Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Најнови вести

7 год.
zaev-mickoski

Власта нуди помирување, опозицијата бара амнестија за 27 април

Власта и натаму за залага за помирување меѓу пратениците и сите политички субјекти во земјата со цел обединување околу стратешките цели – членството во ЕУ и НАТО, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира за амнестија за сите инволвирани во настаните во Собранието од 27 април. Веќе е најавено формирање на собраниска комисија за помирување. Иницијативата за нејзино формирање дојде од осумтемина пратеници од опозицијата, кои минатиот петок дадоа поддршка за отпочнување на процесот за уставни измени.Претседателот на Собранието Талат Џафери најверојатно ќе ја води комисијата за помирување, но сега засега се чека на ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше еден од заклучоците на вчерашната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Џафери, прва по гласањето за уставни измени во петокот.Премиерот Зоран Заев повтори дека кога повикува на помирување во национално обединување во Парламентот, всушност нема намера да се меша во работата на правосудните органи. За него случувањата во опозицијата се внатрепартиски работи и рече дека верува во силна опозиција, во силно ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
arnaudov

Пратениците денеска повторно на судење, ново рочиште за 27 април

Во Кривичениот суд во Скопје денеска треба да се одржат четири рочишта. Едно на ОЈО за настаните во Собранието од 27 април и три на СЈО, „Тарифа“, „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“.За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На претходното рочиште беа прикажани снимките од видео камерите на Стопанска банка, од Собранието и од телевизиите.На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Денеска сончево, но студено време

Сончево, но студено ќе биде денес времето во Македонија.Според најавите ќе дува засилен сверен ветер.Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 6 до 18 степени.Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.

Македонија | пред 7 години

7 год.
42494609_10156910182966042_1062627702768402432_n

(ФОТО) Нови бродови во Вардар, овој пат во Карпош?

Жителите на Карпош 4 и Влае прашуваат дали во Вардар ќе се постават нови галии, откако забележале дека повторно се копа и интервенира низ речното корито.Но, според информациите, на тој потег нема да има галии, туку гасовод кој го гради фирмата „Гама“, а претходно ги добила сите дозволи.Детални информации нема, ниту известување што точно се случува.Пред седум месеци, градоначалникот Петре Шилегов изјави дека дал наредба да започне отстранување на бродовите во реката Вардар.„Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите, во тек се постапките како ќе бидат созреани одлуките за носење така ќе бидат објавени“, рече Шилегов.Дали и колку ќе бидат обесштетени сопствениците Шилегов не прецизираше, рече дека не е донесе дефинитивна одлука, а кога ја донесат јавноста и сопствениците ќе бидат информирани.

Скопје | пред 7 години

7 год.
aleksandar-25-09

(ВИДЕО) СДСМ преку Собранието се обидува да направи фалсификат на референдумот?

Во рамки на теренските активности што ги има ВМРО-ДПМНЕ поврзани со претстојниот референдум, денес сме во општините Центар и Сопиште. На средби со граѓаните каде што дискутираме околу актуелната состојба, пред сè поврзана со штетниот и капитулантски договор од Преспа за преименување на Македонија и македонскиот народ. Она што го забележивме е дека прво, власта реши да дискутира за сè освен за содржината на договорот. Второ, бегаат од детална дебата за содржината на договорот, затоа што знаат дека немаат аргументи и дека ниту е зачувано името на државата, ниту е зачуван македонскиот национален идентитет. А од друга страна, немаме никакви гаранции за понатамошна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Според него, факт е дека одбегнуваат да ги прикажат на јавноста уставните амандмани иако тие се суштината и срцето на договорот.,,Следна работа што ја забележуваме е дека се оди во акт на една нервоза и паника во последниве денови, со силни притисоци кон луѓето за да излезат да гласаат онака како што власта очекува. Се прави притисок врз јавната администрација, се прави и притисок врз приватниот бизнис и тој притисок е сè поочигледен и сè поголем.За среќа на Македонија, наидуваат на силен отпор меѓу граѓаните. Последното што навистина загрижува се идеите да се направи фалсификат на самиот ден на гласање, затоа што Собранието не дозволи да има официјални набљудувачи од страна на политичките партии коишто би можеле да реагираат на евентуални неправилности. Но, и тоа нема да помине имајќи предвид дека граѓаните се организираат да го мониторираат и набљудуваат овој процес, како што имаме информации преку разни здруженија на граѓани.Но, исто така ќе бидат будни и членовите на ВМРО-ДПМНЕ и секој евентуален потег или желба да се фалсификува волјата на граѓаните или да се намести самиот процес ќе наиде на силен и масовен отпор од страна на народот.Така што ова се впечатоците коишто ги добиваме од средбите на терен. Остануваат уште нешто повеќе од два дена до самиот молк и пет дена до гласањето. Волјата е јасна, значаен дел од граѓаните се против договорот, најголем дел одлучуваат да останат дома, и тоа е она што го очекуваме в недела”, рече Николоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Vladimir-Bozinovski-int85-3

