се одлики на европска демократија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pandov

Пандов во одбрана на Стоилов, Дојде време да е грев да се кажуваш дека си Македонец, како може да бараат суспензија

Не запираат коментарите околу потегот на ракометарот Стојанче Стоилов. Ситуацијата на нозе ја крена јавноста во Македонија. Сеуште се дискутира за неговото напуштање на настанот за избор на спортист на годината, па и одлуката на новинарот на МРТ 2 да не го коментира по неговото презиме на СП.Според поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, негов личен избор да го истакнува патриотското чувство на јавен настан.„Трендот во Македонија е сега да е грев да се кажуваш како Македонец. До таму е дојдено тоа, да тие спортисти стануваат трн во око на одредени владини првенци да бараат суспензија и да ги негираат тотално“, истакна Пандов во „Отворено“ на Алфа.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања