Власта нуди помирување, опозицијата бара амнестија за 27 април
Власта и натаму за залага за помирување меѓу пратениците и сите политички субјекти во земјата со цел обединување околу стратешките цели – членството во ЕУ и НАТО, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ инсистира за амнестија за сите инволвирани во настаните во Собранието од 27 април. Веќе е најавено формирање на собраниска комисија за помирување. Иницијативата за нејзино формирање дојде од осумтемина пратеници од опозицијата, кои минатиот петок дадоа поддршка за отпочнување на процесот за уставни измени
Македонија | пред 7 години