Референдумот ќе биде без цензус, вели Божиновски

На референдумот ќе гласаат меѓу 39% и 45% што значи дека тој нема да биде успешен, прогнозира директорот на ИПИС, Владимир Божиновски во својата најнова анкета. Според неговото истражување спроведено меѓу граѓаните кои живеат во Македонија на гласање би излегле околу  54% од граѓаните, но кога ќе се додадат и оние кои се иселени и нема да гласаат на овој референдум, тогаш Божиновски смета дека излезноста ќе биде околу 42%, со маргина на грешка од 3 процентни поени.43, 4 проценти од граѓаните ќе излезат на референдумот на 30 септември и ќе гласаат “ЗА”. 10, 9 проценти ќе гласаат “ПРОТИВ”, а 28,7 проценти од граѓаните нема да излезат на гласање. Ова го покажува последното истражување на Институтот за политички истраажувања ИПИС спроведено од 15 до 18 септември врз 1110 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. За разлика од идтраѓувањето направено во Август за 6 проценти пораснал бројот на оние кои нема да излезат на гласање. Минимално, односно за 0,2 проценти се зголемил бројот на оние кои ќе гласаат “ЗА”, а речиси 10 проценти опаднала бројката на оние кои ќе гласаат “ПРОТИВ”. Од ИПИС велат дека до одржувањето на референдумот се очекува натамошен пад на оние кои би гласале против со оглед на отсуство на кампања која би ги мотивирала да гласаат, но и одреден пораст кај оние кои би гласале „ЗА“, како и оние кои ќе се одлучат да бојкотираат.Од споредбата помеѓу истражувањето спроведено во Август и најновото од септември се забележува дека нема значајни промени кај испитаниците кои ќе излезат на референдумот и ќе гласаат ЗА, додека има намалување кај оние кои се ПРОТИВ, за сметка на зголемувањето на оние кои НЕМА да гласаат/ќе БОЈКОТИРААТ. Зголемен е и бројот на неопределените. Овие трендови беа очекувани со оглед на тоа дека практично не постои кампања за референдумот која би повикувала на гласање против, додека најактивни се кампањите за гласање ЗА и кампањата БОЈКОТИРАМ (претежно на социјалните мрежи). Во моментот кога беше завршено истражувањето (18.09.2018), 54,3% од граѓаните изјавиле дека ќе гласаат на референдумот (43,4% за и 10,9% против), се вели во известувањето од ИПИС.

Македонија | пред 7 години

7 год.
referendum

Прекршочни пријави за „1 ТВ“ и ТВ „Сонце“, не го почитувале дозволеното време за рекламирање на референдумот

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување на референдумот 2018, којшто се однесува на периодот од 10 до 18 септември 2018 година. Во него се прикажани наодите за начинот на кој медиумите известуваа за референдумските теми во дневно-информативните емисии, во информативните програми, во интервјуата и дебатите.„’1 ТВ’ не го почитуваше дозволеното време за емитување на рекламните пораки ‘за’ референдумот, а ТВ „Сонце“ рекламните пораки за бојкот на референдумот спротивно на правилата ги емитуваше во повеќе изданија на посебни информативни програми. Против двата радиодифузера Агенцијата ќе поведе прекршочни постапки за прекршувањата констатирани во периодот од 15 до 20 септември 2018 година“, соопшти Агенцијата.Со примерокот се опфатени по два телевизиски и радиоканали на Јавниот радиодифузен сервис (Македонско радио 1, Македонско радио – Програма на албански јазик, МРТ1 и МРТ2 – Програма на албански јазик), сите телевизии со дозвола за емитување на државно ниво без оглед на средството на пренос (терестријалните – Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма; сателитските – 24 Вести, Сонце и Наша; и кабелските – 1 ТВ, Компани 21-М, Клан Македонија и Шења). Од националните приватни радија со примерокот е опфатен Канал 77 зашто другите две немаат информативна програма. При тоа, анализирана беше вкупната 24-часовна програма со акцент на централната дневно-информативна емисија и другите програми во кои се третираше референдумот.Резултатите од мониторингот покажаа дека во услови кога немаше јасни и еднакво активни линии на агитација („ЗА“ наспроти „ПРОТИВ“ и/или „БОЈКОТ“) беше тешко радиодифузерите да се потпрат на известувањето од настаните за да ѝ обезбедат на публиката разновидност на гледиштата. Оттаму, посветеноста на некои од нив кон начелото еднакво да ги третираат различните гледишта може да се забележи во подготвеноста, во вестите да понудат ставови на аналитичари, политиколози, историчари, експерти во други релевантни области кои ќе им овозможат на граѓаните поцелосен и продлабочен увид во прашањата што треба да ги имаат предвид за да донесат информирана одлука за референдумот.Други медиуми, недостигот на разновидни гледишта во вестите го надополнуваа во посебните информативни програми каде настојуваа да обезбедат соговорници со спротивставени ставови.Кај третата група медиуми, разновидноста на ставовите недостигаше и во вестите и во посебните информативни емисии.Извештајот е достапен на веб-страницата на Агенцијата www.avmu.mk.

Македонија | пред 7 години

7 год.
koza

Коѕијас: Соседите 120 години се нарекуваат Македонци

Кога ќе финализира договорот од Преспа, кога ќе стапи во сила, според мене, нема да има противење, освен од многу мал дел од грчкото општество, оценува поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за критската телевизија „Крити ТВ“.Коѕијас, како што јавува МИА од Атина, во интервјуто детално објаснува зошто во договорот стои „Македонци/ државјани на Република Северна Македонија“, а не „СеверноМакедонци“.„Тие, себеси веќе 120 години се нарекуваат Македонци. Зошто се викаат Македонци? Не велам дека добро прават, но кажувам зошто. Зедоа еден дел од областа Македонија што им беше даден според Договорот од Букурешт во 1913, според кој, ние ја зедеовме грчката Македонија и тие се идентификуваа географски со овој регион и се нарекоа Македонци“, објасни Коѕијас и додаде дека во секојдневна употреба и „со најдобриот договор на светот не можеш да наметнеш некому како самиот ќе се нарекува во приватните разговори“.Коѕијас дополнително објаснува дека во сложените имиња на државите постојат други изведени зборови, а како пример ги спомена граѓаните на Обединетото кралство кои што се викаат Британци. Граѓаните на Соединетите американски држави кои не се викаат, „Соединето-државен-Американец“, туку само Американец. Како и Кинезите од Народната Република Кина. Во однос на северна и јужна Кореја и северен и јужен Виетнам, рече дека се однесува на поделени земји што имаат север и југ.Во однос на критиките во Грција дека македонскиот државен врв го користи името Македонија, а не Северна Македонија, Коѕијас објасни дека договорот сѐ уште не е во сила, за да можеме да говориме за прекршувања.„Овој договор не е ставен во функција, не е ратификуван од двете страни, оваа земја продолжува да се вика Македонија и мене ме обвинуваат дека наводно Заев го прекршува договорот и слично. Ова не е точно, договорот треба да се ратификува од двете страни, а потоа почнува да има прекршувања“, објасни поранешниот шеф на грчката дипломатија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
svr

Исчезнат охриѓанец, се трага по него

На 23 октомври оваа година, во 15.00 часот во СВР Охрид, лицето Д.Д. од охридското село Лешани, за исчезнат го пријави неговиот син В.Д. (41) кој живеел во Швајцарија.Според пријавата, В.Д. на 10 октомври од Швајцарија заминал за Турција на годишен одмор, а од пред пет дена немале никаков контакт со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ЕКСКЛУЗИВНО: ВМРО-ДПМНЕ ќе го продава партиското седиште

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за продажба на партиското седиште, палатата „Христо Татарчев“, која се наоѓа во центарот на Скопје. Партијата, по продажбата ќе се сели во ново седиште, дознава „Скопје 1“ од високи извори на партијата. Седиштето на партијата се градеше од 2013 до 2015 година. Врз основа на проценката која ја извршил овластен проценител додека седиштето било во фаза на изградба, е утврдено дека пазарната вредност на зградата е 14 милиони евра, а на градежното земјиште е 500 000 евра.„Се размислува во тој правец и тоа стои како идеја. Доколку добиеме адекватна понуда ќе склучиме договор за продажба. Со дел од парите ќе го вратиме кредитот кој партијата го има во една од банките, ќе купиме простории далеку поскромни од постоечките кои ќе бидат ново седиште на партијата, а другиот дел ќе ги донираме во различни хуманитарни цели. Како опција стои пари да дадеме за реновирање на училиштето во Тетово, за кое Владата на СДСМ вети дека ќе го реновира но тоа не го направи. Ако го продадеме седиштето на партијата и ако се согласи тамошната локална власт, сигурно ќе го реновираме тоа училиште. Значи потврдуваме дека стои таа опција да го продадеме објектот“, брифираат високи партиски извори од врвот на ВМРО ДПМНЕ за „Скопје1“ кои додаваат дека пазарната вредност на партиското седиште е многу помала од тоа што се шпекулира.„Белата палата“ Христо Татарчев ставена под хипотека. ВМРО-ДПМНЕ го заложили партиското седиште само неколку дена пред парламентарните избори во 2017 година. Палатата е задолжена во Комерцијална банка, а партијата добила кредит од 3 милиони евра. Според објавата во Службен весник, се работи за рамковен риволвинг кредит, што значи дека партијата може и постепено да ги повлекува парите.Сите права се задржани. Не е дозволено превземање на веста во целина или делови без претходна писмена согласност од издавачот на „Скопје1“. Секое неовластено преземање во друг медиум (печатен, електронски, традиционален), „Скопје1“, објавува дека чини 35.000  денари без ДДВ по едно објавување. СПОНЗОРИРАНА ОБЈАВА

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Богојевски: Ако ве убедиле во катарзата, јасно ми е зошто Груевски владееше во Македонија

Во гостувањето во Отвореното Студио 1 на 1ТВ, поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески даде осврт и анализа на немањето желба на Мицкоски да спроведе суштински реформи во партијата и неговото учество во претставата наречена „Бојкот“ на референдумот која ја урна правната држава и на кратко ги загрози нејзините евроатлански перспективи.„Доколку успеале да ве убедат во сказната за деца за катарзата и реформирањето на ВМРО-ДПМНЕ тогаш ми е јасно зошто Никола Груевски толку лесно и толку долго владееше во Република Македонија“ – истакна Богојевски, барајќи аналитичност од медиумите при преност на информациите.Тој истакна дека Мицкоски стана претседател на партијата поради поддршката на Мијалков, но дека за пензионирање на Груевски  биле спремни да прифатат чудо од лидери.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Европа ја очекува најстудениот 31 октомври во последните 100 години

Европа ќе биде зафатена од студен бран кон крајот на овој месец. Метеоролозите предвидуваат до 10 сантиметри снег на планините во Шкотска, а не ја исклучија ниту можноста дека иста судбина ќе ѝ се случи и на Британија, односно Лондон. "До крајот на оваа недела речиси е извесно дека голема количина на снег ќе падне во Велс, јужниот дел на Лондон и централните делови на Англија. Снегот секако ќе предизвика проблеми, но не како оние кои граѓаните ги имаат во зима. Засега не е познато каква ќе биде зимата", истакна метеорологот Џејмс Меден, додавајќи дека во краевите каде нема да има снег ќе има обилни врнежи од дожд.За некои седум дена се очекуваат големи врнежи од снег, а исто така има и лоши вести за љубителите на празникот Денот на вештерките, 31 октомври ќе биде најстудениот ден во последните 100 години."Се очекува дека на 31 октомври снегот дополнително ќе биде засилен, а температурата ќе се спушти на -7 степени Целзиусови. Тоа е незапаметено во последните 100 години, бидејќи последниот пат кога 31 октомври беше најстудениот ден беше во 1926 година, кога биле измерени -10 степени Целзиусови", додава тој.Ноември во Британија ќе биде значително постуден од овој месец и врнежите од снег ќе бидат со посилен интензитет.Она што треба нас да не загрижи е дека постои можност овој бран од Велика Британија да се прошири и на останатите делови од Европа, па дури и Балканот.Во принцип установено е дека временската прогноза говори дека снег на овие простори нема да има до декември, но не се исклучува ниту можноста дека циклонот кој носи студено време и врнежи лесно се шири и на другите делови од континентот.

Свет | пред 7 години

7 год.
posta

Шалтерски работници од поштите во Цапари и Кажани си земале 160 илјади денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Г. (52) од село Цапари, битoлско и В.С. (53) од Битола поради постоење сомневање за сторено кривично дело „послужување во сужбата".На 8 септември првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари.Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта - подружница Битола, на 3 септември неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Шпанската полиција откри пет тони кокаин скриен во банани, уапсени 15 лица

Шпанските власти соопштија дека уапсиле најамлку 15 лица и заплениле повеќе од пет тони кокаин скриен во банани.Во акцијата, во јужниот град Малага, учествуваат припадници на цивилната гарда и националната полиција, изјавил неименуван претставник.Десетина возила се наоѓаат во индустрискиот парк во Малага, каде што се одвива акцијата на апсење, навеле сведоци за локалниот весник „Дијарио Сур“. 

Свет | пред 7 години

7 год.
pozar

Пожар предизвикан од молња проголта 150 години стара црква во Масачусетс

Историската Прва баптистичка црква во Вејкфилд, Масачусетс, беше изгорена до темел во огромниот пожар предизвикан од молња, пренесува РТ.Пожарот избувнал во вторникот вечерта, но пожарникарите не успеале да го спасат 180 метри високото здание. Сведоците велат дека пожарот бил предизвикан од молња што ја погодила црквата и бргу се раширил.„Го видов ударот на молњата, го видовме чадот и пожарот бргу се разгоре“, вели жителот Кристијан Бруно.За среќа, никој не бил повреден во пожарот иако во тоа време имало часови во црквата.100-ина пожарникари со часови се бореле со пожарот. Било толку жестоко што топлината можела да се почувствува во неколку блока, а огнените пламени можеле да се видат од периферијата на градот.

Свет | пред 7 години

7 год.
studentski

Студентскиот дом „Стив Наумов“ до петок ќе остане без топла вода и парно

Поради дефект на внатрешната инсталација во Студентскиот дом „Стив Наумов“, една зграда од четирите нема топла вода, а во две згради нема парно греење. Од Државниот студентски дом „Скопје“ информираат дека интензивно се работи на терен за итно отстранување на дефектот и во рок од два дена, односно во петок, студентите сместени во студентскиот дом ќе имаат и топла вода и парно греење.„Во моментот се работи на санирање на наследената катастрофална состојба во домовите и на замена на дотраената и стара опрема, а истовремено се исплатени и обврски во висина од 2 милиона евра од наследениот долг од 5 милиони евра. Гу уверуваме студентите дека ќе се решат наследените проблеми во студентските домовите, кои се затекнати во катастрофална состојба, а условите за живеење и учење во студенстките домови ќе продолжат да се подобруваат“, велат од Државниот студентски дом „Скопје“.Од таму додаваат дека во последна фаза е воведување на новото мени по повеќе од 15-ина години, како и дека набргу ќе почне реновирањето на кујната во „Гоце Делчев“, реконструкција на покривите во „Стив Наумов“, поставување видеонадзор за обезбедување поголема безбедност на студентите и подобрување на квалитетот на храната.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

В недела почнува зимското сметање на времето

В недела на 28 октомври во 3:00 часот изутрина завршува летното сметање на времето и започнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.-Часот кој поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија.Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ВМРО–ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за амнестија за вклучените на 27 април

Опозициската ВМРО–ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата на 27 април во Собранието, велат од партијата. Од таму велат дека доколку власта навистина е за помирување, тогаш ќе го прифати предлогот. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии.Од партијата велат дека нема да учествуваат во работа, на како што велат, некакви комисии и форми во Собранието, кои според ВМРО-ДПМНЕ се само за замaјување на јавноста и обид за селективна правда.

Македонија | пред 7 години

7 год.
ivanov-2

Мнозинството пратеници гласаа спротивно на волјата на народот, критикуваше Иванов на средбата со Церар

Иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зеде предвид, а мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот, изјавил претседателот Ѓорге Иванов на средбата со заменик претседателот на словенечката влада и министер за надворешни работи Миро Церар.На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, двајцата соговорници разговарале за унапредувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Словенија кои ги карактеризира доверба, пријателство и цврсто партнерство, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот.Иванов нагласил дека континуираните посети на политичко ниво дополнително ги потврдуваат одличните односи меѓу двете земји и се заблагодарил за одличната соработка меѓу двете земји за време на мигрантската криза во 2015 година  и за присуството на словенечката полиција на нашата граница. Според него, во наредниот период напорите треба да се насочат кон динамизирање и зголемување на економската соработка и трговската размена, преку поттикнување на заедничките инвестиции.„Во однос на македонските евроатлантски интеграции, Иванов изрази надеж дека долгогодишната отворена и безрезервна поддршка од Словенија ќе продоложи и во иднина, со цел отвoрање на пристапните преговори со ЕУ и членство на Република Македонија во НАТО.Во однос на политичките случувања во нашата земја, македонскиот претседател истакна дека иако на референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено не го прифати Договорот од Преспа, Собранието на Република Македонија тоа не го зема предвид, при што мнозинството пратеници постапија спротивно на волјата на народот“, пишува во соопштението.Иванов и Церар зборувале и за предизвиците од илегалната миграција и заклучиле дека досегашната успешна соработка треба да продолжи и во иднина со цел поголема регионална стабилност и безбедност.

Македонија | пред 7 години

7 год.
naum

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите обвинети за 27 април

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27 април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27 април. Власта сега со најави за некакви комисии или форуми во Собранието за наводна правда, не прави ништо друго освен обид за замајување на јавноста и обид за селективна правда што во суштина е неправда. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција“, рече Стоилковски.Тој додаде дека текстот на предлог законот за амнестија ќе го поднесат на разгледување до сите парламентарни партии.

Македонија | пред 7 години

7 год.
lence-neloska-1

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крати финансиски средства во здравството

Владата очигледно воопшто не се грижи за граѓаните и за нивното здравје, а не се грижи ниту за докторите, медицинските сестри, здравствените работници. Владата крати финансиски средства таму каде што е најкритично, таму каде што се најпотребни – во здравството. За оваа една и пол година успех има само во договорите во четири очи и местењето тендери, меѓутоа но не и во подобрување на состојбата во здравството, обвини Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.„Со ребалансот на буџетот за 2018 година СДСМ крати пари за рана детекција на малигни заболувања. За оваа намена е предвидено да се намалат речиси 80 илјади евра. А се кратат и околу 60 илјади евра наменети за едукација на лекари. Замислете! Нешто во што вложуваат земјите од целиот свет, како што е раната детекција на малигните болести, како што е едукацијата на лекарите, не е важно за министерот за здравство, Венко Филипче. Колку за илустрација: претходно, навремено имаше доволно термини за превентивни прегледи за првенција од малигни болести, а сега само за мамографија, на пример, се чека по 2 до 3 месеци. Претходно, околу 3.000 здравствени работници беа упатени на едукација во врвни медицински центри во Европа и светот, а сега колку и каде се пратени?“, прашува таа.Според неа, за новата клиничка болница во Штип, која требаше веќе да биде готова, се кратат околу 600 илјади евра за изградбата, а таа е од голема важност за жителите на поголем регион од Македонија.„Владата предводена од Заев продолжува да го уништува здравството во Република Македонија. Ги заборавија и граѓаните, ги заборавија и здравствените работници. Затоа, пак, не се заборавени нестручните и сомнителните ликови кои добиваат функции. Не се забораваат ниту набавките во четири очи и местењето тендери“, рече таа. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
dimce-arsovski-2

(ВИДЕО) Арсовски: Заев му доделил државно земјиште на Кочо Анѓушев

Денеска, обелоденуваме уште еден документ каде што Зоран Заев му потпишал согласност за потпишување договор за давање под долготраен закуп градежно земјиште на фирмата на Кочо Анѓушев, „МХЕ тополки ДОО“ Скопје, за поставување вод за приклучување за МХЕЦ „Врановска Река“ со напојна точка, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Одлуката е донесена истиот ден кога Зоран Заев му доделил на Кочо Анѓушев, неговиот заменик во Владата, по пат на непосредна спогодба, т.е. на фирмата ‘Тополки’, градежно земјиште за изградба на нова хидроцентрала. Во истата фирма ‘Тополки’ управител е Тодор Анѓушев, братот на Кочо Анѓушев. Повторно прашуваме дали станува збор за нов скандал, каде што Владата во која Кочо Анѓушев е втор човек му доделува нему во непосредна постапка согласност за изградба на хидроцентрала и согласност за доделување земјиште за поставување вод на друга хидроцентрала?“, праша Арсовски.Кочо Анѓушев, додаде тој, преку медиумите ја уверуваше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат и нема да добиваат бенефити од институциите на кои самиот им е претпоставен како вицепремиер.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Струмичанец завршил со повреди на главата кога негов соселанец го удрил со стап

Дваесет и седумгодишен маж од селото Баница бил пренесен со повреди во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.Според пријавата во МВР, мажот тој ден собирал дрва на планина во атарот на селата Попчево и Рич кога негов соселанец од Баница со стап го удрил во пределот на главата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-3-640x382

Нападнати двајца полицајци пред угостителски објект

Поднесена е кривична пријава против три лица од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, соопшти Министерството за внатрешни работи.Тројцата пред угостителски објект на улицата Црвена скопска општина во Скопје физички нападнале двајца полициски службеници кои преземале мерки по пријава за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање гласна музика.

Скопје | пред 7 години

7 год.
44768125_184422845817614_2117975289941196800_n

Николовски: Креираме нови мерки за одржливо управување и менаџирање со шумите

Денеска беше потишан Меморандум за одржливо управување и менаџирање со шумите во државата и трајно зголемување на шумскиот фонд помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.„Со овој Меморандум, ние како ресорно министерство, во координација со ЈП Македонски шуми и со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, се обврзуваме да ги унапредиме постоечките и да креираме нови мерки во Програмата за рурален развој, со една единствена цел - зголемување на економските, еколошките и културните вредности на шумите. Токму во овој период се подготвува новата Програма за рурален развој за 2019 година, во која што ќе бидат унапредени постоечките и имплементирани нови мерки за секторот шумарство“, изјави Николовски.Со Буџетот за 2018 година сумата за Програмата за проширена репродукција на шумите и за Програмата за развој и унапредување во ловството  е зголемена од 10 на 21,5 милиони денари. Овие средства се наменети за унапредување и превентивна заштита на шумскиот фонд и мал дел мерки во ловството. Министерот Николовски потенцираше дека со денешниот Меморандум е планирано креирање и унапредување на  мерките  од Програмата за проширена репродукција на шумите, а преку соработка и комуникација со стручната фела и со претставниците на Здружението, ќе се имплементираат нови мерки од заеднички интерес и ќе се издвојат повеќе финансиски средства. Резултатот ќе биде зголемување и унапредување на шумскиот фонд.Со овој Меморандум почнува континуирана соработка со „Македонски шуми“, стручната фела и  претставниците на Здружението. Ќе се работи на нови мерки од заеднички интерес и обезбедување повеќе финансиски средства, а резултатот ќе биде зголемување и унапредување на шумскиот фонд. Воедно, Меморандумот предвидува соработка при изработување на Закони и подзаконски акти од областа на шумарството.Николовски во продолжение најави сериозни реформи во шумарскиот сектор во наредниот период, за што МЗШВ има финансиска и техничка помош од ФАО. Конкретно, се развива методологијата за спроведување на Национален инвентар за шумите, која ќе трае до крај на година.Дополнително, со европската  ИПА 2019, за македонското земјоделство и руралниот развој се планирани 15 милиони евра, со кои за првпат ќе се финансира и секторот шумарството. Парите ќе се искористат за воспоставување шумарски информативен систем, што е важно за одржливо стопанисување со шумите, креирање на политиките за приближување на македонското шумарство кон современите текови и обезбедување податоци клучни за развојот на овој сектор.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања